Во денешно време толку многу сме навикнати да позираме што не можеме да замислиме да ни помине денот без да направиме барем една фотографија. Но, во поголемиот број случаи тоа завршува со еден куп избрзани селфиња, кои многу се разликуваат од професионалната фотосесија, при која нема да можете да се потпрете на сите тие филтри кои ги покриваат вашите недостатоци. Само професионалната фотографија може вистински да го долови надворешниот изглед, со тоа што ќе ги покаже и црвенилото од кое толку се срамиме, но и цртите кои нѐ прават привлечни. Прочитајте ги следниве професионални совети кои ќе ви помогнат да изгледате совршено на секоја фотографија…rn
Одбегнувајте да се сликате од низок агол
rn
rnrnФотографирањето од ниски агли ќе направи да изгледате напнато и ќе ви додаде неколку килограми. Најдобро е да се сликате со фотоапаратот поставен во висина на вашите очи и на тој начин нема да изгледате полничко или да добиете двојна брада на фотографиите.rn
Немојте да се сликате ниту од високи агли
rn
rnrnНа фотографиите направени од висок агол вашата глава ќе изгледа непропорционално голема во однос на останатиот дел од телото. Но, можете да ризикувате доколку сакате да изгледате неверојатно слатко на фотографијата.rn
Откријте која е вашата убава страна
rn
rnrnЦртите на лицето се асиметрични речиси кај сите луѓе. Имајќи го тоа на ум, откријте која ваша страна изгледа подобро и свртете ја кон фотоапаратот за време на сликањето.rn
Не ги собирајте образите
rn
rnrnАко не сакате да ги истакнете образите, немојте да ги собирате. Само поставете го лицето на растојание од три четвртини од фотоапаратот и притиснете го јазикот на горниот дел од вашата усна празнина.rn
Усовршете ја техниката на мижуркање
rn
rnrnАко очите ви се широко отворени, а веѓите подигнати тоа ќе му даде изненаден израз на вашето лице. За време на фотосесиите најдобро е по малку да мижуркате со очите. Тоа ќе го направи вашиот поглед посамоуверен и привлечен.rn
Обидете се да не се муртите
rn
rnrnНе само што муртењето ќе му даде заканувачки израз на лицето, туку и вашиот нос ќе делува подолго. Најдобро е да гледате право во фотоапаратот кога се сликате.rn
Подигнете ја брадата
rn
rnrnКога се сликате од страна малку подигнете ја брадата за да го направите вашето лице поизразно. Благодарение на овој едноставен трик, вашите образи и врат ќе изгледаат потенки.rn
Не ги напрчувајте усните
rn
rnrnКога сакате да испратите бакнеж за камерата, обидете се да не претерувате со глумата. Во спротивно може да изгледате смешно.rn
Смејте се природно
rn
rnrnЕдноставната, опуштена насмевка ќе направи вашето лице да изгледа поприродно, додека, пак, широката насмевка само ќе ги истакне вашите брчки.


rn












rn
rn
rn
rn
rnrnАко обрнете внимание на овие совети, вашите фотографии секогаш ќе изгледаат одлично. Не плашете се да експериментирате со мимиките затоа што емоциите помагаат при откривање на нови аспекти од вашата личност. Како што ги истражувате сите можности, така поголеми се шансите да пронајдете поза која ќе ви одговара.
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn
rnrnЕдноставните нешта како фотографирање од ниско гледиште, уникатен агол или фотографирање на изолирани субјекти можат да направат голема разлика во вашата фотографија т.е. да ја подобрат. Запомнете – сакате да го уловите она што сте го виделе и она што вам ви се допаднало, а не на некој друг. Не дозволувајте фотографиите на социјалните медиуми да ви создаваат рамка и правила според кои треба да фотографите.rn
rnrnКога патувате, внимавајте на она што се издвојува од околината. Не само што тоа ќе ви помогне да ја забележите убавината и уникатноста на новото место, туку и ќе ве натера да ги цените ситните детали кои вообичаено би ги пропуштиле. За да бидете посвесни за нив, почнете да барате типични бои, дезени и дизајнерски елементи. Звучи многу едноставно, но тоа може многу да ви открие за местото кое го посетувате.rn
rnrnНемојте да мислите дека мора да сликате апсолутно сѐ или да го носите вашиот фотоапарат насекаде со вас. Одвојте време за едноставно да уживате и да се препуштите на моментот. На тој начин, поголема е веројатноста да создадете фотографии кои ви се допаѓаат само затоа што нема да се чувствувате обврзано да сликате „на слепо“. Ако патувате со фотоапарат и плус ја користите камерата на телефонот, (знаеме колку тежи DSLR апаратот) понекогаш оставете го апаратот во хотелот и понесете го само телефонот. Ќе се изненадите колку повеќе ќе уживате и колку повеќе ќе искусите.rn
rnrnДури и обичните апарати и камерата на паметниот телефон имаат опции како отвореност на блендата и сл. Проучувањето на овие алатки можат да ви го подобрат целокупното искуство. Ако фотографирате со вашиот телефон, селектирајте неколку техники за уредување или филтри уште пред да тргнете. Олеснете си ги нештата колку што можете повеќе така што ќе планирате однапред – последното нешто што би го сакале е да го трошите скапоценото време за да бирате филтри или да барате каде се вметнува мемориската картичка.rn
rnrnКористете го овој концепт за вашите слики следниот пат кога ќе патувате за да бидете целосно задоволни од вашите фотографии. Едноставните нешта како фотографирање на бирото во хотелот или некои незначајни графити на ѕид во центарот на градот можат да ги претворат вашите слики од обични во прекрасна кохерентна приказна.


rnrn rnrn

rnrn































rnrnПа ако сакате да најмите фотограф за некоја прилика или пак се најдете во ситуација да разговарате со фотограф, едноставно одбегнувајте ги овие 15 прашања и коментари.rnrn













