Сликата која ни е позната за Џон Ленон е човек кој сака мир, кој може да замисли само иднина без сопственост, алчност, глад и војна. Светот го памти како музички гениј кој сакал длабоко, целосно се искажувал и станал маченик за своите идеи. Но, изгледа дека вистината за фронтменот на Битлси е многу покомплицирана. Џон Ленон бил комплициран, па дури и депресивен музичар кој го истурал својот гнев врз саканите. Ова излегло на виделина кога една негова слугинка објавила писмо од него.rn
1. Бил неверен
rn
rnrnИстражувањата покажале дека дури 22% од мажите ги изневеруваат своите партнери. Ленон редовно ја изневерувал неговата прва сопруга Синтија Пауел. Најпознатата афера му е со јапонската уметница Јоко Оно.rn
2. Ленон бил отсутен и понекогаш лош татко
rn
rnrnЏулијан бил чувствително дете, но тоа не го спречувало Ленон да го критикува, па дури и физички да го напаѓа. Во писмото е откриено дека често го навредувал и за најобични работи, како манири на масата за јадење.rn
3. Оставал дрога насекаде по куќата
rn
rnrnКако и многу музичари, така и Ленон уживал во нелегалните супстанци. Слугинката потврдила дека иако во домот имало дете, тој ја оставал дрогата на виделина.rn
4. Ленон ја контролирал Јоко Оно и се однесувал опсесивно со неа
rn
rnrnМногумина мислат дека овој пар бил совршен, но во реалноста Ленон бил опсесивен и љубоморен партнер. Јавноста често ја обвинува Јоко за распадот на Битлси, но изворите укажуваат дека Ленон го поттикнал тоа. Тој често ја присилувал Јоко да го придружува насекаде, од пробите со бендот па сè до одењето во тоалет.rn
5. Најверојатно страдал од депресија
rn
rnrnВо едно интервју за Плејбој, објавено 2 дена по смртта на Ленон, тој изјавил дека 1965-та година бил негов период на „дебел Елвис“. Тој дури изјавил дека песната „Help“ била негово барање за помош кога се чувствувал дебело и депресивно. Зборувал и за периоди кога навистина сакал да скокне од прозорецот.rn
6. Имал огромно его
rn
rnrnЧудно, но Ленон бил и во депресија и имал огромно его. Една од неговите најконтроверзни изјави е дека бил попопуларен дури и од Исус. Во интервјуто тој изјавил:rn
„Христијанството ќе си замине. Ќе исчезне и ќе се намали. Нема потреба да се расправа за тоа, во право сум. Сега сме попопуларни и од Исус.“
rn
7. Имал тешко детство
rn
rnrnВеројатно сите негови проблеми потекнуваат од тешкото детство. Тој бил напуштен од татко му и никогаш не го преболел тоа. А ова може да го објаснува односот кон неговиот син. Исто така чувствувал сексуална желба кон неговата мајка додека бил тинејџер и во едно интервју изјавил дека му е криво што не се впуштил во тоа.rnrnПрочитајте и некои од најдобрите цитати на Џон Ленон.


rnrn











rn
rn
rn
rnrn rn
















rnrnВо 1988 година ѕидот претставувал место за искажување револт против режимот на 
rnrnСкоро сите посетители на ова место оставаат своја порака на ѕидот. Сепак, 90% од пораките не се поврзани само со Ленон, туку со Битлси воопшто. Тажно е само тоа што ѕидот постојано се обновува и старите пораки веќе не се видливи. Сепак, луѓето секогаш смислуваат нешто креативно кое останува да инспирира, а многумина се навраќаат за да се потсетат и да ги видат новите работи.rnrn








rnrn rnrn