КАФЕ ПАУЗА

Tag: долготрајност

  • Зошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?

    Зошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?

    Ако сте пријатели со некого подолго од 10 години, тогаш треба да се радувате затоа што вашето пријателство било ставено на „тест на времето“ и „положило“. Можеби имате многу пријатели, но не секој е толку посебен како личноста која ви е во мислите додека го читате ова. Добра работа во врска со пријателствата е што тие стареат како виното – колку се постари, толку се подобри!rnrnrnrnДоколку имате 10-годишно пријателство, веројатно ќе се пронајдете во следниве аргументи.rn

    1. Пријателот/пријателката ве познава такви какви што сте

    rnЗошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?rnrnАко сте пријатели со некого повеќе од 10 години, тој навистина добро ве познава. Всушност, ве познава толку добро што понекогаш сте изненадени од тоа колку добро може да ве „прочита“. Не можете да скриете ништо од него, па и без да размените ниту еден збор, вие се разбирате.rn

    2. Далечината не го загрозува пријателството

    rnЗошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?rnrnБи било убаво да останете близу до пријателот и да ги гледате во кое било време, но понекогаш животот има поразличен план и ќе ве одведе далеку еден од друг. Добрата страна кај цврстоизграденото пријателство е тоа што далечината нема да ја намали неговата вредност. Да се има пријателство постаро од 10 години има свои предности, а една од нив е дека секогаш можете да сметате на својот пријател, дури и ако не сте се виделе долго време. И, кога ќе се видете, вашата средба е исполнета со долги, цврсти прегратки.rn

    3. Секогаш можете да се потпрете еден на друг, дури и ако се случи да не поразговарате неколку недели

    rnЗошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?rnrnДобрата работа во врска со долгогодишните пријателства е што знаете дека понекогаш може да бидете премногу зафатени, па да немате време ниту за телефонски разговор. Вашиот пријател нема да се налути поради тоа, а понекогаш може да поминат и неколку недели, пред повторно да се видите. И кога конечно ќе се сретнете, ќе биде како ништо да не се сменило и ќе се чувствувате  исполнето кога ќе се разделите.rn

    4. Вие ги знаете најдлабоките тајни еден за друг

    rnЗошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?rnrnПостои причина зошто вашето пријателство го положило „тестот на времето“, тоа е затоа што одлично комуницирате и се разбирате. Кога некој долго време е ваш пријател, заслужува отворено да разговорате и да ги споделете вашите тајни еден со друг. Вашиот пријател знае за вас повеќе отколку повеќето други.rn

    5. Тој/Таа ги знае и вашите „неславни“ приказни

    rnЗошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?rnrn10 години е долг временски период. И за тоа време, веројатно сте биле сведок на некои навистина „неславни“ моменти. Но, за жал, пријателите никогаш не дозволуваат да ги заборавите оние срамни приказни – дури и ако се случиле многу одамна! Вашиот пријател секогаш ќе биде овде за да ве потсети на онаа „глупава“ работа што сте ја направиле, без разлика дали тоа ќе ви се допадне или не…rn

    6. Имате милион луди приказни за вашите минати авантури

    rnЗошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?rnrnЗад вас е времето кога сте имале авантури и секогаш ќе ги обновувате тие прекрасни спомени. Можеби сега водите различни животи, но секогаш ќе се сеќавате на „добрите времиња“ кога сте лудувале, а понекогаш и сте правеле и „глупави“ работи заедно. И двајцата знаете дека тоа се спомени што ќе траат вечно.rn

    7. Бевте заедно во сите значајни моменти

    rnЗошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?rnrnДипломирање, унапредување на работа, стапување во брак и прославување роденден – сте биле еден покрај друг во сите големи моменти во животот. Дури и ако сте биле многу зафатени, не постоела шанса да не присуствувате на значајниот момент на вашиот најдобар пријател. Без оглед на сè, секогаш имате време да се соберете за да ги прославите работите што ви се важни.rn

    8. Вашиот пријател ја видел „најдобрата“ и „најлошата“ верзија од вас

    rnЗошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?rnrnВашиот пријател ја знае вистинската верзија од вас. Некои луѓе можеби ве познаваат површно, но вашиот пријател ве видел во вашето најлошо, нефилтрирано издание. Тој бил со вас во тешките моменти, а бил со вас и кога сте „биле во елемент“. И затоа вашето пријателство е посебно, затоа што знаете дека е вистинско.rn

    9. Тој/Таа ќе биде цел живот покрај вас

    rnЗошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?rnrnСега веќе најверојатно нема да се оддалечите и пред вас е долг пат! Тој бил тука за вас кога ви „горело под нозете“, но заедно сте пребродиле сè, па токму затоа вашето пријателство ќе трае уште многу долго.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?rn

  • Топ 7 трикови за секогаш свежа и миризлива гардероба

    Топ 7 трикови за секогаш свежа и миризлива гардероба

    Сите ние го сакаме мирисот на свежо испраната облека, но за жал, тој не трае долго. Доволно е само облеката да стои малку подолго во гардероберот и мирисот од омекнувачот набрзо ќе исчезне. Но, со овие трикови ќе овозможите мирисот да трае многу подолго.rnrn1-top-7-trikovi-za-sekogash-svezha-i-mirisna-garderoba-www.kafepauza.mk_rn

    1. Перете ги алиштата после едно носење

    rnНе е некоја голема мудрост. Облеката треба да ја переме почесто, односно после секое носење, ако сакаме таа да биде свежа и миризлива. Сепак, исклучок се фармерките. Експертите нѐ советуваат дека нив не треба да ги переме често, бидејќи така тие брзо се уништуваат. Исперете ги откако ќе ги носите 2-3 пати.rn

    2. Валканите алишта треба да ги исперете што е можно побрзо

    rnОблеката исперете ја веднаш после носењето. Никако немојте да дозволите да стои со недели во корпата за валкана облека.rn

    3. Изберете миризлив детергент за алишта

    rnДетергентот за перење алишта е многу важен фактор за квалитетното перење и убавата миризба. Детергентите се разликуваат, но секој има свој фаворит. Исто така, пронајдете и свој омилен омекнувач за алишта кој ќе направи алиштата да мирисаат прекрасно.rn

    4. Нанесете лосион за тело пред облекувањето

    rnАко непосредно пред облекувањето на телото нанесете миризлив лосион, вашата облека ќе го задржи тој мирис и во наредните денови. Вреди да се испроба!rnrn2-top-7-trikovi-za-sekogash-svezha-i-mirisna-garderoba-www.kafepauza.mk_rn

    5. Пронајдете го својот парфем

    rnПостојат жени кои имаат свој омилен парфем и секогаш го нанесуваат истиот мирис, а тој им дава посебен печат. Ако секогаш нанесувате ист парфем, ќе станете препознатливи по него секогаш кога ќе влезете во просторијата.rn

    6. Правилно нанесете го парфемот

    rnАко веќе сте го пронашле својот совршен мирис, тогаш треба да знаете како правилно да го нанесете. После нанесувањето парфем на клучните точки, напрскајте во воздухот и поминете под замислениот облак од парфем. Немојте да прскате од парфемот директно на вашата облека, бидејќи тоа може да создаде дамки. Дури и кога парфемот ќе престане да се чувствува на вашата кожа, вашата облека и понатаму ќе мириса убаво.rn

    7. Држете го гардероберот отворен

    rnГардероберите понекогаш имаат чудни мириси, посебно во лето. Затоа е важно редовно да се проветруваат, а почесто во летните месеци. Исто така, во гардероберот можете да ставите миризливи вреќички кои може да ги пронајдете во маркетите.

  • 3 мали инвестиции за голема љубов и долготрајна врска

    3 мали инвестиции за голема љубов и долготрајна врска

    Иако секоја љубовна врска бара огромна посветеност и труд, сепак постојат и неколку мали и едноставни трикови кои можат да ја зацврстат вашата поврзаност без многу мака. Овие 3 се едни од нив, со чија помош вие ќе можете малку да инвестирате во вашата врска, а да добиете многу повеќе. Погледнете за што точно станува збор…rnrn3 мали инвестиции за голема љубов и долготрајна врскаrnrn1. Одвојте еден момент (или повеќе) во текот на денот каде што тој/таа ќе го има вашето целосно внимание. Без разлика дали станува збор за едноставен поглед, за кратко изјавување љубов или пак, за слушање и споделување на неговите/нејзините радости, вие секојдневно треба да наоѓате барем малку време во денот кое ќе го посветите исклучиво за вашиот партнер. Бидете целосно присутни кога гледате заедно телевизија, разговарајте додека подготвувате вечера или пак, прегрнете се додека лежите во кревет и размислувате на утрешните обврски.rnrn2. Не заборавајте во текот на денот барем еднаш да го/ја бакнете, прегрнете или пак, на кој било друг начин да го/ја допрете. Исто како што имаме потреба за храна, така сите ние имаме внатрешна потреба за човечки допир. Кога тоа не се добива, секоја личност почнува да страда од нешто што се нарекува „гладна кожа“. Тоа најчесто им се случува на оние кои се сами или пак, немаат никој во близина кој би можел да им ја оствари оваа потреба, но исто така може да им се случи и на оние кои живеат под ист покрив доколку не внимаваат. Оваа состојба води кон емоционални и физички проблеми, како депресија, болка и анксиозност.rnrn3. Постојано изразувајте ја вашата благодарност за неговото/нејзиното присуство во вашиот живот. Признавањето дека некоја личност ви значи толку многу е прекрасно, како за вас така и за него/неа. Со тоа ќе доживеете многу позитивни емоции и среќа, но исто така ќе ви помогне и многу подобро да се однесувате кон вашиот партнер, како и да ја зацврсти вашата предаденост и ценење за него/неа.

  • Трикови за нанесување кармин кои секоја жена треба да ги знае

    Трикови за нанесување кармин кои секоја жена треба да ги знае

    Се чини дека секојдневно дознаваме нови техники за шминкање од професионалните шминкери, но и трикови за правилно нанесување на шминката. Денес ви откриваме трикови за нанесување кармин кои, според наше мислење, секоја жена треба да ги знае.rnrn1-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_rnrn1. Направете пилинг на вашите усни пред да нанесете кармин, за тие да изгледаат полни и меки. Пилингот може да го направите со чиста четка од маскара. Нанесете малку балсам за усни пред пилингот за да не ги оштетите.rnrn2-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_rnrn2. Ако сакате да ги спречите трагите од карминот на вашите заби, тоа ќе го постигнете така што со вашиот показалец ќе го отстраните вишокот кармин од внатрешната страна на усните.rnrn3-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_rnrn3. Од скршената сенка за очи направете сјај за усни. Тоа можете да го постигнете така што скршените делови од сенката за очи ќе ги омекнете со некој балсам и ќе добиете потполно бесплатен обоен сјај за усни.rnrn4-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_rnrn4. Користете четка за течна пудра или коректор за што попрецизно да го нанесете вашиот кармин.rnrn5-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_rnrn5. Доколку сакате вашиот кармин што подолго да се задржи на вашите усни, тоа ќе може да го постигнете така што ќе искористите тенок слој марамче како подлога за да нанесете течна пудра на усните, а притоа да ги спречите видливите траги од пудрата.rnrn6-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_rnrn6. Доколку сте нанеле една нијанса на молив за усни, па потоа сте се одлучиле за потполно различна, најпрво ќе сакате да се ослободите од трагите на претходната. Трагите од моливот за усни прекријте ги со течна пудра, која пак ќе ја нанесете се чепкалка за уши. Штом ќе ги прекриете трагите од претходната, веќе сте спремни за нанесување на новата нијанса.rnrn7-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_rnrn7. Ако имате проблем со прецизното одредување на купидоновиот лак на вашите усни, најдобро е најпрво да го нацртате со молив за усни, па потоа да ги пополните цели, за крај да го нанесете карминот во истата нијанса.rnrn8-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_rnrn8. Доколку сакате вашиот кармин да не се размачкува, после нанесувањето на карминот, под линијата на усните нанесете тенок слој течна пудра која ќе ја фиксира вашата шминка.rnrn9-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_rnrn9. Доколку сакате вашите усни да изгледаат полни, тој ефект може да го постигнете со нанесување на бел молив на средината на горната и долната усна во подебел слој. Потоа со прст размачкајте го за рамномерно да се распредели на вашите усни.rnrn10-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_rnrn10. Ублажете ја силината на моливот за усни така што откако ќе го нанесете ќе го размачкате со прст. На овој начин моливот и карминот ќе изгледаат поприродни.rnrn11-trikovi-za-nanesuvanje-na-karmin-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-www.kafepauza.mk_

  • Зошто треба да бидете во врска со личност која и покрај тоа што ја сакате, истовремено и ѝ се восхитувате?

    Зошто треба да бидете во врска со личност која и покрај тоа што ја сакате, истовремено и ѝ се восхитувате?

    Што е тоа што прави една врска да трае? Тоа е лесно – Љубовта. А сега потешкото прашање, што е љубовта? Ова можеби e едно од најтешките прашања на кои секој од нас трага по одговор. Но, бидејќи љубовта е субјективно чувство, одговорот секогаш варира. Она со што сите би се согласиле е дека за да постои љубов помеѓу две индивидуи, тие најпрво треба да бидат вистинските еден за друг. Но, тоа не ни кажува многу. Секако, различни врски се распаѓаат од различни причини, но истовремено, оние кои успеваат, најчесто успеваат поради една причина. За да бидете дел од долготрајна врска, помеѓу вас мора да постои взаемна фасцинација и почит, со други зборови взаемна восхит.rnrnЗошто треба да бидете во врска со личност која и покрај тоа што ја сакате, истовремено и ѝ се восхитувате?rn

    Восхитот најчесто е состојката која недостасува

    rnКога ѝ се восхитувате на одредена личност, вие истовремено и интимно ја почитувате. Восхитот е нешто што е многу лично. Вие можете да почитувате многу личности, поради голем број причини, но восхитот е индивидуален и малку поинтимен. Особено кога е во комбинација со љубов. Всушност, голем број експерти на ова поле би ви кажале дека без взаемен восхит, вие никогаш не би можеле да ја доживеете љубовта во целост и дека со тек на време едноставно ќе си здодеете со вашиот партнер и ќе се разделите.rnrnЗа жал, восхитот сам по себе не е доволен за да ја одржува љубовта. Но, тој многу помага при одржувањето на огнот меѓу вас.rn

    Кога му се восхитувате некому, вие никогаш не ја губите потребата да продолжите да го/ја импресионирате

    rnОние кои љубат, сакаат да бидат љубени за возврат. Истото се случува и со восхитот – оние кои се восхитуваат, сакаат да бидат причина за восхит. Оваа ситуација не може да се сретне кај плитките врски каде што се восхитуваме од далечина, туку кога врската е интимна и ние имаме потреба да бидеме со личност на која ѝ се восхитуваме и која ни се восхитува нам, која ја гледаме онака како што таа нè гледа и кога ја љубиме на истиот начин како таа нас.rnrnОние кои се заљубени имаат одредено ниво восхит еден за друг, но неговиот интензитет варира од пар до пар. Повеќето врски одржуваат плиток восхит, а понекогаш дури и едностран. Но, ако успеете да му се восхитувате на вашиот партнер и притоа да трагате по восхитување од негова или нејзина страна и да го добивате тоа успешно, тогаш големи се шансите дека сте си создале врска во која љубовта може да цвета слободно.rn

    Најважна е причината поради која ѝ се восхитувате на личноста која ја сакате

    rnВосхитот е одличен. Тој ви дозволува да се поврзете на начини на кои претходно никогаш не би можеле. Но, самиот восхит не е толку одговорен за правењето разлика, како и причината поради која тој се појавува. Луѓето не можат да се восхитуваат без причина. Исто како и љубовта, тој не може да биде лажиран. Вие едноставно не можете да се натерате да набљудувате одредена личност и да чувствувате вчудовиденост доколку ги немате овие емоции. Не можете да се натерате да бидете горди на постигнувањата на вашиот партнер, на неговите или нејзините сили, убавина, интелект или мудрост. Вие не можете да одлучите дека оваа личност е неверојатна доколку не го чувствувате тоа во вас.rnrnНа некој начин, личноста со која сте е онаа која ве инспирира да ги чувствувате сите овие нешта. Вие не одбирате да се восхитувате, вие треба да бидете поттикнати да се чувствувате така. Сите знаеме дека се потребни двајца за танго, но во врската која е соодветна за вас, во која се чувствувате добро и како да припаѓате, поголемиот дел од нештата сами си го наоѓаат своето место.

  • Фантастичен трик: Како да им го продолжите свежиот вкус на јагодите?

    Фантастичен трик: Како да им го продолжите свежиот вкус на јагодите?

    Со топлото време ни доаѓаат и вкусните овошни плодови кои ги обожаваме: јагоди, цреши, грозје, па на крај и лубеници и дињи. Ретки се луѓето кои не го сакаат слаткиот вкус на јагодите, но проблем е тоа што тие траат кратко, имаат краток рок и брзо ја губат свежината, па на тој начин ни ја скратуваат можноста да уживаме во нив. Еве како да го зачувате вашето омилено овошје од уништување.rnrnfantastichen-trik-kako-da-im-go-prodolzhite-svezhiot-vkus-na-jagodite-kafepauza.mkrnrnСепак, постои начин да ги спасите јагодите од скапување. За почеток, направете мешавина од јаболков оцет и вода во однос 1:10. Потопете ги јагодите во овој раствор и оставете ги неколку минути. Потоа добро измијте ги, исцедете ги и префрлете ги на чиста кујнска крпа за да се исушат. Потоа ставете ги јагодите во фрижидер. По ваквиот третман, јагодите би требало да останат свежи и до две недели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како парфемот подолго да се задржи на вашата кожа?

    Како парфемот подолго да се задржи на вашата кожа?

    На секој од нас честопати му се случува да не мириса на парфем после само неколку часа од неговото нанесување, па дури и ако е купен од познат, скап бренд. Составот на парфемот, типот на вашата кожа, па дури и светлината на која го изложувате вашиот парфем, играат витална улога за тоа колку долго тој ќе мириса. Доколку забележите дека парфемот брзо испарува од вашата кожа, прочитајте ги следниве совети кои ќе ви помогнат да го одржите мирисот на нанесениот парфем на вашето тело, во текот на целиот ден.rnrnКако парфемот подолго да се задржи на вашата кожа? rn

    1. Користете млеко за тело

    rnИстражувањата покажале дека мирисот подолго се задржува на мрсна и влажна кожа, а побргу испарува кога се нанесува на сува кожа. Затоа, доколку сакате парфемот подолго да ви трае, после туширањето нанесете млеко за тело за да ѝ ја дадете потребната влажност на кожата. Уште подобро е ако имате гел, млеко и парфем од иста колекција, за мирисот на вашата кожа да биде уште поинтензивен и подолготраен.rn

    2. Нанесете го на вистинските точки

    rnМирисот многу подолго трае доколку го прснете на т.н. пулсирачки точки како што се рачните зглобови, зад ушите, кај крајниците, на слепоочниците, на внатрешната страна од лактите, помеѓу градите или на задната страна од колената. На овие точки од телото кожата е потенка и крвните садови се поблиску до неа. Поради тоа, кожата може да произведе повеќе топлина, која го зголемува интензитетот на вашиот парфем. Исто така, погрешно е да се трие парфемот помеѓу рачните зглобови, бидејќи со тоа само го бришете парфемот. Напрскајте се со парфем пред да облечете облека, за да избегнете создавање дамки на неа. Добро е да прснете од парфемот во воздух на оддалеченост од 20 см и потоа да поминете низ него, за да се разнесе мирисот по целото ваше тело.rn

    3. Замастете ги пулсирачките точки

    rnОдлично решение за вашиот парфем подолго да трае, е да нанесете вазелин, путер за тело или маслиново масло на пулсирачките точки на кои планирате да прснете парфем. На овој начин, парфемот се задржува на кожата и подолго трае.rn

    4. Чувајте го во соодветни услови

    rnПравилното чување на шишенцето со парфем, е исто така многу важно за трајноста на неговиот мирис. Екстремното изложување на топлина и сончева светлина го уништува парфемот, бидејќи овие фактори прават промена во неговиот состав. Најдобриот начин да ги заштитите вашите парфеми е да ги чувате во нивните оригинални кутии, на масата за шминкање или во шкафче, на собна температура.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спремате тежок испит? Рузмаринот ќе ви помогне околу тоа!

    Спремате тежок испит? Рузмаринот ќе ви помогне околу тоа!

    Заборавате да им честитате роденден на вашите блиски луѓе? Не можете да ги запаметите имињата на луѓето коишто ќе ги запознаете? Изумивте да го испиете лекот? Тешко ги меморирате лекциите од испитот за на факултет? Мирисот на рузмарин ќе ви ја подобри меморијата, тврдат научниците. Истово го тврдел и Шекспир уште на времето.Спремате тежок испит? Рузмаринот ќе ви помогне околу тоа!Од истражувањето на психолозите од британскиот универзитет Нортумбрија, се утврдило дека вдишувањето арома од масло од рузмарин помага во јакнење на долготрајното помнење, будноста, концентрацијата и менталните способности. Тие откриле дека мирисот на оваа лековита билка може да ја зголеми меморијата за 75%.rnrnАнглиските научници тврдат дека вдишувањето на овој мирис ја подобрува способноста за присетување на минати настани и способноста за помнење задачи кои треба да се извршат во иднина. Преку серија од различни тестови, истражувачите покажале дека лицата кои вдишуваат мирис од масло од рузмарин, ги помнат задачите кои треба да ги извршат за 60-75% подобро, во споредба со лицата кои воопшто не помирисале рузмарин.rnrnУчесниците биле подложени на серија тестови за меморија, кои вклучувале сокривање на предмети и нивно повторно пронаоѓање по извесно време или подавање на одреден објект на истражувач, во точно определено време кое било претходно специфицирано. Оние волонтери кои биле изложени на овој мирис, се присетиле на седум зададени задачи, а останатите се сетиле само на четири и тоа многу побавно од првата група.Спремате тежок испит? Рузмаринот ќе ви помогне околу тоа!Во крвта кај лицата кои доаѓале од ароматизираната просторија било детектирано повисоко ниво на 1,8-синиол, супстанца која се наоѓа во маслото од рузмарин и влијае на помнењето.rnrnРузмаринот се користел уште во древен Египет на свадбени церемонии за поттикнување на помнењето и верноста. Во современата билна медицина, рузмаринот се користи како благ анелгетик против мигрена и дигестивни болести.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се лакирате за вашиот маникир подолго да трае?

    Како да се лакирате за вашиот маникир подолго да трае?

    Обожавате да ги гледате вашите нокти налакирани, но мразите што за два-три дена лакот почнува да се лупи и морате повторно да се фаќате за работа? Решението за овој проблем е во правилното нанесување на лакот во неколку чекори. Прочитајте го четирите совети од британските познати стилисти за нокти, Енџ и Вернајс Вокер. Тие велат дека лакот за нокти може да изгледа добро дури до 10 дена по нанесувањето, доколку се следат овие неколку едноставни совети.rnrnКако да се лакирате за вашиот маникир подолго да трае?rn

    1. Започнете со специјален безбоен лак за основата

    rnПрвиот чекор кој треба да го направите пред да ги налакирате вашите нокти е да ги исполирате за да станат мазни и сјајни и убаво да ги истурпијате на врвовите. Потоа, ако имате остатоци од претходниот лак, со ацетон педантно избришете ги. Откако ноктите ќе ви бидат спремни за лакирање, нанесете еден слој специјален безбоен лак кој се користи како основа за лакирање, за подобро да се слепи лакот во боја кој ќе го нанесете потоа.rn

    2. Нанесете лак и на врвовите од ноктите

    rnЛакот нанесен на ноктите најпрво почнува да се лупи на врвовите. За да го спречите предвременото напукнување, нанесете лак и на врвот од ноктите, движејќи се со четкичката од едниот до другиот крај на ноктот. На овој начин, формирате заштитна обвивка и спречувате лакот да почне брзо да се лупи.rn

    3. После два слоја лак во боја, нанесете безбоен лак

    rnОткако ќе нанесете два слоја од лакот кој сте го избрале за вашиот денешен изглед, секогаш нанесувајте и еден слој безбоен лак, за да го „зацементирате“ маникирот на вашите нокти. После неколку дена, повторно нанесете безбоен лак, за да го вратите сјајот на бојата, а со тоа ќе го продолжите и животниот век на вашиот маникир за уште неколку дена.rn

    4. Грижете се за вашите раце

    rnСекогаш кога миете садови, перете алишта или рацете ви се во вода, употребувајте гумени ракавици. Исто така, избегнувајте да ги употребувате вашите раце како алати за работа, бидејќи тоа ќе доведе до неизбежно лупење на лакот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.