КАФЕ ПАУЗА

Tag: доктори

  • 10 ужасни доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

    10 ужасни доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

    Повеќето доктори се професионалци кои подобриле и спасиле многу животи. Тие навистина прават позитивна разлика. Но, постојат и доктори на кои воопшто не им е грижа за нивните пациенти. Ја гледаат нивната професија само како можност да заработат пари, а постојат и оние кои уживаат да им нанесуваат болка на пациентите. Овие ужасни медицински професионалци им предизвикале трајна штета на луѓето кои требало да ги лекуваат.rn

    1. Џемс Бурт

    rn10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациентиrnrnВо 1975-та година Џејмс ја објавил книгата „Операција на љубовта“ (Surgery of Love) во која изјавил дека жените се структурно несоодветни за секс. Ова е патолошка состојба подложна на операција.rnrnОперацијата што ја спомнал често вклучувала отстранување на клиторисот, поместување на вагината и менување на ѕидовите помеѓу ректумот и вагината. Бурт ја извел оваа операција на стотици жени без нивно знаење.rnrnШери Дилон отишла кај Бурт бидејќи имала проблеми со мочниот меур. Тој ја убедил да ѝ направи операција со која ѝ ја поместил вагината и ѝ го отстранил клиторисот. Таа се разбудила во страшна болка и едвај била свесна 5 дена по процедурата. Операцијата ги направила и најобичните активности невозможни – повеќе не можела да седнува, да носи панталони или да има секс без ужасна болка.rnrnОткако друга пациентка го пријавила, Џејмс ја предал неговата медицинска дозвола во 1988-ма година и бил присилен да потпише изјава дека никогаш нема да бара дозвола во друга држава.rn

    2. Кристофер Дунч

    rn10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациентиrnrnКристофер работел како хирург речиси 2 децении. Во тој период колегите го нарекувале најлошиот хирург што го виделе и социопат кој бил опасност за пациентите. Неговата кариера завршила кога му правел операција на Џефри Глајдвел. Во текот на операцијата, колегите на Кристофер морале насилно да го отстранат од салата за да прекине. Тој не само што ја исекол ‘рбетната артерија на Џефри, туку направил и погрешен засек во неговото грло. Исто така се открило дека оставил и сунѓер во грлото. Ова покренало судска постапка и била откриена цела историја осакатувања. Во 2013-та година Кристофер ја изгубил медицинската дозвола и добил доживотен затвор.rn

    3. Фарид Фата

    rn10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациентиrnrnФарид ја дијагностицирал Меги Дорси со мултипен миелом и ѝ предложил да оди на интензивна хемотерапија. Третманот ја оставил со хронична болка, слабост и потреси. Повеќе не можела да готви, чисти, пишува, а понекогаш не можела ни да стане.rnrnПодоцна Меги открила дека воопшто не била болна. Таа била само еден од многуте пациенти кои Фарид лажно ги дијагностицирал со цел да заработи од хемотерапијата. Еден од лекарите кои работел во центарот за рак на Фарид го пријавил и тој бил уапсен. Судот открил дека тој претерувал и со третирање на терминален рак наместо да ги остави пациентите да починат мирно. Еден од неговите пациенти добил 195 третмани со хемотерапија од кои 177 биле непотребни. Биле идентификувани 553 жртви, но можно е да биле многу повеќе. Фарид добил затворска казна од 45 години.rn

    4. Грем Рив

    rn10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациентиrnrnГрем добил 35 жалби во рок од 15 години од други доктори, медицински сестри и пациенти. Во 1997-ма година бил присилен да се откаже од медицинската дозвола. Но, во 2001-ва година се вработил како гинеколог и специјалист акушер.rnrnЕдна пациентка имала операција кај Грем во 2002-та година. Требало да се отстрани вишок кожа од нејзините вагинални усни. Пред да започне операцијата, Грем ѝ рекол дека ќе ѝ го отстрани и клиторисот. Бидејќи анестезијата почнала да делува, пациентката не можела да направи ништо и таа останала со оштетен уринарен тракт. Рив бил осуден за сексуално малтретирање и осакатување на стотици жени. Ја изгубил дозволата за работа и отслужил 11 месеци во затвор.rn

    5. Ариа Сабит

    rn10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациентиrnrnНеврохирургот Ариа добил дузина тужби за небрежност. Во 2012-та година, Тонока Скот отишол на третман за проблеми со грбот. Ариа предложил ‘рбетна фузија и Скот ја закажал операцијата. Процедурата го оставила Скот со трнење во прстите на нозете, десната нога и задникот. Подоцна посетил друг лекар кој открил дека фузијата воопшто не била изведена.rnrnИстражувањата покажале дека Ариа често предлагал ‘рбетна фузија, но не ја вметнувал направата за да заштеди пари. Тој имал стотици жртви од кои многумина останале со константна болка. Бил осуден на 19 години затвор во 2017-та година.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 катастрофални грешки направени за време на операции

    10 катастрофални грешки направени за време на операции

    Знаеме дека во медицината нема простор за грешки, но како што ќе откриете во продолжение, грешките се случуваат почесто одошто мислите. Овде спаѓаат заборавање на инструменти во пациентите, па дури и правење операција на погрешен пациент. Погледнете 10 вакви катастрофални грешки што навистина се случиле во светот.rn

    1. Погрешни бели дробови и срце за време на трансплантација

    rn10 катастрофални грешки направени за време на операцииrnrnВо 2003-та година, 17-годишната Џесика Сантилан била жртва на можеби најлошата грешка. Ѝ била направена операција на 7-ми февруари, 2003-та година, но нејзината состојба само се влошила бидејќи докторите искористиле срце и бели дробови од донатор со друга крвна група. Телото на Џесика ги одбило органите и имала неколку напади. 2 недели подоцна ѝ била направена уште една операција, овој пат со правилни орани. Иако операцијата била успешна, било премногу доцна. Џесика имала непоправлива оштетеност на мозокот и била во кома. По некое време ги исклучиле апаратите.rn

    2. Операција на срце за инфекција на респираторниот систем

    rn10 катастрофални грешки направени за време на операцииrnrnЕдна 83-годишна жена во Јужна Африка подлегнала на операција која била наменета за друг пациент. Жената се викала Рита ду Плесис и била во болницата за инфекција на респираторниот систем. Рита и пациентот кој имал потреба од операција на срце имале ист лекар. Хирургот ги помешал имињата, па Рита завршила на операционата маса. Кога сфатиле што направиле, лекарите се извиниле и не ѝ ја наплатиле операцијата на Рита.rn

    3. Жена изгубила дојка поради рак што го немала

    rn10 катастрофални грешки направени за време на операцииrnrnВо април 2015-та година, 49-годишната Едувигиз Родригез имала операција за агресивен рак на нејзината лева дојка. Заболената дојка била отстранета и Родригез била во ред. Но, по операцијата лекарите сфатиле дека ткивото воопшто не било заболено. Грешката во дијагнозата била направена по биопсија во друга болница. Но ова не значи дека хирурзите кои ја направиле операцијата се невини. Тие требало да ја тестираат Родригез пред да ја направат операцијата.rn

    4. Операција на мозок на погрешен пациент

    rn10 катастрофални грешки направени за време на операцииrnrnВо 2018-та година, националната болница во Кенија се прослави откако на погрешен пациент му била направена операција на мозокот. И двајцата мажи биле донесени во болницата без свест и биле чувани во истото одделение. Но, некако им се измешале картоните, па погрешниот човек се нашол во операционата сала. Пациентот на кој му бил потребна операција имал крвна грутка во мозокот, додека другиот имал само потечена глава. На докторите им биле потребни 2 часа да сфатат дека оперираат на погрешниот пациент. Уште поинтересно е што пациентот на кого му бил потребна операцијата почнал да заздравува без неа.rn

    5. Операција на мозокот по изместување на вилицата

    rn10 катастрофални грешки направени за време на операцииrnrnВо една болница во Мичиген, 81-годишната Бимла Најар имала операција на мозокот што не ѝ била потребна. Уште полошо е што Бимла изгубила свест и умрела 60 денови подоцна. Бимла била донесена во болницата во 2012-та година за изместена вилица. Третманот требало да биде лесен, сè додека не се открило дека има крвавење во мозокот. Иако снимката припаѓала на друг пациент, лекарите мислеле дека е на Билма. На Билма ѝ биле направени 5 дупки во главата и ѝ бил отворен черепот. Лекарите ја сфатиле грешката кога не пронашле знаци на крвавење во мозокот. Семејството на Билма ја тужело болницата и добило 20 милиони евра.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • ТВ серија: Црна шифра (Code Black)

    ТВ серија: Црна шифра (Code Black)

    ТВ серија за бројните случаи со кои се соочуваат докторите од најпосетуваната болница во Лос Анџелес

    rn(1) ТВ серија: Црна шифра (Code Black)Главни улоги: Хери Форд, Марсија Геј Харден, Бенџамин ХолингсвортrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Мајкл СеицменrnrnПремиера: 30 септември 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВо болниците, црна шифра значи дека протокот на пациенти е толку голем, што едноставно нема доволно ресурси да се третираат сите. На годишно ниво, во Америка, секоја болница има околу 5 дена со црна шифра. Но, во „Angels Memorial“ тоа се случува 300 пати во годината. Токму оваа болница е и инспирацијата зад оваа серија, со цел да можеме да видиме какво е чувството да се биде доктор во толку тешка и брза средина.rnrn(2) ТВ серија: Црна шифра (Code Black) (3) ТВ серија: Црна шифра (Code Black)rnrnПриказната започнува со 4-ца нови стажанти на нивниот прв ден на работа. На почетокот сè изгледа сосема нормално, па токму затоа и можеби ќе помислите дека станува збор за уште докторска серија од типот на „Grey’s Anatomy“. Но, со секоја нова сцена, вие сè повеќе ќе сфаќате дека оваа приказна се разликува од оние кои досега сте ги гледале од овој жанр. Станува збор за брза серија, која нема да ви дозволи ниту една секунда да можете да земете слободно воздух. Откако ќе почне да доаѓа напливот на пациенти, па до самиот крај на епизодата, вие постојано ќе седите на работ од вашето столче, не знаејќи каде попрво да гледате.rnrn(4) ТВ серија: Црна шифра (Code Black) (5) ТВ серија: Црна шифра (Code Black)rnrnНа кратко, оваа серија е одлична за оние кои се љубители на приказните за доктори и сакаат динамични приказни, но имајте на ум дека не е за оние кои имаат нервозен стомак. Сцените се најчесто прилично сликовити, па постојано ќе гледате различни видови медицински зафати кои изобилуваат со крв и други вознемирувачки слики. Ако овие сцени не ви пречат, тогаш нема причина зошто да не ви се допадне овој нов докторски тим на малите екрани.

  • 4 причини да престанете да седите со вкрстени нозе

    4 причини да престанете да седите со вкрстени нозе

    Вие сигурно ги вкрстувате вашите нозе барем еднаш додека вечерате, работите на вашата работна маса или пак, на кое било место каде што седите. Всушност, има големи шанси дека не ни забележувате дека го правите тоа, вие едноставно седнувате на столица и веднаш ја поставувате едната нога врз другата, исто како што правевте со години претходно.rnrn4 причини да престанете да седите со вкрстени нозеrnrnНо, експертите почнуваат да предупредуваат за оваа лоша навика. Вкрстувањето нозе може да има негативно влијание врз вашето здравје. Еве што треба да знаете…rn

    Тоа предизвикува болки во грбот и вратот

    rnСпоред ортопедот Вивијан Ејсентад, вкрстувањето нозе води кон болки во грбот и вратот. Кога седите на овој начин, вие го поставувате вашето тело во странична позиција, која води кон ротација на една од вашите карлични коски. Бидејќи вашата карлица е основата за поддршка на вашиот ‘рбет, оваа позиција поставува непотребен притисок на вашиот врат и грб.rnrnКолку подолго седите со нозете вкрстени, толку повеќе притисок правите на вашиот ‘рбет и ги зголемувате шансите да го развиете овој проблем. И покрај тоа што е невозможно постојано да одржувате правилно држење на телото, таа препорачува да се обидете повеќето од времето да седите со вашите колена под агол од 90 степени со цел да ја балансирате карлицата.rn

    Поврзано е (најверојатно) со проширените вени

    rnИзгледа дека медицинската заедница е поделена во две групи кога станува збор за поврзаноста помеѓу вкрстените нозе и проширените вени. И покрај тоа што некои доктори велат дека тие настануваат исклучиво од генетика, бременост, изложеност на сонце и континуирано седење долго време, другите како кардиологот Хуман Медион велат дека постои индиректна врска помеѓу овие две нешта.rnrnВкрстувањето на нозете го зголемува притисокот во вашите вени кои се одговорни за враќање на крвта во вашето срце. Притисокот предизвикан од едната нога врз другата го отежнува крвотокот и може да доведе до ослабување на вените во вашите нозе. Доколку вените се оштетени или ослабени, крвта може да се задржува во нив, притоа формирајќи проширени вени.rn

    Го зголемува вашиот крвен притисок

    rnКрвта во вашите нозе треба да биде насочена кон вашето срце во движење кое е спротивно од гравитацијата. Тоа е тешка работа, дури и без вие да ја дотежнувате со вкрстените нозе, но кога седите во таа позиција вие го зголемувате отпорот на движењето на крвта. Како резултат, вашето тело мора да го зголеми крвниот притисок со цел да ја турне крвта назад кон вашето срце.rnrnВие нема да почувствувате никакви симптоми кога вашиот крвен притисок се зголемува, но доколку ова постојано се повторува, зголемениот крвен притисок може да предизвика долготрајни здравствени проблеми. Па, планирате да седите долго време? Не ги вкрстувајте нозете.rn

    Ги нарушува нервите во вашите стапала

    rnВкрстените нозе не само што влијаат врз патот на крвта до вашето срце, туку и имаат влијание врз вените и нервите во вашите нозе и стапала. Вкрстувањето на нозете кај колената создава притисок врз главниот нерв во вашите нозе кој поминува веднаш под коленото од надворешната страна на ногата. Според д-р Ричард Грејвс, притисокот може да предизвика отрпнатост и привремена парализа во некои од мускулите на вашите нозе и стапала, така што не можете да ги подигнете вашите зглобови.rnrnИ покрај тоа што ова чувство е привремено, тој вели дека постојаното седење со вкрстени нозе во иста позиција може да предизвика оштета на нервите која резултира со долготрајна отрпнатост во вашите нозе. Најдобриот совет е да не седите со вашите нозе вкрстени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Докторите откриваат какви сè работи морале да им објаснуваат на своите пациенти

    Докторите откриваат какви сè работи морале да им објаснуваат на своите пациенти

    Изгледа има многу луѓе на светов кои не знаат некои основни работи за човечкото тело. Верувале или не, овие мини приказни се вистински искуства на докторите кои ги споделиле на Редит.rnrndoktorite-otkrivaat-kakvi-se-raboti-morale-da-im-objasnuvaat-na-svoite-pacienti-kafepauza.mkrnrnИмав 20-годишна пациентка која не знаеше дека сексот може да доведе до бременост. Немаше поим!rnrnЖена дојде на контрола со своето 6-месечно бебе и изгледаше како да има чоколадно млеко во шишето. Почнав да ѝ објаснувам, колку што можев поучтиво, дека не смее да му дава чоколадно млеко на нејзиното бебе. Во тој момент таа ме прекина и рече: „А, тоа не е чоколадно млеко. Кафе е! Едноставно го обожава!“rnrnИмав пациентка која дојде на контрола за сексуално-преносливи болести. Беше многу вознемирена постојано објаснувајќи ми дека имала само еден партнер. Продолжувајќи со мојата проценка, таа ми откри дека дури и ако тој спиел со други, не требало да има врска бидејќи тој секој пат користел кондом и се грижел темелно да го измие после секоја употреба.rnrnЕднаш морав да го користам зборот к*р наместо пенис бидејќи пациентот не го знаеше соодветниот термин за неговите гениталии.rnrnЕдна жена ја мерела температурата на своето бебе така што прво ја загревала рерната и ја ставала едната рака пред неа додека со другата рака го допирала челото на бебето. Таа ѝ кажала на сестрата дека бебето има температура од 250 степени.rnrnМорав да ѝ објаснувам на 27-годишна жена дека неделното крварење што го има секој месец е нормално и зошто. Таа има две деца.rnrnНа една госпоѓа требаше да ѝ го ампутираат стапалото, па ѝ дадовме да потпише формулар за согласност пред операцијата. Нејзиниот пријател ја праша дали има потреба да размисли за тоа. Таа беше многу ноншалантна и изгледаше како да не ѝ е многу грижа што ќе ѝ прават. Нему му стана сомнително и ја праша зошто не е повеќе загрижена. Таа рече дека сфаќа дека мора да ја оперираат и дека тоа е ОК бидејќи стапалото повторно ќе ѝ порасне.rnrnСум морал да информирам неколку пациенти дека кондомот се навлекува само на „рачката“ и дека не треба да се влече надолу за да ги опфати тестисите.rnrnЕднаш имав пар кои се обидуваа да зачнат повеќе од две години. Им ги поставив вообичаените прашања: колку често имате секс, дали сте имале претходна бременост итн., итн. Понекогаш изгледаа чудно за време на консултациите, па продолжив да поставувам прашања. На крај прашав дали тој ејакулира додека е внатре во вагината. Двајцата ме погледнаа збунето. Испадна дека тие воопшто немале полов однос. Ми беше непријатно, но морав да им објаснам како функционира половиот однос. Морав да се послужам со цртежи.rnrnПостар човек дојде во мојата ординација жалејќи се на нова точка која ја забележал на неговите гради. Морав да му кажам: „Господнине, тоа ви брадавица, сите имаат.“rnrnДоаѓа пациентка и многу е вознемирена. Бремена е и не може да сфати зошто. Користи антибеби таблети. Откако зборевме на долго, дознав дека таа ги зема таблетите само во оние денови кога е сексуално активна, никогаш друг пат.rnrnЕдна млада жена дојде да си подигне вагинален прстен (прстен кој се става вагинално за да спречи бременост). Дојде после месец дена да земе нов, а стариот го носеше на нејзиниот зглоб како алка.rnrnДоаѓа пациентка со нејзиниот најдобар другар. Тие се некако револтирани како да можев да ја спречам бременост. Што бил проблемот? Па, антибеби пилулите не ѝ одговарале на девојката на стомакот, па овој како доблестен пријател, почнал да ги пие наместо неа.rnrnМорав да ѝ објаснам на пациентка дека фластерите не лечат туку само ја покриваат раната. Пациентката се обидувала да се излечи од дијабетес тип 2, така што целата се излепила со ханзапласт.rnrnМу го објаснував лекувањето на мажот на пациентката која требаше да ја пуштиме од болница. Тој цело време кимаше со главата и се согласуваше со мене, но знаев дека не ме разбира баш. Испадна дека главниот проблем бил во тоа што за лековите го употребував зборот таблети, а тој немаше поим што значи тоа.

  • 10 професии кои ќе бидат најплатени во иднина

    10 професии кои ќе бидат најплатени во иднина

    Многу земји во светот моментално се справуваат со економската криза и порастот на невработеноста. Токму затоа во САД е направено едно истражување, за тоа кои професии во иднина ќе бидат најплатени. Следуваат 10-те професии кои ќе бидат најплатени и со најголем раст во нареднава деценија.10 професии кои ќе бидат најплатени во иднина1. Оптичари – според сите предвидувања, потребата од специјалисти за вид до 2020 година ќе порасне за 33%.rnrn2. Професионални терапевти – во наредните години потребата од терапевти кои секојдневно ќе треба да им помагаат на некои повредени лица драстично ќе се зголеми. Се проценува дека до 2020 година ќе се појават уште 142.200 нови терапевти.rnrn3. Ветеринари – поради зголемениот број домашни миленичиња, во наредниве неколку години, бројот на професионални ветеринари ќе се зголеми за 36%.rnrn4. Медицински специјалисти – до 2020 година бројот на медицински специјалисти ќе порасне за 136.000 поради зголемувањето на возрасната граница на пациентите и потребата од лекови на рецепт.rnrn5. Специјалисти за слух – се предвидува дека до 2020 година бројот на специјалисти ќе порасне за 37%.rnrn6. Забни техничари – бројот на забни техничари ќе порасне за околу 38%rnrn7. Физикални терапевти – бројот на физикални терапевти ќе порасне за околу 39% поради големиот број стари лица на кои ќе им биде потребна нивната помош.rnrn8. Аналитичари за истражување на пазарот и маркетинг стручњаци – до 2020 година ќе се појават уште 400.000 нови експерти од овие полиња.rnrn9. Експерти за ултразвучно скенирање – се предвидува дека бројот на стручни лица ќе се зголеми за 44%.rnrn10. Биомедицински техничари – до крајот на 2020 година бројот на стручни лица од биомедицината ќе се зголеми за 62%.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Седумгодишно девојче плаче камени солзи

    Седумгодишно девојче плаче камени солзи

    Индиските доктори веќе со денови се обидуваат да откријат зошто седумгодишното девојче Kura Nitya, кое живее во село во близина на Хајдерабад, главниот град на индиската сојузна држава Андра Прадеш, плаче камени солзи. Камчиња ù излегуваат од десното око последните петнаесетина дена. Во еден ден таа исплачува од 15 до 25 камчиња.Седумгодишно девојче плаче камени солзиНејзините родители побарале помош од неколку офталмолози, но никој сè уште не открил од што е предизвикан овој феномен. Нејзиниот дедо Gopal Reddy вели дека на почетокот мислеле дека се работи за божја моќ, па се молеле на Бога тоа да престане.rnrnМалечката Kura Nitya објаснува дека нејзиното десно око отекува непосредно пред да почнат да се тркалаат камчиња од него. Офталмологот Kalyan Chakaravarthy вели дека девојчето медицински е сосема здраво и дека не постои никакво логично објаснување зошто ù се случува тоа.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја усовршите способноста за помнење?

    Како да ја усовршите способноста за помнење?

    Дали ви се случило да влезете во просторија и да заборавите по што сте дошле или да не можете да се сетите на нечие име или име на некоја книга или филм? Не секирајте се, сите овие нешта можат да се надминат иако се нормални. Ова се интересни и корисни решенија кои ги нудат истакнати доктори од областа на подобрувањето на меморијата, а кои можат да ви се најдат во животот.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Заборавање досадни податоци

    rnПроблем: Ви се случува да ги заборавате денот и часот на вашите испланирани состаноци, адресата на живеење на блиските пријатели, пинот на мобилниот телефон или лозинките кои ги користите на интернет? Не грижете се. Мозокот не функционира така за да може да складира ваков тип информации на долг рок, освен доколку не вложите дополнителен напор за да ги запомните. Ваквите податоци, кои спаѓаат во категоријата декларативни спомени, по својата природа не се интересни ниту возбудливи, поради што кратко „живеат“ во вашето сеќавање. Во оваа категорија спаѓаат и историските податоци и родендените.rnrnРешение: Единствениот начин да направите некоја досадна информација да стане составен дел од вашата долготрајна меморија, е правилно да ја „складирате“, за да можете да ја пронајдете низ вашите мисли подоцна. „Ако не направите свесен напор да го запомните вашиот пин, вашата краткотрајна меморија, веднаш ќе го избрише од мозокот“ – вели м-р Зелди С. Тен, директор на клиниката за меморија во Бостон и автор на книгата „Age-Proof Your Mind“. Дајте му некакво значење, за да можете да го запомните.rnrnНа пример ако сакате да запомните битен датум, како што е роденденот на вашата внука, дајте му некоја емоционална поврзаност, да речеме пет дена после 2 август, празникот Илинден. За помалку битните податоци, како на пример денот и часот кога имате закажано на забар, не се ни обидувајте да го запомните. Токму затоа Господ ги измисли мобилните телефони и тефтерите со обележани календарски денови“ – вели Ерон д-р П. Нилсон, шеф на невропсихологија во болницата „Brigham and Women’s“ во Бостон. Тој исто така е автор на водичот „Постигнување на оптимална меморија“, кој се изучува на медицинскиот смер на Харвард.rn

    Расеаност

    rnПроблем: Заборавате зошто сте влегле во некоја соба? Најверојатно сте расеани или пак предметот по кој сте тргнале не бил доволно важен за вашиот мозок да го регистрира како таков.rnrnРешение: „Визуелизирајте го она што го сакате пред да тргнете да го барате“. – вели Тен. Тој исто така препорачува предметите кои сте тргнале да ги барате да ги поврзувате со нешто познато. На пример доколку сакате да ги замените зимските алишта со летните од плакарот, замислете се себеси во костим за капење, како лежите покрај базен или на плажа. Со овој систем, задачата која си ја задавате станува многу поважна и полесна за помнење.rnrnКога заборавате да го визуелизирате она што го сакате и потоа си велите „Што барам во оваа соба?“, навратете се со мислите неколку чекори наназад. Ако и тогаш не успеете, пробајте да се сетите што сакавте пред да дојдете тука, со кого бевте и како се чувствувавте. Оваа препорака ја дава д-р Елизабет Едгерли, шеф на програмата во здружението за лица заболени од Алцхајмерова болест во Северна Каролина и во Северна Невада.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Губење секојдневни предмети

    rnПроблем: Не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите, паричникот или пак билетот за воз, автобус и слично? Ова е типичен проблем со вниманието. Ги фрлате клучевите веднаш штом влезете дома додека размислувате на нешто сосема друго, како на пример да се облечете во нешто покомотно или да се измиете. По неколку часа, не можете да се сетите каде сте ги оставиле. Чинот на оставање на клучевите останува незабележителен бидејќи клучевите ги чувствувате како обичен предмет. Да е во прашање банкнота со поголема вредност, сигурно нема да заборавите каде сте ја оставиле. Доколку обичните работи не ги перцепирате како важни, меморијата брзо ќе ги изостави.rnrnРешение: Обрнете внимание кога оставате нешто и кажете си во себе или на глас, што во моментот правите. Пример: „Ги оставам клучевите во џебот на палтото“ или нешто слично. Константноста е уште подобра стратегија. „Доколку ги ставате клучевите во истиот сад секој ден, секогаш и тоа без грешка ќе знаете дека се таму“ вели Едгерли. „Добрата меморија често е поврзана со создавањето на добри навики“ – додава таа.rn

    Помнење зборови

    rnПроблем: Се обидувате да се сетите на збор, име на филм или книга, но не можете. Народски кажано, „на врв на јазик“ ви е, но не можете да го изговорите. „Ова е универзален проблем и се почесто се случува како што старееме“ – вели Едгерли. Исто така, потешко е да се потсетиме на некои информации доколку сме под стрес или доколку ни се вртат многу мисли во глава во исто време.rnrnРешение: Најпрво, опуштете се, на секого му се случува. Потоа вдишете длабоко и избистрете си го умот. „Голем непријател на меморијата е мултитаскингот“ – вели д-р Гери Смол, директор на центарот за стареење „UCLA“ и автор на книгата „Рецепт за меморијата“ (The Memory Prescription). Потоа на глас кажете како отприлика мислите дека е името на филмот или книгата, како на пример „Беше нешто поврзано со вода“ или „Почнуваше на буквата С“. Набројувањето на актерите или ликовите исто така може да ѝ помогне на меморијата.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Заборавање имиња на луѓе

    rnПроблем: Тешко ви е да ги запомните имињата на луѓето? Со сигурност не сте единствени. „Кога им предавам за превентивна меморија на возрасни лица, 90-95% од учесниците велат дека не се добри во помнењето имиња“ – вели Едглер. Проблем може да биде складирањето на информацијата (не сте обрнале внимание кога сте го запознале тоа лице), пребарувањето (не можете да се сетите на името) или комбинација од двете.rnrnРешение: Повеќето луѓе учат визуелно, што дава објаснување зошто ретко забораваат лица, а често имиња. Па затоа наредниот пат кога ќе запознаете некој нов човек, убаво запомнете го неговиот лик и повторете си го неговото име најмалку 3 пати. Потоа употребете го во некој разговор. На пример, ако човекот се вика Мики обратете му се „Па Мики, каде живееш ти?“.rn

    Извршување на секојдневни автоматски активности

    rnПроблем: Не можете да се сетите дали сте ја исклучиле ринглата, кафематот или пеглата? Кога правите некоја секојдневна автоматска активност, како што е исклучувањето на ринглата, всушност ја употребувате процедуралната меморија. Овој вид долготрајна меморија се употребува за преземање акции како што е возење велосипед, чукање на тастатура и слично. Бидејќи овие дејствија се повеќе механички отколку што се свесни, не сте целосно претпазливи за дејствието кое го правите.rnrnРешение: Најчесто, најверојатно вие ја гасите ринглата или пеглата. Но, доколку почнете често да се прашувате дали сте го направиле тоа или пак доколку навистина почнете да заборавате, тогаш обидете се да го запомните моментот кога го притискате копчето за исклучување. Кажете на глас „Рерната е исклучена“, „Пеглата е извадена од штекер“. Доколку ни така не ви успева да бидете сигурни и да запомните, инвестирајте во продукти кои автоматски се исклучуваат или оставете си потсетник покрај влезната врата. Потсетникот секогаш ќе ви паѓа во очи и ќе ви дава до знаење дека треба да проверите дали сте средиле сè пред да го напуштите домот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.