Историјата на европските вина датира од 8-6 век пред нашата ера, кога луѓето почнале да ги култивираат маслинките и виновата лоза. Виното се сметало за пијалак на елитата во античка Грција, а потоа во римската доба станало популарно и достапно за сите.rnrn
rn
1. Бургундија, Франција
rnНа 100 км од Париз се наоѓа винскиот реон Бургундија. Плантажите се мали, па затоа и производството е помало. Пределот изобилува со преубави пејзажи и мали средновековни цркви. Црвеното вино го прават од грозјето пино ноар, а белото од шардоне.rn
2. Тоскана, Италија
rnДревните Етрурци ги откриле здравствените придобивки од виното и маслиновото масло уште пред илјада години. Тоскана е голема област која зафаќа многу реони со вино и различни климатски услови. Постои само една заедничка работа за сите реони, а тоа се добрите сорти на грозје. Најубавите италијански винови лози се наоѓаат помеѓу ридови. Она што задолжително треба да се посети во овој регион е светски познатото вино – Санти.rn
3. Ла Риоја, Шпанија
rnШпанија е трет произведувач на вино во светот. Покрај високиот ранг на високо престижни вина, Шпанија има и одлична кујна и културно богатство. Ова подрачје се наоѓа во централно-северниот дел на Шпанија до реката Ебро и се одликува со добра и убава архитектура, прекрасен народ, гастрономија и природна убавина.rn
4. Долината Мозел, Германија
rnМозел е еден од 13-те официјални региони за производство на вино во Германија и водечка кога станува збор за интернационалниот углед. Околу 60% од вината кои се прават овде се бели. Најдобрите мозелски вина се и најдобрите вина во светот. Ризлин и Мулер–Тургау се вина со богат мирис и се прилично елегантни. Покрај дегустацијата на вино, во Мозел можете да возите со велосипед по кејот на реката, да пловите, да шетате низ старите камени градови и дворци.rn
5. Долината Доуро, Португалија
rnОваа земја е прочуена по црвените вина од висока класа, а најмногу по вината Порт. Доуро е еден од најдивите региони кој изобилува со планини и брда кои се наоѓаат по текот на истоимената река. Таа е заштитена од УНЕСКО. Овде можете да ги посетите дворците, да крстарите по реката и да ги пробате прочуените специјалитети и наградуваните вина.rn
6. Австрија
rnОваа земја прави вина од светска класа, а причината за тоа што не се толку прочуени е што домашниот пазар ги купува најдобрите шишиња. Австрија има природни убавини, а Виена е град кој не смеете да го пропуштите.rn
7. Бордо, Франција
rnБурниот бизнис со извоз на вина започнал во средината на 12 век и продолжува до ден-денес. Бордо се наоѓа на брегот на Атлантскиот океан и ужива во поморска клима. Дом е на веќе прочуените црвени вина како што се Сент Емилион, Медок и Померол.rn
8. Кефалонија, Грција
rnПланинскиот остров Кефалонија е познат како најважниот остров на коj се прават грчките вина од „новиот стил“. Виното отсекогаш било важен дел од културата и датира од древната доба. Единственоста на грчките вина е во тоа што имаат посебен вкус кој доаѓа од домашната врста на грозје, а имаат 300 различни врсти.rn
9. Унгарија
rnОваа мала источноевропска земја го произведува светски познатото вино – Токај Азу. Постојат суви Токај Азу вина кои во последниве 10 години стануваат вистински хит. Овој регион се наоѓа во северноисточниот дел на земјата и до него лесно може да се дојде преку Будимпешта. Годишниот празник на виното се одржува во замкот Буда во главниот град и е одлична локација за дегустација на вина.rn
10. Валдепенас, Шпанија
rnВалдепенас се наоѓа јужно од Кастиља ла Манча во централна Шпанија. Тоа е мало подрачје каде се одгледува винова лоза и се прави вино. Оваа област е позната по добрите вина кои се многу ценети во Шпанија.