КАФЕ ПАУЗА

Tag: црвено вино

  • Кои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак?

    Кои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак?

    Научниците откриле дека некои основни прехранбени производи кои ни се постојано на дофат, можат да го спречат растот на канцерогените клетки. Проверете за кои состојки станува збор.rnrnКои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак?rn

    1. Темно чоколадо

    rnВерувале или не, темното чоколадо може да го спречи растот на туморите. Тоа содржи голема количина на какао што може да го спречи оштетувањето на ДНК, но и да го намали активирањето на молекулите кои се неопходни за развој на ракот. Според едно истражување објавено во The British Journal of Nutrition, 45 грама темно чоколадо кое содржи 70% какао значително го намалил ризикот од оштетување на клетките во организмот.rn

    2. Брокула

    rnБрокулата има висока концентрација на сулфорафан, супстанција која ги уништува клетките на туморот. Истражувањата покажале дека сулфорафанот ги таргетира клетките на туморот и ја намалува неговата големина. Брокулата е поволна особено во борбата против ракот на црниот дроб, мочниот меур, желудникот и белите дробови. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се испита докрај нејзиниот потенцијал во борбата против ракот. Нутриционистите и дијабетичарите препорачуваат секојдневно консумирање брокула како дел од салати, тестенини, омлети и пица.rn

    3. Лук

    rnЛукот е богат со фитохемикалии кои го спречуваат формирањето на нитрозамини, канцерогени клетки кои се формираат во цревата и желудникот поради консумирањето нитрати, вообичаениот конзерванс за храна. Истражувањата покажале дека додавањето лук во исхраната може да го намали ризикот од рак на дебелото црево кај жените за 50%. Лукот помага и во борбата против ракот на дојката, желудникот и хранопроводникот.rn

    4. Ореви

    rnПознато е дека естрогенот го поттикнува растот на туморот на дојката. Оревите пак, содржат растителни молекули познати како фитостероли кои ги блокираат естрогенските рецептори во клетките на ракот на дојката, но и го забавуваат нивниот раст. Според некои анализи, оревите имаат моќ да го одложат ракот на дојката дури за 9 години. Тие исто така помагаат и во борбата против ракот на простата.rn

    5. Зелен чај

    rnСтудиите откриле дека полифенолите во зелениот чај го спречуваат размножувањето на клетките на туморот и предизвикуваат апоптоза – еден вид клеточна смрт. Консумирањето зелен чај може да ги активира ензимите за детоксикација на организмот, но и да обезбеди заштита од тумор.rn

    6. Куркума

    rnКуркумата е популарен зачин во индиската кујна и станува сè популарен и во алтернативната медицина. Се карактеризира со својства кои се корисни при лекување на хронични медицински состојби, ја спречува појавата на рак и го стимулира намалувањето на тежината. Куркумата, неговата активна состојка, може да го намали растот на клетките на ракот на белите дробови и дојката. Истражувањата покажале дека дневното консумирање куркума (од 1 до 3 грама) може да го спречи ракот.rn

    7. Црвено вино

    rnЦрвеното вино содржи моќен антиоксиданс, ресвератрол, кој ја спречува појавата на рак на дојка. Ова биоактивно соединение е познато и по тоа што го намалува воспалението на мозокот кај луѓето со деменција, но и го забавува процесот на стареење на мозокот. Антиоксидансот помага и во одржување на имунитетот на организмот, особено во поглед на заштита од вирусни и бактериски напади.rnrnОткако прочитавте кои видови храна можат да го намалат развојот на рак, можеби ќе сакате да прочитате и за пролетното овошје кое помага во борбата против ракот на дојката.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Црвеното вино во својот состав содржи нешто што помага во борбата со депресијата и менталните нарушувања

    Црвеното вино во својот состав содржи нешто што помага во борбата со депресијата и менталните нарушувања

    Љубители сте на вино? Милувате да испиете една чаша црвено вино во текот на вечерата или после неа? Го сакате неговиот вкус и ви годи да го пиете во умерени количини? Ако сè ова е точно тогаш имаме добри вести за вас – умереното пиење вино може да биде здраво. Па, следен пат слободно испијте црвено вино без грижа на совест, но немојте да претерувате бидејќи сè што е претерано не чини.rnrnrnrnНајновото истражување објавено во научно списание открива дека виното содржи ресвератрол, којшто може да ве заштити од анксиозни симптоми и депресија.rnСоставот може природно да се најде во семките и кожата од сите бобинки и грозје (понекогаш и кикирики) и се открило дека има бројни позитивни ефекти врз човечкото тело. Според Марвин Сајнг, интернист и гастроентеролог, истражувањето покажало дека ресвератролот има бројни анти-инфламаторни, антиоксидансни и долготрајни ефекти коишто можат да послужат како потенцијален третман за пациентите болни од рак, дијабетес и синдром на полицистични јајници.rnrnСпоред едно истражување што е во тек, составот има заштитен ефект на нервите во борба против холестеролот и хормонот за стрес, коишто во големи количини можат да создадат анксиозност и депресија. Кога истражувачите направиле експеримент за ефектите на составот врз глувци дошле до откритие дека тоа го спречува излачувањето на кортикостеронот – влијателен ензим.rnРесвератролот служи како ослободувачки причинител за одговорот на телото на стресни настани.rnВаквите резултати од истражувањето не значат дека треба да претерате со пиење вино, но доколку го консумирате умерено потенцијалните здравствени придобивки не можат да се одречат.rnЦрвеното вино го подобрува вашето ментално здравје. Ако не сте многу по пиењето, во моментов постојат научни обиди за поставување основа за употребување на ресвератрол како состојка во идните антидепресиви.rnrnПрочитајте ги и овие 13 интересни примени на виното.

  • Кардиолозите препорачуваат: Најдобриот алкохолен пијалак против стрес

    Кардиолозите препорачуваат: Најдобриот алкохолен пијалак против стрес

    Кардиолозите тврдат дека редовното, но умерено консумирање на црвено вино може да биде превентива против кардиоваскуларните болести, па дури и против некои видови рак. Во последно време многу се зборува за здравствените придобивки од црвеното вино.rnrnКардиолозите препорачуваат: Најдобриот алкохолен пијалак против стресrnrnНаучниците потврдиле дека тоа го намалува ризикот од срцеви болести, штити од мозочен удар, некои видови рак, па дури и делува против одредени бактерии како салмонела, ешерихија коли и листерија. Некои видови вино се навистина поздрави од други, но тврдењето дека сите вина се здрави во која било количина сепак е само мит.rnrnКардиолозите сметаат дека умереното консумирање црвено вино го намалува холестеролот и го нормализира крвниот притисок. Во него особено се истакнува салицилната киселина која ги разградува маснотиите и ги раствора честичките во крвта. На овој начин го спречува затнувањето на артериите. Еден литар вино содржи околу 60 милиграма салицилна киселина, доза двојно поголема од дневната доза аспирин што ја препорачуваат лекарите како превентива од срцеви болести.rnrnВиното исто така го релаксира човечкиот организам. Овој ефект доаѓа благодарение на големото количество калциум, односно од 50 до 140 милиграми во еден литар, како и магнезиум, од 40 до 120 милиграми во литар. Заедно со големото количество витамини Б и Ц, овие минерали се важни во борбата против стресот.rnrnДобрите страни на виното се многубројни, а една од придобивките е подобрување на меморијата. Докажано е дека жените во третата доба од животот кои пијат вино само еднаш неделно имаат побистар ум и подобро помнат. Исто така виното ги спречува воспалителните процеси на крвните клетки.rnrnЕдно истражување покажало дека луѓето кои пијат чаша вино дневно се послаби од оние кои пијат поретко и во поголема количина. Имено, сите кои умерено уживаат во виното имаат потенка половина и помалку масни наслаги на стомакот, задникот и колковите. Исто така алкохолот од виното го поттикнува согорувањето на калориите. Меѓутоа потребно е да внимавате на количината бидејќи консумирањето повеќе од една чаша може да ги зголеми килограмите.rnrnЖените кои дневно пијат по една чаша вино имаат погусти, поцврсти коски за разлика од оние кои воопшто не го пијат. Алкохолот во умерено количество може да го зголеми нивото на естроген кој го забавува трошењето на коските кое се појавува со годините. Покрај тоа, ако го консумирате умерено, виното не само што ќе ви ја врати виталноста, туку ќе ви го продолжи животот и ќе го направи поквалитетен.rnrnДознајте и кои се здравствените придобивки од белото вино.

  • Истражувањата откриваат: Црвеното вино и чоколадото се фонтаната на младоста!

    Истражувањата откриваат: Црвеното вино и чоколадото се фонтаната на младоста!

    Луѓето постојано се опседнати со последиците на телото што ги предизвикува стареењето и се надеваат дека современата наука ќе им помогне да ги забави знаците и на тој начин да им овозможи да останат млади подолго време.rnrnИстражувањата откриваат: Црвеното вино и чоколадото се фонтаната на младоста!rnrnДодека некои луѓе вложуваат пари во ботокс, креми против стареење, ласерски третмани и хемиски пилинзи, некои се обидуваат да најдат поприродни опции. Многу поединци сакаат да ги одбегнат штетните хемиски и хируршки зафати и за таа цел ги проучуваат хемикалиите и состојките што се присутни во секојдневната храна и пијалаци. Па, така постојат истражувања кои дошле до фасцинантни резултати.rnrnЕдно неодамнешно истражување од Универзитетот во Брајтон открило дека состојката наречена ресвератрол може да доведе до „младешки“ изглед со тоа што ги подмладува старите клетки во телото и им овозможува да изгледаат и да се однесуваат како млади клетки.rnrnКако што старееме, нашите клетки почнуваат да ги губат заштитните теломери кои се наоѓаат на краевите од секоја ДНК нишка во телото, поради што нишките се оштетуваат и им ја попречуваат работата на нашите клетки. Како последица од тоа, клетките не можат да се обноват по регуларните оштети што им се случуваат во секојдневниот живот. Истражувачкиот тим открил дека откако старите клетки биле изложени неколку часа на ресвератрол, тие развиле посилни, подолги теломери и почнале да се делат. Тоа, пак, ги намалува брчките и сите други знаци на стареење, правејќи ја кожата мазна и здрава.rnrnДоколку не сте слушнале за состојката ресвератрол, таа може да се најде во голем број видови храна, како што се црвеното вино и темното чоколадо. Таа исто така може да се најде и во боровинките, грозјето, кикириките, брусницата и ф’стакот. Ако редовно јадете храна богата со ресвератрол, ќе можете да ги ублажите знаците на стареење и да го задржите вашиот младешки изгледи. Сипете си чаша вино и уживајте!rnrnДоколку виното и чоколадото не се за вас, обидете се да го приготвите овој рецепт за еликсир на младоста кој треба да го проба секоја жена.

  • 11 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

    11 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

    Со доаѓањето на топлите летни денови црвеното вино полека се заменува со бело. Се верува дека црвеното е потешко, па затоа посоодветно е да се пие во зимскиот период, а белото како полесно и освежително совршено одговара за месеците со високи температури. Љубителите на црвеното вино не би се согласиле! Не постои вистинско време и место за пиење на овој алкохолен пијалак, бидејќи тој е секогаш вистинскиот избор. Ова се 11-те работи што ќе ги разберат само луѓето кои претпочитаат црвено вино без оглед на годишната сезона…rnrn11 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разбератrnrn1. Навистина е тешко кога се обидувате да импресионирате некого и одеднаш ќе истурите црвено вино на вашиот бел фустан или кошула. Но, сепак успевате да го задржите достоинството, бидејќи љубовта кон црвеното е непобедлива.rnrn2. Вашите омилени чоколадни десерти имаат многу подобар вкус во комбинација со чаша црвено вино.rnrn3. Без оглед на ситуацијата, чашата црвено вино во рака секогаш прави да изгледате поелегантно и софистицирано.rnrn4. Чашата црвено вино пред спиење секогаш ви помага да потонете во длабок и мирен сон подобро од кој било друг пијалак.rnrn5. Црвеното вино е единствениот алкохол што може да го подобри вашиот сексуален живот.rnrn6. Има нешто посебно во моментот кога читате книга и пиете црвено вино истовремено.rnrn7. Сликите со чаша црвено вино на Инстаграм се поинтересни од сликите со шолја кафе.rnrn8. Почнувате да се зближувате со родителите на поинаков начин кога ќе покажете љубов кон црвеното вино на семејните ручеци и вечери.rnrn9. Научно докажано е дека љубителите на црвеното вино се поопуштени од љубителите на белото.rnrn10. Не е хумано да јадете пилешко, црвено месо или даска сирење без чаша црвено вино.rnrn11. Одморите и ладните месеци се многу попријатни кога имате чаша црвено вино во рака.rnrnВо продолжение дознајте и какви се жените кои пијат црвено вино и какви се оние кои пијат бело вино.

  • 4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено вино

    4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено вино

    Доколку некогаш ви се случило да испиете малку повеќе црвено вино, сигурно сте се соочиле со ужасните последици утредента. Сува уста, непријатен вкус во усната празнина, желба за мрсна храна и страшна главоболка од која мислите дека ќе ви прсне главата. Овој мамурлак е доволна причина да ве натера да решите дека никогаш повеќе нема да пиете црвено вино.rnrn4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено виноrnrnСепак, не мора да се откажувате од вашиот омилен алкохолен пијалак. Постојат неколку начини кои можат да ви помогнат да ја спречите главоболката од црвено вино. Во продолжение прочитајте за што станува збор…rn

    1. Мед

    rnСпоред едно истражување спроведено на Медицинскиот универзитет во Кина, слаткиот додаток што го ставате во чајот содржи фруктоза, а таа може да помогне при разградување на алкохолот во крвта. Нареден пат кога ќе претерате со виното, изедете една (или повеќе) лажици мед.rn

    2. Пијте повеќе вода

    rnСите знаеме дека алкохолот дехидрира. Па така, доколку испиете цело шише вино без вода, ќе се соочите со ужасни мигрени утредента. Задолжително пијте вода заедно со виното и пијте најмалку 8 чаши вода секој ден. На ова правило особено обрнете внимание во деновите кога знаете дека ве чека вечер исполнета со многу вино.rnrn4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено виноrn

    3. Сменете го виното

    rnНема да ви додеваме со комплицирани научни податоци, но она што треба да го знаете е дека танинот е основната компонента на грозјето што се користи за виното да добие покомплексен вкус. Меѓутоа, танинот исто така е и главниот причинител на главоболките. Така што, доколку имате чести проблеми со мигрени, држете се до белото вино или до вината со малку танин.rn

    4. Пијте полека

    rnЛесно е полека да се испие чашата вино пред спиење. Меѓутоа, кога се работи за некој поголем собир на луѓе, чашата вино може да се претвори во четири за помалку од два часа. Внимавајте колку вино си ставате и не брзајте при пиењето, туку земајте мали голтки. Тоа ќе ви помогне да ги спречите последиците од црвеното вино утредента.

  • Направете одличен десерт со комбинација на црвено вино и чоколадо

    Направете одличен десерт со комбинација на црвено вино и чоколадо

    Сте помислиле ли некогаш да комбинирате црвено вино и чоколадо? Овој десерт изгледа богато и вкусно, се прави брзо, а потребни се само неколку едноставни состојки. Еве како самите да го направите дома.rnrnНаправете одличен десерт со комбинација на црвено вино и чоколадоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 360 милилитри млеко
    • rn011

    • 60 грама темно чоколадо (исечкано на мали коцки)
    • rn011

    • 240 милилитри црвено вино
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете 360 милилитри млеко и 60 грама темно чоколадо во тенџере и загревајте на средна температура. Мешајте додека смесата не се соедини и додека не стане густа и кремаста. Додајте 240 милилитри црвено вино и продолжете со мешање. Отстранете го садот од огнот, ставете ја смесата во чаши и декорирајте со маршмелоу или шлаг.rnrnПотоа, сместете се во удобна позиција, облечете топол џемпер и уживајте во совршената вечер.

  • Јадења кои се поздрави кога се комбинираат со алкохол

    Јадења кои се поздрави кога се комбинираат со алкохол

    Сите ја знаеме старата поговорка: „Пивото е доказ дека Бог нѐ сака и сака да бидеме среќни“. Тука можеме да го вклучиме и виното. Не само што овие два типа алкохол се вкусни, туку и можат да ги направат поздрави некои од вашите омилени јадења, како и да ги намалат нивните негативни ефекти. Следуваат три изненадувачки комбинации на храна и алкохол за кои вреди да се наздрави:rn

    1. Лосос, туна и слични риби

    rn

    (1) 3-jadenja-koi-se pozdravi-koga-se-kombiniraat-so-alkohol-kafepauza

    rnБи сакале ли чаша вино со вашата риба? Одговорот секогаш треба да биде „да“. Според последните истражувања, љубителите на вино обично имаат повисоки нивоа на омега-3 во крвта. Црвеното вино ги впива корисните и здрави полифеноли од рибата, за кои се смета дека играат важна улога во добивањето мускулна маса, до 10 пати повеќе отколку другите пијалаци.rn

    2. Месо и сирење

    rn

    (2) 3-jadenja-koi-se pozdravi-koga-se-kombiniraat-so-alkohol-kafepauza

    rnАко сакате почесто да јадете мрсна храна, тогаш би можеле да уживате и во пивото. Зошто? Експертите за правилна исхрана велат дека умереното консумирање пиво и вино може да помогне при зголемувањето на вашиот добар (HDL) холестерол и да го намали ризикот од развивање срцеви болести.rn

    3. Бадеми, ореви и слични јаткасти плодови

    rn

    (3) 3-jadenja-koi-se pozdravi-koga-se-kombiniraat-so-alkohol-kafepauza

    rnПостои вкусен начин да ги направите веќе вкусните лешници подобри и поздрави за вашиот организам. Тоа е пивото. Јатките, како што се бадемите, оревите, лешниците, кикиритките и слично, се полни со магнезиум кој ги одржува масните ткива во телото здрави и може да помогне вашата мускулатура веднаш да се опушти – особено после потешка физичка активност. На вашето тело му е потребен витаминот Б за да го апсорбира магнезиумот, а пивото, верувале или не, е преполно со него.

  • Колку долго трае едно шише вино откако ќе го отворите?

    Колку долго трае едно шише вино откако ќе го отворите?

    Дали можете да пиете црвено вино кое една недела стоело во фрижидер? Или пак, колку долго трае еден шампањ? И покрај тоа што постојат добро затворени вина кои можат да траат и до еден месец, постојат и некои кои не можат да се пијат ни по само 3 дена. Според инфографикот направен од страна на „WineFolly“, секое вино си има свој различен рок на траење откако ќе биде отворено.rnrnКолку долго трае едно шише вино откако ќе го отворите?rnrnИ покрај тоа што шампањот може многу брзо да го изгуби својот сјај откако ќе биде отворен, тој сепак може да се пие и до три дена подоцна, но само ако шишето е со тапа. Кога станува збор за белите и розе вина, отворените шишињата, кога се чуваат во фрижидер, можат да се пијат и до една недела, ако се затворени со тапа. Според Маделин Пукет, одредени италијански и француски бели или розе вина имаат дури и подобар вкус откако неколку дена ќе стојат отворени.rn

    „Повеќето бели и розе вина можат да се пијат и до една недела откако ќе ги отворите ако ги чувате во фрижидер. Но, ќе забележите како вкусот суптилно се менува откако виното ќе почне да оксидира. Некои вина дури и ќе ви имаат подобар вкус отколку првиот ден, вклучувајќи ги и оние вина кои доаѓаат од постудена клима“, вели таа.

    rnВината со помала киселост имаат тенденција да траат пократко од посветлите вина, па токму затоа тие можат да се пијат од 3 до 5 дена откако ќе се отворат и чуваат во фрижидер. Повторно, тие мора да бидат затворени со тапа или нивното времетраење ќе се намали за половина.rnrnЦрвените вина можат да издржат од 3 до 5 дена на ладно и темно место. Вие можете да ги сместите и во фрижидер со цел тие да траат подолго. Но, не сите црвени вина ја имаат истата моќ на траење. Оние кои имаат многу мало количество танин, ќе се расипат побрзо од оние со повеќе. Од друга страна пак, оние вина кои содржат бренди во нив ќе траат многу подолго од сите останати.rnrnЕдно правило кое треба да го имате на ум е тоа дека колку е послатко виното, толку подолго ќе трае, но мора да се погрижите да го чувате добро затворено, на ладно и темно место. Исто така имајте на ум дека оние вина кои се во кутија или картон, можат да траат и до 28 дена во фрижидер.

  • Истражувањата ни покажуваат дека црвеното вино може да биде добро при согорувањето калории

    Истражувањата ни покажуваат дека црвеното вино може да биде добро при согорувањето калории

    Една нова студија докажала дека виното има потенцијал да ги согорува маснотиите во телото. Научниците долго време работеле на оваа тема и веќе откриле дека една состојка која се наоѓа во грозјето (и поради тоа и во виното) кај некои глувци предизвикувала намалување на тежината, дури и покрај фактот што тие биле на режим на исхрана со многу маснотии. Но, новото истражување покажало дека истиот екстракт функционира на истиот начин и кај луѓето.rnrnИстражувањата ни покажуваат дека црвеното вино може да биде добро при согорувањето калорииrnrnСостојката која го предизвикува овој феномен се вика „елагинска киселина“, но доколку и вие не сте научници слободно можете да ја запомните како „магичниот дел“ во виното. Според Нил Шеј, професор на Државниот универзитет Орегон, овој магичен дел е природна состојка која се наоѓа во грозјето и во најголемо количество во вината каберне, мерло и пино ноар.rnrnИсто така, виното дури и да го нема овој магичен дел, доколку се чува во буре од дабово дрво кое содржи антиоксиданси, тоа со тек на време може да го добие. Тоа е само уште една причина зошто би требало да пиете постаро вино, се согласувате?rnrnСè уште не се знае колку точно влијание има само една чаша вино, но во моментов тоа не е ни важно. Епа ајде, што чекате, отворете го старото црвено вино кое ви фаќа прашина дома и напијте се една „диетална“ чаша со најблиските. На здравје.