КАФЕ ПАУЗА

Tag: црн чај

  • Здравствените придобивки од секојдневното консумирање Ерл Греј

    Здравствените придобивки од секојдневното консумирање Ерл Греј

    Без сомнение еден од најпознатите и најценетите чаеви во светот е Ерл Греј. Чајот се одликува со карактеристичен мирис и арома благодарение на маслото од кората на бергамот. Според многумина, ваквата мешавина на црн чај со масло од бергамот може да влијае поволно врз дигестивниот и кардиоваскуларниот систем, па дури и да ја спречи појавата на рак. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од консумирањето Ерл Греј.rnrnЗдравствените придобивки од секојдневното консумирање Ерл Грејrn

    1. Делува поволно врз здравјето на срцето

    rnИстражувањата покажале дека редовното пиење чај Ерл Греј може да го намали ризикот од срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Црниот чај и маслото од бергамот содржат антиоксидантни флавоноиди кои ја подобруваат работата на срцето.rn

    2. Може да го намали холестеролот

    rnМаслото од бергамот изобилува со флавоноиди, соединенија кои го намалуваат нивото на „лошиот холестерол“ во организмот. Имајќи предвид дека високиот холестерол во крвта може да резултира со коронарна артериска болест, мозочен удар или камењаа во жолчката, редовното пиење Ерл Греј чај може да биде корисно.rn

    3. Може да го зајакне дигестивниот систем

    rnМаслото од бергамот е богато и со природни растителни соединенија наречени полифеноли. Овие соединенија се од голема важност кога станува збор за здравјето на дигестивниот систем на начин што го поттикнуваат растот на добри бактерии, а истовремено го спречуваат развојот на лошите бактерии како салмонела.rn

    4. Може да го намали шеќерот во крвта

    rnИстражување од 2013 година покажало дека екстрактите од црн и зелен чај го намалуваат шеќерот во крвта и го подобруваат метаболизмот. Од друга страна, тоа може да значи дека постојат големи шанси чајот да го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2, дебелина и проблеми со бубрезите. Иако ова не е истражено докрај, сепак дава ветувачки резултати.rn

    5. Може да го зајакне имунитетот

    rnАнтиоксидансите во црниот чај и маслото од бергамот можат да ги неутрализираат слободните радикали кои предизвикуваат оштетување на клетките и ткивата, а следствено на тоа и болести. Оштетувањето предизвикано од страна на слободните радикали може да доведе и до предвремено стареење на кожата, но и појава на заболувања како Алцхајмерова болест и рак.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од консумирањето Ерл Греј, ви препорачуваме да прочитате и зошто ројбос чајот станува сè популарен.rnrnИзвор: greatist.com

  • Совети за готвење со чај кои ќе ги направат вашите јадења повкусни

    Совети за готвење со чај кои ќе ги направат вашите јадења повкусни

    Чајот не само што е одличен пијалак за време на студените денови, туку е и одличен додаток на различни јадења. При изборот на чај треба да се внимава аромата да одговора на состојките така што овошјето оди најдобро со овошни чаеви, а најдобар избор за месото е зелениот, црниот чај и чајот од јасмин.rnrnСовети за готвење со чај кои ќе ги направат вашите јадења повкусниrnrnПри подготовка на јадењето, може да се користат сувите лисја како и ќесички чај. Чајот се користи во колачи, при варење овошје, а на пареата од чај се варат риба и месо.rn

    Потопете го сувото овошје во чајот за повкусен колач или компот

    rnСувото овошје најдобро оди со суви колачи и компоти кои се најчест извор на нашите слатки задоволства во текот на зимските месеци. Сувите листови од чај можат да се додадат во кремот или сувото овошје да се натопи во чајот, а потоа да се додаде во колачот. Така, сувото грозје може да отстои 10 до 15 минути во чајот пред да го додадете во колачот. Тоа ќе придонесе да не биде толку сув колачот. Поголемите сушени плодови како кајсии, сливи и круши, можат да се стават во чај од бергамот каде ќе отстојат 10 минути, па да се додадат во компот. Ова ќе му даде на десертот совршен ароматичен шмек. За разлика од сувото овошје кое треба само да се натопи во чајот, свежото овошје се вари во чајот. Праските најдобро одговараат со чај од истото овошје, а јаболкото со чај од калинка.rnrnСовети за готвење со чај кои ќе ги направат вашите јадења повкусниrn

    Желе од чај

    rnЧајот може да послужи и како состојка за приготвување желе. Доволно е водата да ја замените со чај, да додадете желатин и овошен сок по желба. Во сад истурете 1,3/4 вода, 12 ќесички чај по избор, ¼ овошен сок, 3 шолји шеќер и ќесичка инстант желатин. Сварете го чајот, извадете ги ќесичките и додајте ги сокот и шеќерот, па варете уште две минути. Потоа додадете го желатинот и варете околу една минута. Добиената смеса истурете ја во тегли и оставете ја да се излади пред да ја послужите.rnrnСовети за готвење со чај кои ќе ги направат вашите јадења повкусниrn

    Чајот служи како маринада, но може да се користи и при готвење на пареа

    rnПокрај десертите, чајот одлично оди и со солени јадења. Рибата и месото можат да се маринираат со листови чај, но и да се готват на пареа од чај. Наместо вода се користи чај, најчесто од јасмин кој на рибата ѝ дава посебна арома. Во пет шолји вода ставете пет лажички суви листови од чај, една лажица соја сос, две лажички сок од лимон или оцет и малку сол и бибер. Филетите од риба се динстаат на пареа од 10 до 15 минути, по што можете да ги послужите.rnrnСовети за готвење со чај кои ќе ги направат вашите јадења повкусниrnrnОткако дознавте на кој начин можете да го користите чајот како додаток во вашите јадења, ви препорачуваме да прочитате и кои се здравствените придобивки на Ројбос чајот.rnrnИзвор: 24sata.hr

  • Црниот чај е вистинско богатство, а еве и зошто

    Црниот чај е вистинско богатство, а еве и зошто

    Црниот чај е вистинско богатство и има позитивно влијание врз здравјето на човекот. Го намалува ризикот од срцев удар и дијабетес, а исто така помага при непријатните мириси на стапалата.rnrnЦрниот чај е вистинско богатство, а еве и зоштоrn

    1. Подобра работа на срцето

    rnКонсумирањето црн чај може да помогне во работата на срцето и со тоа да го намали ризикот од мозочен удар и други болести. Истражувањата покажуваат дека оние кои пијат околу три или повеќе чаши црн чај на ден можат да го намалат ризикот од мозочен удар до 21%.rn

    2. Остранете го непријатниот мирис на стапалата

    rnЦрниот чај може да го намали непријатниот мирис на стапалата поради танинската киселина што ја содржи. Ги елиминира сите бактерии што предизвикуваат непријатен мирис, а може да ги затвори и порите со што ќе се потите помалку. За да го направите ова, потребни ви се две ќесички црн чај во еден литар вода. Потоа остранете ги ќесичките и разредете го чајот со 500 милилитри вода. Оставете го да отстои малку, а потоа натопете ги стапалата 15 минути или 30 минути.rn

    3. Го намалува ризикот од дијабетес

    rnЕдно истражување открило дека постарите луѓе на медитеранските острови имаат мал ризик од дијабетес поради постојаното консумирање на црн чај. Често пиеле чаша или две од овој чај (скоро секој ден) и се покажало дека е ефикасен во спречување на појава на дијабетес тип 2.rn

    4. Го зајакнува имунитетот

    rnЦрниот чај го зајакнува вашиот имунолошки систем, бидејќи има висок капацитет на радикална апсорпција на кислород.rn

    5. Го намалува стресот

    rnЦрниот чај содржи Л-теанин кој ви помага да се преселите во опуштена и мирна состојба. Пиењето црн чај може да го намали нивото на кортизол, па така ќе имате подобра контрола над нивото на стрес. Консумирајте умерена количина на овој чај дневно и ќе почувствувате големо подобрување.rnrnПрочитајте и зошто треба да имате чај или масло од кантарион во секое време во домот.

  • Корисни придобивки од црниот чај за кои сигурно не сте чуле досега

    Корисни придобивки од црниот чај за кои сигурно не сте чуле досега

    Дали го започнувате вашиот ден со шолја кафе или чај? Сигурно сте слушнале аргументи за и против и дека црниот чај може да биде штетен доколку се консумира секојдневно, како и дека треба целосно да го избегнувате. Мислењата се поделени и не постои ниту едно официјално истражување кое тврди дека овој чај е штетен за здравјето. Баш напротив, овој чај е многу корисен при спречувањето на многу болести кои ги погодуваат помладите личности, а ние денес ви откриваме неколку предности од оваа популарна напивка.rnrn1-korisni-pridobivki-od-crniot-chaj-koi-ne-ste-gi-znaele-dosega-www.kafepauza.mk_rnrn

    1. Орално здравје

    rnИстражувањата покажале дека црниот чај ги убива бактериите кои водат до појава на кариес како и болести на непцата. Антиоксидансот катехин, кој е присутен во овој чај ги спречува овие непријатности, а го регулира и лошиот здив.rn

    2. Влијае врз работата на срцето

    rnЦрниот, исто како и зелениот чај, го намалува ризикот од појава на срцев удар и го подобрува кардиоваскуларното здравје. Личностите кои консумираат три или повеќе шолји од овој чај дневно имаат намален ризик од појава на срцев удар.rn

    3. Антиоксиданс

    rnЦрниот чај содржи полифенол кој ги спречува токсичните материи да го уништуваат организмот, особено кај личностите кои пушат цигари.rnrn4-korisni-pridobivki-od-crniot-chaj-koi-ne-ste-gi-znaele-dosega-www.kafepauza.mk_rn

    4. Превентивно делува врз канцерогените заболувања

    rnСпоред некои истражувања, полифенолите во овој чај го спречуваат создавањето на канцерогени клетки во телото, особено одредени видови рак, како што се ракот на простата, на белите дробови, на дебелото црево или на мочниот меур. Супстанцата која се наоѓа во црниот чај, TF-2 ги уништува канцерогените клетки, оставајќи ги нормалните клетки неоштетени.rn

    5. Влијае врз здравјето на коските

    rnЗа тоа дека црниот чај е и тоа како здрав во прилог оди и фактот дека личностите кои консумираат нормална количина од оваа напивка имаат поцврсти коски од оние кои не го практикуваат тоа.rn

    6. Го намалува ризикот од дијабетес

    rnУште една корист од оваа напивка е и тоа дека таа го намалува ризикот да заболите од шеќерна болест.rnrn2-korisni-pridobivki-od-crniot-chaj-koi-ne-ste-gi-znaele-dosega-www.kafepauza.mk_rn

    7. Допринесува за здравјето на кожата и на косата

    rnАнтиоксидансите во црниот чај ѝ помагаат на вашата кожа да ѝ се спротивстави на акните, притоа правејќи ја нежна и мазна, а нејзината ефикасност се покажала и на косата.rn

    8. Го зајакнува имунолошкиот систем

    rnОваа напивка во себе содржи супстанца под име танин, за која истражувањата покажале дека има способност да се избори против вирусите, а со самото тоа и го зајакнува имунитетот.rnrnЉубителите на чајот треба задолжително да ги погледнат овие интересни начини на кои можете да го користите чајот.

  • 3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

    3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

    Гребнатините можат да ја уништат естетиката на секое парче мебел во домот. Но, тоа не значи дека треба да се збогувате со сите дрвени површини како вашите омилени столици, ормани, комоди или трпезариски маси, бидејќи решението за нив се крие во овие едноставни и евтини трикови во вашата кујна.rnrn3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелотrnrn1. Емулзија од маслиново масло и оцет. Помешајте 125 милилитри маслиново масло во 125 милилитри алкохолен оцет. Во добиената смеса натопете една памучна крпа, исцедете и добро истријте ја дрвената површина.rnrn2. Тоник од црн чај. Во 125 милилитри врела вода ставете една до две вреќички црн чај. Оставете да делува 5 минути и потоа извадете ги вреќичките. Натопете памучна крпа и премачкајте ги изгребаните дрвени површини, а потоа избришете со сува крпа.rnrn3. Паста од инстант кафе. Во шолја ставете една кафена лажичка инстант кафе и додајте онолку врела вода колку што е потребно за да се направи густа паста. Натопете една крпа во смесата и со неа истријте ги гребнатините. Потоа, избришете со сува крпа.rnrn3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

  • Кафето е поздраво од црниот, но не и од зелениот чај

    Кафето е поздраво од црниот, но не и од зелениот чај

    Крис Килхем, алтернативен медицински истражувач и пронаоѓач на природни лекови ширум светот, дава одговор на прашањето: „Што е поздраво да се пие, кафе или чај?“ во емисијата на д-р Мени Алварез, кој е медицински соработник за ТВ каналот Фокс Њуз.Кафето е поздраво од црниот, но не и од зелениот чајПомеѓу кафето и црниот чај тој го бира кафето, бидејќи во него има многу здрави природни состојки кои се исклучително добри за нашето здравје, како антиоксидансите, кои заштитуваат од разни болести, го регулираат притисокот и шеќерот во крвта. Но, кога станува збор за кафето наспроти зелениот чај, тој го одбира зелениот чај бидејќи не е ферментиран и е богат со флавоноли, кои се губат при ферментацијата на црниот чај.rnrnrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.