КАФЕ ПАУЗА

Tag: цимет

  • Пијалак од 3 состојки како природен лек против дебелеењето

    Пијалак од 3 состојки како природен лек против дебелеењето

    Неверојатно лековит пијалак што ќе ви помогне да се ослободите од масните наслаги

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 јаболко
    • rn 011

    • 1 стапче цимет (или 1 лажичка цимет во прав
    • rn 011

    • 2 литра зовриена вода, оладена
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсечкајте го јаболкото на ситни парчиња, додајте го стапчето цимет или циметот во прав и прелијте со 2 литра оладена зовриена вода. Покријте и оставете да отстои од 1 до 2 часа. Пијте го во текот на денот, по желба.rnrnЗимски пијалак во кој ќе се заљубите: Пробајте го и ова вино со јаболко и цимет.

  • Мексиканско кафе со цимет

    Мексиканско кафе со цимет

    Уживајте во егзотичниот вкус на Мексико!

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 350 милилитри свежо подготвено црно кафе (препорачуваме да биде од мексиканско или гватемалско потекло)
    • rn 011

    • 1 супена лажица кафеав шеќер
    • rn 011

    • 1 кафена лажичка цимет во прав
    • rn 011

    • Циметово стапче
    • rn 011

    • Шлаг пена
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПодгответе го црното кафе според вашиот омилен метод. Но, користете квалитетно зрно со цел да добиете најдобар и најбогат вкус. Додајте го шеќерот во кафето и мешајте додека не се растопи. Додека сè уште мешате, додајте и прстофат цимет.rnrnДекорирајте го кафето со што повеќе шлаг пена можете и на врвот просејте уште малку цимет. За последниот детаљ, додајте и стапче цимет. Уживајте во вкусот на Мексико!rnrnПрочитајте ги и овие 9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае!

  • 3 комбинации со мед и цимет за добро здравје и витка линија

    3 комбинации со мед и цимет за добро здравје и витка линија

    Комбинацијата со мед и цимет е одлична за здравјето затоа што го спречува насобирањето на маснотиите во организмот. За ефикасно губење несакани килограми, неопходни се одредени промени во навиките кои секако го вклучуваат и режимот на исхрана. Во продолжение ви ги претставуваме трите рецепти за пијалаци што можат да ви помогнат да го одржувате здравјето и да постигнете витка линија.rnrnrn

    1. Цимет и мед

    rnНаједноставната комбинација со цимет и мед е одлична за губење несакани килограми бидејќи го спечува насобирањето на маснотиите во организмот, го чисти дигестивниот тракт и ги неутрализира штетните материи кои го забавуваат метаболизмот.rnrnПодготвувајте го овој пијалак во вечерните часови. Најпрво зовријте 200 милилитри вода. Во празна шолја сипете околу 2,5 грама цимет и потоа прелијте го со врелата вода. Затворете ја шолјата и оставете да се олади. Пред пиење, додајте 1 лажичка мед и испијте половина од дозата пред спиење, а остатокот ставете го во фрижидер и допијте го одма после будење, на празен стомак.rn

    2. Цимет, мед и ѓумбир

    rnДоколку го сакате ѓумбирот, тогаш можете да го направите овој совршен диетален пијалак.rnrnСтавете половина кафена лажичка цимет во шолја со млада вода. Потоа додајте и една лажичка смелен ѓумбир. По ваша желба, можете да го збогатите вкусот со мед и јогурт. Овој пијалак се пие на празен стомак, пред појадокот.rn

    3. Цимет, мед и изртени пченични зрна

    rnОвој пијалак може да ви помогне да ослабите и да го исчистите организмот од токсини.rnrnПотребни ви се 40 грама изртени пченични зрна. Ставете ги во поголем сад и потоа додајте една лажица мед и една лажица цимет. Прелијте со малку врела вода и 230 милилитри јогурт или кефир со низок процент на масленост. Добро промешајте. Ова е одличен избор за здрав појадок!rnrnЗабрзајте го вашиот метаболизам со помош на овие 3 вкусни пијалаци!

  • Мед и цимет: Волшебна комбинација која ќе ви го промени животот ако ја консумирате навечер

    Мед и цимет: Волшебна комбинација која ќе ви го промени животот ако ја консумирате навечер

    Сите знаеме кои се здравствените придобивки од медот и циметот, кои обично се препорачува да се консумираат наутро. Но, ќе си направите услуга себеси, ако почнете да ја консумирате оваа комбинација секоја вечер пред спиење.rnrnМед и цимет: Волшебна комбинација која ќе ви го промени животот ако ја консумирате навечерrnrnИмено, ако изедете мед и цимет пред спиење, тие ќе го поттикнат чистењето на цревата, ќе ги елиминираат габите, паразитите и другите бактерии кои се виновни за бавното варење на храната и лошиот метаболизам. Знаете што значи тоа? Тоа значи дека конечно ќе се ослободите од вишокот килограми и маснотии! Кога ќе го прочистите телото, ќе ја добиете посакуваната линија, но и ќе си го подобрите здравјето.rnrnЛуѓето кои го пробале овој рецепт, велат дека секое утро се буделе со намалена тежина, почнувајќи од првиот ден. Смесата можете да ја користите и како заштита од насобирањето масти во организмот. Ова е рецептот кој ќе ви помогне да го постигнете посакуваниот ефект…rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 милилитри вода
    • rn011

    • 1/2 лажичка цимет во прав
    • rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо 200 милилитри зовриена вода додајте пола лажичка цимет во прав, а кога ќе се излади течноста, додајте ја и лажичката мед и ставете ја смесата во фрижидер. Утредента пред спиење направете нов пијалак, а испијте го оној што сте го ставиле во фрижидер.rnrnНапомена: Не смеете да додавате ништо повеќе во оваа напивка и морате да ја пиете само навечер, во спротивно резултатите нема да бидат толку видливи.rnrnВо продолжение откријте ги и другите здравствени придобивки од магичната комбинација од мед и цимет.

  • Сите придобивки на циметот: Зошто треба редовно да го користите овој чудесен зачин?

    Сите придобивки на циметот: Зошто треба редовно да го користите овој чудесен зачин?

    Современите научни истражувања покажаа дека циметот има антиканцерогено дејство и дека користењето на овој зачин е најдобрата превентива за некои видови опасни болести, особено кога е во прашање ракот на дојката, дебелото црево, белите дробови и црниот дроб. Освен во превенцијата, циметот одлично се покажал и во лечењето на овие болести, односно во уништувањето на малигните клетки.rnrn2-site-pridobivki-na-cimetot-zoshto-treba-redovno-da-go-koristite-ovoj-chudesen-zachin-www.kafepauza.mk_rnrn

    Зошто циметот има антиканцерогени својства?

    rnЦиметот содржи голем број супстанци кои делуваат превентивно во однос на појавата на рак. Една од нив е цинамалдехид која е посебно испитана и докажана како ефикасна во третманите кај заболените од рак на белите дробови и дебелото црево. Оваа супстанца дури се покажала и како добар борец против малигните клетки во случај на метастаза на оваа болест, а освен ова соединение, циметот содржи и фенилпропен кој се нарекува еугенол, што покажал позитивни ефекти кај ракот на дојката. Еугенолот е дискутабилна состојка, бидејќи постојат тврдења дека е всушност канцероген од втор степен и дека би требало да го избегнувате (поради пријатниот мирис, се користи во индустријата на прехранбени производи), но некои истражувања докажуваат дека токму оваа состојка во циметот ја инхибира супстанцата сурвивин, која се наоѓа во различните видови клетки кај ракот на дојката (оваа супстанца ги произведува канцерогените клетки, како би опстанале и би се размножувале, односно да се одбраниле од оштетување).rnrnУште една состојка на циметот, фитоестроген кумарин, докажано го забавува растот на канцерогените клетки кај ракот на дојката и ја неутрализира метастазата. До скоро се верувало дека треба да се избегнува оваа состојка, но во случај на овој облик на канцер, таа е лековита – како во лечењето, така и во превентивата. Фитоестрогените се наоѓаат и во семките од тиква и лен, како и во циметот и тоа се благи (билни) облици на естроген, кои се исклучиво корисни во превенцијата и лечењето пред сѐ, кај ракот на дојката, доста распространетата современа болест кај жените.rnrn1-site-pridobivki-na-cimetot-zoshto-treba-redovno-da-go-koristite-ovoj-chudesen-zachin-www.kafepauza.mk_rnrnОсвен тоа, циметот е богат извор на детоксикациони влакна, калциум и манган, а влакната и есенцијалните минерали дополнително ја подобруваат превентивната улога во системот за варење и ја намалуваат опасноста од карцином на дебелото црево.rnrnСтарите Египќани и Кинези ја познавале лековитата употреба на кората од циметот, за третирање на бактериските и габични инфекции и воспаленија, а овој зачин се користел и за зачувување на храната.rnrnПокрај скоро магичните превентивни и лековити својства во борбата против најтешките современи болести, пријатниот мирис и вкус на циметот ќе ги збогати вашите топли и ладни напивки, компоти, овошни салати, мусли и останата лесна храна која ја консумирате, бидејќи е здрава и не го оптоварува стомакот.

  • И топ моделите пијат кефир со цимет: Овој пијалак има чудесен ефект на организмот

    И топ моделите пијат кефир со цимет: Овој пијалак има чудесен ефект на организмот

    Доколку сакате да го освежите вашето тело, тогаш комбинацијата на овие две состојки е одлично решение! Покрај одличното влијание на здравјето, може да ви помогне и околу слабеењето, па затоа оваа комбинација ја користат и топ моделите.rnrnrnrnМногумина од вас знаат за користа од циметот, кој благотворно делува на функционирањето на гастроинтестиналниот тракт: Тој го нормализира процесот на варење, ја подобрува апсорпцијата и усвојувањето на хранливите материи и го забрзува исфрлањето на сварените материи.rnrnОсвен тоа, одлично го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта, и го подобрува видот.rnrnКористењето на циметот за слабеењето, не само што ќе ве ослободи од непотребните килограми, туку и благотворно влијае и на здравјето, бидејќи овој зачин има позитивно влијание на работата на сите системи од човечкиот организам, и нежно и деликатно го чисти телото од насобраните токсини.rnrnПозитивно влијае и на работата на бубрезите, без чие потполно функционирање, нормализацијата на тежината, едноставно, не е возможна. Многумина од вас се уверија во тоа, користејќи го овој зачин за слабеење во комбинација со вода и мед.rnrn2-cimet-so-kefir-pijat-i-top-modelite-a-ima-chudesen-efekt-na-organizmot-www.kafepauza.mk_rn

    Рецепт:

    rnИзмешајте кефир (јогурт со најмал процент на масти) со цимет. Циметот ставете го по вкус, вообичаено, половина кафена лажичка на 200 милилитри кефир (јогурт) на собна температура.rnrnАко секоја вечер, наместо вечера, ја консумирате оваа напивка, многу брзо ќе ги забележите позитивните резултати на телото, како и на лицето. Таа, не само што го заштитува, туку и го подобрува варењето и тенот на лицето. Испробајте!

  • Вкусна зимска торта: Чоколадна фантазија со цимет

    Вкусна зимска торта: Чоколадна фантазија со цимет

    Мирисот на цимет и чоколадо ќе ви ја стопли душата! Пробајте ја оваа прекрасна торта…

    rnВкусна зимска торта: Чоколадна фантазија со циметrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 јајца
    • rn011

    • Цимет
    • rn011

    • 225 грама шеќер
    • rn011

    • 100 грама брашно
    • rn011

    • 75 грама густин
    • rn011

    • 2 лажички прашок за печиво
    • rn011

    • 1 лажичка мелени лешници
    • rn011

    • 2 и пол лажички какао
    • rn011

    • 3 и пол лажички чоколадни струготини
    • rn011

    • 50 грама путер
    • rn011

    • 8 листови желатин
    • rn011

    • 200 милилитри млеко
    • rn011

    • 50 грама чоколадо
    • rn011

    • 150 грама чоколаден јогурт
    • rn011

    • 800 милилитри павлака
    • rn011

    • 2 лажички зацврстувач за шлаг пена
    • rn011

    • 50 грама чоколадни декорации
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги заедно јајцата, половина лажичка цимет, четири лажици вода и 175 грама шеќер. Измешајте ги брашното, густинот и прашокот за печиво, ставете ги во кремот, додајте и мелени лешници, лажичка какао и лажичка чоколадни струготини. Додајте и мек путер, па промешајте. Смесата ставете ја во калап (со дијаметар 26 сантиметри) кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, па печете околу 30 минути. Потоа извадете го, отстранете ја хартијата и оставете да се олади.rnrnПресечете ја кората два пати хоризонтално. Долната кора зацврстете ја, а желатинот растопете го. Загрејте го млекото со половина лажичка цимет и 50 грама шеќер, но не го варете. Во оваа смеса растопете го чоколадото. Додајте го желатинот, промешајте и оставете малку да се олади. Чоколадниот јогурт ставете го во млака смеса. Изматете 600 милилитри павлака и соединете ја со смесата. Со една третина крем премачкајте ја долната кора, покријте со другата, повторно ставете една третина и ставете ја третата кора, па премачкајте со остатокот од кремот. Оставете тортата да се олади четири часа, а потоа отстранете го калапот. Помешајте го зацвстувачот за шлаг пена со малку цимет, лажичка какао и 200 милилитри павлака, па со дел од оваа смеса премачкајте ја тортата од околу, па потоа посипете чоколадни струготини. На тортата ставете шаблон со ѕвезда, па посипете со лажичка какао. Остатокот од кремот ставете го во шприц и декорирајте. Исто така можете да додадете уште чоколадни струготини, по ваша желба и вкус.rnrnСега сте спремни да ги изненадите вашите најмили!

  • Чудесно масло од цимет што има моќ да ви ги уништи сите токсини во телото

    Чудесно масло од цимет што има моќ да ви ги уништи сите токсини во телото

    Можеме слободно да кажеме дека се работи за идеалната комбинација од одличен зачин и природен лек. Сигурно малкумина од вас чуле дека воопшто постои масло од цимет, како и дека се користи за специфична намена – чистење на вашиот организам од токсини. Најдобриот дел е што можете да го направите и во вашиот дом, користејќи само две состојки: Цимет и маслиново масло. Во продолжение следува рецептот кој целосно ќе ви го промени животот.rnrnЧудесно масло од цимет кое има моќ да ви ги уништи сите токсини во телотоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Неколку стапчиња цимет
    • rn011

    • Чисто маслиново масло (рафинирано)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги целите стапчиња цимет во една тегла, а потоа прелијте ги со маслиново масло така што ќе бидат целосно потопени. Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои 3 недели на собна температура. Секој ден добро протресувајте ја, а по 3 недели исцедете ја низ газа во темно стаклено шишенце и добро затворете.rnrnВашето масло од цимет е подготвено за употреба. Бројот на стапчиња се одредува произволно, но најдобро би било доколку целосно ја наполните теглата (најмалку 5 до 6 стапчиња на пола литар масло). Што поголем број искористите, толку подобро ќе биде за вас.rnrnДоколку не можете да пронајдете стапчиња, можете да употребите и прав, во размер 1:5 во однос на маслото (100 грама цимет во прав на половина литар масло). Но, сепак се препорачува употреба на стапчиња бидејќи со преработката на циметот се губат и неговите долготрајни лековити својства.rnrnМаслото ќе има прекрасен мирис и вкус. Комбинацијата на веќе лековитото и здраво маслиново масло со корисните и лековити состојки на циметот е вистински еликсир за здравје, како за надворешна, така и за внатрешна употреба. Ова масло е силен антиоксиданс кој ги спречува оштетувањата и ги штити клетките од слободните радикали што ги предизвикуваат најтешките болести.

  • Магична комбинација: Со две лажички во утринското кафе до витка линија

    Магична комбинација: Со две лажички во утринското кафе до витка линија

    Утринското кафе е ритуал без кој повеќето луѓе не можат да го замислат почетокот на денот. Доколку и вие сте љубител на кафе, веројатно ќе сакате да го пробате овој едноставен рецепт, за кои велат дека има магично дејство.rnrn(1) Магична смеса: Со две лажички во утринското кафе до витка линијаrnrnСтанува збор за додаток што ќе го направи вашето кафе повкусно, а истовремено и ќе ви помогне да ги изгубите вишокот килограми.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 170 милилитри кокосово масло
    • rn011

    • 170 грама мед
    • rn011

    • 1 кафена лажичка цимет
    • rn011

    • 1 кафена лажичка какао (по желба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСипете ги сите состојки во еден сад и мешајте додека убаво не се соединат. Потоа добиената смеса префрлете ја во стаклена тегла или сад со капак.rnrnНаутро, додавајте по 1 до 2 лажички од смесата во кафето што сте го подготвиле, додека тоа е сè уште жешко. Промешајте околу 5 секунди и потоа можете да уживате. Оваа смеса ќе го поттикне вашиот метаболизам и со тоа ќе ви помогне во губењето на вишокот килограми. Исто така, ќе го збогати вашето кафе со неверојатен вкус.

  • Карамел сутлијаш полнет со шлаг: Хит десерт за топлото лето

    Карамел сутлијаш полнет со шлаг: Хит десерт за топлото лето

    Оваа верзија на познатиот сутлијаш е сосема нов и освежувачки рецепт, којшто ќе ве заслади во топлите летни денови. Едноставен е за подготовка, а потребните состојки веројатно веќе ги имате во кујнските шкафчиња.rnrn(1) Карамел сутлијаш полнет со шлаг: Хит десерт за топлото летоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 грама ориз
    • rn011

    • 250 грама шеќер
    • rn011

    • 1 кесичка желатин во прав
    • rn011

    • 1 лажичка цимет
    • rn011

    • 1 кесичка ванилин шеќер
    • rn011

    • 1 литар млеко
    • rn011

    • шлаг
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСипете го млекото во тенџере, ставете го на рингла, малку загрејте го, па додадете 3 лажици шеќер и 1 лажичка цимет. Промешајте добро и додадете го оризот. Повремено промешувајте и варете го оризот додека смесата не се згусне. Потоа додадете го ванилиниот шеќер и измешајте.rnrnРастворете го желатинот во вода и оставете го да омекне. Потоа сипете го во сутлијашот. Преостанатиот шеќер сипете го во друго тенџере и загревајте го додека не добиете карамел маса со златна боја. Во калап за куглоф колач сипете го карамелот, врз него додадете го сутлијашот и ставете го во рерна 30 минути на 50 степени. Извадете го калапот и оставете да се излади. Потоа, превртете го на чинија, така што карамелата ќе биде најгорниот слој. Со миксер изматете ги млекото и шлагот и наполнете ја дупката во сутлијашот. Оставете малку шлаг за украсување и на страничните делови. По желба наросете со ситно исечкани јаткасти плодови.