Кога би требало да избереме само еден зачин кој би го содржел „мирисот“ на Божиќ, тоа дефинитивно би бил циметот. Но, зошто е тоа така? За да одговориме на тоа, треба да го земеме предвид неговото потекло.rnrn
rnrnИако неговото име потекнува од 12 век, циметот, се разбира, е многу постар. Се споменува во кинеските записи уште во 3-тиот милениум п.н.е. Оттаму се проширил во Месопотамија и Левант, а се споменува и во Библијата, односно во Псалмите и во Песната над песните.rnrnКај старите Египќани, циметот се користел во церемониите на балсамирање додека не станал симбол на бесмртноста.rnrnТеофраст и Овидиј ја раскажале легендата според која митскиот феникс користел цимет за да го изгради своето гнездо, кое по смртта на фениксот ќе стане лулка на неговото повторно раѓање. Ова верување довело до популарна употреба на цимет во погребните обреди, и поради неговата симболична моќ и неговиот силен мирис.rnrnРимскиот император Нерон, од друга страна, наредил сета залиха од цимет од Рим да биде запалена на погребната клада на неговата сопруга. Токму на оваа поврзаност со смртта и повторното раѓање се должи делумното присуство на цимет во божиќните рецепти. Вториот е тоа што, поради неговите антиоксидантни својства, често се користел во зимските рецепти во европскиот среден век.rnrnВо 13 век, физичарот Арно де Вилнев го навел циметот како еден од „зимските зачини“ заедно со биберот, каранфилчето и морското оревче.rnrnОткако прочитавте за циметот како божиќен зачин, можеби ќе сакате да прочитате и за здравствените придобивки од чајот од цимет.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: цимет
-

Зошто многумина го сметаат циметот за божиќен зачин?
-

Рецепт за тирамису што ќе ви го стопли срцето во студените есенски денови!
Светски познатиот колач со вкус на кафе, тирамису, е омилениот десерт на многумина. Денес ви споделуваме „есенска верзија“ на рецептот за тирамису кој содржи зачини и една тајна состојка!rnrn
rnrnСе работи за тиквата. Пирето од тиква му дава посебна арома и кремаста структура на колачот, а комбинацијата од цимет и ѓумбир го прават уште повкусен.rnПотребни состојки:
rn
- rn 011
- 450 грама тиква
- ½ чаша светло-кафеав шеќер
- ¾ лажичка мелен ѓумбир
- ¾ лажичка мелен цимет
- ¼ лажичка сол
- рендано морско оревче
- 1 и ½ чаши маскарпоне
- 4 лажици гранулиран шеќер
- 2 и ½ чаши слатка павлака
- 2 шолји сварено кафе, изладено
- 200 грама пишкоти
- рендано темно чоколадо
- ѓумбир за декорација
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Во поголем сад изматете го пирето од тиква со кафеавиот шеќер, ѓумбирот, циметот, солта и морското оревче. Додадете маскарпоне и една и пол чаша слатка павлака. Изматете ја смесата со миксер додека убаво не се соедини за да не се формираат грутки.rnrn2. Во друг сад изматете го свареното кафе со 2 лажици шеќер. Потопете ги пишкотите од двете страни во смесата со кафе и наредете ги во еден слој во калапот. Намачкајте го филот од тиква и наредете друг слој пишкоти. Повторете ја постапката уште 5 пати. Оставете го колачот да отстои во фрижидер преку ноќ.rnrn3. Во сад изматете ја преостанатата слатка павлака со две лажици шеќер. Хомогената смеса што ќе ја добиете додадете ја врз тирамисуто и декорирајте со рендано чоколадо и ѓумбир. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог за десерт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за чизкејк мафини со тиква.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Зошто диетата со цимет е моментално најпопуларна во светот?
Ги топи масните наслаги, а исто така го регулира нивото на шеќер и холестерол. Диетата со цимет е прилично едноставна и не бара подготовка на посебни оброци. Таа вклучува пиење пијалак со цимет двапати на ден.rnrn
rnОсновата на оваа диета е циметот. Покрај тоа што ви помага да го поттикнете варењето на храната, циметот има корисен ефект и врз целокупното здравје на организмот.rnrnВо диетата со цимет, од вас не се бара да ги ограничувате оброците, туку да ја замените мрсната храна и онаа богата со шеќер со поздрава храна. Единственото правило што треба да го следите е да пиете чаша јогурт со малку мрснотии и една лажичка цимет наутро, откако ќе се разбудите и навечер, пред да си легнете.rnrnИсто така, се препорачува да воведете лесна физичка активност 2 пати неделно.rnПредлог-мени
rnПојадок: чаша јогурт со цимет, кајгана од 1 цело јајце и 3 белки, парче тост и 3 листа пршутаrnrnУжина: неколку бадемиrnrnРучек: пилешко, зеленчук и киноаrnrnУжина: сезонско овошје или грчки јогуртrnrnВечера: чаша јогурт со цимет, овесна каша и овошјеrnrnПогледнете ја оваа тридневна диета со авокадо за ефикасен начин на слабеење.
-

7 причини да започнете да додавате цимет во вашата храна
Порано, циметот се сметал за луксузен зачин, но денес може да се најде во речиси секоја кујна. Овој обичен зачин е повеќе од само вкусен додаток во колачи и може да ви помогне да имате беспрекорна кожа и да ја подобри вашата благосостојба. Во продолжение прочитајте како може циметот да ви биде од корист за здравјето и за изгледот.rn
1. Може да ја намали појавата на акни
rn
rnrnЦиметот има антибактериски својства што се корисни за лекување на акните. Овој зачин може да ги уништи бактериите и габите што предизвикуваат создавање дамки. Исто така, циметот е одличен извор на моќни антиоксиданти што го штитат вашето тело од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Тие може да предизвикаат воспаление на кожата, а кога ќе се случи тоа, вашите пори се затнати, што доведува до појава на акни.rn2. Ги спречува знаците на стареење
rn
rnrnСлободните радикали може да придонесат за предвремено стареење на кожата, предизвикувајќи појава на брчки, пигментација и сува кожа. Антиоксидантите во циметот го забавуваат овој процес со тоа што ги штитат клетките од ова оштетување. Циметот може да го поттикне производството на колаген, бидејќи содржи елементи во трагови за кои се докажа дека го зголемуваат нивото на колаген.rn3. Тенот на вашата кожа е изедначен
rn
rnrnЦиметот ја подобрува циркулацијата, носејќи крв и кислород во кожата. Содржи астрингент, хемикалија што ги намалува или ги стеснува ткивата. Поради тоа, вашата кожа може да изгледа помазна и порамномерна и циметот може да ги подобри здравјето и изгледот на кожата.rn4. Има антиинфламаторни својства
rn
rnrnВоспалението му помага на вашето тело да се бори против вирусите и да го обнови оштетеното ткиво. Но, ако е насочено против сопствените ткива на вашето тело, тоа може да стане опасно. Истражувањата покажаа дека циметот има антиинфламаторни својства и може да го намали отокот.rn5. Може да го намали ризикот од срцеви заболувања
rn
rnrnСпоред едно истражување, додавањето цимет во вашата исхрана може да ви помогне во одржувањето на здравјето на срцето. Во истражувањето било откриено дека стаорците што се хранеле со многу мрсна храна со цимет, за 12 недели се здебелиле помалку за разлика од тие што јаделе мрсна храна без цимет. Исхраната богата со мрснотии може да доведе до срцеви заболувања, а додавањето цимет во вашата храна може да помогне во неутрализирањето на овој ризик.rn6. Помага при слабеење
rn
rnrnЦиметот е богат со растителни влакна. Тоа ви дава чувство на исполнетост и ви помага да се борите со желбата за храна. Исто така, го забрзува метаболизмот бидејќи вашето тело користи повеќе енергија за обработка на зачинот отколку на другата храна.rn7. Може да ја подобри меморијата

rnЦиметот може да го забави стареењето на мозокот и да го намали оксидативниот стрес на мозочните клетки. Исто така, ја стимулира хипокампалната пластичност, дел од мозокот поврзан со меморијата. Докажано е дека овој зачин подобрува некои од симптомите на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.rnrnПрочитајте што се случува со вашето тело кога јадете зачинета храна.
-

Незаборавен десерт од детството: Меки вафли со цимет
Вафлите можете да ги посипете само со шеќер во прав, но ќе бидат уште повкусни ако ги прелиете со мед или со јаворов сируп.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn 011
- 250 грама брашно
- 50 грама бел шеќер
- 100 грама кафеав шеќер
- 2 лажички мелен цимет
- 4 лажички прашок за печиво
- малку сол
- 400 милилитри млеко
- 100 милилитри масло
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 белки
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, циметот, прашокот за печиво и солта.rnrn2. Потоа, во смесата турете ги млекото, маслото и екстрактот од ванила и добро измешајте.rnrn3. Во друг сад изматете ги белките, потоа додајте ги во смесата и мешајте со дрвена лажица.rnrn4. Загрејте го апаратот за вафли, премачкајте го со малку масло и турете го тестото.rnrn5. Печете околу две минути, додека тестото не добие златна боја.rnrnПогледнете го и овој рецепт како да направите вкусен кремаст колач од карамела.
-

Касерола со бајат леб и цимет – совршен појадок кој може однапред да го подготвите
Подгответе го специјалитетот ден претходно, а утрото ставете го во рерна и за еден час имате совршен појадок. Циметот е омилен зачин за време на божиќните празници, па затоа „обојте“ го празничното утро со оваа совршена арома!rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn 011
- 1 стар леб (околу 1/2 кг) исечен на парчиња
- 230 г крем сирење
- 6 големи разматени јајца
- 800 мл полномасно млеко
- 50 г кафеав шеќер
- 1 мала лажичка цимет
- 1 мала лажичка екстракт од ванила
- Прстофат сол
- 125 г шеќер во прав
- 20 г издробени житарки со цимет
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn 011
- Подмачкајте една голема тава со масло за готвење.
- Рамномерно распоредете ги парчиња стар леб во садот, преклопувајќи ги меѓусебно. Додадете крем сирење одозгора и помеѓу парчињата, рамномерно распределувајќи ја целата количина.
- Во голем сад изматете ги заедно јајцата, 3 шолји млеко (700 мл), кафеавиот шеќер, циметот, ванилата и солта додека добро не се измешаат.
- Истурете ја смесата врз лебот. Притиснете го лебот за секое парче леб добро да се натопи. Покријте ја тавата со пластична фолија и оставете ја во фрижидерот да преноќи.
- Следното утро, загрејте ја рерната на 180ᵒ C.
- Отстранете ја пластичната фолија и ставете го специјалитетот да се пече 50 до 60 минути, сè додека површината не стане крцкава.
- Во помал сад, разматете ги заедно шеќерот во прав со 100 мл млеко. Прелијте ја содржината врз касеролата и наросете мелени житарки со цимет.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnДобар апетит!rnrnМожеби сакате да до дознаете и рецептот за кремаст чизкејк со мандарини.
-

Благотворни рецепти со цимет за убавина и здравје
Циметот има благотворно дејство на целиот организам. Тој е најпознатиот додаток во кафето како и во голем број популарни јадења, но со векови наназад во Кина и Индија се користи за лечење грип и проблеми со желудникот. Па, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за моќта на овој зачин, продолжете со читање.rnrn
rnЛош здив
rnДоколку имате проблеми со лош здив, сè што треба да направите е да изедете едно стапче цимет или да го ставите овој зачин во топла вода и да го испиете.rn
Сјај за усни
rnКако за почеток, ставете малку вазелин на усните, потоа истријте ги со малку цимет и оставете да делува 2-3 минути. Ќе почувствувате малку трпнење, но ефектот ќе биде одличен. Никогаш не ставајте цимет директно на кожата бидејќи може да дојде до иритација.rn
Маска за лице
rnИсчистете го лицето од акни со производ на база на цимет кој сами ќе го направите. Измешајте 3 лажички мед и 1 лажичка цимет. Кога смесата ќе стане доволно густа, нанесете ја на лицето. Циметот помага во борбата против акните, додека медот ја хидрира кожата.rn
Ја отстранува сувата кожа
rnЗа да го отстраните слојот на сува кожа и да го вратите нејзиниот сјај, доволно е да направите смеса од морска сол, бадемово масло, мед и мелен цимет, и да ја нанесете на местото каде што ви е сува кожата.rnrnДознајте нешто повеќе и за овие 6 заболувања што можат да се олеснат со чај од цимет.
-

Како да ги зголемите усните на природен начин?
Многу девојки посакуваат да имаат полни усни, но не сакаат да подлегнат на естетската хирургија. За среќа, нема потреба од пластична операција, бидејќи усните можете визуелно да ги зголемите и на природен начин!rnrn
rnrnЗа да го постигнете овој ефект, потребни ви се само две состојки: цимет и малку вазелин.rnrn
rnrnСтавете ги состојките во сад и мешајте сè додека не добиете густа смеса. Кога добро ќе се соедини, нанесете ја на усните, протријте и оставете да отстои некое време.rnrnНа крај, измијте се и вашите усни ќе изгледаат поголеми!rnrnПрочитајте нешто повеќе и за овие бјути трикови што настанале пред неколку векови, а ги практикуваме и денес. -

6 заболувања што можат да се олеснат со чај од цимет
Циметот го има во сите кујни. Лесно може да се најде и во најблиската продавница доколку го немате. Не е воопшто скап, а има лековити дејства кои можат да ви помогнат. Можеби ќе сакате да го вметнете во вашиот режим на исхрана и ќе почнете да ги чувствувате придобивките што ги носи овој лековит зачин.rnrn
rnrn1. Циметот е зачин кој е најбогат со антиоксиданси. Содржи антиоксиданс полифенол кој ги спречува слободните радикали да ги оштетат клетките и да предизвикаат болести како дијабетес, карцином и срцеви заболувања.rnrn2. Го смалува нивото на шеќер во крвта така што делува како инсулин. Исто така го забавува разложувањето на јаглените хидрати за шеќерот да не се покачи после оброкот.rnrn3. Истражувањата покажуваат дека циметот го регулира високиот притисок, нивото на триглицериди и го спречува растењето на лошиот холестерол во крвта. Тоа го прави моќен природен лек за срцето. Повеќе од 10 научни студии докажале дека консумирањето помалку од 120 милиграми цимет дневно може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.rnrn4. Искуствата покажале дека циметот е одличен додаток во процесот на слабеење. Тој делува така што го забрзува метаболизмот и го регулира зголемениот апетит. Меѓутоа, важно е да бидете внимателни и со стручно лице да проверите колава дневна доза на цимет треба да внесувате во организмот. Претераното консумирање може да доведе до крвавење и проблеми со црниот дроб.rnrn5. Циметот има антибактериско и антигабично дејство затоа што во составот содржи соединение со назив цинамалдехид. Тоа значи дека тој е добар природен лек за стафилококи, салмонела и ешерихија коли. Меѓутоа, ова дејство на циметот уште не е доволно испитано.rnrn6. Чајот од цимет може да помогне и во ублажување на болни менструални грчеви и симптоми во ПМС. Помага и во смалување на менструално крвавење како и при мачнина и повраќање во текот на менструацијата.rnПодготовка на чајот од цимет:
rn
- rn 011
- Ставете една лажичка мелен цимет во шолја (235 милилитри) со зовриена вода и промешајте. Можете да ставите и стапче од цимет во зовриена вода и да го оставите да отстои од 10 до 15 минути пред пиење.
rn
rnНапомена: Пред да го пиете овој чај консултирајте се со вашиот лекар!rnrnМожеби ќе сакате да ги пробате и овие комбинации со мед и цимет за добро здравје и витка линија.
-

Пролетно ледено кафе со цимет
Богат и освежителен вкус за топлите пролетни денови
rn
rnПотребни состојки:
rn
За сирупот од кафе:
rn
- rn 011
- 100 грама светол кафен шеќер
- 80 милилитри јаворов сируп
- 120 милилитри вода
- 1 стапче цимет
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
За леденото кафе:
rn
- rn 011
- Ледени коцки од кафе
- 230 милилитри свежо подготвено кафе
- 2 лажици сируп од цимет
- Пола-пола
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗа циметовиот сируп, ставете ги сите состојки во мало тенџере и варете на среден оган. Мешајте повремено, сè додека не се загрее добро и шеќерот не се растопи. Ќе ви требаат околу 5 минути. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се олади 15-тина минути. Отстранете го стапчето цимет.rnrnЗа леденото кафе, наполнете висока чаша со ледени коцки кафе. Додајте го свежо подготвеното кафе, циметовиот сируп и пола-пола (микс од од хопла и млеко) за да добиете кремава содржина. Ставете и цевка и послужете.rnrnАко ви се допадна овој рецепт, пробајте го и ова ледено кафе со нане.