КАФЕ ПАУЗА

Tag: чување

  • Кои работи не смеете никогаш да ги чувате во паричникот според експертите?

    Кои работи не смеете никогаш да ги чувате во паричникот според експертите?

    Губењето на вашиот паричник може да биде прилично фрустрирачка ситуација, но за полесно да се справите со неа, експертите советуваат никогаш да не чувате одредени работи во вашиот паричник.rnrnКои работи не смеете никогаш да ги чувате во паричникот според експертите?rn

    1. Сметки

    rnБрендон Кинг, основач на Home Security Heroes, вели дека треба да престанете да чувате сметки во вашиот паричник, бидејќи тие може да се користат за извлекување информации за трансакциите или информации за банкарска сметка.rn

    2. Лозинки

    rnОва е веројатно очигледно, но сепак некои луѓе чуваат важни лозинки и PIN-кодови на картички во нивните паричници.rn

    3. Клучеви

    rnИако навидум се чини сосема практично да ги чувате клучевите во паричникот, тоа не е навистина безбедна опција, особено затоа што во паричникот чувате и документи со вашата адреса, па крадците лесно можат да дојдат до вашата куќа.rn

    4. Кредитни картички

    rnАко носите кредитна картичка со вас во вашиот паричник, постои поголема шанса да потрошите повеќе пари отколку што сте планирале. Покрај тоа, ако носите многу картички, пари и документи со вас, паричникот може да изгледа прилично дебел, што го прави привлечна мета за крадците, препорачуваат експертите.rnrnОткако прочитавте кои работи не смеете да ги чувате во паричникот, можеби ќе сакате да прочитате и како да се осигурите дека ќе го добиете паричникот назад доколку го изгубите.rnrnИзвор: citymagazinedanas.rs

  • Колку долго може да стои во фрижидер руската салата?

    Колку долго може да стои во фрижидер руската салата?

    Иако сезоната со празници и слави привршува, сепак сигурни сме дека во вашиот фрижидер сè уште може да се најде руска салата, незаменлив додаток за време на новогодишните и божиќните празници.rnrnКолку долго може да стои во фрижидер руската салата?rnrnОваа салата е релативно лесна за подготовка, но и поради состојките подлежи на брзо расипување. Во продолжение прочитајте колку долго и како можете да ја чувате руската салата.rnrnНа сите им е добро познато дека салатата се состои од производи како шунка, мајонез и разни видови зеленчук.rnДополнително, ако ја покриете салатата со фолија, дозволувате микроорганизмите да дојдат до неа. Како резултат на тоа, внесувате голема количина на бактерии во вашето тело, честопати дури и без да го сфатите тоа.rnrnЗатоа е најдобро да ја чувате салатата во сад со капак и на ладно место, односно во фрижидер.rnrnНајдобро би било да ја јадете во рок од 3 дена, без разлика дали се работи за посна или мрсна салата.rnrnПричината за тоа е што по одредено време, особено ако ја чувате подолго време надвор од фрижидер, состојките ферментираат и се расипуваат. Не би било лошо да ја префрлите салатата во чинија, а потоа веднаш да ја вратите во фрижидер, за да не се расипе.rnrnИсто така, експертите препорачуваат 4 степени целзиусови како идеална температура за чување на руската салата.rnrnОткако прочитавте како да ја чувате руската салата во фриждер, можеби ќе сакате да прочитате и за здравиот појадок кој го лечи телото од претерана консумација на руска салата и сарми.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер?

    Кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер?

    Иако најчесто ни се чини дека намирниците ќе останат долго време свежи доколку ги чуваме во фрижидер, сепак не е секогаш така. Прочитајте во продолжение кои намирници не смеете да ги чувате во фрижидер.rnrnКои намирници не треба да ги чувате во фрижидер?rn

    Компир

    rnНекои од нас имаат навика да чуваат компири во фрижидер, но тоа е голема грешка затоа што во тој случај скробот се претвора во шеќер што придонесува за некаков чуден, сладникав вкус на компирот. Исто така, тоа може да биде причината и за потемнување на компирот што и не е баш пожелно. Најдобра опција е да го чувате компирот на ладно, суво место. На тој начин компирот ќе остане свеж и до 3 недели.rn

    Домати

    rnКолку и да звучи чудно, ниските температури предизвикуваат оштетување на клеточните ѕидови на доматите. Тоа, пак, доведува до меки и кашести домати. Затоа, најдобро е да ги чувате на собна температура и подалеку од сончевата светлина доколку не сакате побрзо да созреат.rn

    Банани

    rnЛуѓето со причина не ги чуваат бананите во фрижидер. Студените температури можат да доведат до обојување на нивната лушпа во кафена боја. Освен тоа, чувањето банани во фрижидер нема да придонесе за нивно побрзо созревање. Напротив. Затоа, најдобро е да се чуваат на собна температура.rn

    Диња

    rnДињите имаат најдобар вкус кога се чуваат на собна температура. Покрај тоа, доколку се чуваат подалеку од места со ниски температури, постојат поголеми шанси да го задржат високото ниво на антиоксиданси. Како што знаете, антиоксидансите се неопходни состојки за човековиот организам бидејќи ја неутрализираат оксидацијата што се јавува во телото како резултат на физички и емоционален стрес.rn

    Авокадо

    rnАвокадото исто така спаѓа во групата на овошја кои нема да созреат доколку се складирани во фрижидер. Доколку сакате да созрее што побргу, но и да го зачува вистинскиот вкус, најдобро е да го чувате на собна температура. Со оглед на тоа што оксидира многу брзо, ќе треба брзо да го изедете откако ќе го пресечете. Сепак, за да го забавите процесот, можете да му ставите неколку капки лимон и да го ставите во фрижидер.rnrnОткако прочитавте кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 видови храна не треба да ги чувате во фрижидер повеќе од 24 до 48 часа по подготовката.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Ова е најдобриот начин да го чувате лебот, а најлошиот е во најлонска кеса

    Ова е најдобриот начин да го чувате лебот, а најлошиот е во најлонска кеса

    Повеќето луѓе лебот го оставаат на работната маса во кујната, во кутија за леб или во некоја фиока од кујнските елементи, обвиен во најлонска или книжна кеса. Но, тоа е погрешно, бидејќи така лебот побрзо ќе фати мувла и почнува да збајатува после само неколку часа.rnrnОва е најдобриот начин да го чувате лебот, а најлошиот е во најлонска кесаrnrnКесата полека, но сигурно ќе го исуши лебот, а собната температура е идеална за создавање на мувла. Плус, ако лебот го оставате на места во кујната каде што може да дојде во контакт со вода, уште побрзо ќе мувлоса.rnrnНајдоброто решение, кое можеби ќе ви звучи чудно, е да го чувате лебот во замрзнувач. На овој начин секогаш ќе имате свеж леб, кој можете да го одмрзнете на два начина:rn

      rn 011

    1. Ако ви треба веднаш, штом ќе го извадите од замрзнувачот замотајте го во алуминиумска фолија и загрејте го во рерна.
    2. rn 011

    3. Доколку сакате да имате свеж леб наредниот ден, извадете еден замрзнат од фрижидерот од вечер и ставете го на кујнска крпа постепено да се отпушта во текот на ноќта. До утрото ќе се пушти и ќе има вкус како да само што сте го купиле од пекара.
    4. rn

    rnПроверете и дали јајцата треба да се чуваат во фрижидер и уште 10 други познати митови и вистини за храната.

  • Чувајте ја вашата љубов за некој кој ја заслужува

    Чувајте ја вашата љубов за некој кој ја заслужува

    Многу често трошиме енергија на луѓе кои не нѐ ценат и не нѐ сакаат. Даваме сѐ од себе за да им докажеме колку вредиме, но тие не можат да го согледаат тоа. Наместо да ги трошите емоциите на луѓе кои не се грижат за вас, чувајте ги за некој кој сам ќе ги забележи и ќе ги цени.rnrnЧувајте ја вашата љубов за некој кој ја заслужуваrnrnЧувајте ги плановите за идеалните љубовни состаноци со вечера под свеќи за некој кој ќе биде тука за вас и ќе ви ги возврати чувствата. Чувајте ги за некој кој нема да ги откаже плановите во последен момент, туку ќе ви каже колку убаво си поминал и ќе сака цела вечер да разговара со вас.rnrnЧувајте ги вашите тајни за некој кој ќе ги чува како да се негови. Чувајте ги за човекот кој никогаш нема да ги издаде или да ги искористи против вас, туку ќе ги заштитува како да е нивен чувар.rnrnЧувајте ги вашите повици и пораки за некој кој нема да ве остави да чекате. Чувајте ги за човекот кој веднаш ќе ви врати дури и да е зафатен, кој нема да чека вие први да се јавите и нема да се нервира поради тоа што постојано му праќате пораки во текот на денот, туку ќе биде среќен што ги добива.rnrnЧувајте ги вашите напори за некој кој ќе ги разбере. Чувајте ги за човекот кој ќе види колку се трудите, кој ќе биде благодарен и ќе се труди исто толку за да ве направи среќни.rnrnЧувајте го вашето време за некој кој нема да го потроши залудно. Чувајте го за човекот кој ќе го цени тоа што сте нашле време за него во вашиот преполн распоред и ќе сака да го споделува неговото време со вас.rnrnЧувајте ја вашата љубов за некој кој ќе ви ја возврати. Чувајте ја за човек кој нема да си игра со вас, кој нема да ја искористи за свои цели и кој нема да ви го скрши срцето, туку ќе ве сака со истиот интензитет и страст.rnrnЧувајте ја вашата доверба за некого на кого ќе можете да се потпрете. Чувајте ја за човекот кој секогаш ќе ве заштитува и ќе биде тука за вас, во добро и во лошо.rnrnЧувајте го вашиот живот за некој кој нема да ве зема здраво за готово. Чувајте го за човек кој ќе ве почитува и ќе ви се восхитува, кој нема да се однесува со вас како да сте втора опција и кој нема да ги искористува вашите емоции, туку секогаш ќе биде тука за вас.rnrnЧувајте ги вашите ветувања за некој кој ќе ги исполни неговите ветувања. Чувајте ги за човек кој ќе ги цени и ќе биде свесен колку вредат.rnrnЧувајте се себеси за некој кој навистина ве заслужува. Чувајте се за тој човек, бидејќи тој ќе биде тука за вас што и да се случи, ќе ве сака независно од вашиот изглед, финансиски и општествен статус. Тој ќе ве сака поради вашата личност и нема да си замине веднаш штом добие попримамлива понуда.rnrnБидете трпеливи и почекајте го човекот кој ќе ве заслужува, наместо да си го потрошите животот на некој кој никогаш нема да ви ја возврати љубовта. Можеби ќе треба да помине време, но кога тој ќе се појави, ќе сфатите дека целото чекање се исплатело!rnrnДоколку не сте сигурни дали сте со вистинскиот човек, следниве 19 знаци ќе ве уверат дека тој ги заслужува вашето внимание и љубов.

  • 5 козметички производи кои треба да ги чувате во фрижидер

    5 козметички производи кои треба да ги чувате во фрижидер

    Дали знаевте дека некои од козметичките производи кои секојдневно ги користите подобро е да ги чувате во фрижидерот отколку во „тропската“ клима во вашата бања?rnrn1-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_rn

    1. Маска за лице

    rnЗа подобро уживање во маската за лице најдобро е истата да ја чувате во фрижидерот. Колку температурата на маската е пониска, толку подобро ќе ја нанесете на вашата кожа, но и ќе ја отстраните без никакви иритации.rnrn2-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_rn

    2. Крема за областа околу очите

    rnОвој производ има цел да ве одржи помлади колку што е можно подолго, но дали сте знаеле дека тој ќе биде многу поефикасен ако се наоѓа на пониска температура? Студенилото ги стеснува жилите, односно протокот на крвта се намалува низ меките ткива.rnrn3-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_rn

    3. Лак за нокти

    rnЧувањето на лакот за нокти во фрижидерот ќе помогне тој да ја зачува својата формула во оптимална состојба за примена и ќе го спречите згуснувањето и формирањето грутки што е честа појава на еден отворен лак за нокти.rnrn4-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_rn

    4. Парфем

    rnСветлината и топлината влијаат на промената на нивото на многу чувствителните состојки во парфемот. Ако вашиот омилен парфем го чувате во фрижидерот, подалеку од сонце и топлина, формулата ќе остане недопрена, а вашиот мирис идентичен како на денот кога сте го купиле.rnrn5-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ретинол и витамин Ц

    rnВо моментот кога овие активни состојки ќе се изложат на непријателското опкружување во кое живееме (сонце и топлина), ја менуваат својата хемиска структура, односно нивните „волшебни моќи“ значително им се намалуваат.rnrn6-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_rnrnОсвен чувањето на козметичките производи, добро е да знаете и колку е рокот на траење на вашата козметика.

  • Неверојатни придобивки од чување птица како домашен миленик

    Неверојатни придобивки од чување птица како домашен миленик

    Сѐ додека немате живеено со птица како ваш домашен миленик, не можете да замислите колку тие може да го разубават вашиот живот со нивната весела и љубопитна природа. Тие бараат многу грижа, но за возврат ќе ве наградат на многу убави начини. Овие интелигентни и прекрасни суштества со своето друштво ќе ви донесат многу придобивки, а некои од нив може целосно да ве изненадат. Во продолжение погледнете за што станува збор.rnrnНеверојатни придобивки кои ќе ги имате доколку чувате птица како ваш домашен миленикrn

    Долг животен век

    rnВо споредба со другите домашни миленици, повеќето птици имаат долг животен век, а тоа значи дека нема да треба да се справувате со тагата која ја чувствувате кога го губите вашиот крзнен пријател. Птиците ви овозможуваат долгорочно дружење, а многу од видовите папагали може и да ве надживеат.rn

    Социјална интеракција

    rnНеодамнешните судии покажале дека чувањето птици ја поттикнува социјалната интеракција, која е важна за вашето ментално здравје. Прекрасно е да слушнете како ве поздравува вашиот миленик секогаш кога ќе се вратите дома од работа. Од една страна, постои интеракција со другите сопственици на миленици, како на пример комуникација на форуми и разменување меѓусебни искуства. Од друга страна пак, постои и интеракција со самите птици. Кога ќе почнете да остварувате меѓусебна комуникација, ќе сфатите колку може да ви биде интересен и забавен животот со нив.rn

    Негување

    rnСекој човек поседува основна потреба да се грижи и да негува некој. Така, родителите се грижат за своите деца, постарите браќа или сестри се грижат за помалите и слично. Доколку има некој недостиг во ова, домашните миленици ја пополнуваат потребата за да негувате некого. Птиците се особено добри за ова, бидејќи за да бидат здрави тие бараат многу лично внимание и интеракција со вас.rnrnНеверојатни придобивки кои ќе ги имате доколку чувате птица како ваш домашен миленикrn

    Емпатија

    rnСекој миленик ја охрабрува емпатијата кај децата. Миленикот на кој може да му зборувате и кој разбира што чувствувате, прави подобро и полесно да ги разберете нечии мисли и чувства.rn

    Помал стрес

    rnИграњето и зборувањето со миленикот може да го намали нивото на стрес и вашиот крвен притисок, а секако, тоа е добро за вашето здравје. Што би можело повеќе да ве релаксира отколку тоа кога миленикот е до вас или пак кога двајцата се излежувате на каучот?rn

    Го одржува здрав вашиот ум

    rnКако што стареете, може да го намалите своето учење на нови нешта, а тоа може да ви го зголеми ризикот од рана деменција. Затоа, треба што е можно повеќе да го користите вашиот ум, а во тоа ќе ви помогне птицата на тој начин што ќе настојувате да ја научите некој нов трик и заедно ќе се забавувате. Оваа вежба на мозокот е подобра од кој било лек за подобрување на когнитивните функции.rn

    Следни чекори

    rnКога последен пат ја научивте вашата птица да прави нови работи? Ако сѐ уште не сте биле доволно креативни, зошто да не се обидете сега? На Интернет може да најдете многу интересни и корисни активности, па можеби вашата птица ќе ја научите да ви слетува на раката без да се плаши.

  • 8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате мало кученце

    8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате мало кученце

    Малите кученца бараат посебна нега и внимание. Но, од друга страна, тие ви нудат многу прекрасни и незаборавни моменти. Еднаш откако ќе станете блиски со вашите мали крзнени пријатели, речиси невозможно ќе ви биде да се одвикнете од нив. Во продолжение погледнете со што сѐ ќе се соочите кога ќе се одлучите вашиот живот да го надополните со мало кученце.rnrn8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате кученцеrn

    1. Ќе бидете физички поактивни

    rnКога нема да биде во длабок сон, малото крзнено пријателче ќе сака постојано да трча и да си игра. Со него деновите ќе ви поминуваат неосетно, а притоа ќе имате и поголема физичка активност, што секако е од голема корист за вашето здравје.rn

    2. Ќе бидете многу уморни

    rnМалите кученца имаат мал мочен меур, па сигурно веќе погодувате кој ќе се буди со нив во текот на ноќта. Па, подгответе се за неколку бессони ноќи.rn

    3. Најверојатно малку и ќе плачете

    rnМалото кученце ќе стенка и ќе цимоли, а вие ќе се чувствувате по малку нервозно околу тоа. Не срамете се да пуштите и неколку солзи.rn

    4. Лесно ќе се изнервирате

    rnМожеби вашиот миленик е најслаткото нешто во светот, но ќе постојат моменти кога ќе бидете изнервирани од него, како што е на пример нередот со храната или џвакањето многу ваши омилени работи во домот. Наместо да бидете нерасположени, обидете се да сфатите дека тоа е само бебе и не знае како подобро да се однесува.rnrn8 работи што ќе ви се случат откако ќе почнете да чувате кученцеrn

    5. Ќе потрошите многу пари

    rnПосетите на ветеринар, храната, па и играчките наменети за малиот крзнен пријател, нема да ве чинат евтино.rn

    6. Ќе почнете да зборувате со бебешки глас

    rnОткако ќе се зближите, честопати на вашето кученце ќе му се обраќате со бебешки глас. Најверојатно ќе почнете да зборувате и со некои луѓе како тие да се четвороножни животни.rn

    7. Ќе се чувствувате лошо кога ќе треба да излезете од дома

    rnПрвите неколку недели (а можеби и месеци), вашето куче ќе плаче секогаш кога ќе ја напуштите куќата, а вие може да почувствувате вина поради ова.rn

    8. Нема да паметите каков ви бил животот пред да го имате кученцето

    rnНормално, сега животот ви е многу, многу поубав!

  • 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

    7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

    Професионалните шминкери можат да ни дадат најдобри совети околу тоа како правилно да се шминкаме, но и како правилно да ја чуваме сета козметика. Треба особено да внимаваме кога се во прашање шминките и нивната правилна употреба, затоа што тие директно доаѓаат во контакт со нашата кожа, очите и усните и можат да предизвикаат одредени алергии и нарушување на нашето здравје, но и изглед.rn

    1. Тие никогаш не ги чуваат шминките во бања

    rn(1) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги праватrnrnОва правило има смисла, затоа што бањата можеби е најлошото место за чување на вашата шминка. Постојаната влага од тушот навлегува во козметиката и ја разорува нејзината формула. Исто така, таа е добра основа за развој на бактерии. Затоа, доколку ја чувате шминката во бањата, преместете ја на некое суво и темно место во вашата спална соба, во некој шкаф или фиока.rn

    2. Не нанесуваат течна пудра на дланката при избор на нијанса

    rn(2) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги праватrnrnОва е една грешка што ја прават поголемиот дел од жените. Дланката не може да биде вистинската подлога при изборот на најсоодветната пудра за тенот на вашето лице, затоа што дланките се за една до две нијанси потемни од вашето лице. За да изберете најдобра нијанса, нанесете од течната пудра во делот на вашата брада. Така ќе ја пронајдете најидеалната нијанса за вашето лице и за вашиот врат.rn

    3. Никогаш не користат само еден коректор

    rn(3) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги праватrnrnПрофесионалните шминкери користат најмалку два коректори – еден за делот под очите и останатиот за другите делови по лицето. За делот под очите, потребен ви е коректор кој е за една до две нијанси посветол од вашата кожа, за да ги покрие и темните подочници. За останатиот дел, би требало да изберете коректор во речиси идентична нијанса како и кожата на лицето за да ги покрие дамките и несаканите акни, а притоа да не изгледа многу нападно.rn

    4. Никогаш не користат многу пудра за лице

    rn(4) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги праватrnrnДоколку пудрата во прав се користи на правилен начин, таа знае да внесе магија во шминката и вашето лице да го направи беспрекорно кристално и чисто. Оваа пудра ја фиксира шминката и таа трае подолго. Пудрата дава еден мат изглед на лицето и ги покрива мрсните делови, кои сјаат и не изгледаат баш уредно. Но, доколку се претера со нејзиното нанесување може да има сосема спротивен ефект. Премногу пудра може да ги нагласи вашите брчки и да ви даде многу постар изглед. Затоа, нанесувајте ја сосема умерено и тоа најчесто во делот на челото, носот и брадата.rn

    5. Користат многу малку руменило за образи

    rn(5)7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги праватrnrnПрофесионалните шминкери нанесуваат руменило само со еден до два потега во делот околу јаболкниците. Секое претерување со руменилото може да доведе до неприроден изглед и да ја уништи шминката и трудот што претходно сте го вложиле.rn

    6. Користат многу малку туш и моливче за очи

    rn(6) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги праватrnrnТие знаат дека дискретно нанесените туш или моливче за очи, кои следат една убава линија, можат да направат вашите очи да изгледаат поголеми и посјајни. Доколку ги комбинирате со вистинските нијанси на сенки за очи, тогаш ќе добиете прекрасен изглед.rn

    7. Не користат водоотпорна маскара секој ден

    rn(7) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги праватrnrnСекојдневното користење на водоотпорна маскара може да ги оштети вашите трепки, да ги направи кршливи и оштетени. Затоа користете ваков вид маскара само во одредени прилики, кога знаете дека би биле во допир со вода, кога надвор е врнежливо или во ситуации кога повеќе би сте се потеле.

  • Луѓето кои имаат помал брат или помала сестра се одлични пријатели

    Луѓето кои имаат помал брат или помала сестра се одлични пријатели

    Дали имате помлади браќа или сестри? Дали и вие сте пораснале на тој начин што сте морале да им помагате на вашите родители во грижата за нив? Секако, како дете ова можеби не ви се допаѓало, но како возрасни ќе сфатите дека тие ве научиле многу важна лекција. Честопати оние коишто се поголеми во семејството уште рано ја започнуваат својата родителска улога. Еве неколку заеднички карактеристики што ги делат луѓето кои имаат помали браќа или сестри.rnrnrn

    1. Тие се горди кога се грижат за другите

    rnПоголемите деца имаат обврска да се грижат за нивните помали браќа или сестри, а истото се одразува и во понатамошниот живот. Овие луѓе чувствуваат кога на другите им треба помош, па се горди кога може да ги преземат работите во свои раце.rn

    2. Тие се позрели од нивните врсници

    rnОд луѓето кои имаат помали браќа или сестри секогаш се очекува да се однесуваат позрело. Па, не ретко ваквите луѓе го критикуваат и незрелото однесување на своите пријатели, при што честопати може да бидат нарекувани како здодевни луѓе или уништувачи на забава. Да се биде постар брат или постара сестра значи да се стават на страна детските лудости и да се преземе посериозна улога.rn

    3. Тие се повеќе одговорни

    rnПостарите браќа или сестри речиси секогаш преземаат поголема одговорност во однос на помладите членови во семејството. Без разлика дали станува збор за играње или пак за нивно чување, постарите деца уште во рана возраст учат да ја преземат водечката улога. Затоа, најчесто овие личности се поодговорни во животот бидејќи кај нив е вметнато чувството на должност и обврска.rnrnrn

    4. Тие се лидери

    rnЛуѓето кои имаат помали браќа или сестри имаат тенденција да се однесуваат како родители. Тие најчесто нудат насоки и се вистински лидери. Овие особини ги прават овие личности одлични пријатели, коишто понекогаш може да дејствуваат заштитнички и да наликуваат на вашите мајки.rn

    5. Тие имаат високо ниво на самосвест

    rnЧестопати преземајќи ја улогата на старател уште од рана возраст, овие личности мора да развијат силна свест за другите, како и за работите коишто им се потребни. Поради ова, не двоумете се да им се обратите ним кога ќе имате тенки моменти.rn

    6. Тие се многу внимателни

    rnДа се биде постар брат или сестра значи да се биде премногу внимателен кон помалите членови. Затоа, кога станува збор за пријателството, овие луѓе се големи пријатели, токму поради тоа што тие уште од мали нозе научиле како да бидат внимателни и љубезни со останатите.