КАФЕ ПАУЗА

Tag: чудо

  • Очекувате бебе? Што мислите за овие имиња што во превод значат чудо?

    Очекувате бебе? Што мислите за овие имиња што во превод значат чудо?

    Секој нов живот на некој начин е чудо, а некои родители тоа го слават така што му даваат на своето дете име што значи „чудо“. Доколку и вие имате ваква желба, погледнете ги следниве прекрасни имиња за момчиња и девојчиња кои иако не се толку чести кај нас, сепак лесно можат да се прилагодат и за нашите краишта.rnrnrn

    1. Арон

    rnОва е прекрасно име за момчиња што потекнува од Библијата. Арон бил постариот брат на Мојсеј и чувар на Божјите заповеди. Неговото име во превод значело чудесен.rn

    2. Ива

    rnИва е едно од најчестите имиња во Македонија, но и едно од најпопуларните пократки женски имиња. Во превод тоа значи дека Бог е милослив или дар од Бог, што може да се протолкува и како чудо.rn

    3. Доротеа

    rnОва женско име има грчко потекло и исто значење како Теодора, односно божји дар. И двете имиња во основа настанале од истите зборови – теос, што во превод значи Бог и дорон, што значи дар. Останатите облици на ова име се Дора, Дорја и Доротеја.rn

    4. Матеј

    rnМатеј е класично име што ни во Македонија не ја губи својата популарност. Значењето на ова име е од грчко потекло и настанало од грчкиот збор матиас што истп така значи божји дар. Останатите облици на ова име се Мате, Матко, Матеја, Матео, Матија и Матеа.rn

    5. Мира

    rnПостојат многу различни начини да се толкува ова име, но се верува дека тоа најверојатно настанало од зборот мир. Познато е и мислењето дека Мира е верзија од Мирела. Според латинските толкувања, Мира значи прекрасна. Во англискиот јазик тоа може да биде и кратенка од зборот миракл што во превод значи чудо.rn

    6. Микел(а)

    rnОва е една поуникатна верзија на името Михаел. Машката верзија е Микел, а женската Микела.rn

    7. Милагро(с)

    rnИмето кое на многумина ќе им звучи познато од шпанските ТВ серии е многу популарно за таа област. Милагро е машката верзија, а Милагрос е женската, а во превод и двете значат чудо.rn

    8. Амари

    rnСилно, а сепак женствено име што не е лесно да се заборави. Може да се изговори на два начина, зависно од тоа дали акцентот е на почетната буква или на последната. И во двете верзии звучи прекрасно. Запчењето на името е чудо божјо.rn

    9. Лорето

    rnОва италијанско име значи благослов или чудо и се користи уште од 16-от век.rn

    10. Каришма

    rnОва чудесно име потсетува на зборот каризма, а ни доаѓа од женското индиско име што во превод исто така значи чудо.rnrnНе ви се допаднаа овие имиња? Погледнете ги и овие популарни латински женски имиња со силно значење!

  • Оваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!

    Оваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!

    Кога малите деца го изустуваат нивниот прв збор, тоа е настан на којшто секој родител со задоволство ќе се присетува, во текот на целиот живот. Меѓутоа, кога првпат ќе прозбори девојче коешто страда од невербален аутизам, тоа дефинитивно е доволно јака причина, нејзината мајка да се расплаче на цел глас, на паркинг. Токму ова, ѝ се случило на Бријана Бланкеншип од Атенс, Алабама. Докторите ѝ кажале дека нејзината ќерка Телјор, можеби никогаш нема да може да зборува. Но, пред неколку дена, ова 5-годишно девојче им се спротивставило на шансите и го докажало токму спротивното.rnrnОваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!rn

    „Речиси ја прифатив реалноста дека никогаш нема да го чујам нејзиниот глас“, објаснува Бријана.

    rnДокторите сè уште ѝ правеле разни тестирања на Тејлор, но таа веќе била сместена во спектарот на аутистични нарушувања и дијагностицирана со нарушување на сензорните процеси. Првото, е невролошко и развојно нарушување коешто влијае на тоа како лицето се однесува и комуницира со другите луѓе, како реагира и како учи.rnrnОваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!rn

    „Со неа комуницираме со ограничен знаковен јазик и гестикулации. Исто така, имаме и ајпед којшто е заклучен, така што Тејлор единствено има пристап до програмата за комуникација, наречена LAMP. Со помош на оваа програма, таа ги завршува задачите за на училиште и поради тоа е одлична во спелување, особено за едно 5-годишно девојче.“

    rnТаа учи во градинка, сочинета од деца со и без попреченост и ќе оди во прво одделение со истиот клас. Редовно прима сензорна терапија, како и окупациона терапија која ѝ помага во развојот на моторни вештини.rnrnОваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!rnrnВоедно, нејзиниот татко ја запишал и на неделни часови по гимнастика, коишто ѝ помагаат да научи да ги следи дадените инструкции и со помош на оваа дисциплина, таа престанала да оди на прсти – што е честа појава кај децата со аутизам.rnrnКако и да е, Бријана пред неколку дена, ја носела нејзината ќерка на час по гимнастика и тогаш се случило невозможното.rnrnОваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!rn

    „Одевме натаму и веќе доцневме, а морав да појдам до најблискиот ‘драјв-тру’ ресторан за брза храна, за да ѝ купам нешто што ќе сака да го јаде. Ретко јадеме ‘брза храна’, па таа одма сфати дека ќе ја јаде нејзината омилена храна, пржени компирчиња и почна да се возбудува и да се кикоти на задното седиште. Тогаш се случи чудото! Шокирана, ја свртев главата наназад и ја прашав: ‘Дали тукушто ми рече мама?’ Таа само ме погледна и го повтори истото.“

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=8wYvIHT2RQ4rn

    „Толку бев возбудена, што само го запрев автомобилот, го извадив телефонот од чантата и почнав да снимам видео, коешто сега е видено од огромен број луѓе ширум светот. Во моментот кога престанав да снимам, сфатив што всушност се случи и одеднаш, почнав да плачам. Според изгледот на касиерката во ресторанот, можев да претпоставам дека сакаше да дознае што ми се случува, но не можев да изустам ниту еден збор од солзите.“

    rnОваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!rn

    „Откако ја земав храната, го паркирав мојот автомобил и веднаш му се јавив на сопругот, а потоа и на мајка ми. Немав време да се јавам на никој друг пред да започне часот по гимнастика, па набрзина го објавив видеото на мојот Фејсбук профил и го тагнав моето семејство.“

    rnОваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!rnrnВо истиот момент, сандачето на Бријана било преплавено со пораки.rn

    „Добивме огромен број пораки од луѓе на коишто сме им ја вратиле надежта за нивните сакани и сме придонеле да се чувствуваат помалку осамени во нивната секојдневна битка, да се биде родител на дете коешто не зборува. Исто така, видеото поттикна дискусија кај многу луѓе. Добив и многу пораки од луѓе коишто пишуваа работи од типот: ‘Ве молам не ме осудувајте, но јас навистина немам поим што всушност претставува аутизмот, ниту дека некои од лицата коишто страдаат од оваа состојба, може да не можат да зборуваат. Каде можам да дознаам повеќе за тоа?’“

    rnВо продолжение, погледнете го и ова моќно видео за 16-годишно момче со аутизам.

  • Парализирана невеста која проодува на својата свадба ни покажува дека ништо не е невозможно

    Парализирана невеста која проодува на својата свадба ни покажува дека ништо не е невозможно

    Одот на невестата до олтарот е еден од најнезаборавните моменти од свадбената церемонија. Но, за оваа невеста, тоа било најемоционалниот момент. Џеки Гончер, која од својата 17-та година била парализирана од вратот надолу, ги изненадила сите гости кога станала од својата инвалидска столица и самата изодела до олтарот.rnrnrnrnОткако се здобила со повреда на ‘рбетот во несреќа со пливање, докторите тврделе дека таа најверојатно никогаш повторно нема да прооди. Но, таа почнала полека да им пркоси на шансите, така што чекор по чекор, полека ја враќала контролата на своето тело. Сепак, во следните 8 години, Џеки претежно зависела од својата инвалидска количка.rnrnБидејќи била спортистка пред несреќата, за неа најтешкиот дел бил да не вежба. Таа се обидувала да се врати на вежбањето, но била обесхрабрувана од сите падови во теретаната и со тек на време едноставно престанала да се обидува. Но, точно една година пред свадбата, Џеки си дала само една цел – да може да оди на нејзината свадба.rnrnКако што можеме да видиме од овие фотографии, таа не само што ја постигнала својата цел за одење, туку исто така и можела да танцува! Младоженецот е пресреќен што има олку силна и неверојатно прекрасна жена како сопруга. Им посакуваме само најдобро!rnrn

  • Кратка, но моќна вистинска приказна која ќе повика насмевка на вашето лице

    Кратка, но моќна вистинска приказна која ќе повика насмевка на вашето лице

    Оваа кратка приказна од непознат автор која полека се шири на социјалните мрежи е прекрасна и има моќ да ве охрабри и мотивира да продолжите понатаму во вашиот живот и да останете позитивни низ тешките времиња кои изгледаат како да се бескрајни. Исто така, целта на дечкото што ја споделил е да ве потсети никогаш да не заборавате дека чудата секојдневно се случуваат!rnrnКратка, но моќна вистинска приказна која ќе повика насмевка на вашето лицеrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnПред една година мојата девојка беше во сообраќајна несреќа. Докторите ѝ кажаа дека има големи шанси таа никогаш повторно да не може да оди, ниту пак да поврати какво било чувство од половината надолу. Физики и ментално, тоа беше тежок период и за двајцата, а таа секојдневно имаше потреба од сè поголема грижа.rnrnПред околу 2 месеца таа ми кажа дека жали затоа што не може да ме задоволи и дека слободно можам да се гледам со други жени, но наместо тоа јас ја побарав за жена. Таа ми се насмевна и ми кажа дека не сака да стапи во брак во инвалидска количка, па затоа и ќе се омажи со мене денот кога повторно ќе може да оди. Како одговор, јас ѝ реков дека ќе останам со неа до тој ден.rnrnПред 3 дена, додека ѝ подготвував појадок, одеднаш чув како вратата од спалната соба се отвора… Погледнав натаму и ја здогледав неа, љубовта на мојот живот, како стои на нејзините нозе, внимателно правејќи го секој следен чекор.rnrnНашата свадба ќе биде наредниот месец.rnrn[/message_box]

  • Чудо на природата: Ова прекрасно дрво старо 144 години ќе ви го одземе здивот

    Чудо на природата: Ова прекрасно дрво старо 144 години ќе ви го одземе здивот

    Доколку ги погледнете сликите, на прв поглед би помислиле дека станува збор за сцена од анимиран филм или дека се компјутерски обработени, но нема подобар Фотошоп од природата. Оваа вистерија се наоѓа во Јапонија и е стара цели 144 години. Дрвото е толку прекрасно што ќе ви го одземе здивот, а ако вака изгледа на слики може само да замислиме како изгледа во живо.rnrnЧудо на природата: Ова прекрасно дрво старо 144 години ќе ви го одземе здивотrnrnМожеби не е најголемото дрво во светот, но се протега на неверојатни 1.990 метри квадратни во цветниот парк Ашикага во Јапонија, и постои уште од 1870 година. Иако наизглед како дрво, всушност вистериите спаѓаат во вид лози, а бидејќи лозите на вистеријата може да бидат доста тешки, ова растение се потпира на метални шипки кои го штитат од уништување. Ова им дозволува на посетителите да одат под лозите на дрвото и да уживаат во волшебната глетка на розови и виолетови нијанси.rnrnЧудо на природата: Ова прекрасно дрво старо 144 години ќе ви го одземе здивотrnrn

    rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

    18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

    Секое утро го почнуваме со „Добро утро“, но дали навистина го чувствуваме како добро? Дали навистина ја чувствуваме моќта која ја имаме секое утро, но и можноста за нов ден, нов почеток, нова можност да бидеме поблиску до нашата цел? Ова се 18 мисли со кои треба да го почнувате секој нов ден за денот да ви биде поуспешен и понадежен од самиот почеток. Не заборавајте да бидете благодарни за секое утро и кога нареден пат некому ќе му посакате „Добро утро“ навистина да ја почувствувате суштината на тој поздрав.rnrn18 работи кои треба да си ги кажете секое утроrn

    1. Денес е нов ден

    rnВчерашниот ден можеби беше лош, можеби добар, сеедно, денес е нов ден. Нова можност да дадете сè од себе, да бидете она што сакате да бидете, да соберете храброст и да го направите она што долго го одлагате. Денес е нов ден, минатото не ве дефинира, сè што сакате да направите, сторете го денес.rn

    2. Наредниот ден не се брза

    rnЗемете го потребното време од денешниот ден уште од самиот почеток. Не живејте за утре или за кој било друг ден во иднина. На утре не му се брза. Престанете со вашата навика да преживувате чекајќи го утре, и живејте за денес. Не одлагајте за утре, сторете го тоа денес.rn

    3. Јас сум најдобрата верзија од себеси

    rnСите имаме мани, во нашите очи и во очите на другите. Не трудете се да го достигнете совршенството, тоа е илузија. Никој не е совршен, но вие сте најдобрата верзија од себеси. Пофалете си ги сопствените квалитети секое утро и бидете горди на себе.rn

    4. Минатото не ме дефинира

    rnВчера е минато, она што ми останува се спомените од успесите и неуспесите. Но, тоа не ме дефинира мене. Само јас можам да се дефинирам себеси.rn

    5. Не е сè како што изгледа

    rnНештата не се секогаш такви какви што изгледаат. На моменти вашиот живот ќе ви изгледа како да се движи во погрешен правец, но тоа не значи дека вашиот живот е лош, туку дека едноставно се движи онака како што треба – некогаш предвидлив, некогаш не, со подеми и падови, и тоа е сосема во ред. Нештата не се така како што ни изгледаат во даден момент, можеби целосната слика ќе ја добиеме откако ќе мине малку време и ќе можеме да ги погледнеме објективно.rn

    6. Не знам сè

    rnСо сите тие нешта што се случуваат секој миг и со забрзаното темпо на живот, во ред е да не знаете сè. Способни сте да го научите она што ви треба и оправдано ви е да прашате бидејќи нема некој кој знае сè. Секој ден е ваша нова можност да научите нешто, па сфатете го како добра лекција.rn

    7. Сите имаме тајни

    rnСекој има по некоја тајна, добра или не толку добра и тоа е во ред. Некогаш вашата тајна може да ве измачува многу и да ви врши голем притисок бидејќи ви изгледа како страшна. Во ред е да имате приватност и интима, нешта кои ги споделувате само со себе.rn

    8. Можам да си ги исполнам сите мои соништа

    rnКога станува збор за моменталните цели и соништа, нашите години не играат голема улога. Важна е нашата решителност да тргнеме смело кон своите соништа. Јас имам право на мои соништа и цели, без разлика колку бизарни или недостижни тие им изгледаат на другите. Денес е нова шанса да поработам на остварувањето на моите соништа и денес сум поблиску до нив од вчера.rn

    9. Денес е ново чудо

    rnСамо помислете каква можност ви се дава со секој нов ден. После сонот имате можност да се разбудите, да ги отворите очите, да го видите светот, да ги вдишете сите мириси и да ги почувствувате сите нешта кои ве прават среќни. Бидете благодарни за ова ново чудо, за вашето будење и за шансата која ви е дадена – шанса за нов ден. Секојдневно околу нас се чувствуваат безброј чуда, но поради некои причини не секој од нас може да ги забележи ниту пак е свесен за нив. Вие едноставно бидете благодарни.rnrn

  • Јајце во јајце

    Јајце во јајце

    Не е ретка ситуација, кога ќе скршите јајце од кокошка за да си направите топол оброк, од него да излезат две жолчки. Меѓутоа Шон Вилсон, чија кокошка снела јајце тешко неверојатни 180 грама и за кое верува дека е најголемото во светот, уште повеќе се изненадил откако го скршил. Од лушпата излегло уште едно бебе-јајце! Погледнете за што станува збор. :)rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Новите 7 светски чуда на природата

    Новите 7 светски чуда на природата

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnПо пат на телефонско гласање организирано од страна на швајцарската фондација „New7Wonders“, на 11 ноември 2011 година беа изгласани потенцијалните кандидати како нови светски чуда на природата. Некои од овие природни убавини се веќе официјално избрани (водопадите Игуасу, заливот Ха Лонг, островот Јеју и подземната река Пуерто Принсеса), додека за останатите се чека да бидат потврдени. rnrnГласањето за новите светски чуда на природата е организирано со цел да ја подигне свеста на општеството за најубавите природни реткости во светот. По започнувањето на кампањата од 2007 година до денес, како најубави светски чуда во природата беа избрани следниве дестинации.rn
    rn

    1. Водопадите Игуасу (Iguazu Falls)

    rnОвие водопади се достапни и можете да ги видите од 3 земји: Бразил, Аргентина и Парагвај. Тие воодушевуваат со своите природни карактеристики и моќта која ја поседуваат. Реката Игуасу со пад од 80 метри височина, ги формира овие прекрасни водопади точно на границата помеѓу Бразил и Аргентина. За настанувањето на овие водопади постои интересна легенда.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    2. Заливот Ха Лонг (Ha Long Bay)

    rnХа Лонг се наоѓа во северен Виетнам, во заливот Тонкин. Распослан на површина од 1500 метри квадратни, ова ново светско чудо е карактеристично по малите карпести островчиња кои се со различни големини и форми. Овој залив од 1994 година се наоѓа под заштита од УНЕСКО. Уникатната природна вегетација и живиот свет кој живее овде, го прави ова место да биде едно од светските чуда на природата кое мора да се посети.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    3. Островот Јеју (Jeju Island)

    rnЈеју е најмалата провинција во Јужна Кореја. Како вулкански остров, ова светско чудо е значајно по прекрасните тунелски пештери, низ кои претходно течела лава. Пронајдените фосили од животни и школки на овој остров, предизвикуваат особен интерес кај научниците.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    4. Амазонските тропски дождовни шуми (Amazon Rain Forest)

    rnСо својата големина од 7 милиони квадратни метри, Амазонските шуми се распослани на 9 држави. Тие се формирани околу реката Амазон, која со својот басен е најголемата река на планетата Земја. Високите температури карактеристични за овие шуми, овозможуваат развој на многуброен растителен и животински свет, кој може да се види единствено овде.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    5. Подземната река Пуерто Принcесa (Puerto Princesa Subterranean River)

    rnНајголемата и најубава подземна река во светот е Пуерто Принсеса, која се наоѓа на Филипините. Околината покрај реката создава прекрасен национален парк, кој со право го носи епитетот светско чудо. Во оваа област живеат 800 видови растенија и 95 видови птици од кои 15 ендемски. Погледнете ги убавините на оваа река.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    6. Планината Тејбл (Table Mountain)

    rnОваа планина претставува вистинска туристичка атракција во Јужна Африка. Планината Тејбл е интересна поради тоа што нема врвови, туку на нивно место се наоѓа рамна површина која се формирала со текот на годините. Поради своите карактеристики го добила и името Тејбл.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    7. Националниот парк Комодо (Komodo National Park)

    rnПаркот Комодо е формиран пред сè да го заштити најголемиот светски гуштер, змејот Комодо, за кој се верува дека е потомок на диносаурусите. Овој остров е вулкански остров кој се наоѓа во Индонезија. Се проценува дека на островот има околу 2.000 жители, кои претежно се занимаваат со риболов.Новите 7 светски чуда на природата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудо на природата – неверојатни албино животни

    Чудо на природата – неверојатни албино животни

    Албино животните се многу ретки во природата и човекот уште од античко време бил фасциниран од нив. Во некои култури се сметале за свети животни и биле основа на едни од најголемите легенди и митови. Поради нивната уникатност, албино животните и ден денес се најголемата атракција во зоолошките и циркусите низ светот.rnrnЧудо на природата - неверојатни албино животниrnrnАлбинизмот е еден вид вродено хипопигментарно нарушување, кое се карактеризира со делумен или целосен недостаток на пигментот меланин во очите, кожата и косата. Тој се наследува преку рецесивни гени и досега е откриен кај цицачите (вклучувајќи ги и луѓето), рибите, птиците, рептилите и водоземните животни.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Големиот призматичен извор – колоритно чудо на природата

    Големиот призматичен извор – колоритно чудо на природата

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnНајголемиот геотермален извор во Америка, Големиот призматичен извор, претставува вистинско колоритно чудо создадено од природата. Сместен во Националниот парк Јелоустон, по својата големина е трет во светот, веднаш после природните базени во Нов Зеланд. Пронајден е во 1871 година, а името го добил токму поради своите бои, кои гледани низ призма наликуваат на прекрасно виножито. Сина, зелена, жолта, портокалова, црвена и кафена се боите кои му даваат оригинална убавина на овој природен извор.Големиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаПричина за разнобојноста на Големиот извор се пигментираните бактерии кои се размножуваат околу рабовите на водата којашто е богата со минерали. Овие бактерии создаваат бои од зелена до црвена нијанса, а која боја ќе доминира зависи од односот на органските пигменти хлорофил и каретеноид, како и од температурата на водата. Во лето, доминираат портокаловата и црвената боја, а во зима обично преовладува темно зелената боја. Центарот на изворот е стерилен поради екстремната жештина, а неговата неверојатна сина боја доаѓа од бојата на самата вода, која е многу нагласена заради нејзината чистина и длабочина во овој дел.Големиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - коалоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаrnrnПогледнете го изворот и одблиску, како да се наоѓате таму.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.