КАФЕ ПАУЗА

Tag: чудо

  • Седумгодишно девојче плаче камени солзи

    Седумгодишно девојче плаче камени солзи

    Индиските доктори веќе со денови се обидуваат да откријат зошто седумгодишното девојче Kura Nitya, кое живее во село во близина на Хајдерабад, главниот град на индиската сојузна држава Андра Прадеш, плаче камени солзи. Камчиња ù излегуваат од десното око последните петнаесетина дена. Во еден ден таа исплачува од 15 до 25 камчиња.Седумгодишно девојче плаче камени солзиНејзините родители побарале помош од неколку офталмолози, но никој сè уште не открил од што е предизвикан овој феномен. Нејзиниот дедо Gopal Reddy вели дека на почетокот мислеле дека се работи за божја моќ, па се молеле на Бога тоа да престане.rnrnМалечката Kura Nitya објаснува дека нејзиното десно око отекува непосредно пред да почнат да се тркалаат камчиња од него. Офталмологот Kalyan Chakaravarthy вели дека девојчето медицински е сосема здраво и дека не постои никакво логично објаснување зошто ù се случува тоа.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребен

    Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребен

    Големиот корален гребен е најголемиот морски гребен во светот, познат по својата природна убавина, однадвор и однатре. Гребенот, кој претставува огромна атракција за туристите од сите делови на светот е едно од Седумте природни светски чуда. Тој е лоциран во Коралното море, на брегот во Квинсленд, во северно-источна Австралија.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенТој всушност претставува комбинација од над 2.900 посебни корални гребени и 900 острови, се протега на површина од 344.400 квадратни километри, а е долг над 2.900 километри. Тој е поголем од Кинескиот ѕид и може да се види од вселената. Гребенот е најголемата постоечка структура составена од живи организми. Се смета дека во него има 350-400 видови корали, милијарди малечки организми, познати како корални полипи и разнообразни други морски животинки.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенВо 1975 година владата оформила тело кое се вика Морскиот парк на Големиот корален гребен (GBRMPA), кој оттогаш па наваму, го ограничува туризмот, риболовот и пловењето од страна на посетителите, сè со цел да се сочува и заштити гребенот. Други видови штета кои можат да му се случат на Големиот корален гребен се преливање на водата, побелување на коралите како резултат на климатските промени и цикличното труење на морските грабливци од страна на морските ѕвезди т.н. Круна од трње, кои шират отров.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенОвој гребен е многу популарна дестинација за туристите, особено за оние кои доаѓаат од островите Витсандеј  и градот Кернс. Туризмот е важна економска активност, од која земјата заработува 1 милијарда долари годишно.Неверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребенНеверојатниот морски свет во Големиот корален гребен Доколку сакате повеќе да се информирате за ова неверојатно чудо на природата, погледнете го видеото.rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Животот во еден минијатурен свет

    Животот во еден минијатурен свет

    Браќата близнаци Фредерик Браун и Герит Браун сакале да го вчудовидат и импресионираат светот, а сега може слободно да се каже дека тие дефинитивно си ја оствариле целта во целост. Тие ја изградиле најдолгата минијатурна железничка пруга во Европа.rnrnЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светrnrnЗа да го креираат ова чудо т.н „Miniatur Wunderland“, кое можете да го посетите во Хамбург, Германија, тие потрошиле 8 милиони евра, 700 кг вештачка трева, 4.000 тони челик и 558.000 часови напорна работа. Денес овој минијатурен свет на чудата се состои од седум тематски одвоени делови, сместени на површина од 1.000 метри квадратни: Шведска, Кнуфинген, Австрија, Харц, Хамбург, САД и Скандинавија.rnrnЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светrnrnВо овој свет, исто како и во реалниот, луѓето организираат концерти, слават празници, штрајкуваат, се случуваат сообраќајни незгоди, па дури и избувнуваат пожари, кога пожарникарите дотрчуваат за да го изгасат секое жарче во земјата-играчка. Возовите и автомобилите се движат како да се вистински. Се менуваат и годишните времиња. Бродови контролирани со радио, си пловат во водата, која е вистинска.rnrnЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светrnrnСекогаш нешто се случува, токму како што е во реалниот живот, а целиот овој свет е контролиран од 40 компјутери. Овој чудесен минијатурен свет е фантастичен пример за тоа како едно хоби се претворило во добар бизнис. Група ентузијасти работеле на оваа паралелна реалност уште од 2000 година, а денес сите имаме прилика да ги видиме резултатите од нивниот труд.rnrnЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светrnrnСе сеќавате на најголемиот минијатурен аеродром во светот? Тој е „масло“ на истиве браќа и претставува составен дел од „Miniatur Wunderland“.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 природни феномени на Земјата

    10 природни феномени на Земјата

    Нашата планета има многу чудни и прекрасни места кои ја имаат моќта да инспирираат и да зачудуваат. Тие нè потсетуваат дека дури и во оваа ера на технолошки чуда, во природата сè уште постојат неверојатни места за откривање. Ова се само 10 од многуте кои ги има на Земјата.rn

    1. Памуккале, Турција

    rnПрекрасните балконски базени на Памуккале, иако се познато место за луѓето од нашите краишта, сепак претставуваат помалку познато чудо за останатиот свет. Пред неколку илјадници години, земјотресите, кои се честа појава во Турција, создале фрактури во земјата преку кои моќни топли извори богати со калциум карбонат избиле на површината. Како што водата испарувала, варовитиот материјал кондензирал и таложел слоеви над слоеви од травертин, притоа создавајќи ѕидови. Буквално „Памуккале“ значи тврдина од памук, а над него Римјаните изградиле град и го нарекле Хиераполис (Светиот град). Тие биле првите кои го откриле местото и лековитите моќи на млечно белата вода.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    2. Моераки, Нов Зеланд

    rnОвие големи, тркалезни камења со вонземски изглед се наоѓаат на плажата Коекохе, која пак е дел од брегот Отаго на Јужниот новозеландски остров. „Камењата Моераки“ првично биле создадени на дното од морето, преку наталожување слоеви околу јадро, на ист начин како што бисер се формира околу честичка од песок. Некои од карпите тежат по неколку тони и се широки по три метри.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    3. Деветте пекола од Бепу, Јапонија

    rnГрадот Бепу, се наоѓа на островот Кјушу, вториот најголем „производител“ на геотермална вода во светот. Во истата област се наоѓаат „Деветте пекола“, таканаречените базени кои меѓусебно се разликуваат по своите карактеристики и бои, благодарение на различните минерали во нив. Овие базени се многу популарна туристичка атракција во Јапонија, но сепак ретко кој ги знае надвор од земјата. За жал, како и за многу други неверојатни природни чуда, областа околу нив стана премногу комерцијализирана и „невкусна“.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    4. Големата сина морска дупка во Белизе

    rnГолемата сина морска дупка во Белизе е една од најимпресивните природни убавини во светот. Таа е со дијаметар од 300 метри и е длабока околу 150, а најверојатно се создала поради наглото покачување на нивото на водата пред околу 65.000 години. Нуркачите известуваат дека дупката е преполна со разновиден животински свет, а дел од него сè уште е непознат за науката и го има само овде.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    5. Вратата на пеколот, Туркменистан

    rnВо близина на селото Дарваза, кое е лоцирано во пустината Каракум во Туркменистан, во 1971 година, тим на истражувачи од Советскиот Сојуз пробушиле голема комора полна со природен гас. Кровот на јамата пропаднал, оставајќи кратер длабок 25 метри со дијаметар од околу 60-70 метри. Наскоро станало евидентно дека природниот гас сè уште излегувал низ кратерот од подлабоки извори, па приказната оди дотаму дека била донесена одлука да се запали гасот и да не се ризикува тој да се прошири или да доведе до локално труење. Според повеќе извори, оттогаш огнот постојано гори, а локалното население местото го нарекло „Портата на пеколот“. Сепак, други лица, по неколку разговори со локални водачи од регионот, тврдат дека станува збор за неверојатен природен феномен.rnrn10  природни феномени на земјатаrn

    6. Санциншан, Кина

    rnСанциншан е релативно мал национален парк во близина на градот Шанжао. Но тоа што е мал по големина, само го прави голем по убавина. Националниот парк е прогласен за седмо светско наследство во Кина и е познат по неговата сценична атрактивност. Клучот за мистиката на ова место е комбинацијата од извонредни гранитни столбови и карпи, заедно со сезонските климатски варијации кои често создаваат магла и маркантни зајдисонца. Оние кои го посетиле ова место велат дека им создава неверојатно чувство, кое го опишуваат како мир и спокојство. Овој ефект е подобрен благодарение на бројните водопади, природни базени и извори.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    7. Окото на Африка, Мавританија

    rnОд вселената, оваа мистериозна вдлабнатина во пустината Сахара во Мавританија, навистина наликува на човечко око. Според една од теориите, окото се создало откако метеор паднал на земјата, додека други веруваат дека тоа претставува трага од подземна нуклеарна експлозија. Сепак, според огромниот дијаметар тоа би значело детонација со огромен опсег. Моментално не постои земја во светот што поседува оружје кое може да направи ни одблизу толкава детонација.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    8. Островот Сокотра, Јемен

    rnОвој волшебен и не толку познат остров, Сокотра се наоѓа во близина на брегот на Јемен во Блискиот Исток. Изолиран од остатокот од светот, неговите растенија еволуирале во толку многу бизарни облици и форми, што не им се познати на другите краишта на Земјата. Едно од најпознатите е дрвото „Крвта на змејот“ чиј сок може да се употреби за создавање кристали кои можат да се користат како боја или како афродизијак. Островот пополека почнува да станува познат за остатокот од светот и може да прерасне во одлично место за еко-туризам, сè додека неговите посетители не прават штети.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    9. Тркачката патека, САД

    rnЛоцирани во една од најбезживотните места на светот, во Долината на смртта, Калифорнија, чудните и необјасниви „Камења кои пловат“ се вистински феномен. Еднаш, во текот на годината, во сувото езеро се случува да паднат зимските дождови и површината наеднаш станува лизгава и каллива. За време на овој период, карпите и камењата почнуваат да се движат, оставајќи зад себе видливи траги. Иако научниците веруваат дека за ова придонесуваат и силните ветрови, некои од карпите ненадејно го менуваат правецот и вртат совршени прави агли, изместувајќи се од нивната претходна патека. Сите докази потврдуваат дека тука не станува збор за некаква измама, но сепак овие движења никогаш не биле фатени на снимка.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    10. Лас Канадас, Тенерифе

    rnНа врвот на планината Теиде, се наоѓа еден од најголемите островски вулкани во светот Лас Канадас. Кратерот, кој има пречник од 16 километри е како слика од пеколот. Стрмните ѕидови кои се формирале кога „котелот“ престанал да врие, формираат голема сува површина со вонземски изглед. Во околината се изградени патишта и обзерватории, што е чудно за оваа „ничија земја“ каде постои заспан, но сепак сè уште огромен активен вулкан, кој одвреме навреме ја затресува земјата. Од масата на вулканот е создаден Тенерифе, еден од Канарските острови.rnrn10 природни феномени на земјатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Големата сина морска дупка во Белизе

    Големата сина морска дупка во Белизе

    Ако некогаш, случајно се најдете во Белизе, не пропуштајте ја шансата да ја посетите Големата сина дупка, едно од најубавите природни светски чуда.Големата сина морска дупка во БелизеТаа има скоро идеална кружна форма, и со своите 125 метри длабочина и дијаметар од 300 метри, претставува најголемата природна морска дупка и дефинитивно ретко видлива атракција. Според анализите од научниците, таа се создала пред околу 65.000 години, поради наглото зголемување на морското ниво.Големата сина морска дупка во БелизеПретставува едно од најпосетуваните туристички атракции во регионот, а особено е атрактивно за нуркачите. Тие таму можат да наидат на многу пештери и редок животински и растителен свет, кој може да се најде само на ова место.Големата сина морска дупка во БелизеГолемата сина морска дупка во БелизеГолемата сина морска дупка во БелизеГолемата сина морска дупка во Белизе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.