КАФЕ ПАУЗА

Tag: чинија

  • Интересни новогодишни традиции

    Интересни новогодишни традиции

    Ако за најлудата ноќ планирате да заминете надвор од земјата, немојте да се изненадите ако наидете на некоја од следните традиции.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Данска

    rnВо оваа земја, точно на полноќ луѓето скокаат од столици, со надеж дека ќе ги исплашат лошите духови и ќе им забранат влез во новата година. Покрај ова, традиција на овој скандинавски народ е и кршењето чинии од вратите на пријателите. Ако утрото не можете да излезете од дома, тоа значи дека имате навистина многу пријатели :).rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Јужна Америка

    rnВо јужноамериканските држави, се верува дека ако новата година ја дочекате со црвени гаќички на вас, наредните 365 дена ќе имате среќа во љубовта. Оние пак, кои повеќе преферираат пари, треба да облечат жолта долна облека.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Шпанија

    rnШтом започне отчукувањето на часовниците со кои ги броиме последните секунди до новата година, жителите на оваа земја брзаат да изедат 12 зрна грозје. Ако тоа го сторат пред да завршат отчукувањата, се верува дека ќе ги следи среќа.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Белорусија

    rnТаму столбот на новогодишната традиција се немажените моми. Тие во текот на најлудата ноќ организираат игри на среќа и меѓусебни натпревари во различни вештини. Меѓу најинтересните е играта со пченка и петел. Пред себе ставаат зрна пченка и го чекаат петелот да почне да колва од нив. Веруваат дека прва ќе се омажи таа до купчето со првото изедено зрно.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Филипини

    rnКај филипинците сè е во форма на круг. Се надеваат дека годината ќе им биде бериќетна, ако носат облека со кружни форми и дезени и ако за време на новогодишната забава јадат топчести овошја, како на пример, грозје. Округлите работи ги симболизираат железните пари и значат просперитетна година.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Еквадор

    rnВо многу земји палењето фотографии значи лоша среќа. Но, во Еквадор верувањето е сосема спротивно. На новогодишната ноќ тие палат фотографии на кои има работи што не сакаат да им се случат или да им се повторат во годината што доаѓа.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Порторико

    rnТаму луѓето фрлаат вода од прозорците за да ја испратат старата година, а со неа и проблемите. Тогаш ги чистат и декорираат домовите, убедени дека со тоа ќе ги избркаат лошите духови.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Австрија и Германија

    rnВо овие две земји за новогодишниот дочек се истура стопено олово во голем сад со вода. Формите што ќе ги направи оловото, треба да одредат каква ќе ви биде годината.  Ако се формира круг, ќе ве следи среќа, но ако се појави крст,  тоа според нивните верувања, значи смрт.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Чиле

    rnЗа Чиле пак, може да се рече, дека гаи по малку морбидна новогодишната традиција. Таму масовно се посетуваат гробиштата, со цел новата година да ја дочекаат заедно со починатите лица од нивните семејства.rnrnИнтересни новогодишни традицииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нутриционистичка чинија

    Нутриционистичка чинија

    Дали се храните правилно? Оваа едноставна нутриционистичка чинија е потсетник на фундаменталните вредности на здравата исхрана. Чинијата може да се најде во три вида и тоа диетална, нормална и обилна.rnНутриционистичка чинијаСите овие видови чинии имаат различни пропорции, според потребите на луѓето. На опачината на чинијата се наоѓа легенда, која ги објаснува боите и полињата на кои таа е поделена. Како на пример, зеленото поле означува зеленчук, а розовото, протеините кои треба да го сочинуваат оброкот. Овој продукт е создаден од Хафштајн Јулиусон во соработка со Жоана Паис, за потребите на неговата фирмата „HAF“.Нутриционистичка чинијаНутриционистичка чинијаНутриционистичка чинијаНутриционистичка чинијаНутриционистичка чинијаНутриционистичка чинијаНутриционистичка чинија

  • Како да ги употребите старите весници и списанија?

    Како да ги употребите старите весници и списанија?

    Прочитајте како да ги употребите старите весници и списанија (освен за авиончиња) кои веќе сте ги прочитале и ви фаќаат прашина и беспотребен простор.rn

    Зрели домати

    rnОва е одличен и практичен начин  како да ги употребите старите весници. Ако сте купиле домати кои се недозреани (не зелени, туку бледо црвени) само завиткајте ги во една хартија од весник и оставете ги два до три дена. Кога ќе ја одвиткате хартијата, тие ќе бидат зрели и сочни.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

    Завиткување подарок

    rnЗавиткувањето подарок во листови од весници и списанија може да биде навистина забавно и необично. Подарокот ќе изгледа примамливо и интересно. Подароците виткајте ги на истиот принцип како да ги виткате со украсна хартија. Секако, ова применете го за некои неформални забави, дружења и родендени. За поформалните забави, убаво е да донесете подарок кој е елегантно запакуван.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

    Направете работна површина

    rnАко се занимавате со уметност, цртање, моделирање и слично, сигурно не сакате вашето биро или работна маса да биде извалкано од бои, материјали, глина. Затоа, обвиткајте ја работната маса или масата на која работите со стари списанија или весници. Така, вашата маса нема да се оштети или извалка.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

    Подметачи за чинија

    rnАко сакате вашата забава да биде интересна и несекојдневна за пријателите, еве нешто интересно што може да направите со старите списанија. Наместо класичните подметачи за чинии и чаши, може како подметач да ги искористите омилените страници од списанието. Освен што ќе бидат идеални за да не се извалка масата, тие ќе бидат и интересни за гостите и пријателите.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

    Суви чизми

    rn

    Ова е супер начин за користење на старите весници. Ако вашите чизми се измокрени од дожд или снег и не можат да се исушат за брзо време, стуткајте неколку листови од весниците и ставете ги во внатрешноста на чизмите, како и листови хартија врз нив.Како да ги употребите старите весници и списанија?

    rnrn

    Чисти фиоки

    rnИсечете ги насловните страници од списанијата и залепете ги на долниот дел од внатрешноста на фиоките. Така ќе го зашитите дрвото од мастило од пенкала, моливи, остри предмети и други работи кои може да го оштетат.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

    Фрижидер без непријатна миризба

    rnНа долниот дел од фрижидерот, залепете неколку листови од весник. Тие постепено ќе ја впиваат непријатната миризба која ќе се создава од изгниени овошја и зеленчуци, солила, месо, кромид и лук.rn.rn

    Завиткување книги

    rnКнигите земени од библиотека завиткајте ги со листови од списанија. Така тие нема да се оштетат. Истото ова направете го со книги кои вам ви се драги и вредни. Така, ќе се погрижите корицата да остане неоштетена.Како да ги употребите старите весници и списанија?rn

    Плико од списание

    rnПонекогаш белите, сини и црвени пликоа се досадни. Пробајте да направите плико од шарена страница од списание. П.С. Не се грижете. Пликото ќе ви го примат во пошта.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.