КАФЕ ПАУЗА

Tag: бутик

  • Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?

    Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?

    Куклите во бутиците постојат од далечната 1800-та година, кога во текот на индустриската револуција, биле направени излози на бутиците, за да се прикажат последните модни трендови во тој период. Но, се чини модата на изложените кукли, никогаш не се сменила.rnrn

    Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?
    Излог во продавницата H&M во Шведска
    rn

    Синџирот продавници H&M кој има околу 2.800 продавници ширум светот, можеби ќе го промени начинот на којшто ја доживуваме облеката на излозите, облечена на супер слабите манекенки. Шведскиот H&M воодушеви со своите нови кукли, кои се пополни и конечно покажуваат како изгледа просечното тело на обичната жена во 21 век. Тие инсталирале реалистично обликувани пластични манекенки во нивната продавница, за да им покажат на нивните муштерии, како навистина облеката ќе изгледа на нив, откако ќе ја откачат од закачалките и ќе ја облечат на себе. Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Овие модели имаат за цел да му дадат реализам на шопинг-искуството, нешто коешто одамна требаше да се случи. Она што ги прави овие кукли реалистични се нивните меки стомаци, пополни бутови, бојата на кожата, фризурата на периките и генерално, пореални пропорции од оние на традиционалните кукли, во коишто сме навикнати да зјапаме по излозите. Во продавницата има разни модели: со мали бутови, голем задник, па дури и со големи гради.Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Со години наназад, продавниците ширум светот им даваа голем акцент на нивните излози, со цел да ги натераат купувачите да влезат внатре, а куклите коишто ги користат се број 38. Но, по сѐ изгледа полничките познати лица како пејачката Адел и актерката Кристина Хендрикс, како и враќањето на модата од 50-тите и 60-тите, помагаат облините повторно да бидат „ин“ и секси. Куклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Кај производителот на кукли „Displaysense“ нарачките за пластични манекенки со броеви 42 и 44, се зголемиле за 16%, бидејќи бутиците почнале да се ослободуваат од оние со „број нула“ и почнале да ги фаворизираат облините.

    rn
    rn

    Претставник од компанија изјавил: „Облините се повторно ин, и ќе останат да бидат во текот на оваа сезона пролет/лето. Најбитна работа во бизнисот, е да им останете релевантни на вашите потрошувачи, а нашите нарачки покажуваат дека покрупните и понадарените манекенки, како и пошироки закачалки за потешките алишта и други изложбени производи за плус-големини, се несомнено во пораст.“

    rnrnКуклите на излозите во бутиците се здебелуваат?Останува само да се надеваме дека свеста за нереалните пропорции на куклите во бутиците, ќе зачука и на вратите во бутиците, ширум нашава држава.rn
    rnrnrn


    rnrn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Првиот бутик „Версаче“ за деца

    Првиот бутик „Версаче“ за деца

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnСветски познатиот интернационален италијански бренд „Версаче“, на чело со Донатела Версаче, неодамна го отвори првиот бутик „Версаче“ за деца. Тој се наоѓа во Милано, каде во дамнешната 1978 година беше отворен и првиот официјален бутик потпишан со ова име.Првиот бутик „Версаче“ за децаКреациите во бутикот се наменети за момчиња и девојчиња до 12 години, а тие ќе можат да се најдат и во многу други познати специјализирани бутици насекаде во светот. Дезените со леопард, бебешки шишиња украсени со Сваровски кристали, фустани со слики од бајките, се само некои од многуте дизајнирани предмети што можат да се најдат овде.Првиот бутик „Версаче“ за децаЕксклузивните парчиња облека, според Донатела Версаче, би требало да бидат задолжителни за оние деца кои сакаат да се издвојат од толпата и да имаат уникатен стил на облекување.Првиот бутик „Версаче“ за децаЕнтериерот на бутикот плени со својата детска, нежна и разиграна атмосфера. Виолетовата боја преовладува насекаде низ просторот, а џиновски лижавчиња го украсуваат излогот.Првиот бутик „Версаче“ за децаДоколку се наоѓате во Милано, можете барем накратко само да ги ѕирнете прекрасните мали ексклузивни парчиња, а можеби и да купите некое за да ги израдувате вашите деца или внуци. Локацијата на бутикот е Via Borgospesso 15/A.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моето прашање е: високо или не?

    Моето прашање е: високо или не?

    Автор: Високо ЦrnrnЌе ви откријам една тајна (иако мислам дека досега сте сфатиле). Високо Ц не е тонот на мојот глас. Високо Ц е високо во сантиметри, или како што милуваат моите пријатели често да кажат, повисока сум од повеќето луѓе во мојот живот.Моето прашање е: високо или не?И иако висината во многу случаи се покажала како предност (не ме боли раката кога се држам во автобус на пример), во многу други ситуации посакував да сум барем некој сантиметар пониска. Најчесто, кога купувам панталони, бидејќи секогаш ми фалат десетина сантиметри должина. Кога би имала To Do листа, веројатно една од топ 10 точките на неа би била „Петиција до нашите бутици и продавници да донесат панталони кои ќе имаат подолги ногавици“.rnrnЕдна од поразочарувачките ситуации е моето излегување по клубовите. Со мојата висина лесно можам да ги видам сите присутни и неретко се чувствувам како воајер. Затоа, претпочитам да седам. Да не ви кажувам и дека, како љубител на високи штикли, често се случува да имам поглед од птичја перспектива и неретко не сум во тек со разговорот кој го водат моите пријатели бидејќи треба да се искривам надолу (што го боли мојот р’бет). Ама предност е кога сакаш да го викнеш келнерот нели? :)rnrnДополнителниот проблем и веројатно оној кој повеќе ме мачи, е наоѓањето на соодветно висок примерок од спротивниот пол. Не ме разбирајте погрешно, немам јас проблем со пониските мажи од мене и немам проблем да излегувам (читај: dating) со нив. Во еден период од мојот живот ја имав најголемата колекција на апостолки и балетанчиња. :)rnrnАма сепак се прашувам: каде се кријат мажите повисоки од 180 сантиметри???rnrnНе велам дека ги нема, но повеќето се зафатени, а слободните… ок… тоа е друга тема на муабет и не е во корелација со оваа.rnrnСериозно. По враќањето од мојата последна посета на Белград, каде морам да ви кажам дека има поприлично високи (читај: повисоки од мене) мажи, се чувствував како џин во детска градинка.rnrnИмаше денови кога бев во искушение да направам свој профил за Tall women and Taller men на еден од сајтовите за online dating.rnrnШто ме премисли? Веројатно тоа што сите ние патиме од стереотипи од различни видови. И кога велам сите, мислам сите. Стотици форуми на тема зошто жените сакаат повисоки мажи, зошто општеството има предрасуди кон високите жени кои се со пониски мажи и обратно, високи мажи со прилично ниски жени. Илјадници коментари како жените сакаат да се чувствуваат заштитено покрај мажот, да пропаднат во неговата прегратка, да не мораат да се откажуваат од слаткиот порок – висока штикла.rnrnВоедно, илјадници коментари како висината нема врска и не е битна доколку двајцата се среќни и се сакаат, мажи кои се чувствуваат моќно покрај повисока жена, мажи кои не сакаат жената да делува посилно од нив.rnrnКој е вистинскиот одговор?rnrnНе знам навистина. И затоа побарав помош од неколку dating експерти. Што кажаа? Ништо посебно. Не губи надеж беше најсветлата точка на нивното објаснување. А да. И не се ограничувај себеси. (Па, нели и јас го велам тоа!?)rnrnИ нема да ви прераскажувам сѐ, затоа што ќе ми треба една недела, а ме чека моето долго еспресо во висока шолја. :)rnrnBut know this…rnrnЖивотот е полн со изненадувања. Различни луѓе, различен карактер, (во контекст на муабетот) високи и ниски, слаби и не толку слаби, моќни, повлечени, привлечни, гласни, забавни и не толку забавни. Ако се ограничите во барањето, ќе завршите вртејќи се во круг. Затоа, заборавете на луѓето кои НЕ ве импресионираат, колку и да изгледаат како вашиот/вашата идеален/идеална партнер/партнерка. Престанете да барате, туку едноставно отворете се, срушете го ѕидот од стереотипи и предрасуди и уживајте. Никогаш не знаете кого ќе запознаете следната недела. Можеби токму тој/таа е вистинскиот/вистинската.rnrnВе сака вашетоrnrnВисоко Ц!rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn