КАФЕ ПАУЗА

Tag: брокула

  • 7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок

    7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок

    За да го избегнете високиот крвен притисок, потребно е да внесувате храна со низок процент на сол. Нутриционистите препорачуваат да внесувате колку што е можно повеќе калиум, калциум и магнезиум во организмот. Во продолжение прочитајте кои намирници ги содржат токму овие минерали.rnrn7 намирници кои ќе ви помогнат да го намалите високиот крвен притисокrn

    1. Киви

    rnПокрај тоа што се богати со витамин Ц, кивите помагаат и при намалување на крвниот притисок. Најдобро е да ги јадете свежи во овошни салати.rn

    2. Обичен јогурт

    rnОвој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно влијаат врз здравјето на луѓето. Започнете го денот со јогурт, а можете да го искористите и за подготовка на нискокалорични преливи за салата и јадења со месо.rn

    3. Бел грав

    rnКалиумот, магнезиумот и калциумот во голема мера се содржат во гравот кој благотворно делува врз намалување на крвниот притисок. Можете да го јадете во вид на манџа, да правите супи од него, да го додадете во салати или да направите пире од грав.rn

    4. Праски

    rnЗа многумина праските се омиленото летно освежување. Добро е да се знае дека содржат многу хранливи материи и витамини кои поволно делуваат врз здравјето на луѓето. Најдобро би било да ги јадете свежи или да направите смуди од нив.rn

    5. Банани

    rnЕдна банана со средна големина покрива 12 проценти од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е и одличен сојузник во борбата против стресот. Најдобро од сè е тоа што кога бананата ќе презрее, не мора да ја фрлате. Ставете ја во замрзнувач, а потоа направете леден десерт.rn

    6. Кељ

    rnОвој вид лиснат зеленчук се нарекува и суперхрана поради големата количина на антиоксиданси и нискокалоричен состав. Можете да го јадете свеж, во салата или да го варите.rn

    7. Брокула

    rnСто грама варена брокула на пареа ќе задоволат 6 проценти од дневните потреби за калциум, 8 проценти за магнезиум и 14 проценти за калиум. Овој вид зеленчук треба постојано да биде вклучено во вашето мени со оглед на големата количина антиоксиданси кои ги содржи.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат да го намалите високиот крвен притисок, можеби ќе сакате да прочитате и кои вежби можат да ви помогнат, а кои треба да ги избегнувате ако имате висок крвен притисок.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рецепт за неодоливи крокети со брокула и сирење

    Рецепт за неодоливи крокети со брокула и сирење

    Брокулата и полутврдото сирење се совршена комбинација без разлика дали станува збор за супи и чорби или овие крокети кои можат да се јадат како прилог, но и како самостоен оброк. За крокетите ви се потребни само неколку состојки кои се печат во рерна, а крајниот резултат е вкусна закуска. Доколку користите лебни трошки, крцкавоста е загарантирана.rnrnРецепт за неодоливи крокети со брокула и сирењеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 грама сечкана брокула
    • rn 011

    • 120 грама рендано полутврдо сирење
    • rn 011

    • 50 грама лебни трошки
    • rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 2 чешниња лук
    • rn 011

    • 3 главици млад кромид
    • rn 011

    • сол и бибер по желба
    • rn 011

    • растително масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Оставете ја брокулата да се издинста, па издробете ја со вилушка и измешајте ја со изматените јајца, трошките, ренданото сирење, ситно сечканиот лук и младиот кромид.rnrn2. Додадете сол и бибер по вкус. Од добиената смеса направете топчиња со приближно иста големина.rnrn3. Ставете ги во сад за печење и намачкајте ги со масло.rnrn4. Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 20 до 25 минути сè додека не добијат златно-кафеава боја и не станат крцкави. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за превкусни крокети, можеби ќе сакате да прочитате и како да го започнете денот со крцкав зеленчук, индиски ореви и сладок чили сос.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Готови за 15 минути: Тестенини со брокула и лимон идеални за топлите денови

    Готови за 15 минути: Тестенини со брокула и лимон идеални за топлите денови

    Кога температурите се високи, сите сакаат да го сведат на минимум времето поминато пред шпоретот. Секоја идеја за брз и хранлив ручек е добредојдена, а еден од предлозите е тестенини со брокула што се подготвуваат за 15 минути.rnrnГотови за 15 минути: Тестенини со брокула и лимон идеални за топлите деновиrn

    Потребни состојки (за 4 порции):

    rn

      rn 011

    • 1/2 кг кратки тестенини по желба
    • rn 011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn 011

    • 1 лажица несолен путер
    • rn 011

    • 1/2 кг брокула, крупно исечкана
    • rn 011

    • 2 чешниња лук, ситно сечкани
    • rn 011

    • рендана кора и сок од 1 лимон
    • rn 011

    • 120 мл слатка павлака
    • rn 011

    • 45 грама рендан пармезан
    • rn 011

    • сол и црн пипер
    • rn 011

    • 65 гр борови ореви
    • rn 011

    • 3 лажици сечкан свеж босилек
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Ставете ги тестенините во зовриена солена вода и варете ги според упатството на пакувањето.rnrn2. Додека се варат тестенините, загрејте ги маслиновото масло и путерот во голема тава на средно-висока топлина. Додајте ја брокулата и пржете околу пет минути. Додајте ги лукот, кората од лимон и сокот и пржете околу една минута.rnrn3. Додајте ја павлаката и оставете да зоврие на средна топлина. Додајте го пармезанот.rnrn4. Исцедете ги тестенините и додајте ги во сосот. Зачинете со сол и црн пипер. Декорирајте со борови ореви и босилек.rnrnПогледнете како да ги направите овие тестенини со фета и уживајте во неверојатниот вкус.

  • 9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

    9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

    Исхраната го менува начинот на кој телото функционира и може да влијае позитивно на хормоналните проблеми. Токму затоа и погледнете како со правилната исхрана можете да го регулирате нивото на хормоните во вашиот организам.rn

    1. Брокула

    rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnБрокулата изобилува со фитохемикалии на ди-индолил метан кои го чистат организмот од отровната форма на естрогенот. Ваквиот тип естроген го има во преработената храна и пестицидите, а неговото внесување во организмот предизвикува низа хормонални проблеми кои можат да резултираат со промена на расположението, депресија и неконтролирано дебелеење.rn

    2. Сладок компир

    rnСлаткиот компир е богат со аминокиселината триптофан која го намалува нивото на кортизолот – стрес хормонот. Тој исто така содржи и витамин Б6 кој го поттикнува метаболизмот и јаглехидратите кои бавно се разградуваат. Со самото тоа што телото добро го вари, подолго го снабдува организмот со серотонин. Со тоа се подигнува расположението и се намалува желбата за храна.rn

    3. Лосос

    rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnЛососот е богат со аминокиселини и омега-3 киселини кои ги балансираат хормоните и ги задоволуваат дневните потреби од протеини. Протеините се важни бидејќи влијаат на хормоните и ја менуваат работата на мозокот. Со јадењето лосос, телото добива доволна количина неопходни хранливи материи кои ја намалуваат желбата за шеќер, го намалуваат нивото на кортизолот и го поттикнуваат правилното производство на естроген и тестостерон.rn

    4. Јогурт

    rnЈогуртот е богат со протеини, калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум. Овие хранливи материи го намалуваат стресот, ризикот од драстични промени на расположението и обемот на половината. Не се препорачува да јадете овошни јогурти, бидејќи се богати со шеќери кои во истиот момент го зголемуваат шеќерот во вашата крв, но и подеднакво брзо го спуштаат, а со тоа и негативно влијаат врз вашата енергија.rn

    5. Шумско овошје

    rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnИсто како и брокулата, така и шумското овошје му помага на телото при исфрлувањето на отровниот естроген кој влијае врз расположението и тежината. Тоа меѓу другото го чисти дигестивниот тракт и го зајакнува црниот дроб. Има ниско количество шеќери, па токму затоа е и идеален и здрав додаток во исхраната. Прехранбените производи кои се богати со шеќери можат да предизвикаат хормонални промени кои, пак, потоа можат да предизвикаат дебелеење и претставуваат стрес за организмот. Освен шумско овошје, се препорачува да јадете акаи бобинки, кокос и спирулина.rn

    6. Бадеми

    rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnБадемите изобилуваат со магнезиум, витамин Б6, калциум и калиум кои ги регулираат организмот и расположението. Се препорачува секој ден да јадете до 20 бадеми, особено кога добивате желба за благи работи. Бадемите ќе ве заситат и нема да го зголемат нивото на шеќерот во вашата крв.rn

    7. Сурутка

    rnТаа е одлична за жените со хормонални проблеми. Не содржи холестерол, масти и лактоза, но обилува со триптофан и Л-глутамин кој го поттикнува производството на глутатионот, главниот антиоксиданс во човечкото тело. Со засиленото производство на овој антиоксиданс се зајакнува имуниот систем, но и се балансира нивото на тестостеронот во телото. Најдобро е да се користи протеински додаток кој содржи стевија, а не преработен шеќер.rn

    8. Зелен листест зеленчук

    rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnКељот, зелената салата, празот и блитвата имаат слично дејство како и шумското овошје и брокулата. Тие го чистат телото од лошиот естроген кој доаѓа со преработената храна и пестицидите. Јадењето на зелениот листест зеленчук, кој е богат со витамини и минерали, го смалува нивото на хормонот кортизол и ја зајакнува крвната слика.rn

    9. Кисела зелка

    rnКиселата зелка ги чисти црниот дроб и телото од отрови и ја регулира крвната слика. Овој зеленчук е богат со пробиотици кои позитивно делуваат на хормоните, го балансираат расположението и го регулираат дигестивниот систем.

  • Прекрасни макарони со многу зеленчук

    Прекрасни макарони со многу зеленчук

    Одлична идеја за лесен ручек…Прекрасни макарони со многу зеленчукПотребни состојки:rn

      rn011

    • 450 г вртени макарони
    • rn011

    • 1 црвена пиперка
    • rn011

    • 150 г брокула
    • rn011

    • 150 г свежи шампињони
    • rn011

    • 5 чешниња лук
    • rn011

    • микс од зачини
    • rn011

    • сол
    • rn011

    • црн пипер
    • rn011

    • 25 г пармезан
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn

    rnНачин на подготовка: rnrn1. Сварете ги макароните.rn2. Во меѓувреме, измијте ја и исечкајте ја пиперката.rn3. Исечете ја брокулата на мали цветови. Оставете ги цветовите во солена топла вода 5 минути, па тоа извадете ги и оставете ги врз крпа да се исцедат.rn4. Измијте ги печурките во сад со ладна вода. Извадете ги од водата и нив оставете ги да се исушат. Потоа исечете ги на ситни парчиња.rn5. Исечкајте го лукот на тенки парчиња.rn6. Загрејте тавче на средна топлина. Во него додадете маслиново масло и лукот. Пржете додека лукот не омекне.rn7. Пред лукот да стане кафеав, додадете ги печурките. Пржете ги печурките додека не добијат кафена боја и додека не се подисушат.rn8. Потоа додадете ја пиперката и ставете сол по вкус.rn9. На крај додадете ја брокулата. Не пржете ја премногу.rn10. Потоа додадете ги сите зачини.rn11. Тргнете го тавчето од оган и претурете го пржениот зеленчук во еден сад.rn12. Во истиот сад ставете ги макароните, додадете малку маслиново масло и убаво измешајте ги.rn13. Потоа истурете поголемо количество пармезан и измешајте повторно.rn14. Сервирајте ги топли или ладни, со пармезан одозгора.Прекрасни макарони со многу зеленчук
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул вегетаријански рецепти

    Кул вегетаријански рецепти

    Супер вкусни оброци за подобро здравје и повеќе уживање…rn
    rn

    1. Мафини со афионово семе

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 3 чаши брашно
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче прашок за пециво
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче сол
    • rn011

    • 2 супени лажици семе од афион
    • rn011

    • 1 ½ чаша млеко
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ванила
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче екстракт од бадем
    • rn011

    • 3 јајца
    • rn011

    • 1 ⅛ чаша масло за јадење
    • rn011

    • 2 чаши шеќер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги состојките во поголем сад и мешајте со голема дрвена лажица сè додека не добиете хомогена смеса. Сипете ја во специјални калапи за мафини и печете на 350 степени Целзиусови.rn
    rn

    2. Печен наут (леблебија) со лимон, лук и рузмарин

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 2 супени лажици маслиново масло
    • rn011

    • кора од еден лимон
    • rn011

    • 1 супена лажица лук во прав
    • rn011

    • 2 конзерви наут – исцеден и исплакнат
    • rn011

    • 1 супена лажица свежо исецкан рузмарин или 2 кафени лажици сушен рузмарин
    • rn

    rn Начин на подготовка: Потапкајте го наутот со сува хартиена крпа, па ставете го во тавче врз хартија за печење. Премачкајте ги зрната со маслиновото масло истурајќи го врз нив и мешајќи со раката. Откако ќе ги премачкате сите, додадате ја кората од лимон, лукот и рузмаринот и ставете ги во рерна. Печете 15 минути на 400˚C. Повторно промешајте ги и оставете ги да се попечат уште 15-20 минути, сè додека не потемнат и станат крцкави.rn
    rn

    3. Овесна каша со боровинки

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 чаша овес
    • rn011

    • 1 чаша вода
    • rn011

    • 2 чаши сок од јаболки
    • rn011

    • една полна дланка боровинки
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги да се варат водата и сокот од јаболки. Додадете го овесот и боровинките. Сето тоа оставете го да се крчка, сè додека не распукаат плодовите. Оброкот е за две лица.rn
    rn

    4. Виетнамска палачинка од компири

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 кг компири
    • rn011

    • 1 кромид со средна големина
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 1/4 чаша брашно
    • rn011

    • растително масло
    • rn011

    • кора од 1/2 портокал
    • rn011

    • мелен цимет
    • rn011

    • 1/4 кафена лажичка анасон
    • rn011

    • прашок за пециво
    • rn011

    • 1 кафена лажичка рендан ѓумбир
    • rn011

    • сол и црн пипер (по вкус)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ги и изрендајте ги компирот и кромидот. Во нив ставете ги јајцето, брашното, ѓумбирот, кората од портокал, анасонот, солта и мелениот црн пипер и сето тоа убаво измешајте го. Сипете масло во тавче и ставете го тестото распределувајќи го рамномерно. Печете сè додека не добиете златна боја од двете страни. На врвот поросете цимет. Оброкот е за 12 особи. Се служи со сок од јаболко, помешан со сецкан коријандер и тајландски босилек (по вкус). Во сокот ставете и свежо исцеден џус од лимета, а врвот декорирајте го со листови свежо нане.rn
    rn

    5. Мус од тиква

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 450 г тиква
    • rn011

    • 1 голема банана
    • rn011

    • 200 г меко тофу (сирење од соја)
    • rn011

    • 2 ½ кафено лажиче цимет
    • rn011

    • 1/4 кафено лажиче ѓумбир
    • rn011

    • 1/4 морско оревче
    • rn011

    • 1 супена лажица сируп од агаве (природен засладувач кој се добива од jужноафрикански кактус)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ја бананата, исецкајте ја и ставете ја во блендер. Истото направете го и со тиквата. Додатете го тофуто и една лажица сируп од агаве. Потоа ставете ги и циметот, ѓумбирот и морското оревче. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја во фижидер добро да се излади. Декорирајте со ореви или темно чоколадо.rn
    rn

    6. Здрави колачиња со ѓумбир

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки за 24 колачи:rn

      rn011

    • 2 ¼ чаши бело пченично брашно
    • rn011

    • 2 кафени лажички мелен ѓумбир
    • rn011

    • 3/4 кафена лажичка мелен цимет
    • rn011

    • 1/2 кафена лажичка мелено каранфилче
    • rn011

    • 3/4 чаша шеќер
    • rn011

    • 1 кафена лажичка сода бикарбона
    • rn011

    • 1/4 чаша незасладен сос од јаболко
    • rn011

    • 1/2 чаша масло канола
    • rn011

    • 1/4 чаша меласа
    • rn011

    • 1 големо јајце
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C. На страна измешајте ги брашното, шеќерот, зачините и содата. Додадете ги сосот од јаболко, маслото, меласата и јајцето и замесете тесто. Формирајте мали топчиња од тестото, сплескајте ги и извалкајте ги во шеќер. Потоа, наредете ги во тавче, врз хартија за печење и ставете ги во рерна. Печете 10 минути. Оставете ги кратко да се изладат, пред да ги одлепите од хартијата.rn
    rn

    7. Чоколадни компирчиња

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 300 г колачиња
    • rn011

    • 1 чаша лешници
    • rn011

    • 1/2 чаша шеќер
    • rn011

    • pоловина чаша млеко
    • rn011

    • 2 кафени лажички какао
    • rn011

    • 150 г путер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Колачињата и лешниците толчете ги сè додека не се претворат во прав. Потоа, во друг сад сипете ги млекото, шеќерот и какаото. Ставете ги на оган и мешајте сè додека состојките не се соединат, односно растопат во млекото. Додадете го и путерот и продолжете да мешате, без пауза. Откако сето тоа убаво ќе се свари, тргнете го од огнот и оставете да се излади. Во изладената смеса додадете ги истолчените колачиња и лешници, промешајте уште еднаш и почнете да правите топчиња во облик на компирчиња, кои можете да ги јадете веднаш.rn
    rn

    8. Супа од брокула

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 брокула
    • rn011

    • 1 лук
    • rn011

    • 1 француски кромид
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn011

    • вода
    • rn011

    • сол и мелен црн пипер (по вкус)
    • rn011

    • павлака (не е задолжителна)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ги лукот и кромидот и заедно со брокулата исецкајте ги на парчиња. Ставете ги во длабоко тенџере во кое ќе ги додадете и маслиновото масло, водата (отприлика), солта, црниот пипер. Ставете ја течноста на оган и варете ја мешајќи повремено. Проверете дали е доволно зачинета. Откако ќе се свари, тргнете ја од огнот и ставете ја во блендер. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Супата сервирајте ја жешка, во комбинација со павлака.rn
    rn

    9. Динствуван зеленчук

    rnКул вегетаријански рецептиСостоjки:rn

      rn011

    • 1 конзерва наут (леблебија)
    • rn011

    • 8 домати
    • rn011

    • 2 црвени пиперки
    • rn011

    • 1 кромид
    • rn011

    • 4 чешниња лук
    • rn011

    • 1 кафено лажиче црвен пипер
    • rn011

    • 3 свежи ловорови ливчиња
    • rn011

    • 2 кафени лажичиња ситно сецкан рузмарин
    • rn011

    • 6 супени лажици маслиново масло
    • rn011

    • коцка супа растворена во вода
    • rn011

    • шафран
    • rn011

    • 150 мл бело вино
    • rn

    rnНачин на подготовка: Шафранот го попарувате со неколку лажици жешка вода. Потоа, го лупите и сецкате кромидот и го пропржувате во маслиново масло околу 15 минути. Ги додавате рузмаринот, ловоровите ливчиња, пиперките и лукот (откако претходно ќе ги исчистите и исецкате) и продолжувате да пржите уште 10 минути, повремено мешајќи. На ред се претходно излупените, исецкани домати (за полесно да ги излупите, ги засекувате на врвот во форма на крст и ги ставате во жешка вода да отстојат 5-10 минути) и црвениот пипер. И со нив пржите дополнителни 10 минути на тивко. На крај, во тенџерето ги ставате наутот, шафранот, белото вино и растопената коцка супа, и ви преостануваат само уште 5 минути пржење. Зачинете со сол и црн пипер.rn
    rn

    10. Ќофтиња од сладок компир

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 2 слатки компири
    • rn011

    • 120 г брашно
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен ким
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен коријандер
    • rn011

    • 2 китки свеж коријандер (ситно исецкани)
    • rn011

    • сок од пола лимон
    • rn011

    • 2 чешниња лук (излупен и исецкан)
    • rn011

    • сол и црн пипер
    • rn011

    • сусам
    • rn011

    • хумус и спанаќ (по желба)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги компирите во рерна и печете ги на 220 ˚C, околу 45 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги да се изладат, па излупете ги и исечете ги на парчиња. Заедно со сите останати состојки, ставете ги во длабок сад и убаво испасирајте ги. Смесата треба да биде леплива. Ако е премногу течна, додадете уште малку брашно. Зачинете со сол и црн пипер. Потоа од смесата формирајте мали топчиња и поросете ги со сусам. Печете ги 15 минути, на температура од 200 ˚C, сè додека не добијат жолто-златна боја. Кога ќе бидат готови, сервирајте ги во топло пита лепче, во кое по избор можете да додадете хумус и спанаќ.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здрава храна препорачлива за секој ден

    Здрава храна препорачлива за секој ден

    Здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност. Еве неколку видови храна кои ќе му бидат добредојдени на вашиот организам.rn
    rn

    Зрнести плодови

    rnrnСите зрнести плодови, како јагоди, малини, капини, боровинки, се богати со хранливи влакна кои се многу важни за нормален и здрав дигестивен систем. Малините имаат најмногу хранливи влакна и се со анти-канцерогени својства, боровинките имаат дупло помалку влакна, но се богати со антоцијанини и антиоксиданси кои помагаат при подобрување на меморијата, а јагодите како овошки со најмало количество хранливи влакна од зрнестите плодови, се богати со витамин Ц, кој е добар за кожата. Тие исто така помагаат во намалувањето на телесната маса.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Јајца

    rnЈајцето како извор на високо квалитетен протеин, може навистина да ви даде поголема моќ. Една неодамнешна студија покажала дека, луѓето кои за доручек јадат пржени јајца и тост, се чувствуваат позаситено и јадат помалку на ручек, отколку кога појадуваат ѓеврек (кој има отприлика сличен број на калории). Дури и кога внимавате на вашиот холестерол, едно јајце одлично би се вклопило во вашата дневна исхрана. Жолчката од јајцето содржи лутеин и зеаксантин – два антиоксиданси кои ги одржуваат очите здрави. rnrnИстражувањата исто така ги поврзуваат лутеинот и зеаксантинот како фактори за намалување на ризикот од макуларна дегенерација, причина поради која ослепуваат голем број лица постари од 50 години. Лутеинот е добар и за заштита на кожата од УВ зраците.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Грав

    rnГравот е одличен извор на железо, минерал кој го пренесува кислородот од белите дробови до клетките низ нашето тело. Бидејќи телото не може да апсорбира исто количество железо преку растителната храна, како што може преку говедското или пилешкото месо, комбинирајте го гравот со храна богата со витамин Ц, за да го зголемите нивото на апсорпција на железо. Гравот е исто така богат со растителни влакна, кои помагаат за регулација на нивото на холестерол во крвта.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Јаткасти плодови

    rnЈаткастите плодови се богати со незаситени масти кои се добри за срцето. Студиите на „Seventh-Day Adventists“ (религиозна вероисповед која придава големо значење на здраво живеење и вегетаријанска исхрана) покажуваат дека луѓето кои редовно консумираат јаткасти плодови, си го продолжуваат животот за отприлика 2 и пол години. Оревите се најверојатно во центарот на вниманието, поради нивното високо ниво на алфа-линоленска киселина која е добра за здравјето на срцето и која го подобрува расположението.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Портокали

    rnСамо еден голем портокал или пак чаша цеден сок е одличен извор на витамин Ц. Витаминот Ц е од суштинско значење за производство на бели крвни зрнца и антитела. Тој е исто така моќен антиоксиданс кој помага и ги штити клетките од радикална штета и игра клучна улога во производството на колаген за зацврстување на кожата. Портокалите се богати и со влакна и фолна киселина.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Сладок компир

    rnСлатките компири се сјајно портокалови поради фактот што содржат алфа и бета каротен. Телото ги претвора овие соединенија во витамин А, кој помага при одржувањето на здравјето на очите и коските и подобрувањето на имунитетот. Еден среден сладок компир обезбедува речиси четири пати повеќе од препорачаната дневна вредност на витаминот А, плус неколку други витамини како Ц и Б6, калиум, манган, лутеин и зеаксантин, што го прави еден од најхранливите зеленчуци.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Брокула

    rnОваа зелена велесила претставува пакет од витамини Ц, А и К (кој им помага на коските), како и фолна киселина. Постои уште една причина поради која брокулата често се наоѓа на првото место на листата за здрава храна – таа обезбедува здрава доза на сулфорафан, еден вид на изотиоцијанат за кој се смета дека го спречува ракот, преку помагање во стимулирањето детоксификација на ензимите во организмот.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Чај

    rnИстражувањата покажуваат дека доколку редовно пиете чај, го намалувате ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес и некои видови рак. Тој исто така ги подобрува забите и непцата и ги прави коските посилни. Чајот е богат со антиоксиданси наречен флавоноиди. Препорачливо е чајот да се пие топол и свежо сварен. Доколку сакате да го пиете ладен од фрижидер, во него додадете цеден лимон. Лимонската киселина и витаминот Ц ќе помогнат во зачувувањето на флавоноидите.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Спанаќ

    rnСпанаќот е преполн со важни хранливи материи: витамини А, Ц и К, како и со растителни влакна, железо, калциум, калиум, магнезиум и витамин Е. Спанаќот е лесен, вкусен и добар извор на фолна киселина, витамин Б (растворлив во вода) кој помага за формирање на нови клетки, правејќи го особено важен за трудници.rnЗдрава храна препорачлива за секој денrn

    Јогурт

    rnВо 70-тите години на минатиот век, советската република Грузија имала повеќе жители со над 100 години, од која било друга земја. Извештаите од тоа време тврдат дека тајната на нивниот долг живот бил јогуртот, кој редовно се наоѓал на нивната трпеза. Јогуртот содржи „добри бактерии“ кои помагаат за одржување на здравјето на стомакот. Тој е исто така богат со калциум, кој помага во спречување на остеопорозата. Само 1 чаша јогурт обезбедува речиси половина од препорачаната дневна вредност на калциум, а богата е и со фосфор, калиум, цинк, рибофлавин, витамин Б12 и протеин.Здрава храна препорачлива за секој ден
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn