КАФЕ ПАУЗА

Tag: болница

  • Поучна приказна: Прозорецот на болницата

    Поучна приказна: Прозорецот на болницата

    Двајца луѓе, и двајцата сериозно болни, делеле иста соба во една болница. На едниот од нив му било дозволено секој ден да седи по еден час за да можат неговите бели дробови да се исчистат од некои течности. Неговиот кревет бил токму покрај прозорецот, додека другиот пациент не смеел да прави ништо друго освен да лежи.rnrnПоучна приказна: Прозорецот на болницатаrnrnТака лежејќи, двајцата со часови зборувале за своите животи. Зборувале за своите семејства, сопруги, домови, за работата, за спомените од служењето на воениот рок, за спомените од летните одмори…rnrnСекој ден, кога оној што лежел покрај прозорецот добивал дозвола да поседи малку и да ѕирне низ него, почнувал да му раскажува на својот цимер за она што го гледал надвор. Пациентот кој морал цело време да лежи во креветот живеел за тој еден час во денот кога неговиот свет се проширувал и развеселувал поради убавините што се случувале надвор.rnrnПрозорецот гледал кон еден парк во кој имало мало езерце. По него пливале пајки и лебеди додека малите дечиња си играле со своите бротчиња. Млади вљубени парови се шетале помеѓу разнобојните цвеќиња, а во далечина имало преубава глетка на градот.rnrnКога човекот кој седел покрај прозорецот ќе почнел во детали да му ја опишува убавата глетка на другиот, тој само ги затворал очите и замислувал како изгледа сето тоа. Еден ден, на својот цимер му опишал една прекрасна парада која поминувала токму покрај нив. Иако другиот не можел да ги чуе звуците на парадата, можел да ја види во своите мисли токму онаква каква што сликовито му ја опишал неговиот цимер.rnrnТака поминувале денови, недели и месеци. Едно утро, кога сестрата донела вода за да ги измие го забележала безживотното тело на човекот кој лежел веднаш до прозорецот, кој мирно починал во сон. Потоа натажено ги повикала болничарите да го изнесат од собата.rnrnПо некое време другиот пациент побарал да го преместат да лежи покрај прозорецот. Сестрата му го дозволила тоа, па кога се сместил удобно во новиот кревет го оставила насамо. Иако со болка, полека се подисправил на лактот за конечно да ѕирне низ прозорецот. По сето напрегање, здогледал само еден бел, празен ѕид. Ја прашал сестрата што би можело да го натера неговиот поранешен цимер да му опишува такви убави работи кога низ прозорецот не се гледало ништо. Таа му одговорила дека сега починатиот бил слеп и не можел да го види ниту ѕидот.rnrn„Веројатно сакал само да ти даде сила,“ му рекла таа.rnrnПоука: Без оглед на тоа во колку тешка ситуација се наоѓаме, големо е задоволството да ги направиме другите среќни. Кога тагата се дели, таа станува помала, но кога се дели среќата, таа станува поголема.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Напуштениот остров во средината на Њујорк

    Напуштениот остров во средината на Њујорк

    Помеѓу Бронкс и островот Рајкерс, во Источната Река постои мало парче земја познато како островот Северен Брат. Овој остров е многу мал, зафаќа површина од околу 400 метри x 250 метри. Заедно со својот помал придружник, островот Јужен Брат, тие опфаќаат околу 81.400 метри квадратни. Видете ги островите на „Google Maps“.rnrnНапуштениот остров во средината на ЊујоркrnrnСеверниот Брат бил ненаселен сè до 1885 година, кога болницата Риверсајд од островот Рузвелт се префрлила таму. Според Википедија:rn
    rn

    „Болницата Риверсајд била основана во 1850-тите години како болница специјализирана за мали сипаници во која се изолирале и лекувале жртвите на оваа болест. Нејзината мисија со тек на време се проширила и за други болести за кои има потреба од карантин. Болницата се затворила околу 1938-та година.rnrnВо 1950-тите се отворил центар за адолесценти зависни од дрога. Се верува дека овој објект бил првиот во кој се правеле третмани, рехабилитација и едукација за младите зависни од дрога. Островот бил повторно напуштен кога почнало да снемува простор за сместување на пациентите.rnrnДенес овој објект е прибежиште за птици, а островот е целосно напуштен и забранет за посета. Повеќето од оригиналните градби на болницата сè уште стојат, но се во голема опасност да се срушат. Густа шума ги крие срушените објекти каде што од 1980-тите па до пред неколку години се наоѓала една од најголемите колонии на ноќниот жерав со црн клун. Но, во 2011-та, од сè уште непознати причини, овој вид го напушти островот“.

    rnСо месеци Виктав постирал фотографии од овој остров на „Imgur“. Тој вели дека заедно со неговиот пријател отишле со кајак до островот Северен Брат и поминале 3 часа истражувајќи и документирајќи го. Погледнете дел од неговата колекција на фотографии.rnrnНапуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујоркrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)

    ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)

    ТВ серија за изборот, должноста и за животот помеѓу два сосема различни света – медицината и мафијатаrnrnТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)Главни улоги: Џордана Спиро, Жељко Иванек, Вилијам ФорсајтrnrnЖанр: криминалистика, драмаrnrnКреатори: Џош Берман, Роб РајтrnrnПремиера: 16 септември 2012rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnКога го видовте насловот сигурно си помисливте „ах, уште една медицинска драма“. Се согласуваме дека веќе има премногу вакви ТВ серии кои горе-долу ја обработуваат истата тематика, но во овој случај станува збор за нешто сосема поразлично. Во „Докторот на мафијата“ има целосно испреплетување на доброто и злото, лагата и вистината, стравот и сигурноста… како и сосема нов поглед во животот на оние кои поседуваат целосна моќ да спасуваат или пак, да убиваат.ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)Грејс (Џордана Спиро) стажира во една болница во Чикаго каде што е една од најдобрите млади хирурзи. Но, тоа што никој не го знае за неа е дека таа живее на работ помеѓу два света. По сплет на околности таа станува должник на мафијата и мора да биде достапна за нив исто толку колку што е достапна и за болницата во која работи. Од друга страна, и покрај сè, таа себеси се обврзува да ја почитува заклетвата која ја направила кога станала доктор и токму поради тоа мора постојано да одржува рамнотежа помеѓу нејзините обврски, што и не секогаш е многу едноставна работа.ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)Досега се излезени само две епизоди кои не ни откриваат многу за животот на ликовите, но досегашните критики велат дека оваа ТВ серија има потенцијал да го достигне успехот како и останатите популарни медицински драми. Во некои постапки ликот на Грејс малку наликува и на д-р Хаус, но сепак таа е сосема различна од типичната „докторка“ која можете да ја видите на малите екрани. Ако го обожавате овој жанр, дајте ù шанса барем на првата епизода. Поради мистеријата која ја крие буквално секој лик, нема да можете да одолеете да продолжите редовно да ја следите…ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куќа од соништата (Dream House)

    Куќа од соништата (Dream House)

    Филм за животните трагедии и за игнорирањето на суровата реалност со која мораме да се соочиме за да продолжиме со живототrnrnrnКуќа од соништата (Dream House)Режија: Џим ШериданrnrnСценарио: Дејвид ЛукаrnrnУлоги: Даниел Крег, Рејчел Вајс, Наоми Ватс, Матрин Кокас, Тејлор Гир, Марк Вилсон, Џонатан ПотсrnrnВреметраење: 92 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 30 септември 2011rnrnЖанр: психолошки трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rnrn


    Одбивањето на суровата реалност и затворањето во свој имагинарен свет е психолошко нарушување кое многупати досега било предизвик за филмаџиите. „Куќа од соништата“ е уште еден потресен филм, во кој на едноставен начин е прикажано што се случува кога нашиот мозок одбива да ја прифати трагедијата и да се соочи со последиците од неа. Тогаш замислуваме дека живееме во свет во кој сè е беспрекорно убаво. Но, наеднаш потсвеста испливува на површина, ни ја открива вистината од која упорно бегаме и нè враќа во кошмарот со кој одново треба да се соочиме. Покрај психијатрите и менталните институции, за да ја пребродиме трагедијата и да продолжиме понатаму, потребни ни се голема храброст и безусловна поддршка од пријателите. rnrnВо филмот се испреплетуваат неколку веќе видени холивудски приказни, кои на почетокот може да ве наведат на погрешен заклучок. Можеби ќе помислите дека се работи за излитен хорор, но ако ги издржите првите сцени и не го исклучите телевизорот, ќе ви биде мило што сте му дале шанса и на ова остварување на Шеридан.rnrn


    rn


    rn

    rnПриказна: Филмот започнува кога главниот лик Питер (Даниел Крег) се враќа од ментална институција во неговата стара напуштена куќа, која е речиси распадната и прекриена со графити. Но, во неговата глава сè е поинаку. За него, душевната болница е фирмата во која работи и од која дава отказ, со цел да му се посвети на семејството. Питер замислува како го напушта бурниот градски живот и се враќа во неговата куќа, во мирното предградие во Англија, каде живее удобен живот од соништата, заедно со неговата сопруга (Рејчел Вејс) и со двете ќерки. Питер не е свесен дека тие се мртви и дека тој бил обвинет за нивното убиство, по што бил прогласен за луд и затворен во душевна болница. По пет години рехабилитација, неговиот психијатар констатира дека е излечен и тој ја напушта болницата.Куќа од соништата (Dream House)Куќа од соништата (Dream House)Во имагинарниот свет кој Питер го создал за време на сеансите, одбивајќи да се соочи со трагедијата, тој креирал нов идентитет. Од шифрата W1-1L 8-10-10 под која се лекувал, го сменил името во Вил. Смислил нови имиња и за сопругата и за ќерките. Но, кога се враќа во куќата, на Питер полека почнува да му проработува потсвеста и да се присетува на некои работи. Најпрво не ја препознава неговата сосетка Ен Петерсон (Наоми Ватс) и блиска пријателка на неговото семејство. Таа станува свесна дека Питер сè уште не е излекуван и дека ги замислува мртвите ќерки и сопругата. Клопчето започнува да се одмотува кога на Питер му се причинува дека неговите ќерки гледаат како некој човек ги набљудува. Полицијата одбива да му помогне и тој одлучува да поведе сопствена истрага…Куќа од соништата (Dream House)Глума: Крег, Вајс и Ватс одлично се носат со улогите, но слободно можеме да кажеме дека сме ги виделе во многу подобро светло. Ова се едни од нивните посиромашни филмски ангажмани, во кои најверојатно повеќе би уживале на почетоците на нивната кариера. После овој филм, се роди нова љубов меѓу Крег и Вејс, која подоцна беше крунисана и со брак.Куќа од соништата (Dream House)Кога и како да го гледате: Веднаш да ви кажеме дека овој филм не беше баш најдобро прифатен од филмските критичари. Некои го оценија како тотално промашување. Но, од публиката доби малку поинаков одговор, па затоа и ви го препорачуваме.rnrn„Куќа од соништата“ е најдобро да го гледате на крајот од неделата, сами или со вашите кино-сојузници, со кои подоцна би можеле да дебатирате дали познавачите на филмот се во право или сè е до вкусовите и на крајот на краиштата, главниот збор го има публиката. Сместете се удобно во омилената фотелја или на каучот, не заборавајте ги грицките, бидејќи некои сцени се неми и траат малку подолго од вообичаеното, па тишината ќе можете да ја разбиете со крцкавите звуци. 🙂Куќа од соништата (Dream House)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 работни места со највисок степен на депресија

    10 работни места со највисок степен на депресија

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnНекои работни места продуцираат поголем степен на депресија од други. Депресијата не се манифестира веднаш, туку по некој изминат период. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат стресна работа, имаат поголема можност да се справат со тоа, ако се грижат за себе и ако свесно ги земат работите во свои раце. Сепак, стресноста не секогаш произлегува од одговорноста што ја носи работата. Во најголем случај, стресот произлегува од начинот на кој се однесуваме кон луѓето што ја работат таа работа. Затоа, насмевка и убав збор му се добредојдени на секого, па така и на девојката што работи во соседниот млечен ресторан, професорката и административниот работник.rnrn10 работни места со највисок степен на депресија.rn

    1. Работа во дом за стари лица и работа со новороденчиња

    rnКај речиси 11% од луѓето кои ја работат оваа работа е забележана голема депресија. Обичен ден во дом за стари лица вклучува хранење, бањање и грижа за оние кои не се во состојба самите да ги извршат овие секојдневни работи, бидејќи се изнемоштени или премногу мали. Иако е благородна работа, гледајќи ги луѓето болни, изнемоштени и неспособни, невозможно е да се прима позитивна енергија.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    2. Работа во ресторан, пекара, локална продавница

    rnЛуѓето кои ја работат оваа работа, најчесто се малку платени, а притоа имаат многу работа и целото работно време се опкружени со најразлични луѓе. Но, тие кои ја работат оваа работа понекогаш мислат дека таа е неблагодарна, бидејќи луѓето најчесто се непристојни и навредливи. Тоа ги доведува до депресија и речиси немаат мотивација и енергија да работат.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    3. Социјални работници

    rnОва веројатно не е никакво изненадување. Да се справувате со злоупотребени деца, малтретирани жени и семејства во финансиска криза, не е лесно за никого, особено ако работите 24/7. Оваа работа бара жртви од оние кои ја работат, па така често пати социјалните работници се запоставуваат себе си, сѐ со цел да помогнат на другите.rn

    10 работни места со највисок степен на депресија

    rnrn

    4. Доктори, медицински сестри, болничари

    rnТука е вклучен целиот медицински персонал. Медицинските сестри и докторите често пати немаат фиксно работно време бидејќи буквално кажано, животите на многу луѓе се во нивни раце. Тоа самото по себе е стрес. Секојдневно се соочуваат со смртта и се справуваат со фамилиите и најблиските.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    5. Уметници

    rnВо случајот на сликарите и писателите, депресијата многу често резултира со ремек дело. Креативците имаат голем степен на депресија, стрес и се изолирани од обичните луѓе. Биполарноста се јавува кај многу уметници, како вид ментално пореметување.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    6. Наставици

    rnЕдно е јасно. Оној кој ја носи работата дома, го носи и стресот. Дел од работата на наставниците е прегледување домашни, писмени, креирање наставни планови, а сето тоа тие го подготвуваат дома, во најчест случај. Имаат притисоци од родителите, децата, директорите, најразлични барања и желби треба да бидат задоволени, од што следствено се појавува депресијата.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    7. Административен персонал

    rnОд луѓето кои работат во ова поле секогаш се бара многу. Тие запишуваат сѐ и се грижат за сѐ. Но, административните работници се на дното на пирамидата и лесно се контролирани од врвот. Брзи, непредвидливи и стресни денови се дел од нивната работа.rn

    10 работни места со највисок степен на депресија

    rnrn

    8. Самостојни продавачи

    rnТие работат за себе и самостојно. Изгледа лесно и убаво, но доведува до депресија, бидејќи никогаш не знаат дали тој ден ќе остварат продажба.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    9. Финансиски советник

    rnСтрес! Стрес! Стрес! Овие луѓе ви кажуваат како е најдобро да ги вложите и инвестирате парите, колку да потрошите, каде да ги пренамените… А ни самите тие не знаат колку финансиски проблеми ги чекаат. Работата им е многу одговорна, бидејќи тие се одговорни за финансиите на нивните клиенти.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    10. Основни работници

    rnТука влегуваат оние вешти луѓе кои ни ги поправаат расипаните делови од домаќинството. Секојдневно се опкружени со луѓе и нивните побарувања. Работат во секое време кога ќе бидат повикани, па дури и ноќе. Најчесто се изолирани од причина што секојдневно работат. Сет тоа предизвикува стрес и потоа, депресија.rnrn10 работни места со највисок степен на депресија