КАФЕ ПАУЗА

Tag: болница

  • Верно куче го чекаше својот сопственик шест дена пред болница во Турција

    Верно куче го чекаше својот сопственик шест дена пред болница во Турција

    Познатата поговорка дека кучето е најдобар пријател на човекот е оправдана во секоја смисла од верноста на кучето Бонџук од Турција, кое шест дена го чекаше својот сопственик пред болницата.rnrnКога Џемал Сентурк бил пренесен со брза помош во болницата во Трабзон, Бонџук побегнал од станот и го следел. Секој ден трпеливо чекал неговиот сопственик да излезе од болницата.rnrn„Персоналот на болницата го извести семејството на Сентурк дека Бонџук чека пред болницата, по што го вратија дома. Сепак, кучето успеа да избега повторно и да се врати во болницата каде што го чекаше сопственикот шест дена“, изјави директорот на болницата Мурат Ерџан. Вработените во болницата секојдневно го хранеле и се грижеле за кучето. За да се обиде да го утеши кучето, Сентурк комуницираше со Бонџук низ прозорецот секој ден за време на неговиот престој во болницата. Двајцата се заедно веќе девет години.rnrnКога конечно бил пуштен, Сентурк го сретнал Бонџук пред вратата на болницата, а на емотивната средба сведочеле многубројни медицински лица и минувачи.rn

    rnrnrnПрочитајте за ова 4-годишно момче кое го „позајмилo“ телефонот на својата мајка и направилo нарачка од Мекдоналдс вредна 100 долари.

  • Татко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игри

    Татко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игри

    Да бидеме искрени, болниците се досадни. А замислете да сте дете кое мора да лежи цел ден, врзано за апарати. Како да не е доволна болеста, досадната атмосфера ги прави нештата уште полоши. Тука ги нема омилените играчки, ниту има простор за играње.rnrnТатко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игриrnrnКевин Гатлин, еден татко од Шарлот, Северна Каролина, бил свесен за тоа колку им е тешко на децата во болниците, па решил да им помогне. При посетата на детето на еден негов пријател, тој увидел низ која мака поминуваат децата кои мора да бидат врзани за кревет цел ден, па дошол до генијална идеја – болничките постелнини да ги претвори во друштвени игри.rnrnТатко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игриrnrnПо внимателно разгледување, планирање и советување со наставниците и лекарите, Гетлин својата замисла ја претворил во компанија наречена Playtime Edventures.rn

    „Со помош на наставниците и родителите, ние ја создадовме Playtime Edventures. Благодарение на нас, децата добија место каде што можат да си играат, да учат и да спијат. Со избор од над 50 интерактивни игри, нашите постелнини преставуваат одлична алтернатива за претераното гледање телевизија и непотребната употреба на други електронски уреди. Ова е совршен поттик за децата да си легнуваат порано“ вели Кевин Гетлин.

    rnТатко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игриrnrnНа Кевин му биле потребни повеќе од две години за да ги заврши дизајните на постелнините. Денес компанијата нуди избор од 50 постелнини со интерактивни игри.rn

    „Ми беше потребен тим за да ги создадеме постелнините. Јас само ја дадов идејата. Мојата сопруга, мајка ми и уште пет наставнички ми помогнаа да ги направиме дизајните на детските постелнини“ додал Гетлин.

    rnТатко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игриrnrnИсто така, битно е да се спомене дека со секое купување на постелнина, вие донирате за оние на кои им е најпотребно.rn

    „Како компанија, ние секогаш ќе бидеме посветени на децата и заедниците во општеството. Во моментов соработуваме со детските болници, засолништата за жени и уште многу хуманитарни организации ширум светот.“

    rnТатко ги претвора детските болнички постелнини во друштвени игриrnrnСпоред нив, досега се донирани 3.000 постелнини на оние деца кои не можат да си ги дозволат. Исто така, компанијата дава можност да ја одберете болницата или организацијата на која сакате да донирате.rnrnПогледнете ги и „развеселените“ ѕидови во една болница, дело на група уметници од Лондон.

  • Нема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудница

    Нема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудница

    Вкусната храна, прави сè да биде магично подобро, па дури и мачниот чин, како што е пораѓањето. Неодамна, корисничката на Imgur, jenkinsinjapan го родила Мито во Јапонија, а оброците коишто ѝ ги послужиле таму биле толку неверојатно вкусни, што таа морала да ги сподели на интернет со остатокот од светот. За многу кратко време, нејзината објава станала толку вирална, што луѓето ширум светот не можат да престанат да „лижат прсти“ и да ѝ се восхитуваат на оваа болница.rn

    Мојот царски рез не беше планиран, па храната којашто ја добив, не беше наменета да се јаде пред операција. Поголемиот дел од неа, секако не смеев да го изедам! Оброците не беа баш наменети за жени пред пораѓај. Но, не сум сигурна дали рестрикциите во храната коишто важат во текот на бременоста, се уште важат кога бебето ќе биде на пат да излезе?!“, објаснува Џенкинс. „Станува збор за приватна клиника за акушерство и гинекологија, но поголемиот дел од трошоците беа покриени од стандардното здравствено осигурување. Платив малку екстра, но тоа беа стандардни трошоци, како и во секоја друга болница во областа“, додава Џенкинс.

    rnПо сè изгледа, на оваа трудница ѝ била послужена храна којашто секојдневно им ја даваат на останатите пациенти во болницата. Продолжете надолу за да ги погледнете фотографиите од овие совршени оброци во јапонската болница.rn

    Палачинки за појадок (ми ги послужија пред породувањето, па маж ми ги изеде)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Ручекот што ми беше послужен пред пораѓањето

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Храна за закрепнување од царски рез (имав 3-4 оброци од овој тип, но само овој успеав да го фотографирам)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Првиот адекватен оброк после операцијата

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Француски тост за појадок

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Тестенини со морска храна за ручек

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Попладневна ужина

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Вечерен оброк

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Појадок во јапонски стил

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Рижото за ручек

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Попладневна ужина

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Оброк за прослава на раѓањето на бебето: предјадење (со безалкохолно пенливо вино)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Оброк за прослава на раѓањето на бебето: главно јадење (стек)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Оброк за прослава на раѓањето на бебето: десерт

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Супа за појадок

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Свинско за ручек

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Попладневна ужина

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Печени тестенини за вечерен оброк

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Последниот појадок!

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrnrnГледајќи ги овие слики, луѓето на интернет не можеа да престанат да „лижат прсти“ и да даваат само позитивни критики за храната во оваа болница. Погледнете дел од нивните коментари, во продолжение.rn

    После фотографииве што ги видов, ќе планирам моето идно дете да се роди во Јапонија. Планирано ви беше однапред породувањето во оваа болница? Живете таму?

    rn

    Ќе морам да резервирам маса во оваа болница. Ова изгледа превкусно!

    rn

    Јапонците дефинитивно ги бидува за врвно презентирање на храната. Плус, е неверојатно вкусна!

    rn

    Сето ова изгледа како да е припремено со многу љубов.

    rn

    Јапонските болници: Нашите пациенти треба да бидат среќни. Американските болници: Што да им послужиме, а да ги намалиме трошоците и да избегнеме тужби?

    rn

    Ова изгледа неверојатно и не само што е вкусно, туку луѓе, ова дефинитивно ќе го забрза процесот на закрепнување.

    rn

    Неверојатно. Во меѓувреме, тука во Канада, ми беше послужена каша, од којашто помислив дека ми го извадиле туморот, го исечкале на парчиња и ми го послужиле во чинија.

    rnПрочитајте ги и најпопуларните јапонски оброци за „зачинување“ на вашата исхрана.

  • Немаше ни светло, ни покојни роднини: Исповеди од луѓе кои доживеале клиничка смрт

    Немаше ни светло, ни покојни роднини: Исповеди од луѓе кои доживеале клиничка смрт

    Што се случува со нас кога ќе умреме? Ова прашање постои исто колку и самото човештвото, па токму затоа е и предмет на голем број истражување. Во потрага по вистината, еден корисник на Редит неодамна го поставил истото прашање, но само кон оние кои преживеале клиничка смрт. Пристигнале стотина одговори и иако секој од нив треба да се чита со доза внимание, тие можат да се поделат во 3 категории.rnrnНемаше ни светло, ни покојни роднини: Исповеди од луѓе кои доживеале клиничка смртrnrnПрвата категорија ја сочинуваат луѓе кои не почувствувале ништо, втората се оние кои виделе светлина и/или имале некаков контакт со личност од другата страна и во последната група се оние кои гледале што сè се случува околу нив додека биле „мртви“, но не можеле ништо друго да направат. Прочитајте дел од сведоштвата на луѓе кои доживеале клиничка смрт:rn

    „Малку се сеќавам на возењето со итната помош, но воопшто не се сеќавам на своето тело. Го гледав како тоа лежи додека покрај него имаше доктор со ментол зелена боја на коса. Јас го немав видено пред да се онесвестам, а сепак го познавав кога се разбудив. Дојдов при свест 3 дена подоцна.“

    rn

    „Стоев на некое место. Околу мене имаше магла, а потоа го здогледав мојот најдобар пријател со кој во тоа време се карав и не се дружев. Дојде од маглата и ми рече дека не можам сè уште да си одам, дека морам да продолжам да се обидувам и ако му ветам дека нема да се откажам ќе ме врати. Му ветив, но без зборови и во истиот момент се вратив.“

    rn

    „Се сетив на сè што доживеав кога ‘умрев’. Немаше ни светла, ни покојни роднини. Никој не ми велеше да се вратам, но видов нешта кои никако не можев да ги видам од местото каде што лежев. Се сеќавам дека зборував и дека бев многу лут затоа што никој не ми одговараше. Мајка ми потоа ми рече дека не сум зборувал ништо бидејќи сум бил мртов.“

    rn

    „Додека итната помош ме водеше кон болницата, се сеќавам дека стоев од страна и се набљудував себеси, како и сите кои беа со мене.“

    rn

    „Во еден момент бев буден, гледав што докторот прави и разговарав со него. Одеднаш се огласи аларм и сите почнаа да паничат. Сè околу мене стана магловито, а потоа се стемни. Следно нешто што се сеќавам е кога го чув докторот како рече ‘Го вративме’.“

  • Празнични болнички декорации кои покажуваат дека и помеѓу медицинскиот персонал се кријат креативни луѓе

    Празнични болнички декорации кои покажуваат дека и помеѓу медицинскиот персонал се кријат креативни луѓе

    Кога помислувате на болница, тоа тешко го поврзувате со Божиќ и новогодишните празници, но можеби оваа листа ќе го промени тоа. Барем за време на празничниот период. Кој би рекол дека ракавиците од латекс можат да се искористат за изработка на полустерилна новогодишна елка?rnrn0-praznichni-bolnichki-dekoracii-koi-pokazhuvaat-deka-i-pomegju-medicinskiot-personal-se-krijat-kreativni-lugje-kafepauza.mkrnrnДоколку пак работите во болница, можеби и вие ќе најдете инспирација да го разубавите вашето работно катче за новогодишните и божиќните празници.rnrn

  • ТВ серија: Црна шифра (Code Black)

    ТВ серија: Црна шифра (Code Black)

    ТВ серија за бројните случаи со кои се соочуваат докторите од најпосетуваната болница во Лос Анџелес

    rn(1) ТВ серија: Црна шифра (Code Black)Главни улоги: Хери Форд, Марсија Геј Харден, Бенџамин ХолингсвортrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Мајкл СеицменrnrnПремиера: 30 септември 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВо болниците, црна шифра значи дека протокот на пациенти е толку голем, што едноставно нема доволно ресурси да се третираат сите. На годишно ниво, во Америка, секоја болница има околу 5 дена со црна шифра. Но, во „Angels Memorial“ тоа се случува 300 пати во годината. Токму оваа болница е и инспирацијата зад оваа серија, со цел да можеме да видиме какво е чувството да се биде доктор во толку тешка и брза средина.rnrn(2) ТВ серија: Црна шифра (Code Black) (3) ТВ серија: Црна шифра (Code Black)rnrnПриказната започнува со 4-ца нови стажанти на нивниот прв ден на работа. На почетокот сè изгледа сосема нормално, па токму затоа и можеби ќе помислите дека станува збор за уште докторска серија од типот на „Grey’s Anatomy“. Но, со секоја нова сцена, вие сè повеќе ќе сфаќате дека оваа приказна се разликува од оние кои досега сте ги гледале од овој жанр. Станува збор за брза серија, која нема да ви дозволи ниту една секунда да можете да земете слободно воздух. Откако ќе почне да доаѓа напливот на пациенти, па до самиот крај на епизодата, вие постојано ќе седите на работ од вашето столче, не знаејќи каде попрво да гледате.rnrn(4) ТВ серија: Црна шифра (Code Black) (5) ТВ серија: Црна шифра (Code Black)rnrnНа кратко, оваа серија е одлична за оние кои се љубители на приказните за доктори и сакаат динамични приказни, но имајте на ум дека не е за оние кои имаат нервозен стомак. Сцените се најчесто прилично сликовити, па постојано ќе гледате различни видови медицински зафати кои изобилуваат со крв и други вознемирувачки слики. Ако овие сцени не ви пречат, тогаш нема причина зошто да не ви се допадне овој нов докторски тим на малите екрани.

  • 15 уметници ги развеселиле ѕидовите на една детска болница во Лондон

    15 уметници ги развеселиле ѕидовите на една детска болница во Лондон

    Самата помисла на болница е ужасна, па уште кога ќе стигнете таму и ќе го почувствувате оној болнички мирис сместен во вообичаениот сив ентериер, веројатно секој пат би сакале да се вратите назад. А ако сте дете, тогаш воопшто нема шанси да ви се седи таму. За жал, тоа е неизбежно за младите пациенти од Кралската детска болница во Лондон. Затоа петнаесетмина уметници од организацијата Витал Артс одлучиле да донираат цртежи на ѕидовите за тие да се чувствуваат колку-толку поубаво додека се таму. Мора да признаете, резултатите се навистина убави и би сакале сите болници да бидат вакви.rnrnКако 15 уметници ги развеселуваат дечињата од една детска болница во Лондон?rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Вероника реши да умре“ – Пауло Коелјо

    Книга: „Вероника реши да умре“ – Пауло Коелјо

    1-kniga-veronika-reshi-da-umre-paulo-koeljo-kafepauza.mkКоја е мерката за лудило?

    rn

    Наша оценка: 9/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rn„Вероника реши да умре“ е едно од постарите дела на Пауло Коелјо, па е и поразлично од она што го пружа во последните неколку години. Нема големи дози од магичниот реализам типичен за него, туку проблемот кој овде го изнесува го третира на пореалистичен начин. Се разбира, и овој пат приказната е автобиографска, а инспирирана од времето кое го поминал во установа за ментално здравје. Можеби веќе знаете, неговите родители сметале дека е луд затоа што сакал да биде писател и го пратиле таму за да го оправат. Но наместо тоа, таму се создал материјал за пишување. Тоа што е слично со другите негови дела е дека сопствената приказна и овој пат ја пренесува преку женски карактер.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnТоа е Вероника, млада 24-годишна девојка од Љубљана која решила дека треба да се самоубие. Не ѝ е сосема јасно зошто, но ете, сака да се самоубие. А нејзиниот живот наизглед е таков каков што секој на таа возраст би го посакал: дипломирала, работи, има момчиња, се забавува… Непосредно пред чинот размислува за банални работи барајќи повод за тоа што сака да го стори, давајќи до знаење дека вистинските причини таа ги носи скриени подлабоко во себе. На крај сепак ги испива таблетите и заспива мислејќи дека тоа е тоа, нема веќе да го живее овој мизерен живот во оваа мизерна земја. По некое време се буди во рајот, но тој не ѝ изгледа таков каков што го замислувала. Околу неа место ангели има растрчани луѓе облечени во бело кои ѝ зборуваат нешто нејасно. Набргу сфаќа дека е во психијатриската болница Вилет.rnrn2-kniga-veronika-reshi-da-umre-paulo-koeljo-kafepauza.mkrnrnТакво озлогласено место не може да биде рај. И што е уште полошо, преживеала! Но добро е барем тоа што нејзиниот кошмарен живот ќе трае само уште неколку дена. Нејзиното срце толку многу ослабнало од таблетите кои не успеаја да ја убијат, па каде и да е ќе замине и од болницата и од овој свет. Но, токму тогаш Вероника ќе доживее работи кои ќе ја натераат да се соочи со она што ја прогонува и на животот да почне да гледа на поинаков начин, како на некој кој вреди да се живее.rnrn„Вероника реши да умре“ е книга чие дејство се одвива во лудница – идеално место за испитување на поимот на лудилото. Коелјо овој пат на доста суптилен начин се впушта во расправа за дефинирање на лудилото, за тоа кој е луд, а кој не, но и понатаму на неговиот супер едноставен, разбирлив и забавен начин. Тоа што вам може многу да ви се допадне е тоа што книгата третира теми кои силно ги засегаат читателите од средина како нашата, во која конзервативноста секогаш се појавува во нови бранови славејќи ја покорноста кон нормите. И самата болница е метафора за простор исполнет со неконвенционални луѓе на кои им се суди според конвенционални норми, а особено е интересно прикажувањето на однесувањето на ментално болните кои се сместени таму.rnrnИма за што да се размислува откако ќе се заврши ваква книга.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 12 ноември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Татко побарал од интернет заедницата да ја фотошопира неговата 6-неделна ќерка откако починала

    Татко побарал од интернет заедницата да ја фотошопира неговата 6-неделна ќерка откако починала

    Малата Софија починала само 6 недели откако се родила. Целиот свој краток живот го поминала во болница борејќи се со хепатитен хемангиом на црниот дроб. Единствените фотографии што ги имал нејзиниот татко Нејтан Стефел биле со медицински цевки кои целосно ја прекривале. Затоа ги замолил корисниците на Редит да ги отстранат во Фотошоп.rnrn1-tatko-pobaral-od-internet-zaednicata-da-ja-fotoshopira-negovata-6-nedelna-kjerka-otkako-pochinala-kafepauza.mkrnrn rn

    „Фотошоп молба: Мојата ќерка неодамна почина после долга битка во детска болница. Бидејќи таа беше во болница целиот свој живот немавме можност да направиме фотографија од нејзе без цевките. Може некој да ги отстрани цевките на оваа фотографија?“

    rn2-tatko-pobaral-od-internet-zaednicata-da-ja-fotoshopira-negovata-6-nedelna-kjerka-otkako-pochinala-kafepauza.mkrnrnЗаедницата на Редит одговорила масовно, искажувајќи сочувство и праќајќи различни интерпретации на фотографијата од Софија. Некои артисти дури направиле цртежи и слики од малата Софија. Нејтан добил стотици одговори, сите од луѓе кои сакале да одвојат малку од своето време за да му помогнат на Стефел во процесот на жалење за својата загуба.rnrn

    rnrnОваа трогателна приказна нѐ потсетува дека има многу добрина и сочувство во светот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мили лами им носат радост на болните и постарите

    Мили лами им носат радост на болните и постарите

    Во Америка постојат околу 10.000 животни тренирани за терапија. Од сите тие, 14 се лами. Во статија која била објавена за „Colors Magazine“, фотографката Џен Озборн придружувала 2 лами-терапевти во нивната посета на центарот за рехабилитација „Белингам Хелт“ во Вашингтон.Мили лами им носат радост на болните и постаритеНа фотографиите можете да ги видите Marisco и N.H. Flight of the Eagle, две лами тренирани за терапија од страна на Ники Кукленски. За да бидат избрани, ламите мора да се барем 2 години стари, никогаш да не биле исхранувани со шише и да поминат на неколку тестови кои го мерат нивното однесување во стресни ситуации. Само мал дел од ламите имаат темперамент кој им овозможува да бидат терапевти.Мили лами им носат радост на болните и постарите Мили лами им носат радост на болните и постарите Мили лами им носат радост на болните и постаритеrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.