КАФЕ ПАУЗА

Tag: библиотека

  • Магична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушни

    Магична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушни

    Богатото и историско културно наследство на градот Дуџјиангјан во Југозападна Кина, град со историја од околу илјада години, го краси и иновативниот дизајн на книжарницата Zhongshuge, чија оптичка илузија ја прави книжарницата да изгледа како бесконечна библиотека.rnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnОвој ефект е постигнат благодарение на огледалата сместени на таванот, спиралните скали и заоблените сводови. Главен архитект на книжарницата е Ли Шјианг, основач на архитектонското студио X+Living со седиште во Шангај, а била свечено отворена во есента 2020 година.rnrnВо продолжение погледнете ги сликите од книжарницата чиј надреалистички дизајн сигурно нема да ве остави рамнодушни.rnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnМагична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушниrnrnОткако прочитавте за надреалистичкиот дизајн на кинеската книжарница, можеби ќе сакате да прочитате и за книжарницата во Пекинг со магичен тунел од книги.rnrnИзвор: designyoutrust.com

  • Огромна библиотека која содржи 50.000 книги, но ова место не е само за читателите

    Огромна библиотека која содржи 50.000 книги, но ова место не е само за читателите

    Јапонскиот архитект Кенго Кума кој го дизајнираше ова гигантско место што повеќе одговара на простор за културно собирање отколку на колекција традиционални книги. Само неколку месеци по нејзиното отворање, познатата гранитна зграда во Токио веќе беше домаќин на неколку претстави со овие грандиозни театри на книги како позадина. Ако сте љубители на книгите и театарот, тогаш ќе го обожавате и ова место.rnrnОгромна библиотека која содржи 50.000 книги, но ова место не е само за читателитеrnrnОгромна библиотека која содржи 50.000 книги, но ова место не е само за читателитеrnrnОгромна библиотека која содржи 50.000 книги, но ова место не е само за читателитеrnrnОгромна библиотека која содржи 50.000 книги, но ова место не е само за читателитеrnrnОгромна библиотека која содржи 50.000 книги, но ова место не е само за читателитеrnrnОгромна библиотека која содржи 50.000 книги, но ова место не е само за читателитеrnrnМожеби ќе ве интересира и како еден британски пар создал прекрасен дом од лондонски автобус.

  • Неверојатна библиотека во Кина со футуристички дизајн

    Неверојатна библиотека во Кина со футуристички дизајн

    Оваа неверојатна библиотека има 5 ката и се наоѓа Тијанџин, Кина. Библиотеката е дизајнирана од холандската компанија MVRDV во соработка со Институтот за урбано планирање и дизајнирање на Тијанџин. Библиотеката зафаќа површина од 34.000 метри квадратни и има место за 1,2 милиони книги. На средината на библиотеката се наоѓа огромен аудиториум во форма на сфера.rnrn(1)neverojatna-biblioteka-vo-kina-so-futuristichki-dizajn-kafepauza.mkrnrnЗа изградбата биле потребни 3 години. Библиотеката има читална на приземје, места за седење на средните катови, а на највисокиот кат се наоѓаат канцеларии, сали за состаноци и компјутерски соби.rnrn(2)neverojatna-biblioteka-vo-kina-so-futuristichki-dizajn-kafepauza.mkrnrnСепак, можеби ќе биде навистина тешко да се учи во оваа библиотека бидејќи неверојатната архитектура постојано ќе ви го одвлекува вниманието.rnrn(3)neverojatna-biblioteka-vo-kina-so-futuristichki-dizajn-kafepauza.mkrnrn(4)neverojatna-biblioteka-vo-kina-so-futuristichki-dizajn-kafepauza.mkrnrn(5)neverojatna-biblioteka-vo-kina-so-futuristichki-dizajn-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Библиотека околу вратот: Љубителите на книги нема да можат да одолеат!

    Библиотека околу вратот: Љубителите на книги нема да можат да одолеат!

    Марго и Волтер се брачен пар кој има два слатки сина по име, Сорен и Силас. Сите заедно работат во својата работилница која се наоѓа во Филаделфија. Нивната работилница „Pegand Awl“ е вистинско мало откритие, а во неа се изработува скоро сè – накит, чанти, футроли, тетратки, нотеси…rnrn1-biblioteka-okolu-vratot-ljubitelite-na-knigi-nema-da-mozhat-da-odoleat-www.kafepauza.mk_rnrnНивната работилница е посебна по тоа што на некој начин се занимава со рециклажа, односно сите предмети кои се прават кај нив се направени од стари, заборавени работи. Нивниот накит е доста занимлив и го прикажува новиот живот на отфрлените работи. Најпрво овие забавни работи ги произведувале само за себе, а потоа тоа прераснало во создавање на забавни работи за секој кој ќе ги посака. Во продолжение издвоивме дел од нивната работа наменета исклучиво за љубителите на пишаниот збор. Се надеваме дека ќе уживате!rnrn

  • Сон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумите

    Сон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумите

    Некои луѓе сакаат да читаат дома, други во паркови во природа, трети, пак, во автобус додека патуваат за на училиште или работа. Некои сакаат да читаат на најтивкото место што можат да го најдат, место што ќе им дозволи целосно да нурнат во волшебниот свет на книгите без да се грижат дека магијата ќе исчезне поради гласната бучава.rnrnСон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумитеrnrnДоколку се пронајдовте во последниот опис, со сигурност ќе ви се допадне оваа изолирана библиотека скриена во шумите во Њујорк. Нејзиниот дизајн е дело на американската фирма „Studio Padron“ и се вика „Hemmelig Rom“, што на норвешки значи „тајна соба“. Црната колиба од 200 метри квадратни е изградена од дабово дрво и внатре има кревет, фотелја, работна маса и шпорет на дрва за да ви биде топло додека стуткани го читате романот што сте го одбрале од многубројните полици со книги околу вас.rn

    „Тајната соба“ е изградена и опкружена од дабови дрвја

    rnСон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумитеrn

    Просторите помеѓу дабовите цепаници однатре формираат полици за книги

    rnСон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумитеrn

    Благодарение на шпоретот на дрва ќе ви биде топло и удобно додека си ја читате вашата нова омилена книга

    rnСон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумитеrn

    Зар не би сакале да поминете една вечер тука?

    rnСон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумите

  • Театар стар 100 години претворен во библиотека од соништата

    Театар стар 100 години претворен во библиотека од соништата

    Во прекрасниот Буенос Аирес, постои библиотека што изгледа поразлично од сè што досега сте виделе. Позната како „El Ateneo Grand Splendid“, таа го привлекува вниманието на љубителите на книги ширум целиот свет. Објект во кој се наоѓа прво бил театар, кој е скоро 100 години стар (бил отворен во 1919 година), но по визијата на архитектот Фернандо Манзон, бил трансформиран во библиотека. Тој успеал да задржи голем дел од оригиналните архитектски елементи, вклучувајќи ја и сцената, балконите, надворешниот дизајн, па дури и црвената завеса. Погледнете…rnrn(1) Театар стар 100 години претворен во библиотека од соништата rnrn

  • „Убавицата и ѕверот“ – фотосесија од бајките

    „Убавицата и ѕверот“ – фотосесија од бајките

    Бенџамин Фон Вонг – млад талентиран фотограф, нè остава без здив со најновата фотосесија направена во една од најголемите библиотеки во Австрија и воопшто во светот, Штифт Адмонт. Во процесот на изработка, тој несвесно направил извонредни фотографии кои премногу потсетуваат на бајката „Убавицата и ѕверот“.rnrn1Ubavicata-i-dzverot- fotosesija-od-bajkite-kafepauza.mkrnrn rn

    Таа фотосесија не требаше да биде ништо повеќе од волшебна и надреална фантазија. Но, во сред работа сфатив: ‘О, Боже, јас сум всушност во проклета бајка’.“

    rn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

    12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

    Сите сакаме различни работи и имаме различни начини на минување на слободното време. Некој е зависен од најновите филмови, некој пак ужива читајќи. Вљубениците во книгите се борат да го вметнат трендот на читање во брзото темпо на живот и да ја поттикнат свеста за значењето на оваа добра навика. Ова се 12 знаци дека сте луди по книги, и сè што е поврзано со нив. Да, тука се вбројуваат и вашите гласни извици и реакции на она што го читате па затоа сте како чудаци кога читате на плажа.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

    1. Долго време одбирате книга

    rnКога ќе влезете во книжара се заборавате. Срцето почнува забрзано да ви чука поради целиот избор што го имате пред себе. Обожавате да ги префаќате книгите, да ги чувствувате нивните корици, префинето да ги одбирате однесувајќи се како врвни дегустатори на вино. Откако ќе ја одберете книгата што ќе ја купите, ја кревате главата и одеднаш се враќате во овој свет. Потоа забележувате блага насмевка на лицето на продавачката на книги, која би можела да се протолкува: „Страстен вљубеник во книгите, исто како и јас“, или насмевка на олеснување: „Конечно, конечно одбра и ќе си замине.“rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

    2. Верувате дека книгата е секогаш најдобриот подарок

    rnВерувате дека има голема вистина во изреката „Кога човек ти подарува книга, тој бара да му погледнеш во срцето“. Затоа уште повнимателно ги одбирате книгите што ќе ги подарите некому. Го сметате тоа како вистински подарок за секого. Ако не чита книги може секогаш да почне. Дури сте горди со вашата способност да одберете соодветна книга за секого.rn

    3. Продавачите на книги и библиотекарите во вашиот град или населба ве знаат по име

    rnКога влегувате во најблиската книжара со продавачката немате формално добар ден, туку повеќе пријателско како си и што има ново.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

    4. Луѓето ви се обраќаат за совет за што да читаат

    rnЗнаете да навлезете во прилично длабоки разговори за книгите, уште ако ви се погоди и друштвото, вие сте на седмо небо. Душата ви се полни кога некој ќе ве праша за предлог книга. Горди сте на отсечната и како од пушка оценка за најновите наслови.rn

    5. Во домот имате мала библиотека

    rnКоја буквално функционира како библиотека само не им наплаќате за членство на вашите пријатели или членови на семејството. Но затоа секогаш знаете која книга кај кого е, кога ја зел и кога ја вратил и дали била оштетена. Сè е запишано и нема шанси да ви избега од вид.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

    6. Прекрасно се чувствувате кога ќе влезете во библиотека/книжарница или читална

    rnБуквално чувствувате дека сте меѓу луѓе од ваш вид и веднаш, без разлика каков ви бил денот, вашето расположение се подобрува. Иако по природа можеби сте интроверти, секогаш знаете да си направите добар и слободен муабет со оној кој ви ги препорачува книгите и да споделите искуства.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

    7. Кога ќе посетите нов град, прво нешто што забележувате се книжарниците

    rnИли тезгите со стари книги, можеби и градската библиотека пред која ќе се сликате. Знаете да купите по некоја книга како сувенир.rn

    8. Се револтирате од лажното познавање на книгите од страна на некои личности

    rnКнижевноста е вашето второ јас и ужасно ве револтира кога гледате постови на социјалните мрежи како слики со книги или коментари за книги од личности за кои знаете дека не ја сакаат книгата туку го прават она што е во „тренд“.rn

    9. Сонувате да отворите ваша библиотека или кафе-книжарница

    rnТоа би ви било како прибежиште од сите лудории на светот околу вас, од гласните луѓе и метежот. Тоа би било остварување на вашиот сон. Може да имате и друга работа, но тука ќе доаѓате во слободно време и ќе бидете сопственик на мало богатство. Ах, соништа.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

    10. Не можете да ги „сварите“ сите писатели, но ги почитувате

    rnМожеби не можете да го „сварите“ Хемингвеј, но го почитувате како писател. Како што растете сфаќате дека кога станува збор за книгите и стиловите, во прашање се вкусови, па затоа не практикувате остро да го негирате она што не ви е по ќеф.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

    11. Зачленети сте макар на една веб-страница од каде може да порачувате книги

    rnИ не си го знаете пасвордот бидејќи никогаш не се одјавувате па навистина нема потреба да го пишувате.rn

    12. Многупати ви се случило да заспиете над книга

    rnКога ќе си речете уште една страница, па уште една, само уште една. Се будите по некој час со лузна од очилата притиснати за вашиот образ.

  • Неверојатно детално изработена торта изгледа како внатрешноста на библиотека

    Неверојатно детално изработена торта изгледа како внатрешноста на библиотека

    Кејти Кнаус неодамна ги открила своите креативни способности за дизајнирање торти. Таа создава голем број интересни сцени, животни и предмети, но најпозна дело досега ѝ е тортата во форма на библиотека. Во оваа неверојатна креација, Кнаус рачно ја дизајнирала внатрешноста на една јавна библиотека. Таа внимавала на сите детали, вклучувајќи ги и циглите во внатрешноста на зградата, плочките на подот, масите, ламбите на читање, како и сите полици со книги за читање. Овој дизајн изгледа толку добро што на момент ќе се запрашате дали е вистинит.rnrnНеверојатно детално изработена торта изгледа како внатрешноста на библиотекаrnrnПогледнете ги и останатите забавни торти кои таа ги дизајнира…rnrn

    rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат

    Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат

    Со овој забавен дизајн, родителите повеќе нема да мораат на своите деца да им го двојат времето за играње и времето за читање и учење. „The Reading Net“ (Мрежа за читање) изработена од креативното дизајнерско студио „Playoffice“ е весел дизајн, кој го охрабрува читањето низ забава.rnrnМрежа за читање на која сите деца ќе уживаатrnrnМадридското студио дошло до идеја да инсталира ваква кул мрежа во библиотека, но таа може да се постави и во секој дом. Заштедата на просторот и разиграноста на мрежата, се среќно решение и за родителите и за децата.rnrnМрежа за читање на која сите деца ќе уживаатrnrnМладите читатели во библиотекава прво си одбираат неколку од нивните омилени приказни и потоа се качуваат на мрежата која виси над родителите, што им дава можност одоздола да припазуваат на нивните деца. На овој начин, децата повеќе не се ограничени на досадно седење на столчиња. Тука можат да седат, да лежат, да висат со главата надолу, па дури и да ги лулаат нивните стапала на еден ќош од мрежата, кој служи за нивно затскривање од родителите кои седат под нив.rnrnМрежа за читање на која сите деца ќе уживаат Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаатrnrnКреативната средина е возбудлива за дечињата, бидејќи заедно со останатите другарчиња можат да си прочитаат по едно поглавје од книгата, а потоа да се релаксираат, енергично скокајќи по мрежата, за да ги „истрошат“ малку батериите пред повторно да продолжат со читање на нивните приказни.rnrnМрежа за читање на која сите деца ќе уживаат (6) Mrezha za chitanje na koja site deca kje uzhivaat-www.kafepauza.mk Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.