Заглавен во секојдневното обврзување кон правдата, дури и Бетмен понекогаш има потреба да се одмори. Па, за да искуси барем малку нормален живот, покрај хаотичната работа, тој прави буквално сè што може за да биде едноставен човек. Погледнете ги овие фотографии од Себастијан Магнани од секојдневниот живот на Бетмен и уживајте во неговите сосема нормални рутини.rnrn
Најголемите херои на планетата и пошироко застануваат на двете спротивни страни на фронтот во битката за опстанокот на човештвото
rnРежија: Зек СнајдерrnrnУлоги: Бен Афлек, Хенри Кавил, Ејми Адамс, Џереми Ајронс, Гал Гадот, Џеси АјзенбергrnrnВреметраење:153 минутиrnrnПремиера: 23 март 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnТемниот витез или челичниот човек? Кој ќе извојува победа во идеолошката битка помеѓу двајцата најголеми титани во поп културата е прашање кое долго време се дебатира од училишните дворови до големите бизнис сали за конференции. Додека едниот е човек кој верува дека со своите ресурси може самостојно да ја донесе правдата во светот и да го спаси од корупција, другиот е една виртуелно неуништлива фигура на спасител, вселенски месија чие име стои како синоним за силата, истрајноста и одговорноста.rnrnrnrnВо долго очекуваното продолжение на „Челичниот човек“ ја следиме приказната на најголемите херои од DC Comics, кои наместо да ги соединат своите сили и заедно, како последна надеж на човештвото, да застанат против светското безредие, тие се вртат еден против друг и мотивирани од своите емоционални импулси, буквално ги преобликуваат градовите со нивните лица. „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ е филм кој структурално и содржински се обидува да го достигне триангуларното дејство на маестралниот „Темниот витез“ од режисерот Кристофер Нолан кој до ден денес го држи златниот стандард за суперхеројските филмови.rnrnrnrnАктерската екипа дава солиден перформанс, каде најголемите пофалби ги носи Бен Афлек кој ни ја покажува онаа монструозна, неистражена страна на Брус Вејн, кој и покрај неговата одлучност, генијалност и издржливост, сепак не останува имун на кошмарите и психичката длабочина која го обликува неговиот повеќе од потребен херој. Хенри Кавил го покажува својот Супермен како метачовек поделен помеѓу идеологиите на Кларк Кент и Кал-Ел, кој се обидува да му докаже на човештвото дека неговата суштина не смее да стои како симбол на неуништливоста и стравот, туку како симбол на правдата. Дека идејата на неговото исконско име не смее да се гледа како оружје за масовно уништување, туку како заштитник на мирот.rnrnrnrnЧовекот кој уште од самиот почеток ги држи конците во рацете, манијакалниот манипулатор кој си игра со животите на другите и главниот антагонист во приказната олицетворен во психотичниот Лекс Лутор (Џеси Ајзенберг), иако малку претеран, сепак прикажува еден технолошки гениј кој верува дека божественото е всушност човечко и кој, достојно на секоја психопатска особина, е способен да го жртвува целиот свет за да ја постигне својата цел. Во филм каде секој сака да се доискаже, Гал Гадот ни претставува една Дијана Принц која ја цени и практикува дарбата на молчењето и ни дава солиден приказ на храбрата амазонка која отсекогаш се двоумела дали нејзината моќ е навистина потребна за луѓето.rnrnrnrnМузиката е повеќе од фантастична, што е и очекувано, доколку се земе предвид фактот дека станува збор за Ханс Цимер кој ја има таа ретка композиторска вештина да направи да заборавите дека постои музика која го прати филмот, бидејќи таа совршено соодветствува со дејството. Сценариото е на моменти конфузно и има недостаток на хумор и конструктивен дијалог, но, она што може да се каже дека е вистинскиот криптонит за филмот е режијата на Зек Снајдер, кој слично на своите претходни проекти, го става фокусот на визуелната естетика, наместо на наративата и карактерното развивање. Но, и покрај неговата техника повеќе да размислува во слики и кадри, отколку во текст, гледаме еден огнен спектакл во кој филозофијата не игра голема улога, но својата вистина и својата убавина ги крие во универзум на вистински тероризам каде есенцијалниот контекст не се гледа во победата, туку во падот на херојот.rnrn
rnГлавни улоги: Кори Мајкл Смит, Бен Мекензи, Доналд ЛогrnrnЖанр:криминал, драма, трилерrnrnКреатор:Бруно ХелерrnrnПремиера: 22 септември 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСте се запрашале ли некогаш како изгледал градот Готам во времето пред Бетмен? Оваа ТВ серија ни го покажува токму тоа. Приказната започнува со убиството на родителите на малиот Брус Вејн (Дејвид Мазуз), а во центарот на настаните е детективот Џејмс Гордон (Бен Мекензи) кој со целата своја сила се бори против криминалот кој владее во овој град. Изгледа дека тој е единствениот детектив кој навистина се бори за правда и кој не е корумпиран, а токму оваа карактеристика може да го чини живот…rnrnrnrnЏејмс и неговиот циничен партнер, Харви Булок (Доналд Лог), многу брзо и лесно ќе го решат случајот за убиството на родителите на Брус Вејн, но работите не секогаш се онака како што изгледаат. Џејмс ќе открие дека за убиството била наместена невина личност и токму овој настан ќе го натера да започне со сопствена потрага на вистинскиот убиец. Тој дури ќе му ја признае вистината и на малиот Брус и ќе му вети дека ќе ја открие мистеријата позади загубата на неговите родители.rnrnrnrnНавистина е интересно да се гледа како се развиваат ликовите од градот Готам кои сите ние толку добро ги познаваме. Војната која ќе го преземе овој град ќе однесе голем број криминалци како жртви, но таа исто така ќе помогне и во раѓањето на голем број злобни негативци. Додека сè ова се случува, младиот Брус трпеливо ќе набљудува и токму оваа опсесија со криминалот во градот ќе предизвика еден ден тој да побара одмазда како Бетмен.rnrnrnrnВо оваа ТВ серија покрај младиот Брус ќе имате можност да погледнете и во животите на Жената-мачка, Џокерот како и на многу други познати ликови од филмовите… Накратко, ако ви се допаѓа приказната за животот на Бетмен и градот Готам, со сигурност ќе ви се допадне и оваа верзија од минатото.rnrn rnrn
Веќе сме пишувале за „The Piano Guys“, момците кои со пијано и виолончело прават неверојатно добри преработки на светските музички хитови, а за нив прават и преубави видео спотови. Нивната најнова преработка е колаж од повеќе композиции кои биле употребени како насловни за филмовите за Бетмен. Од добро познатата заразна музика од старата ТВ серија за суперхеројот, па сè до трилогијата на Кристофер Нолан со Кристијан Бејл во главната улога, можеме да ги слушнеме сите мелодии кои досега се појавиле во овие филмови.rnrnДоста труд вложиле и во спотот: со секој преод од еден во друг саундтрак, преоѓаат и во друга ера на филмовите за Бетмен, создавајќи аудиовизуелно делo кое одговара на квалитетот на кој нè навикнале.rnrnrnrn rnrn
Овие десет постери се дела на Марко Манев, дизајнер и илустратор од Скопје. Изложувал повеќе пати во Македонија, но со оваа серија доби внимание во целиот свет. Ова не му е првпат, затоа што веќе има изработено серија минималистички постери посветени на стриповите на Марвел, кои беа интересни за светската публика. Оваа се разликува од неа по безбојноста и е наречена „Superhero Noir“.rnrnБетменrnrnХулкrnrnСпајдерменrnrnВолверинrnrnСуперменrnrnАјронменrnrnДоктор МенхетенrnrnТорrnrnКапетан АмерикаrnrnСребрениот сурферrnrn
Сите досегашни варијации на логото на Бетмен, собрани на една слика. Погледнете ја неговата еволуција во изминатите 70 години. До денеска се претставени 30 различни дизајни.rnrn
Може ли товарот на минатото да го спречи доброто во борбата со злото?rnrnРежија: Кристофер НоланrnrnУлоги: Кристијан Бејл, Том Харди, Гери Олдман, Ен Хатавеј, Морган Фримен, Мајкл КејнrnrnВреметраење: 165 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 јули 2012rnrnЖанр: акција, криминалистичка драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnИ третото продолжение на серијалот за Бетмен режирано од Кристифер Нолан го задржува извонредниот квалитет на своите претходници. Дури и да не сте фан на филмови со суперхерои, оваа епска борба помеѓу доброто и злото во имагинарниот Готам Сити има сè што е потребно за да го заслужи вашето внимание. Бетмен не е ладен натчовек кој бестрашно им се спротиставува на лошите момци, туку е портретиран како обичен смртник кој има свои подеми и падови. Впрочем, да не е неговиот специфичен костум, тешко дека ќе имате чувство дека следите филм со суперхерој од стриповите.Дејствието продолжува осум години по смртта на детективот Харви Дент. Сите овие години Брус Вејн (Кристијан Бејл) живеел изолирано од останатиот свет со својата грижа на совест. За среќа, Готам Сити е речиси целосно исчистен од криминал, па неговите дела не му се потребни на градот. Мирниот живот ќе трае сè додека не дојде терористот Бејн (Том Харди), со намера да спроведе своја правда и нов поредок заканувајќи се со нуклеарна бомба. На Брус Вејн му е јасно дека на Готам му е неопходна помошта од Бетмен, особено откако ќе биде киднапиран полицаецот Џејмс Гордон (Гери Олдман) и откако ќе сфати дека терористите ја имаат помошта и од жената-мачка (Ен Хатавеј). Тогаш тој ќе биде соочен со демоните од минатото и грижата на совест поради смртта на Рејчел и Храви Дент, но ќе мора да ги надмине ако сака уште еднаш да го спаси својот град од криминалците.Додека го гледате филмот приказната може да ви изгледа малку познато, но не од стриповите или од претходните филмови со Бетмен. Таа многу наликува на онаа од реалноста во која човештвото се бори против тероризмот: Бејн доаѓа со своето оружје да спроведе правда според своите сфаќања, а Готам многу потсетува на Њуjорк.„Бетмен: Подемот на црниот витез“ е извонреден филм на кој не му фали тензија и е доволно драматичен да ве задржи пред екранот речиси три часа. Покрај интересната приказна заслужна за тоа е и актерската екипа во која особено се истакнува Том Харди во улогата на Бејн. И да, сепак има многу специјални ефекти, иако во него секоја сцена изгледа премногу реално. Сè на сè, возбудлива акција која заслужува чиста десетка и која мора да се изгледа.rnrn
Оваа фотографија на сите Бетмобили наредени еден до друг, не само што создава носталгични чувства, туку ни покажува и колку многу време поминало. Првата приказна за Бетмен е создадена во 1939 година. Оттогаш, Бетмобилот е составен дел во секоја приказна за легендарниот лик.Можеби не постои момче, кое како како дете не мечтаело да поседува Бетмобил. За повеќе информации за историјата на овој култен автомобил, погледнете го трејлерот за документарниот филм за Бетмобилите.rn
Артистот Анди Ферхрст е авторот на овие интересни слики. Тој со нив сакал да го прикаже моментот кој го искусува секое мало детенце, играјќи си суперхерој.rnrnТорrnrnБетменrnrnЖена-мачкаrnrnСуперменrnrnАјронменrnrnВулверинrnrnКапетан АмерикаrnrnЈавач на духовиrnrnХулкrnrnPoison IvyrnrnСпајдерменrnrn
Аган Харахап е индонезиски фотограф и илустратор роден во 1980 година. Моментално работи за магазинот TRAX, а еден од неговите последни проекти наречен „Супер херои“ навистина ги докажува неговите неверојатни вештини во Фотошоп.rnСеријата се состои од обработени стари познати фотографии направени за време на војните ширум светот и од политички настани кои го одбележаа 20-от век, во кои перфектно е вметнат некој херој или негативец од стриповите. Одлично завршена работа која ќе ве воодушеви.rn