КАФЕ ПАУЗА

Tag: бенефит

  • 15 неверојатни здравствени придобивки од слушањето бел шум (white noise)

    15 неверојатни здравствени придобивки од слушањето бел шум (white noise)

    Што е тоа бела бучава?

    rnБелата светлина е мешавина од сите компоненти на светлината, односна таа е сочинета од индиго-виолетова, сина, зелена, жолта, портокалова и црвена (односно од сите бои на виножитото, по ред). На сличен начин, кога ќе се искомбинираат сите звучни фреквенции коишто e возможно да ги чуе човековото уво, се формира белата бучава или белиот шум. Тоа во суштина и не е бучава, туку нежен звук, како што е звукот на ветрот којшто шумоли низ дрвјата. Еден од најдобрите примери за природна бела бучава е успокојувачкиот звук на океанските бранови. Кога овој звук ќе се искомбинира со музика, тоа доведува до чувство на хипноза и целосна релаксација.rnrn15 неверојатни здравствените придобивки од слушањето бел шум (White Noise)rn

    Дали белата бучава е добра за здравјето?

    rnМногу луѓе комбинираат медитација со слушање бел шум, со цел подобро да се внесат во неа и да ги извлечат нејзините придобивки, на поефикасно ниво. Доколку ова го практикувате подолг временски период, тоа може да ви помогне на физичко, психолошко и спиритуално ниво. Со тек на време, ќе забележите како се подобрува вашата концентрација, интуиција, емоционална стабилност и продуктивност. Воедно, може да ви помогне и во развојот на вашата самодоверба и волја.rn

    15 изненадувачки бенефити од белиот шум

    rnСекојдневното слушање бел шум има изненадувачки здравствени придобивки за луѓето. Тој е еден од најдобрите извори на звук, којшто ќе ви овозможи ослободување од стресот, ќе ви помогне да се релаксирате и ќе ве направи спокојни и урамнотежени. Белиот шум овозможува и да постигнете состојба на длабок и цврст сон, што го прави одлично средство за полесно заспивање кај луѓето што имаат ваков проблем. Тој ги подобрува когнитивните функции, овозможува поголема бистрина на умот и има разни терапевтски бенефити. Погледнете дел од нив:rn

    1. Бел шум + медитација

    rnКако што веќе споменавме погоре, доколку сакате да извлечете поголеми придобивки од вашето медитирање, пожелно е да вклучите бел шум во позадина, бидејќи тој ќе ве внесе подлабоко во слоевите на вашата потсвест.rn

    2. Полесно заспивање на бебињата

    rnГолем број бебиња плачат прекумерно поради воспаление на дебелото црево, односно колитис. Белиот шум ќе им овозможи релаксирачка околина, којашто поволно делува на нивниот сон.rn

    3. Го подобрува квалитетот на сонот

    rnГолем број луѓе во денешно време имаат проблем со т.н. хигиена во спиењето, што значи дека не успеваат да си легнат и станат секој ден во исто време, за да се чувствуваат отпимално одморено и енергично. Овој звук, може да биде ефикасна алатка кај пациентите коишто страдаат од несоница, бидејќи тој успешно се бори против неможноста за заспивање и вознемиреноста.rnrn15 неверојатни здравствените придобивки од слушањето Бел шум (White Noise)rn

    4. Го намалува зуењето на ушите

    rnНекои луѓе се жалат од зуење или ѕвонење во ушите, а белата бучава се покажала како ефикасна во намалувањето на тинитусот.rn

    5. Помага кај пациентите со ADHD

    rnУпотребата на бела бучава покажала охрабрувачки резултати кај децата коишто страдаат од синдром на недостаток на вниманието и хиперактивност или т.н. хиперкинетски синдром.rn

    6. Го подобрува вниманието

    rnБелиот шум го привлекува вашето внимание, без го наруши вашиот емоционален коефициент.rn

    7. Ја развива менталната будност

    rnОвој звук го елиминира вашиот психички неред, немир и конфузија, што од своја страна значи дека е одличен за создавање тишина во вашиот ум.rn

    8. Ги релаксира пациентите коишто се под хипноза

    rnПоточно речено, овој звук може да има клучна улога во релаксирањето на пациентите коишто користат метод на хипноза.rn

    9. Ја зголемува продуктивноста

    rnПријатниот звук има моќ да ја подобри вашата продуктивност.rnrn15 неверојатни здравствените придобивки од слушањето Бел шум (White Noise)rn

    10. Ја подобрува концентрацијата

    rnБелиот шум ја подобрува концентрацијата и ефикасноста во вашето работење, преку елиминирање на надворешните пречки и звуци.rn

    11. Помага при учење

    rnБелиот шум е одличен за студенти, бидејќи овозможува фокусирање и паралелно го елиминира ефектот на бучава кој го предизвикуваат луѓето околу вас, ‘рчењето на вашиот цимер и слично.rn

    12. Ги маскира звуците на работното место

    rnБелата бучава може да се користи како маскирачки акустичен систем, којшто може да ги прикрие звуците што произлегуваат од вашите колеги или од нивните електронски уреди, како и звуците од апаратите или машините доколку работите во фабрика, што значи дека делува многу поволно за секое вработено лице.rn

    13. Спречува вртоглавици

    rnПријатниот звук спречува создавање на вртоглавици и зашеметување.rn

    14. Им помага на пациентите на интензивна нега

    rnПациентите коишто лежат на интензивна нега може да почувствуваат олеснување и релаксирачки амбиент, доколку им се пушти бел шум, кој ќе ги маскира другите звуци во болницата.rn

    15. Има практична примена за време на авионски летови

    rnБелиот шум може да се користи и во текот на авионските летови и во хотелските соби, за да се намалат непријатните звуци и да се осигура спокојна средина.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Krf6EnnVCTIrnrnПогледнете го ова видео, коешто е идеална комбинација од нежна, њу ејџ амбиентална музика и бела бучава од пороен дожд. Доколку не сакате да има музика во позадина, одберете бел шум само од дожд, океански бранови, дување ветер, паѓање на водата од водопадите, исклучена ТВ програма (како на МТВ доцна навечер), звукот од фен и слично. Уживајте.rnrnПрочитајте и дали бинауралните тонови навистина помагаат за заспивање?

  • Еве што му се случува на телото по само еден тренинг!

    Еве што му се случува на телото по само еден тренинг!

    Кога ќе започнете да вежбате, првите неколку дена чувствувате ужасни болки кои мислите дека се агонични, но дури и после првото вежбање во телото се случуваат големи промени. Затоа само продолжите да вежбате. Еве што се случува по само првиот тренинг.rnrn0-eve-shto-mu-se-sluchuva-na-teloto-po-samo-eden-trening-kafepauza.mkrn

    1. Стресот исчезнува

    rnПоследната анкета во САД открива дека само 14% од луѓето тренираат за да го намалат нивото на стрес. Дури и ако вежбањето ви создава стрес, сепак тоа стимулира подобра циркулација на крвта до мозокот и лачење на ендорфин – хормонот на среќата.rn

    2. Се спречува настанок на дијабетес

    rnНиските нивоа на инсулин создаваат дијабетес. Во истражување од 2007 луѓе кои вежбаат откриле дека само еден тренинг ги намалува масните наслаги во мускулите што го забрзува производството на инсулин.rn

    3. Може да дојде до промена на ДНК

    rnВо студија од 2012 шведските истражувачи откриле дека здравите, но неактивни возрасни луѓе кои имале само еден тренинг, на тој начин влијаеле да се промени генетскиот материјал на нивните мускули. ДНК се наследува од родителите, но начинот на живот – како што е тренингот – може да има важна улога во пренесувањето на одредени гени.rn

    4. Се подобрува концентрацијата

    rnКога ќе почнете да тренирате, крвта во мозокот ја забрзува функцијата на мозочните ќелии – а тоа ја подобрува концентрацијата.rn

    5. Подобро расположение

    rnЗа време на тренингот, вашиот мозок почнува да испушта невротрансмитери (ендорфин и сератонин) кои го покренуваат расположението и ги намалуваат шансите за депресија.

  • Зошто треба да ги замрзнувате лимоните?

    Зошто треба да ги замрзнувате лимоните?

    Добро е познато дека лимонот носи бројни бенефити за организмот. Богат е со витамини кои ни се многу потребни, помага во процесот на губење на килограмите, помага во борбата со настинките итн. Добрата работа во врска со тоа е тоа што може да се употребува цел.rnrnЗошто треба да ги замрзнувате лимоните?rnrnИнтересно е тоа што во неговата лушпа има дури и до десет пати повеќе витамини отколку во неговиот сок. Лимоновата лушпа силно се бори против разни бактериски инфекции, се бори со паразитите, го регулира крвниот притисок, а има и антидепресивни и анти-стрес состојки.rnrnЗа да можете да ја употребите, замрзнете еден цел лимон, а кога ќе биде добро замрзнат изрендајте го. Потоа можете да го употребувате како додаток во супи, салати, десерти, сладоледи, житарки и секаде каде што ќе посакате. Освен што ќе додаде одличен вкус, на тој начин ќе можете да ги соберете и сите бенефити кои тој има да ги понуди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафето наспроти чајот

    Кафето наспроти чајот

    Што повеќе консумирате: кафе или чај? Каков и да е вашиот одговор, истражувањата покажуваат дека не правите грешка во ниту еден случај, бидејќи и двата пијалаци влијаат многу добро на човечкиот организам, но на различни начини. Ова се нивните позитивни страни.rnrnКафето наспроти чајотrn

    Чајот

    rn1. Белиот чај во себе содржи многу антиоксиданси, кои му овозможуваат да спречува повеќе болести отколку зелениот чај.rnrn2. Белиот чај го спречува дебелеењето. Тој го инхибра растот на нови масни клетки.rnrn3. Истражувањата покажуваат дека зелениот чај го намалува ризикот за рак на хранопроводот кај жените до 60%.rnrn4. Најмногу кофеин има во црниот чај, па потоа следува зелениот, а во белиот има најмалку.rnrnКафето наспроти чајотrnrn5. Чајот може да го спречи развојот на дијабетес тип 1 или пак да го забави неговиот прогрес.rnrn6. Пиењето на 3-4 шолји чај дневно ги намалува шансите за срцев удар.rnrn7. Чајот содржи флуорид кој ги заштитува забите.rnrn8. Мажите кои пијат повеќе од 10 шолји зелен чај, значајно ги намалуваат шансите за добивање некоја болест на црниот дроб.rnrnКафето наспроти чајотrnrn9. Според истражувањата, луѓето кои пиеле црн чај, 4 пати на ден, во период од 6 недели, имале значајно намалено ниво на хормонот на стресот кортизол во организмот.rnrn10. Според некои истражувања, чајот помага и во заштитата од рак на белите дробови.rnrn11. Чајот хидрира, иако во себе во големи количини го содржи кофеинот кој го дехидрира човечкиот организам.rn

    Кафето

    rn1. Луѓето кои пијат кафе ги намалуваат шансите да имаат Алцхајмерова болест подоцна во животот.rnrnrn2. Редовното пиење кафе драстично ги намалува шансите за добивање срцеви болести.rnrnrn3. Најмногу кофеин има во вареното кафе, па потоа следуваат филтер и инстант кафето, а драстично помалку има во еспресото.rnrnrn4. Кафето помага во заштитата од дијабетес тип 2.rnrnКафето наспроти чајотrnrn5. Пиењето кафе помага во намалувањето на шансите, мажите кои имаат повеќе од 40 години да добијат костобол.rnrnrn6. Кофеинот во кафето го зголемува ефектот на апчињата против болка.rnrnrn7. Кафето го заштитува црниот дроб од рак и цироза.rnrnrn8. Кафето помага при помнењето и го подобрува времето на реагирање, особено кај постарите лица.rnrnrn9. За ефектите од кофеинот има многу спротивставени гледишта. Вистината е една.rnrnrn10. Има уште причини да не се откажувате од пиењето кафе, една од нив е и веројатноста за подолг живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здравствените придобивки од пивото

    Здравствените придобивки од пивото

    Конечно и љубителите на пивото може да се израдуват на фактот дека здравствените придобивки од него се скоро идентични на оние кои ги добиваме од виното. Без разлика на каков тип пиво сте навлечени, доколку го пиете во умерени количини, со сигурност ќе ги осетите неговите бенефити.rnrnЗдравствените придобивки од пивотоrn

      rn011

    • Пиењето 2 пива дневно (ова важи за машките бидејќи за девојките е препорачливо едно), може да помогне да се намали ризикот од мозочни удари и срцеви заболувања. Нормалното консумирање може да го намали ризикот до 20% според истражувањата направени во САД.
    • rn011

    • Пивото може да помогне да се покачи нивото на ХДЛ (корисен холестерол) во телото и да ја намали веројатноста за појава на згрутчување на крвта.
    • rn011

    • Неколку пива дневно можат да го зголемат нивото на антиоксиданси во крвта. Ова овозможува клетките да разнесуваат повеќе кислород низ организмот. Покрај другите нешта, поголемата количина на кислород овозможува подобра активност на мускулите.
    • rn

    rnЗдравствените придобивки од пивотоrn

      rn011

    • Пивото содржи витамин Б6 кој е потребен за создавање хемоглобин, кој и ја дава црвената боја на крвта. Тој исто така разнесува и кислород низ организмот и помага за регулирање на нивото на шеќер во крвта.
    • rn011

    • Не содржи масти, помага при заспивањето и релаксира.
    • rn011

    • Пивото ги содржи и витамините Б и Б2 и есенцијални минерали како што се калциум, калиум и фосфор.
    • rn

    rnЗдравствените придобивки од пивотоrn

      rn011

    • Темното пиво е поздраво отколку светлото. Тоа содржи повеќе флавоноиди, природни оксиданти кои помагаат во заштитата на организмот од заболување.
    • rn011

    • Пивото може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на инсулин во крвта.
    • rn011

    • Пиењето пиво може да ја намали шансата за создавање камен во бубрег. Ова може да се должи на водата, хмељот или пак на алкохолот, но која и да е причината, изгледа дека помага.
    • rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубителите на кафето живеат подолго

    Љубителите на кафето живеат подолго

    Последните истражувања откриваат нови позитивни ефекти кои луѓето ги добиваат од кафето. По се изгледа дека, покрај тоа што не расонува наутро и ни дава енергија, од кафето имаме многу повеќе бенефит отколку што мислиме.rnrnЉубителите на кафето живеат подолгоrnrnИстражувачот д-р Сузана Ларсон од Националниот институт „Каролинска“ во Стокхолм, Шведска го опишува кафето како еден од најчесто консумираните пијалаци во светот. Таа тврди дека дури и најмалите придобивки од кафето имаат големо влијание на крупен план, бидејќи има голем број љубители кои уживаат во него. Ларсон потврдува дека пиењето кафе во нормални и умерени количини, ги намалува шансите за заболување на црниот дроб, дијабетес и од мозочен удар.rnrnЉубителите на кафето живеат подолгоrnrnИстражувањето на Ларсон се одвивало повеќе од 10 години, во кое таа ја следела исхраната на 35.000 жени на возраст од 49 до 83 години. Откриено било дека, оние кои пиеле барем една шолја кафе дневно го намалиле ризикот од срцев удар за околу 25% повеќе, за разлика од оние кои воопшто не пиеле кафе или пак го пиеле нередовно. За време на истражувањето се случиле 1.680 срцеви удари. Позитивниот ефект се почувствувал кај оние жени кои пиеле од 2 до 5 шолји кафе дневно.rnrnЉубителите на кафето живеат подолгоrnrnСе смета дека причината за големите придобивки од кафето е неговата способност да го намалува воспалението на крвните садови. Кафето, исто така, содржи и антиоксиданси, за кои научниците тврдат дека се многу важни за целокупното здравје и благосостојбата. Во истражувањата било земено предвид и дали субјектите пијат алкохол и дали консумираат цигари. Претходните анализи направени врз мажи, покажале дека оние кои пушат, но и пијат кафе, имаат помали шанси за проблеми со мозокот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.