КАФЕ ПАУЗА

Tag: барање

  • 5 нешта што треба да престанете да ги барате во вашиот живот

    5 нешта што треба да престанете да ги барате во вашиот живот

    Голема е веројатноста баш и да не ви се допаѓа вашата сегашна животна ситуација. Пријателствата, љубовта или кариерата можеби не одат по план и често сте под стрес. Сигурно се прашувате што повеќе можете да направите и што треба да промените. Но понекогаш, одговорот е ништо. Сè што ви е потребно и што сакате би требало да ве најде, па едноставно кажано, важно е да знаете кои работи треба да престанете да ги барате во животот.rn

    1. Вашата сродна душа

    rn5 нешта што треба да престанете да ги барате во вашиот животrnrnПрестанете да ја барате вашата сродна душа. Престанете да верувате дека нема да почувствувате вистинска среќа или љубов сè додека не го најдете „вистинскиот“. Можете и ќе го направите ова. Универзумот едноставно ве чека да го промените фокусот. Ве чека да научите да се сакате себеси, да станете независни и радосни, без друга личност покрај вас. Ве гледа како цутите во најдобрата верзија од себе, за еден ден да можете да бидете неверојатен партнер. А кога ќе дојде тој ден, ќе знаете. Ќе отидете на првиот состанок и сè ќе ви изгледа правилно. Продолжете напред, а вашата сродна душа ќе дојде.rn

    2. Висински пријателства

    rn5 нешта што треба да престанете да ги барате во вашиот животrnrnНемојте да ги присилувате пријателствата во вашиот живот. Не притискајте ги луѓето да ги разберат вашите погледи или страсти. Не охрабрувајте ги да бидат личности што не се. Како и вашата сродна душа, и оваа врска ќе дојде кога треба. Можеби ќе најдете ново работно место и ќе запознаете личност со иста смисла за хумор како вашата. Ќе се зближите и ќе почнете да создавате сеќавања, без воопшто да бидете свесни за тоа.rn

    3. Вашите мир и тишина

    rn5 нешта што треба да престанете да ги барате во вашиот животrnrnСекој заслужува малку мир и тишина. За некои ова е одвојување викенд за себе, а за други е прекинување на врските со токсичните луѓе. Но мирот и тишината не се бркање или трка. Тоа не е брзање да ги исполните сите обврски денес за утре да можете да спиете до пладне. Тоа не е одново и одново да си кажувате дека ќе бидете среќни штом ќе постигнете одредена цел. Мирот и тишината значат да научите да уживате во патувањето. Тоа е гледање на убавината во секој ден и секоја ситуација. Моментално создавате толку многу врева во животот барајќи ги мирот и тишината. Престанете со тоа.rn

    4. Вашиот внатрешен компас

    rn5 нешта што треба да престанете да ги барате во вашиот животrnrnПонекогаш кога животот ќе ве соочи со тешка ситуација или одлука, можно е да се почувствувате заглавено. Почнувате претерано да размислувате и барате мислење од другите. Вашиот ум се движи во кругови и не знаете што да правите. Во овие ситуации, престанете да ги барате одговорите и дозволете им самите да дојдат кај вас. Вдишете длабоко, излезете надвор и некој период заборавете на ситуацијата или одлуката. Кога ќе се вратите, вашиот инстинкт јасно ќе ви каже што треба да направите. Ќе ве води и ќе ве потсети дека отсекогаш сте имале добар внатрешен компас.rn

    5. Вашата иднина

    rn5 нешта што треба да престанете да ги барате во вашиот животrnrnНема потреба да ви биде испланирана целата иднина. Спротивно на популарното верување, не мора да имате одговор на прашањето „Што сакаш да правиш целиот живот?“ или „Каде се гледаш за 5 години?“ Причината е што е речиси невозможно да ги имате овие одговори. Вашиот пат постојано се развива и се менува, а тоа е добро. Наоѓате нови места што ги сакате, нови страсти што сакате да ги следите и нови луѓе за коишто се грижите. Се разбира, ќе сретнете многу луѓе кои веруваат во спротивното и ќе ве убедуваат дека треба да направите едно или друго нешто до одредена возраст. Овие разговори нека бидат само врева и не заборавајте дека вашата иднина, како и многуте нешта што ги барате моментално, едноставно ќе дојде.rnrnОбидете се да ги одговорите 12-те прашања што ќе го променат вашиот живот.

  • Престанете да ја бркате љубовта и правете го ова

    Престанете да ја бркате љубовта и правете го ова

    Дали долго време сте сингл? Дали постојано барате некој што ќе го смени тоа? Можеби постојано ја бркате љубовта и заборавате да го живеете вашиот живот. Вистинската љубов ќе ве пронајде кога ќе бидете подготвени. Дотогаш, наместо да ја бркате, обидете се да ги правите овие работи.rnrnПрестанете да ја бркате љубовта и правете го оваrn

    Наместо да ја бркате љубовта, развијте љубов кон себе

    rnБидејќи нема да можете целосно да ја разберете љубовта што ја барате од друга личност. Секогаш ќе ви се чини нецелосна без љубовта што ја имате за себе. Развијте љубов кон себе така што ќе се грижите за вашата вредност. Развијте љубов кон себе така што ќе бидете горди на вашата уникатност. Научете сами да уживате во животот. Научете да зачувате нешто наместо да давате сè. Љубовта кон себе треба да биде основа за секоја друга љубов што ќе ја искажете надвор од вас, бидејќи таа ќе ви биде водич и контрола над вашите емоции за другите.rn

    Наместо да ја бркате љубовта, изградете го патот до вашите соништа

    rnБидејќи соништата не се исполнуваат сами. Соништата треба да ги бркате бидејќи ќе ви дадат неверојатни награди за вашиот труд. А љубовта ќе тргне по вашиот пат. Ќе ве најде во вистинскиот момент. Па, немојте да се грижите за неа. Љубовта нема години, но соништата бараат време. Колку побрзо ќе ги стигнете, толку поисполнето ќе се чувствувате. Прво уживајте во наградите од вашите соништа, а потоа барајте ја вистинската личност со којашто ќе ги споделите.rn

    Наместо да ја бркате љубовта, ценете ја онаа што веќе ја имате

    rnЉубовта на семејството, пријателите, роднините, колегите или кого било. Не заборавајте да одвоите време за луѓето кои навистина се грижат за вас. Набљудувајте како секогаш се на ваша страна. Набљудувајте како ве поддржуваат, веруваат во вас и ве охрабруваат во вашите подвизи. Не заборавајте ги овие луѓе. Сакајте ги наместо да трошите енергија љубејќи некој што не заслужува. Луѓето кои вистински ве сакаат ќе ви помогнат да откриете како треба да ве третира саканата личност. Тие ќе ви помогнат да ги поставите стандардите. Тие ќе ви помогнат да го најдете вистинскиот.rn

    Наместо да ја бркате љубовта, најдете ја вашата цел

    rnРазбудете ја вашата страст, бидејќи страста ја одредува целта. Никогаш не дозволувајте му на вашиот оган да згасне. Едноставно правете го она што го сакате. Кој и да е вашиот дар, тој не е овде само за да уживате во него. Дали пеете? Можеби вашите песни навистина ќе допрат некого? Дали танцувате? Можеби ќе бидете нечија инспирација. Дали пишувате? Можеби вашите зборови ќе помогнат некому. Најдоброто е што понекогаш вашата страст, или вашиот дар, може да ви го отвори патот кон љубовта. Штом ќе откриете за што сте создадени, нема да можете да престанете да бидете среќни и исполнети.rnrnКога вистински ќе бидете подготвени, погледнете како да најдете љубов што ќе трае.

  • 5 причини зошто треба секогаш да ги барате ризичните нешта

    5 причини зошто треба секогаш да ги барате ризичните нешта

    Сигурно барем еднаш досега сте побарале нешто ризично. Ова барање сигурно не ви дозволувало да заспиете, но голема е веројатноста исходот да бил позитивен. Позајмување, покачување, донација… овде спаѓа што било за коешто ви е потребна нечија помош. Проблемот е што помошта не е понудена.rnrn5 причини зошто секогаш да ги барате ризичните нештаrnrnПоради тоа, мора да ги барате овие нешта, дури и ако постои голема веројатност да бидете одбиени. Ако ве плаши, тоа е добро. Сите добри нешта се страшни на почетокот. Па, погледнете зошто секогаш треба да ги барате ризичните нешта.rn

    1. Ако не го направите тоа, подоцна ќе ви биде криво

    rnАко не побарате вие, некој друг ќе го направи тоа и навистина ќе ве боли да гледате како таа личност го живее вашиот сон. Немојте никогаш да бидете личноста што го нема животот од соништата поради страв. Не заборавајте дека секогаш ќе има некој со повеќе самодоверба и ќе го побара она што го сака доколку вие не го направите. Едноставно поставете го прашањето и продолжете со вашиот живот, без разлика на одговорот.rn

    2. Ќе го придвижите вашиот живот

    rnЛекот за што било е движење. Лекот е да се разбудите, да станете од креветот и да направите нешто во врска со тоа што го сакате. И во овој случај, лекот за вашиот страв е движењето. Движењето значи да ги побарате парите на заем, да го побарате покачувањето, да побарате ново работно место. Без разлика на стравот, направете го она што е потребно.rn

    3. Можеби ќе добиете потврден одговор

    rnПоминувате толку многу време размислувајќи за најлошите исходи, кога всушност можете да добиете потврден одговор на вашето барање. Колку пати како мали сте се мислеле дали да им побарате пари на родителите? Нивниот одговор може да биде или да, или не. Ако е не, не е крај на светот. Ако одговорот бил да, сте добиле повеќе пари. Како и да е, сте се чувствувале многу подобро откако сте прашале. Истото важи и во светот на возрасните.rn

    4. Можете да ветите награда

    rnВеројатно се подготвувате да поставите ризично барање, како донација или заем, бидејќи сакате да го подобрите вашиот живот. Целта не ви е да ги истрошите тие средства на непотребни работи и никогаш да не ги вратите. Па, ова е вашата можност да размислувате позитивно.rnrnЗамислете си како ѝ враќате на личноста што ви дала донација или пари на заем. Замислете си како во некоја иднина, без разлика дали следниот месец или за десет години, враќате сè што ви било дадено. Замислете си дека вашето барање е како гориво што ќе ви помогне, а не како нешто што привремено ќе ве извади од калта. На овој начин ќе чувствувате помалку вина и ќе верувате во себе, бидејќи ќе знаете дека ќе го вратите долгот.rn

    5. Ќе живеете похрабро

    rnХраброста доаѓа кога се ставате во неудобни, но наградувачки ситуации. Храброста доаѓа откако ќе се справите со некои од најлошите исходи, како одбивањето, а сепак сте продолжиле да се движите.rnrnНикој не мора да мисли дека сте храбри, доволно е вие да знаете. Не дозволувајте му на стравот да ве кочи. Секогаш барајте ги ризичните работи без разлика на ризикот од одбивање и секогаш правете го страшното нешто и покрај ризикот од неуспех. Бидејќи нели, животот започнува на крајот на вашата зона на удобност.rnrnПогледнете и кои се ризиците што секој треба да ги преземе барем еднаш во животот.

  • 8 нешта што треба да ги земете предвид кога прв пат барате стан

    8 нешта што треба да ги земете предвид кога прв пат барате стан

    Сте стигнале до фазата од животот кога треба да најдете ваш дом. По сите години поминати во студентски дом или во стан полн со цимери, конечно сте подготвени да продолжите понатаму. Сигурно одамна сте сонувале како ќе го уредите новиот апартман, но пред да стигнете дотаму, важно е да земете предвид некои работи додека го барате вашиот иден дом.rnrn8 нешта што треба да ги земете предвид кога прв пат барате станrn

    1. Локација

    rnЛокацијата е примарното нешто за коешто треба да размислите. Каде сакате да живеете? Дали работното место ќе ви биде далеку? Дали можеби сакате да живеете во странство? Штом ќе го имате одговорот на овие прашања, можете да обрнете внимание и на некои други детали – соседството, најблиската продавница и рекреативните нешта што ви се достапни во близина.rn

    2. Распоред

    rnРаспоредот на вашиот стан е многу поважен отколку што мислите. Важно е да имате место за сите ваши работи. Важно е да знаете што барате и распоредот да одговара на вашите потреби. Пред да го направите договорот, не заборавајте да направите тура низ станот. Проверете колку место имате во гардероберот и кујната. Ако се сомневате, размислете за што би направиле компромис.rn

    3. Кирија

    rnКиријата е дел од реалниот свет, па важно е да обрнете внимание на вашата заштеда пред да оставите депозит. Сигурно ќе сакате да можете да штедите, а не заборавајте и на сметките за струја и вода. Можеби ќе сакате стан во центарот на градот, но ако киријата е превисока за вас подобро е да најдете нешто на друго место. Вистината е дека вашиот прв стан можеби нема да биде како од соништата, но тој ќе биде само ваш.rn

    4. Цимери

    rnПлаќањето кирија понекогаш бара цимери. Можете да најдете некое студио и да живеете сами, а можеби имате доволно пари за стан надвор од градот. Без разлика која е вашата ситуација, земете ги предвид и другите луѓе. Можеби имате неколку пријатели кои би сакале да живеат во резервната спална. Веќе сте поминале многу време со цимери, па знаете како изгледа тоа.rn

    5. Домашни миленици

    rnЗа жал, не сите дозволуваат да чувате домашни миленици. Па, ако чувате милениче не заборавајте да прашате и за него. Некои дозволуваат да чувате мали миленици, а треба да научите многу пред да го земете вашето прво милениче. Исто така важно е да најдете место што ќе ви биде удобно и на двајцата.rn

    6. Ситуацијата на работното место

    rnПоголемиот дел од денот ќе го поминувате во вашата канцеларија. Но, после напорниот ден сигурно ќе сакате да имате брз пристап до вашиот кревет. Кога барате стан добро разгледајте дали работното место е оддалечено и дали имате превоз дотаму. Дали има автобуси или дали можете да пешачите или да одите на работа со велосипед? Реално, не е најдобро да минувате часови заглавени во сообраќаен метеж. Ако работите од дома, осигурете се дека ќе имате посебно место за тоа.rn

    7. Идниот сопственик

    rnПред да го одберете станот, не заборавајте да се запознаете со сопственикот. Важно е да ви се допадне бидејќи тој ќе биде личноста која ќе ви помага доколку се појави некој проблем. Како и секоја врска или пријателство, важно е да имате заеднички јазик со него. Потребно е оваа личност да се грижи за вас и за вашето место.rn

    8. Други услуги

    rnДа имате ваш стан е вистинско исполнување на сон. Но обрнете внимание и на другите услуги што доаѓаат пред да направите каков било договор. Понекогаш можете да најдете стан што нуди сè што ви е потребно. Некои места имаат централно греење, некои нудат нешто друго. Размислете што ви е најпотребно и направете го изборот според тоа.rnrnДоколку најдовте помал стан, погледнете ги овие креативни решенија за заштеда на простор.

  • 7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работи

    7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работи

    Дали секогаш ги барате вашите клучеви, телефон или можеби не можевте да си го најдете едниот чорап денес? Можеме да ви помогнеме! За да ги решите овие загатки ќе мора да барате изгубени работи, а тоа претставува одлична вежба за мозокот, но и за вашата моќ за забележување. Никогаш повеќе нема да изгубите нешто! Обидете се да ги решите следниве загатки и да ги најдете изгубените работи кои на прв поглед се чини дека воопшто не постојат…rn

    1. Каде е сопругата на фармерот?

    rn7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работиrnrnФармерот е многу нервозен поради тоа што не може да си ја најде сопругата. Помогнете му да ја најде. Човекот чувствува дека таа е некаде во близина.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работи[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    2. Побегнат убиец

    rn7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работиrnrnТелохранителот на еден од господата се крие во позадина. Најдете го, бидејќи само тој може да го спаси неговиот шеф.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работи[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    3. Најдете го астрономот

    rn7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работиrnrnАстрономот си заминал без да се поздрави. Децата се сигурно дека тој е сѐ уште некаде во собата. Помогнете му да го најде, бидејќи само тој може да ги реши мистериите на универзумот.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работи[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    4. Помогнете ѝ на гуската

    rn7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работиrnrnИтрата лисица влегла во фармата и почнала безмилосно да ги убива гуските. Но, таа не знаела дека има куќичка за куче токму од таа причина. Спасете ја гуската и најдете го кучето кое ќе го избрка предаторот.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работи[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    5. Опасност за ловецот

    rn7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работиrnrnДодека ловел лос, Стивен не се посомневал дека му се заканува некаква опасност. Најдете ја заканата и спасете го ловецот.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работи[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    6. Смртта на гуските

    rn7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работиrnrnДодека се шетале, овие гуски не ни замислувале што може да им се случи. Брзо најдете ја заканата и спасете ги кутрите птици.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работи[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    7. Што има за вечера?

    rn7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работиrnrnГотвачот не може да се сети каде го ставил месото што треба да го зготви за вечера. Најдете го животното што ќе биде послужено за вечера како главно јадење.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]7 загатки што можат да ви помогнат брзо да ги наоѓате изгубените работи[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnОбидете се да ги решите и следниве 12 интересни загатки кои се одлична вежба за вашиот мозок.

  • 5 работи што секој од вас треба да ги побара во љубовната врска

    5 работи што секој од вас треба да ги побара во љубовната врска

    Врските бараат многу работа и не можат да опстанат ако е задоволена само едната страна. Важно е партнерите да пронајдат компромис и да ги прилагодат своите животи. Љубовта не е најважното нешто во една врска, потребно е и време и внимание со цел таа да опстане. Но некои луѓе можеби се плашат да побараат одредени работи од партнерот. Погледнете кои работи не треба да се плашите да ги побарате во врската доколку сакате таа да биде успешна.rnrn5-raboti-koi-e-vo-red-da-gi-pobarate-vo-vrskata-kafepauza.mkrn

    1. Внимание

    rnЗа врската да функционира потребно е партнерите да бидат достапни еден за друг. Мора да бидете подготвени да ги ислушате проблемите на партнерот и заедно да најдете решение. Комуникацијата е клучна за функционална врска.rn

    2. Посветеност

    rnНајдобрите работи во животот никогаш не се добиваат туку-така, вие треба да се борите за нив. Ако сакате да го поминете вашиот живот со партнерот, треба навистина да му се посветите.rn

    3. Емпатија

    rnЕмоциите може да бидат навистина комплексни и понекогаш да ве надвладеат. Луѓето можеби ќе ве гледаат чудно кога ќе станете премногу емоционални, но партнерот не треба да спаѓа во таа група. Вашиот партнер треба да биде способен да ве сфати и да се обиде да ви помогне.rn

    4. Разбирање

    rnВрската е еден вид тим. Мора да внимавате на вашиот партнер. За ова е потребно многу трпение и грижа и треба секогаш да бидете овде еден за друг.rn

    5. Спонтаност

    rnВрската може да стане здодевна со текот на времето, па и двајцата треба да ја цените едноставноста, но и да одите на заеднички авантури.rnrnИмате апсолутно право да ги поставите и овие 15 барања во вашата љубовна врска!

  • Поучна приказна: Човекот кој постојано барал нешто

    Поучна приказна: Човекот кој постојано барал нешто

    Еден ден, еден човек кој постојано барал нешто, почувствувал силна потреба да тргне кон градот Камир. Така, тој одлучил да остави сѐ и да замине на пат. Одејќи два дена по калливи патишта, конечно во далечината го здогледал градот Камир. Малку пред да стигне до самата порта на градот, вниманието му го одвлекол еден рид од десната страна, кој бил покриен со чудни зелени површини и разновидни пролетни цвеќиња. Од сите страни ридот бил ограден со фарбана ограда, а бронзената врата на влезот го намамила да влезе.rnrnПоучна приказна: Човекот кој постојано барал нештоrnrnОдеднаш почувствувал дека дури и заборавил на градот и дека треба малку повеќе да се задржи на ова место. Човекот поминал преку бронзената врата и почнал полека да се движи низ белите, камења кои биле расфрлани по земјата. Таму тој разгледувал сè и го забележувал секој детаљ во тој рај. Бидејќи неговите очи биле навикнати постојано да бараат нешто, тој на еден бел камен открил натпис каде пишувало:rnrnАбдул Тарег, живееше 8 години, 6 месеци, 2 недели и 3 дена.rnrnМалку се вознемирил кога сфатил дека тој камен не е камен, туку надгробна плоча. Тој се растажил од помислата дека таму е погребано толку мало дете. Разгледувајќи околу себе забележал дека на соседниот камен исто така стои натпис. Му се приближил и прочитал:rnrnЈамир Калиб, живееше 5 години, 8 месеци и 3 недели.rnrnТогаш човекот уште повеќе се вознемирил. Тоа прекрасно место биле всушност гробишта, а секој камен бил надгробна плоча. Една по една почнал да ги чита плочите и на секоја од нив стоел одреден натпис со име и животниот век на личноста. Најужасно за него било кога заклучил дека најстарото дете кое било погребано таму едвај имало нешто повеќе од 11 години. Обземен од неизмерна тага, седнал на тревата и заплакал. Стариот управник на гробиштата кој случајно поминувал од таму, го видел непознатиот човек и тргнал кон него. Одредено време го набљудувал како плаче, па го прашал дали тагува за некој близок.rnrn„Не, не тагувам за некој мој ближен“, одговорил човекот. „Што е со овој град? Каков ужас се случува овде? Зошто има толку мртви деца погребани на ова место? Кое е тоа страшно проклетство што владее над овие луѓе, па ги натерало да направат детски гробишта?“rnrnНа ова, старецот му одговорил:rnrn„Смирете се, нема никакво проклетство. Кај нас постои еден древен обичај. Дозволете ми да ви објаснам. Кога некое дете ќе наполни 15 години, родителите му подаруваат една мала тетратка, како оваа што ја носам околу вратот. Кога нешто многу ќе го израдува, детето треба да ја отвори таа тетратка и на левата страна да запише што е она што го израдувало, а на десната времето на траење на таа радост. На пример, се запознал со некоја девојка и се заљубил во неа: Колку траела таа неизмерна страст и радост? Една седмица? Две? Три и пол? Запишува. Возбуда при првиот бакнеж? Колку траело тоа? Минута и пол, колку и бакнежот? Два дена? Една седмица? Бремена жена и раѓање на првото дете? Венчавка на близок пријател? Исполнување на патувањето од соништата? Колку траела радоста на сите тие случувања? Неколку часа? Денови? Така ние во нашите мали тетратки го запишуваме секој момент на нашата радост. Баш секој. Кога некој умира, обичај е да му ја отвориме тетратката и да му го собереме сето време на неговата животна радост и да го запишеме на гробот. Затоа што веруваме дека тоа е вистински проживеаното време.“

  • Магични зборови кои ќе направат да звучите поубедливо

    Магични зборови кои ќе направат да звучите поубедливо

    На многу луѓе им е непријатно кога треба да побараат услуга од некого. Но, мора да се согласите дека убаво е да се поседува вештина со која лесно ќе можете да ги натерате луѓето да го направат она што го сакате, бидејќи сепак сите ние сме само луѓе и не можеме сѐ да постигнеме сами.rnrnМагични зборови кои ќе направат да звучите поубедливоrnrnНареден пат кога ќе ви биде незгодно да побарате нешто од некого, сетете се на следниве магични зборови кои ќе направат барањето да звучи поприфатливо за двете страни. Станува збор за фразата „Дали ќе сакаш…“.rnrnПсихологот Елизабет Стокоу, професорка по социјална интеракција на Универзитетот во Лафборо, Велика Британија, преку нејзиното истражување дознала дека додавањето на зборовите „Дали ќе сакаш…“ (willing) во вашето барање, го трансформира истото од наредба за моментално дејство (што луѓето честопати ја одбиваат) во прашање за тоа што може да направи личноста во поширока смисла на зборот.rnrnНа пример, нареден пат кога ќе му кажете на вашиот партнер „Можеш да го фрлиш ѓубрето?“, а тој само ќе промрмори дека ќе го фрли подоцна, веднаш продолжете со „Дали ќе сакаш да го фрлиш ѓубрето?“. Ако малку го преформулирате првичното барање, веројатноста е дека резултатот ќе биде поинаков. Имајте на ум дека оваа техника е особено успешна откако првичното барање веќе било одбиено.rnrnДоколку почнете да ја применувате оваа ефективна техника освен тоа што ќе го добивате она што го сакате, ќе звучите многу поучтиво и луѓето нема ни да забележуваат дека ви прават услуга, туку со задоволство ќе прифаќаат сѐ што ќе им кажете. Вреди да се проба!

  • Престанете да го барате партнерот кој го посакувате и почнете да го барате оној кој ви треба

    Престанете да го барате партнерот кој го посакувате и почнете да го барате оној кој ви треба

    Добро е кога знаете што точно сакате, особено кога се работи за љубов и љубовни врски. Секогаш треба да бидете искрени со партнерот за да одбегнете голем број недоразбирања. Контролата и препуштањето на емоциите одат рака под рака. За да успеете во љубовта и да го добиете она што го сакате, мора да ги имате и двете.rnrnПрестанете да го барате партнерот кој го посакувате и почнете да го барате оној кој ви требаrnrnПод контрола се подразбира поставување одредени граници кои ќе ги почитувате 80% од времето. Овие граници служат за да ве спречат да се вљубите во момче кое не е вистински заинтересирано за вас. За да ги одбегнете оние кои сакаат само да ве однесат во кревет, но сепак да бидете достапни за оние кои имаат искрени чувства кон вас, мора да знаете кога да изгубите контрола. Не смеете да бидете толку строги, бидејќи така нема да го добиете она што го заслужувате. Со други зборови, морате да бидете отворени и подготвени на сѐ.rnrnНа пример, да речеме дека момчето од вашите соништа според вас треба да ги исполнува следниве критериуми:rn

      rn011

    • Да има добра и стабилна работа.
    • rn011

    • Да живее сам.
    • rn011

    • Да има добар автомобил.
    • rn011

    • Да биде романтичен.
    • rn011

    • Да биде фин со вашите пријателки.
    • rn011

    • Да ве сака безусловно и безрезервно.
    • rn011

    • Да има цврсти стомачни мускули и блескава насмевка.
    • rn

    rnСето ова звучи одлично, но што ако запознаете момче со кое навистина си одговарате, има одлична работа, но има некој килограм вишок? Или можеби е премногу романтичен, но вози некоја крнтија. Дали ќе го одбиете само затоа што не го исполнува секој критериум од листата? Да се надеваме дека не.rnrnПрестанете да го барате партнерот кој го посакувате и почнете да го барате оној кој ви требаrnrnАко веќе морате да направите листа, подобра е да направите листа на помалку работи за кои во никој случај не би направиле компромис. Нешта кои се неприфатливи за вас бидејќи се судираат со вашите вредности или би ве направиле навистина несреќни. Тука може да спаѓаат работи како пушење цигари или недостаток на слична смисла за хумор.rnrnМногу поважно е да знаете што не сакате и да се држите подалеку од тоа. Животот е авантура и запознавањето нови луѓе е дел од забавата. Немојте да ја пропуштите поради вашите стереотипи и предрасуди! Сите имаат недостатоци кои можеби никогаш не се помислиле дека би можеле да ги прифатите, но откако сте запознале одредена личност, токму тие несовршености ви станале омилени.rnrnПоставете реалистични граници кои нема да бидат површни и бидете отворени да ја прифатите љубовта во која било форма и да се најде пред вас. Само така ќе можете да го добиете она што го сакате и да победите во неизвесната игра на љубовта.

  • Што треба да добиваме од љубовната врска без да побараме?

    Што треба да добиваме од љубовната врска без да побараме?

    Навистина е страшно тоа што во модерните љубовни врски мора да бараме од партнерот да нѐ почитува. Не би требало да ги молиме нашите партнери за тоа, но за жал денес токму тоа се случува. Ова се неколкуте работи кои секој човек ги посакува од врската, а кои не би требало да ги побара за да ги добие…rnrnШто треба да добиваме од љубовната врска без да побараме?rn

    Партнер кој ќе нѐ почитува

    rnПод ова се подразбира партнер кој не се однесува насилно со нас, не нѐ навредува, не се шегува на наша сметка и не нѐ третира како нешто минливо. Проблемот е што мораме да бараме од луѓето да се однесуваат кон нас со почит поголемиот дел од времето. И на крајот пак се соочуваме со некултурно извисување, навреди и непочитување.rn

    Партнер кој ќе нѐ смета за рамноправен член во врската

    rnСо други зборови не би сакале да бидеме единствените кои ги завршуваат сите домашни обврски и се грижат за финансиите. Фактот што толку многу жени мораат да им досадуваат на нивните партнери да го средуваат нередот што го оставаат зад себе е навистина тажен.rn

    Партнер кој ќе го цени тоа што го правиме

    rnНе би требало никогаш да го побараме ова. Меѓутоа, поголемиот дел од мажите и жените не го ценат трудот што го вложува нивниот партнер и го земаат здраво за готово.rn

    Бараме врзување

    rnМногу млади луѓе едноставно не се подготвени или не сакаат да се врзат. Сакаат да поминат што е можно повеќе партнери и да искусат што е можно повеќе работи, пред да се врзат во сериозна врска. Ова е неверојатно честа појава и луѓето кои посакуваат стабилен партнер се навистина ретки.rn

    Партнер кој ќе нѐ посакува

    rnРомантичните врски не се воопшто романтични без секс. Не би требало да бараме од нашите партнери да нѐ посакуваат на сексуален начин.rn

    Партнер кој ќе ни дава внимание

    rnПостојат многу луѓе кои буквално мораат да го молат партнерот за малку внимание. Нормално, дека не треба секоја секунда од денот да ја поминувате заедно, но една обична порака за „Добра ноќ“ би требало да биде секојдневен дел од секоја врска.rnrnШто треба да добиваме од љубовната врска без да побараме?rn

    Партнер кој ќе биде тука за нас и во добро и во лошо

    rnПорано луѓето биле тука еден за друг. Денес, многумина исчезнуваат истата секунда кога нештата тргнуваат наопаку. Каде е лојалноста и верноста? Тоа се основните работи кои би требало да ги очекуваме од секој меѓучовечки однос.rn

    Партнер кој е финансиски стабилен

    rnОва не е толку важно како останатите работи, но финансиската стабилност може да спречи многу потенцијални проблеми во врската. Не мора да излегувате со милионер, но важно е да располагате со горе-долу истите финансиски средства.rn

    Партнер кој е психички стабилен

    rnМладите луѓе денес воопшто не се ниту психички, ниту емоционално стабилни. Лошата вест е што тоа го дознаваме дури по некое време, кога веќе сме ја изгубиле главата по нестабилната личност и веќе е предоцна. Најголем виновник за оваа појава е модерното општество и изместените морални вредности кои тоа ги наметнува.rn

    Партнер кој не е површен

    rnМногу луѓе веднаш се залетуваат по физичкиот изглед и сите други недостатоци ги игнорираат. Општеството не тренира така што првото нешто што го забележуваме кај луѓето е нивниот изглед. Многу често забораваме дека еден човек не го сочинуваат само неговите надворешни карактеристики.rn

    Партнер кој нема да нѐ повреди

    rnПод ова се подразбира дека партнерот нема да ни нанесе болка ниту на емоционално ниту на физичко ниво. Зарем е премногу да се бара ова?