Зимата за многумина од нас е најубавото годишно време затоа што ни ја носи магијата на новогодишните и божиќните празници, романтиката под студеното ѕвездено небо, адреналинот на скијачките патеки. Доколку сакате да ја искусите бајковитата зимска магија, а сè уште не знаете каде, ние сме тука да ви ги предложиме најубави зимски дестинации во Европа.rnrn
rn
Цермат, Швајцарија
rnПоголемиот дел од годината, Цермат е село потонато во мир и тишина. Но, за време на зимската сезона, овде доаѓаат скијачи од цел свет за да уживаат на безбројните скијачки патеки. Цермат е рај за искусните скијачи. Сепак, селото има што да им понуди и на туристите кои не скијаат. Прошетките во градот и по околните ридови се вистинско уживање бидејќи сонцето сјае и во студените денови и ги прави совршени прошетките во природа. Можете да се санкате или да шетате со водич и да откриете и други, помалку познати места во близина. Една од најпримамливите патеки за зимско планинарење е патеката од Блаухерд до Флухалп, долга околу 2 километри.rnrn
rn
Рејкјавик, Исланд
rnЗа многумина Исланд е најубав во зима. Ние во целост се согласуваме затоа што снежните пејзажи што ги нуди ова место мора да се видат и доживеат, барем еднаш во животот. Исланд, земјата на вечните гејзири, нуди авантури што не можете да ги најдете во другите европски земји. Секој февруари Рејкјавик е домаќин нa Зимскиот фестивал на светлата каде можете да уживате во светлосни инсталации и други активности на отворено. Доколку пак сакате да се загреете, Исланд е познат по своите геотермални базени каде можете да се капите во топла вода под студеното ноќно небо. Доколку сте по планинарењето не пропуштајте да направите обиколка по околните села на Рејкјавик како и да го посетите Големиот гејзир (се проценува дека е стар околу 10.000 години).rnrn
rn
Абиско, Шведска
rnДоколку сте во потрага по место кое нуди преубав поглед на поларната светлина, а сте со ограничен буџет, тогаш Абиско е вистинскиот избор за вас. Местото се карактеризира со посебна микроклима што ги зголемува шансите да видите разиграна светлина на небото, што не е случај со другите скандинавски дестинации. Абиско е совршена дестинација за љубителите на зимските спортови. Во близина на ова место се наоѓа првиот леден хотел во светот каде можете да преноќите на температура од -5 степени Целзиусови или да одите на турнеја со водич за да дознаете повеќе за неговата изградба и историја.rnrn
rn
Халштат, Австрија
rnХалштат е полн со бајковити цркви од 12 век и шармантни куќички расфрлани по снежните падини на планините Дахштајн. Халштат е гратче со население од 1.000 жители кои живеат во дрвени куќи. Кога е покриено со снег и мраз, гратчето изгледа како да е дел од руска бајка.rnrn
rn
Прага, Чешка
rnВо Прага зимата доаѓа на почетокот на зимата и трае сè до крајот на февруари, а за сето тоа време покривите и црковните куполи се постојано под снежна покривка. Зимската магија е доловена и преку многубројните новогодишни пазари. Прага е особено жива и весела во втората половина на декември кога ја посетуваат многубројни туристи. Февруари е исто така идеален месец за посета на овој град поради карневалската сезона со блескавата парада на костуми. За време на целата зимска сезона на многу места во градот има лизгалишта, а можете да слушнете и концерт на класична музика во некоја од средновековните цркви. Вреди да се спомене и фактот дека Прага е дом на повеќе од 100 музеи и галерии како и на една од најстарите библиотеки во светот.rnrn
rnrnДоколку се забавувавте со нашиот избор на најубави туристички зимски дестинации во Европа, ви препорачуваме да прочитате и за снежните хотели во Скандинавија кои нудат поразличен зимски одмор.rnrnИзвор: wannabemagazine.com

rnrnНаскоро едно момчето било фатено и потврдило дека неодамна се сретнало со Џекл и дека тој станал водач на детски и тинејџерски банди. Тоа биле сиромашни деца кои молеле сè додека тој не ги научил на црна магија. Џекл никогаш не бил пронајден, но за време на многубројните судења, преку сведочењата на уапсените, се родил митот за овој суров волшебник. Тој е претставен како безмилосен убиец кој има способност да комуницира со глувци и стаорци, а исто така може да стане невидлив. Повеќе од половина од обвинетите осудени на смрт биле деца и тинејџери, а скоро сите биле питачи.rnrnЗамокот бил оставен на заборав на крајот на 18-тиот век, сè додека во 1886 година еден истражувач го пронашол и решил да го купи. До денес, замокот остана во приватна сопственост, но еден дел бил распореден во уметничка галерија и отворен за јавноста. Покрај галеријата, можно е да се види што сè уште останува врежано во меморијата на народот – зандана за тортура.rnrn
rnrnПрочитајте и за овој 
rnrnМачката е весела, разиграна и ужива во пешачење и истражување на природата. Таа често ја презема улогата на водач на планинарскиот тим и секогаш го чека последниот член на тимот, сакајќи да „внимава на сè“ за никој да не залута. Оваа мачка посетила многу планини во Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија и Албанија.rnrnПарот има намера да ги посети Гран Парадизо и Монблан, но нагласи дека немаат намера да ја однесат на врвовите над 5.000 метри надморска височина, бидејќи таквите услови не се прифатливи за нејзиното тело.rnrnВелат дека нивните пријатели ги мотивирале да почнат своја страница, а нивната цел сега е да ги охрабрат луѓето да поминуваат повеќе време во природа и повеќе да планинарат, бидејќи околу нас навистина има многу природни ресурси кои треба да ги цениме.rnrnСподелуваат дека каде и да се појават со неа, таа станува најголемата атракција таму. На пример, кога биле на искачување до Гросглокнер, таа била во преден план и сите ја фотографирале и се восхитувале на фактот дека мачката дошла до таа висина.rnrnКаде и да се појави носи среќа и примамува насмевки. Има многу луѓе кои со нетрпение го очекуваат секој следен пост за нивните авантури, а многу од нив дури предложиле Денис и Алма да напишат книга или да направат филм за нивната мачка.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за 
rnrnСалцбург е единствениот град каде што можете да пробате вистински „Моцарт“ бомбици, по оригиналниот рецепт на слаткарот Паул Фурст. Иако се значително поскапи од оние кои можете да ги купите во продавница, немојте да се изненадите од долгата редица пред слаткарницата која ги продава овие слатки топчиња.rnrn
rnrnДоколку возите велосипед, ова е најдобриот начин за да го прошетате градот. Исто така, романтичното возење со пајтон е посебно доживување кое засекогаш ќе ви остане во сеќавање.rnrn
rnrnУште една задолжителна „станица“ за време на шетањето е тврдината Хоенсалцбург, која датира од 11. век и на туристите им нуди поглед кон целиот град. Наполеон бил единствениот кој успеал да ја освои, благодарение на архиепископите кои му ги дале клучевите од тврдината и на тој начин ги спасиле своите животи.rnrn
rnrnГрадината Мирабел е една од најубавите и најпознатите градини во светот. Нејзината убавина ги привлекла и сценографите на филмот „Звукот на музиката“ (The Sound of Music), па некои од сцените во филмот се снимени токму тука.rnrn
rnrnЉубителите на пивото тука ќе уживаат максимално, бидејќи во Салцбург посебно се негува занаетот на правење пиво. Затоа не смеете да пропуштите посета на некоја од бројните пивници во градот. Најпознатата датира уште од 15. век, а покрај пиво, тука ќе можете да пробате и вкусни специјалитети како што се свинско ребро и колбаси.rnrn
rnrnДознајте и нешто повеќе за 
rnrn
rnrn
rnrnДоколку и вие го обожавате овој европски град, сигурно ќе сакате да појдете 
Кафето во Виена е повеќе од обично кафе со млеко на кое сме навикнати. Во Виена постојат повеќе видови кафиња кои треба да се знаат. Прочитајте повеќе за најразличните кафиња и одберете какво ќе си нарачате кога ќе се најдете таму.rnrn
rn