Овие илузии ќе ве натераат да слушнете нешто што всушност не постои. За да го извлечете максимумот од илузиите се препорачува да ги слушате со стерео слушалки или стерео систем за озвучување. Звучниците од лаптоп не се погодни за повеќето од илузиите.rnrn
rn
1. Илузија скала
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=rEtd4gs-rRQrnrnОваа илузија е откриена од Дијана Доич и е одличен пример за групирање слични ноти од страна на мозокот. Се свират две дурски скали, едната од првиот, а другата од последниот тон. Нотите се менуваат од едно кон друго уво. На пример, десното уво ги слуша првите тонови од скалата, а левото останатите. Постојат неколку начини на кои луѓето ги слушаат овие звуци, а најчест е групирањето на високите и ниските тонови. Наместо да слушаат две скали, луѓето слушаат снижување и повишување на мелодијата во едното, и повишување па снижување на мелодијата во другото уво. Со други зборови, мозокот „преместува“ некои тонови од едно на друго уво со цел да направи кохерентна мелодија.rn
2. Мелодии фантоми
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=kqC8CL29bGUrnrnНекои музички дела содржат повторувачки шеми кои се менуваат само суптилно. Ако се свират доволно брзо, мозокот ги лови промените и ги поврзува заедно за да создаде мелодија. Мелодијата исчезнува ако делото се свири бавно.rn
3. Повишувачки тонови
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=BzNzgsAE4F0rnrnОвој парадокс е откриен од Жан Клод Рисет. Пар акорди звучат како да се движат нагоре на скалата, но почетниот пар на акордите е ист како и крајниот пар. Ако го свирите ова бескрајно, ќе биде невозможно да кажете каде е почетокот, а каде крајот.rn
4. Ѕвона што паѓаат
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=21qnUqqGu4srnrnВо овој случај ѕвоната звучат како да паѓаат. Додека паѓаат, изгледа како тоновите да стануваат пониски, но всушност стануваат повисоки.rn
5. Забрзувачко темпо
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ugriWSmRxcMrnrnОваа илузија е суптилна. Звучи како риатмот да се забрзува, но почетното и крајното темпо на удирањето се сосема исти. За најдобро да го почувствувате ефектот, пуштете го видеото уште еднаш откако ќе заврши.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

Масичката со вграден звучен систем е наречена „
Иако стилскиот изглед и материјалите употребени за создавањето на масичката се со цел таа да биде поакустична, сепак мора да се признае дека и без нејзината специфична функција, перфектно би се вклопила во секој модерен дом.




Десктоп програмите си имаат свои предности, но користејќи ги онлајн сервисите можете целосно да ги искористите придобивките од т.н. Cloud Computing (интернет базирано споделување на ресурси, податоци и софтвер кои се чуваат на компјутери и други уреди поврзани во глобалната мрежа,а се пристапуваат по волја на корисникот). При користењето на повеќето веб-апликации, потребни ви се само прелистувач и конекција за пристап кон вашата онлајн база. Исто така, притоа зачувувате време кое сте го губеле за инсталација и тестирање.rnrnЕве неколку предлози за одлични веб базирани алтернативни апликации, кои можат многу да ви помогнат.rnrn1. 










Доколку не добиете одговор, едноставно напишете нешто во стилот: „Изгледа не си тука, ќе ти пратам имејл“. Исто така, не треба да се навредите ако некој ја напушти комуникацијата ненадејно, без да ве извести за тоа и потоа повторно се врати после еден час или дури и по неколку дена.rnrn
Разбираме дека вашата мисла е многу осетлива на времето, па наместо да ја напишете целата реченица, едноставно притискате Ентер на средина на реченицата или зборот. На тој начин, вашиот соговорник знае што сакате да кажете уште на почетокот на реченицата, без да мора да ја чита истата докрај. Помислете дека секој пат кога ќе притиснете Eнтер, на вашиот соговорник му бипка компјутерот за да му сигнализира пристигнување на нова порака. Ова многу вознемирува. Затоа, пишувајте целосни реченици, дури и пасуси пред да го притиснете големото копче. Луѓето ќе го ценат тоа.rnrn
Пристојно е прво да почнете со пишана порака. Доволно ќе биде нешто од типот: „Онлајн си? Имаш време да ти се јавам на кратко?“ Вознемирувачки е кога скајп почнува да ѕвони од никаде. Може да се случи соговорникот по грешка да го прифати разговорот кој имал намера да го одбие, а вие да му предизвикате губење на слухот поради јачината на вашиот микрофон. Уште ако имате и вклучено видео и притоа барате и тој да го стори истото, ќе биде премногу. Некому можеби не му е до бучно попладне.rnrn
Само затоа што вам ви се зборува со видео, не значи дека исто се чувствува и другата страна. Можеби вашиот соговорник моментално седи раскомотен по дома во својата долна облека, со лоша фризура и растурена соба во позадината. Вие можете да изберете да направите видео повик со вашиот соговорник, но ако тој сака да го направи истото, ќе го стори тоа, не мора дополнително да му го побарате тоа. Ако веќе го вклучите вашето видео пак, внимавајте како се однесувате. Многу смешно ќе изгледате ако се фрцкате пред камерата 90% од времето. Не заборавајте, соговорникот го гледа истото што и вие. Веб-камерата не е огледало.rnrn
Никогаш не брзајте да пратите некоја важна порака до некој кој во моментот можеби се наоѓа на јавна презентација служејќи се со својот лаптоп. Пораката која ја кажувате во доверба ќе заврши проектирана на ѕидот пред сите присутни во просторијата. Затоа, секогаш треба да ја започнете комуникацијата со мек разговор и да почекате соговорникот да ви одговори пред да се избрзате да напишете нешто осетливо. Не заборавајте дека други луѓе може да стојат зад компјутерскиот екран на вашиот соговорник, така што бидете внимателни со праќање доверливи информации без да се осигурате кој сѐ ги прима.