КАФЕ ПАУЗА

Tag: астрологија

  • 9 важни нешта што мора да ги знаете ако имате Лав во вашиот живот

    9 важни нешта што мора да ги знаете ако имате Лав во вашиот живот

    Лавот е еден од најсложените и најкомплицираните знакови во Зодијакот, особено кога станува збор за меѓучовечките односи. Сакате да знаете како да се справите со него без фрустрации и нервози? Одговорот е всушност многу едноставен! Погледнете ги следниве 9 нешта што треба да ги имате на ум ако имате Лав во вашиот живот.rnrnrn

    1. Лавот има силен натпреварувачки дух

    rnЛавовите стојат цврсто на земја и се борат. Тие не сакаат да бидат повредени во социјалните битки, и затоа постојно се обидуваат да се докажуваат.rn

    2. Лавот може да биде немилосрден

    rnПонекогаш знаат без никакво предупредување да го променат начинот на кој мислат и делуваат, да ги исфрлат емоциите во бес, па дури и да станат агресивни. Тие имаат жешка крв и се многу страсни, па кога сакаат нешто, не им е тешко да бидат немилосрдни.rn

    3. Лавот никогаш не се откажува

    rnНивната доследност е многу инспиративна. Тие се борци, како што веќе спомнавме, и не се толку импулсивни колку што изгледаат – тие користат интелигенција и рационалност, се борат до последниот момент и никогаш не се предаваат.rn

    4. Лавот е лидер

    rnЛавовите се природни лидери. Тие имаат неверојатни способности за управување со група и имаат доминантна енергија која е корисна за водство.rn

    5. Лавот обожава да биде во центарот на вниманието

    rnЛавовите копнеат за внимание, тоа не е нешто што е чудно кај нив. Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието и уживаат кога сите очи се вперени во нив.rn

    6. Лавот има доблесна душа

    rnЛавовите се даватели и сакаат да го делат своето материјално сопствеништво со сите што ги сакаат. Од друга страна пак, не се ни резервирани кога станува збор за емоции, па лесно се отвораат, особено ако му веруваат на својот партнер.rn

    7. Лавот е лојален

    rnЛавовите се најлојалните во целиот Зодијак, па затоа и никогаш нема да ги видите како изневеруваат. Задржете ги по секоја цена покрај вас, бидејќи ќе знаат како да ве усреќат.rn

    8. Лавот сака да биде пофален

    rnКако што и самите претпоставувате, Лавовите обожаваат кога другите шират добри зборови за нив. Тие сакаат кога им велат дека се паметни и убави, како и дека добро ја завршиле својата работа.rn

    9. Лавот е многу чувствителен

    rnНивната самодоверба дефинитивно е меѓу највисоките во Зодијакот, но тоа не значи дека ништо не допира до нив. Иако делуваат тешко и отпорно, длабоко во себе, тие се меки и чувствителни.rnrnПрочитајте и зошто треба да се заљубите во Лав!

  • Подгответе се: 3-те хороскопски знаци што ќе имаат одлична недела!

    Подгответе се: 3-те хороскопски знаци што ќе имаат одлична недела!

    Ако сте родени во еден од овие знаци, првата недела од декември ќе ви биде најдобрата досега! Ве очекуваат толку многу позитивни енергии и неверојатен напредок, што нема да знаете на која страна попрво да се свртите и да го впиете тоа што го доживувате. Уживајте!rnrnrn

    1. Лав: Зголемена креативност

    rnВие имате многу причини да скокате од радост, а најголемата од нив е дека ќе искусите една од најмоќните нови месечини во целата година, односно новата месечина во Стрелец. Таа ќе запали оган во вашата петта куќа на забава, задоволство и креативност, па затоа и оваа недела ќе биде одлично време да ги искористите вашите артистички способности за да се изразите, но и за да уживате во животот.rn

    2. Скорпија: Зајакната сексуална енергија

    rnЉубовниот, социјалниот и професионалниот живот ќе ви ги надминат сите очекувања. Со оглед на тоа што Венера излегува од ретрограда, вие ќе почувствувате огромно олеснување, а со нејзиното влегување во Скорпија, сексуалниот живот ќе ви се разгори толку многу што нема да знаете што попрво да направите. Уживајте!rn

    3. Стрелец: Неверојатна моќ

    rnНовата месечина во Стрелец ќе ви испрати моќ целосно да го трансформирате вашиот живот. Вие многу сте пораснале и сте еволуирале во текот на претходнава година, па тоа конечно ќе се одрази позитивно на вашиот живот. Едноставно застанете на момент и прославете го вашиот напредок. Дури и ако не можете да го видите, верувајте, вие сте токму онаму каде што треба да бидете!rnrnДознајте и кои се 3-те хороскопски знаци за кои декември ќе биде најдобриот месец во годината!

  • 5-те најсурови хороскопски знаци од кои треба да се чувате

    5-те најсурови хороскопски знаци од кои треба да се чувате

    Секој човек има своја добра и лоша страна, а и двете имаат големо влијание на нашиот карактер. Истото важи и кај хороскопските знаци. Бидејќи најчесто се обрнува внимание на позитивните страни на хороскопот, овој пат погледнете кои се најсуровите претставници од астрологијата.rnrn5-те најсурови хороскопски знаци од кои треба да се чуватеrn

    1. Скорпија

    rnСкорпијата е воден знак и е најинтензивниот и најстрасниот знак во хороскопот. Овој интензитет честопати може да тргне во погрешна насока и да се претвори во омраза и цинизам. Скорпиите можат да имаат многу ограничен поглед кон нештата и лесно стануваат посесивни ако работите не се одвиваат по нивен план.rnrnСкорпиите секогаш сами се обидуваат да ги сфатат туѓите намери, па често реагираат без да проверат дали се во право. Навистина е тешко да се одбраните од претпоставките на Скорпиите и речиси е невозможно да победите во расправа со нив. Тие знаат како да ви ја нарушат рамнотежата и можат да ве удрат каде што ве боли најмногу.rn

    2. Рак

    rnИ Ракот е воден знак кој е навистина емотивен и заштитнички настроен. Но поради овие особини Раковите можат да станат посесивни и деструктивни, најчесто ако се почувствуваат загрозено или ако им е страв дека ќе изгубат нешто што го сакаат. Кога се чувствуваат на овој начин тие делуваат само според нивните емоции и често подоцна се каат за тоа.rn

    3. Јарец

    rnЈарецот е земјен знак, па кога ќе ја покаже неговата темна страна за него не важи ниту едно правило за однесување. Нема да му биде срам да користи суровост ако тоа му помага да напредне во кариерата или да им се одмазди на непријателите. Јарците честопати имаат недостаток од емпатија и можат да се радуваат на туѓата несреќа наместо да пружат помош.rn

    4. Овен

    rnОвенот е огнен знак и може да користи навистина сурови зборови кога е гневен и вознемирен. Овие луѓе не поднесуваат неуспех, па ако им се најдете на патот до целта сигурно ќе ја видите нивната мрачна страна.rnrnКаков било конфликт со Овен ќе ја открие неговата темна страна. Штом ќе победи, тој повторно станува забавен и шармантен, но штетата веќе е направена.rn

    5. Лав

    rnИ Лавот е страстен огнен знак и сака да биде во центарот на вниманието. Овие луѓе можат да освојат секого со нивниот шарм. Но штом ќе се почувствуваат загрозено, Лавовите ќе ве растргнат. Можеби знаат да бидат коректни и да го кажат вистинското нешто во вистинско време, но знаат и како да го скршат вашето срце. Кога се гневни можат да станат навистина сурови.rnrnПогледнете и кои се најучтивите хороскопски знаци.

  • 12 нешта што секој треба да ги знае за астрологијата

    12 нешта што секој треба да ги знае за астрологијата

    Астрологијата е нешто што го следат многу луѓе, но ретко се задлабочуваат во неа. Кај астрологијата има многу повеќе од вашиот хороскопски знак. Таа е покомплексна отколку што мислат повеќето луѓе. Па, доколку ја следите астрологијата и сакате да го читате вашиот хороскоп, би било добро да ги знаете ова нешта.rnrn12 нешта што секој треба да ги знае за астрологијатаrn

    1. Астрологијата е многу повеќе од само ѕвезди

    rnАстрологијата се состои од многу повеќе наместо само од ѕвезди. Таа ги зема предвид планетите, сонцето, месечината и сè помеѓу.rn

    2. Астрологијата има историско значење

    rnАстрологијата најмногу потекнува од Вавилонците. Нострадамус бил астролог, а постоеле и други многу значајни астролози низ историјата. Без разлика во кој дел од минатото барате, сигурно ќе најдете некој значаен астролог.rn

    3. Постојат 12 сончеви знаци

    rnПостојат 12 сончеви знаци. Ова се знаците кои ги барате кога го читате вашиот хороскоп.rn

      rn 011

    • Овен (21-ви март – 19-ти април)
    • rn 011

    • Бик (20-ти април – 20-ти мај)
    • rn 011

    • Близнаци (21-ви мај – 20-ти јуни)
    • rn 011

    • Рак (21-ви јуни – 22-ри јули)
    • rn 011

    • Лав (23-ти јули – 22-ри август)
    • rn 011

    • Девица (23-ти август – 22-ри септември)
    • rn 011

    • Вага (23-ти септември – 22-ри октомври)
    • rn 011

    • Скорпија (23-ти октомври – 21-ви ноември)
    • rn 011

    • Стрелец (22-ри ноември – 21-ви декември)
    • rn 011

    • Јарец (22-ри декември – 19-ти јануари)
    • rn 011

    • Водолија (20-ти јануари – 18-ти февруари)
    • rn 011

    • Риби (19-ти февруари – 20-ти март)
    • rn

    rn

    4. Сите имаме натална карта

    rnПозицијата на планетите во моментот кога сте родени го создава вашиот карактер. За наталната карта ви се потребни место, време и датум на раѓање. Со помош на наталната карта можете да научите разни нешта – од вашиот подзнак до детали за вашиот карактер.rn

    5. Има 4 елементи

    rnПостојат четири елементи и секој знак припаѓа на различен. Елементите се воздух, оган, земја и вода.rn

      rn 011

    • Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија
    • rn 011

    • Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец
    • rn 011

    • Водни знаци: Рак, Скорпија, Риби
    • rn 011

    • Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец
    • rn

    rn

    6. Секој знак е владеен од одредена планета

    rnСекој знак е владеен од разна планета или небесно тело.rn

      rn 011

    • Овен – Марс
    • rn 011

    • Бик – Венера
    • rn 011

    • Близнаци – Меркур
    • rn 011

    • Рак – Месечина
    • rn 011

    • Лав – Сонце
    • rn 011

    • Девица – Меркур
    • rn 011

    • Вага – Венера
    • rn 011

    • Скорпија – Плутон и Марс
    • rn 011

    • Стрелец – Јупитер
    • rn 011

    • Јарец – Сатурн
    • rn 011

    • Водолија – Уран
    • rn 011

    • Риби – Нептун
    • rn

    rn

    7. Во астрологијата постојат 12 куќи

    rnПостојат 12 куќи во астрологијата. Секоја куќа е поврзана со неколку одлики. Одликите се од лични, до општествени, па и пошироко. Кога сте родени, веднаш ви е одредена некоја куќа. Кога некоја планета влегува во вашата куќа, енергијата се менува.rn

    8. Важен е и вашиот подзнак

    rnВашиот подзнак е знакот кој се искачувал на источниот хоризонт на точната локација и во точното време кога сте биле родени. Подзнакот ви кажува како ве гледаат другите и може да ви открие многу повеќе отколку што мислите.rn

    9. Не се сите одлики на вашиот знак позитивни

    rnИма негативни работи за секој знак. Ако внимателно прочитате за вашиот хороскопски знак ќе дознаете многу за вашите слабости, но и силни страни.rn

    10. Месечината му влијае на телото

    rnАко внимателно ја проучувате астрологијата ќе научите колку е важна месечината и сите фази низ коишто минува. Таа влијае на вашите тело и ум, а нејзината енергија навистина се истакнува.rn

    11. Астрологијата е и наука и уметност

    rnАстрологијата е уметност, но се смета и како наука бидејќи користи математика и бара разбирање од астрономијата.rn

    12. Постојат многу начини на коишто можете да ја користите астрологијата

    rnМожете да ја примените астрологијата за големи и за мали нешта. Што ќе прифатите од неа зависи од вас. Се разбира, нема потреба детално да ја изучувате. Ако сте задоволни со само читање на дневниот хороскоп, нема потреба да продолжувате понатаму.rnrnПрочитајте ги и овие факти за хороскопските знаци што секој би требало да ги знае.

  • Најважните планети во астрологијата според нивното влијание

    Најважните планети во астрологијата според нивното влијание

    Во астрологијата, нашите планети ја содржат целата моќ на универзумот и без двоумење влијаат на нашите животи со неа. Тие ви даваат сила, ви покажуваат значење и го водат вашето срце кон љубов и успех. Сепак, нивните ефекти не се секогаш толку магични или значајни.rnrnНајважните планети во астрологијата според нивното влијаниеrnrnВсушност, планетите можат да ви предизвикаат голема загуба, тешкотии и болка. Планетите се како богови и божици на универзумот со нивни лични карактеристики, и иако нивната цел е да го постигнете вашиот полн потенцијал, не се секогаш добри со нивните методи.rnrnДодека сите планети имаат позитивни и негативни страни, постојат некои кои изгледаат како да немаат ништо друго овен интензитет. Нивното појавување често доаѓа со непредвидлив ужас, емоционални тешкотии и темнина. Сепак најчесто на крај сте посозреани од кога било. Овие планети ви направиле добро и иако се застрашувачки, нивното влијание има најдобри резултати.rn

    Сатурн: Планетата на кармата и дисциплината

    rnSaturn GIFrnrnГледајте ја Сатурн како строг татко. Тој е овде од моментот кога сте се родиле, ви ги покажува последиците од лошите одлуки и ви поставува граници за да не направите голема грешка. Сатурн ве учи дека трудот и енергијата што ги вложувате во универзумот диктираат колку далеку ќе стигнете. Додека мрзеливоста и самоуништувањето резултираат со загуба и стагнација, напорната работа и дисциплината секогаш раѓаат успех.rnrnВо астрологијата, на Сатурн ѝ се потребни 29,5 години за да направи цел круг околу сонцето и се открива како бавен и трпелив пат кон зрелоста. Сепак, вашето патување може да стигне до голема раскрсница за време на „враќањето на Сатурн“. Ова се случува кога Сатурн се враќа на позицијата на којашто бил во моментот кога сте се родиле. Првото враќање ќе го доживеете помеѓу 27 и 30 години. Во овој момент ќе бидете присилени да одлучите дали сте подготвен да „пораснете“. Едно нешто е сигурно, нема да бидете истата личност по вашето враќање на Сатурн.rn

    Уран: Планетата на радикална и неочекувана промена

    rnPassing GIFrnrnУран е како мистериозното момче што ви го украло срцето и си заминало со него. Тоа е слободен дух, сака да ги крши правилата и да биде „обичен“ го плаши повеќе од сè на светот. Сепак, кога нештата ќе станат сериозни тој почнува да ве напушта. Според астрологијата, Уран има светла и револуционерна визија за иднината и на оваа планета не ѝ е страв да се ослободи од старите традиции за да ја направи реалност. За жал, Уран може да биде вистински бунтовник само затоа што сака да бунтува.rnrnВо вашата натална карта, Уран покажува што ве прави уникатна личност и истакнува каде можете да направите убава и прогресивна промена. Сепак, Уран го открива делот од вашиот живот во кој сигурно ќе доживеете многу нестабилност. Ако Уран е во куќа што бара трпение и посветеност, како седмата куќа на врските, ве очекува навистина бурен пат.rn

    Плутон: Планетата на смртта и преродувањето

    rnPluto Flyby GIFrnrnГледајте го Плутон како собирач на души. Од духовна гледна точка, смртта е најдлабоката и најголемата промена што ќе ја доживеете. Промената е толку голема што искрено никој не знае што се случува следно. Иако секој си има свое мислење за задгробниот живот, неоспорно е дека смртта е крајот. Но, тоа е и почеток на нешто ново, нешто што допрва треба да го разберете.rnrnВо астрологијата, Плутон ја претставува најтрансформирачката метаморфоза. Носејќи ве на работ на духовна смрт, Плутон ги содржи сите ваши стравови, но и целата ваша сила. Ги открива тајните што очајно сакате да ги зачувате, она што ви е страв да го изгубите и колку далеку би отишле за да го имате она што го сакате. Во наталната карта, Плутон ги открива деловите од вашиот живот кои имаат најмрачна моќ.rnrnОткријте и која планета владее со вас според вашиот хороскопски знак.

  • 6-те хороскопски знаци со најкомплексни емоции

    6-те хороскопски знаци со најкомплексни емоции

    Најчесто астролозите се фокусираат на добрите и позитивните страни на знаците од зодијакот и какво е нивното добро влијание на луѓето. Но, со секое добро доаѓа и лошо, па затоа е важно да се спомнат и компликациите кои го опкружуваат секој хороскопски знак. Во продолжение погледнете кои се 6-те хороскопски знаци со најкомплексни емоции.rnrn6-те хороскопски знаци со најкомплексни емоцииrn

    1. Стрелец

    rnАко не сте Стрелец, бидете среќни што никогаш нема да се најдете во неговата глава затоа што не би преживеале. Стрелците се навистина комплицирани и размислуваат премногу. Вистинскиот Стрелец ќе го преврти својот ум додека смислува секакви луди сценарија без да знае што навистина се случува околу него. За нив е навистина важно да ја пронајдат вистината. Кога има работи што не ги знаат, ги надополнуваат со нивната имагинација. Тие ќе ги истражат сите можности.rn

    2. Бик

    rnСекој роден под овој знак ќе размислува толку многу што може да „експлодира“ ако не внимава. Биковите никогаш не ја гледаат само површината на нештата и секогаш се обидуваат да допрат до сржта. Нивниот процес на размислување е толку комплициран што понекогаш и тие самите не разбираат што се случува во нивниот ум. Ова само ги тера уште повеќе да ги анализираат нивните мисли. Најчесто анализата завршува со комплицирање на веќе комплицираната ситуација, а причината не е ништо друго освен нивното неразбирање за себе.rn

    3. Близнаци

    rnПриродата на Близнаците е дуална, а ова само ги отежнува нештата кај луѓето со комплицирани емоции. Поголемиот дел од страдањата на Близнаците е последица од нивната чувствителност. Со нивните комплицирани емоции, Близнаци често сами си ги расипуваат нештата без помош од соперници или непријатели. Дури и кога ќе добијат најдобри вести, тие анализираат и ја претвораат веста во лоша. Толку упорно бараат нешто скриено што често забораваат што е важно.rn

    4. Овен

    rnМозокот на Овните работи постојано и зема пауза само кога спијат. Тие се навистина емоционални, а во комбинација со нивната чувствителност често имаат немирен ум. Претерано ги комплицираат работите и често се саботираат бидејќи умеат да ги смислат најлошите сценарија во секоја ситуација. Постојано го проектираат нивниот страв, а грижата само уште повеќе ги збунува.rn

    5. Девица

    rnДевиците се многу строги кон себе. Покрај тоа, можат да се однесуваат ужасно и кон другите, па малкумина можат да бидат во нивно друштво. Тие се експерти за анализирање до тој степен што создаваат неверојатни компликации, па ни самите не можат да се разберат. Навиката за претерано размислување им предизвикува многу лични проблеми, а веројатно ова е причината што не се однесуваат добро кон другите. Толку многу се повредуваат што имаат потреба да пренесат дел од болката на некој друг за да се чувствуваат подобро.rn

    6. Риби

    rnСекој познава барем една личност која секогаш е тажна без разлика колку добри работи ѝ се случуваат. Овие луѓе можат да најдат причина за плачење во секој момент. За Рибите ова е најлесното нешто на светот. Тие знаат да чувствуваат многу работи истовремено. Паранојата во нив им помага постојано да се сожалуваат. Нивните емоции се комплицирани и им служат само да си го расипат своето и расположението на другите. Дури и кога сè се одвива според нивниот план, тие ќе најдат потенцијален проблем и ќе се грижат за него.rnrnПогледнете и кои се хороскопските знаци кои не покажуваат емоции.

  • 3-те најтрпеливи хороскопски знаци во Зодијакот

    3-те најтрпеливи хороскопски знаци во Зодијакот

    Трпението е потребно во секој аспект од животот. Без разлика дали станува збор за приватниот живот, љубовната врска или кариерата, трпението може да ни помогне многу побрзо да стигнеме онаму каде што сме си замислиле. Токму затоа и овие три хороскопски знаци се незаменливи пријатели, партнери и колеги.rnrnrn

    1. Бик

    rnИ покрај тоа што Бикот може да биде моќен и тврдоглав, тој има трпение на светец во секој аспект од животот. Ова се случува поради својата екстремна посветеност во сè што прави. Никогаш не му е проблем да чека нешто големо да му се случи, затоа што знае дека за сите добри нешта е потребно време. Токму затоа и сè што прави, го прави совршено.rn

    2. Рак

    rnНе постои ништо што Ракот би сакал да го прави повеќе од уживање во слободен ден покрај океанот. Тој е епитом на безгрижен животен стил, секогаш наоѓајќи време во својот ден да ужива дури и во најмалите задоволства во животот. Бидејќи знае дека поголемиот дел од решенијата за проблемите ќе му се појават со тек на време, тој е трпелив и не се нервира многу.rn

    3. Скорпија

    rnСкорпијата е олицетворение на мирното и опуштеното и нејзиното однесување во сите ситуации го покажува тоа. Таа можеби малку ќе се нервира ако мора да чека во ред, но нема да го покаже тоа. Скорпијата никогаш не дозволува нејзината лута страна да излезе на површина и се гордее со себе затоа што може трпеливо да ја контролира оваа непосакувана карактеристика.rnrnПрочитајте ги и овие цитати кои ќе ви покажат колкава е моќта на трпеливоста!

  • Дали науката може да ги потврди реинкарнацијата и астрологијата?

    Дали науката може да ги потврди реинкарнацијата и астрологијата?

    Низ модерната историја, науката и верата имаат различни ставови за астрологијата или задгробниот живот. Ова е нормално бидејќи науката се потпира на опипливи докази, додека астрологијата зависи на верување во нешто што не може физички да се докаже.rnrnДали науката може да ги потврди реинкарнацијата и астрологијата?rnrnВо науката за да докажете нешто потребно е да можете да го измерите резултатот на тестот. Потоа некој друг треба да ги повтори истите тестови и да ги добие истите резултати. Па, докажувањето дали во астрологијата и реинкарнацијата има некоја вистина не е лесна работа.rnrnЕден од најважните делови во верата во разните религии е концептот на задгробен живот. Замислата за задгробниот живот варира во разните религии, но заедничко им е тоа што сите раскажуваат за некаков вид живот после смртта.rnrnРеинкарнацијата е едно од верувањата за задгробен живот. Таа е различна од концептот на пекол и рај. Кога станува збор за реинкарнација, човечката душа не оди на овие места туку се раѓа во ново физичко тело на Земјата. И самата реинкарнација има неколку варијации во зависност од религијата или филозофијата, но главното значење е исто.rnrnКога ќе слушнете некој да зборува за „минат живот“, тоа се однесува на реинкарнација. Спротивно на популарното верување, астрологијата е многу повеќе од хороскопските знаци – таа е тесно поврзана со реинкарнацијата.rnrnВо астрологијата можете да користите софтвер за да ја направите вашата натална карта. Ако сакате да откриете кои сте, вклучувајќи и тоа дали сте се реинкарнирале, вашата астролошка карта може да ви даде неколку информации за вашиот хороскоп, минат живот, па и неколку одговори за тоа зошто сте овде и која е вашата цел.rnrnДури и оние кои веруваат во астрологија и реинкарнација, ретко ги паметат своите минати животи. Но кога ќе се сетите на минатиот живот, тоа е феномен кој ѝ овозможува на науката да го докаже неговото постоење.rnrnПсихијатарот Џим Такер од Универзитетот во Вирџинија се интересирал за реинкарнацијата уште од доцните 1990-ти и ја истражува веќе некое време. Покрај тоа, самиот Универзитет во Вирџинија прави истражувања на таа тема веќе 50 години.rnrnФокусот на доктор Такер е тестирање на тврдењата за реинкарнација од мали деца. Неговиот главен пример е Џејмс Ленинигер, 2-годишно момче од Луизијана кое има сеќавања од пилот од Втората светска војна. Сеќавањата на Џејмс биле толку детални што тој го привлекол вниманието на јавноста, како и на доктор Такер.rnrnВо едно интервју во кое разговара за реинкарнацијата и астрологијата, доктор Такер истакнал дека Џејмс потекнува од христијанско семејство. Ова значи дека семејството немало верување за реинкарнација или астрологија. Не се чудни само сеќавањата на момчето за пилотот од пред 50 години. Почудни се референциите кои вклучуваат вистински несреќи и имиња кои момчето би немало како да ги знае.rnrnСигурно се прашувате кога науката влегува во игра. Доктор Такер го цитирал таткото на квантната теорија, Макс Планк. Тој вели дека според анализата на Планк за материја и свест, свеста не би зависела од мозокот за да преживее. Ова значи дека може да се „закачи“ на нов мозок и да биде оживена во форма на сеќавања од минатиот живот. Во главно, свеста е одделена од нашите тела, но потребно ѝ е тело за изразување. Ако свеста е нешто одделно од физичкото и може да преживее без него, тогаш ова е доказ дека постоиме и по смртта. Свест е на некој начин научен термин за зборот душа. Па, ако може да се префрла од едно тело во друго, тогаш сигурно реинкарнацијата е возможна.rnrnДури и ако свеста не се манифестира како сеќавања од минатиот живот, тие можат да бидат со нас и да не развијат како личност. Ова може да објасни зошто се чувствуваме на одреден начин за некои нешта.rnrnЗа многу луѓе верувањето во постоење на живот по смртта може да биде голем чекор. Токму поради ова потребна ни е науката за да ни помогне да ја најдеме нашата вера. Иронијата на спротивностите на науката и верата е тоа што науката може да ѝ биде најголемата поддршка на верата.rnrnПрочитајте ги и овие вистински приказни за луѓе кои се сеќаваат на претходните животи.

  • Астрологија за душата: Ова е време за конечна одлука

    Астрологија за душата: Ова е време за конечна одлука

    Во овој период многумина можеби ќе почувствуваат некаков притисок да донесат одлука, патоказ за својот живот. Астрологот Кајпача, кој се занимава со астрологија за душата од аспект на целиот Зодијак, вели дека нашата слобода лежи во способноста да избираме и да одлучуваме. Неговите прогнози се поопшти од вообичаениот хороскоп. Според него, во моментов е поволен период секој хороскопски знак да ги согледа своите опции, особено затоа што Уран поминува низ знакот Бик, откако претходно седум години ги поминал во знакот на Овенот.rnrnАстрологија за душата: Ова е време за конечна одлукаrn

    Дали треба да останеме исти или да се промениме?

    rnВлијанието на Марс и Уран ќе се чувствува кај сите знаци до септември, особено во барањето одговор на прашањето дали треба нешто да промениме кај себе. Но, астрологот Кајпача потенцира дека промените секогаш се добредојдени. Во месецот на Бикот треба да научиме дека љубовта кон себе е безусловна и да се прифатиме самите онакви какви што сме.rnrnСо влегувањето на Марс во знакот Водолија, многумина ќе одлучат да ги прошират перспективите и да се подобрат во она што се, но и во своите навики, аспекти, растење и зрелост.rn

    Време е за одлука!

    rnПланетата Јупитер со своето влијание низ знакот Скорпија ќе донесе период на подобрување на интимните врски, но и засилено внимание поради емотивната ранливост. Слободата на човекот лежи во неговата способност да бира, а до крајот на оваа година секој хороскопски знак ќе биде ставен пред некаков избор, поради што ќе треба да одлучува што е најдобро за него.rnrnАстрологија за душата: Ова е време за конечна одлукаrn

    Постапувајте најдобро што можете, водете се од љубовта

    rnПланетите Уран и Марс носат отворање и будење, но и подобар пристап кон себе, своите врски и работата. Периодот кој следува често ќе ве става пред избори, а вие ќе треба да одлучувате. Исто така, со помош на овие избори, ќе откриете што сакате да бидете и што правите правилно во животот, а што не.rnrnАстрологот Кајпача советува секој да го направи најдоброто што го умее, а да се води од љубовта и нежноста, бидејќи можен е период на изладени емоции и неумесни постапки кај некои луѓе.rn

    Повторно раѓање

    rnВо следниот период Сонцето влегува во знакот Близнаци, а тоа значи дека сите треба да се посветат на комуникацијата, разговорите, но и длабокото и широкото разбирање на самите себе. Сепак внимавајте, бидејќи комуникацијата некогаш може да биде напорна за вас или за соговорникот.

  • Која планета владее со вас според вашиот хороскопскиот знак?

    Која планета владее со вас според вашиот хороскопскиот знак?

    Иако астрологијата во никој случај не претставува наука, таа наоѓа значење на движењето на ѕвездите и планетите во нашиот Сончев систем. Никој не може да докаже дека небесните тела имаат влијание на нашиот живот, но необјаснивата прецизност на астрологијата ќе ве натера да се замислите. Уште многу одамна луѓето го толкувале универзумот. Всушност, воопшто не сме престанале со ова и го правиме и денес. Според астрологијата, секој од нас има одредени предности и слабости во зависност од денот во кој сме родени. Владејачката планета на секој знак на некој начин е изворот на нашата моќ.rnrnКоја планета владее со вас според вашиот хороскопскиот знак?rnrnЗначењето на секоја планета се менувало со текот на времето. Корењата на овие значења потекнуваат од вавилонската, римската и грчката митологија. Она што денес ни е познато како астрологија е модернизирање на овие митови. Па, погледнете која е владејачката планета на вашиот хороскопски знак и што тоа значи.rn

    Овен: Марс

    rnМарс владее со желбите, агресијата, страста, гневот и нашите примитивни инстинкти. Во римската митологија Марс е богот на војната. Како хороскопски знак, Овенот ги има овие карактеристики.rn

    Бик: Венера

    rnОваа планета владее со убавината, луксузот, парите и романсата. Во римската митологија Венера е божица на љубовта.rn

    Близнаци: Меркур

    rnПаметните Близнаци се владеени од Меркур. Во римската митологија Меркур е курирот на боговите. Оваа планета владее со изразувањето, комуникацијата, поврзаноста и интелектот.rn

    Рак: Месечина

    rnВо астрологијата, месечината владее со емоциите, ирационалните одговори, расположението и начинот на кој ги процесирате чувствата. Во римската митологија месечината е женскиот „партнер“ на сонцето.rn

    Лав: Сонце

    rnХрабриот Лав е владеен од сонцето. Во римската митологија сонцето е богот Сол. Тоа владее со вашиот карактер, вашата волја за живот, вашиот идентитет и вашето его.rn

    Девица: Меркур

    rnМеркур владее и со Девиците. Ова е планета на анализирањето, рационалноста, технологијата, комуникацијата и конекцијата.rn

    Вага: Венера

    rnВенера владее и со припадниците на знакот Вага. Таа владее со естетиката, хармонијата, харизмата, стилот и богатството.rn

    Скорпија: Плутон и Марс

    rnМистериозните Скорпии се владеени од две планети. Во римската митологија Плутон е богот на подземјето, додека Марс е богот на војната. Плутон владее со тајните, потсвесното, трансформацијата, смртта и раѓањето, а Марс владее со агресијата, виталноста, желбата и телесните инстинкти.rn

    Стрелец: Јупитер

    rnОвие филозофи се владеени од Јупитер. Во грчката митологија, Јупитер е ист со Зевс. Јупитер владее со знаењето, проширувањето, созревањето и оптимизмот.rn

    Јарец: Сатурн

    rnВредните Јарци се владеени од Сатурн. Во грчката митологија Сатурн е ист со Крон. Во астрологијата, Сатурн владее со дисциплината, ограничувањата, одговорноста и посветеноста.rn

    Водолија: Уран и Сатурн

    rnИ Водолиите се владеени од две планети. Во астрологијата, Уран владее со промената, револуцијата и индивидуализмот. Во римската митологија, Уран е богот на небото. Сатурн од друга страна владее со предизвиците, времето, мудроста, правилата и планирањето.rn

    Риби: Нептун и Јупитер

    rnСе разбира дека и Рибите се владеени од две планети. Нептун владее со соништата, креативноста, фантазијата и заблудата. Во римската митологија тој е богот на морето. Јупитер владее со преземањето ризици, љубопитноста и проширувањето на умот.rnrnПогледнете и кои се најголемите заблуди за хороскопот.