КАФЕ ПАУЗА

Tag: астрологија

  • 6 хороскопски знаци кои се родени постојано да се грижат

    6 хороскопски знаци кои се родени постојано да се грижат

    Повеќе не нè изненадува тоа што нашиот хороскопски знак влијае на секој аспект од нашиот живот, како и на проблемите и грижите. Астролозите велат дека личностите кои се родени во овие 6 хороскопски знаци, од моментот на отворање очи па до крајот на денот, тие се загрижени и не можат да си замислат ниту еден ден без грижи и стрес.rnrn(1) 6-znaci-vo-astrologijata-koi-se-rodeni-so-nagolema-zagrizhenostrnrnРазбирливо е кога некој сака да биде добар во сè, но многу често желбата за перфекција носи исцрпеност, особено кога нашиот мозок станува уморен од претерана грижа. Токму тоа и им се случува на овие знаци. Дознајте дали и вие сте едни од нив.rn

    1. Водолија

    rnВодолиите се познати по остриот ум кој е способен брзо да размислува и интелигентниот поглед кон светот. Но, токму поради „брзиот ум“, често и непотребно создаваат најразлични теории во главата. Секако овие теории за многу брзо време прераснуваат во грижи, при што Водолиите се соочуваат со имагинарни проблеми.rn

    2. Девица

    rnОсновниот извор на грижи кај Девиците е нивниот перфекционизам. Тие се навикнати да ги држат конците во свои раце, па кога нешто ќе им се провлече од контрола, тие често влегуваат во проблеми. Сепак, Девиците се специфични по тоа што можат да се соочат со секој проблем и успешно да продолжат понатаму.rn

    3. Близнаци

    rnСо оглед на тоа дека нивните мисли летаат од една на друга тема и немаат фиксиран фокус, за Близнаците секој проблем е нерешлив. Бидејќи многу тешко можат да ги согледаат работите јасно, тие се чувствуваат како да се наоѓаат во маѓепсан лавиринт.rn

    4. Стрелец

    rnПоради големиот број опции и лоши избори, Стрелците живеат во страв од донесување конечни одлуки. Тие постојано се преиспитуваат за да не направат грешка. Но, тоа премислување дополнително ги исцрпува.rn

    5. Скорпија

    rnСкорпиите се затворени и емотивно чувствителни личности, па својата ментална енергија најмногу ја трошат на анализирање на луѓето и нивните односи, сè со цел да не случајно бидат повредени.rn

    6. Јарец

    rnЈарците постојано ги преиспитуваат сите чекори кон посакуваната цел, а секоја потенцијална грешка, особено во планот на кариерата, ги чини многу нерви.rnrnПрочитајте повеќе и за овие 3 хороскопски знаци што не поднесуваат да бидат сами.

  • 3 хороскопски знаци што не поднесуваат да бидат сами

    3 хороскопски знаци што не поднесуваат да бидат сами

    Секој хороскопски знак има некои карактеристики кои го прават посебен и го разликуваат од останатите. Некои уживаат да бидат во друштво и сакаат да наоѓаат нови пријатели. Други се секогаш подготвени да помогнат и најчесто се во цврста и долготрајна врска. За некои хороскопски знаци најважна е врската која ќе функционира убаво. Ако на следниве знаци им прекине врската и мора да бидат сами, тие се најнесреќни од сите.rnrnrnrn

    1. Близнаци

    rnРодените во знакот Близнаци се многу друштвени и со задоволство остваруваат нови контакти. Со нив може да се разговара за сè и тие сакаат да разменуваат искуства. Меѓутоа без редовен контакт набрзо почнуваат да се чувствуваат осамено. Најчесто така им е во соло-фазата. Се чувствуваат напуштено и ужасно им недостига некој да биде покрај нив.rn

    2. Вага

    rnВагите се едни од најпријателските знаци и сакаат контакт со луѓето околу себе. Тежнеат кон хармонија и многу се грижливи. Нивната дружељубивост им помага побрзо да склопуваат нови пријателства и врски. Но, Вагите без партнер и љубов се чувствуваат осамено и се многу несреќни.rn

    3. Водолија

    rnПрипадниците на овој знак сакаат да се опкружени со многу луѓе. Водолиите се многу друштвени и сакаат да патуваат со екипа. Добрата групна динамика им е многу битна и без редовни контакти се чувствуваат осамено. Истото се случува и кога се во прашање врските. Со партнер се многу посреќни и полни со елан и радост.rnrnДознајте и кои се 3-те хороскопски знаци што ги очекува предизвикувачки период за време на владеењето на Лавот.

  • Астрологијата ни открива кои се најмудрите жени во Зодијакот

    Астрологијата ни открива кои се најмудрите жени во Зодијакот

    Стекнувањето мудрост е големо достигнување со кое можете да се пофалите, дури и во зрелите години. Мудроста не ја сочинува само знаењето, искуството и разумноста, туку и внатрешниот мир. Астролозите долго време ги анализирале карактеристиките на хороскопските знаци и одлучиле да споделат кои од нив стануваат најмудри со текот на годините.rnrn(1) najmudrite-zheni-spored-horoskopotrn

    Јарец

    rnСериозност, смиреност и внимателност – карактеристични особини и доблести кои ги сочинуваат најмудри претставнички на понежниот пол. Тие се воздржани, секогаш постапуваат совесно и умеат да донесат вистински одлуки.rnrnТие постепени го крадат кариерите и врските. Претставничките на овој знак смирено ги прифаќаат даровите на судбината и секогаш на крајот од животот добиваат сè што посакуваат.rn

    Водолија

    rnЖените Водолии, не само што се фасцинантни, туку поседуваат и природна мудрост. Претставничките на овој знак имаат своја гледна точка, но никогаш не ја наметнуваат на другите и не сметаат дека секогаш се во право.rnrnВодолиите не сакаат да расправии за ситници. Тие никогаш не се обидуваат да го променат својот партнер. Сè во животот прифаќаат онака како што е.rn

    Девица

    rnДевиците умеат рационално да го прифатат животот. Претставничките на овој знак се многу разумни и трпеливи личности.rnrnВо некои животни ситуации, тие често постапуваат како набљудувачи, па благодарение на тоа, тие гледаат и разбираат многу.rn

    Бик

    rnДоколку ви е потребен мудар совет на љубовен, обратете се кај жените Бикови. Тие ќе го споделат со вас целото своето искуство и знаење. Биковите поседуваат внатрешен мир и добрина, а својата топлина добродушно ја подаруваат на околината.rnrnЖената Бик може да стане инспирација на својот партнер, бидејќи секогаш ќе ги подржува неговите амбиции и ќе биде сигурна поддршка во семејниот живот. Прекрасните претставнички на овој хороскопски знак умеат да дадат навистина мудри совети.rn

    Овен

    rnОвните се многу одговорни и затоа останатите сметаат дека го држат животот во своите раце. Тие трпеливо и со високо крената глава ги примаат сите тешкотии кои судбината им ги наметнува. Жените во овој знак со задоволство им помагаат и се грижат за другите.rnrnОвните исто така сакаат да го запознаат светот, па затоа обожаваат да читаат книги и да имаат повеќе хобија.rnrnДознајте и кои се утринските рутини на сите хороскопски знаци.

  • Како секој од хороскопските знаци привлекува пари?

    Како секој од хороскопските знаци привлекува пари?

    Во астрологијата, на некои од знаците им е судено да направат богатство, без разлика дали се стремат кон тоа или не. Дали и вам ви е судено да бидете богати и успешни? Доколку не го знаете одговорот на ова прашање, тогаш прочитајте за вашиот знак и откријте.rnrnhttps://kafepauza.mk/wp-content/uploads/2019/07/1kako-horoskopskite-znaci-privlekuvaat-pari.jpgrn

    Овен

    rnОвој неуморен генијалец е успешен во започнувањето секаков вид работа. Неговиот претприемачки дух не мирува кога треба да се ризикува и вложува пари. Има храброст и често донесува мудри одлуки. „Без ризик нема капитал“ е неговото мото. Доколку работата му оди од рака, тој е способен да ротира со парите така што постојано ќе вложува и ќе добива, правејќи си богатство. Не сака кога парите му стојат некаде на сигурно, повеќе би сакал да ги инвестира обидувајќи се да се збогати уште повеќе. Не е склон кон штедење. Знае да потроши голема сума на пари честејќи ги пријателите. Парите ги доживува како средство за понатамошно развивање на работата.rn

    Бик

    rnБиковите се темелни, упорни и малку себични кога станува збор за финансиите. Склони се кон штедење, но кога зборуваме за материјални работи немаат граница. Постојано купуваат нешто со помислата „ќе се најде“. Иако се способни во работата со недвижностите, сепак тешко се одделуваат од веќе започнатата работа. Бидејќи имаат хедонистичка црта, тие можат да потрошат огромна сума на работи во кои ќе уживаат, како на пример храна. Но, и тогаш тие внимаваат со колку пари располагаат. Доколку сте им должни, тие никогаш нема да го заборават долгот и точно знаат кога треба да им се раздолжите. Со задоволство ќе ве потсетуваат на тоа. Од друга страна пак, ретко кога позајмуваат пари бидејќи се материјалисти во душа.rn

    Близнаци

    rnАко постои пример за изреката „Да имаш, па да немаш“, тогаш дефинитивно станува збор за Близнаци. Овој вечен циркуски знак едно време има, па потоа нема пари, но тоа воопшто не го загрижува. Кај овој знак, како пристигнале парите, така и си заминале, па повторно од некаде ќе му пристигнат и сè така во круг. Не е склон кон штедење, но има способност да заработува. Не се плаши од коцкање и секаков вид ризик, како и од позајмување. Тоа е затоа што парите не ги сфаќа премногу сериозно. Добрата страна на овој знак е тоа што може да направи големо богатство, а лошото е што може да го изгуби стекнатото богатство преку ноќ, па да западне во долгови или да направи некоја голема измама со стил.rn

    Рак

    rnРаковите се внимателни кога станува збор за пари. Тие со задоволство би ги чувале доколку можат. Поради својата сочувствителна природа, со задоволство би им помогнале на пријателите, позајмувајќи им пари. Но, доколку останат измамени, со нивната одлична меморија, нема да заборават и ќе паметат за наредниот пат. Со нивната посветеност кон работата може да стекнат голем имот. Не се склони кон ризици, иако имаат големи планови и идеи за заработка, па остануваат цврсто на земјата, одејќи по сигурниот пат.rn

    Лав

    rnЧесто сакат да се наметнуваат и да се докажуваат. Склони се кон трошење пари за скапи и гламурозни работи и скапоцени предмети. Што поскапи, толку подобро. Можат да станат вистински расипници. Способни се како организатори и се склони кон ризици. Се впуштаат во секаков вид шпекулација. Така заработуваат многу пари, но веднаш ги трошат. Немаат проблем во позајмувањето пари на други (сакаат да се направат важни, да бидат спонзори и донатори). Лошата страна на овој знак е тоа што може да прерасне во голем измамник.rn

    Девица

    rnКако што им е во природата на Девиците да собираат плодови, таков однос имаат и со парите. Многу се штедливи и внимателно располагаат со парите, што дури до детали планираат како и на што ќе ги потрошат. Нивното мото е „Зрно по зрно – погача, камен до камен – палата.“ Цел живот штедат и на крајот инвестираат во некоја голема и корисна работа (школување на дете, градење куќа). Девицата со сигурност е најштедливиот знак.rn

    Вага

    rnКако што им е важно воспоставувањето рамнотежа во животот, така им е важна и рамнотежата на парите. До приходи често стигнуваат со соработка со други луѓе, и често дават позајмици. Сакаат да трошат пари на убави работи – накит, облека, сè што е поврзано со уметноста… во главно сè што е убаво. Доколку си постават граница самите, можат мудро да уживаат во животот на тој начин што ќе заработуваат и трошат онолку колку што им е потребно.rn

    Скорпија

    rnСкорпија е осмиот знак по ред во хороскопот кој претставува вложување во други, наследства, кредити. Затоа овој знак е мајстор за банкарство. Неговиот дух и интуиција можат да го одведат во банкарските води, бидејќи точно знае кога и како да инвестира во акции, кога да купи и кога да продаде. На тој начин може да стекне големо богатство. Доколку се најде во ситуација да преземе ризик и да инвестира за некој друг, тој добро ќе размисли и ќе го послуша внатрешниот глас. Не е многу склон кон трошење пари и знае како да ги задржи. Доколку позајмува, сака да знае кога ќе му бидат вратени парите, бидејќи сака чисти сметки.rn

    Стрелец

    rnПознат коцкар, расипник но и среќлија во финансиите. Кај овој знак сè е можно. Бидејќи со Стрелецот владее планетата Јупитер, тој знае да се коцка. Лошата страна е тоа што лесно може да доживее банкрот, а добрата страна е тоа што може да се роди како личност на која лесно се лепат парите и сè што ќе допре – ќе го претвори во злато. Склони се кон уживања и сакаат да трошат. Немаат проблем со позајмувањето, без разлика дали тие ќе позајмат од некој или обратно – тие се луѓе од доверба.rn

    Јарец

    rnДобрата страна е што овој знак може да биде угледен богаташ, кој своето богатство го стекнал самиот со напорна работа, а лошата страна е тоа што може да биде и најголемиот скржавец во Зодијакот. Честопати овие страни можат и да се спојат. Сепак, овие луѓе се вистински професионалци во секоја работа. Многу бараат од луѓето, но и од самите. Со ваков пристап, тие можат да стекнат големо богатство. Не се склони кон ризици и сакаат сигурни работи. Не сакаат да позајмуваат пари. Тоа е затоа што се свесни дека самите ги заработиле парите, па очекуваат и другите да го направат истото. Доколку трошат, тие секогаш се внимателни при изборот и бараат да бидат квалитетни работи кои ќе траат долго.rn

    Водолија

    rnБоемството им е во крвта, па таков им е и односот со парите. Денес имаат, утре немаат, и така во круг. Имаат чуден однос со парите и имотот. На пример, еден ден ќе дадат сè за своите пријатели, но друг ден не даваат ни денар за нешто што би можело да им донесе голем профит. Тие се непредвидливи, како и нивните приходи. Премногу се склони кон преземање ризик, но само кога им е по ќеиф. Можат да заработат пари многу нагло, но на истиот начин и да ги изгубат. Доколку ја послушаат интуицијата која ќе им се појави како „блиц“, големи се шансите да се збогатат. Сепак, не знаат да го задржат богатството. Најмногу сакаат да трошат кога се со друштво.rn

    Риби

    rnПостојат Риби кои пливаат во богатство, но постојат и такви кои се дават во долгови. Можат да стекнат приходи на различни начини, но како и да е, парите ќе им се слизнат од раце. За нив парите претставуваат средство за живеење во нивниот свет. Сепак, некои Риби под влијание на планетата Нептун, можат да бидат многу успешни во разни работи и да стекнат големо богатство. Некогаш се среќни луѓе на кои парите им стигнуваат без мака, но некогаш се жртви и се мачат за мизерна плата. Позајмуваат и помагаат кога е потребно, но доколку тие земат пари можат да бидат несовесни при враќањето на долгот. Лошата страна е што можат да станат измамници кои сме ги виделе само на филм.rnrnДознајте кои хороскопски знаци се прави мамини синови.

  • Сумирано во една реченица: Каков партнер ви треба според хороскопскиот знак?

    Сумирано во една реченица: Каков партнер ви треба според хороскопскиот знак?

    Многу фактори зависат на изборот на партнерот. Некогаш носиме правилен избор, а некогаш грешиме, бидејќи едноставно не сме го познавале доволно добро. Па, доколку ви треба помош при одлуката што да барате во вашиот партнер, хороскопот може многу да ви помогне. Запознајте ги подобро сите знаци и откријте дали вашиот сегашен партнер е најдобриот избор за вас!rnrnrn

    Овен

    rnНекој кој секогаш ве изненадува.rn

    Бик

    rnПартнер што ве почитува.rn

    Близнаци

    rnНекој што ќе ви помогне да се опуштите.rn

    Рак

    rnНекој што е трпелив и што ве разбира.rn

    Лав

    rnПартнер кој ќе ви даде до знаење кога грешите.rn

    Девица

    rnНекој несебичен и опуштен.rn

    Вага

    rnНекој што не можете да го шармирате одеднаш.rn

    Скорпија

    rnНекој кој е сигурен во себе.rn

    Стрелец

    rnПартнер што истовремено е одговорен, но и забавен.rn

    Јарец

    rnНекој што ја разбира вашата комплексност.rn

    Водолија

    rnПартнер кој нема лесно да се заплашува.rn

    Риби

    rnНекој што е доверлив и што лесно се фокусира.rnrnДознајте и кои 4 парови од Зодијакот кои докажуваат дека спротивностите се привлекуваат.

  • Правилата се измислени за да се кршат: 4-те хороскопски знаци кои се најголемите бунтовници

    Правилата се измислени за да се кршат: 4-те хороскопски знаци кои се најголемите бунтовници

    Бунтовниците воопшто не се грижат дали со нивните постапки ќе си го нарушат својот авторитет ниту пак се плашат да се спротивстават на други авторитети. Тие се сигурни во тоа што го прават и одбиваат да го прифатат статус квото. Нормите и правилата кои ги наметнува општеството некогаш можат да бидат здодевни и да не одговараат на вашите интереси и потреби. Доколку правилата ве ограничуваат вас како човечко суштество можеби е време да почнете да создавате свои, како тоа што го прават следниве хороскопски знаци.rnrnrn

    Овен: Секогаш се труди да го даде максимумот

    rnПостои ли сомнеж дека агресивниот и импулсивен Овен е многу бунтовен? Тој е раководен од Марс – планетата на борбите и интензитетот – за гласното плачење. Доколку некогаш се соочите со Овенот, нема шанси тој да ѝ одолее на борбата. Речете му дека нешто му е забрането и автоматски го тестирате неговото трпение. Овој хороскопски знак ги следи само сопствените инстинкти. Пробајте да му го кажете спротивното и имате полна работа.rn

    Близнаци: Мисли дека правилата се тотална шала

    rnПравила и Близнаци? Не е чудно доколку тие не обрнувале внимание дури ни кога почнавте да им ги објаснувате правилата. Близнаците преферираат да ги согледуваат работите на нивен начин наместо да ги следат правилата. Зошто? Затоа што тоа ги прави нештата многу поинтересни. Тие се секогаш на граница да им стане досадно и следењето правила многу брзо може да им здодее. Овој хороскопски знак обожава да го живее секојдневието со малку пакости. И тоа го прави токму каков што е.rn

    Стрелец: Брзото живеење е секогаш работа на личен избор

    rnДа побарате од Стрелецот да ги следи правилата е како да се обидувате да чувате змеј затворен во кафез. Тој ќе го стопи железото со својот оган и ќе летне. Нема поента да му речете на Стрелецот да се држи до нормите затоа што тој не верува во нив. Наместо тоа, тој гледа безбројни можности за тоа каков би требало да биде животот и воедно е зависен од адреналин. Овој хороскопски знак е авантурист во секој поглед, а од кога авантурата ги вклучува правилата?rn

    Водолија: Секогаш во состојба да покрене револуција

    rnВодолијата е знак кој е бунтовник до срж. Покрај сè, тој е раководен од Уран – планетата на радикалните промени и револуцијата – и не се плаши дури ни кога би уништил цела војска. Кога е соочена со листа на правила, Водолијата автоматски поставува прашања. Кој ги напиша овие правила? Зошто биле напишани тие правила? Кој им даде моќ да ги наметнат? Подобро ќе биде да ѝ дадете одговори затоа што на овие луѓе им треба многу малку за да покренат движење.rnrnДознајте и кои се 4-те хороскопски знаци кои се најспонтани.

  • 4-те хороскопски знаци кои се најспонтани: Тие обожаваат кога немаат план!

    4-те хороскопски знаци кои се најспонтани: Тие обожаваат кога немаат план!

    Постојат два типа луѓе: оние кои секогаш ги планираат работите до последниот детаљ и оние кои никогаш не прават план за апсолутно ништо. Едните имаат долги листи каде што ги планираат сите активности од најмали ситници во текот на денот, па сè до планирање на идното патување. Другите обожаваат кога се ослободени од секакви организации и им се препуштаат на возбудливите активности кои сосема спонтано ги доживуваат. Да ги погледнеме знаците кои се спонтани и кои никогаш ништо не планираат.rnrnrn

    Овен: Одат онаму каде што им вели срцето

    rnВо неговиот живот, Овенот се труди да постои сега и тука во овој момент. Тој не е загрижен за минатото, ниту пак опседнат со иднината. Овој интуитивен хороскопски знак кој е управуван од Марс секогаш го следи својот инстинкт и плановите кои се непроменливи можат да го натераат да се чувствуваат ограничен кога има неочекувана идеја да направи нешто потполно различно. Овенот се впушта со целото срце во сè што прави и доколку состојбата во неговото срце се промени одма се откажуваат од планот.rn

    Близнаци: Тие повеќе преферираат да останат искрени (со отворен ум)

    rnНема да биде изненадувачко доколку дознаеме дека токму Близнаците ја измислиле фразата „Опушти се и помири се со ситуацијата“. Се работи за воздушен знак и тие повеќе преферираат да одат во насоката каде што ќе ги насочи ветрот наместо да се фокусираат на само една работа. Близнаците знаат дека животот може одеднаш да се промени, па тогаш зошто да им се одолее на убавите можности кога тие постојат? Тие секогаш можат да најдат милион различни начини за нешто да направат и додека другите мислат дека се фокусирани на „правиот“ пат, овој знак знае дека тој пат е единствениот.rn

    Вага: Тие се спремни за неочекувани можности

    rnДали некогаш сте забележале колку лесно Вагата може да го пренасочи вниманието кога чита некоја долга листа? Тоа не е затоа што Вагите се расеани, туку дека нивниот мозок ги „скенира“ пропуштените шанси. Сетете се дека овој знак прави сè за да го пронајде балансот и доколку остане претерано ригиден во неговото секојдневие тоа би предизвикало кај него контролирање на спонтаните можности кои би можеле нешто да значат. Овој хороскопски знак ја цени човечката поврзаност над сè друго и може да разбере од што е создадена човечката природа.rn

    Стрелец: Тие веруваат дека секој ден е потполно нов ден

    rnПо дефиниција, Стрелецот е најспонтан знак од сите во Зодијакот. Тој е променлив огнен знак, а кога огнот бил предвидлив? Има свој начин на пристап на речиси на сè и неговиот оган струи и само ако еднаш се дувне во него. Ова е причината поради која Стрелецот е прочуен по авантурата. Идејата за совршен ден на овој хороскопски знак е автомобил со полн резервоар и неодредена дестинација. Кој знае каде ќе дувне ветрот? Дали ќе заврши во Големиот Кањон или во големиот град?rnrnДали некој од овие описи одговара на вашиот хороскопски знак?rnrnПрочитајте и за 4-те хороскопски знаци што секогаш се подготвени за журка!

  • 4-те хороскопски знаци што секогаш се подготвени за журка!

    4-те хороскопски знаци што секогаш се подготвени за журка!

    Имате планови за викендов? Ако не знаете што да правите, ви препорачуваме да побарате некој од овие хороскопски знаци (или сите) и викендот ќе ви се претвори во авантура што нема никогаш да ја заборавите!rnrnrn

    1. Близнаци: Тие секогаш знаат како да ги зачинат нештата

    rnСигурно не сте изненадени што првиот знак на оваа листа се ѓаволестите, но истовремено и будалести Близнаци. Без разлика на тоа колку луѓето сакаат да се плашат од нивните палави постапки, тие секогаш уживаат во начинот на кој Близнаците ја претвораат забавата во незаборавно искуство. Ова се случува само затоа што Близнаците знаат точно што сакаат и како да го добијат истото и никогаш не си судат себеси. И токму овој став го пренесуваат на оние околу нив.rn

    2. Лав: Тие го живеат животот како да е една голема журка

    rnАко имате Лав во животот, тогаш сигурно знаете дека тие можат да ја претворат дури и најздодевната ситуација во нешто многу забавно. Дури и ако сте заглавени во сообраќај 3 часа, Лавот ќе пушти музика и ќе го претвори возењето во танцова битка. И покрај сè, Лавот е најекспресивниот и најтеатралниот знак во целиот Зодијак! И секако, на секоја забава ѝ треба малку драма, па ако има Лав во близина – знаете што да очекувате!rn

    3. Стрелец: Тие ќе се погрижат вашата журка да е незаборавна

    rnАко немате планови и не знаете каде ќе одите вечерта, веднаш обратете се кон Стрелец! Овој хороскопски знак се карактеризира со спонтаност и авантуризам, па затоа и кога е во близина, треба да знаете како да го очекувате неочекуваното. Ако тој е на вашата забава, не само што сите ќе се смеат додека не ги заболи стомакот, туку големи се шансите и целосно да ја промени темата на журката. Што мислите, како сите завршија во базенот со своите алишта?rn

    4. Водолија: Тие се пријатели со сите

    rnАко не знаете кого да поканите на вашата журка, сè што треба да направите е да се јавите на Водолија и да побарате од неа да ги покани своите пријатели. Водолиите имаат милиони пријатели од сите области на животот, па затоа и знаат точно кој да изберат за да направат незаборавна журка. Да не заборавиме и на фактот дека нивната провокативна природа го извлекува „животното за журка“ од секој човек, па тие можат да ги претворат дури и најздодевните настани во забава на векот.rnrnПрочитајте и како се однесувате на домашна забава, според вашиот хороскопски знак.

  • Најголемите романтичари се родени во овој хороскопски знак

    Најголемите романтичари се родени во овој хороскопски знак

    Кога ќе помислите на хороскопските романтичари, најверојатно првото нешто што ви паѓа напамет се срамежливите Ракови или изгубените Риби кои се сметаат за најчувствителните знаци во целиот Зодијак. Ако е така, тогаш без сомнение грешите. Според астролозите, најромантичниот знак е оној што е најдобар во искажувањето на љубовта и што никогаш не се плаши да прави големи дела за своите сакани. Ве потсетува на некој? Да, станува збор за Лавовите!rnrnrnrnИако и самите признаваат дека поседуваат големо ниво на егоцентричност и авантуризам, Лавовите се личности чие срце е преполно со љубов за другите. Тие едноставно ги обожаваат луѓето и спремни се дадат сè од себе за да направат саканите да се чувствуваат љубено.rnrnТие се многу внимателни, слушаат дури и кога мислите дека не ве следат и ќе се потрудат да ви ги исполнат дури и најлудите желби. Лавовите се лојални хороскопски знаци сè додека не ги изневерите или предадете, по што веднаш можете да ги изгубите.rnrnТие исто така се и неверојатни пријатели и исто колку што се трудат во љубовните врски, толку се трудат и во пријателските. За нив блиските се најважното нешто во животот и сакаат да бидат опколени со оние што вистински ги сакаат и ги љубат.rnrnПрочитајте и што всушност мисли секој од хороскопските знаци кога вели „Те сакам“.

  • 4-те најтаинствени и најмистериозни хороскопски знаци во Зодијакот

    4-те најтаинствени и најмистериозни хороскопски знаци во Зодијакот

    Што е заедничко за овие знаци? Сите тие имаат таен свет којшто не го споделуваат со другите. Тие живеат во своите мисли и ретко кому му дозволуваат да премине преку високите ѕидови што ги изградиле околу себе. Дали и вие познавате некој во овие знаци?rnrnrn

    1. Скорпија

    rnВоопшто не е чудно што Скорпијата, водена од Плутон, планетата на сите скриени нешта, е позната по својата таинственост. Скорпијата во секој момент размислува што да сподели а што да задржи за себе. Во нејзиното јадро, таа е истражувач и сака постојано да биде еден чекор пред сите. Тоа е затоа што се плаши да биде немоќна, а ако верува секому со своите тајни, тогаш би се чувствувала гола.rn

    2. Јарец

    rnАко познавате Јарец, тогаш знаете колку ригидни и нечитливи се тие. Изгледа како неговата фасада да е направена од камења и вие морате малку по малку да ја кршите пред да стигнете до неговата внатрешност и да ја заслужите неговата доверба. Јарецот е воден од Сатурн, планетата на ограничувањата, па затоа и е познат по одржувањето на своите високи ѕидови. На крајот од денот, Јарецот само сака да изгледа како да е способен за сè.rn

    3. Водолија

    rnВодолијата е тешка за кршење само затоа што не изгледа толку таинствено. Таа е социјална, шармантна, и знае како да освои публика. Но, дали сте забележале и колку често исчезнуваат овие луѓе? Водолијата некој период ќе биде постојано таму и одеднаш ќе исчезне и нема да знаете што се случува со неа. Тоа е така бидејќи таа е многу независна и индивидуалистичка, што ја прави многу таинствена за своите емоции.rn

    4. Риби

    rnКарактерот на Рибите е најчесто тајна. Тие живеат во свет од соништата за којшто никој не е свесен дека постои. Можете да се обидете да ги натерате да се отворат за своите емоции, но тоа е скоро невозможно. Сте забележале ли колку често нивните очи стануваат „празни“ додека им зборувате бидејќи едноставно се исклучиле од светот? Тие најверојатно размислуваат за секоја своја тајна додека се претвораат дека ве слушаат.rnrnТие се незапирливи: Дознајте и кои се хороскопските знаци со најсилен оган во себе.