Астрологијата отсекогаш била интересен начин преку кој луѓето се обидуваат да ги разберат односите и емоциите. Иако не постојат строги правила кога станува збор за љубовта, одредени хороскопски комбинации често се издвојуваат како поприродно усогласени.rnrnСтанува збор за знаци кои се надополнуваат по енергија, во комуникацијата и во емоционалната поврзаност создавајќи врски во кои разбирањето доаѓа полесно.rnrn
rnrnВо продолжение издвојуваме неколку комбинации кои важат за особено компатибилни.rnrnОвен и ЛавrnДва огнени знака што носат силна енергија, страст и самодоверба. Оваа комбинација често се темели на динамика и заедничка амбиција, каде двајцата партнери се мотивираат еден со друг.rnrnБик и ДевицаrnЗемјена комбинација што се базира на стабилност и доверба. Овие знаци се практични и лојални, па нивниот однос често има долгорочна перспектива и сигурност.rnrnБлизнаци и ВагаrnВоздушна врска исполнета со комуникација и леснотија. Овие знаци природно се разбираат, сакаат разговор и создаваат однос без непотребен притисок.rnrnРак и РибиrnДлабока емотивна поврзаност помеѓу два водени знака. Нивниот однос се темели на интуиција, емпатија и силно меѓусебно разбирање.rnrnЛав и СтрелецrnЕнергија, авантура и оптимизам. Оваа комбинација сака движење и нови искуства, а врската често е исполнета со ентузијазам и заеднички планови.rnrnДевица и ЈарецrnПрактична и стабилна врска изградена врз одговорност и доверба. Овие знаци често имаат слични цели и вредности, што им помага да изградат цврст однос.rnrnСкорпија и РибиrnИнтензивна и длабока емоционална врска. Оваа комбинација се карактеризира со силна интуитивна поврзаност и разбирање без многу зборови.rnrnВага и ВодолијаrnМодерен и балансиран однос. Овие знаци ја ценат слободата, комуникацијата и меѓусебното почитување, создавајќи лесна и инспиративна врска.rnrnБик и РакrnКомбинација што носи топлина и сигурност. Овие знаци создаваат однос исполнет со грижа, стабилност и чувство на дом.rnrnСтрелец и ВодолијаrnСлободоумна и авантуристичка врска. Оваа комбинација е полна со нови идеи, патувања и желба за истражување.rnrnДали хороскопот навистина ја одредува компатибилноста?rnrnИако астрологијата може да понуди интересни насоки, секој однос е уникатен. Карактерот, вредностите и комуникацијата играат многу поголема улога од било кој хороскопски знак.rnСепак, ваквите комбинации често се интересен начин да се погледне на односите од поинаков агол и да се открие зошто со некои луѓе едноставно се чувствуваме поповрзано.rnrnЗаклучокrnХороскопските знаци можат да дадат интересен увид во односите, но најважно останува разбирањето, почитта и желбата за заеднички раст.rnrn
Tag: астрологија
-

Најкомпатибилни хороскопски знаци: кои комбинации создаваат хармонични врски
-

Се ближи најсреќниот ден во 2022 година! Откријте за кој датум станува збор.
На 2 март ќе се случи еден од ретките астролошки феномени оваа година – единствениот датум со млада Месечина во знакот Риби за оваа година. Според тоа, се работи за еден од најдобрите денови во годината кога максимално морате да ги искористите потенцијалот и имагинацијата за да ги остварите вашите желби.rnrn
rnrnНа овој ден и Јупитер ќе биде во близок контакт со Месечината што ќе придонесе за зголемување на вашата продуктивност. Препуштете им се на новите идеи и оставете тие да ви бидат ѕвезда водилка. Во поглед на љубовта, Месечината во Риби ќе ви пружи одлична можност да ја најдете својата сродна душа. Доколку веќе сте во врска, ќе почувствувате потреба да поминете повеќе време со партнерот. Сепак, не занемарувајте го и својот личен простор. Бидете одмерени за да одбегнете идно незадоволство и притисок врз врската.rnrnПод влијание на младата Месечина во Риби ќе ви се остварат и дел од најскриените желби. Ваша задача е само да се препуштите и да уживате!rnrnНа 3 март пак, Венера ќе се синхронизира со Плутон во знакот Јарец. Тоа ќе ви даде нова енергија за да дадете сè од себе и да го подобрите вашиот живот! Сепак, астролозите ве предупредуваат: она што се случува зад затворени врати треба да остане таму.rnrnСпоред астрологијата, сабота ќе биде најсреќниот ден во годината. Овој ден се нарекува и „Ден на чудата“ бидејќи Сонцето ќе биде во конјукција со Јупитер во знакот Риби. Од големо значење е да ја насочите енергијата кон позитивни работи тој ден со цел да се ослободите од негативните мисли и насобраната фрустрација или тага. Направете го тоа така што времето ќе го поминете со луѓе кои ве поддржуваат и кои ви помагаат да се развивате подобро како личност. Здружувајќи ги силите со Јупитер, Сонцето ќе ве облее со зрак на креативна, романтична и инспиративна енергија!rnrnОд друга страна, под влијание на Марс и Венера ќе се спојат романтиката и страста. Препуштете им се на желбите. Доколку имате партнер, доволно е да најдете време и волја за експериментирање. Најважно од сè е да бидете искрени со партнерот. Ако не сте во врска, ве очекува ново познанство. Освојте ја личноста со вашиот интелект, но и со смислата за хумор и не плашете се да се впуштите во авантура. Сега е вистинскиот момент за уживање!rnrnОткако дознавте кој ќе биде најсреќниот ден во 2022 година, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во март.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs -

Каква лекција го очекува секој хороскопски знак во 2022 година?
Прочитајте какви животни лекции ќе ни донесе новата година.rnrn
rnОвен
rnНе плашете се да бидете сами понекогаш. Осаменоста ќе ви помогне подобро да се спознаете себеси и да ги најдете одговорите по кои трагавте досега. Доколку поминете време сами со себе, ќе можете да откриете кое е вашето автентично „јас“ и да ги подобрите односите со луѓето околу вас. Во 2022 година ќе морате да направите тежок избор, а вашите постапки ќе влијаат не само врз вас туку и врз вашата заедница.rn
Бик
rnОдлично е тоа што знаете што сакате од животот, но понекогаш морате да направите простор за другите луѓе како и за нови идеи во вашиот живот. Ќе сфатите дека време е да поработите на подобрување на вашите меѓучовечки вештини, без разлика дали станува збор за личен, професионален или социјален живот. Тоа ќе ви помогне да напредувате на работа и во кариерата и ќе ви донесе повеќе клиенти, проекти и подобра финансиска состојба.rn
Близнаци
rnНајчесто работите по однапред зададени правила кои ретко ги прекршувате. Затоа, кога работите ќе тргнат наопаку, без разлика да се работи за промена на процесот или промена на тимот, вие станувате немирни и скептични. Единствениот начин за справување со предизвиците е да научите да бидете сигурни во себе.rn
Рак
rnЌе сфатите дека позитивните промени во животот се можни само доколку ја напуштите вашата удобна зона. Ќе треба да си поставите приоритети доколку сакате успешно да ги се справите со вашите обврски. За да се справите со предизвиците потребна ви е и мотивација. Од друга страна, ќе научите како да ѝ пристапите на вашата емоционална несигурност, а тоа ќе ви помогне да ја одржите врската.rn
Лав
rnВашиот труд конечно ќе биде награден, а вашиот љубовен живот ќе се подобри бидејќи ќе сфатите кои се вашите очекувања од партнерот. Не заборавајте дека предизвиците можат да се претворат во можности само доколку вложите повеќе труд.rn
Девица
rnСега е време за одмор бидејќи вложивте сè од себе за денес да бидете тоа што сте. Сепак, времето за одмор ќе ви помогне да станете уште попродуктивни. Искористете ја секоја можност што ја добивате за да ги покажете своите таленти на работа што сигурно ќе доведе до зацврстување на вашата кариера. Од друга страна, време е да ги поправите нарушените односи со најблиските и да преземете одговорност за вашите постапки.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
-

Тибетскиот хороскоп открива сè за вас врз основа на вашата година на раѓање!
Астролошкото толкување со потекло од Тибет претставува комбинација од нумерологија и астрологија. За многумина, ова е еден од најпрецизните астролошки пристапи. Може да ви одговори на прашањата за вашите љубовни врски, вашите позитивни и негативни страни како и на што треба повеќе да обратите внимание. Знаците се формираат врз основа на годината во која сте родени. Забавувајте се додека откривате кој знак сте во тибетскиот хороскоп.rnrn
rnЗмеј (1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000)
rnЛуѓето родени во овој знак можат да бидат двосмислени и контрадикторни. Во секој момент можат да се претворат од добра самовила во личност полна со гнев. Тие често талкаат со мислите, сонуваат и живеат во облаци. Како резултат на тоа, не забележуваат колку е сложен и тежок животот затоа што не сакаат да се соочат со тоа. Се случува некој друг од нивната непосредна близина (родители, сопружници па дури и деца) да им ги решаваат проблемите. Овие луѓе се чувствителни и ранливи. Од друга страна, тие се друштвени, сакаат забава и безгрижен живот. Сепак, треба да бидат внимателни кон чувствата и потребите на другите.rnrnНајдобро се согласуваат со: Црниот биволrnТреба да го избегнуваат: Чуварот на пожаротrnСреќни броеви: 3, 15 и 27rnНајдобар месец: февруариrn
Кобра (1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001)
rnЛуѓето родени во овој знак се оратори, учители и филозофи. Тие се обидуваат сите да ги насочат на вистинскиот пат, да им кажат што да прават и како да победат. Сакаат да даваат мудри совети (на крајот на краиштата, благодарение на тоа, тие изгледаат попаметно во очите на другите). Секогаш се грижливи кон другите и се обидуваат да им помагаат, па понекогаш забораваат на своите потреби. Знаат да сакаат, да уживаат во успехот но и во животот со својата сродна душа. Луѓето што му припаѓаат на овој знак би требало повеќе да мислат на себе, наместо постојано да ги решаваат туѓите проблеми.rnrnНајдобро се согласуваат со: Жешкото сонцеrnТреба да го избегнуваат: ЗмејотrnСреќни броеви: 1, 13 и 25rnНајдобар месец: јуниrn
Чувар на огнот (1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002)
rnЧуварите на огнот се бранители на огништето, тие носат светлина и радост. Според тибетскиот хороскоп, луѓето родени во овој знак имаат многу развиена интуиција која им овозможува да го усогласат разумот со срцето. И покрај тоа што се опкружени со пријатели, чуварите на огнот не можат да се ослободат од чувството на осаменост. Тие се љубезни и искрени, но понекогаш можат да бидат воздржани, арогантни и конзервативни. Треба да се обидат да бидат поотворени и да не се отуѓуваат од другите.rnrnНајдобро се согласуваат со: МонахотrnТреба да го избегнуваат: ЗмејотrnСреќни броеви: 4, 16 и 28rnНајдобар месец: јануариrn
Извор на чиста вода (1943, 1955, 1967, 1991, 2003)
rnИзворот на чиста вода е извор на дарежливост, позитивна енергија и добрина. Луѓето родени во овој знак се држат настрана од суровоста, неправдата и комерцијализмот. Тие носат добри вести и позитивна енергија, ги ценат пријателските односи, а предавството го сметаат за недозволиво. На овие луѓе им се препорачува почесто да ја слушаат сопствената интуиција – тоа ќе им помогне да го изберат својот животен пат.rnrnНајдобро се согласуваат со: Столбот од жадrnТреба да го избегнуваат: ЗмејотrnСреќни броеви: 5, 17 и 29rnНајдобар месец: мајrn
Столб од жад (1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004)
rnЛуѓето родени во овој знак не сакаат гужви и јавни настани. Не толерираат принуда и каков било упад во личниот простор, претпочитаат тишина и осаменост. Понекогаш знаат да бидат активни, а нивниот брилијантен ум постојано трага по вистината, нешто што ги заморува другите. Оставаат впечаток дека се ладни и доминантни во општеството. Тибетскиот хороскоп им препорачува на овие луѓе да обратат повеќе внимание на светот околу нив, да станат пофлексибилни и проникливи.rnrnНајдобро се согласуваат со: Металниот гонгrnТреба да го избегнуваат: Црниот биволrnСреќни броеви: 6, 18 и 30rnНајдобар месец: ноемвриrn
Метален гонг (1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005)
rnЛуѓето кои му припаѓаат на овој знак се како храбри витези – верни, благородни и дарежливи. Тие се многу чувствителни и самокритични. Веруваат дека промените во животот се неизбежни, се обидуваат да не ги покажат своите лоши особини на другите, се ограничуваат на многу начини за да не му подлегнат на искушението. Тие претпочитаат да живеат за и поради некого. Треба да научат дека животот не е само достигнување високи идеали и да уживаат во него овде и сега.rnrnНајдобро се согласуваат со: Столбот од жадrnТреба да ја избегнуваат: ЖелкатаrnСреќни броеви: 7, 19 и 31rnНајдобар месец: септемвриrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
-

Денес е 11 ноември: Поврзете се со универзумот и замислете си желба!
Денес е еден од најповолните датуми во календарот оваа година. Според нумерологијата, бројот 11 е моќен број – означува интуиција, емпатија, чувствителност и усогласување со универзумот. Две единаесетки по ред претставуваат уште посилна врска, единствен миг кога универзумот сигурно ќе ги слушне вашите желби.rnrn
rnrnПокрај тоа, следната недела младата Месечина ќе влезе во знакот на Скорпија и ќе ви донесе нови можности, искуства и патеки. Младата Месечина во Скорпија има моќ да ве обдари со страст и енергија, но и да ве трансформира, да ви помогне да станете она што отсекогаш сте сакале да бидете. И 11/11 може да ви помогне да го постигнете тоа, а притоа ќе ви дари интуиција и емпатија за да си го замислите животот што го посакувате, како и личноста што сакате да биде покрај вас.rnrnВо продолжение ви нудиме неколку стратегии за како да навлезете подлабоко во вашето мистериозно „јас“ и да го пронајдете вашиот потенцијален партнер.rn1. Обратете внимание на случајностите
rnВашата интуиција е на највисоко ниво, па така иако сè се чини навидум случајно, свесни сте дека всушност универзумот се обидува да ве поттурне во одредена насока. Тукушто ја сретнавте личноста на која помисливте неколку секунди порано? Сретнавте некого со истото име како вашиот сакан дедо? Обратете внимание на сите овие ситни пораки што универзумот ви ги испраќа.rn
2. Запишете ги вашите соништа
rnДоколку сè уште не сте ја сретнале сродната душа, постојат шанси да ја сретнете на сон. Обратете внимание на работите што ги сонувате, особено во периодот околу 11 ноември. Дали некогаш сте доживеале да сретнете некого за прв пат, но сигурни сте дека сте го сретнале претходно? На овој начин универзумот посредува и ве запознава со вашата сродна душа.rn
3. Замислете желба
rnОва не важи само за 11 ноември, туку секогаш кога ќе забележите две единаесетки на телефонот или часовникот, а тоа е совршениот миг да ги затворите очите и да замислете желба. Со самото тоа што сте ги забележале станувате свесни за сето она што ве опкружува и се поврзувате со магијата на универзумот.rn
4. Повикајте ја вашата сродна душа
rnЗвучи неверојатно, нели? Но, со мислите можеби ќе можете да се поврзете со вашата сродна душа. Фокусирајте се на тоа што беше првото нешто што ве привлече кај таа личност. Денес е добар момент да си ја претставите, да си замислите каде и што работи, па дури и да „фрлите“ љубовна магија.rn
5. Излезете и впуштете се во авантура
rnСлучајни средби, состаноци, случајности… сето тоа е можно само доколку излезете од дома! Искористете го овој поволен ден за да живеете поинтензивно од вообичаеното. Прифатете покана за состанок, отидете на забава и разговарајте со странец – особено ако изгледа како некој што сте го сретнале на сон. Најважно од сè, уживајте. Кога „дишете“ заедно со универзумот, неговата енергија тече во вас!rnrnОткако прочитавте за значењето на 11 ноември од нумеролошки аспект, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа во ноември.rnrnИзвор: horoscope.com
-

Ним им недостасува самодоверба: Во овој хороскопски знак се раѓаат најосамените луѓе
На припадниците на овој знак им недостасува самодоверба. Тоа е нивната најголема слабост.rnrn
rnrnТие често паѓаат во очај и мислат дека сите се против нив. Иако може да изгледаат многу самоуверено однадвор, понекогаш дури и арогантно, нивната внатрешност е сосема поинаква.rnrnАко сакаат поголем успех, мора да ја надминат својата желба да останат во позадина и да не ризикуваат изложувајќи се.rnrnТие имаат добра моќ на набљудување и поминуваат многу време обидувајќи се да најдат излез од тешките ситуации, но обично ја пропуштаат можноста да го решат проблемот што ги мачи.rnrnБроевите поврзани со нивната добра среќа се 8 и 5, а бројот 3, кога станува збор за вода, предупредува дека доаѓа опасност. Поволни денови им се среда и сабота и сивата боја.rnrnСтанува збор за личностите родени во хороскопскиот знак Јарец.rnrnПрочитајте кои 4 хороскопски знаци ќе ја пронајдат вистинската љубов ова лето. -

Сонцето влегува во Близнаци: Какви космички промени нè очекуваат во следниот период?
Сонцето влегува во знакот на Близнаци на 20 мај, а истовремено ќе има три ретроградни планети. Ова ќе биде космички период на раст, обновување, рефлексија и до 21 јуни енергијата полека ќе се стабилизира. Еве ги главните астролошки настани што нè очекуваат за време на владеењето на Близнаците од 20 мај до 21 јуни:rnrn
rn20 мај – Сонцето влегува во Близнаци
rnСонцето влегува во Близнаците на 20 мај, па ќе правите многу работи со поголема леснотија и ќе можете да се справите со сите неправди и предизвици. Ова се денови на вашата победа.rn
23 мај – ретрограден Сатурн
rnСатурн влегува во својата годишна ретроградна фаза и нè охрабрува да се потсетиме на некои настани и да размислиме за одлуките што сме ги донеле и за кои треба да преземеме одговорност.rnrnОва е период кога треба да вежбате трпеливост и да преземете одговорност за своите постапки. Ако имате работи со кои треба да се справите, бидете трпеливи бидејќи може да откриете дека ретроградниот Сатурн помага да се изнесат повеќе информации на површина.rn
26 мај – Затемнување на Месечината во Стрелец
rnСупермесечината и целосното затемнување на Месечината носат ретка појава што силно ќе влијае на нашата енергија. Месечината ќе биде поблиску до Земјата од вообичаеното, што значи дека нејзиното влијание ќе биде уште посилно.rnrnСекогаш кога има целосно затемнување на Месечината, таа има црвеникава нијанса, па затоа е наречена и крвава месечина.rnrnЦелосното затемнување на Месечината е период на големи промени и трансформации.rnrnМожеби ќе се чувствувате како да се движите низ симболичен процес на повторно раѓање и ќе бидете подготвени да се приспособите на новите околности, да учите од нив и да растете.rnrnИако затемнувањето може да предизвика многу стравови и несигурности, ова е дефинитивно моментот кога многумина ќе напредуваат.rn
29 мај – ретрограден Меркур
rnМеркур, владејачката планета на Близнаците, влегува во својата втора ретроградна фаза годинава. Време е да се одморите, да размислите за вашите следни потези и да се ослободите од канџите на минатото.rnrnВо овој период внимавајте какви одлуки носите и не оставајте ништо на случајноста. Бидете внимателни во сообраќајот, со парите и со потпишувањето договори и документи.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе ја сретнат својата сродна душа во мај.
-

Што ќе донесе розовата супермесечина на 27 април?
Супермесечина е поим што ја означува полната месечина што е најблиску до земјата, а освен што е близу до нас, таа е посебна поради уште една работа – се нарекува розова месечина затоа што нè осветлува напролет, во најцветниот и најромантичниот период од годината.rnrn
rnrnОваа Месечина ќе биде исклучително изразена на небото, така што ќе можете максимално да уживате во нејзината убавина. Нејзините кратери ќе бидат видливи дури и без двоглед и телескоп.rnrnАстролозите истакнуваат дека енергијата на денот на полната месечина, како и неколку дена пред и по 27 април, ќе биде особено интензивна. Нè очекуваат многу динамични и интензивни емоции, а она што е скриено сега излегува на површина – од мисли до емотивни желби. Бидејќи овој пат розовата полна месечина е во знакот на Вага, ќе има многу можности вашата душа конечно да најде некоја утеха.rnrnРозовата супермесечина бара малку да се истакнете, да бидете сами, да се одморите и да си посветите време на себе. Ова е период од годината кога ви треба енергетско чистење од лоши енергии и вибрации и полнење со некои позитивни чувства. Време е да ги осветлите вашите визии и намери за иднината, но и да воспоставите внатрешен мир.rnrnОваа месечина ќе ве охрабри да ги проширите вашите хоризонти и вашата перспектива.rnrnПрочитајте што ни носи април и кои се најголемите астролошки транзити. -

Зошто 2 февруари ќе биде најсреќниот ден во месецот?
Февруари ќе биде тежок месец поради ретроградното движење на Меркур, но и поради цела група други астролошки случувања. Меѓутоа, според астрологијата и нумерологијата, 2 февруари ќе биде еден од најсреќните денови во месецот.rnrn
rnrnБројот 2 во нумерологијата се однесува на двојност и рамнотежа – зрачи со енергија на соработка, дипломатија и партнерства. Денес ќе доживеете наплив на двојна доза од оваа енергија што е во совршена хармонија со астролошките случувања, како и со духовното значење на овој датум.rnНумерологијата на 2/2
rnВо нумерологијата, бројот 2 претставува двојност, хармонија и заедничка работа. Овој број е обединувачка сила меѓу луѓето и идеите, носејќи чувство на рамнотежа кај сите важни прашања, притоа признавајќи ги разликите што постојат во нив. Во основата на овој број е концептот на заедништво и мирен соживот. Постои длабока синергистичка чувствителност на бројот два што ќе ве инспирира да се гледате себеси не само како осамени индивидуи, туку и како важен дел од една поголема целина.rnrnБидејќи нумеролошката магија на овој датум всушност ја дуплира фреквенцијата на бројот два, ќе можете да искористите уште повеќе од нејзината моќна енергија ориентирана кон врските. Заедно можете да постигнете големи и убави работи.rn
Астрологијата на 2/2
rnДенес ќе биде релативно мирен ден на астролошкиот фронт. Месечината е во избалансираниот и партнерски ориентиран знак на Вага, кој е претставен со симболот на вагата. Оваа хармонична енергија на Месечината совршено се усогласува со нумеролошката симболика на бројот 2, што дополнително ќе ве натера да се фокусирате на мирот и рамнотежата во рамките на вашите партнерства.rnrnДенес е убав ден за соработка со луѓето што се во ваша близина и за размислување за начините на кои можете да се поддржувате едни со други.rn
Како да ја искористите енергијата на 2/2?
rnДенес сме на половина помеѓу зимската краткоденица и пролетната рамноденица – што значи дека сме точно на половина пат до новиот сончев почеток што го носи пролетта. Ова се смета за период на обновување, каде што од вас се бара да се фокусирате на позитивноста што ќе цвета во иднината, наместо да му се навраќате на минатото.rnrnПоради акцентот на бројот 2 на сплотеност, 2 февруари е одличен ден да се поврзете со вашиот партнер или најдобар пријател за да разговарате за вашите заеднички цели и за моќта на вашата поврзаност. Можете да направите нешто интересно додека зборувате за вашата заедничка иднина, како готвење заедно или прошетка на свежиот зимски воздух.rnrnПрочитајте врз кои 4 хороскопски знаци ретроградниот Меркур ќе има најголемо влијание.
-

Зошто се важни 28-мата, 56-тата и 84-тата година од животот?
Астрологијата функционира со различни кругови или, подобро кажано, со циклуси кои го одредуваат ритамот на животот. Сигурно барем еднаш во животот со воздишка сте заклучиле дека се вртите во круг. Но, немате чувство дека тоа е добро, туку напротив, чувствувате дека постојано ги повторувате истите грешки. Понекогаш имате многу позитивно чувство дека кругот е затворен и сè е на своето место. Круговите го обележуваат животот на различен начин и објаснуваат зошто, на пример, постои она што се нарекува средновечна криза.rnrn
rnДали верувате во премин на животните циклуси?
rnДен и ноќ, промена на годишните времиња, минување на годините обележани со вашите родендени – сето тоа се циклуси со кои го мерите вашиот живот. Секој циклус е како патување на кое треба да тргнете. Иако постојано сте дел од некој циклус, добрата вест е дека постои излез од затворениот круг. Тој излез се отвора кога ќе ги стекнете сите потребни искуства од некоја животна ситуација, подготвени да ги решите истите или слични ситуации со поголема мудрост и со поголема свесност.rnrnНекои астролошки циклуси се долготрајни и многу значајни, други се краткотрајни, динамични и животворни. Еден од најважните циклуси го означува движењето на Сатурн. На Сатурн му требаат околу 28 години да направи целосен круг и да стигне до почетната точка (местото каде што оваа планета била за време на вашето раѓање). Понекогаш патува малку побрзо и се враќа на почетната точка за 28 години, а некогаш му требаат повеќе од 29 години.rnrnСатурн е господар на времето, симбол на процесот на созревање. Неговиот прв циклус ги симболизира детството и младоста, така што во очите на ѕвездите станувате полнолетни дури на 28 години. Во тој циклус, вие се запознавате себеси и ги градите своите вештини. Вториот циклус, кој започнува на возраст од 28 години и трае приближно до 56-тата година од животот е циклус на зрелост. Тоа е период во кој вашата личност цвета целосно. Ги користите вештините научени во првиот циклус и свесни сте за вашите цели и силни страни. Во тој циклус, можете да ги остварите своите желби и да стекнете мудрост доживувајќи различни искуства.rnrnТретиот циклус започнува на 56 години и трае приближно до 84-тата година. Во овој циклус, веќе не сте посветени на остварувањето на самите себеси и на постигнувањето материјални работи, туку со својата мудрост и со животното искуство го збогатувате сопствениот духовен живот и можете да бидете инспирација за другите. Ослободени сте од многу предрасуди и нагони, но сте доволно љубопитни за да се реализирате во сферата на интелектот и духот.rnrnСекој пат кога Сатурн ќе се врати на почетната точка, што во астрологијата буквално се нарекува враќање на Сатурн, чувствувате дека сте во пресвртна точка во вашиот развој. Враќањето на Сатурн е моментот кога ќе ги расчистите сметките и ќе ги проверите сите ваши достигнувања. Тоа е моментот кога јасно се соочувате со реалноста и можете да видите што точно направивте и што не успеавте да постигнете.rnrnУспесите ве прават посилни и посреќни, но на никого не му е лесно да се соочи со пропусти и грешки, а малкумина се поштедени од тоа. На возраст од приближно 28, 56 и 84 години, се случува тој чувствителен момент на личен развој. Тогаш најверојатно ќе бидете разочарани за пропуштените можности и за погрешните одлуки. Тоа се моменти во кои станувате свесни за минливоста на сè, за сопственото постоење, но и за непостојаноста на пријателствата, работните места, материјалните работи, здравјето и многу повеќе.rnrnВо тие моменти, многумина ќе доживеат некаква криза. Кризата произлегува од спознавањето на минливоста, од признавањето на она што сте го направиле погрешно, од немилосрдната реалност што рефлектира сè што сте создале сами. Тоа е момент во кој чувствувате дека сте одговорни за случувањата во вашиот живот. И не е лесно да се прифати таа одговорност.rnrnПрочитајте во што треба да вложи труд секој хороскопски знак во текот на октомври.