КАФЕ ПАУЗА

Tag: астрологија

  • Како животот ќе ви се смени на подобро годинава, според хороскопскиот знак?

    Како животот ќе ви се смени на подобро годинава, според хороскопскиот знак?

    Секоја година е поинаква од претходната и носи некакви промени за секој од нас. Дознајте што ќе ви донесе оваа година, според вашиот хороскопски знак.rnrnКако животот ќе ви се смени на подобро годинава, според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnОваа година нема ни да бидете свесни со каков предизвик ќе се соочите, а тоа ќе ве натера да престанете да бидете само пасивен набљудувач и ќе станете клучен лик во вашиот живот. Ќе сфатите дека животот е маратон, а не само спринт и подготвени сте да чекате трпеливо додека помине метежот и дојде вашето време да заблескате.rn

    Бик

    rnОваа година ќе ви донесе нова перспектива и во неа ќе бидете наградени за трудот и поисполнети. Ќе се приземјите и целосно ќе се посветите на работата, избегнувајќи ги непријатностите. Ќе се фокусирате на тоа се подобрите бидејќи сакате вашата работа да зборува наместо вас.rn

    Близнаци

    rnОваа година ќе се соочите со промени во вашиот живот, без разлика дали станува збор за нови познанства, ново работно место или нова идеја. Веројатно ќе имате многу можности да го проширите вашиот хоризонт затоа верувајте во себе и прифатете го предизвикот да започнете нешто ново. Веќе ја научивте клучната лекција од минатото и тоа ќе ви помогне да изградите основа за вашата иднина.rn

    Рак

    rnОваа година ќе уживате во посилни и поисполнителни релации со луѓето кои ги сметате за блиски. Сметате дека сте уште поавтентични со вашата емотивност и сè повеќе ќе ги браните своите ставови. Ова ќе доведе до размена на идеи и што е најважно, поврзување со вистинските луѓе.rn

    Лав

    rnОваа година ќе ја усогласите вашата внатрешна интуиција со вашата реалност. Време е за нов почеток, па затоа не плашите се да се ослободите конзервативните ставови и рутини што не ви одат во прилог. Само не заборавајте да се запрашате дали сте задоволни од вашата кариера, врската и вашата страст за животот.rn

    Девица

    rnОваа година ќе ризикувате, вложувајќи се максимално за вашите цели. За првпат, сакате да го живеете животот во целост без никаков страв и резервираност кои досега ве ограничуваа. Потпирајќи се на љубовта и интуицијата полека ќе го доживувате животот во неговиот целосен интензитет и тоа ќе ве исполнува.rn

    Вага

    rnОваа година ќе го реструктуирате вашиот живот за да се справите со промените. Но, прво, мора да се соочите со минатото, за да се справите со проблемите во иднина. Тешко е и напорно, но одвојте време да се соочите со тешкотиите и да се ослободите од негативноста, а тоа ќе создаде силна основа за подобро утре.rn

    Скорпија

    rnОваа година ќе се борите за работите во кои верувате. Ќе започнете доста самоуверено и ќе привлечете многу успеси и делотворни контакти во вашиот живот. Вашиот ум постојано креира идеи и едвај чекате да започнете со патувањето преку кое ќе се осознаете себеси.rn

    Стрелец

    rnОваа година ќе се фокусирате на односот кон себеси. Ќе бидете позаинтересирани да поминувате квалитетно време со себе, да му верувате на вашиот внатрешен глас и да ги залечите раните за да најдете мир во сегашноста. Вашиот позитивен став ќе привлече изобилство добри моменти во наредните месеци.rn

    Јарец

    rnОваа година конечно ќе го прифатите вашиот вистински идентитет и едноставно ќе бидете тоа што сте. Ќе се ставите себеси на прво место и ќе ја вкусите жестокоста на љубовта. Драматичните моменти, негативноста и токсичните луѓе ќе ги сведете на минимум, затоа што знаете дека оваа година ќе биде само за вас.rn

    Водолија

    rnОваа година ќе почнете да ги изучувате сите аспекти од вашиот живот. Ќе стекнете многу нови знаења и вештини за борба против здодевноста, ќе побарате инспирација и ќе го продлабочите вашето знаење. Ова ќе доведе до воспоставување на вашиот нов идентитет кој ќе ви помогне да го постигнете успехот кон кој се стремите.rn

    Риби

    rnОваа година ќе ги претворите вашите соништа во реалност. Ги планирате вашите цели внимателно и правите стратегија како да ги постигнете. Воспоставивте постојани и точно утврдени навики, така што никогаш нема да го заборавите она што е важно. Продолжувате да бидете водени кон вашата страст која ве поттикнува да работите уште попосветено.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и најголемите шанси за вашиот знак во февруари 2020: Ракот ќе има шанса да ја врати старата љубов, а Близнаците ќе добијат понуда за работа.

  • Астролозите откриваат: 2020 ќе биде најдобрата година за оваа деценија!

    Астролозите откриваат: 2020 ќе биде најдобрата година за оваа деценија!

    Астролозите тврдат дека имаме причина да ѝ се радуваме на наредната година. 2020 ќе биде година во која ќе се збогуваме со старите и непотребни работи. Ќе се ослободиме од сите стеги што ни биле наметнати. Ова е периодот во кој ќе си дозволите да живеете со полни гради и да уживате дури и во најмалите нешта.rnrnrnrnВашата перспектива ќе стане многу појасна и конечно ќе ви биде јасно кој ви посакува само добро, кој не треба да биде во вашиот живот. Ќе имате доволно сила и смелост да започнете со некои нови работи кои со години сте ги одложувале. Ова е годината во која се исплати да се ризикува бидејќи секој храбар потег ќе биде награден.rnrnНаредната година е и година на напредок и период во кој ќе се излезе од удобната зона. Ќе почнете повеќе да се цените себеси и да ги ставате своите потреби на прво место. Вие ќе научите и како подобро да се грижите за себе.rnrnВо текот на следната година ќе имате можност да напредувате на сите полиња. Ѕвездите ќе им бидат наклонети на сите и токму затоа е време да почнете да ги остварувате сите замислени планови и желби. Астролозите се оптимистични за следната година и ја опишуваат како една од најдобрите во последната деценија, за сите знаци!rnrnПрочитајте и кoj филмски цитат најдобро го опишува вашиот хороскопски знак.

  • Што би требало да направи секој хороскопски знак пред да заврши овој месец?

    Што би требало да направи секој хороскопски знак пред да заврши овој месец?

    Месецот е речиси при крај. Октомври беше добар за некои знаци, а помалку омилен за други. Сепак, има уште неколку денови до крајот. Еве што советуваат астролозите за последните денови од месецот.rnrnШто би требало да направи секој хороскопски знак пред да заврши овој месец rn

    Овен

    rnЗемете си слободен ден од работа кој уште одамна ви беше потребен. Ден кога не мора да одговарате на имејлови или да се нервирате за вашата кариера.rn

    Бик

    rnПоминете еден ден во природа. Ден во кој ќе шетате и ќе се изгубите во природата. Ден во кој ќе поминете повеќе време на сонце отколку внатре во вашиот дом.rn

    Близнаци

    rnПосветете ден на семејството. Ден во кој ќе готвите вечера за вашите родители. Ден кога ќе им покажете колку ги цените и почитувате иако нечесто го изразувате или кажувате тоа на глас.rn

    Рак

    rnПосветете ден само за себе. Ден кога нема да бидете достапни за сите останати. Ден кога ќе се фокусирате само на себе.rn

    Лав

    rnДен за лоша исхрана! Не внимавајте колку калории сте внеле. Јадете и пијте што сакате и не се чувствувајте виновни за тоа.rn

    Девица

    rnПодарете си мрзелив ден. Ден во кој нема да правите ништо! Опуштете се и не се грижете се за ништо.rn

    Вага

    rnДен во кој ќе ги заборавите социјалните мрежи. Ден во кој ќе ги исклучите апаратите и нема да гледате постојано во екраните.rn

    Скорпија

    rnПосветете ден во кој ќе излезете со вашите пријатели. Ден во кој ќе се опуштите и ќе разговарате за секоја тема.rn

    Стрелец

    rnДен во кој ќе посветите љубов кон вашиот партнер. Поминете го секој час заедно. Потрошете ја целата енергија еден на друг.rn

    Јарец

    rnИмајте луд и безгрижен ден. Ден во кој можете да пиете колку сакате. Ден во кој ќе се опуштите, после толку долго време.rn

    Водолија

    rnПодарете си ден во спа центар. Ден посветен само за вас. Ден во кој ќе се релаксирате.rn

    Риби

    rnПоминете цел ден без да се осудувате. Ден во кој нема да кажете ништо негативно за себеси. Ден во кој ќе покажувате само љубов кон себе.rnrnСо периодов владеат Скорпиите, а еве за кои три хороскопски знаци оваа сезона ќе биде најлоша.

  • Оваа недела ќе биде одлична за следниве 3 хороскопски знаци!

    Оваа недела ќе биде одлична за следниве 3 хороскопски знаци!

    Изгледа дека оваа недела ќе донесе неверојатни моменти за Близнаците, Вагите и Скорпиите. Ако и вие сте родени во некој од овие знаци тогаш искористете ја енергијата на оваа недела до максимум и остварете си ги соништата!rnrnrn

    Близнаци: Вие се чувствувате инспиративно и мотивирано да бидете креативни

    rnДали некогаш сте создале уметност што ви помогнала да се справите со нешто што ви тежело на градите? Дали некогаш сте си дозволиле себеси да се заљубите толку лудо што ќе ви го лансира срцето во вселената? Сè тоа е можно оваа недела, но исто така ќе мора и да го спуштите малку штитот и да прифатите сериозна промена. Не заборавајте, опседнувањето со одржување контрола ве остава немоќни. Ослободете се од нешто и гледајте како магични бумеранга се враќаат назад во вашата насока. Одберете една од вашите прекрасни идеи и почнете да ја остварувате!rn

    Вага: Вие сте полни со моќ и висока самодоверба

    rnСите што велат дека растењето е лесно никогаш не пораснале. Токму во оние моменти кога се соочувате со оние делови од вас кои се тешки вие добивате вистинска јасност. Оваа недела, вие ја имате моќта да триумфирате над вашите слабости и да ги искористите вашите неуспеси како гориво. Совршеноста е досадна. Без грешките, вие нема да можете да бидете ни приближно толку мултидимензионални и автентични колку што сте. Вие сте вредни за сè што имате и за сè што мислите дека не заслужувате. Не заборавајте го ова!rn

    Скорпија: Привлекувате многу позитивно внимание насекаде

    rnОва е магично време за вас, па затоа искористете ја моќната и позитивна енергија за ваша корист ова недела. Вие ги гледате нештата преку емпатични леќи, откривајќи подлабока креативност и чувство на одговорност што ви помага да ја завршите работата. Што и да е тоа што ве тера да се сомневате дека не можете да постигнете нешто е грешно. И покрај тоа што имате духови од вашето минато сè уште заробени во вашето срце, вие си помагате да се изборите со нив така што преземате акција. Посегнете по другите, уживајте во моментот и верувајте во себе. Нема причина да не го правите тоа.rnrnДознајте и за кои хороскопски знаци октомври ќе биде најдобриот месец во годинава!

  • Изненадувачки работи кои не сте ги знаеле за астрологијата

    Изненадувачки работи кои не сте ги знаеле за астрологијата

    Без разлика дали навистина верувате што ѕвездите имаат да ви кажат за вашиот живот, или едноставно сакате да се забавувате читајќи го својот неделен хороскоп, во астрологијата постојат многу повеќе работи отколку што луѓето мислат. Во продолжение дознајте за тоа што може да се крие зад вашиот хороскоп:rnrnИзненадувачки работи кои не сте ги знаеле за астрологијатаrn

    Потребно е точното време од вашето раѓање за да се направи точен графикон

    rnБез разлика дали графиконот (наталната карта) ја правите онлајн или барате консултација од астролог, морате да го проверете вашето точно време на раѓање. Дури тогаш ќе бидете во можност правилно да го направите својот графикон.rn

    Имате повеќе од еден знак

    rnОна што сигурно го претпоставувате е дека вашиот единствен знак е основан само со вашиот датум на раѓање – вашиот сончев знак. Но, постојат уште неколку знаци, вклучувајќи ги оние за секоја планета и 12-те различни „куќи“, а сето тоа ќе го откриете кога ќе ја направите наталната карта.rnrn3-те најголеми знаци кои се користат за толкување на вашата личност се сончевиот знак, подзнакот (познат и како втор знак и „прва куќа“) и месечевиот знак.rn

    Вашиот подзнак ја идентификува вашата личност

    rnСо други зборови, овој знак е тоа што го одредува првиот впечаток кој го оставате на другите, или „маската“ која обично ја користите во јавност.rn

    Вашиот сончев знак ги инспирира вашите цели

    rnСо оглед на поврзаноста со вашето срце, сончевиот знак го опишува она што го движи вашето его и дух. Во суштина, тој претставува мотивација да ги достигнете своите аспирации.rn

    Вашиот месечев знак ги претставува вашите емоции

    rnМесечевиот знак е показател како нашите расположенија варираат и на кој начин се активираат нашите инстинкти.rn

    Повеќето луѓе имаат аспекти од сите 12 знаци

    rnДоколку отсекогаш сте биле скептик кон астрологијата, а причината е тоа што не се пронаоѓате со главните особини на вашиот сончев знак како што е опишано во хороскопот, тоа би можело да биде затоа што сте поврзани за Сатурн, Плутон или некој друг планетарен знак (или една од останатите 11 „куќи“) повеќе отколку што сте поврзани со вашиот сончев знак.rn

    Меркур всушност не оди ретроградно

    rnСпоред планетарниот астролог и професорот на УКЛА, Џин-Лук Маргот, кој разговарал за појавите на планетите, овој израз е погрешно даден за она што всушност навистина се случува.rnrnЗа да сфатите што навистина се случува, замислете дека се наоѓате на брза лента на автопат и гледате низ прозорецот – ќе забележите дека автомобилите се движат побавно на другите ленти. Од оваа перспектива изгледаат како да се движат наназад кога всушност се движат само со различна брзина. Ист случај е и со тоа што Меркур забавува на својот пат, па изгледа дека оди наназад.rn

    Знакот Стрелец е најчестиот знак во светот на познатите

    rnСпоред истражувањата, луѓето кои што се родени помеѓу 22 ноември и 21 декември, сочинуваат најголем број познати личности ширум светот.rnrnОд друга страна, знакот Бик е најмалку застапен помеѓу познатите личности.rn

    Компатибилноста на знаците не е толку сигурна како што мислиме

    rnДа се праша некој што е во хороскоп, не е само изговор да почнете комуникација, туку и тотално неважна работа.rnrnБез разлика дали верувате или не во карактерните особини кои се доделени на секој знак во зодијакот, на Интернет можете да пронајдете неколку различни студии кои ги проучувале стапките за успех на милион парови и таканаречената компатибилност на нивните знаци. Научниците откриле докази дека астролошките знаци не влијаат на веројатноста две личности да стапат во брак, и да останат во брак со некого.rnrnПрочитајте ги и најголемите заблуди во астрологијата: Карактеристики на знаците кои се често погрешно толкувани!

  • Како се однесува тој како бивш дечко според неговиот хороскопски знак?

    Како се однесува тој како бивш дечко според неговиот хороскопски знак?

    Бившите се поранешни партнери поради некоја причина. Двајцата сте одлучиле да тргнете по својот пат и да започнете нов живот. Како се однесуваат хороскопските знаци како бивши дечковци според астрологијата прочитајте во продолжение. Нивното однесување е сумирано во само една реченица!rnrnrn

    Овен

    rnТој е бившиот кој секогаш ви се јавува кога е пијан, осамен или во добро расположение.rn

    Бик

    rnВи испраќа сентиментални пораки од типот „ми недостигаш“ и се жали дека никогаш не требало да ве остави.rn

    Близнаци

    rnНеочекувано наидува на вас на работа или во бар.rn

    Рак

    rnСе обидува повторно да биде со вас.rn

    Лав

    rnТој се обидува да остане пријател со вас иако тоа е малку чудно.rn

    Девица

    rnСе обидува да ве направи љубоморни со други девојки.rn

    Вага

    rnСè уште му се допаѓаат вашите Инстаграм објави и ги гледа сите ваши приказни прикачени таму.rn

    Скорпија

    rnСе обидува случајно да се поврзе со вас без некои посебни ограничувања и лимити.rn

    Стрелец

    rnСе однесува како никогаш да не сте биле заедно.rn

    Јарец

    rnВе брише од сите можни социјални медиуми.rn

    Водолија

    rnТој пишува текстови од песни и поезија за вас.rn

    Риби

    rnВе оговара со сите негови пријатели.rnrnДознајте кои мажи според хороскопот можат да освојат кого ќе посакаат.

  • Најголемите заблуди во астрологијата: Карактеристики на знаците кои се често погрешно толкувани!

    Најголемите заблуди во астрологијата: Карактеристики на знаците кои се често погрешно толкувани!

    Многу карактеристики кои во астролошкото толкување се означени како мани на хороскопските знаци, всушност не се негативни карактеристики. Едноставно тие се погрешно сфатени! Во продолжение дознајте кои карактеристики на вашиот хороскопски знак се погрешно толкувани.rnrnНајголемите заблуди во астрологијата – Карактеристики кај знаците кои се погрешно толкувани!rn

    Овен

    rnМногумина се сомневаат во решителноста и упорноста на Овните. Овој знак под влијание на околностите може да се откаже од борбата, но тоа не значи дека се предава. Овните никогаш не се откажуваат, туку едноставно разбираат кога патот кој го одбрале не води кон остварувањето на целта. Па се спремни да го променат својот став. Тоа не е мрзливост и страв, туку мудрост!rn

    Бик

    rnБиковите честопати се прекрасни пријатели на коишто можете секогаш да се потпрете, но доколку забележите нешто одбивно или нелогично во вашиот однос, настанува вистински пекол. Колку и да им објаснувате, да ги молите за прошка, ќе наидете на нивната тврдоглавост. Меѓутоа, кај Биковите ова не трае долго. Тие на овој начин се обидуваат да го заштитат своето нежно срце, не дозволувајќи некој да ја искористува нивната добрина.rn

    Близнаци

    rnОва е најинтересниот знак во хороскопот. Како што секоја пара има две страни, така и Близнаците успешно жонглираат со своите поделени личности. Астролозите истакнале дека тие се нестабилни и непредвидливи, но тоа не е причина да ја потцените нивната фантастична способност за прилагодување. Без разлика на ситуацијата, место и време, Близнаците секогаш ќе успеат да се снајдат. Тоа е нивната голема предност!rn

    Рак

    rnМногумина сметаат дека Раковите имаат ладно срце и дека понекогаш се целосно ладнокрвни, но тие едноставно не сакаат секому да ги откријат своите чувства. Кога подобро ќе ги запознаете, ќе сфатите дека Раковите се многу грижливи и спремни личности да направат сè за да ги усреќат луѓето кои ги сакаат.rn

    Лав

    rnПоради нивниот огнен темперамент, многумина сметаат дека Лавовите се брзоплети. Меѓутоа, кога станува збор за борба за победа и моќ, Лавовите и тоа како знаат да ја искористат моќта на логиката. Тие ја анализираат ситуацијата, го осмислуваат секој потег и лесно прават план кој ќе ги одведе до целта.rn

    Девица

    rnИако премногу анализираат, добро е да имате Девица во вашиот живот. Тие ја проучуваат секоја ситуација и личност од гледна точка на психологијата. Грижливи се и добро запознаени со луѓето и животот воопшто. Затоа многу пријатели бараат совет од нив во разни животни ситуации.rn

    Вага

    rnВо животот на Вагите сè се врти околу љубовта. Тоа за нив е најважното и најсилното чувство, па затоа се толку многу ранливи. Понекогаш, иако знаат дека ќе бидат повредни, сепак тие ѝ даваат шанса на љубовта. Невозможно е да ја измерите количината љубов која можат да ја дадат личностите родени во знакот Вага.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се способни да прекинат љубовен и пријателски однос со таква брзина, што другата страна не стигнува да сфати што всушност се случило. Тоа е и добро и лошо, но едно е сигурно – постојат 2 работи кои Скорпиите не толерираат и не простуваат, а тоа се неверство и предавство. Скорпиите поради овие 2 работи ќе го отфрлат секој од нивниот живот без да кажат збогум!rn

    Стрелец

    rnЖивотот на Стрелците е полн со авантури. Тие се вистинско олицетворение на слободниот дух кој постојано е во потрга по акција и адреналин. Сепак, малкумина знаат колку тие се чувствуваат осамени кога се опкружени со толпа луѓе.rn

    Јарец

    rnПрипадниците на овој знак, честопати се обвинети дека се ладни, сурови и воздржани. И делумно се во право. Но, не е сè така едноставно. Јарците се умерени личности кои не се жалат на цел глас кога ќе се појави проблем, туку размислуваат во тишина. Економични се, но не се скржавци. Многумина од нив бараат совет, помош, заем, а тие никогаш не одбиваат иако не се личности кои непрестајно се смешкаат и ветуваат.rn

    Водолија

    rnВодолиите многу тешко се одлучуваат за нешто доколку во целост не веруваат во таа идеја. Луѓето ги сметаат за самосвесни бидејќи отфрлаат работи, но кога би можеле да ги разберат дека тие не го прават тоа од злоба, туку поради својата животна филозофија, многумина би го промениле своето мислење за нив.rn

    Риби

    rnТие се многу чувствителни суштества. Толку многу, што луѓето ги доживуваат како слабаци. Но, Рибите всушност се самодисциплинирани личности и во душата се многу посилни отколку што може некој да замисли.rnrnПрочитајте ги и овие 12 нешта што секој треба да ги знае за астрологијата.

  • 4-те хороскопски знаци што секогаш ќе ве ставаат на прво место

    4-те хороскопски знаци што секогаш ќе ве ставаат на прво место

    Кога станува збор за љубовните врски, нема попосветени партнери од овие четири хороскопски знаци. Тие секогаш ќе ве ставаат на прво место, дури и ако тоа значи дека ќе ги занемарат своите потреби. Понекогаш треба да ги потсетите да се грижат за себе, бидејќи во спротивно ќе се изгубат помагајќи ви и поддржувајќи ве во сите ваши подвизи.rnrnrn

    1. Скорпија

    rnСакајќи да ја одржат нивната врска сигурна, водните Скорпии најчесто ги ставаат потребите на партнерот пред своите, дури и кога не се баш среќни за тоа. Со оглед на тоа дека интензитетот на Скорпиите во врските понекогаш се граничи со љубомора, не постои сомнеж дека овој знак ќе направи сè кога е заљубен.rn

    2. Рак

    rnЕмпатични и сензитивни, Раковите се мајките во Зодијакот. Познати по својата грижлива природа, тие имаат тенденција да ги ставаат саканите пред себе, особено кога станува збор за романтичен партнер. И покрај тоа што ова ги прави прекрасни сопатници, тие понекогаш мора да се потсетат да се грижат малку и за своите потреби.rn

    3. Бик

    rnМожеби на Биковите им треба многу време за да се посветат на една врска, но откако ќе го сторат тоа, тие секогаш ги ставаат потребите на својот партнер пред своите. Романтичните Бикови најчесто ќе ја подготвуваат омилената храна на саканите или ќе ги бакнуваат често, само колку да направат тие да се чувствуваат посебно. Биковите исто така се и одлични кога станува збор за изненадувања, подароци и патувања.rn

    4. Вага

    rnВодени од Венера, Вагите обожаваат љубов. Тие се балансирани и независни, но истовремено и одлични при препознавањето на потребите на другите. Ако тие забележат дека нивниот партнер има потреба од време за себе, без проблем ќе се тргнат настрана. Од друга страна пак, ако тој или таа има потреба од поддршка, тие ќе тргнат сè настрана и ќе бидат тука за нив.rnrnПрочитајте и кој е најбрзиот пат до срцето на секој хороскопски знак.

  • За што мечтае секој од хороскопските знаци?

    За што мечтае секој од хороскопските знаци?

    Хороскопот не само што ни дава известувања и совети за денот, неделата па и за подолг период, со читањето на хороскопските знаци можеме да дознаеме многу повеќе за нив, како нивните стравови, желби, како се однесуваат во одредени ситуации и слично. Во продолжение прочитајте за што мечтае секој од нив:rnrnЗа што мечтае секој од хороскопските знаци?rn

    Овен

    rnМечтаат за патување на најоддалечената точка на земјата, само затоа што никој друг не бил таму.rnrnЖените во знакот Овен мечтаат за бестрашен и неодолив авантурист кој ќе ги „киднапира“ среде бел ден и ќе ги однесе во непознат правец. Мажите Овни мечтаат за посета на натпревар на нивниот омилен клуб, кој по никоја цена не би го пропуштиле, па дури и да не спијат 3 дена. И тогаш на некоја спортска трибина во некој оддалечен град, ќе здогледаат егзотична убавица од своите детски соништа, баш во моментот кога целиот стадион ќе одекнува од аплаудирање и извикување од воодушевената толпа навивачи.rn

    Бик

    rnОсвен што мечтаат да имаат многу пари, Биковите мечтаат и за голема семејна куќа со широк двор и тревник по кој ќе трчаат деца, додека тие со друштво ќе прават скара и ќе пијат пиво. Жените родени во знакот Бик мечтаат за викенд или одмор некаде на село или во природа, опкружени со членовите од семејството со кое ќе уживаат во домашни специјалитети и семејни разговори.rnrnНајголемите хедонисти од сите знаци, Биковите, мечтаат за можност да можат да им покажат на сите како треба да се ужива во она што човек веќе го има или во она што тие го стекнале, а обично кај Биковите тоа никогаш не е мало.rn

    Близнаци

    rnКога денот, поточно ноќта би била доволно долга за Близнаците да можат да поминат неограничено време на Интернет, да играат игри, да гуглаат и да се допишуваат, на нивната среќа ќе нема крај! Мажите Близнаци мечтаат за преспивање во билјард-клуб, непрекинато време поминато во обложувалница, а кога вечерта ќе пристигнат во својот дом, да нарачаат пица и да се сместат пред телевизорот.rnrnДоколку мажот роден во знакот Близнаци фантазира да биде Петар Пан, тогаш жената Близнаци мечтае да биде Ѕвончица која може да биде насекаде, да не се задржува премногу долго на едно место, да патува со еден, да зборува на телефон со друг, додека мисли на трет додворувач.rn

    Рак

    rnОвој знак најмногу мечтае од сите, иако е всушност практичен. Раковите посакуваат многу поголема возбуда отколку што на прв поглед изгледа. Нивните соништа и мечтаења имаат врска со брзо возење во најновиот спортски модел на автомобил и патување во некоја прекуокеанска земја или град во близина на некое езеро каде што би можеле да запознаат некоја убавица со бујни облини.rnrnЖените родени во овој знак мечтаат за маскиран заводник (колега или комшија) кој ќе се искачи до прозорецот од нивната соба и ќе ги одведе во ноќта, додека тие треперат од возбуда.rn

    Лав

    rnЦелта на сите нивни мечти е да бидат успешни, но не само во професионална смисла, туку да можат да направи баланс со работата и семејните обврски. Бидејќи како што им е важна кариерата, Лавовите исто така сакаат да се грижат и за своето семејство, партнерот, децата и домашните миленичиња (особено мачките).rnrnЖените родени во овој знак, мечтаат за топло семејно гнездо кое ќе биде нивна оаза од соништата и во кое никогаш ништо нема да недостасува, бидејќи тие лично ќе се погрижат за тоа! Лавовите исто така мечтаат да им овозможат на своите деца најдобри услови за образование, да се занимаваат со уметност или спортот кој тие го сакаат.rn

    Девица

    rnСè што тие не постигнале да направат за време на работната недела, Девиците мечтаат да завршат во текот на викендот или одморот. На партнерот ќе му дадат „слободен ден“, децата ќе ги испратат на часови по странски јазик или сликање, на роднините ќе им кажат дека сакаат да се одморат, а тие со задоволство ќе се зафатат со средувањето на нередот на својата работна маса или работилница (конечно ќе го средат нередот во кутијата за алат), кујната или подрумот (ќе ги наредат сите зачини и тегли по боја). Но, кога сè ќе среди „под конец“, задоволните Девици ќе го земат најновото модно списание или омилената книга, и ќе се засладат со чоколадо.rn

    Вага

    rnСекогаш мечтаат за љубов.rnrnВагите обожуваат да уживаат. Тие обожуваат излегување во нов егзотичен ресторант со пријателите, отворање на изложба или модна недела и притоа си мислат „еве прилика за нови познанства, дружење, а зошто пак да не и за љубов?“ Жените родени во знакот Вага мечтаат за згодни спортски момци кои ќе ги заведат, додека пак мажите родени во знакот Вага, мечтаат за моделите од насловните страници на модните списанија кои ќе им се лизнат директно во нивната прегратка.rn

    Скорпија

    rnМечтаат за тајна љубовна врска со сексапилна личност која ја гледаат секојдневно во соседството, на работа или во блиската продавница. Фактот што таа личност не знае дека се наоѓа во нивните мисли, на Скорпиите уште повеќе ѝ се допаѓа. Тогаш Скорпиите почнуваат да ѝ праќаат знаци, на кои таа ретко успева да остане рамнодушна.rnrnТие веќе ја замислуваат во чизми од змиска кожа со високи потпетици, а жените во знакот Скорпија мечтаат за бунтовен, мачо-тип, облечен во кожна јакна, панталони и каубојски чизми кој ќе ги натера целосно да му се потчинат.rn

    Стрелец

    rnИако Стрелците често патуваат, тие сепак најмногу мечтаат за тоа, а во таа мечта секако е вклучен и најновиот спортски модел на автомобил. Мечтаат за заминување во земја во која никогаш не биле и таму да запознаат мистериозна жена која толку многу ќе ги заинтригира што нема да можат да престанат да мислат на неа.rnrnЖените во знакот Стрелец често мечтаат да отпатуваат, сами или со пријателите и да уживаат во истражувањето на нови предели, како и запознавањето на нови обичаи, без разлика дали ќе пијат чај во Египет, ќе шетаат низ Будимпешта или ќе уживаат во ритамот на Куба. Тие со задоволство ќе ја спакуваат својата торба и ќе заминат во нова авантура.rn

    Јарец

    rnОбожуваат да лутат, па макар и со мислите, во неистражени и недостапни делови во светот во кои не биле никогаш или за кои читале во детските авантуристички романи. Жените родени во овој знак мечтаат да се најдат во средина на некоја голема меѓународна истражувачка експедиција во Африка, во сафари облека, со големи очила за сонце и таму да запознаат мистериозен странец кој работи на тој важен проект.rnrnМажите Јарци често мечтаат да пронајдат малку слободно време за договор со издавачката куќа, за книгата која долго време ја имаат во план, или пак за излет со пријателите од планинарскиот клуб.rn

    Водолија

    rnМажите родени во знакот Водолија мечтаат за купување најнов модел на мобилен телефон кој не сте го виделе во ниедна реклама, но и конечно да се позанимаваат со деловите за својот автомобил кои успеале да го набават преку пријател или саем, а потоа со истите пријатели да ја продолжат вечерта со пијалак и да останат до утринските часови во некоја дискотека.rnrnЖените Водолии мечтаат за упорен, доследен, традиционален, патријархален (и богат) маж на кој нема да можат да му одолеат, дури и ако го однесат на концерт на својата омилена група или во шопинг.rn

    Риби

    rnТие мечтаат за одмор на рајски остров од нивните соништа со палми, долги песочни плажи како од бајка, додека тие пијат ароматичен коктел кој им го послужил згоден келнер или келнерка облечена во хавајско здолниште.rnrnМажите родени во овој знак мечтаат за ноќна забава на плажа. Додека брановите го заплискуваат брегот на кој донеле некоја егзотична убавица која токму ним тој ден им упатила долг, заводлив поглед. Жените Риби мечтаат за романтичен маж (богат) со кој ќе избегаат во ноќта без да кажат на никој.rnrnПрочитајте и кој е најбрзиот пат до срцето на секој хороскопски знак?

  • 3 астролошки апликации од кои може да научите за вашата натална карта, а ќе ве изненадат со точноста

    3 астролошки апликации од кои може да научите за вашата натална карта, а ќе ве изненадат со точноста

    Сакате астрологија и сте голем фан на хороскопот? Ако сте одлучиле целосно да се посветите на проучување на Зодијакот, во кој хороскопски знак патува месечината и слично тогаш сигурни сме дека овие апликации се вистински погодок за вас. Пред да ги симнете имајте предвид дека треба да ви се познати точното време, датум и локација на вашето раѓање бидејќи наталната карта се изработува прецизно со помош на овие податоци.rnrnrn

    1. TimePassages

    rnОваа апликација нуди инстант астролошка анализа на вашата натална карта – карактеризирајќи визуелна карта со интерпретација и листа од астролошки аспекти и алатка за дневен хороскоп којшто го толкува вашиот индивидуален датум на раѓање заедно со моменталните астролошки преминувања што се случуваат во моментот.rnrnНе станува збор за нешто што го гледате секојдневно, хороскопот е типично повеќезначен бидејќи ви се потребни точното време, датум и локација на раѓање за прецизна проценка.rnrnНегативната страна е дека има мала цена – доколку ја купите со неограничени карактеристики за еднократна цена ќе имате опција да правите астроанализи на членовите од вашето семејство, пријателите и романтичниот партнер со цел да проверите дали сте компатибилни.rn

    2. Co-Star Personalized Astrology

    rnХороскопот во оваа апликација е лесен за користење споредено со претходната апликација. Оваа е помодерна и корисна за генерациите родени во 80-тите и 90-тите поради многубројни причини.rnrnЗа почетниците, визуелните интерпретации се полесни за разбирање и ажурирањата на хороскопот имаат интересни секции како на пример Моќ, Притисок и Неволја. Ова им овозможува на корисниците да разберат што би можеле да очекуваат од некои предизвици. Некои луѓе не се запознаени со астролошка фразеологија, а да не зборуваме за значењето на спојувањата. Поради тоа се препорачува оваа апликација што е корисна за сите што се почетници кога е во прашање астрологијата.rn

    3. AstroWorx Astrology

    rnАко сте љубител на хороскопот мора да ја имате оваа апликација. Оваа е малку покомплицирана од „TimePassages“, но не е ниту блиску до „Co-Star“. Картите се разнобојни – секоја боја се однесува на засебен астролошки елемент и карактеристиките се одлични. За цена од 9.99 американски долари корисниците може да употребуваат различни домашни системи, да комбинираат натални карти со компаративни извештаи, па дури и да го прочитаат нивното соларно враќање. Не се двоумете дали да ја симнете ако сте загрижени за терминологијата и нивото на читливост. Ако не сте сигурни што значи нешто ќе можете да го пребарате онлајн. Нема да зажалите доколку ја симнете.rnrnПогледнете ги и овие интересни апликации за љубителите на уметноста.