КАФЕ ПАУЗА

Tag: астрологија

  • Астро-значење на деновите во седмицата

    Астро-значење на деновите во седмицата

    Секој ден во неделата си има свое позитивно или негативно значење. Погледнете за што е најпогоден секој ден и организирајте ги вашите активности според тоа.rnrnastro-znachenje-na-denovite-vo-sedmicata-kafepauza.mkrn

    Понеделник

    rnНе треба да почнувате ништо бидејќи ова е ден кога Месечината е многу променлива. На овој ден обично сме емотивни, нерасположени, но и под силно влијание на интуицијата. За многу луѓе ова е најпредизвикувачкиот ден од неделата. Најдобри активности за во понеделник се: медитација, анализирање, лични задоволства, одмор, релаксација, спиење.rn

    Вторник

    rnВо вторник владее Марс. Овој ден ја поттикнува продуктивноста, компетицијата, ефективноста и одлучноста. Поволен е за завршување на сите рутински работи кои се однапред договорени и не бараат преголема ментална активност. Но, покрај тоа што е одличен ден да ги завршите заостанатите работи, добар е и за започнување нови проекти. Одлични активности за во вторник се: реализирање на нови идеи, градење стратегии во кариерата и на работа, стартување нови проекти, расчистување, вежбање, дополнување на to-do листите.rn

    Среда

    rnСреда е ден на комуникацијата, кога работите ги разбираме на екстремно прецизен и ефикасен начин. Ова е поволен ден за коресподенција, маркетиншки активности, состаноци, преговори и кратки патувања. Со среда владее Меркур, заради кој е и поволен ден за дружење и забава.rn

    Четврток

    rnЧетврток е најпродуктивниот ден во неделата. Со овој ден владее Јупитер, кој има моќ да го распали огнот во нас и да нѐ натера да делуваме. Јупитер е планета на претприемништвото и експанзијата. Поволен е за важни работи како: потпишување договори, поврзување со нови соработници, учење и финансиски трансакции. Многу е поволен и за долгорочно планирање. Јупитер носи голема позитивна енергија која може да се почувствува во текот на целиот ден.rn

    Петок

    rnВенера владее на овој ден, која е симбол на љубовта, конекцијата, припадноста, удобноста, вниманието, сензуалноста и страста. Затоа е идеален ден за партнерот, семејството, пријателите и децата. Одличен е за подготовки за викенд, одмор, масажа, забава и релаксација. Бидејќи е ден на уживањето, испланирајте посета на спа-центар, салон за убавина, кино и слично. Најтипично е да го искористите за многу романтика.rn

    Сабота

    rnСо сабота владее Сатурн кој е заслужен за помагањето на другите. Поминете време со семејството, со своите баба и дедо. Нахранете ги гладните. Саботата е препорачлива за мир и чистење во домот. Но, исто така овој ден е и оптимален за завршување на работите (не толку многу како во четврток), планирање на неделата која следува, подготовка за идните активности, учење итн.rn

    Недела

    rnСо недела владее Сонцето. Идеален е за активен одмор со семејството, пријателите и соседите. Сонцето е во духот на споделувањето, изразувањето, распространувањето, осветлувањето и растот. Затоа е добар ден за одмор и релаксација, забава со саканите, купување за дома, готвење и слично.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопските знаци и шефувањето

    Хороскопските знаци и шефувањето

    Дури и вашиот однос со шефот да е извонредно добар, секогаш има простор да го направите уште подобар. Откријте каков начин на шефување применува вашиот претпоставен, според неговиот хороскопски знак, и вашите желби и барања прилагодете ги спрема работното опкружување.rnrn Хороскопските знаци и шефувањето rn

    Овен

    rnШефот роден во знак на овен е мотор-двигател во фирмата. Често знае да ги земе работите во свои раце и да ги реши настанатите проблеми, а истото го очекува и од другите. Има обичај фирмата да ја води како воен камп. Овните се директни, не трпат глупости, секогаш кажуваат што очекуваат и во сè сакаат брзина и ефикасност. Брзо се лутат, но и брзо им поминува.rnrn

    Бик

    rnДоколку сте брзи, тоа нема да ви донесе бонус поени кај вашиот шеф роден во знакот бик. Дури и да ви е потребно повеќе време од планираното, шефовите бикови, ценат кога некој коректно и точно си ја завршува зададената задача. Тие имаат остро око, а не им се допаѓа кога некој постојано виси на телефон или на интернет. Секогаш можете да сметате на неговото топло срце и добронамерен совет.rnrn

    Близнаци

    rnОвој шеф секогаш прави повеќе работи одеднаш: разговара на телефон, дава задачи, пишува мејлови и што ли уште не! Оние кои не можат да го пратат темпото на работење на близнакот, ќе останат незабележителни работници. Близнаците им се восхитуваат на луѓе кои поседуваат интелигенција и љубопитност. Најчесто се ведри и расположни, но некогаш знаат нагло да се намуртат и да станат зајадливи.rnrn

    Рак

    rnШефовите родени во знакот рак се поставуваат како родители. Секогаш ќе бидат тука да ве сослушаат и да ви помогнат, но за возврат очекуваат безрезервна лојалност. Расправии и недоразбирање кај нив се прифатливи, но не и издавање на тајни. Шефот рак „носи“ заштитен оклоп околу себе и честопати знае да се повлече во него. Тоа значи дека понекогаш сака да работи сам во својата канцеларија, а вие треба да ја почитувате неговата затворена врата.rnrn

    Лав

    rnШефот лав е секогаш во право. Дури и нешто подобро да разбирате од него, размислете си добро дали би пробале да му укажете на некоја негова грешка. Особено, немојте да сте се осмелиле тоа да го направите пред другите вработени. Светот се врти околу лавовите, па дури и оние најљубезните помеѓу нив, сакаат да се чувствуваат доминантно. Почитувањето е најважно за нив, па прифатете го неговиот авторитет, но немојте да се понижувате. Така постои ризик да го изгубите неговото почитување. Дополнителен плус е тоа што лавот умее креативно да ги инспирира сите во своето опкружување.rnrn

    Девица

    rnШефовите родени во знакот девица се екстремно педантни и навлегуваат во детали. Точноста и внимавањето при работењето ги сметаат за најголеми доблести. Нередот ги прави нервозни. Тие сакаат да имаат контрола во своето опкружување и никогаш нема да се двоумат ако некому му треба помош. Со овој шеф треба умешно да ги поставите неопходните граници.rnrn

    Вага

    rnПравдата е една од најважните работи за шефовите родени во знакот вага. Во односот со секој вработен во фирмата, овој шеф секогаш ќе биде коректен и ќе ја бара правдата. Истото го очекува за возврат и од неговите вработени. Тој има остар ум и знае одлично да преговара. Не поднесува трачарење и лоши вибрации на работното место. Доколку би имале проблем со работата, договорете состанок со него и ќе разговарате сè додека правдата не биде задоволена.rnrn

    Скорпија

    rnОвој шеф е енигма. Делува пријателски, но секоја скорпија внимава да не ја разоткрие вистината за себе, а полна е и со недоверба кон нејзините вработени. Овој знак е одличен како менаџер за човечки ресурси, бидејќи има моќ да ги воочи скриените мотиви на луѓето. Што и да ѝ кажете, таа тоа ќе го зачува во својата меморија, а покасно ќе ве процени каков човек сте. Спрема ваквиот шеф бидете отворени и чесни, за ги избегнете отровните убоди на скорпијата.rnrn

    Стрелец

    rnСтрелците се забавни шефови, сè додека го почитувате нивното мислење. Сакаат да дебатираат, но сакаат и да победуваат. Тие знаат да бидат сезнајковци и да зборуваат напразно, но можат да бидат и големи инспиратори, одлични ментори и фантастични лидери. Тие многу често патуваат и знаат многу работи.rnrn

    Јарец

    rnЗборот шеф како да постои токму поради јарците, бидејќи овој знак природно се издигнува до позиција на авторитет и обожава да им кажува на луѓето кој што да прави. Овие личности имаат топли родителски особини, но не се секогаш чувствителни и тактични. Од нив секогаш треба отворено да го барате тоа што го сакате. Шефот јарец се восхитува на луѓе кои сами решаваат проблеми и ценат кога некој е спремен работата да ја стави на прво место.rnrn

    Водолија

    rnОвој шеф се гордее со вработените кои имаат способност да излезат надвор од границите на нормалното, за да ги завршат своите работни задачи, бидејќи и самата водолија е исклучително креативна и визионерска личност. Но кога вработените очекуваат нешто од нив, знаат да бидат многу крути, строги, тврдоглави и непослушни. Најчесто водолијата е тимски играч и често ќе ве прашува како напредувате со работната задача. Понекогаш ќе изгледа ладно и отсутно, но во тие моменти водолиите знаат да потонат во својот свет. На овој начин, припадниците на знакот водолија, доаѓаат до своите генијални идеи.rnrn

    Риби

    rnШефовите родени во знакот риби се најчесто многу драги, услужливи и полни со разбирање за потребите и чувствата на вработените. Немојте да ја искористувате нивната добрина, доцнејќи и недоаѓајќи на работа, бидејќи тие знаат моментално да полудат, а потоа црно ви се пишува. Постои една челична страна на рибите која им дава дисциплина и која допринесува секогаш да бидат креативни. Рибите ценат доколку им помогнете при организација, бидејќи тоа им е најслаба страна.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за машки бикови

    Љубовен астролошки профил за машки бикови

    Патот кон освојување на срцето на маж роден во хороскопскиот знак бик, е преку неговиот стомак. Тоа значи дека ќе ве обожува доколку му зготвите вкусна храна или го однесете во некој добар ресторан. Сепак треба да знаете уште неколку работи за него, пред да мислите дека со добриот рецепт од баба ви, сте блиску до неговото срце. Направете романтичен амбиент со добра музика и свеќи и покажете му дека сте вложиле енергија и страст за да направите да се почувствува добро и посакувано. Направете сѐ што мислите дека ќе ги разбуди неговите сетила и ќе бидете негова. Машките бикови се прилично тврдоглави, но се и многу лојални, заштитнички настроени кон луѓето кои ги сакаат, а најмногу од сѐ се страсни мажи. Верувајте, ниеден ваш добар гест нема да остане незабележан или ненаграден од ова момче.rnrnЉубовен астролошки профил за машки биковиrnrnМашките бикови се приземни, сензуални и страсни. Тие страсти не се само сексуални, туку се однесуваат на сите работи околу него како што се храната, пијалаците или материјалните работи кои ги поседува. Тој сака да си дава себеси доволно време, за да ги направи сите работи како што треба. На работен план, па дури и во приватниот живот, тој сака да им даде вистинска вредност на парите. Дарежлив е, но го очекува тоа и од останатите. Тој има јака волја за остварување на своите цели и не сака никој да го премислува и спречува во тоа. Исто така, тој е и многу посесивен – „што е негово, негово е!“ Машките претставници на овој знак се длабоко емотивни луѓе, а таа емотивност ја пренесуваат преку нивната страст во сексот. Со него, ќе се чувствувате дека сте сакани, посакувани и сигурни.rnrnЉубовен астролошки профил за машки биковиrnrnВо комбинација со вкусната храна, треба да знаете дека на овој маж му е многу важно чувството на безбедност. Ако сакате да го заведете, морате да запомните дека тој ќе се грижи за вас доколку и вие се грижите за него. Морате да го убедите дека може да ви верува, дека ќе бидете на договореното место, во договореното време и нема да си поиграте со неговите чувства. Кога нешто му го пласирате како вистина, немојте да си кажувате своја верзија на приказната туку вистинската. Не е потребно само да се претставувате како реалист, туку треба со него да се однесувате реалистично. Ако нешто може да биде направено, тогаш направете го. Доколку не можете – не правете го.rnrnКога веќе зборуваме за реалноста, имајте на ум дека биковите можат да помирисаат лага на растојание од 1 км. Обрнете внимание на она што му се допаѓа и она што не му се допаѓа. Нежните допири во невините безгрижни мигови поминати заедно, ќе го привлечат неговото внимание. Исто така, немојте во ниеден случај да ја потценувате романтиката доколку сакате да бидете со овој човек. Организирајте романтичен состанок, облечете нешто секси кое ќе биде во неговата омилена боја и поканете го кај вас дома. Удобноста на вашиот дом ќе овозможи релаксирачка атмосфера во која вие двајца ќе можете мирно да си муабетите и обострано да уживате во вашето друштво. Ако вашиот дом не е опција, тогаш некој ресторан со добра храна и придушени светла, е дефинитивно одличен избор.rnrnНа состанокот, избегнувајте да разговарате за вашите бивши момчиња, бидејќи постои голема веројатност тој да не сака да знае за нив и да не му е гајле што се случувало во вашето минато. Тој си смета дека најверојатно сте имале некаков проблем во љубовните врски кои веќе изминале, бидејќи во спротивно не би биле во моментот со него. Она што нему му е важно е дека сте сега таму со него и уживате во вашиот заеднички момент.rnrnБикот обично не се отвора на првиот состанок. Друг клуч за заведување на овој маж, е да ги искористите информациите кои ги знаете за него. Искористете ги во ваша полза, оние ситници во врска со неговиот карактер, на кои сте обратиле внимание во текот на минатите состаноци. Ако на пример, ви кажал дека многу му се допаѓа вашиот лосион за тело, тогаш наредниот пат нанесете поголема количина. Доколку му се допаѓа италијанската храна, однесете го во италијански ресторан и не заборавајте „случајно“ да го допирате по рамото или да го погалите по главата додека се упатувате накај автомобилот. Бидете упорни и изградете основа за врска. Доколку е заинтересиран за вас, бидете сигурни дека до крајот на вечерта тој ќе биде тој, кој ќе смислува начини како да ве „извлече“ од облеката што ја носите и да ве одведе в кревет.rnrnЉубовен астролошки профил за машки биковиrnrnВенера, позната како божица на еротската љубов, е планетата која управува со овој хороскопски знак. Кога ќе бидете подготвени да поиграте „танго“ очекувајте тоа да биде жешко и страсно. Имајте на ум дека ова можеби ќе биде најдобриот секс кој сте го имале во животот. Тој ќе сака сексуалниот чин да трае подолго, во кој двајцата бескрајно ќе уживате. Во него ќе има врели бакнежи, сочна предигра, многу забава и слатко измачување. Неговиот хороскопски знак го претставува животното бик, па токму поради тоа, тој и ќе ви покаже преку сексот, каков ѕвер се крие во него. Откако ќе го искусите него на својата кожа, тешко дека ќе бидете спремни да примите некој друг маж во вашиот живот.rnrnЉубовен астролошки профил за машки биковиrnrnДоколку премногу се заљубите во него и сметате дека ќе останете вечно емотивно „оштетени“, немојте премногу да се грижите, бидејќи доколку тој ве сака и сака да биде со вас, тогаш тој и ќе го стори тоа. Биковите сакаат да бидат во долга љубовна врска. Неговата страст и жештина се претвораат во тотална посветеност кон неговиот партнер. Вие сте негова и тој постојано ќе ве потсетува на тоа, правејќи ситни и крупни работи со кои ќе ви ја докажува неговата љубов кон вас. Доколку еднаш сте успеале да го освоите неговото срце, тој ќе очекува и понатаму да го сакате, да му дозволувате да се грижи за вас и да му ја возвратите неговата лојалност и посветеност.rnrnМашките бикови доаѓаат во пакет со високо ниво на интензитет и страст, што некои девојки го сметаат за проблем со кој не можат да излезат на крај. Тие се тврдоглави, безрезервни и категорични. Понекогаш се и избувливи и покрај нивната срамежлива надворешност. Тие не се откажуваат од својот начин на размислување и понекогаш посесивно го бранат она што го зборуваат. Воедно, овие мажи се бавни во сѐ што прават и мразат кога некој ги избрзува. Тој сака да го извлече максимумот од својот живот и целосно да го сподели со својата љубена.rnrnЗапомнете дека секогаш треба  да продолжите да изнаоѓате начини да го заведете и да го одржувате неговото чувство на стабилност и страсност. Бидете приземни, ориентирани кон остварување на вашите цели и практични. Покажете му колку го почитувате и колку ги цените малите слатки нешта кои ги овозможува животот. Со него, ќе бидете исто толку среќна додека сте во дискотека полна со луѓе, како и кога седите по дома. Бидете сензуални, нежни и уживајте во вашата сексуалност за да ја развиете неговата имагинација. За секоја негативна мисла, бикот може да ви понуди позитивно решение или начин на размислување.rnrnЉубовен астролошки профил за машки биковиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопот на Маите

    Хороскопот на Маите

    Ниеден народ во историјата не бил толку многу заинтересиран за толкување на времето како што биле Маите. Тие буквално му биле робови на времето и затоа нивната астрологија се смета за една од најточните.rnrnХороскопот на Маитеrn

    POP (01.01 – 19.01)

    rnНив ги исполнува тивка сила, упорност, издржливост, па дури и каприциозност. Луцидни се и имаат остар ум. Во животот го добиваат тоа што го сакаат, а упорноста и трпението им обезбедуваат успех. Плановите ги реализираат во младоста, а веќе во средните години може да бидат успешни лидери. Изобилуваат со моќ, богатство и сексапилност. Родените во овој знак стапуваат во брак заради љубов, но и заради богатство и престиж. Од партнерот бараат љубов, почит и восхитување. Другите ги ценат затоа што се богати, но не се себични.rn

    WO (20.01 – 07.02)

    rnСмислата на животот за родените во овој знак се слободата и дружењето. Не сакаат да се врзуваат со никого затоа што најмногу ја ценат слободата. Сепак, ретко уживаат во тоа задоволство. Ако успеат да го контролираат ентузијазмот, може да бидат сјајни луѓе, обожавани од другите. Праведни се и немаат влакна на јазикот. Искрени и чесни луѓе. Ги штитат оние кои им се најдраги. Со текот на животот се дистанцираат од другите и се повлекуваат во себе, но им остануваат верни на своите морални начела. Во љубовта се посветени, амбициозни и љубопитни. Подготвени се за компромис, но никогаш не се откажуваат од целта.rn

    SIP (08.02 – 26.02)

    rnРодените во овој знак се тивки, паметни и добри личности. Не размислуваат за себе, туку за другите, посебно за оние кои им се драги и со кои го делат секојдневието. Солидарни се и секогаш подготвени да помогнат. Внимаваат на сопствениот изглед и ретко се изложуваат на ризици. Верни пријатели се. Стапуваат во брак со некој кој ги познава одлично. Во љубовта се верни и искрени. Во младоста знаат да бидат потиштени, а во староста стануваат себични. Не се стремат кон големо богатство, а во душата се скромни и праведни.rn

    SOTZ (27.02 – 17.03)

    rnПрипадниците на овој знак се склони кон секакво претерување. Романтични се и имаат бујна фантазија. Познати се како уметнички души, но знаат „да летаат во облаци“ и да бидат егоисти. Се дружат со определени луѓе, но во никого немаат целосна доверба. Ситничари се и туѓите совети не допираат до нив. Сè примаат со резерва и никогаш не се целосно опуштени. Заради тврдоглавоста може да бидат осамени. Упорни се и подготвени на секаква жртва за да ја постигнат целта. Во љубовта се авторитативни, сакаат да доминираат, но затоа се и верни и посветени.rn

    SEK (18.03 – 04.04)

    rnРодените во овој знак се контроверзни и одат во крајности. Може во сè да бидат исклучителни – чесни, хумани, добри и посветени, но може да бидат и многу лоши. Тоа се луѓе кои немаат мерка. Во љубовта се страсни, продорни и упорни во остварувањето на нивните цели. Таквиот однос им носи успех, но и многу непријатели. Не знаат за компромис, но во љубовта знаат да бидат нежни и посветени. Ја сакаат семејната атмосфера и најисполнети се кога се во кругот на оние кои најмногу ги сакаат. Не поднесуваат пораз, но ако го доживеат, се повлекуваат и бараат афирмација од најблиските.rn

    XUL  (05.04 – 23.04)

    rnБезгрижноста ги следи родените во овој знак во текот на целиот живот. Немирниот дух и желбата за нови познанства и искуства е нивна главна карактеристика. Наклонетоста кон авантури и воени вештини може да им предизвика непотребна опасност. Тие се храбри и ценети борци, посветени и упорни, дисциплинирани и истрајни. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и да бидат слободни. Бракот не ги интересира затоа што им ја одзема слободата. Желбата за патување ќе им го исполни животот со многу возбудувања. Тие се добри трговци и мисионери. Повеќе го сакаат духовното, отколку материјалното богатство.rn

    JAXKIN (24.04 – 12.05)

    rnРодените во овој знак се тивки и не сакаат да се истакнуваат. Имаат силна волја и многу се издржливи. Способни се за секаква работа, добри се како трговци, организатори и раководители. Ги сакаат парите и удобниот живот. Трпеливи се и не сакаат конфликти. Иако не сакаат непријателства, знаат да бидат големи критичари. Ги потиснуваат емоциите и заради тоа страдаат од комплекс на помала вредност. Тоа често води кон осаменички живот. Прифаќаат сечија помош, но не веруваат никому. Не се тврдоглави, но упорноста и едноставноста со кои ги решаваат проблемите ги воодушевуваат другите. Подготвени се на секаква жртва за да ги задоволат потребите на оние кои ги сакаат. Ги почитуваат традиционалните морални вредности.rn

    MOL (13.05 – 31.05)

    rnИако ги интересира сè што ги опкружува, родените во овој знак цврсто стојат на земја и многу се реални. Тие се проникливи, внимателни, донесуваат брзи и исправни одлуки, се повлекуваат од ризични ситуации. Ја сакаат уметноста и може да успеат како сликари, музичари или книжевници. Желбата за афирмација и истакнување ќе влијае на нивниот јавен статус и ќе им донесе слава и углед. Имаат потреба за материјална сигурност и тешко ги прифаќаат новите трендови. И покрај нивната љубопитност, уживаат во хармоничен живот и искрено пријателство. Рационални се и интелигентни и затоа одат по најкраткиот и наједноставниот пат кон остварување на целта.rn

    CHEN (01.06 – 20.06)

    rnОва се темпераментни луѓе со голем интелект и способност за прилагодување. Животот им е полн со предизвици. Љубопитноста, немирот, желбата за авантури и постојаните промени влијаат на нивниот карактер. Ја сакаат славата и важат за вешти манипулатори. Лесно им влијаат на другите и ги вовлекуваат во авантури. Околината ги смета за недопирливи, луцидни, интелигентни, но и непромислени и брзоплети. Тие се родени морепловци, освојувачи, патници, војници, новинари, трговци и истражувачи, но на крај пак се враќаат кај најблиските. Сакаат брзо и лесно да заработат пари. Во секоја иновација гледаат добра заработувачка и лична афирмација.rn

    YAX (21.06 – 09.07)

    rnЛуѓето родени во овој знак имаат добра душа, ги разбираат сите и никого не осудуваат. Подготвени се секому да му помогнат. Имаат афинитети кон магијата и окултното. Одлични се како учители и свештеници. Внимателни се со парите и ако се занимаваат со трговија, може да станат многу итри. Крајната цел им е материјалното богатство. Друштвени се, го сакаат јавниот живот, но избегнуваат скандали. Многу им се важни туѓото мислење и средината во која живеат. Верни се и искрени без никакви условувања и ограничувања. Во љубовта се упорни и посветени, па дури и љубоморни.rn

    SAK (10.07 – 29.07)

    rnРодените во овој знак се сонувачи по природа и се неодоливо шармантни. Во детството, тоа се деца со кои родителите се гордеат, а во подоцнежните години, тоа се угледни и афирмирани личности, неретко членови на Владата или државниот кабинет. Овие луѓе се конзервативни, ги ценат проверените вредности и секогаш преку свој личен пример ја докажуваат вредноста на семејниот живот. Важат за солидарни, веродостојни и секогаш се на страната на вистината.rn

    KEH (30.07 – 18.08)

    rnЛичностите родени во овој знак се горди, амбициозни, дарежливи, среќни и посветени. Имаат силна волја и добри организаторски способности, сигурни се во себе и авторитативни. Во љубовта се искрени и верни. Сакаат сè што е популарно и постојано сакаат да се афирмираат. Нивните пријателства се долги и цврсти. Никогаш не ги напуштаат оние кои ги сакаат. Практични се и секогаш одат до крај. За нив не постојат никакви препреки. Подеднакво ги сакаат и партнерот и друштвото. Нивните совети се искрени, пријателски и корисни. Со насмевка на лицето ги прикриваат неуспесите и љубовните проблеми. Добри советници се и темелни истражувачи. Прифатени се од сите и брзо постигнуваат успех. Ако ја најдат вистинската љубов, може да остварат длабока емотивна и долга врска.rn

    MAK (19.08 – 25.09)

    rnГлавни карактеристики на родените во овој знак се пренагласената индивидуалност и желбата за совршенство. Напредуваат полека, но сигурно. Имаат развиена интуиција и креативна енергија. Нивните планови се темелат на знаење и искуство. Не сакаат да импровизираат. Секоја одлука темелно ја анализираат пред да ја донесат, па кај нив речиси и да не постои ризик од неуспех. Овие личности се истакнуваат со нивните морални квалитети и подготвеноста да помогнат, така што со текот на времето стекнуваат многу пријатели. Може да успеат како уметници. Живеат во хармонија со околината, но ги следат своите инстинкти. Влегуваат во конфликт само доколку почувствуваат опасност. Тогаш се многу опасни противници.rn

    MUAN (26.09 – 14.10)

    rnРодените во овој знак се натпросечно интелигентни, креативни, духовити и строги реалисти. Владеат коректно и ги сакаат независноста и осаменоста. Не поднесуваат да бидат временски ограничени. Во работата се трпеливи, упорни и темелни. Ги сакаат мирот и хармонијата. Економични се и внимаваат на трошоците. Не превземаат ризици и уживаат во мирни и далечни патувања. Постојано се во потрага по среќа. Пребирливи се и затоа тешко се одлучуваат на заеднички живот. Иако се тивки, затворени и недостижни, од нив може многу да се научи. Секогаш сметаат дека може да постигнат многу повеќе. Важат за уметнички души и големи хуманитарци.rn

    PAX (15.10 – 02.11)

    rnПретставниците на овој знак се праведни, стабилни, авторитативни личности кои сакаат да се истакнуваат. Уште од мали сакаат да бидат независни и самостојни. Често им противречат на родителите. Омилени се во друштвото. Весели се и темпераментни и за секого го кажуваат само најдоброто. Имаат талент за уметност, посебно за музика и сликарство. Но, и покрај тоа може да бидат храбри и успешни војсководци, но и строги и дисциплинирани господари. Свесни се за своите цели и интереси кои, ако не ги реализираат, може да застранат и да отидат во крајност.rn

    KAYAB (03.11 – 22.11)

    rnОвие луѓе ја носат среќата во себе. Доверливи се, дискретни, искрени, но и љубоморни. Ги ценат пријателството и соработката. Подготвени се да се жртвуваат за оние кои ги сакаат, но и да ги прогонуваат непријателите. Тие се отворени и бескомпромисни борци. Многу се креативни. Може да бидат успешни во секоја професија. Сакаат долга и искрена љубов. Никогаш не се откажуваат од своите цели и заради тоа се одлични организатори. Омилени се меѓу пријателите. Кога ќе одлучат нешто, тоа го реализираат надминувајќи ги сите препреки. Потешко се снаоѓаат во непозната средина. Заинтересирани се за религијата, историјата и уметноста.rn

    KUMKU (23.11 – 11.12)

    rnСјајни личности се раѓаат во овој знак. Праведни се, посветени, искрени и упорни. Тие се вистински борци за правда. Тежнеат кон далечни и возвишени цели, истрајни се во работата, темпераментни и омилени во средината каде што живеат. Дарежливи се и полни со разбирање за туѓата несреќа. Во работата се упорни и креативни. Одлични се како лидери и раководители. Во животот им се отвораат сите врати. Уживаат голем углед во средината во која што живеат и работат. Важат за хуманитарци, мисионери, свештеници и борци за човекови права. Лесно ги освојуваат туѓите срца и речиси никогаш не се расправаат.rn

    WAYEB (12.12 – 31.12)

    rnРодените во овој знак со малку труд постигнуваат среќа и хармонија. Ѝ се радуваат на секоја ситница. Не се амбициозни и немаат нереални планови. Скромни се и лесно се помируваат. Имаат изразено чувство за праведност. Целосно задоволство наоѓаат во семејството. Најуспешни се кога работат тимски. Немаат многу храброст и не се служат со „ниски удари“. Ги разбираат поразените и подготвени се да им помогнат. Ги ценат семејните вредности и ретко ризикуваат. Не го кријат незадоволството, но ги избегнуваат расправиите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за женски Бикови

    Љубовен астролошки профил за женски Бикови

    Мажите имаат голем број причини зошто да ги обожуваат жените родени во знакот Бик. За оние кои сакаат животот да го живеат со побавно темпо, жената-Бик е вистинскиот избор за нив. Таа е сигурна и стабилна жена, која секогаш сака да знае во кој правец во животот се упатува и како се движи по него. Таа е решителна, упорна и трпелива личност. Ако нешто науми дека сака да го има, таа ќе пресмета, ќе го испланира, а потоа и оствари секој детаљ, сѐ додека не ја реализира нејзината замислена цел. Таа е мајстор за следење на нејзините зацртани цели, без разлика дали нивниот пат е напорен или досаден. Од оваа жена секогаш ќе знаете што добивате и што можете да очекувате, а таа ќе го очекува истото од вас.rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnЖената-Бик понекогаш може да делува контрадикторно. За да научите што таа навистина сака, ќе ви биде потребно трпение, пракса и голема издржливост. Таа е бавна, спремна и цврста жена. Доколку сакате да го освоите нејзиното срце, подобро обидувајте се само доколку имате силна волја да ја имате покрај себе. Доколку го издржите процесот на придобивање на нејзината љубов, на крајот ќе констатирате дека нејзиното големо срце е доволно вредно за сета мака.rnrnТаа своите чувства ги базира врз основа на факти и практичност. Таа има безгранична емоционална сила и има многу малку толеранција за некој кој не се согласува со неа. Некои претставнички на овој знак се чувствуваат понекогаш чудно во врска со себеси, како да се различни од сите други луѓе во светот. Поради тоа, убаво би било да ја потсетувате одвреме-навреме дека е само човек и дека е сосема нормално тоа што е исклучително уникатна девојка.rnrnОбидете се да ѝ покажувате сочувство секогаш кога ѝ е тоа потребно, но немојте да ја карате и прекорувате. И покрај тоа што таа е многу приземна и цврста, понекогаш знае да го изгуби трпението и нервите. Во тие случаи ќе биде најпаметно да излезете од просторијата, додека не „спадне прашината“. Не дозволувајте вашата гордост да преовладее во врската со оваа девојка. Кога некој ќе ја навреди, таа не се труди да возврати со иста мерка, туку едноставно ќе ја игнорира таа личност.rnrnОваа жена ја вреднува традицијата и стабилноста. Како нејзин потенцијален партнер, вие морате да ѝ ги овозможите овие две работи. Таа е фиксен земјен знак, стабилна е, едноставна и нерасипана, но не може да трпи напнати и глупави ситуации. Жената-Бик е нетолерантна кон оние луѓе кои немаат класа, навредуваат, сурови се и покажуваат простотилак во своето однесување. Кон неа морате да се однесувате културно и да ја третирате како дама. Првиот впечаток е пресуден кога станува збор за оваа жена. Доколку не може за неколку минути да сфати дека вие сте личност со исклучителен карактер и потенцијал, тогаш најверојатно со неа нема да добиете ништо повеќе од тој еден разговор кој сте имале среќа да ви се случи.rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnНе можете веднаш да влетате во врска со жена родена во хороскопскиот знак Бик. Морате првин да се спријателите со неа, пред воопшто да помислите на започнување романса со неа. Управувана од Венера, божицата на љубовта и убавината, оваа жена има особена почит кон убавите и сензуалните работи во животот. Благодарение на влијанието на оваа планета, женските Бикови се маркантни, забележителни и екстремно привлечни. Тие имаат способност да го привлечат вниманието на повеќе мажи кога влегуваат во некоја просторија, така што доколку сакате да ве забележи, ќе морате некако да се истакнете во толпата. Таа ќе ве обожува доколку ги почитувате традиционалните романтични вредности и ја третирате како вистинска дама. Секс за една вечер или секс без обврски се невозможни опции за неа. Кога ќе се врзе со еден партнер, таа планира да остане со него на долг рок. Воедно, таа сака нејзиниот потенцијален партнер да биде рамноправен со неа.rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnДоколку успеете да отидете со неа на состанок, немојте да мислите дека сте го положиле испитот и не треба повеќе да се трудите. Бидете промислени. Букетот цвеќиња се секогаш добар избор и ќе оставите добар впечаток кај оваа жена. Доколку е сезона на орхидеи или лилјани, направете мал букет и верувајте со него ќе соберете многу поени кај неа. Таа ќе се обиде да ја процени вашата искреност. Така што, држејќи ги цвеќињата во вашата рака, бидете искрени и директни со неа. Таа обожава добар муабет и ќе ве цени уште повеќе доколку сте одличен слушател.rnrnЖенските Бикови ја ценат својата приватност. Таа не чувствува потреба да ѝ покажувате добри гестови или јавно да ѝ покажувате внимание. Овие жени преферираат спонтани разговори и комплименти кажани од срце. Имајќи ги овие работи на ум, знајте дека оваа жена е многу посесивна кон работите кои ги поседува и кога ќе почувствува дека нејзината сигурност е загрозена, таа ќе почне лошо да се однесува со вас. Таа не би играла љубоморни игри, ниту би била во врска која е непостојана. Она што ќе ја одржи „загреана“ е партнер кој е лојален и сензуален колку што е таа. Играњето со емоциите на жена родена во знакот Бик, ќе придонесе да ја изгубите засекогаш.rnrnЗа да ја однесете оваа девојка во кревет ќе морате првин да задоволите неколку нејзини критериуми. Лојалноста е нешто што на секоја девојка родена во хороскопскиот знак Бик ѝ е многу важно. Можеби ќе ви биде малку потешко да ја придобиете нејзината доверба, но кога еднаш ќе успеете во тоа, тоа ќе биде засекогаш! Следен критериум кој треба да го задоволите е романтиката, која претставува неопходен составен дел од нејзиниот љубовен живот. Колку повеќе ја разгалувате со цвеќиња или разни подароци, толку повеќе ќе се вљубува во вас. Последниот чекор до нејзиниот кревет, е да бидете сензуални. Биковите се сензуални љубовници, па затоа таа ќе сака да ја почувствува вашата нежност и суптилност на нејзината кожа. Ако се потрудите да се чувствува добро додека ја допирате, таа ќе ве награди дупло! Обидете се бакнувајќи го нежно нејзиниот врат. P.S. Не заборавајте да се напрскате со некој добар парфем или млеко за тело со природен мирис (избегнувајте цветни мириси).rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnСексот со девојка родена во знакот Бик, може да се опише како „слатко измачување“. Таа сака водењето љубов да биде бавно и многу интимно. Колку повеќе галење и допирање искуси во текот на ноќта, толку подобар ќе ви биде сексот со оваа жена. Таа ќе обожава да ве задева и да ве одведе до точката на кулминација, потоа нагло ќе ги смири страстите, за после кратко време пак да ве „запали“. Одвојте повеќе време за вистински да уживате во сексот со неа. Таа ќе сака да ја помине цела вечер во вашата прегратка и ќе биде желна да учествува во сите ваши еротски (неперверзни) активности. Наредното утро ќе ве остави запрепастени да се запрашате зошто некогаш воопшто сте сакале да имате „секс на екс“ и како толку многу ја покачивте вашата сексуална кондиција и енергија.rnrnИ покрај тоа што оваа девојка ја цени стабилноста и традиционалните вредности, сепак одвреме-навреме сака да се „предаде“ и да се забавува во спонтани активности. Понекогаш сака да се предаде на своите импулси и сака покрај себе да има некој со кој ќе ги споделува тие импулси. Жените родени во знакот Бик може надворешно да изгледаат како да се секогаш сериозни, но реалноста е дека и тие потајно имаат свои желби и потреби. Тие се свесни дека понекогаш треба да престанат да мислат само на своите обврски и сериозните работи и да поуживаат малку во животот, така што со задоволство ќе прифатат некои нови авантури, но ќе им треба повеќе време да сфатат дека треба да се олабават.rnrnЗа да ја задржите оваа жена на долг рок, морате да поседувате неколку карактеристики. Првата е дека треба да ѝ останете засекогаш верен и да ѝ овозможите емоционална стабилност. Воедно морате секогаш да ја третирате како вистинска дама, останувајќи секогаш учтиви, културни и на ниво. Исто така, таа сака да знае дали можете да се грижите за вашите финансии. Парите не се сѐ во животот на една жена-Бик, но ѝ создаваат чувство на удобност и стабилност кога знае дека ги има. На неа ѝ е важно да знае дека нејзиниот потенцијален партнер ќе се грижи да носи леб дома за неа и идното семејство.rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnРаботете СО неа, а не ПРОТИВ неа доколку сакате да го освоите нејзиното срце. Бавноста и подготвеноста се заштитниот знак на Биковите и таа ќе сака и вие да функционирате на истиот начин, без разлика дали ви е тоа во природата или не.rnrnОваа жена обожава да биде надвор, бидејќи кога е во природа таа се чувствува како да е дома. Поради тоа, таа ќе ве обожува ако често ја носите на прошетки во паркови, шуми, планини, покрај езера, реки, мориња… Пожелно би било и да ве бива за готвење, бидејќи таа е голем гурман.rnrnЉубовен астролошки профил за женски БиковиrnrnМожеби освојувањето на нејзиното срце ви изгледа како многу работа, но на крајот таа ќе ви покаже дека навистина вреди. Сте одбрале жена која ги цени високите стандарди и високиот квалитет на живот. Таа е љубезна и стабилна личност, која секогаш и секаде ќе ве поддржува. Таа обожава сѐ да споделува со нејзиниот партнер и ќе оди во крајности за да го направи нејзиниот љубен среќен. Не сака да игра игри и не сака сплеткани ситуации. Она што го видовте во неа кога првпат ја забележавте, е жена која вреди цело богатство и која ќе ви подари љубовно богатство за возврат.

  • Астрологијата и вашиот принц од соништата

    Астрологијата и вашиот принц од соништата

    Секој жена има различни барања и очекувања од својот љубовен живот, па во согласност со нив го бара и својот партнер. Прочитајте кој е вашиот принц од соништата, според астролошката наука.rnrnАстрологијата и вашиот принц од соништатаrnrn

    Овен

    rnЗа вас љубовта претставува страст и возбуда. Сакате да флертувате и скоро секогаш го освојувате момчето што го посакувате, бидејќи ниедно не може да му одолее на вашиот шарм и духовитост. Тој е потполно фасциниран од вашата желба да го имате и од сето она што сте спремни да го направите за да му ја докажете својата љубов. Вашата сродна душа се момчиња кои сакаат да го освојат срцето на една жена, какви што се стрелецот и лавот.rnrn

    Бик

    rnМоќниот бик е еден од најромантичните знаци на зодијакот. Вие сонувате за совршен принц кој ќе ве држи за рака и ќе ве опсипува со мали дарови. За возврат ќе ви претставува задоволство да го разгалувате. Вие не играте игри во љубовта, ниту ви се допаѓаат момчиња кои го прават тоа. Вашето трпение и решителност ви овозможуваат да го чекате совршениот партнер, а не да си го губите времето на некаква безнадежна врска. Поради чувствителната природа вам ви одговараат момчиња родени во знакот риби, но силните скорпии прават вашето срце побргу да зачука.rnrn

    Близнаци

    rnБлизнаците се мајстори за флерт, па каде и да се појават зад себе оставаат многу скршени машки срца. Вие не сакате никого да повредите, но момчињата едноставно се вљубуваат во начинот на кој се смеете или ја зафрлате косата наназад и уживате да ги играте овие игри сѐ додека не го најдете момчето покрај кое ќе сакате да се смирите. Вас ве привлекува самостојната водолија, но идеален партнер за вас е стрелецот, бидејќи ќе му се допаѓа вашиот авантуристички дух, а е исто толку добар мајстор за флерт како и вие.rnrn

    Рак

    rnВие сте чувствителна личност и потребно ви е момче кое сака да се гали, но во исто време да ги почитува и вашите старомодни стандарди. Особено ви е важно вашето момче да им се допадне на вашите родители, бидејќи вам семејството ви е најважно. За вас идеален состанок е кога останувате дома и уживате гледајќи филмови со момчето. Ваша сродна душа е девицата, бидејќи во ваше присуство нејзината нежна страна излегува на површина.rn
    rn

    Лав

    rnКралската лавица сака да биде главна во љубовта. Момчињата кои не те познаваат доволно добро, по малку ги плаши твојата самоувереност и независност. Вистината е дека моќната кралица на џунглата, може да се претвори во преплашено маче кога некој ќе ѝ го скрши срцето. Длабоко во душата ви сте маченце кое сака да има само едно момче кое ќе биде само ваше. Многу сте верни и посветени и тоа го барате и од својот партнер. Ваша сродна душа се близнаците и стрелците кои ви нудат возбуда, но покрај ракот се чувствувате сигурно и сакано.rnrn

    Девица

    rnСрамежливата девица не е од оние кои љубат, а потоа раскажуваат за тоа. Љубовта е приватна работа помеѓу вас и вашиот дневник. Вие нема да го направите првиот чекор, ниту бесрамно ќе се нафрлите на некое момче. Не сакате да бидете мистериозни. Во суштина сте потполно отворени и искрени, но само тогаш кога ќе решите да му дозволите на некое момче да ви се приближи. Меѓутоа пред да се случи тоа, тој ќе мора да ве импресионира со својот ум. Вашата сродна душа е јарецот, поради неговата сензибилност.rnrn

    Вага

    rnМагичната моќ на вагата ѝ овозможува да го привлече токму оној тип на момче кое го посакува, а потоа ќе го маѓепса и ќе направи тоа безнадежно да се вљуби во неа. Тоа не значи дека не сте пребирливи. Вашето момче мора да изгледа добро и да се облекува добро токму како и вие. Не можете да му одолеете на овенот уште од истиот момент кога ќе го видите како влегува во просторијата, но тој не е вистинскиот за вас. Ракот ќе ве обожува како никој друг.rnrn

    Скорпија

    rnСкорпијата не се плаши да се бори за својата љубов. Штом ќе ви се допадне некое момче инстиктивно знаете што точно треба да кажете и направите за тоа да ве посака. Вие сте всушност толку добри во играта на заведување што тој на крај ќе помисли дека тој те „брка“ тебе. Секогаш конците ги држите во свои раце, а емоциите заклучени во себе, сѐ додека не се осигурите дека можете да му верувате, а потоа тој нема да може да замисли поинтензивна љубов од вашата. Ваша сродна душа се момчиња во знакот на риби и рак.rnrn

    Стрелец

    rnКога е љубовта во прашање вие сте опуштени. Момчињата се „палат“ на вас бидејќи не ги заморувате и не правите драми без потреба. Вие сакате момчиња кои сакаат добро да се забавуваат, кои имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е и да се искрени и да го почитуваат тоа што работите ги гледате токму онакви какви што се. Длабоко во своето срце чезнете да патувате, па честопати ве привлекуваат момчиња со егзотичен изглед кон животот, кои потекнуваат од далечни места. Ваша сродна душа се момчиња со слободен дух, како што се водолија или близнаци.rnrn

    Јарец

    rnЗа вас љубовта е сериозна работа и не постојат изгледи своето срце да го доведете во опасност, освен ако не сте сигурни дека чувствата ви се возвратени. Вие сакате најпрво да ја испитате ситуацијата, а потоа да се впуштите во врска. Пријателите играат голема улога во вашите романси, бидејќи честопати тие ви ги даваат потребните информации. Ваша сродна душа се бикот и девицата, бидејќи тие најдобро ве разбираат.rnrn

    Водолија

    rnВие сте независни и најголема грешка што некое момче може да ја направи, е да ја загрози вашата слобода. Не сакате љубовта да управува со целиот ваш живот. Со своето момче ќе излезете во петок навечер, но саботата е за излегување со другарките, а ако тоа не му одговара, едноставно го отпишувате од вашиот живот. Исто така, вашето момче треба да има доволно самодоверба, за да може да разбере дека вашето срце е доволно големо за да ги сака сите. Ваша сродна душа се момчиња во знакот девица, бидејќи и тие ја ценат својата слобода.rnrn

    Риби

    rnАстролошката божица на љубовта е најсреќна кога е заљубена и тоа вистински заљубена. Вие сте вистински романтик кој потполно верува во постоењето на сродни души и сте во состојба ако е потребно и земјата да ја превртите за да ја пронајдете својата. Кога ќе го пронајдете вашиот совршен партнер, ќе сакате сѐ да сторите за него, но понекогаш е грешка неговите потреби да ги ставате пред своите. Ваша сродна душа е ракот, бидејќи ја чувствува вашата болка и ја дели вашата радост подобро од било кој.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и љубовните комбинации

    Астрологијата и љубовните комбинации

    Оваа пролет љубовта веќе се чувствува во воздухот. Дознајте што велат ѕвездите за астролошките љубовни комбинации, кои знаци ги привлекувате, а кои треба да ги одбегнувате.rnrnАстрологијата и љубовните комбинацииrn

    Овен

    rnНајдобра комбинација: Секогаш активни и авантуристички настроени, овните бараат партнер кој ќе биде покрај нив. Најмногу си одговараат со спонтаните стрелци, од кои ќе добиваат бескрајна поддршка. Оваа комбинација изобилува со романтични чувства, но и смеа и возбуда. Забавната водолија е исто така одличен партнер за овенот.rnrnНајлоша комбинација: Овните не сакаат да бидат спасувани од други. Тие се независни и рамноправни со партнерот. Заради ова, не им одговараат надмоќни знаци, каков што е бикот, затоа што тој никогаш нема да ја разбере нивната индивидуалност, или ракот кој постојано има потреба од покажување емоции.rn

    Бик

    rnНајдобра комбинација: Топли и полни со љубов и поддршка, на бикот му треба партнер кој постојано ќе му дели комплименти, па дури и подароци, со што Бикот ќе почувствува дека е ценет. Кај партнерот најмногу ги цени верноста и посветеноста, карактеристики кои ги поседуваат раковите.rnrnНајлоша комбинација: Биковите сакаат стабилност и безбедност. Не сакаат игри и нема да останат со некој со кој немаат иднина. Овенот и водолијата се знаци кои постојано имаат потреба да доаѓаат и да си одат, со што ќе предизвикаат посесивност кај Бикот и затоа се најлоша комбинација за овој знак.rn

    Близнаци

    rnНајдобра комбинација: Моногамијата не им е силна страна на близнаците, познати по својата расеаност. Партнерот на Близнаците треба пред сè, да биде постојано ментално стимулиран за да може да ги задржи покрај себе. На близнаците најмногу им одговараат екстровертните лавови, иако и овенот и водолијата се исто толку спонтани како и близнаците.rnrnНајлоша комбинација: Близнаците не сакаат премногу емоционални партнери. Чувствителните риби ќе бидат само повредени од самостојноста на близнаците. Девиците пак, брзо можат да им здодеат. Љубоморните скорпии нема да можат да го издржат тестот на заводливиот магнетизам карактеристичен за Близнаците.rn

    Рак

    rnНајдобра комбинација: По природа несигурниот рак бара романтичен, посветен и заштитнички настроен партнер. Идеалниот партнер за него е оној кој знае да сака безусловно, исто како и самиот рак, но е доволно силен да помогне кога ракот ќе се најде во емоционални турбуленции. Според овие карактеристики, на раковите најмногу им одговараат скорпиите.rnrnНајлоша комбинација: Верноста (која се граничи со посесивност) и чувствителноста на раковите им помага полесно да се обврзат на моногамна врска. Колку силни и да се претставуваат, штом бидат повредени, нема да можат да ја сокријат својата болка. Треба да ги избегнуваат близнаците, затоа што нивната слобода може да ја повреди самодовербата на ракот.rn

    Лав

    rnНајдобра комбинација: Можеби е тоа нивната страсна природа, но повеќето лавови бараат партнер кој ќе може целосно да им го посвети своето вниманите за да се чувствуваат задоволни во врската. Лавовите најдобро си одговараат со посветените бикови или романтичните риби кои уживаат да ги задоволуваат потребите на лавот.rnrnНајлоша комбинација: Штом ќе започнат врска, лавовите се целосно посветени на партнерот. Понекогаш знаат да бидат дури и љубоморни. Флертувањето на партнерот со други може да го скрши срцето на Лавот и штом еднаш ќе бидат предадени, лавовите не простуваат и не забораваат. Стрелецот може да биде добар избор за лавот, но неговата заводлива природа едноставно може да биде премногу за него.rn

    Девица

    rnНајдобра комбинација: Ладнокрвната девица тешко дека ќе биде привлечена од некоја смешна романса, но штом еднаш се вљуби, таа е безусловно посветена на партнерот. Девиците бараат трпелив партнер кој не сака да брза. Јарецот, познат по неговата стабилност и внимателниот пристап кон животот, е одличен партнер за Девицата.rnrnНајлоша комбинација: Бидејќи девиците се многу практични кога станува збор за одлуки поврзани со чувствата, па затоа нивната физичка интимност повеќе се темели на усовршување на техниката, отколку на страста. Ако имаат партнер чиј сексуален нагон го надминува оној на девицата, може да се појави љубомора или преголема самокритичност. За девиците најдобро е да ја избегнуваат огнената скорпија.rn

    Вага

    rnНајдобра комбинација: Елегантни и шармантни, вагите постојано бараат почит од оние кои им значат. Нивниот идеален партнер би требал да ужива додека тие го „задушуваат“ со љубов, пстојано подарувајќи му цвеќе, чоколади или посветувајќи му песни. Водолијата може да ѝ понуди на вагата таква романса и да ги задоволи нејзините потреби.rnrnНајлоша комбинација: Вагите владеат со седмата куќа на партнерството, што го прави овој знак исклучително верен. Од сите видови партнерства, вагите најмногу го сакаат бракот, па така, ако партнерот не е подготвен да се обврзе на подолг рок, само ќе ѝ го скрши срцето на вагата. Девицата, позната како променлив знак, е многу непредвидлива и затоа вагите треба да го одбегнуваат овој знак.rn

    Скорпија

    rnНајдобра комбинација: Хипнотизирачки, опсесивни и љубоморни, но крајно неодоливи, скорпиите се познати по тоа што во еден момент се загреани, а веќе наредниот се ладни. Скорпиите бараат партнер кој цврсто стои на земја додека се обидува да го привлече нивното внимание. Страста за нив е задолжителна, па кога се работи за сексуалната хемија, биковите се најдобар избор за нив.rnrnНајлоша комбинација: Скорпиите целосно му се посветуваат на партнерот, притоа очекувајќи го истото и од него. Додека се безусловно верни, скорпиите истовремено можат да бидат и сомнителни и лути. Знаците кои постојано бараат внимание, како раковите и близнаците, се најлошиот избор за скорпиите.rn

    Стрелец

    rnНајдобра комбинација: Стрелците ги покажуваат своите најдобри карактеристики во романсите кои произлегле од пријателства. Нивниот идеален партнер е авантурист кој е полн со енергија. На стрелците многу им е важно партнерот да има ист став како нивниот. Најмногу им одговараат овните.rnrnНајлоша комбинација: Стрелците ја сакаат својата слобода и никогаш нема да се откажат од неа. Кога се работи за врските, за стрелците е многу важно да го задржат чувството за сопственото постоење и не можат да бидат со партнер кој ја задушува и ограничува нивната слобода. Најлош избор за стрелецот е скорпијата.rn

    Јарец

    rnНајдобра комбинација: Водени од успехот, на јарецот му треба партнер кој е подеднакво амбициозен во неговите цели. Јарците бараат зрел, одговорен и доверлив партнер. Вредниот бик кој има тенденција за обврзување, е одличен избор за јарецот.rnrnНајлоша комбинација: Јарецот е внимателен со своето срце, но штом ќе се вљуби, тој со текот на времето станува сè повеќе посветен на партнерот. По малку сомнителни, јарците можат да бидат доста љубоморни. Заводливите знаци, како што се близнаците, кои слободно флертуваат со други, се најлош избор за јарците.rn

    Водолија

    rnНајдобра комбинација: Според водолијата, комуникацијата е најважен елемент за секоја успешна врска. Потребен им е партнер кој интелектуално ќе ги стимулира, ќе ја разбере нивната индивидуална природа и ќе ги почитува како рамноправни. На водолијата најмногу ѝ одговара вагата.rnrnНајлоша комбинација: Помалку емотивни, водолиите најмногу ја сакаат својата независност. И покрај тоа, ги почитуваат барањата и обврските на партнерот. Иако се чини дека водолиите знаат да збеснат на моменти, тие се навистина верни и не поднесуваат љубоморно однесување од страна на партнерот. За водолиите најлош избор се скорпиите.rn

    Риби

    rnНајдобра комбинација: Најчувствителниот астролошки знак, рибите, бараат партнер кој ќе може да ја разбере нивната емотивна природа и ќе им понуди безбедност. Рибите ќе му дадат на својот партнер сè што имаат и токму заради тоа се доста ценети од спротивниот пол. Заслужуваат партнер кој е посветен и внимателен. Најмногу им одговараат водените знаци, рак и скорпија.rnrnНајлоша комбинација: На рибите им треба трпелив и сочувствителен партнер, а не некој кој ќе ги осудува дека се премнигу емотивни. Тие анализираат сè и на работите гледаат како да се или целосно црни, или целосно бели. Рибите се преголеми сонувачи за близнаците, кои не можат да им ја обезбедат духовната и емотивна врска која им е потребна на рибите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и боите

    Астрологијата и боите

    Секој хороскопски знак во зодијакот има барем по една „моќна боја“, а некои знаци имаат цел спектар на бои кои им помагаат да ги истакнат своите квалитети. Прочитајте која боја може да ви помогне да заблескате.rnrnАстрологијата и боитеrn

    Овен

    rn

    Боја: црвена

    rnЦрвената боја се смета дека ги поттикнува акцијата и довербата, што значи дека таа автентично го прикажува стилот на жестоките и енергични овни. Оваа боја го привлекува туѓото внимание и заради тоа припадниците на овој знак обожаваат да носат црвена облека.rn

    Бик

    rn

    Боја: зелена

    rnЗелената боја е позната како боја која смирува  и дава спокојство. Оваа боја исто така ги претставува и растењето, љубовта, обновувањето, пролетта и просперитетот. Спротивно на ова, биковите треба да ја избегнуваат жолтата боја.rn

    Близнаци

    rn

    Боја: жолта

    rnНа енергичните близнаци им одговараат сите светли бои, но најкарактеристична за нив е жолтата боја. Оваа боја го надополнува нивниот оптимизам и младешки дух. Колку повеќе ја носат оваа боја, толку повеќе сакаат да комуницираат.rn

    Рак

    rn

    Бои: бела и сребрена

    rnНијансите на месечината, белата и сребрената боја, се боите кои најмногу им одговараат на раковите. Овие бои им помагаат на раковите да ги изразат своите чувства и заради тоа треба почесто да бидат застапени во нивниот плакар.rn

    Лав

    rn

    Бои: златна и портокалова

    rnБоите поврзани со моќта, златната и портокаловата, го нагласуваат царството на лавовите. Лавовите се интересираат за туѓите култури и затоа кај нив често може да се забележат златни или бронзени предмети од најразлични култури.rn

    Девица

    rn

    Бои: кафеава, зелена и беж

    rnПознато е дека девиците лесно се вознемируваат, па овие земјени бои имаат благотворно и смирувачко дејство врз нивниот темперамент. Токму поради оваа причина, девиците треба постојано да се опкружени со овие бои, а како најдобро решение за тоа е да ги обојат ѕидовите во зелена, светло беж или темно кафена боја.rn

    Вага

    rn

    Боја: сина

    rnНа вагите им одговараат сите нијанси на сината боја, од најсветли до најтемни тонови. Оваа боја треба да биде позастапена во нивната облека, но доколку не се љубители на морнарската облека, во својот стил треба да додадат некаков моден детаљ со боја на сафир. Вагите треба да ја избегнуваат црната боја.rn

    Скорпија

    rn

    Бои: црна и црвена

    rnМоќните бои на Скорпиите се црната и црвената боја. Познати по својот хипнотизирачки и таинствен поглед, Скорпиите треба да ја истакнат таа карактеристика користејќи го ефектот на „зачадени очи“ и црвен кармин за целосен секси изглед.rn

    Стрелец

    rn

    Бои: пурпурна, костенлива, сива и сина

    rnОвие бои им влијаат на стрелците, овозможувајќи им да имаат добра предиспозиција во однос на работите што им се случуваат. Токму различноста и неповрзаноста на боите се вистинскиот избор за стрелците, бидејќи го прикриваат нивниот променлив карактер и не го привлекуваат туѓото внимание. Стрелците треба да ги избегнуваат светлите бои.rn

    Јарец

    rn

    Бои: темно кафеава и зелена

    rnКако припадници на земјените знаци, на јарците им одговараат истите земјени бои кои се карактеристични за биковите и девиците. Зелената и темно кафеавата боја можат да ги смират припадниците на овој знак, кои повеќе го сакаат традиционалното отколку егзотичното.rn

    Водолија

    rn

    Бои: тиркизна и сребрена

    rnНа возбудливите и имагинативни водолии најмногу им одговараат тиркизната и светкавата сребрена боја, како и сите други нијанси кои потсетуваат на вода. Потенцирајќи го нивниот карактер, овие бои треба почесто да бидат застапени во нивната облека или модни додатоци.rn

    Риби

    rn

    Бои: тиркизна, виолетова, сива, светло црвена и светло портокалова

    rnНа замислените Риби кои обожаваат да фантазираат им одговараат сите бои, но најмногу нијансите кои потсетуваат на море, како и студените бои. Од топлите бои им одговараат светло црвената и светло портокаловата. Рибите треба постојано да ги користат овие бои за истакнување на нивните најдобри особини.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кинескиот хороскоп и изборот на професија

    Кинескиот хороскоп и изборот на професија

    Кинескиот хороскоп, исто како и западниот, има 12 знаци и се користи за разни предвидувања. Разликата е во тоа што знакот во кинескиот хороскоп се одредува според годината на раѓање. Што вели вашиот знак за изборот на професијата?rnrnКинескиот хороскоп и изборот на професија rn

    Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

    rnКарактеристики: Стаорците најдобро се снаоѓаат на позиции каде што се бара голема активност. Колку повеќе напор ќе вложат во работата, толку поголеми награди ќе добијат. За нив најдобро е да поседуваат сопствен бизнис или да се занимаваат со продажба на луксузни предмети. Треба да избегнуваат работни места кои ги изолираат од околината (на пример, чувар или оператор во кабина). Исто така, треба да избегнуваат професии поврзани со коцкање (работа во казино).rnrnЛични особини: имагинативни, решавачи на проблеми, привлечни, набљудувачи, себични, мотивираниrnrnПрофесии кои им одговараат: менаџери, советници, адвокати, дописници, писателиrn

    Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

    rnКарактеристики: Родените во знакот Вол најдобро се чувствуваат кога работат во домашни услови, а сепак имаат солидни приходи. Сакаат постојано да имаат обврски, па затоа им одговара да бидат уредници или писатели. Треба да избегнуваат работни места кои бараат врвни технички знаења или позиции кои наложуваат одење на службени патувања.rnrnЛични особини: доверливи, знаат што сакаат, внимаваат на детали, вредни, лојалниrnrnПрофесии кои им одговараат: механичари, сликари, банкари, агенти за недвижностиrn

    Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

    rnКарактеристики: Тигрите имаат две страни. Можат да бидат мирни, но и хиперактивни. Потребни им се периоди на интензивна активност, а веднаш потоа имаат потреба од мир и тишина. Одлично се снаоѓаат во професиите кои бараат веднаш да се дејствува (на пример, брза помош или противпожарна служба). Тие, исто така, се и одлични музичари (кои целиот интензитет го вложуваат во живите настапи) и организатори на настани.rnrnЛични особини: имаат натпреварувачки дух, сигурни се, добри лидери, авантуристи, често избрзуваатrnrnПрофесии кои им одговараат: писатели, пилоти, продавачи, канцелариска работаrn

    Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

    rnКарактеристики: Зајците се трпеливи, понекогаш дури и повеќе отколку што е потребно. Тие најдобро се снаоѓаат во мирна работна средина, каде што секогаш се во интеракција и со соработниците и со клиентите. Зајците, исто така ја познаваат вистинската вредност на нештата, па затоа им одговараат професии поврзани со продажба на накит, дизајнирана облека или недвижнини. Тие се и добри туристички водичи.rnrnЛични особини: дружељубиви, искрени, сочувствителни, избегнуваат конфронтацииrnrnПрофесии кои им одговараат: терапевти, професори, писатели, односи со јавностrn

    Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

    rnКарактеристики: На змејовите им е потребен простор за да напредуваат во работата. Не поднесуваат да бидат поставени на едно место. Ги разбираат трендовите и веднаш ја препознаваат насоката по која треба да се движат за да успеат. Одлични се како пилоти. Им одговара и професија поврзана со маркетинг и/или телевизија. Сакаат теренска работа, па затоа се одлични како истражувачи на животната средина или водичи.rnrnЛични особини: амбициозни, имаат слободен дух, иновативни, ентузијасти, независни, нетактичниrnrnПрофесии кои им одговараат: архитекти, продавачи, менаџери, адвокатиrn

    Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

    rnКарактеристики: Змиите се најпаметните помеѓу сите знаци во кинескиот хороскоп, но често своето мислење си го задржуваат за себе. Нивните емоции секогаш се под површината и на тој начин тие ја заштитуваат својата приватност. Поради тоа, змиите се одлични писатели, уметници и композитори. Им одговараат и професии поврзани со научните и медицинските истражувања.rnrnЛични особини: паметни, интуитивни, решителни, работите брзо им здосадуваатrnrnПрофесии кои им одговараат: социолози, аналитичари, истражувачи, диететичариrn

    Коњ (1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

    rnКарактеристики: Коњите ја сакаат својата слобода. Имаат натпреварувачки дух, па дури и кога губат, тие остануваат чесни играчи до крајот. Најчесто, припадниците на овој знак поседуваат одреден талент. Најдобро се снаоѓаат во професии поврзани со автомобили, патишта или мостови. Тие, исто така, се и одлични адвокати. Можат да напредуваат доколку нивната професија е поврзана и со спортот.rnrnЛични особини: енергични, бараат внимание, тимски работници, авантуристи, комуникативниrnrnПрофесии кои им одговараат: новинари, публицисти, шанкери, библиотекариrn

    Овен (1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

    rnКарактеристики: Припадниците на овој знак се доста чувствителни и одлични дипломати. Го обожаваат својот дом и сакаат да бидат опкружени со истомисленици. Одлични се како научници и програмери. Одлично се снаоѓаат во професиите поврзани со медицината. Овие луѓе најчесто се актери, чии улоги се идентични на нивниот начин на живеење.rnrnЛични особини: тимски работници, креативни, мирни, интелигентни, сензитивниrnrnПрофесии кои им одговараат: уредници, илустратори, педијатриrn

    Мајмун (1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

    rnКарактеристики: Мајмуните се полни со енергија и сакаат да прават повеќе работи истовремено. Работите кои се одвиваат полека предизвикуваат нервоза и досада кај родените во овој знак. Како доста интелигентни, мајмуните секогаш имаат избор кога се работи за нивната професија. Напредуваат доколку имаат ментор, некој кого ќе можат да го копираат. Одлични се како менаџери на ресторани. Им одговараат професии поврзани со градежништво, берза, маркетинг или односи со јавност.rnrnЛични особини: интелектуалци, брзо ги разбираат работите, љубопитни, прилагодливи, играчиrnrnПрофесии кои им одговараат: филмски режисери, трговци, инженери, златариrn

    Петел (1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

    rnКарактеристики: Петлите се секогаш зафатени. Организираат одлични забави и секогаш им помагаат на пријателите. Постојано се во согласност со енергијата на другите луѓе околу нив и затоа најдобро се снаоѓаат како социјални работници и други слични професии (на пример, поддршка на клиенти, забавувачи или професори). За својата работа сакаат да бидат наградувани, па исто така им одговараат и професии како доктори или директори на училишта.rnrnЛични особини: мотивирани, чесни, сигурни, вредни, организираниrnrnПрофесии кои им одговараат: книговодители, заболекари, агенти за осигурувањеrn

    Куче (1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

    rnКарактеристики: Кучињата се верни и многу вредни работници. Многу се креативни, посебно ако се наоѓаат пред некој предизвик. Секогаш ги имаат потребните информации. Најдобро се снаоѓаат во професии поврзани со спорт, храна и менаџмент.  Тие се тимски работници кои често работат на разни проекти, како што е развој на софтвер, посебно софтвер за игри.rnrnЛични особини: верни, љубезни, прилагодливи, тврдоглави, моралниrnrnПрофесии кои им одговараат: медицински сестри, полициски службеници, научници, дизајнери на ентериериrn

    Свиња (1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)

    rnКарактеристики: Припадниците на овој знак се грижливи и сериозно си ги сфаќаат одговорностите. Си го сакаат семејството и не сакаат да бидат одделени од него. Затоа ним најмногу им одговараат домашните бизниси. Имаат талент за дизајн и одлично се снаоѓаат во професии поврзани со маркетинг, облека и додатоци. Талентот за готвење ги прави добри угостители.rnrnЛични особини: вредни, искрени, креативни, забележуваат деталиrnrnПрофесии кои им одговараат: ветеринари, доктори, продавачи во малопродажбаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стилот на извинување на хороскопските знаци

    Стилот на извинување на хороскопските знаци

    Некои тоа го прават искрено и од срце и навистина се каат, а некои се вистински мајстори на извинувањето и шармери кога треба да се извлечат од некоја незгодна ситуација. Погледнете како се извинуваат претставниците на хороскопските знаци.rnrnСтилот на извинување на хороскопските знациrn

    Овен

    rnТој – За овие мажи не претставува никаков проблем да ви се извинат, исто како што не им е проблем да ве навредат и да ве извадат од такт бидејќи тие се такви, лесно ќе ве налутат, но уште полесно ќе ви се извинат и ќе ви ветат дека тоа повеќе никогаш нема да се повтори. Се разбира ништо од ветувањето. Лесно му „паѓа мрак на очи“, особено ако тој не е на прво место на вашите приоритети, па многу не размислува пред да избувне и ве навреди, но потоа брзо и ќе се покае. Тој верува дека неговото извинување е доволно за вас, без цвеќе или подарок, бидејќи тој ќе се понуди себеси како најголем израз на каење.rnrnТаа – Ќе ви се извини веднаш штом ќе сфати дека избувнала и ве навредила и тоа без некоја особена причина, туку само затоа што сте биле најблизу. Впрочем нејзиното мото е дека тој што се кара, тој и се сака. Покорно ќе стои пред вас и ќе гледа надолу, а во следниот момент ќе ви упати значаен поглед што ќе претставува повик за интимно смирување. Тоа и е најинтересно, но бидете внимателни, бидејќи ако нејзиното извинување не биде прифатено во истиот момент, таа може да пламне и да се налути и сè така во круг.rn

    Бик

    rnТој – Тешко може да се налути, но исто така тешко му паѓа и да се извини. Зарем тој што е секогаш во право и при тоа толку толерантен и стрплив, воопшто може да ве изнервира? И тоа токму вас, на личноста на која ù ги обезбедил повеќето работи за кои другите жени можат само да сонуваат! Баш поради тоа што неговиот збор мора да биде последен, на мажот во знакот бик тешко му е да разбере дека проблемот и причината за вашиот бес е баш во тоа. Доколку сфати, ќе се потруди да го материјализира своето извинување преку бакнежи, прегратки, вкусни залчиња со кои ќе ве храни и се разбира пари.rnrnТаа – И покрај тоа што е практична и отворена, а нештата ги кажува со вистинското име, жената бик нема да ви признае дека ù пречи тоа што нејзината комшика има побогат маж, поубава куќа или поскап автомобил. Кога ќе ви дојде преку глава од таа нејзина особина, таа само ќе ги спушти рамената и ќе ве погледне со своите крупни топли очи, нудејќи ве со свежо испечени колачи. Ќе ве толерира вас и вашите ноќни проводи, но никогаш нема да ви ја прости неспособноста да заработите доволно пари.rn

    Близнаци

    rnТоj – Машкиот претставник на знакот близнаци е вистински мајстор на толеранција од кого многу мажи би требало да ја учат уметноста на извинување. Тој со леснотија и шарм ќе клекне пред вас (ако е потребно), ќе ги склопи рацете и ќе ве замоли да му простите. Откако направил глупост, бидејќи не се појавил во договореното време таму каде што требало да се најдете, тој секогаш знае како да се извлече, а притоа вие да не се посомневате во вистинитоста на неговите зборови. Потоа со особена ноншалантност ќе премине на друга тема и полека ќе ве заинтересира за одење на излет или на ручек во ресторан, така што вие ќе се прашувате дали воопшто сте биле лути на таа личност.rnrnТаа – Сигурно нешто сте се збуниле ако очекувате извинување од жената близнак поради нејзината иницијатива да организира заеднички одмор сама и без консултација со вас. Таа веќе смислила и решила начин како да се отплати заедничкиот годишен одмор, го однела автомобилот на мајстор, извадила меѓународна возачка дозвола, купила храна и точно знае каде ќе одите и низ кои градови ќе поминете. Вие се лутите бидејќи ништо не ве прашала, но не грижете се, таа ќе ви се извини на автопатот, а вие ќе ù простите кога ќе видите дека нејзиниот избор како и обично е фантастичен.rn

    Рак

    rnТој – Бидејќи сè го погодува, од облачното небо, па сè до сомнежот што го почувствувал во вашиот поглед упатен кон него, тој е подложен на секојдневни промени на сопственото расположение. На тој начин лесно ве доведува во состојба на непријатност, збунетост или бес. Неговиот инает сепак може да направи нешто невозможно, па сакале вие или не, веќе изморени од неговата упорност, ќе го прифатите неговото извинување поради неговото детско однесување.rnrnТаа – Бидејќи веќе е во контакт со целото ваше семејство, дури и со оние роднини со кои со години не сте се виделе ниту чуле, таа лесно ќе ве доведе во ситуација да ù се налутите. Бидејќи располага со информации (претежно засновани на озборувања) за вашите роднини, некому веќе мора да му замерила, а додека вие сфатите што се случува штетата веќе е направена. Таа и понатаму ќе инсистира на тоа да ве убеди дека не е во ред да им верувате повеќе на другите отколку нејзе.rn

    Лав

    rnТој – Колку и да изгледа самоуверено, мажот во знакот лав ќе ја наведне главата кога ќе сфати дека погрешил, па ве налутил или навредил. Се разбира, во четири очи. Тој не сака ни да чуе за тоа дека било кога ве повредил, бидејќи се знае дека тој е вашиот џентлмен, витез, принцот на бел коњ… Поради тоа вам не ви паѓа тешко улогата на „робинка“ во куќата, сè додека мажот лав не почне јавно да ја покажува својата улога на господар. И покрај тоа што тешко ќе го поднесе тоа што ќе го дочекате во неговата омилена фотелја, тој сепак ќе употреби цел арсенал од ласкави зборови и искрени извинувања додека да попуштите.rnrnТаа – И кога нема доволно, бидете сигурни дека покрај жената лав нема да ви недостасува ништо, но кога ќе ù тргне на подобро таа ќе ве постави на пиедестал на кој ќе имате осигурено место во нејзиниот живот и во нејзиното срце. Бидејќи очекува постојано внимание и восхит кој го чувате само за неа (обидувајќи се да ви даде до знаење дека таа не е кој било), често пати ќе се чувствувате како нејзин поданик. Штом забележи дека тоа ви пречи, лавицата ќе се претвори во умилно маче и вие повторно ќе ја галите слушајќи ја како преде на вашето рамо.rn

    Девица

    rnТој – Со шармантна насмевка на вечно дете и ширум отворени љубопитни очи, мажот со хороскопски знак девица, искрено и без заобиколување, но логично ќе ви ја објасни причината поради која сте се налутиле на него. Ќе ви раскаже дека бил на состанок од кој скоро да зависела судбината на фирмата. Ќе ви признае дека сте потполно во право што се лутите и дека ќе ви надомести за тоа, но прво мора да се јави на мобилниот телефон кој непрекинато ѕвони. После тоа ќе се врти околу вас исполнувајќи ги сите ваши желби и потреби до таа мерка што ќе сфатите дека повеќе немате срце да му се лутите.rnrnТаа – Поради вродената пожртвуваност и несебична природа, таа си префрла себеси доколку дозволи личноста која ù е важна да се налути на неа. Жената девица, помалку навредена ќе ви се извини и пред да помислите да се налутите на неа, а потоа ќе пристапи кон анализа на сите детали на сопствената „вина“. Вам бесот многу бргу ќе ви помине, бидејќи не би можеле уште еднаш да го слушнете деталното образложување на фактите поради кои воопшто сте си дозволиле да ù се налутите. А нејзините побуди впрочем биле крајно добронамерни, се разбира.rn

    Вага

    rnТој – Бил на фризер, а вие правите толкава бука околу тоа што задоцнил. Потоа наминал во парфимерија да си купи пена за бричење, а од таму излегол со најновиот парфем за вас во знак на извинување. Ќе ве моли да му простите и притоа ќе ве гледа со оној познат поглед на адолесцент на кој сè му е дозволено. Вам единствено ви преостанува вашиот партнер во знак вага да го фатите за уво, да го однесете дома и да му ја објасните предноста на јавувањето по телефон кога повторно ќе доцни (што е сосема веројатно).rnrnТаа – Сосема е свесна дека не ви се јавила кога требало или дека не се појавила таму каде што сте се договориле уште пред неколку дена, но знаете ли вие воопшто колку договори таа сменила во меѓувреме? Ако успеете да ù ги „фатите конците“ во нејзината вечна промена, одложување или откажување на планови, ќе можете да ставите крај на тоа. Тоа ќе ви успее само под услов да останете нечувствителни на нејзиниот шарм и поглед кој како да зборува дека вие сте последната личност кон која таа би се однесувала така. Потоа, откако како мало дете ќе ви вети дека во иднина ќе биде добра, ќе измами насмевка на вашето лице.rn

    Скорпија

    rnТој – Ако мажот во знакот скорпија е заљубен, тој длабоко пати кога знае дека ве навредил, налутил или повредил на кој било начин. И тогаш вештиот и недофатлив заводник кој жените ги освојува со неверојатна леснотија, можете да го вртите околу малиот прст. Но сепак, колку што е вешт на дела, толку е вешт и на зборови, па тој на сите можни начини ќе се потруди да ве убеди да не се лутите и да го прифатите неговото извинување. Тогаш тој нема да жали ни пари, ни време, ни нерви за да ја постигне својата цел, бидејќи сè може да држи под контрола, па дури и вашиот бес.rnrnТаа – Ако дошла работата дотаму да се налутите на жена скорпија, тогаш мора да е нешто сериозно во прашање. А можеби е повторно старата приказна за вашата плата или вашата неспособност да заработите онолку колку што по нејзино мислење вредите. Поточно целата приказна се врти околу парите. Ако ве сака, таа штом ќе забележи дека ве повредила ќе ви се извини во кревет. Доколку пак нејзиниот интерес за вас ослабел и веќе фрлила око на друг, жената скорпија не смета дека поради тоа таа треба да ви се извини вам, туку вие нејзе.rn

    Стрелец

    rnТој – И кога најмногу ќе ве налути и ќе ве доведе до точка на вриење, мажот стрелец умее да ви се извини на најшармантен начин. Па барем во тоа има искуство со жените кои ги оставал на цедило или ги наградувал доколку барем еднаш му ја покажале својата наклоност. Па се знае како одат работите и покрај тоа што тој никому нема да му каже, но сепак на сите ќе им биде јасно дека освоил уште едно срце. Па веројатно нема да се лутите поради тоа? Треба да му бидете благодарни што воопшто сте го привлекле неговото внимание, како сирена во морето полно со риби.rnrnТаа – И кога се извинува, вие имате впечаток дека ви држи предавање или курс за добро однесување. Жената стрелец потајно се надева дека вие конечно ќе разберете дека сè што таа прави е за ваше добро. Ќе ù раскажете сè за вашите претходни љубовни врски и дека тие всушност не ви значеле нешто особено во споредба со оваа со нејзе, а потоа ќе се разбесните што ù се правдате како учениче што задоцнило на писмена работа во училиште. Нејзиниот поглед полн со разбирање, ќе ви се чини како да ви вели дека штом ќе престанете да се лутите, ќе продолжите таму каде што сте застанале.rn

    Јарец

    rnТој – Штом забележи дека барем малку ве повредил или налутил, бидете сигурни дека мажот јарец веќе си замерува себеси што си го дозволил тоа. Под неговата надворешност на маж задлабочен во работата и задоволството што таа му го носи, се крие неговата пречувствителна душа. Можеби ве занемарил поради обврските или ветувањето што му го дал на некој друг што му значи многу помалку од вас, но тој ни тогаш нема никого да изневери. Тој ќе ве поведе вас на деловниот состанок, а тоа за него е повеќе од извинување.rnrnТаа – Ако мислите дека кај неа ќе се провлечете лесно, гадно сте се излажале. Жената јарец постојано ќе ви задава нови задачи и препреки за да ù ја докажете својата верност, љубов и посветеност, исто како и таа вам. Бидејќи таа ве избрала вас, вие тоа треба да го цените, а доколку знаете да цените тоа треба и да го докажете. Кога вам ќе ви се смачи од сè и ќе ви пукне филмот, тогаш жената јарец ќе ви признае дека можеби малку претерала, но и дека вие сте победиле на нејзиниот испит на лојалност.rn

    Водолија

    rnТој – Тој е уште еден мајстор за извинување. Не постои ниедна толку заплеткана ситуација од која тој нема да се извлече и покрај тоа што е крив. Ви ги сменил плановите, не се појавил каде што сте се договориле, недостапен е на телефон, а вие би го оставиле само да можете. Но како да го направите тоа кога не знаете ни каде е во моментот!? Додека во вас бесот расте и достигнува точка на кулминација, тој ненадејно ќе се појави на вашата врата по малку збунет, криејќи букет цвеќе во едната рака, додека со другата ќе ве фати околу половината и ќе се потруди да ја стопи коцката мраз во која сте се претвориле чекајќи го.rnrnТаа – Зошто таа воопшто вам да ви се извинува кога е свесна дека вие нејзе ја обожувате или едноставно не можете без неа. А бидејќи вие не можете без неа, тогаш жената водолија вообичаено ќе се води од своите желби и потреби, што впрочем ќе биде основна причина за вашето негодување и бес. Таа одлично се снаоѓа во релациите со спротивниот пол, па умее да ви сервира таква форма на извинување која ќе ве допре и разнежни. Според тоа, жената водолија ви прави што сака дури и кога се извинува.rn

    Риби

    rnТој – Како воопшто можете да помислите дека би му паднало на памет да ви се налути, кога тој постои само за да ги исполнува вашите желби. Штом ќе почувствува дека се сомневате во искреноста на неговите повеќе или помалку вешти оправдувања и се лутите, мажот во знакот риби почнува да отстапува барајќи излез. Скоро секогаш успева и да го најде, па неговото извинување добива призвук на драматичност и патење: дури и кога би посакал да ве изневери, прашање е која е таа што би го погледнала него кога на челото му пишува дека тој ве сака само вас, верувале вие или не…rnrnТаа – Со мистериозен поглед и таинствена насмевка, таа мирно ќе ве слуша додека безуспешно се обидувате да ја прикриете својата љубомора. Потоа со молчење ќе ви пријде и нежно ќе ве прегрне и бакне. Ќе продолжи така сè додека не престанете да разликувате што е јаве, а што сон, ниту дали поради нејзе сте биле лути или тажни, но едно е сигурно, дека повторно по којзнае кој пат ù успеало да ве расположи.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.