КАФЕ ПАУЗА

Tag: астрологија

  • 3 жестоки астро парови кои ќе ги преживеат сите бродоломи

    3 жестоки астро парови кои ќе ги преживеат сите бродоломи

    Турбулентните врски, силните емоции и честите караници најчесто завршуваат со приказна за совршени парови кои биле заедно во погрешно време. Меѓутоа постојат среќници чија врска поминува низ разни искушенија, препреки, па дури и разделби, кои на крајот се доказ дека вистинската љубов навистина победува сѐ.rnrn3-zhestoki-astro-parovi-koi-kje-gi-prezhiveat-site-brodolomi-kafepauza.mkrnrnТие лудо се сакаат, но има моменти кога не можат да се поднесат и се колнат пред себе дека никогаш нема да си простат еден на друг, сепак, невидливите нишки кои ги поврзуваат никогаш не се кинат. Тие можеби и би можеле еден без друг, но заедно се непобедливи и можат да се борат против целиот свет. Погледнете за кои комбинации станува збор:rn

    1. Девица – Водолија

    rnВо оваа комбинација Девицата прва ѝ фрла око на Водолијата. Таа смислува тактики како да го привлече нејзиното внимание, бидејќи педантните Девици секогаш детално планираат пред да направат што било. Од сите оружја со кои располагаат најмногу ќе им користи нивната духовитост бидејќи Водолиите секогаш паѓаат на духовните вредности, а не на материјалните богатства што им се нудат.rnrnОваа астро-комбинација е прилично необична, бидејќи овие два знака се различни по своите погледи на светот, но хемијата која постои помеѓу нив е толку силна што ги надминува сите овие разлики. Нив не им е потребно премногу време за да се заљубат меѓусебно до срж, но најчесто најголемата препрека е тоа што Водолиите се скоро бестрашни, додека Девиците се оние кои проценуваат колкав би бил ризикот ако ги послушаат своите партнери. Од друга страна, Девиците имаат тенденција често да проповедаат бидејќи сметаат дека го имаат сиот памет на светот и со своите пасивно-агресивни настапи ги уверуваат Водолиите дека се секогаш во право.rnrnВодолиите тоа ќе го толерираат во зависност од силината на емоциите кои ги имаат кон „сезнајковците“, а Девиците тоа ќе го сфатат како сигнал дека успеале во своите намери. Кога ќе дознаат дека се во заблуда, тие им приговараат на Водолиите дека се самобендисани и дека нема повеќе да го трпат тоа. Од друга страна, Девиците ќе придонесат со нивната каприциозност, по што разделбата ќе изгледа како единственото решение. И тие ќе мислат дека тоа е засекогаш. Иако овие два знака се во состојба да не контактираат со месеци, па дури и со години, во мислите секогаш се навраќаат еден на друг.rnrnВодолиите можат да самуваат и во целост да се посветат на унапредување на останатите аспекти од нивните животи, додека Девиците ќе се задоволат со тоа дека горе-долу сѐ е исто во нивните животи, но одвреме-навреме може да влетаат во некоја авантура. Меѓутоа, личностите кои влегуваат во нивниот живот не се ниту бледа сенка на Водолијата. Колку и да им смета нетипичниот поглед на светот од страна на Водолиите, сепак им недостасува нивното разбирање, блесавоста и искажувањето чувства на нивните крајно невообичаени начини. Бидејќи и двата знака се синоним за тврдоглавост, прашање е кој од нив прв ќе воспостави контакт. Но, кога повторно ќе се соединат, тоа дефинитивно ќе биде засекогаш.rn

    2. Стрелец – Риби

    rnУште еден астро-пар кој на прв поглед изгледа невозможно. Стрелците се вистински освојувачи кои не се грижат за општествените правила, додека Рибите робуваат на многу предрасуди, а истовремено сонуваат за љубов од бајките. Додека Рибите се повлечени, Стрелците без срам ја покажуваат својата наклонетост и сакаат што побрзо да го конкретизираат нивниот однос.rnrnСтрелците се повеќе чувствителни и страсни типови луѓе на кои им е потребно време да ги откријат длабоките чувства кои ги чуваат во себе. Рибите ги привлекуваат поради своите детски, романтични погледи бидејќи тие во нив гледаат поддршка и некој што би можел да ги води низ животот. На Стрелците ова најпрво им се допаѓа, но со тек на време ќе почнат да се гушат од големите и сериозни планови за животот кои ги имаат Рибите, бидејќи не заборавајте, Стрелците сметаат дека може да прават што сакаат и да доаѓаат и заминуваат кога сакаат.rnrnАко во тој период Стрелците запознаат некоја личност која повеќе ги возбудува од Рибите, тие нема да се срамат да го признаат тоа, бидејќи се секогаш сурово искрени. Рибите пак се пречувствителни, па затоа и остриот јазик на Стрелците може да им нанесе големи повреди на душата, кои ќе ги сметаат како непростливи. Дури и ако нема трета личност, Стрелецот може да западне во душевна состојба кога ќе смета дека разделбата е единствениот спас за него. Тие ќе ги уверуваат Рибите дека не се доволно добри за нив или ќе ги обвинат дека нешто кријат со цел негативно да влијаат врз врската.rnrnНивните разделби се бурни и најчесто на сите им раскажуваат за своите проблеми, барајќи поддршка од јавноста за одлуката која ја донеле. Кога ќе помине првиот бран од негативни емоции и двајцата почнуваат да страдаат еден за друг, но скоро и да не комуницираат. Дури и кога се во контакт, тоа им носи поголема штета отколку корист и затоа се колнат дека тоа е дефинитивно крај и дека нема што да бараат еден покрај друг.rnrnКако што поминува времето, Стрелците веќе немаат потреба да ги докажуваат своите шармерски способности, ниту да си докажуваат дека им е добро сами со себе. Рибите иако се многу повредени, сепак се обидуваат да продолжат со животот, дури и влегуваат во површни врски, но длабоко во себе знаат дека во секоја нова личност бараат нешто што го доживеале во врската со Стрелците. На крај Стрелците се тие кои одлучуваат да ѝ дадат уште една шанса на нивната врска, а Рибите како тоа одвај да го чекаат. Можеби ќе биде потребно време за прилагодување, но кога конечно ќе се договорат околу целите кон кои и двајцата се стремат, нивната врска станува нераскинлива.rn

    3. Лав – Вага

    rnОваа врска е карактеристична поради фактот што тие се поврзани со длабоко пријателство на кое не забораваат дури и во моментите кога не сакаат да се погледнат во очи. Лавовите се големи освојувачи и сметаат дека не постои личност која не можат да ја заведат со својот шарм, но кога ќе наидат на Вага знаат дека ќе мора да го променат пристапот.rnrnЗатоа кон нив се поставуваат заштитнички и пријателски. Ќе им биде потребно повеќе време, но сепак ќе успеат да го освојат срцето на Вагите. Во тој момент веруваат дека тоа е крајот, но всушност тогаш започнува најинтересното. Бидејќи Лавовите имаат експлозивен карактер и не ретко покажуваат самобендисаност, сметаат дека сѐ им е дозволено. Вагите често се наоѓаат во улога на нивен глас на разумот и советници кои ќе ги советуваат да застанат и да земат здив. Иако Вагите се посмирени, дури и тие имаат свои епизоди во кои не можат да се изборат со темпераментните Лавови.rnrnКога Лавот ќе почувствува дека Вагата не е стопроцентно посветена на него и дека постои можност да ја изгуби, ќе се обиде да ја освои повторно со скапоцени подароци или со исклучително смислени изненадувања. Вагите не се имуни на луксузот кој го нудат Лавовите, но тоа нема да биде доволна причина да преминат преку пренагласената театралност на Лавовите, која повеќе ги иритира отколку што ги забавува. Иако имаат различни животни цели, тие се држат заедно, но нивниот однос почнува да се разлабавува кога Лавовите ќе го забележат пренагласеното флертување на Вагите со други личности. Исто така, ако Лавовите не чувствуваат доволно љубов и потреба од нив, не им треба многу за да најдат личност која ќе ги гледа со воодушевување. Нивните караници се експлозивни и жестоки.rnrnКолку и да се чинело дека Вагите „имаат уста, но немаат јазик“, во овие ситуации се прикажуваат во сосема ново светло. Затоа во текот на нивните расправии Вагите се главни говорници, додека за чудо Лавовите повеќе слушаат отколку што изнесуваат свои ставови. Лавовите први си заминуваат бидејќи Вагите од нив бараат да намалат со посесивноста и нетолеранцијата. На тој начин им оставаат време да размислат за сѐ, но и се тешат себеси дека сѐ уште има надеж за нивната врска. Таа меѓуфаза во нивниот однос трае долго додека и двајцата се обидуваат да се навикнат на живот без другиот.rnrnВо суштина Лавовите се тие кои иницираат обид да ги надминат разликите и покајнички ветуваат дека ќе се променат. Вагите секако не веруваат во ова, но сепак се согласуваат да ја продолжат врската. Тоа не значи дека нема да има нови турбуленции во нивната врска, но премногу се врзани еден за друг за воопшто да замислат живот без својата друга половина.

  • 8 работи кои мора да ги знаете за жените Ваги

    8 работи кои мора да ги знаете за жените Ваги

    Добро е познато дека машките и женските хороскопски знаци се разликуваат во некои работи, па затоа ние денес решивме да ви откриеме 8 најкарактеристични особини на жените Ваги.rnrn1-8-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-zhenite-vagi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Можат да ве шармираат кога и како сакаат

    rnЖените Ваги се познати како неверојатно шармантни личности, бидејќи се многу досетливи и имаат одлична смисла за хумор. Нив ги сакаат сите луѓе, бидејќи тие знаат да го прилагодат својот шарм на секоја личност и во секоја ситуација. Тие едноставно сакаат другите луѓе да ги сакаат, па затоа се одлични во „читањето“ на луѓето и прилагодувањето на нивниот карактер.rn

    2. Неодлучни се

    rnВагите нема да се она што се ако не се неодлучни и ако постојано не мислат дали нешто да направат или пак да кажат не. Иако оваа особина може да им помогне при решавањето на некои конфликти, од друга страна пак, може да претставува вистинско мачење кога треба да се донесе одлука. Нив никогаш не треба да ги прашувате да изберат помеѓу две работи, туку е неопходно да ги ставите пред совршен чин.rn

    3. Тие се вистински дипломати

    rnАко сакате да смирите некои ваши блиски луѓе, во тоа задолжително ангажирајте ги жените Ваги. Тие се неверојатно мирни, па со самото тоа идеални личности за решавање на сите можни конфликти. Тие секогаш ќе пронајдат заеднички јазик со другата страна и нема да дозволат ниту најмала ситница да прерасне во конфликт, а конфликтот во голема расправија.rnrn2-8-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-zhenite-vagi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Ги почитуваат правичните и праведните личности

    rnНикој не ги сака повеќе правичните и праведните личности, ниту пак ги цени повеќе од жените Ваги. Едноставно, тие се тип на личност кои секогаш настојуваат да одржуваат фер и коректни односи со другите луѓе, кои не ја сакаат неправдата, а уште помалку луѓето кои се неправедни. Доколку сакате да се дружите или забавувате со жена Вага, овие две особини мора да ги поседувате.rn

    5. Премногу се интелигентни

    rnЖените Ваги, па и самите Ваги, важат за премногу интелигентни личности кои многу читаат, информирани се за сè и упатени во сè што се случува околу нив. Ќе ве изненади начинот на кој зборуваат, со своите интелигентни шеги, но и со досетливоста и мудроста.rn

    6. Тие се големи естетичари

    rnВагите, а особено жените Ваги се големи естетичари и имаат око и за најситните детали. Па затоа, тие најчесто се занимаваат со некој вид уметност, а доколку тоа не им е работа, тогаш како по правило им е хоби.rnrn3-8-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-zhenite-vagi-www.kafepauza.mk_rn

    7. Обожаваат да флертуваат

    rnАко може да се каже за некој хороскопски знак дека сака да флертува и многу дека ужива во тоа, тогаш тоа дефинитивно се Вагите. Било да се врзани или пак не, Вагите секогаш ќе флертуваат, бидејќи едноставно тоа е појако од нив. Меѓутоа, во поголемиот дел од случаите Вагите не се ниту свесни дека флертуваат, туку тоа го забележуваат откако другата страна ќе им даде повратна реакција.rn

    8. Секогаш се смирени

    rnВагите не се ниту малку импулсивни, па никогаш нема да ги видите како „полудуваат“ или да се толку нервозни за да не можат да го скријат тоа. Едноставно, тие пронаоѓаат излез во секоја ситуација и се обидуваат да не прават голема драма околу тоа. Меѓутоа, и тие имаат свои луди минути и тогаш би било најдобро да стоите подалеку од нив.rnrn4-8-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-zhenite-vagi-www.kafepauza.mk_

  • Факти кои сигурно не ги знаевте за хороскопските знаци

    Факти кои сигурно не ги знаевте за хороскопските знаци

    Иако сите мислиме дека знаеме баш сè за карактеристиките на хороскопските знаци, на некои постапки сигурно не можеме да сметаме, ниту пак можеме да ги предвидиме. Затоа денес ви откриваме некои факти кои сигурно не сте ги знаеле за хороскопските знаци, за во иднина да не бидете изненадени од некои нивни постапки.rnrn1-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnНе можете да претпоставите дека Овните ќе застанат на ваша страна само поради тоа што ве сакаат, сè додека не останете осамени поради различното мислење кое го имаат луѓето околу вас.rn

    Бик

    rnНе можете да замислите колку грижливи и посветени можат да бидат тие, сè додека не ве прегрнат и не ви помогнат целиот товар да ви падне од рамената…rn

    Близнаци

    rnНе можете да претпоставите колку пати во животот луѓето им давале причина да заплачат, а тие само го завртувале другиот образ и продолжувале понатаму.rn

    Рак

    rnНе можете да замислите колку пати тие прифатиле да бидат главните виновници, само за да не бидете вие обвинети.rnrn2-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_rn

    Лав

    rnНе можете да претпоставите колку Лавовите се спремни да се борат за вас, сè додека не им ја убиете и последната надеж за конечно да дигнат раце од понатамошната борба.rn

    Девица

    rnНе можете да претпоставите колку пати Девиците го премолчиле и го сокриле нивното мислење за вас, само да не ве повредат.rn

    Вага

    rnНе можете да замилите колку пати досега Вагите предвиделе нешто само затоа што сте им биле во мислите.rn

    Скорпија

    rnНе можете да поверувате дека Скорпиите се луѓе кои, макар и тајно, ќе водат сметка за сите, дури и кога нема никој да води сметка за нив.rnrn3-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_rn

    Стрелец

    rnНе можете да замислите колку многу Стрелците се борат да бидат самостојни, и тоа континуирано и без одмор.rn

    Јарец

    rnНе можете да претпоставите колку пати досега Јарците застанале зад својот тим и се залагале за него, а тогаш биле напуштени и разочарани.rn

    Водолија

    rnНе можете да претпоставите колку сте ѝ посебни на Водолијата кога ќе си дозволи постојано да мисли на вас, сè додека потполно не ве исфрли од својот живот.rn

    Риби

    rnНе можете да замислите колку им се тенки ѕидовите кои ги имаат изградено околу себе и колку малку им е потребно за да ве пуштат во нивниот живот.rnrn4-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_

  • Астрологијата ви открива: Бјути трикови на хороскопските знаци

    Астрологијата ви открива: Бјути трикови на хороскопските знаци

    Астрологијата се вовлече во сите аспекти на нашиот живот, па затоа не е чудно што денес, преку основните карактеристики на секој хороскопски знак, може да откриеме многу работи за нас на полето на модата, негата и здравјето. Денес дознајте ги основните и омилени бјути трикови на хороскопските знаци, кои се во совршен склад со нивниот темперамент и карактер.rnrn0-astrologijata-vi-otkrivaa-bjuti-trikovi-na-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_rn

    Овен – Контурирање на лицето

    rnВие сте изразито огнен знак, кому сè му се отсликува на лицето, па затоа контурирањето е еден од најдобрите начини да ги прекриете и неутрализирате сите „недостатоци“. Со мала помош од експерт, вие и самите ќе можете да постигнете неверојатни резултати и да си играте со шминката како што сакате. Затоа инвентирајте во неопходниот материјал – четки, течна пудра, хајлајтер, коректор, и без разлика колку години имате, помогнете ѝ на вашата кожа да заблеска во вистинскиот сјај.rnrn1-astrologijata-vi-otkrivaa-bjuti-trikovi-na-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_rn

    Бик – Беспрекорна кожа

    rnКожата на вашето лице, но и на вашето тело, мора да биде мека на секој допир, исто како свила. Затоа е потребно да ја третирате со креми и лосиони за таа да биде беспрекорна. Секој третман започнува со пилинг, а завршува со длабока хидратација. Доколку сакате, можете да поработите и на вашиот тен, бидејќи вашата кожа мора да има беспрекорен сјај.rnrn2-astrologijata-vi-otkrivaa-bjuti-trikovi-na-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_rn

    Близнаци – Младолик изглед

    rnБез разлика колку години имате, вам младешкиот изглед ви е приоритет. Па затоа вие на 20, но и на 60 години ќе посветите подеднакво внимание на секоја брчка на вашата кожа и секогаш ќе ги истакнувате вашите атрибути.rnrn3-astrologijata-vi-otkrivaa-bjuti-trikovi-na-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_rnrn

  • Астролозите тврдат: Овие два хороскопски знаци се најискрени

    Астролозите тврдат: Овие два хороскопски знаци се најискрени

    Астролозите тврдат дека помеѓу хороскопските знаци, два се издвојуваат како најискрени. Тие секогаш ги избегнуваат лагите и ја одбираат вистината. На некој начин, дури и не умеат да лажат. Според астрологијата овие знаци го плашат светот со својата искреност, но што мислите вие, дали и вашето искуство го потврдува ова верување?rnrnАстролозите тврдат: Овие два хороскопски знаци се најискрениrn

    Стрелец

    rnПрипадниците на овој знак се великодушни и добри луѓе. Но, дури и покрај тоа што се едни од најискрените хороскопски знаци, понекогаш знаат малку да ги преувеличат авантурите од својот живот. Тие не го прават тоа со намера да лажат, туку едноставно сакаат да го анимираат својот слушател. Сè на сè, Стрелците секогаш ја кажуваат вистината во лице, без разлика дали е добра или лоша.rn

    Овен

    rnОвните се толку импулсивни што секогаш го кажуваат она што го мислат без претходно да размислат. Тие се многу енергични, но воопшто не сакаат оваа енергија да ја трошат на лаги. Тие во односите со другите луѓе се брутално искрени, па токму затоа и понекогаш нивната искреност може да ги повреди другите луѓе. Понекогаш зажалуваат за своите искрени зборови, но никогаш не се откажуваат од самата искреност бидејќи таа е како нивното второ „јас“.

  • Тој ќе ви ги симне ѕвездите: Кој е најдобриот сопруг според астрологијата?

    Тој ќе ви ги симне ѕвездите: Кој е најдобриот сопруг според астрологијата?

    Секој човек има свои доблести и маани кои го прават уникатен, но експертите во областа на астрологијата веруваат дека позицијата на планетите и хороскопскиот знак имаат огромно влијание врз карактерот на луѓето. Токму затоа тие и можат да издвојат еден знак, кој ако го изберете за ваш сопруг, никогаш нема да се покаете.rnrnТој ќе ви ги симне ѕвездите: Кој е најдобриот сопруг според астрологијата?rnrnСтанува збор за Бикот. Како сопруг, тој ги има најдобрите особини од сите знаци во Зодијакот. Некои го опишуваат овој знак како неморален, но ова може да биде вистина само ако се има во предвид неговата силна потреба да го задоволи својот интензивен физички живот.rnrnТој е благ, добродушен и верен. Токму затоа и никогаш нема да го занемарува својот дом и семејството. Овој маж ги обожава својата жена и деца и бескрајно се труди да им ги овозможи најдобрите услови за живот, образование, облека и забава кои ги нуди светот. Бикот многу често се жени со девојка која е со подобар материјален и социјален статус од него, бидејќи е воден од амбицијата да успее и да се движи во повисоки социјални кругови. Но, тоа не значи дека тој нема да даде сè за својата сопруга.rnrnВенера му дава исклучителна смисла за убавина, па токму тоа и допринесува тој секогаш за себе да бара убава и згодна жена. Тој обожава кога другите зависат од него и сакаат кога чувствуваат дека прават сè сами за сопругата и децата. Откако еднаш ќе се ожени, тој многу тешко ќе пристапи на развод.rnrnДали вие веќе го имате пронајдено вашиот совршен Бик?

  • Родените во мај знаат страсно да љубат, а јунските луѓе се софистицирани. Што го карактеризира вашиот месец на раѓање?

    Родените во мај знаат страсно да љубат, а јунските луѓе се софистицирани. Што го карактеризира вашиот месец на раѓање?

    Секој месец на раѓање носи и одредени карактеристики. Откријте што ви носи вашиот.rnrnРодените во мај знаат страсно да љубат, а јунските луѓе се софистицирани. Што го карактеризира вашиот месец на раѓање?rn

    Јануари – зборливи

    rnРодените во јануари сакаат многу да зборуваат. Знаат да ја погодат сржта на работите за кои дискутираат. Ги сакаат оние што ги сакаат нив. Располагаат со голема внатрешна и надворешна убавина. Понекогаш лажат, но не се личности кои постојано се преправаат дека се нешто што не се. Ги ценат своите пријатели. Храбри се и знаат да се налутат. Лесно е да ги повредите, но тие уште полесно се подигнуваат по падот. Сонуваат со отворени очи и имаат мислење за она што ги интересира. Непредвидливи се и не се оптоваруваат со контролирање на емоциите. Многу се паметни, а тоа им додава многу сексапил.rn

    Февруари – таинствени

    rnГлавата им е полна со апстрактни мисли. Ја опсервираат реалноста и потоа размислуваат за неа на апстрактен начин. Многу се паметни и тоа ги прави многу секси. Делуваат тивко и срамежливо, но во одреден моменти знаат да покажат жесток темперамент. Упорни се, тврдоглави и амбициозни. Ја сакаат својата слобода и секогаш цврсто чекорат кон остварување на своите цели. Се бунтуваат кога наидуваат на граници. Лесно е да ги повредиш. Во таков момент се гневни длабоко во себе, но не го покажуваат тоа. Иако се многу романтични, ретко го покажуваат тоа.rn

    Март – сјајни

    rnРодените во март се прекрасни. Нивната привлечност лежи во сочувствителноста, мистериозноста, искреноста и дарежливоста. Иако делуваат како да се тивки, со нив можете да си направите многу убав муабет. Сакаат работите да ги прават на свој начин. Често преземаат ризици. Знаат да бидат и многу тврдоглави. Сакаат да бидат забележани, а тоа го постигнуваат и со одличното чувство за мода. На моменти се многу откачени. Извонредно се бакнуваат, но знаат и да ги кршат срцата на луѓето од спротивниот пол. Тие во себе го собрале најдоброто од другите единаесет месеци и тоа умешно го користат во кревет. Мана им е тоа што понекогаш кога им се допаѓа некого тие предолго чувствата ги чуваат во тајност.rn

    Април – неодоливи

    rnАприлските луѓе се многу љубезни, забавни и харизматични. Многу сакаат да зборуваат, а тоа го прават на начин кој ги прави неодоливи. Самоуверени се и добро соработуваат со другите. Интелигентни и секогаш љубопитни. Добро ги разбираат луѓето и знаат како да ги забавуваат или мотивираат, а истото важи и кога сакаат да се мотивираат себеси да направат нешто. Отворени се и секогаш е забавно покрај нив. Сакаат музика, опуштена атмосфера и патувања.rn

    Мај – љубовници

    rnБрзо носат одлуки, а потоа се сомневаат во тоа што одлучиле или се каат. Нивната динамика ги прави интересни за другите луѓе. Имаат силен менталитет кој им овозможува цврсто да се справуваат со своите проблеми и да им помагаат на другите а ги решат своите. Одлични советници се и затоа имаат многу пријатели. Обожаваат да патуваат и истражуваат. Во љубовта се храбри, а често пати само нивниот партнер може да го разбере начинот на кој се однесуваат. Тие се одлични љубовници.rn

    Јуни – софистицирани

    rnРодените во јуни се многу софистицирани. Сакаат да испробуваат нови работи и затоа покрај нив никогаш не е здодевно. Знаат а бидат и малку таинствени и тивки, но длабоко во себе тие се најзборлестите луѓе што можете да ги замислите. Водат грижа за чувствата на другите и не сакаат да се одмаздуваат. Простуваат, но не забораваат. Внимателно ги набљудуваат луѓето пред да донесат заклучок за нив. Лесно е да ги повредиш, а тие тешко се опоравуваат од тоа. Иако се доста комуникативни, понекогаш им треба време да бидат малку сами.rn

    Јули – заведувачи

    rnСакаат да склопуваат нови пријателства. Пријатно е покрај нив. Но, некој од новите „пријатели“ може да стане „жртва“ на нивните неверојатни заведувачки способности. Многу е веројатно дека веќе имаат некој многу згоден партнер. Секогаш знаат да одберат добар филм за гледање во друштво или кога се сами со партнерот. И самите имаат потенцијал еден ден да станат добри актери.rn

    Август – став

    rnРодените во август сакаат да ги искажуваат своите ставови. Отворени се кога станува збор за тоа и секогаш се спремни да влезат во некаква интересна дискусија. Сакаат со тоа да го привлечат вниманието на другите, а кога не успеваат во тоа спремни се и да преземат ризици. Живеат за да љубат и да бидат љубени. Не поднесуваат кога не им се возвраќа љубовта. Тежнеат за слобода и упорни се во нејзиното постигнување. Бунтовни се кога таа им се ограничува. Тоа е само мал дел од особините кои родените во август ги прават многу привлечни и интересни личности.rn

    Септември – мудри

    rnКога некој ги љуби, тие возвраќаат многукратно. Знаат како да ја покажат љубовта и во кревет. Тој е нивниот вистински храм. Знаат да го одберат животниот партнер благодарение на нивната внимателност и аналитичност со која им пристапуваат на работите. Знаат како да донесат важни одлуки. И пријателите им се многу важни. Секогаш се трудат да го збогатат својот живот со нови луѓе. Сонуваат со отворени очи, но имаат и ставови кои покажуваат колку цврсто стојат на земја.rn

    Октомври – страсни

    rnМногу се страсни, а на моменти и диви. Сакаат да си играат чувајќи ја својата таинственост. Покажуваат само малку од себе, навестувајќи голема внатрешна убавина како што располагаат и со голема привлечност благодарение на нивниот изглед. Оние кои започнуваат врска со некој роден во октомври треба да го/ја чуваат затоа такви личности тешко се наоѓаат. Бестрашни и независни, тие секогаш знаат добро да се грижат за себе.rn

    Ноември – слатки

    rnТврдоглави се, упорни и остроумни. Со вакви особини тие некако успеваат да бидат привлечни за другите на начин на кој се перципирани како многу слатки луѓе. Нивната детска полетност е неодолива. Сонувачи се и имаат бујна фантазија. Уживаат во уметноста, литературата и патувањата. Не сакаат постојано да се дома.rn

    Декември – преубави

    rnРодените во декември секогаш располагаат со голема физичка убавина. Дури и ако не им се допаѓаат премногу на другите, тие надоместуваат со својата зборливост, отвореност и авантуризам. Тие постојано имаат приказни за раскажување и затоа секогаш е интересно ви нивно друштво. Лесно е да се зборува со нив, но на моменти и тешко да се разберат. Нив сепак тоа не ги обесхрабрува. Ним и понатаму не им се седи дома и бараат можност да си го направат животот поинтересен.

  • Хороскопските знаци и тарот картите

    Хороскопските знаци и тарот картите

    Според својата содржина, хороскопските знаци и тарот картите се поврзани. Прочитајте зошто и на кој начин…rnrnХороскопските знаци и тарот картитеrn

    Овен – Цар

    rnЦарот е 4-тата карта во таротот и покажува одличен владетел кој знае што сака. Овенот е пионер, иницијатор, има огромни способности за водење како и голема желба за авантура. Со овој знак секогаш се поврзуваат новиот почеток, авторитетот и татковството.rnrnЦаревиот престол сјае во силните бои на Марс кој владее со овој знак. Оваа карта секогаш се поврзува со новите почетоци, ентузијазмот, верата во себе, силата и самостојноста.rn

    Бик – Свештеник

    rnСвештеникот е 5-тата карта во таротот. Тој е мудар советник кој никогаш не се брза, секогаш дава поддршка и е стабилен. Може да биде духовен мајстор, учител. Сигурноста и почитта кои ги поседува овој знак се темелот врз кој може да се изгради нешто големо.rnrnСвештеникот во себе ги спојува духовното и световното, па со својата мудрост помага да се остварат плановите од небото и врз земјата. Венера, планетата која владее со Бикот укажува на тоа дека тој е благ, фин, понекогаш бавен, но секогаш исполнет со добри карактеристики.rn

    Близнаци – Заљубени

    rnЗаљубените се 6-тата картата во таротот која ни говори за одличната соработка, добрите контакти и шармот. Оваа карта е секогаш поврзана со човечките односи, комуникација и зближување.rnrnЗаљубените тежнеат еден кон друг и меѓусебно се привлекуваат. Оваа карта одлично ја симболизира природата на Близнаците кои секогаш бараат личност со која можат да ги поделат своите идеи, информации и игри, исто како Меркур, кои владее со нивниот знак.rn

    Рак – Автомобил

    rnАвтомобилот е 7-тата карта во таротот и таа ни говори за победата во борбата, како и можноста за патување. Преку движењето, се започнува и процес на самонабљудување, медитација, спознавање на себеси, а со тоа и отворање духовни длабочини. Сè тоа се појавува на површината преку промените и победата.rnrnНа картата, во автомобилот се наоѓа шофер кој медитира. Тој има златен облик и внимателно испитува еден свети Грал во своите раце. Тој не брза, тој размислува, бидејќи во секој момент е подготвен на промени. Месецот, кој владее со Раковите, брзо ја менува својата положба.rn

    Лав – Сила

    rnСилата е 11-тата карта во таротот и таа се поврзува со страста, креативноста и силните желби. Треба да бидете спремни да прифатите сè она што можете да го најдете во себе, бидејќи само на тој начин со зголемена енергија и длабоко сочувствување можете да преминете кон нови области.rnrnНа оваа карта, жената која седи на лавот изгледа како да е маѓепсана од нешто божествено. Желбата е онаа која ја води да се препушти на сјајот на Сонцето, кое е планета на овој знак. Сонцето е ѕвезда. Голем потенцијал на зрачење е можен доколку Лавот се ослободи и си дозволи на себе да биде она што навистина е.rn

    Девица – Пустиник

    rnПустиникот е 9-тата карта во таротот и таа претставува мудрост, економичност, повлеченост и размислување. Воздржаноста е клучот со чија помош се доаѓа до спознавање, внимание и внимателност, додека пак најмудрите се водичите кон духовната и земјената рамнотежа.rnrnФигурата на пустиникот кој во своите раце носи светлина ја буди вистината во човекот. Оваа „ламба“ го осветлува вистинскиот пат. Девиците се економични, тие прво проучуваат сè, па потоа стапуваат во акција. Со нив владее Меркур.rnrn

  • 4 најголеми заблуди за хороскопот

    4 најголеми заблуди за хороскопот

    Постојат најразлични заблуди во врска со хороскопот и самите хороскопски знаци, но следниве 4 најмногу се издвојуваат. Откријте дали постои вистина во влијанието на знаците во однос на годините, што вели отсуството на планетата во 7-тата астролошка куќа за бракот, што се случува со оние кои се родени помеѓу два знака, како и разликите помеѓу мажите и жените во однос на поставеноста на Марс и Венера во нивниот хороскоп…rnrn4 најголеми заблуди за хороскопотrn

    1. Карактеристиките на знакот влијаат само до 30-тата година, потоа надвладува подзнакот

    rnПогрешно. Карактеристиките на знакот и подзнакот се само почеток при анализирањето на нечиј хороскоп. Кога станува збор за знаците и подзнаците многу е важно каде е планетата која владее со тој знак, каде е Сонцето и каде е владетелот на подзнакот.rn

    2. Личноста која нема ниту една планета во 7-мата астролошка куќа на бракот нема да стапи во брак

    rnНеточно. Има многу луѓе кои се во долги и среќни бракови, а немаат ниту една планета во 7-тата астролошка куќа која го претставува бракот и партнерските односи. Аспектите кои ги формира владетелот на оваа куќа со другите планети, особено со Венера, Марс, Месечината и Сонцето укажуваат на врските во бракот, односно дали се тие хармонични или не. Еден од најтешките аспекти е опозицијата на владетелот на астролошката куќа на бракот и владетелот на хороскопот. Ова е аспект на „клацкалка“ во која постои исто толку љубов како и нетрпеливост.rnrnПраксата потврдува дека многу често причините за разделување се потешкотиите при остварување врска која води кон брак каде што Уран е во првата астролошка куќа. Уран е планета на бунтот и кога се наоѓа во астролошката куќа на одредена личност, таа во сите партнери наоѓа маани или несвесно ги бира оние со кои остварува динамична врска, но кои на крај ја оставаат или разочаруваат.rn

    3. Личноста родена на крајот од некој знак има повеќе карактеристики од следниот

    rnОва е релативно точно. Праксата покажува дека личностите кои се наоѓаат на почетокот на знакот имаат повеќе карактеристики на тој знак, особено ако Меркур е во знакот во кој е Сонцето. Колку што е Меркур поблизу до Сонцето, толку повеќе оваа личност ги покажува карактеристиките на тој знак. Кога личноста е родена на преминот помеѓу два знака, таа ги поседува карактеристиките и на двата знака и најчесто е многу талентирана бидејќи ги има карактеристиките и на двата владетели.rn

    Родени на преминот помеѓу Овен и Бик (19 – 21 април)

    rnТие се многу упорни, шармантни, страсни, интересни, односно ги имаат карактеристиките на оние кои се под влијание на Сонцето, Марс, Плуто и Венера (еротски набој).rn

    Родени на преминот помеѓу Бик и Близнак (22 – 23 мај)

    rnТие се под влијание на Сонцето, Меркур и Венера, па токму затоа се многу зборливи, духовити, младолики, симпатични, интелигентни и способни за бизнис.rn

    Родени на преминот помеѓу Близнаци и Рак (21 – 22 јуни)

    rnТие се под влијание на Сонцето, Месечината и Меркур, па токму затоа се многу способни за бизнис. Тие се благородни личности кои имаат многу пријатели и секогаш им се наоѓаат од помош на роднините бидејќи имаат паралелни извори на приходи.rn

    Родени на преминот помеѓу Рак и Лав (22 – 23 јули)

    rnЛичностите родени во овој период се екстреми, бидејќи се под влијание на Сонцето и Месечината. Тие се навистина чувствителни, романтични, успешни, благородни и имаат доминантни родители со кои се цврсто поврзани.rn

    Родени на преминот помеѓу Лав и Девица (22 – 23 јули)

    rnТие се под влијание на Сонцето и Меркур, па затоа имаат остра дарба да забележуваат, способни се за бизнис и за пишување. Лесно се снаоѓаат во сите ситуации и обожаваат да патуваат.rn

    Родени на преминот помеѓу Девица и Вага (22 – 24 септември)

    rnТие се под влијание на Сонцето, Меркур и Венера. Се трудат секогаш да го зачуваат својот дух присебен, праведни се, шармантни, креативни и талентирани. Успехот го постигнуваат во оние нешта кои бараат од нив да имаат добри рефлекси.rn

    Родени на преминот помеѓу Вага и Скорпија (21 – 23 октомври)

    rnОвие личности се под влијание на Сонцето, Венера и Плутон. Тие бараат многу, малку се диктаторски настроени, знаат што сакаат и се одлични пријатели, но опасни како непријатели.rn

    Родени на преминот помеѓу Скорпија и Стрелец (19 – 22 ноември)

    rnТие се под влијание на Сонцето, Марс, Плутон и Јупитер. Имаат големи апетити и енормни идеи. Тие се благородни, способни да заработат и често се во врска со личности кои се на „работ“ од законот. Тие исто така се и сензуални, но и неверни.rn

    Родени на преминот помеѓу Стрелец и Јарец (21 – 22 декември)

    rnОвие личности се под влијание на Сонцето, Јупитер, Нептун, Сатурн и Уран. Тие се диктатори, добри организатори, амбициозни, често нереални и воздржани.rn

    Родени на преминот помеѓу Јарец и Водолија (19 – 20 јануари)

    rnПоради влијанието од Сонцето, Сатурн и Уран, тие се пријателски настроени, амбициозни, способни, добри организатори и непредвидливи.rn

    Родени на преминот помеѓу Водолија и Риба (18 – 20 февруари)

    rnПод влијание на Сонцето, Уран, Сатурн, Нептун и Јупитер, тие се нереални, неорганизирани, хаотични, креативни и снаодливи.rn

    Родени на преминиот помеѓу Риба и Овен (19 – 23 март)

    rnТие се под влијание на Јупитер, Нептун и Марс, па токму затоа многу често губат интерес за одредени проекти пред да ги завршат. Тие се идеалисти, но судрени со реалноста можат да станат песимисти или рамнодушни.rn

    4. За мажите најважно е каде во неговиот хороскоп се наоѓа Марс, а за жените Венера

    rnПовторно, ова е делумно точно. Марс како владетел на Овните и Скорпиите, но кој се возвишува и кај Јарците не мора секогаш да овозможува сексапил, туку често кога е сместен во овие знаци може да даде авторитативност, грубост и склоност кон насилство. Доколку е во хармонична поврзаност со Месечината, Венера и Сонцето, личноста успева својот сексапил да го изрази на машки начин, а ако е во лоша поврзаност, често знае да биде склон кон одмазда и со диктаторско однесување.rnrnЖените со оваа позиција на Марс може да бидат премногу авторитативни и егоистични, бидејќи Марс влијае подеднакво врз нив и нивната свесност за себе. Доволно е жената да го има Марс во некој од овие позиции со лоша поставеност кон Венера и Месечината за нејзиниот љубовен живот да биде комплетен хаос. Ако жената ја има Венера во Бик, Рак или Риби, таа има повеќе шанси да се заљуби отколку доколку ја има оваа планета во Скорпија, Јарец или Девица што ја прави претерано рационална.rnrnДоколку мажот ја има Венера во некој од овие знаци, може емотивно да се врзе со жена која не е страсна и емотивна, туку воздржана и рационална.

  • Што да очекувате на овој петок 13-ти?

    Што да очекувате на овој петок 13-ти?

    Оваа година, петок 13-ти се паѓа на полна Месечина, па според астролозите, тоа ќе биде причина за многу неволји и несреќи. Тие предупредуваат дека поради оваа баксузна комбинација, овој петок не треба многу да комуницирате со никого, бидејќи лесно може да дојде до кавги, но исто така да не работите и да не возите кола.rnrnshto-da-ochekuvate-na-ovoj-petok-13-ti-kafepauza.mkrnrnОвој петок, Месечината ќе биде во Стрелец, што значи дека сите ќе бидеме премногу оптимистични и пречувствителни. Ќе посакуваме да добиеме 3 милиони на лото, а нема ниту да отидеме да уплатиме ливче, за потоа во весниците да прочитаме дека некому му се паднала седумка. Ќе бидеме големи баксузи, објаснуваат астролозите.rnrnНо, тоа нема да ни биде најголемиот проблем. Ем нема да имаме среќа, ем по цел ден ќе се караме со блиски луѓе. Ретроградната и полна Месечина на сите ќе ни создаде проблеми – сите со сите ќе се караме, нема да се снаоѓаме со работата, ниту во сообраќајот. Ретроградната Месечина е воедно причина за поголемиот број сообраќајни несреќи последниве денови. Затоа избегнувајте да патувате со кола, а особено во петок.rnrnБаксузниот петок 13-ти ќе направи проблеми и во новата љубов. Ако планирате овој петок некому да му изјавите љубов, подобро направете го тоа грандиозно и спектакуларно, инаку воопшто не го правете, бидејќи нема добро да си пројдете.rnrnАстролозите советуваат во текот на полната Месечина да не донесуваме важни одлуки, да не купуваме куќа, стан, автомобил, па дури ни технички уреди.rnrnАко во петок полагате испит, надеж дека ќе го положите има само ако го почитувате правилото: учете од последната кон првата лекција и така исполнете ја симболиката на ретроградната Месечина.rnrnБез разлика дали верувате во астрологија или не, многу научници и доктори тврдат дека полната Месечина влијае на душевната состојба, само што за тоа не сме ни свесни додека не прочитаме во медиумите. Се верува дека кога Месечината е полна, предизвикува голема агресивност, па дури во душевните болници посебно се подготвуваат за оваа месечева состојба.rnrnИако можеби не сте суеверни, овој петок играјте на сигурно и легнете си вечерта порано за да ги избегнете сите потенцијални катастрофи.rn

    А зошто петок 13-ти е баксузен?

    rnЕва баш во петок му го понудила јаболкото на Адам, на тој ден започнал големиот потоп, прекината е изградбата на Вавилонската кула, а Каин наводно баш на еден петок 13-ти го убил брата си Авел. Исус бил распнат во петок, после вечерата на која 13-тиот гостин бил Јуда, апостолот кој го издал Исус, а и пред Светото писмо, во петок луѓето им се молеле на своите божества за добра жетва, здравје и среќа, па работата на тој ден се сметала за повикување на несреќата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.