КАФЕ ПАУЗА

Tag: разочарувања

  • Кои работи треба да престанете да ги очекувате од другите?

    Кои работи треба да престанете да ги очекувате од другите?

    Кога ќе почнат да се појавуваат проблеми во нашите односи со другите, првиот совет што ни го даваат нашите блиски е да ги намалиме очекувањата – од врската или од нашиот партнер. Дали ова помага? Колку и да звучи чудно, одговорот е „да“.rnrnКои работи треба да престанете да ги очекувате од другите?rnrnФактот дека сте ги намалиле очекувањата од другите луѓе може значително да го намали ризикот од фрустрации и разочарувања. Во продолжение прочитајте кои работи треба да престанете да ги очекувате од другите луѓе.rn

    Престанете да очекувате другите да се согласат со вас.

    rnНе можете постојано да се согласувате со другите и затоа престанете да ги исполнувате очекувањата и стандардите на другите. Освен тоа, начинот на размислување, концептите и идеите на една личност се динамични и постојано се подложени на промени во текот на нивниот живот. Колку повеќе се прифаќате себеси и ја одобрувате секоја одлука што сте ја донеле во животот толку повеќе ќе се зголеми вашата самодоверба, ќе престанете да очекувате другите да се согласуваат со вас и да ја одобруваат секоја работа во вашиот живот.rn

    Престанете да очекувате другите да ви ги читаат мислите.

    rnОчекувањето од другите да знаат што може да се случува во вашиот ум е знак за погрешна комуникација! Ако молчите и очекувате другата личност да разбере што мислите, едноставно претерувате со проценката на човечките капацитети. Запрашајте се, дали вашиот партнер некогаш ќе ве разбере, ако се однесувате лошо со него/неа, без всушност да му/ѝ кажете што не е во ред?rn

    Престанете да очекувате другите да се жртвуваат за вас.

    rnСамиот чин на жртвување е несебичен бидејќи ги земате предвид туѓите потреби и желби. Но, од друга страна, крајно невнимателно и себично од страна на една личност е да очекува другите да се откажат од работите само заради неа. Ако вие самите не го можете тоа, не треба да очекувате и другите да го сторат тоа.rn

    Престанете да очекувате другите да се променат.

    rnАко кај вашиот партнер или кај некој ваш близок ви смета одредено однесување, не очекувајте тоа да исчезне преку ноќ. Треба да покажете трпение и искреност со нив. Да претпоставиме дека сакате вашиот партнер да се откаже од пушењето – тогаш треба искрено да разговарате. Дискутирајте и договорете се за работи кои можат да се променат за добросостојбата на двајцата партнери. Ценете го секое мало достигнување на вашиот партнер што води до промена.rnrnОткако прочитавте кои работи треба да престанете да ги очекувате од другите, можеби ќе сакате да прочитате и 5 стратегии кои ќе ви помогнат да се справите со разочарувањата.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто е препорачливо да ги научите децата да се соочуваат со разочарување од мали нозе?

    Зошто е препорачливо да ги научите децата да се соочуваат со разочарување од мали нозе?

    Многу родители денес прават сè што е во нивна моќ да придонесат за успехот на нивните деца во сите активности, со цел никогаш, ама баш никогаш да не го почувствуваат вкусот на поразот и разочарувањето. Тие се обидуваат максимално да ги заштитат децата од тага, фрустрација, скршено срце и која било друга психичка и емотивна болка низ која самите поминале додека биле на нивна возраст. Прашањето што се поставува во овој случај е: дали воспитувањето на овој начин е добар за самите деца?rnrnЗошто е препорачливо да ги научите децата да се соочуваат со разочарување од мали нозеrnrnЕкспертите не се многу сигурни во тоа. Според нив, пожелно е на децата уште од најрана возраст да им се стави до знаење дека во животот не може да биде сè онака како што тие посакуваат. На тој начин, тие ќе бидат подготвени за реалниот свет надвор од семејниот дом. Постојат премногу примери на навидум емотивно стабилни луѓе во доцната адолесценција (од 18 до 25 години) кои кога за првпат ќе ги воочат негативните последици од своите одлуки или од лошиот сплет на околности, а веќе ги нема зад нив родителите да го прифатат ударот наместо нив, се соочуваат со нарушено ментално здравје. Притоа, тие не можат да се соочат со проблемот, туку паничат, очајуваат, паѓаат во депресија и стануваат носталгични за своето детство. Што треба да направат родителите за да го избегнат ова сценарио?rn

    Родителите не се обврзани постојано да ги забавуваат своите деца

    rnРодителите треба да ја обезбедат својата безусловна љубов и основните материјални услови за раст и развој на детето. Секако, нивните задачи не завршуваат тука. Родителите се оние кои треба да го поминуваат времето во игра со своите деца уште од најрана возраст и да организираат разни активности за нив. Сепак, треба да внимаваат да не претераат, бидејќи во тој случај децата стануваат пасивни и очекуваат другите да им обезбедат забава. Така, тие немаат можност да искусат здодевност или недостаток на идеи, па во зрелоста тоа може да се манифестира со недостаток на креативност и иницијатива.rn

    Научете ги децата самите да ги контролираат своите чувства

    rnДецата мора да научат дека нема секогаш некој друг да биде до нив за да ги утеши. Тие самите треба да научат дали претеруваат или не со својата емотивна реакција, и следствено, подобро да ги контролираат своите чувства. Не се сите деца подеднакво успешни во тоа бидејќи имаат различен карактер, но овој метод сигурно ќе им помогне да бидат поподготвени следниот пат кога ќе доживеат неповолен исход од некоја нивна намера.rn

    Дозволете им да се почувствуваат разочарани

    rnКако и сите луѓе, така и децата чувствуваат разочараност кога нешто не оди според нивниот план. Разочарувањата, сепак, се составен дел од животот низ кој поминуваме сите. Ако се третираат правилно, поразите можат да послужат како поука за иднината поради што децата не треба да бидат лишени од ваквите искуства. Дури и ако нивните реакции се драматични, подобро е да ги оставите самите да научат како да ги надминат таквите емоции опкружени со топлината на домот, отколку да мора да се справат со нив за првпат во некоја нова средина.rnrnОткако дознавте зошто е пожелно да ги научите децата да се соочуваат со разочарување, ви препорачуваме да прочитате и дали е добро да ги заспивате вашите деца лежејќи покрај нив.

  • 4 промени што треба да ги направите за да не се разочарувате од најблиските

    4 промени што треба да ги направите за да не се разочарувате од најблиските

    Кога би живееле во совршен свет, сите наши врски со луѓето би биле стабилни, цврсти, коректни и никогаш не би биле разочарани. Ужасно е кога ќе се разочарате од некој близок. Меѓутоа, вистината е дека порано или подоцна ќе мора да се соочите со одредени разочарувања. Без разлика дали станува збор за родител, дете, пријател или партнер, големи се шансите дека тие некогаш ќе ве разочараат.rnrn4 промени што треба да ги направите за да не се разочарувате од најблискитеrnrnТоа можеби ќе ве натера да посакате да ѝ ставите крај на врската со човекот кој ве разочарал или да се оддалечите од него, но не треба веднаш да се откажувате. Разочарувањата не се последица од непријателскиот однос или недостатокот на љубов, туку од неисполнетите очекувања. Најголемата штета настанува кога ќе им дозволите на разочарувањата да се зголемуваат и полека да ги трујат вашите односи. Па, како треба да се справите со разочарувањата пред да ги уништат вашите врски со најблиските? Експертите препорачуваат да ги применувате следниве 4 совети…rn

    1. Покажете им на вашите блиски дека ги цените

    rnСпротивно на разочарувањето е ценењето. За да можете да ги надминете разочарувањата, најпрво треба да се цените себеси и другите. Почнете така што ќе го цените она што се случило наместо да се фокусирате на она што не се случило. На пример, замислете си дека сте го замолиле партнерот да расчисти по вечерата и гледате дека тој само ја собрал масата и ги ставил садовите во лавабо. Наместо да се лутите поради тоа што партнерот не ги измил целосно садовите, фокусирајте се на тоа дека ја исчистил масата и ги тргнал остатоците од храната.rnrnАко гледате на позитивната страна на нештата, ќе ги забележите сите работи што вашиот партнер ги направил за да помогне, а тоа порано или подоцна ќе доведе до она што всушност сте го посакувале. Со други зборови, ситуацијата не е толку лоша. Ако управувате со вашите очекувања на ваков начин, ќе почнете повеќе да го цените партнерот и да бидете позадоволни во врската.rn

    2. Намалете ги вашите очекувања

    rnНамалете ги, но не се откажувајте целосно од нив. Понекогаш луѓето немаат никакви очекувања од луѓето кои ги сакаат за да ги одбегнат разочарувањата. Но, тоа е исто толку лошо колку и превисоките и нереалистични очекувања. Најлесно ќе можете да го балансирате ова ако се фокусирате на она „што го имате“, а не на она „што би требало да го имате“. Сконцентрирајте се на реалноста, а не на вашите фантазии и нема да бидете толку разочарани од животот. Немојте да очекувате дека вашите блиски ќе се однесуваат лошо и неодговорно со вас. Ваквиот начин на размислување воопшто нема да ви помогне.rnrn4 промени што треба да ги направите за да не се разочарувате од најблискитеrn

    3. Комуницирајте

    rnЗапрашајте се искрено: Дали отворено сте ги кажале вашите очекувања? Дали сте биле јасни? Дали ве чуле и разбрале? Дали се согласиле да го направат или да ви го дадат она што сте го побарале? Многу често, разочарувањата потекнуваат од недоразбирањата. На пример, ако сте му кажале на вашето дете да си ја среди собата, а тоа само го наместило креветот и ја здиплило облеката, вие ќе го обвините дека е мрзеливо. Во реалноста, вашето дете не можело да знае дека кога сте рекле „среди ја собата“ сте мислеле на тоа да избрише прашина и да ги организира книгите. Ако правилно ги изразите вашите очекувања, вашите блиски ќе можат многу полесно да ги исполнат.rn

    4. Разберете дека не се сите како вас

    rnОва е многу важен чекор. Честопати очекуваме луѓето да постапат онака како што би постапиле ние. Вистината е ако вие знаете како да направите нешто, не значи дека и вашите блиски го можат истото и обратно. Вие можеби сте способни да направите совршен план за излегување со вашиот најдобар пријател со недели однапред, но тој можеби е поспонтан и не прави никакви планови. Сите имаат свои позитивни и негативни страни. Многу е важно да разберете дека не се сите исти. Ако очекувате од луѓето да го направат истото што и вие би го направило, разочарувањата се неизбежни.rnrnНајголемата вистина е дека не можеме целосно да ги одбегнеме разочарувањата, бидејќи тие се неминовен дел од животот. Добрите вести се што можете да управувате со вашите очекувања така што нема да им дозволите на разочарувањата да завладеат со вашиот живот и ќе можете да изградите успешни и стабилни врски со вашите најблиски.rnrnПрочитајте и кои се најголемите разочарувања во животот.

  • Како да поставите соодветни очекувања од љубовната врска и да се заштитите од разочарувањата?

    Како да поставите соодветни очекувања од љубовната врска и да се заштитите од разочарувањата?

    Многу е важно да знаете што сакате од една врска. Ако сѐ уште си немате дадено соодветен одговор на ова прашање, треба да размислите сериозно на оваа тема пред да се впуштите во љубовните води. Сепак, мора да бидете сигурни дека вашите очекувања се нормални. Со цел да го живеете животот онака како што сте го замислувале, треба пред сѐ да си дадете точен одговор на прашањето што е она што навистина го сакате.rnrnОчекувања од љубовната врска: Еве како да ги избегнете разочарувањатаrnrnДоколку се засновани на реалноста, очекувањата најчесто се добри. Но, од друга страна пак, доколку имате многу нереални и високи очекувања, вие ќе се соочите со пречки во вашата врска, при што ќе доживеете и разочарување. Токму затоа најважно е да ги балансирате вашите очекувања со вашата реалност, па иако ова не е лесно и едноставно да го направите, сепак, мора да научите.rn

    Не плашете се да откриете што е она што го сакате

    rnНајдобар начин да откриете што сакате, е процесот на елиминација. Со други зборови, доколку знаете што не сакате, вие го намалите вашиот избор и полесно ќе откриете што ви е потребно. Преку неколку состаноци, вие ќе можете да согледате што сакате од вашиот живот и од потенцијалниот партнер. Она што е добро кога имате очекувања е тоа што тие ве прават сигурни дека вие работите за да ги остварите вашите цели. Не треба постојано да се задоволувате со одредено ниво, бидејќи така никогаш нема да го добиете она што го сакате од животот. Затоа, отфрлете го стравот и следете го она што го сакате во животот.rn

    Лоши очекувања од љубовната врска

    rnЛошите очекувања многу лесно може да излезат од контрола. Секоја личност пред да отиде на состанок, во својот ум си создаваа слика за тоа како изгледа другата личност. Но, овие прерано создадени очекувања може да ѝ наштетат на потенцијалната врска. На пример, можеби очекувате од другата личност да биде висока, згодна и со многу пари, па по неколку минути од вашиот состанок да заклучите дека ќе морате да ја промените својата замисла. Затоа, запрашајте се дали очекувањата ви се засноваат на реалноста, без разлика дали излегувате на прв состанок или не. Очекувањата не работат секогаш во ваша полза, туку понекогаш се и против вас. Најчесто се засноваат на многу околности, а изгледот, кариерата и материјалните средства не треба да бидат одлучувачки фактор за тоа дали ќе останете со некоја личност.rn

    Очекувањата и залажувањето на самите себеси

    rnЕден аспект на очекувањата од врските со кои многумина си имаат проблем, е тоа што тие очекуваат личноста со која се состануваат да биде искрена, вредна и чесна како што се тие самите. Па, сето ова завршува со скршено срце. Понекогаш вие може да очекувате другите да бидат исто толку внимателни и грижливи, како што сте и вие кон нив, а ова води кон недоразбирање и повредување. Со тоа што очекувате другите да бидат и да се однесуваат како вас, вие самите се изложувате на тоа да бидете повредени. Важно е да запаметите дека другите го гледаат светот на поинаков начин отколку вие самите. На пример, некои личности не сакаат редовно да комуницираат, што може да ги изнервира оние кои се навикнати на спротивното. Треба да сфатите и да прифатите дека секој е различен и дека не секој умее на ист начин да ја покажува љубовта како што го правите тоа вие. Не залажувајте се себеси дека можете да промените некого кога ќе започнете врска. Повеќето луѓе не се менуваат, освен ако премногу не го сакаат тоа.rnrnОчекувања од љубовната врска: Еве како да ги избегнете разочарувањатаrn

    Да се биде „совршен“

    rnНа пример, замислете дека сте многу заљубени во вашето/вашата момче/девојка, па ги гледате преку „розови очила“ и пропуштате да ги видите сите оние недостатоци кои ги согледуваат другите. Тогаш мислите дека вие двајцата сте предодредени да бидете заедно и ќе се однесувате во согласност со тоа верување. Вие сте нивни и тие се ваши. Звучи едноставно, зар не? Но, реалноста е дека тоа е многу покомплицирано. Прво и основно, со кој и да сте во врска, е независна личност која имала живот и пред вас. Таа личност имала свои подеми и падови, несигурности, проблеми и верувања. Не можете да очекувате од таа личност да биде совршена. Перфекционизмот е илузија. Исто како што не можете да очекувате вашата друга половина да има исти очекувања од врската како и вие. Ваквите очекувања ќе ве изневерат, само прашањето е кога. Најдоброто нешто што можете да го направите е да го прифатите вашиот партнер онаков каков што е, со сите негови недостатоци и јасно видливи несовршености.rn

    Стандардите и очекувањата од љубовната врска

    rnСтандардите и очекувањата се различни работи. Очекувањата првенствено се засноваат на тоа што другата личност „може“, „треба“ или „не треба“ да направи за вас. Од друга страна, стандардите се барања, квалитети, морали, навики и/или етика и кои верувате дека треба да ги има личноста за да биде прифатлива за вас. На пример, повеќето луѓе би очекувале партнерот со кој се состануваат да биде учтив, дури и ако келнерот ја згреши нарачката. Тоа е ваш стандард, личноста да се однесува човечно и љубезно. Вашите стандарди секогаш треба да бидат високи, но што се однесува до очекувањата, треба да имате предвид тие да бидат реални. Ако очекувате вашето момче со кое се состанувате 6 месеци да ве одведе на некое скапо патување, тогаш тоа не е реално и вие само ќе се разочарате.rn

    Совршено несовршени

    rnОчекувањата, дури и оние разумните, нема секогаш да бидат исполнети и вие ќе завршите со разочарување. Тоа е дел од животот. Какви било разочарувања доаѓаат и си одат, но вие треба да се трудите да ги одржувате во рамнотежа со реалноста и со вашите потреби. Покрај сè, треба да сфатите дека вашите сакани не може секогаш да бидат во можност да ги исполнат вашите очекувања. Можеби ќе ви подарат погрешен подарок или ќе заборават некој важен датум, но потсетете се дека и вие не можете секогаш да ги исполните нивните очекувања. Ние сме совршено несовршени суштества кои сме на оваа земја со цел да станеме подобри. А понекогаш доживуваме неуспеси. Имајќи го ова на ум, вие ќе можете да заборавите на разочарувањето кога вашиот партнер ќе ја заборави вашата годишнина или роденденот. Луѓето постојано прават грешки, особено кога животот станува премногу зафатен. Затоа, не обидувајте се да бидете совршени, затоа што никој не е!rnrnДоколку сепак сте со соочиле со некое љубовно разочарување, прочитајте ги овие 6 начини за справување со истото.

  • 5 стратегии кои ќе ви помогнат да се справите со разочарувањата

    5 стратегии кои ќе ви помогнат да се справите со разочарувањата

    Секоја недела, а понекогаш и секој ден, вие се соочувате со разочарувања. Некои од нив се помали, а други поголеми, но како и да е, влијаат на вашите односи со семејството, на вашите финансии, како и на здравјето и довербата. Погледнете ги овие корисни стратегии кои ќе ви помогнат поефикасно да се справите со разочарувањата кои ви доаѓаат во животот.rnrn5 стратегии кои ќе ви помогнат да се справите со разочарувањатаrn

    1. Земете длабок здив

    rnКога ќе слушнете разочарувачки вести, вие станувате напнати. Тогаш ве стегаат рамената, чувствувате притисок во лицето и целото ваше тело станува позатегнато. Овие физички реакции треба да ви служат како потсетник дека треба да земете длабок здив. Оние кои медитираат или практикуваат јога, знаат колку важно може ова да биде. Ослободете се и вдишете длабоко пет пати, па веднаш ќе забележите проток на кислород во целото ваше тело, помагајќи ви да се смирите.rn

    2. Излезете во природа

    rnКога ќе слушнете нешто што ве разочарува, излезете и практикувајте активности на отворено. Можете да отидете на планина, каде што ќе имате многу придобивки. Сонцето ќе ви биде како терапија за вашето тело, а исто така ќе имате можност да сретнете и некои животни кои ќе ви го одвлечат вниманието од случувањата. Природата е мудар учител кој може да ве научи како да се смирите и да ги промените своите перспективи.rn

    3. Зборувајте со вашиот пријател

    rnИ да имате само еден добар пријател, тоа е доволно. Без разлика дали ќе зборувате преку телефон, во живо или на друг начин, самото изразување на вашите чувства на некое друго лице, ќе ви биде од голема помош. Бидете благодарни ако имате вакви пријатели!rnrn5 стратегии кои ќе ви помогнат да се справите со разочарувањатаrn

    4. Одморете се

    rnПонекогаш вашите фрустрации може да станат поголеми, токму поради тоа што сте премногу уморни. Затоа, дајте му го потребниот одмор на вашиот ум. Одморот не е знак на мрзеливост, туку тоа е здрава навика која ви помага да го достигнете вашиот највисок потенцијал. Дури и кратка дремка од 20 минути може да ја подобри вашата метална состојба и да му помогне на вашето тело да се регенерира и да ја врати потребната сила.rn

    5. Оставете ги работите да се случуваат

    rnОва е најтешкото: Да верувате дека разочарувањата го отвораат вашиот пат кон успехот. Дали верувате дека постои причина за сѐ? Тешко е да се запамети, но треба да го вежбате вашиот мозок дека после бурата, секогаш се враќа сонце. После зима, секогаш доаѓа пролет. Ќе дојдат подобри времиња и за вас.

  • 7 ефективни начини да се соочите со разочарувањето

    7 ефективни начини да се соочите со разочарувањето

    Според една стара поговорка:rn

    „Разочарувањето е очекување поделено од реалноста.“

    rnАко се водиме по оваа формула, тогаш најдобриот начин да го намалите разочарувањето би бил да ги намалите и очекувањата. Иако овој метод може да ги држи разочарувањата под контрола, сепак постои ризик од култивирање на песимистичко и негативно размислување кое може целосно да ги уништи храброста и надежта. Или, како што познатата авторка Џ.К. Роулинг нѐ потсетува:rn

    „Невозможно е да живеете без да доживеете неуспех во нешто, освен ако не живеете толку внимателно што можеби и воопшто не живеете – кога пак автоматски доживувате неуспех.“

    rn7 ефективни начини да се соочите со разочарувањетоrnrnНаместо да се обидувате да ги избегнувате разочарувањата, научете да пловите низ нив со помош на овие стратегии:rnrn1. Направете го спротивното. Во стресните ситуации, луѓето се повлекуваат и се кријат зад своите лоши навики, како што се лошата исхрана и недоволното спиење. Токму во овие моменти треба да се обидете да водите што поголема грижа за себе.rnrn2. Што би направил X? Помислете на вашиот идол или личноста на која ѝ се восхитувате и размислете што тие би сториле доколку се на ваше место. Логично е да не ги имате сите одговори. Не барајте совет и мудрост само во себе.rnrn3. Искористете ги вашите сили и предности. Најпрвин, одвојте малку време да ги идентификувате вашите силни страни. Потоа искористете ги на секој можен начин за да можете успешно да ги пребродите сите пречки и да продолжите понатаму.rnrn4. Што е најважно? Вашите вредности се она што ве дефинира, а не вашите достигнувања.rnrn5. Комуницирајте. Немојте да се обидувате сами да ги решите проблемите и да ги исклучите семејството и пријателите. Нивната поддршка е она што може успешно да ве води низ сите предизвици.rnrn6. Што можам да научам од ова? Поставувањето на ова прашање е основа за секое успешно созревање. Трудот не е секогаш сѐ. Бидете љубопитни и флексибилни. Што би направиле поинаку нареден пат?rnrn7. Бидете својот сопствен глас на разумот. Можеби ќе ви звучи малку чудно, но истражувањата покажуваат дека кога си се обраќате себеси во трето лице, посебно во позитивните ситуации, има многу поголема веројатност да бидете во контрола и да ја намалите анксиозноста (на пример, наместо да речете „Јас ќе успеам“, речете си „Стефанија, ти ќе успееш.“).

  • Најголемите разочарувања во животот

    Најголемите разочарувања во животот

    Во животот секогаш постојат падови и подеми. Еднаш сте на врвот, друг пат ве газат. Како и да го живеете животот, секогаш ќе постојат состојби, луѓе и случувања кои ќе ве разочаруваат. Сепак, ваквите работи нè оформуваат како личности, нè изградуваат и од нив учиме вистински да го живееме животот. Ова се петте најголеми разочарувања кои неминовно сите ги доживуваме во текот на животот.rnrn

    Најголемите разочарувања во животот
    Детство – Дедо мраз не постои
    rnrn
    Најголемите разочарувања во животот
    Адолесценција – Љубовта не е вечна
    rnrn
    Најголемите разочарувања во животот
    Младост – Факултетска диплома не гарантира работа
    rnrn
    Најголемите разочарувања во животот
    Зрелост – Идеалите имаат цена
    rnrn
    Најголемите разочарувања во животот
    Старост – Животот е залудно потрошен

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и справувањето со разочарувањата

    Астрологијата и справувањето со разочарувањата

    Секој знае да се справи  со успех и да ужива во него, но како се носиме со неуспесите и разочарувањата кои неминовно се случуваат во нашиот живот, зависи од карактерот. Проверете како вие, односно припадниците на вашиот хороскопски знак, се справуваат со проблемите.rnrnАстрологијата и справувањето со разочарувањатаrnrnОвенот никогаш не дозволува еден неуспех да го совлада. Неговата отпорност и необрнувањето внимание, му овозможува да ги остави проблемите во минатото и да продолжи да се обидува и да се обидува…rnrnБиковите секогаш ги игнорираат работите кои на сите други им личат дека се неуспех и продолжуваат да работат на тоа што почнале. Нивната истрајност често се покажува како одличен метод, но доколку нешто тргне наопаку, можат да се појават проблеми.rnrnБлизнаците се мајстори за опоравување од последиците од погрешна одлука, бидејќи тие често имаат неколку започнати работи одеднаш. Доколку една од нив не успее, тие едноставно вниманието го свртуваат кон некоја од останатите активности.rnrnРаковите имаат многу тешкотии да се соочат со реалноста и да ги остават работите да бидат такви какви што се. Сепак, тие поседуваат капацитет и секогаш пројавуваат иницијатива да создадат инспиративен план. Поради ваквиот начин на функционирање, тие секогаш се спремни да напредуваат самоуверено.rnrnСамоувереноста на лавот може да му опадне многу брзо доколку тој наиде на тешкотија или доколку почувствува дека ја изгубил поддршката од луѓето околу него. Неговата опадната самодоверба ќе го држи воздржан од повторно обидување, а за напредок ќе му биде потребно враќање на честа.rnrnДевиците се екстремно самокритични доколку нешто погрешиле. Сепак, тие веднаш штом сфатат дека направиле некој кикс, никогаш повеќе нема да им се случи да ја повторат истата грешка. Нивната зависност од работа ќе ги натера да ги прават работите како што треба.rnrnВагата може да се загрижи доколку нејзиниот углед е ставен во прашање, но истата оваа нејзина особина ја мотивира да го одржи притисокот во животот, кога нешто не е како што треба. Овие луѓе поседуваат генијални умови кои ќе осмислат паметен план како да се продолжи понатаму и да се избега од хаосот.rnrnСкорпијата сака да биде многу почитувана во нејзината професија и веројатноста за соочување со некаков проблем или грешка ја потресува. После некое време ќе мора да се соочи со тоа, а понекогаш ќе има тешкотии низ тој процес.rnrnКога станува збор за работа, стрелецот секогаш гледа само во еден правец, а тоа е напред. Поседувањето позитивна мисла и беспоштедна надеж, секогаш е спасувач во неговата кариера.rnrnЈарецот знае да биде потиштен кога ќе направи некоја грешка на работа, но најчесто има повеќе алтернативи кои би го вратиле во ритам. Откако ќе се ослободи од негативната енергија, се однесува како ништо да не се случило.rnrnВодолијата не се грижи што мислат останатите, ниту пак слуша многу совети. Како резултат на ова,често знае да „заглави“. Кога ќе се реши да се справи со своите грешки, таа брзо се враќа на правиот пат.rnrnРибите имаат големи проблеми да се вратат во нормала кога ќе погрешат нешто, бидејќи многу им паѓа самодовербата. Сепак, откако ќе сфатат дека грешки се случуваат, колебливо одново се обидуваат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.