КАФЕ ПАУЗА

Tag: ајпад

  • Ова не е фотографија од Морган Фримен

    Ова не е фотографија од Морган Фримен

    Оваа реалистична слика со портретот на Морган Фримен е креирана со само еден прст на iPadAir. Артистот Кајл Ламберт е сликар кој користи маслена техника и илустратор од Велика Британија кој на својот Јутјуб канал објавува тајмлапс видеа од неговите импресивни сликарски проекти, а притоа често избира да ги портретира славните личности.rnrnОва не е фотографија од Морган ФрименrnrnЗа оваа слика на Ламберт му бил потребен еден месец, а изработена е со помош на апликацијата Procreate.rn
    rn

    „Апликацијата го фаќа секое замавнување со четката автоматски, па можеш да ги зачуваш како слики. Има најдобра големина на површината за цртање и опција за видео експортирање. Таа најмногу наликува на Фотошоп.“

    rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате

    5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате

    Појавата на ајфонот дефинитивно направи огромна промена во нашите животи и како што поминува времето сè повеќе и повеќе ја буди креативноста кај луѓето. Погледнете ги наредниве неколку одлични апликации и додатоци кои секојдневно привлекуваат нови корисници од сите возрасти…rn
    rn

    Instaprint

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеInstaprint е додаток за апликацијата Instagram кој има улога на полароид, но со мала промена. Овој додаток нема да има потреба од мастило, туку сите бои ќе ги извлекува директно од хартијата. Тој ќе има далечински управувач и ќе можете безжично да се поврзете со него. Моментално се работи на прототипот, но се очекува во брзо време да се појави во продажба.rn


    rn

    Sphero

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеСтанува збор за првата роботска топка која ќе можете да ја контролирате преку апликација од вашиот ајфон. Таа има можност и за сингл и за мултиплеер комбинација каде што дефинитивно има несекојдневно испреплетување на виртуелниот и реалниот свет преку игра. Цената на Sphero изнесува 129.99 долари.rn


    rn

    Jawbone Up

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеНашето здравје е едно од најважните работи и овој додаток ни овозможува да живееме многу поздраво. Во комбинација со апликација на вашиот ајфон можете постојано да имате извештај за тоа колку спиете, како ги поминувате фазите на спиењето, колку одите, колку калории согорувате, како и многу други работи. Со помош на овој извештај можете од ден на ден брзо и лесно да си го подобрувате вашето здравје. Цената на додатокот изнесува 184.99 долари.rn


    rn

    Withings Blood Pressure Monitor

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеОвој додаток ви овозможува динамично мерење на вашиот крвен притисок и отчукувањето на срцето. Тој се поврзува директно со вашиот ајфон, ајпод или ајпад и овозможува едноставна и удобна проверка која можете да ја направите во секое време. Цената на овој додаток е 112.39 долари.rn


    rn

    Griffin Helo TC Helicopter

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеФирмата Грифин веќе подолго време произведува добро познати продукти за „Apple.“ Во овој случај нивната цел е да измамат насмевка на вашето лице со помош на новата играчка – хелихоптер. Овој додаток за ајфон се контролира преку апликација која има виртуелен џоистик со кои можете да го движите хеликоптерот напред, назад и на страна. Апликацијата е бесплатна, но додатокот чини 60 долари.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Флипер со Ајпад – играчка за враќање во детството

    Флипер со Ајпад – играчка за враќање во детството

    За оние родени во осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години, видеоигрите што се играат на флипери се една од оние работи од детството што никогаш нема да се заборават. Тие сигурно би сакале за момент да се вратат назад низ годините преку овој необичен флипер, кој може да се користи со едноставно вградување на Ајпад во него.Флипер со Ајпад - играчка за враќање во детствотоНаречен е Ајкејд и всушност претставува уред преку кој се ракува со Ајпадот. Така, наместо да се играат добро познатите игри на современиот уред, може да се користат ретро копчињата и рачката на Ајкејдот и со тоа да се добие чувство дека се игра на флипер. Една ваква играчка чини 100 американски долари.Флипер со Ајпад - играчка за враќање во детствотоФлипер со Ајпад - играчка за враќање во детствотоФлипер со Ајпад - играчка за враќање во детствотоФлипер со Ајпад - играчка за враќање во детствотоФлипер со Ајпад - играчка за враќање во детството
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе на иднината

    Кафе на иднината

    Подгответе го утринското кафе со помош на вашиот ајфон или ајпад. Тоа ви го овозможува ултрамодерниот автомат за кафе „Top Brewer“ на компанијата „Scanomat“. Станува збор за врвна машина, компатибилна со овие гаџети. Се состои од елегантна чешма изработена од нерѓосувачки челик, дизајнирана на тој начин што може да биде вградена на секоја маса…rnrnСè што треба да направите е да избушите две мали дупки на масата, една за чешмата, а друга за да поставите одводна цевка, во која ќе се слева исцедокот. Уредот доаѓа со досега најмалиот додаток за правење пена.Кафе на иднинатаАпликацијата за гаџетите е достапна за преземање преку Apple iTunes Store. Преку неа, може да ги прилагодите количината и видот на кафето, во зависност од тоа дали на пример, сакате капучино или еспресо, мало или големо. Аликацијата исто така, ви овозможува и да му издавате команди на апаратот во текот на подготовката на кафето, а ја покажува и неговата температура.rnrnДоколку немате ајфон или ајпад, а сте заинтересирани за машината, тогаш е добро да знаете дека вашиот омилен вкус може да го добиете и без овие гаџети. Командите за подготовка на кафето можете да ги изберете и преку екранот на допир, вграден во самиот апарат.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ајпад + ајфон = укулеле

    Ајпад + ајфон = укулеле

    Укулеле е хавајски жичен инструмент, кој наликува на мала гитара. Но во овој случај станува збор за футулеле, односно инструмент создаден со спојување на два гаџета на Епл, ајпад и ајфон. На ајфонот се дефинираат акордите, додека ајпадот служи за „дрндање“.Ајпад + ајфон = укулелеОва видеo е направено за претставување на апликација за iOS, на која ќе може да се свири како на укулеле. Иако за да ја користите апликацијата доволен ќе ви биде само ајпад, сепак со помош на држачот во форма на укулеле, двата гаџета се прицврстуваат и се поврзуваат со блутут, со што се добива интересен инструмент. Оваа апликација е дело на создавачите на „OMGuitar“, најпопуларната апликација за свирење на гитара.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Симпатични животни си играат со мобилни уреди

    Симпатични животни си играат со мобилни уреди

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnЛуѓето не се единствените кои сакаат да си играат на современите гаџети, бидејќи понекогаш и домашните миленичиња уживаат во играњето. Кога тие ќе се најдат во контакт со современ мобилен уред, не знаејќи дека она што го гледаат не е дел од нивниот свет, се однесуваат многу симпатично.Симпатични животни си играат со мобилни уредиПапагалот создава музика за пијано на Ајпад, а притоа е збунет од она што го слуша.rn

    rnМајмун, кој сфатил како функционира екранот на допир, па решил да се испроба во играта „Angry Birds“…rn

    rnОвој мајмун упорно се обидува да испрати СМС-порака преку Ајфонот на својот сопственик, во манир на многу луѓе кои несмасно ги користат мобилните уреди.rn

    rnОваа мачка со ноктите бесно ги напаѓа плодовите кои треба да се соберат во играта „Fruit Ninja“.rn

    rnЖаба се обидува својот оброк да го улови на Ајфон.rn

    rnМало мајмунче срамежливо си игра со детски апликации на Ајпад.rn

    rnМачката Иги трпеливо го лови глушецот на Ајпадот на нејзиниот сопственик.rn

    rnКуче игра „Аir Hockey“ на Ајпад.rn

    rn

    rn

    Овие не се единствените миленичиња кои знаат како да се забавуваат со модерната технологија. Овој гуштер лови виртуелни бубачки од мобилен телефон, надевајќи се дека конечно ќе го вкуси пленот.

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Екран на допир кој ви го возвраќа допирот

    Екран на допир кој ви го возвраќа допирот

    Технолошката компанија „Senseg“ развива систем со кој екраните на допир ќе можат буквално да ви возвратат со допир. На пример, ако позадината на вашиот смартфон или ајпад е песочен пејзаж, кога со прстот ќе поминете преку екранот, ќе добиете чувство дека допирате вистински песок. Истото ќе се случи со која било друга вдлабнатина или испакнатина што ја гледате пред вас, на вашите уреди.Екран на допир кој ви го возвраќа допиротПроектот на компанијата е наречен „Почувствувај го екранот“ и е базиран на ултраниска електрична струја. Таа создава привлечна сила меѓу екранот и вашиот прст, ја повлекува неговата кожа и ви овозможува реално чувство на она што го гледате на фотографијата.rnrnВо системот има инкорпорирано електростатично поле, кое произведува различни степени на триење, а главната тајна на компанијата е во трајниот и неверојатно тенок слој на екранот, кој ги пренесува електро-вибрациите и може да го собере во речиси секој уред. Тој може лесно да се прилагоди на секоја површина, без разлика дали е таа мазна, рапава, крива, мека или тврда.Екран на допир кој ви го возвраќа допиротЗа разлика од уредите за контролирање видеоигри, овој екран нема подвижни делови во него, така што тој е сосема тивок, без вибрации и со брзо реагирање на вашиот допир. Во моментот системот е во рана развојна фаза, но се очекува  да стане достапен на пазарот веќе наредната година. Во меѓувреме, преку следното видео погледнете како функционира прототипот, кој неодамна го промовираше компанијата:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.