КАФЕ ПАУЗА

Category: Вистински приказни

  • Романтични пингвини се држат за раце

    Романтични пингвини се држат за раце

    Надвор можеби е студено, но оваа снежна фотографија со заљубени пингвини е доволна да ги стопи дури и најстудените срца. Овој перфектен пар уживал во романтичните мигови и се надевал на малку приватност, а десетина други пингвини биле собрани во група во нивна близина. Всушност, кога еден натрапник им се приближил на заљубените пингвини кои се држеле за раце како да се луѓе, тие воопшто не му обрнале внимание, па тој морал да продолжи да си пешачи.rnrnРомантични пингвини се држат за рацеrnrnОвие нежни пингвини се наоѓаат во Порт Локрој на Антарктичкиот полуостров, а фотографијата е направена од професионалниот четириесет и едногодишен романски фотограф Silviu Ghetie.rnrnПартнерите најпрвин стоеле држејќи се за рака и изгледале како да зјапаат во драматичниот снежен пејзаж. Нивните глави биле благо наклонети една спрема друга и делувале како да можат да ја почувствуваат моќта на љубовта. Потоа, сè уште држејќи се за раце, чекореле по смрзнатите води и си застанале крај нивните другари.rnrnРомантични пингвини се држат за рацеrnrnОвој фотограф обично прави фотографии само од луѓе, но во овој случај, не можел да му одолее на искушението да го чкрапне магичниот љубовен момент на пингвините, додека бил на неговата поларна експедиција.rn
    rn

    „Првенствено почнав да правам фотографии бидејќи бев вчудовиден од пејзажот таму. Светлината и атмосферата беа навистина интересни. Потоа, како што продолжив да чекорам, ги здогледав двата пингвина. Отсекогаш сум сметал дека пингвините одзади многу потсетуваат на луѓето, но оваа глетка беше особено смешна, бидејќи тие се држеа за раце. Изгледаа како двајца љубовници кои стојат рака под рака пред прекрасниот пејзаж и се гледаат в очи. Тие беа многу оддалечени од групата пингвини, па најлогично ми беше да помислам дека сакаат да имаат романтичен момент насамо. Стоеја сами околу две минути и потоа им се придружија на другите пингвини. Потоа сите заедно се упатија накај океанот. Тоа беше навистина еден надреален момент.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Неверојатни приказни за луѓе кои ја избегнале смртта

    Неверојатни приказни за луѓе кои ја избегнале смртта

    Можеби дел од нив ќе ви звучат премногу неверојатно за да бидат вистинити, но сепак овие среќи во несреќи се случиле. Иако станува збор за среќа, дел од овие луѓе успеале да преживеат благодарение на нивната храброст и желбата за живеење.rnrnНеверојатни приказни за луѓе кои ја избегнале смрттаrn

    Преживала пад од 10.160 метри

    rnСтјуардесата Весна Вуловиќ влезе во Гинисовата книга на рекорди како лице кое преживеало пад од огромна висина без падобран. Несреќата се случила на 26 јануари 1972 година над селото Српска Каменица во Чехословачка, денешна Чешка. Терористи поставиле бомба на авионот на ЈАТ. Бомбата го разнела авионот, а Весна преживеала затоа што била врзана за своето седиште во задниот дел кој останал споен за тоалетот и паднал во планина.rnrnИнтересен податок е тоа што 22 годишната стјуардеса не ни била предвидена да се најде на тој лет. Таа била замена за друга стјуардеса, која исто така се викала Весна. Таа била единствената која го преживеала летот, но привремено останала парализирана. Сепак, после неколку операции таа повторно можела да се движи.rn

    Неколку пати ѝ побегнал на смртта

    rnСреќата секогаш била на страната на хрватскиот професор по музика Фране Селак, кој е роден во 1929 година. Тој е надалеку познат низ светот поради неговите фатални несреќи од кои секогаш извлекувал жива глава. Првата таква ситуација се случила во 1962 година кога Селак се возел во воз кон Дубровник. Возот излетал од шините и паднал во замрзната река. Тој преживеал само со скршена рака и неколку модрици и гребнатини.rnrnПосле една година летал од Загреб кон Ријека. На авионот му се откачила вратата и почнал да паѓа. Загинале 19 луѓе, но и овој пат Селак имал среќа и паднал врз куп со сено. Во 1966 доживеал уште една несреќа кога автобусот во кој се возел се превртел и паднал во река. И овој пат се извлекол без тешки последици. Но и тука не е крајот на неговите несреќи. Во 1970 година неговиот автомобил се запалил, а во 1995 го удрил автобус. И во двата случаи повторно преживеал. Дека среќата го следи овој човек докажува и фактот што во 2003 година, Селак добил на лото и стана милионер.rn

    Преживеале 72 дена на Андите

    rnВо 1972 година, еден уругвајски авион се срушил на Андите. Дванаесет луѓе погинале во несреќата, а преживеаните морале да го победат гладот и да издржат на температури кои паѓале до –30 степени Целзиусови. Тие сметале дека резервите со храна ќе им издржат додека да ги најдат спасувачите, но се  разочарале кога на радиото чуле дека потрагата е откажана. За да преживеат морале да извршат канибализам и да се хранат со жртвите од несреќата. Сите 16 преживеани издржале 72 дена на Андите сè додека не ги нашле спасувачите.rn

    Протони му поминале низ главата

    rnАнатоли Бугорски работел како истражувач на Институтот за физика во Протвино, Русија на најголемиот советски акцелератор за честички. Заради неисправната опрема во 1978 година се случила несреќа во која низ неговата глава му поминале протони. Наводно тој наеднаш видел светлина 1.000 пати посилна од онаа на Сонцето, но не осетил никаква болка. Сепак, протоните што прошле низ неговата глава се движеле со брзина на светлината и изгореле делови од неговото лице, черепот и дел од мозочното ткиво.rnrnВеднаш бил префрлен во болница во Москва, каде што лекарите очекувале дека тој нема да се извлече. Но Бугорски не само што преживеал, туку подоцна успеал и да докторира. Неговиот интелектуален капацитет не бил оштетен, но го загубил слухот. Исто така едната страна од лицето му останала парализирана поради оштетувањето на нервите.rn

    Гром го удрил 7 пати

    rnРој Саливен бил шумар од Вирџинија кој преживеал удари од гром, верувале или не, седум пати. Седмиот удар се случил во 1977 година и со него официјално влегол во Гинисовата книга на рекорди. Тој починал на 71 година, но од природна смрт.rn

    Воз го исекол на пола

    rnТруман Данкан паднал пред вагон во движење кој неговото тело го преполовил на два дела. И покрај тоа, успеал да повика итна помош од мобилен телефон и да издржи 45 минути додека да дојде екипата. После 23 операции успеал да ја добие битката и да преживее.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративни приказни со среќен крај

    Инспиративни приказни со среќен крај

    Животот е вечна борба. Борба за подобра иднина, борба за здрав, исполнет и успешен живот. Но, понекогаш среќата не е на наша страна. Некои од нас боледуваат од тешки болести, други просат за сува корка леб, трети се родени со хендикеп, четврти не можат никаде да ја сретнат нивната потенцијална сродна душа… Сите имаме разни проблеми, но животот мора да се турка напред, со силна верба во подобро утре.rnrnИнспиративни приказни со среќен крајrnrnОва е нашата селекција на 15 инспиративни приказни од сајтот Makes Me Think, кои истовремено ќе успеат да ве насмеат, расплачат и облеат со милион емоции. Се надеваме ќе уживате во психолошкото патување, исто колку што уживавме и ние.rn
    rn

    Денес, мојот син наполни 7, а јас 23 години. Да, го родив на денот кога наполнив 16. Одлуките кои ги донесов кога бев тинејџер беа будалести и понекогаш се грижам да не му дадам лош пример на мојот син. Но, денес го однесов во паркот за да ги прославиме нашите родендени. Тој со часови си играше со девојче, чие лице беше речиси целосно покриено со лузни од изгореници. Кога мојот син дојде до мене на пауза за ручек, покажа со прст кон неа и рече: „Таа е толку убава и интересна!“ Тоа ме наведе да помислам: сепак мора да правам нешто добро како мајка!

    rn

    Денес, во 1 часот после полноќ, мојата баба која страда од Алцхајмерова болест, стана, влезе во автомобилот на татко ми и отиде некаде. Се јавивме во полиција. Пред да ја пронајде полицијата, двајца студенти дојдоа пред нашата куќа со баба ми. Едниот го возеше автомобилот на татко ми, а другиот возеше зад него, во нивниот автомобил. Тие ни рекоа дека ја слушнале како плаче на празна бензинска станица оддалечена 10 милји од кај нас и велела дека се изгубила. Баба ми не можела да се сети на домашната адреса, но им го кажала на децата нејзиното име и презиме. Тие го пребарале нејзиното име на интернет, ја пронашле нејзината адреса на живеење и ја превезоа дома.

    rn

    Денес, мојот татко наполни 91 година. Тој едвај има сила за да зборува. Но, секојпат кога мојата мајка (таа има 84) ќе влезе во собата да го провери како е, тој ѝ вели: „Здраво убавице“.

    rn

    Денес, кога отидов да ја земам ќерка ми од градинка, таа седеше долу на земја во едно ќоше, во делот за деца со посебни потреби, во друштво со три слепи деца. Секое од нив имаше насмевка на лицето. Воспитувачот на одделот за деца со посебни потреби ми кажа дека ќерка ми секое попладне од оваа седмица, поминува време со овие три ученици, одговарајќи им на прашања и живописно објаснувајќи им како изгледаат разни предмети, луѓе и животни.

    rn

    Денес, кога таа се разбуди од шестмесечна кома, ме бакна и ми рече: „Ти благодарам што беше тука, ми ги раскажуваше тие прекрасни приказни и никогаш не се откажа од мене… И да, ќе се омажам за тебе“.

    rn

    Денес, пронајдов старо ливче напишано од мајка ми, кога таа била четврта година средно. На него имаше листа на карактеристики кои таа се надевала дека еден ден ќе ги пронајде во некое момче. Листата е општо земено, точен опис на татко ми, кој го сретнала дури кога имала 27 години.

    rn

    Денес е мојот 18-ти роденден. Пред точно 18 години, една жена била соочена со суровиот факт дека дотогаш имала четири спонтани абортуси и едно мртвороденче. При следната бременост, докторите ја информирале дека има ризична бременост. Тие ѝ објасниле дека постојат големи шанси, таа или бебето да не можат да преживеат. Таа решила сепак да му даде предност на бебето. И јас и мајка ми го преживеавме тој ден, и сме живи и здрави до ден денес.

    rn

    Денес помина една седмица откако донирав три торби облека на локален дом за бездомници, кога видов една бездомничка како седи на клупа во паркот и ја носи мојата маица, која самата си ја обоив, кога бев тинејџерка. Поминав покрај неа и ѝ реков, „Ја обожавам твојата маица!“ Таа се насмевна и ми рече: „Ти благодарам. И мене многу ми се допаѓа“!

    rn

    Денес, еден човек дојде да аплицира за работа во мојот ресторан. Делуваше како шармантен, љубезен, информиран и дружељубив човек. Подоцна, кога тргнав да му се јавам за да му кажам дека му ја нудам работната позиција, забележав дека на ливчето, под телефонскиот број има напишано „повикајте ме мене“. Телефонскиот број беше од дом за бездомници. Но, јас ќе го прифатам ризикот и ќе го вработам, без разлика на тоа.

    rn

    Денес, во авион ја запознав најубавата жена на светот. Земајќи предвид дека нема никогаш повеќе да ја сретнам, откако се запознавме, ѝ кажав дека сметам дека е многу убава. Таа ми возврати една искрена насмевка и рече: „Никој не ми го кажал тоа десет години“. На крајот испадна дека двајцата сме во своите доцни триесетти години, никогаш не сме биле во брак, немаме деца и живееме на 5 милји оддалеченост еден од друг. Имаме закажано љубовен состанок за следната сабота.

    rn

    Денес, јас сум мајка на две деца и баба на четири. На 17-годишна возраст останав бремена со близнаци. Кога моето тогашно момче и пријателите дознаа дека нема да го абортирам, ми го свртеа грбот. Но, јас продолжив понатаму. Работев со полно работно време додека учев во средно училиште и на колеџ. На предавањата сретнав едно момче, кое ги сака моите деца како да се негови, во текот на последниве педесет години.

    rn

    Денеска, како што спиев, ме разбуди гласот на ќерка ми. Јас сум се успала на фотелјата во нејзината болничка соба. Кога ги отворив очите ја видов нејзината преубава насмевка. Мојата ќерка беше во кома 98 дена.

    rn

    Денес, на десетгодишнината од нашата свадба, таа ми подаде проштално писмо, кое го напишала на 22 години, кога сакала да се самоубие. Таа рече: „Во сите овие години, не сакав да дознаеш колку глупава и нестабилна бев кога се запознавме. Но, и покрај тоа што ти не знаеше за ова, сакам да знаеш сега, дека тогаш ми го спаси животот“.

    rn

    Денес, бездомникот кој имаше обичај да спие во близина на мојот апартман, се појави пред мојата врата носејќи бизнис-одело, кое му го дадов пред околу 10 години. Ми рече: „Сега имам свој дом, работа и семејство. Пред 10 години го носев ова одело на сите интервјуа за работа на кои отидов. Ти благодарам“.

    rn

    Денес, кога ја отворав мојата продавница во 5 часот наутро, покрај вратата на подот имаше коверт. Во него имаше 600 долари и белешка на која пишуваше: „Пред пет години, провалив во вашата продавница навечер и украдов храна вредна 300 долари. Жал ми е. Очаен бев. Еве ги парите со 100% камата.“ Интересното е тоа што никогаш не го пријавив случајов во полиција, бидејќи сметав дека кој и да ја украл храната, навистина му била потребна“.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.