КАФЕ ПАУЗА

Category: Вистински приказни

  • Најромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплаче

    Најромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплаче

    Ова е приказна за постара жена која на секој Свети Валентин добива специјален букет цвеќиња од нејзиниот сопруг, и истата е доказ дека вистинската љубов е вечна и бесмртна. Со сигурност ќе ви го стопли срцето и солзи ќе ви навират во очите…rnrnНајромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплачеrnrnСо мојот мил сопруг Џон бевме во брак 46 години. Секој Свети Валентин тој ми ги праќаше најубавите цвеќиња, во кои имаше картичка со едноставна порака сочинета од пет зборови: „Мојата љубов кон тебе расте“. Четири деца, 46 букети и вечна љубов, се неговото наследство за мене, откако тој почина пред две години. На првиот Свети Валентин без него, 10 месеци откако го изгубив, бев шокирана кога добив прекрасен букет адресиран до мене… од Џон. Лута и со скршено срце, му се јавив на цвеќарот да му кажам дека е настаната грешка. Цвеќарот ми одговори: „Не госпоѓо, не е грешка“. Пред да почине, вашиот маж се подготви за многу наредни години и побара од нас да му гарантираме дека Вие ќе продолжите да ги добивате вашите букети на секој Свети Валентин. Тотално трогната, ја спуштив слушалката и ја земав прикачената картичка во букетот. На неа пишуваше „Мојата љубов кон тебе е вечна“.rnrnПриказната е пронајдена како исечок од некое списание, а под неа е потпишана 68-годишната Сју Џонстон, од Хјустон, Тексас.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистинска приказна: Уличен стаорец им ја спасил врската

    Вистинска приказна: Уличен стаорец им ја спасил врската

    Колку една сосема случајна ситуација може целосно да ни го промени животниот тек? Дали може едно мало животно да нè научи на љубов, грижа и заштита? Дали секој кој влегува во нашите животни, без разлика од каков вид е, се појавува со причина, ни носи некаква порака, остава нешто зад себе? Ова е една навидум необична, но фасцинантна приказна за млад пар чија врска и иден брак се спасени благодарение на уличен стаорец.rnrnЗамислете си како еден ден, сосема случајно на улица налетувате на малечок стаорец, слеп и мокар, кој не изгледа дека би ја преживеал ноќта. Би го оставиле ли зад себе? Како и да е, тоа не го направил младиот пар од Хонг Конг. Момчето и девојката го понеле во нивниот стан и го ставиле во малечка сина кутија од Тифани, од каде е инспирирано неговото име, г. Тифани, или накратко г. Т. Знаејќи дека мала е веројатноста стаорецот да преживее, Александра се сокрила во спалната соба, не сакајќи да биде во близина кога ќе се случи смртта на тоа малечко суштество. Нејзиниот свршеник, Колин, останал да го лекува г. Т цела ноќ, и на големо изненадување, тој преживеал.rnrnВистинска приказна: Уличен стаорец им ја спасил врскатаrnrnГосподин Т во нивниот живот влегол во време на, како што велат тие самите, транзиција. Свадбата на Александра и Колин требало да се случи за три месеци, но притисокот бил преголем. Напорно работејќи седум дена во неделата, некогаш и во ноќните часови, Александра немала слободно време за посветување на многу работи. Дури и поседувањето заеднички мебел ја препашувало и ѝ се чинело како голема и сериозна обврска. „Со Колин планиравме да имаме деца, но со моето работно време, некогаш не стигнував ни да вечерам. Преземањето обврска да се грижиме за болен уличен стаорец, воопшто не ни беше во план.“ Иако за многумина стаорецот би бил симбол на болест, зараза и нешто морничаво, Александра и Колин во него виделе млад и ранлив живот на една кутра душичка која бара грижа и заштита.rnrn„Се договоривме дека ќе го пуштиме назад на улица штом закрепне. Како диво животно, си рековме, би требало да живее со припадниците на неговиот вид. И секако, се плашевме од болестите кои стаорците ги носат. Во тоа време бегав од него како од чума. И покрај тоа што тој доби сила и закрепна сосема во наредните неколку недели, ние просто не можевме да се откажеме од него.“ Таа објаснува како се приврзале за г. Т уште од моментот кога тој за првпат ги отворил своите малечки очиња во рацете на Колин.rnrnВо наредниот период, господин Т почнал да се чувствува како дома. Ја уништувал поштата која пристигнувала, грицкал пенкала и сам си се послужувал со парчиња пица кои ги носел под креветот, секако грицкајќи делови и од самиот кревет. Звучи како вистинска напаст? За среќа, бил премногу сладок за да помислат дека би требало да се ослободат од него во најскоро време. „Се консултиравме со професор од Оксфорд и тој ни кажа дека доколку се врати назад на улица, тој за неколку часа, без проблем, би се прилагодил на ситуацијата и повторно би станал уличен стаорец. Но нешто не ни даваше да се откажеме од него.“rnrnГ. Т целосно им ги променил животите и на двајцата. Кај девојката се пробудил мајчинскиот инстинкт, па за брзо почнала да се грижи за секоја ситница поврзана со него. Колин му направил куќичка, а кога сфатил дека му е потребна приватност, му поставил и малечка врата. За брзо се навикнале на неговото присуство. Знаеле кои јадења му се допаѓаат на г. Т, а кои не ги сака. Не патувале заедно за едниот да се грижи за малото суштество, а кога морале и двајцата да бидат отсутни, плаќале човек кој ќе се грижи за домот и за г. Т. „На забавите и средбите со нашите пријатели, им ги раскажувавме триковите на Т и најновите случки поврзани со него. На Фејсбук објавив слики од г. Т додека јаде грашок со неговите малечки шепи прелиени во сос од домати.“rnrnПо одредено време ни стана јасно колку е краток животот на стаорците. Уличните стаорци едвај преживуваат една година. Откако наполнил две години, Т почнал да чувствува многу поголема потреба за сон, а не поминало долго пред да заболи од тумор, голем колку неговата глава. Туморот на г. Т бил отстранет, но наскоро почнал да покажува знаци на повреда во `рбетот и му се парализирале задните нозе. Но, тој не се предавал и продолжил да се движи влечејќи ги двете предни ножиња. Кога г. Т почнал да се бори за да земе воздух, им станало јасно дека му нема спас. Тој го вдишал својот последен здив во рацете на Колин. Во нивната дневна соба, останала сликата на г. Т, но неговото присуство во нивниот дом и понатаму премногу им недостасувало.rnrnСепак не останале долго сами, бидејќи за кратко после смртта на г. Т, станале родители на момче кое го крстиле Луис Т. „Пред неколку години не можевме да издвоиме еден час слободно време во текот на денот. Но, г. Т промени сè. Тој нè научи како да направиме простор за новости и промени во иднината, да бидеме погрижливи, трпеливи и внимателни. Ако беше куче или маче, ќе го дадевме во засолниште за животни и немаше да можеме да раскажеме една ваква приказна. Знаејќи дека никој нема да го прифати, го зедовме во нашиот дом за да направи вистинска промена во нашите животи.“rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Учител-херој од Индија обезбедува бесплатно образование за сиромашните деца

    Учител-херој од Индија обезбедува бесплатно образование за сиромашните деца

    Раџеш Кумар Шарма е четириесетгодишен татко на три деца и работник во продавница кој секој работен ден на два часа ја напушта својата платена работна позиција и се упатува кон еден мост под делхиското метро. Под него држи бесплатни часови за сиромашните деца од градот кои поради сиромаштијата не посетуваат училиште.rnrnУчител-херој од Индија обезбедува бесплатно образование за сиромашните децаrnrnИ самиот Шарма не го довршил факултетот поради финансиски проблеми, па не можел да издржи да не презема ништо додека ги гледал децата како се соочуваат со истите проблеми. Успеал да убеди неколку работници и фармери да им дозволат на своите деца да доаѓаат на часови кај него наместо да работат дома и со тоа го основал своето бесплатно училиште. Денеска, штом стигне до својата импровизирана училница под мостот, здогледува барем по триесет деца кои се нестрпливи да научат нешто и да се извлечат од сиромаштијата.rn
    rn

    „Нашиот учител ни вели дека кога ќе нè погоди сиромаштија треба да го ослободиме умот, а тоа се постигнува само преку образование,“ вели петнаесетгодишниот Абишек, еден од неговите редовни ученици.

    rnУчител-херој од Индија обезбедува бесплатно образование за сиромашните децаrnrnЧасовите на Шарма ги посетуваат деца кои не одат редовно во училиште, но сакаат да учат. Неговата цел е да ги спреми за вклучување во наставата во државните училишта.rn
    rn

    „Тие доаѓаат овде секој ден. Со нив успевам дури да одам и пред училишниот план,“ вели Шарма.

    rnУчител-херој од Индија обезбедува бесплатно образование за сиромашните децаrnrnРезултатите од неговиот напор се извонредни. Од почетокот до денес, низ неговата импровизирана училница поминале околу 140 деца, половина од нив веќе се префрлиле во државните училишта како редовни ученици, а доаѓаат и деца од претшколска возраст. Тој вели дека неговиот најголем успех е тоа што успеал да го смени сфаќањето на родителите во врска со овој проблем. Наместо да ги тераат децата да работат уште од мала возраст, тие сега ги охрабруваат да се образуваат.rn
    rn

    „Сфатија дека ако децата од селата во внатрешноста на земјата можат да учат, можат и децата од главниот град.“

    rnПокрај училиштето под мостот, Шарма веќе спроведува настава и на други локации во Њу Делхи. Со своето херојско дејствување овој храбар човек покажува како функционира во практика тезата на неговиот сонародник Ганди дека секој треба кај себе да ја бара промената која сака да ја види во светот околу себе.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Торта, писмо и „големи“ вести

    Торта, писмо и „големи“ вести

    Корисничка на платформата за блогирање „Tumblr“, со торта и писмо им соопштила на родителите дека е геј. Прочитајте ја нејзината креативна и искрена порака, но и нивната реакција.rnrnТорта, писмо и „големи“ вестиТорта, писмо и „големи“ вестиrnrnДобро утро родители,rnrnЈа сум геј. Сакав да ви кажам веќе подолго време. Мислев дека на ваков начин ќе биде најлесно. Се надевам дека сè уште ме сакате. Мислам, тешко е да не го сакате оној што ви направил торта. Сите мои пријатели знаат и сè уште ме сакаат. Вашето прифаќање ќе биде шлаг на тортата. Се надевам дека како и оваа торта, така и вие не сте на парчиња. Се надевам дека кога ќе се присетиме на овој момент, ќе речеме „ова навистина беше големо изненадување“. Станува подобро.rnrnСо љубов,rnrnЛорел.rnrnТорта, писмо и „големи“ вестиrnrnРеакција:rnrnМајка ми виде и плачеше од среќа. Се прегрнавме и плачевме заедно. Потоа, сите јадевме од тортата и разговаравме. Јас сум многу среќна што имам таква родителска поддршка и толку многу поддршка од вас пријателите.rnrnВи благодарам на сите!rnrnИмајте геј ден!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јајце во јајце

    Јајце во јајце

    Не е ретка ситуација, кога ќе скршите јајце од кокошка за да си направите топол оброк, од него да излезат две жолчки. Меѓутоа Шон Вилсон, чија кокошка снела јајце тешко неверојатни 180 грама и за кое верува дека е најголемото во светот, уште повеќе се изненадил откако го скршил. Од лушпата излегло уште едно бебе-јајце! Погледнете за што станува збор. :)rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најкреативното песочно игралиште за деца направено од еден татко

    Најкреативното песочно игралиште за деца направено од еден татко

    Доколку сакате на вашите дечиња да им овозможите неизмерна радост, ова е еден од начините на кои можете да го сторите тоа. Фотографиите се направени од страна на еден татко, кој по совет од еден пријател го направил најдоброто песочно игралиште за своите две дечиња.rnrnНајкреативното песочно игралиште за деца направено од еден таткоrnrnБетонирајќи го дното на игралиштето, за да го заштити од корењата на дрвото кое се наоѓало во близина, го послушал советот од својот другар и направил стапки од диносаурус во свежиот цемент. Инспириран од советот на пријателот, направил шаблон од скелет на диносаурус и го зацементирал веднаш до стапките. Најинтересниот дел е тоа што неговите дечиња не знаат за тоа, па копајќи во песокот ќе имаат можност да се стават во улога на археолози и да ја развиваат својата фантазија преку игра.rnrnНајкреативното песочно игралиште за деца направено од еден таткоНајкреативното песочно игралиште за деца направено од еден таткоНајкреативното песочно игралиште за деца направено од еден таткоНајкреативното песочно игралиште за деца направено од еден татко
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Наместо автомобил паркирале детска количка, зашто им се може!

    Наместо автомобил паркирале детска количка, зашто им се може!

    Смачено ви е од комплицираното зонско паркирање, постојаните гужви на паркинзите и пајак-службите? А има ли нешто полошо од тоа да имате купено свое паркинг место и некој да ви се паркира на него? Еве една кул идеја, за помалку нервози.rnrnЕдно австралиско семејство своето паркинг место го држи со пластична количка-играчка за деца. На автомобилот оставиле порака дека тие плаќаат закуп за тоа место и дека поради тоа, на него можат да паркираат што сакаат. Е вака се штити она што ти припаѓа само тебе! :)rnrnНаместо автомобил паркирале детска количка, зошто им се може!Наместо автомобил паркирале детска количка, зашто им се може!
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децата

    Кинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децата

    Ју Јужен од кинескиот град Вухан, со нејзината штедливост и малку среќа, станала милионерка, но не дозволила тоа да го промени нејзиниот карактер кон полошо. Таа шест дена во неделата, по шест саати дневно го чисти туѓиот отпад од улиците и ги празни контејнерите и кантите, а сето тоа го прави за да им остави добар пример на нејзиниот син и ќерка.rnrnКинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децатаrnrnВистинскиот родител не се плаши од ништо кога сака на своите чеда да им остави добар пример. Меѓутоа, веројатно никој не отишол толку далеку како кинеската милионерка Ју Јужен, која со ваква мотивација, работи како чистачка на улици за 230 американски долари месечно.rnrnВо текот на 80-тите години, таа била фармерка во селото Huojiawan со просечни примања, но имала преголема волја да заштеди, па токму тоа и го правела заедно со нејзиниот маж. После неколкугодишно работење од самрак до зори, таа и нејзиниот сопруг станале единственото семејство во селото кое поседува куќа на 3 ката, а на многу луѓе кои доаѓале за да работат во тој крај им требало место за спиење, па тие почнале да им издаваат соби од куќата.rnrnКинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децатаrnrnШтедлива каква што е, таа сета заработка од станарината ја тргала на страна и ја користела за да изгради уште куќи. Од секоја соба, имале месечна заработка од околу 8 долари. Наскоро имале три петкатни згради, кои ги издавале под наем.rnrnМеѓутоа, вистински пресврт во нивните животи се случил кога државата ја откупила нивната земја со куќите, за да изгради нешто друго на тоа место и ова ги направило милионери. За целиот имот, државата им дала 21 стан.rnrnКинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децатаrnrnВо тоа време регулативите за градење имот во Кина биле лабави и овој пар не бил единствениот којшто дошол до имот. Но Ју, со свои очи видела како некои од селаните, богатството го расфрлиле и потрошиле на коцкање, алкохол и дрога, па затоа си задала цел таа да се однесува одговорно и да остави добар пример за нејзините деца.rnrnПовеќето луѓе, после ваквиот напорен аргатски живот, би седеле дома и би си ги броеле парите, но не и Ју. Таа во 1998 година се вработила како чистачка на улици, што значи дека секое утро станува во 3 часот, ја облекува портокаловата униформа и по шест часа дневно вредно си го заработува секој денар, чистејќи ја трикилометарската улица.rnrnКинеска милионерка чисти улици за да им даде пример на децата
    rnrn

    „Човекот не треба само да седи дома и да го ‘јаде’ целото богатство. Сакам да им дадам добар пример на моите деца“ – рекла таа за тамошните медиуми и додава дека на нејзиниот син и ќерка им се заканила дека сите пари ќе ѝ ги даде на државата, доколку не се работливи.

    rnrnПо сѐ изгледа заканата била ефикасна: синот работи како возач на камион за 320 долари месечно, а ќерката во канцеларија за 500 долари месечно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасното божиќно писмо од Марк Твен до својата мала ќеркичка

    Прекрасното божиќно писмо од Марк Твен до својата мала ќеркичка

    Прочитајте го ова магично писмо кое Марк Твен го адресирал до својата мала тригодишна ќеркичка која претходно му пишала на Дедо Мраз за своите желби. Кога се разбудила божиќното утро во 1875 година, покрај својата перница ја израдувало ова симпатично писмо.rnrnПрекрасното божиќно писмо од Марк Твен до својата мала ќеркичкаrnrnПалата Свети Николаrnrnна МесечинатаrnrnБожиќно утроrnrnМоја драга Сузи Клеменс,rnrnГи примив сите писма кои ти и твојата мала сестричка ми ги пишавте преку рацете на вашата мајка и дадилките. Ги прочитав и оние што ми ги напишавте вие самите со вашите рачиња, но иако не користевте букви од азбуката на возрасните, пишувавте со букви кои ги користат сите деца од сите земји во светот и ѕвездите што светкаат. Сите мои вработени на Месечината се деца и ги знаат само тие букви, па затоа лесно ги разбрав твоите зборови и фантастичните шилести знакчиња на твојата сестричка. Но, ми беше тешко да ги прочитам сите оние писма кои им ги диктираше на твојата мајка и на дадилките, затоа што сум странец и не знам добро англиски. Ќе видиш дека не погрешив за оние работи што ти и твојата сестра го побаравте од мене.rnrnСе спуштив по оџакот на полноќ и лично ви ги оставив, а потоа ве бакнав и двете, затоа што вие сте добри деца, одлично воспитани, со добри манири и најпослушните мали луѓе што ги знам. Но, во писмото кое сте го диктирале имаше некои зборови што не можев да ги разберам, а една или две работи не можев да ги донесам затоа што ми се потрошија. Нашето последно парче мебел за кукли го однесовме на едно мало сиромашно девојче на Северната Ѕвезда таму горе, во студената земја над Големата Мечка. Мајка ти ќе ти ја покаже таа ѕвезда, а тогаш ти ќе речеш: „Мала Снегулко“, (така се вика девојчето) „драго ми е што ти го доби тоа парче мебел за кукли, затоа што тебе ти е потребно повеќе од мене“. Потоа, тоа мораш да го напишеш со своите рачиња, а Снегулка ќе ти прати одговор. Ако само го кажеш тоа, таа не ќе може да те чуе. Гледај писмото да биде мало и лесно, затоа што тоа ќе оди далеку, а поштата е тешка.rnrnИмаше збор или два во писмото на мајка ви кои не можев да ги разберам. Ми се чинеше дека пишува „сандак полн со облека за кукли“. Тоа ли е? Ќе се појавам на вратата на кујната околу девет ова утро за да се осигурам. Но, не смеам да видам никој друг освен тебе и не смеам да зборувам со никој друг освен тебе. Кога ќе заѕвони ѕвончето, мораш да ги покриеш очите на Џорџ и да го пратиш да ја отвори вратата. Тогаш тој ќе мора да се врати во трпезаријата во кинескиот плакар и да го земе готвачот со себе. Мора да му кажеш на Џорџ да чекори на прсти без никој да го слушне, или еден ден може да умре. rnrnПотоа мораш да одиш во собата на дадилките, да застанеш на столот или на креветот на дадилката, да ја ставиш устата на цевката за зборување, и кога ќе свирнам ќе речеш: „Добредојде Дедо Мраз!“ Тогаш ќе те прашам дали ми го побара сандакот или не. Ако речеш „да“, ќе те прашам каква боја сакаш да биде. Мајка ти ќе ти помогне да одбереш некоја убава боја и потоа ќе ми кажеш сè што сакаш да има на него. Потоа ќе ти речам: „До гледање и Среќен Божиќ моја мала Сузи Клеменс, а ти ќе кажеш: „До гледање, стар добар Дедо Мраз, многу ти благодарам и те молам да ù кажеш на Снегулка вечерва кога ќе гледам кон нејзината ѕвезда и таа да гледа овде долу, ќе бидам на прозорецот на западната страна. Секоја вечер кога ќе биде ведро ќе гледам кон нејзината ѕвезда и ќе велам: ‘Знам некого таму горе и го сакам’.“ Потоа мора да се симнеш во библиотеката и да го натераш Џорџ да ги затвори сите врати кон дневната соба и да ги натераш сите да стојат мирно за кратко. Јас ќе одам до Месечината да ги земам сите тие работи и ќе се вратам со нив за пет минути и ќе се спуштам по оџакот на каминот во дневната соба. Ако го сакаш оној сандак, знаеш дека не ќе можам да го протнам низ малиот оџак на каминот кај дадилките.rnrnДругите можат да зборуваат ако сакаат, сè додека го слушнат моето чекорење во дневната соба. Тогаш ќе им кажеш да бидат тивки додека да се качам назад низ оџакот. Можеби воопшто нема да ги чуеш моите чекори, но ќе можеш одвреме-навреме да ѕиркаш од вратата на кујната и по некое време ќе видиш дека сето она што го побара е веднаш под пијаното во трпезаријата. Ако оставам малку снег во дневната, кажи му на Џорџ да го стави во каминот, затоа што јас немам време за такви работи. Џорџ не смее да го чисти со метла, туку со крпа, инаку може да умре еден ден. Мораш да го следиш Џорџ за да не падне во неволја. Ако моите чевли остават дамка на мермерот, Џорџ не смее да ја исчисти. Нека остане таму како спомен од мојата посета и секогаш кога ќе ја видиш или ќе ја покажеш некому, нека те потсетува да бидеш добро девојче. Кога ќе бидеш немирна и некој ќе покаже на дамката што ја оставил твојот стар добар Дедо Мраз, што ќе му кажеш, мала душичке?rnrnДо гледање за неколку минути, додека да се вратам на Земјата и заѕвонам на вратата.rnrnТе сака,rnrnДедо Мразrnrnкој некои луѓе го викаат „Човекот од Месечината“.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луѓето, едноставно, се „празни“…

    Луѓето, едноставно, се „празни“…

    Во 1969 година издавачот Џон Мартин му понудил на тогаш сè уште неафирмираниот писател Чарлс Буковски да му исплаќа 100 долари секој месец (денеска тоа би биле 490 долари), но само под услов да ја напушти работата во пошта и да стане писател. Буковски, тогаш на возраст од 49 години, го направил токму тоа, а по две години веќе почнал да заработува од пишувањето. Благодарен за огромната услуга што му ја направил неговиот издавач, во 1986 година му го пратил ова писмо во кое објаснува колку е среќен поради неговата одлука.rnrnЗа жал, покрај задоволството на славниот писател од писмото може да се забележи дека работите од 1986 година до денес воопшто не се променети. Најзастрашувачки од сè е тоа што е можно овде да ги препознаеме условите во кои работиме ние денес во Македонија.rnrnЛуѓето, едноставно, се „празни“...rnrnЗдраво Џон,rnrnТи благодарам за убавите зборови. Мислам дека не боли одвреме-навреме да се потсетиш од каде доаѓаш. Ти знаеш од каде доаѓам јас. Но, луѓето кои се обидуваат да пишуваат или да снимаат филмови за тоа не сфаќаат. Тие тоа го нарекуваат „работа од 9 до 5“. Никогаш не е од 9 до 5, таму нема паузи за ручек, всушност, таму е подобро да не правиш пауза за ручек ако сакаш да ја задржиш работата. Има и прекувремена работа, а тоа ретко кој го забележува. Ако се пожалиш, секогаш има некој нов кој чека да го земе твоето место.rnrnЗнаеш дека отсекогаш велев:rn
    rn

    „Ропството никогаш не беше напуштено, само сега се применува над сите раси.“

    rnНајмногу ме боли тоа што постојано се намалува човечнота кај оние што грчевито се обидуваат да ги задржат своите работни места, а уште повеќе се плашат од алтернативата. Луѓето едноставно се „празни“. Луѓето се тела полни со страв и послушност. Немаат боја во очите. Гласот им станува грд. И телото. И косата. И ноктите. Чевлите. Сè.rnrnКога бев млад не можев да поверувам дека луѓето можат да си го потрошат животот на работа во такви услови. Сега кога сум старец, сè уште не ми се верува. Зошто го прават тоа? Заради секс? За да имаат телевизор? Автомобил кој го исплаќаат на месечни рати? Или заради децата? Заради децата кои ќе ги прават потполно истите работи како и тие?rnrnПорано, кога бев многу млад и кога се префрлував од едно на друго работно место бев доволно наивен за да им велам на колегите:rn
    rn

    „Еј, шефот може да влезе овде во секој момент и да нè отпушти сите без око да му трепне, разбирате ли?“

    rnТие само бледо ќе ме погледнеа. За нив јас бев нешто на коешто не сакаа да мислат.rnrnДенеска во индустријата има многу отпуштања. Отпуштени заедно со уште стотици и илјадници други, лицата на работниците се запрепастени:rn
    rn

    „Таму оставив 35 години од животот…“rnrn„Ова не е добро…“rnrn„Не знам што ќе правам сега…“

    rnТие никогаш не им плаќаат доволно на робовите за да бидат слободни, туку само колку да преживеат и пак да се вратат на работа. Јас го гледам сето ова. Но, зошто тие не можат да го видат? Јас сфатив дека е убаво на клупа во паркот или да се биде кафански човек. Зошто да не го пробам прво тоа пред другото? Зошто да чекам?rnrnПаметам, еднаш кога работев во фабрика за сијалици, еден од работниците што пакуваа рече:rn
    rn

    „Никогаш нема да бидам слободен“.

    rnТокму тогаш покрај нас поминуваше еден од шефовите (се викаше Мори) и слатко се изнасмеа, уживајќи во фактот дека овој човек беше заглавен таму за цел живот.rnrnИмав среќа конечно да излезам од тие кругови, но без оглед на тоа колку долго ми требаше за да го постигнам тоа, сепак добив чувство на радост, преубава радост поради чудото кое го доживеав. Сега на хартија пренесувам мисли од стар ум и старо тело, многу подоцна отколку што повеќето луѓе би размислувале да почнат со тоа, но штом почнав толку доцна си должам себеси да продолжам со тоа, а кога ќе почнам да пелтечам, да имам проблем да се качам по скалите и да не можам да направам птица од хартија, тогаш ќе можам да се сетам низ што сè сум поминал за да стигнам барем до можност достоинствено да умрам.rnrnДа не го потрошиш целиот живот залудно изгледа е голем успех, па макар и да се работи само за мене.rnrnТвој,rnrnХенкrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.