КАФЕ ПАУЗА

Category: Вистински приказни

  • Луѓе кои живеат на гробишта

    Луѓе кои живеат на гробишта

    Манила, главниот град на Филипини, е една од најголемите метрополи во светот со своите 12 милиони жители, а дури 40% од нив живеат под прагот на сиромаштија. Тие луѓе тешко успеваат да најдат пристојно живеалиште. Затоа можеби и не треба да биде чудно тоа што, снаоѓајќи се како знаат и умеат, своето место го пронашле на гробишта.Луѓе кои живеат на гробиштаГробиштата во северниот дел на Манила се такви што овозможуваат врз нив лесно да се изградат импровизирани куќи од дрво и железо, а се доволно големи за да примат 6.000 луѓе. Изолирани се од останатиот свет, така што тие можат да си живеат без никој да ги вознемирува. Овие луѓе со тажна судбина се задоволни што воопшто имаат некаков покрив над глава, па не им пречи ниту тоа што овде се одржуваат во просек по 80 погреби дневно. Напротив, тие заработуваат по некоја пара со пренесување на ковчези или чување и чистење на гробовите.Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта Луѓе кои живеат на гробишта
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Не поседуваме ништо, освен времето

    Не поседуваме ништо, освен времето

    Римскиот филозоф Сенека при крајот на својот живот одржувал доста интензивна комуникација преку писма со својот пријател Луцилиј Помладиот, службеник во Римската Империја. Во писмата му давал совети за најразлични сфери од животот.rnrnНе поседуваме ништо, освен времетоrnrnСите тие биле подоцна собрани и објавени во една збирка наречена „Моралните посланија за Луцилиј“. Во продолжение следува првото од тие писма, во кое тогаш веќе стариот филозоф се осврнува на времето кое го имаме на располагање.rnrnПоздрав од Сенека до ЛуцилијrnrnПродолжи да дејствуваш така, мој драг Луцилиј – ослободи се за твое добро. Собирај го и чувај го твоето време, кое во последно време ти беше одземано или крадено, или само ти бегаше од рацете. Верувај во вистината на моите зборови – дека некои моменти се откинати од нас, некои се нежно одделени, а некои се наоѓаат надвор од нашиот дофат. Сепак, најсрамниот вид загуба е оној поради невнимание. Понатаму, ако обрнеш повеќе внимание на овој проблем ќе сфатиш дека најголемиот дел од нашиот живот поминува додека правиме погрешни работи, добар дел поминува додека не правиме ништо, а целиот живот поминува кога правиме нешто што не е за нас. Можеш ли да ми посочиш еден човек којшто го вреднува своето време, кој знае колку вреди секој нов ден, кој разбира дека умира полека секој ден? Грешиме кога на смртта гледаме како на нешто кое доаѓа, затоа што најголемиот дел од смртта веќе поминал. Колку години и да имаме зад себе, тие веќе се во рацете на смртта.rnrnЗатоа, Луцилиј, прави како што ми пишуваш во твоите писма: зграпчи го цврсто секој час. Изврши си ги денешните обврски за да не мораш многу да зависиш од утрешните. Кога одложуваме, животот почнува да тече побрзо. Луцилиј, ние не поседуваме ништо, освен времето. Природата ни го доверила само ова нешто, толку лесно и лизгаво нешто, што секој што ќе посака може да ни го одземе. Какви будали се овие смртници! Дозволуваат најевтините и најбескорисните работи, кои се лесно заменливи, да бидат мерило за она што го постигнале откако веќе го стекнале тоа, но не се свесни дека се во долгови поради најскапоцената привилегија – времето. А времето е единствениот заем кој дури ни најблагородниот примач не може да го исплати.rnrnВеројатно посакуваш да знаеш како јас, којшто проповедам со олкава леснотија, го постигнувам тоа. Признавам отворено: моите работи се урамнотежени, како што можеш да очекуваш од некој кој е слободен, но и внимателен. Не можам да се пофалам дека никогаш не губам ништо, но барем можам да ти кажам што губам и кои се причините за загубата, односно можам да ти ги кажам причините зошто сум сиромашен човек. Мојата ситуација е иста како и на многумина кои се осиромашени без сопствена вина: секој им простува, но никој не доаѓа на помош.rnrnТогаш, како стојат работите? Вака: не гледам на човек како на сиромав, ако она малку што го има му е доволно. Сепак, те советувам да го чуваш она што е вистински твое, никогаш не е рано за тоа. Затоа што, како што верувале нашите предци, доцна е да штедиш кога ќе стигнеш до талогот на дното од бурето. Она што останува на дното е малку и со лош квалитет.rnrnЗбогум.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

    Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот

    Љубениот татко и сопруг, Фред Еванс отсекогаш сакал да ги испрати неговите две ќерки пред олтарот на денот на нивната венчавка, но открил дека има метастатичен меланон, додека закрепнувал од двојна трансплантација на белите дробови и дознал дека има само неколку месеци за да ја оствари неговата последна животна мисија. Но, посветениот татко пронашол начин да ги изненади неговите две немажени ќерки Грејси и Кејт, со уникатна церемонија.rnrnЕмотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтаротrnrnОткако ја чула трогателната приказна на Фред, невладината организација „Fotolanthropy“ чија цел е споделување инспиративни животни приказни, му се обратила на фотографскиот тим Мет и Џули Норин, за да ги овековечат спомените од оваа специјална церемонија. Фотографите веќе биле спремни да ја работат нивната работа, кога Фред го изненадил семејството со помошта од неговата сопруга Карла и најстарата мажена ќерка Марта. Грејси и Кејт пристигнале на настанот, мислејќи дека Фред спрема некое специјално изненадување за нивната мајка, но набрзо сфатиле дека вусшност тие се почестените гости.rnrnЕмотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтаротrnrnЕдна по една, милиот татко ги допратил неговите ќерки до олтарот и им подарил топла прегратка, давајќи им на знаење дека сака да ја исполни оваа традиција, во случај да не е повеќе тука кога навистина ќе треба. Потоа, Фред ја изненадил неговата сопруга давајќи ѝ букет во облик на бидермаер и носејќи ја до олтарот во црквата „Watermark Community Church“, за да ги обноват нивните завети. До самиот крај, Фред ја споделувал неговата љубов и радост со најблиските, сè до неговиот последен ден од животот, на 25 јули, 2013 година.rnrnЕмотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтарот Емотивна приказна: татко со неизлечив рак ги испраќа двете немажени ќерки пред олтаротrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поучна приказна: Прозорецот на болницата

    Поучна приказна: Прозорецот на болницата

    Двајца луѓе, и двајцата сериозно болни, делеле иста соба во една болница. На едниот од нив му било дозволено секој ден да седи по еден час за да можат неговите бели дробови да се исчистат од некои течности. Неговиот кревет бил токму покрај прозорецот, додека другиот пациент не смеел да прави ништо друго освен да лежи.rnrnПоучна приказна: Прозорецот на болницатаrnrnТака лежејќи, двајцата со часови зборувале за своите животи. Зборувале за своите семејства, сопруги, домови, за работата, за спомените од служењето на воениот рок, за спомените од летните одмори…rnrnСекој ден, кога оној што лежел покрај прозорецот добивал дозвола да поседи малку и да ѕирне низ него, почнувал да му раскажува на својот цимер за она што го гледал надвор. Пациентот кој морал цело време да лежи во креветот живеел за тој еден час во денот кога неговиот свет се проширувал и развеселувал поради убавините што се случувале надвор.rnrnПрозорецот гледал кон еден парк во кој имало мало езерце. По него пливале пајки и лебеди додека малите дечиња си играле со своите бротчиња. Млади вљубени парови се шетале помеѓу разнобојните цвеќиња, а во далечина имало преубава глетка на градот.rnrnКога човекот кој седел покрај прозорецот ќе почнел во детали да му ја опишува убавата глетка на другиот, тој само ги затворал очите и замислувал како изгледа сето тоа. Еден ден, на својот цимер му опишал една прекрасна парада која поминувала токму покрај нив. Иако другиот не можел да ги чуе звуците на парадата, можел да ја види во своите мисли токму онаква каква што сликовито му ја опишал неговиот цимер.rnrnТака поминувале денови, недели и месеци. Едно утро, кога сестрата донела вода за да ги измие го забележала безживотното тело на човекот кој лежел веднаш до прозорецот, кој мирно починал во сон. Потоа натажено ги повикала болничарите да го изнесат од собата.rnrnПо некое време другиот пациент побарал да го преместат да лежи покрај прозорецот. Сестрата му го дозволила тоа, па кога се сместил удобно во новиот кревет го оставила насамо. Иако со болка, полека се подисправил на лактот за конечно да ѕирне низ прозорецот. По сето напрегање, здогледал само еден бел, празен ѕид. Ја прашал сестрата што би можело да го натера неговиот поранешен цимер да му опишува такви убави работи кога низ прозорецот не се гледало ништо. Таа му одговорила дека сега починатиот бил слеп и не можел да го види ниту ѕидот.rnrn„Веројатно сакал само да ти даде сила,“ му рекла таа.rnrnПоука: Без оглед на тоа во колку тешка ситуација се наоѓаме, големо е задоволството да ги направиме другите среќни. Кога тагата се дели, таа станува помала, но кога се дели среќата, таа станува поголема.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

    Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

    Оваа инспиративна приказна одлично ќе им дојде на сите кои сакаат да ослабат, а немаат инспирација за тоа. Ова е приказната на Виктор Цветиќ, 21-годишно момче од Скопје кое успеало со труд и дисциплина да намали 70 килограми од својата телесна тежина за само 11 месеци.rnrnИнспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограмиrnrnИако до четиринаесетгодишна возраст бил спортски активен како голман во еден скопски фудбалски клуб, поради сплет на околности, Виктор почнал утехата да ја бара во храната и за само 4 години достигнал 150 килограми. Тогаш решил да каже стоп и да преземе нешто за своето здравје и за својот изглед.rn
    rn

    „Големо предупредување добив кога бев да ми земат крв за испитување. Резултатите беа катастрофални, имав покачен крвен притисок, холестеролот ми беше на високо ниво, ми беа замастени виталните органи. Тогаш докторот ми рече – ‘Дечко, ако продолжиш вака нема да доживееш 40 години.’“

    rnrnПокрај здравствените проблеми и предупредувањата од докторите имало уште еден интересен момент кој за Виктор претставува пресврт и поттик да промени нешто во начинот на живеење.rn
    rn

    „Како капак на мојата одлука, дојде и моментот кога запознав една девојка и нормално машко како машко го фаќа инат. :)“

    rnrnНеговото дневно мени цели 11 месеци се состоело од чаша свежо исцеден сок од портокали за појадок и две чаши јогурт за вечера. За ручек, три дена во неделата јадел месо и риба, а останатите денови во неделата 1 килограм диња. Покрај тоа, секојдневно пиел и по огромни количини вода.rnrnНо, одењето по овој трнлив пат не било воопшто лесно, бидејќи лошите навики не е лесно да ги промениш. Сепак, за ништо не се кае и се гордее на својата одлука и решителност.rn
    rn

    „Дефинитивно најтешко ми беше да се откажам од брзата храна, бидејќи имав создадено лоша навика да ја јадам секојдневно. Секогаш гледав да јадам брзо зготвена храна, којашто најчесто се состоеше од греење или подготвување на секаков вид тестенини и месо во микробранова печка.rnrnТоа беше голгота од 11 месеци, којашто беше исполнета со секојдневни напори. Најголемиот проблем беше да се уништат старите навики кон исхраната. Добри 4-5 пати ми дојде да се откажам, но секој пат, кога и да ми дојдеа такви мисли, се потсетував на една стара изјава на легендарниот боксер Касиус Клеј (подоцна Мoхамед Али) – ‘Го мразев секој момент од моите тренинзи, но секој пат си викав во себе, страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион’.rnrnМожам да кажам дека откога почнав да вежбам, апсолутно за ништо не зажалив. Од самиот момент кога одлучив, работите тргнаа на подобро. Тоа беше мојата најважна животна одлука, зад којашто стојам до ден-денеска и до која ќе стојам до крајот на животот.“

    rnrnИнспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограмиrnrnПокрај режимот на исхрана, Виктор секојдневно вежбал, а вежбите и интензитетот се зголемувале како што се намалувале килограмите. Покрај тоа внимавал и на спиењето.rn
    rn

    „Почетокот како почеток – започнав од нула, односно само со одење по кејот на Вардар по 5 километри на ден. Кога стигнав до 130 килограми, малку по малку почнав да се пренасочам на возење велосипед. Тренирав секојдневно, а кардио вежбите ми беа приоритет. Како слабеев сѐ повеќе и повеќе, применував вежби со повисок интензитет, за на крајот да успеам да извозам тури со велосипедисти од над 100 километри во еден ден.“

    rnrn

    „Спиев минимум 6 часа на ден. Строго легнував најкасно во 1 часот и се будев секое утро во 7 часот, за да го започнам денот со добра прошетка на планина или на кејот на Вардар.“

    rnrnНа прашањето колку му се променил животот за време на овој процес и отпосле, тој најмногу се осврнува на промената на погледите во животот и поместување на границите и лимитирањата.rn
    rn

    „Мојот живот не се смени толку, колку што ми се смени погледот кон животот. Промената најмногу ја почувствував во мојот карактер, бидејќи успеав да си докажам на себеси дека не постои пречка којашто ќе ме оддалечи од успехот.rnrnМи се поместија границите во животот, а тоа мислам дека беше најголемата награда после целиот процес на слабеење. Ако до вчера бев личност за којашто успех беше да изигра добра партија на компјутер со пријателите, денеска успех ми е да пренесам порака којашто ќе ги смени животите на многу луѓе.“

    rnrnОткако успеал да се врати на нормална тежина, тој не прекинал тука. Виктор постојано внимава на исхраната и вежбањето. Не само што го одржува својот изглед, туку и секогаш цели на едно скалило повисоко.rn
    rn

    „Се разбира кога нели ќе ја исполните целта станувате гладен за поголем успех. Па така до 2013 година се ориентирав кон чистење од масти, бидејќи тоа е процес којшто е макотрпен и долг. Пред сѐ, главен проблем е храната, бидејќи треба да се привикнете на алкалната диета односно јадење исклучиво суров зеленчук и овошје. Вака успеав да го симнам присуството на масти во моето тело на 7 проценти.rnrnПоследниве шест месеци, сакав успехот да го кренам на малку повисоко ниво, па се придржував на исхрана за зголемување на мускулната маса, односно консумација на многу месо и јаглехидрати и секојдневно посетување на тератана. Ја зголемив мојата телесна маса од 80 килограми на 94 килограми, а последниве 2 недели сум на чистење односно намалување на мастите во моето тело. Моментално тежам 89 килограми, а до 10 ти август според планирањето, со соодветни тренинзи би требало да стигнам до 85 килограми со 6-7 проценти присуство на масти.“

    rnrnИнспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограмиrnrnОвие неколку збора за крај, можат да ви бидат инспирација за успех на секое поле од животот. Виктор успеа, зошто да не и вие?rn
    rn

    „Здравјето е најважното нешто што човекот може да го поседува во текот на животот. Ако вие не се грижите самите за себе, не очекувајте луѓето околу да се грижат за вас. Луѓето се обесхрабруваат најмногу од туѓите мислења. Само одлучете дека сакаат да ослабнете… нема причина зашто не би ја постигнале целта ако цврсто се решите. Општо за сите работи во животот, треба да ја жртвуваме сегашноста за иднината.rnrnДодека јас бев во процесот на слабеење, имав многу критики од домашните, од пријателите, од познаници… секоја можна критика ја примив, секоја можна препрека ја поминав … многу работи ми кажаа само една не ми кажаа – како да се откажам. Сфатете ја вредноста на животот, затоа што животот нема реприза.“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Наставник ја носи истата облека за на табло 40 години

    Наставник ја носи истата облека за на табло 40 години

    Дејл Ирби од Ричардсон, САД е учител по физичко кој е познат во основното училиште „Престонвуд“ по неговата 40-годишна традиција, да се фотографира секоја година за таблото, носејќи ја истата облека. Првата фотографија од Дејл облечен во неговата кошула од полиестер и џемпер со боја на кафе, е направена во далечната 1973 година и наредната година, без тој воопшто да забележи, ја одбрал повторно истата облека за фотографирање.rn
    rn

    Ми беше толку срам кога ги добив фотографиите втората година и сфатив дека сум сосема исто облечен како и првата година.“ – вели Дејл

    rnНо без разлика на тоа, неговата сопруга го предизвикала да го стори истото наредната година и после таа, па така таа облека станала негова традиција во последните 40 години.rn

    1973 – 2012

    rnНаставик ја носи истата облека за на табло 40 годиниrn

    1973/1974Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1975/1976Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1977/1978Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1979/1980Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1981/1982Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1983/1984Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1985/1986Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1987/1988Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1989/1990Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1991/1992Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1993/1994Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1995/1996Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1997/1998Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    1999/2000Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    2001/2002Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    2003/2004Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    2005/2006Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    2007/2008Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    2009/2010Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn

    2011/2012Наставик ја носи истата облека за на табло 40 години

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики

    Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики

    Тригодишното девојче Ирис Халмшоу има аутизам, а обожава да слика, бидејќи со тоа ја подобрува својата концентрација и фокусирањето. Делата од нејзиното сликање се апстрактни и импресионистички. Според многумина нејзините дела потсетуваат на славниот Моне.rnrnТригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите сликиrnrnВо уметничките кругови веќе се зборува за нејзината работа. Еден приватен колекционер веќе купи две нејзини слики по 1.500 фунти, а набрзо се планира и изложба на нејзините слики во Лондон.rnrnТригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите слики Тригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите сликиrnrnИрис не може да збори, а другите деца ѝ сметат и ја прават нервозна. Но, уметноста ја смирува и сега таа е составен дел од нејзината терапија.rnrnТригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите сликиrnrn rn

    „Кога лекарите открија дека Ирис пати од аутизам, клучно беше да пронајдеме нешто што таа би сакала да го прави. Ја однесов во игротека, но за неа тоа беше премногу стресно. Имаше напад и неверојатно голем излив на бес, ја гризеше устата додека не покрвави. Затоа одлучив да ѝ направам игротека дома. Земавме голем број играчки, но таа еден ден почна да црта и тоа многу ја расположи“ – вели нејзината мајка Арабела Картер Џонсон.

    rnТригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите сликиrnrnИрис сè повеќе почнала да слика, а кога нејзините родители виделе дека таа има голем талент, решиле да ја споделат нејзината уметност со светот.rnrnТригодишно девојче со аутизам воодушевува со своите сликиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар

    Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар

    Во една зоолошката градина во американската држава Џорџија меѓу животните постои пријателство кое сме го виделе само во цртаниот филм „Мадагаскар“. Таму мечката Балу, лавот Лео и тигарот Шир Кан се дружат исто како да припаѓаат на истиот вид.rnrnХармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигарrnrnТие се во зоолошката уште од мали нозе, кога биле одземени од некој дилер на дрога кој се обидувал да ги дресира за сопствени потреби притоа малтретирајќи ги. Плашејќи се дека кога-тогаш ќе почнат да се борат меѓусебно, луѓето од зоолошката се обиделе да ги раздвојат и да ги стават во посебни живеалишта, но наишле на одговор кој не го очекувале. Трите животни покажувале јасни знаци дека не сакаат да живеат одвоено еден од друг. Решиле да ги остават заедно извесен период и да ја следат состојбата меѓу нив пред конечно да ги раздвојат, но тие веќе 12 години живеат во хармонија која сите ги изненадува. Доколку денеска ја посетите оваа зоолошка градина може да ги забележите Балу, Лео и Шир Кан како трчаат и си играат заедно наоколу, како се бркаат еден со друг, се забавуваат со топка или јадат заедно.rn
    rn

    „Мислам дека маките низ кои поминале како малечки ја зацврстиле врската меѓу нив. Тие биле сè што имале. Се имале само еден со друг“, вели Алисон Хеџкот од зоолошката.

    rnХармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигарrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавиот свадбен подарок кој една мајка може да му го даде на синот

    Најубавиот свадбен подарок кој една мајка може да му го даде на синот

    Еден корисник на сервисот Reddit потпишан под псевдонимот justgrant2009 се пофалил со многу интересен и емотивен свадбен подарок кој го добил од својата мајка. Додека тој растел, неговата мајка собирала сè што тој оставал во своите џебови, кога ги оставал алиштата за перење.rnrnНајубавиот свадбен подарок кој една мајка може да му го даде на синот
    rn

    „Додека растев, кога ќе заборавев нешто во моите џебови и ќе ги ставев алиштата за перење, мајка ми секогаш ќе провереше дали нешто сум заборавил и доколку најдеше нешто, го ставаше во една стаклена тегла на најгорната полица во собата за перење. Паметам како дете, толку многу посакував некои од тие работи да ги добијам назад, но беше забрането дури и да ѝ се доближиш на теглата. Кога помина време и бев доволно возрасен за да можам да се прикрадам и да дојдам до неа, веќе ја прифатив ситуацијата и сфатив дека нема да ги добијам тие работи назад.rnrnПоминаа многу години и целосно заборавив на теглата, сè до минатиот мај. Се оженив, и на пробната вечера, кога моите родители држеа говор, мајка ми од под масата извади една голема украсна кеса. Таа одржа краток говор објаснувајќи како со текот на годините таа ги собирала работите од моите џебови и во тој момент сфатив ’Ќе ја добијам теглата’. Почнав да плачам уште пред да заврши да зборува. Откако заврши, ја отворив кесата и видов дека не само што ја добив теглата, туку дека ја добивам во форма на ламба (и да, таа го затворила врвот на ламбата, па сѐ уште не можам да ја отворам)“ – напиша тој.

    rnНајубавиот свадбен подарок кој една мајка може да му го даде на синотНајубавиот свадбен подарок кој една мајка може да му го даде на синотНајубавиот свадбен подарок кој една мајка може да му го даде на синотНајубавиот свадбен подарок кој една мајка може да му го даде на синотНајубавиот свадбен подарок кој една мајка може да му го даде на синот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Никогаш не би погодиле од што е направен овој фустан

    Никогаш не би погодиле од што е направен овој фустан

    Многу девојки мечтаат еден ден, кога ќе дојде моментот, да го облечат совршениот венчален фустан. Но, кога 6-годишната Хана Милингтон Деј го смислила дизајнот на овој фустан како од бајките, не помислила на негово носење, туку на јадење!rnrnНикогаш не би погодиле од што е направен овој фустанrnrnМалечката Хана дошла до идејата за овој сладок „фустан“ во реална големина, кога видела фотографија од нејзината мајка во нејзиниот невестински фустан. Од тука, работата за печењето на тортата ја презела нејзината мајка Дона, која е слаткарка по професија и ја има компанијата „Fairytale Cake Company“. За да ја подготви ѝ биле потребни 224 јајца, 12 кг брашно, 12 кг шеќер во прав и 12 кг путер, а потрошила цела седмица за да ја заврши.rnrnНикогаш не би погодиле од што е направен овој фустанrnrnДобиениот резултат е сладок фустан висок 180 см и направен од 17 пандишпани, 22 кила шеќерна глазура и стотици шеќерни бисери. Со оваа торта можат да се заблажат дури 2.000 гости.rnrnНикогаш не би погодиле од што е направен овој фустан
    rn

    Г-ѓа Милингтон Деј, која има 36 години вели: „Хана ги разгледуваше моите стари свадбени фотографии и тогаш ми предложи да го рекреираме мојот фустан. Мислев дека тоа е одлична идеја.“

    rnНикогаш не би погодиле од што е направен овој фустанrnrnЕнормниот десерт беше презентиран на 1 март на најголемиот настан за свадби во Велика Британија „National Wedding Show“, во Бирмингам. Г-ѓа и г. Милингтон Деј не планираат да ја продаваат тортата, туку да ја стават на излогот во продавницата за слатки, но продажната цена би ѝ била околу 6.900 евра.rnrnНикогаш не би погодиле од што е направен овој фустанrnrnПа, ако имате толку пари и 2.000 гости на вашата свадба, бујрум во нивната слаткарница. Се прашуваме само, како ли невестата ќе исече парчиња од овој благ, прекрасен фустан? :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.