КАФЕ ПАУЗА

Category: Рак

  • Стрелец и рак – љубовна комбинација

    Стрелец и рак – љубовна комбинација

    Кога рак и стрелец стапуваат во љубовна врска, тие мораат да бидат многу трпеливи и да ѝ дадат време на нивната врска да се развие и да созрее. Со тек на време, двајцата партнери ќе сфатат дека тие имаат многу работи да си понудат еден на друг. На почетокот може да изгледа дека стрелецот е во потрага по нешто кое ќе го возбуди и ќе му го покачи адреналинот, а  ракот е поскромен и е задоволен сé додека врската му ја обезбедува емоционалната сигурност.Стрелец и рак – љубовна комбинацијаНивните карактерни разлики може да доведат до различни потреби и очекувања на партнерите на почетокот од врската. Така, на ракот може да му е потребна поголема приврзаност и блискост, отколку што стрелецот е спремен да даде. Но, доколку цврсто се борат за нивната врска и ја надминат оваа почетна фаза, стрелецот ќе научи како да ја почитува силната емоционална поддршка која неговиот рак му ја дава.rnrnСтрелецот и ракот имаат спротивставени погледи кон животот. Луѓето родени во хороскопскиот знак рак се емотивни, нежни и имаат традиционални сфаќања, додека стрелецот е еден неуморен „скитник“. Преголемата емотивност на ракот, може да биде неиздржлива за авантуристичкиот стрелец. Истовремено, ракот може да ја негира неуморноста и потребата на стрелецот за разни активности надвор од врската.rnrnИ покрај нивните разлики, овие партнери можат да бидат среќни заедно. Ракот може да му понуди на стрелецот безбеден дом, место во кое тој ќе може да продолжи да „сонува“ за реализација на неговите амбиции во иднина. Слободоумниот и оптимистички настроен стрелец, за возврат може да му понуди на својот партнер разновидност и возбуда во секојдневниот живот.rnrnРакот е управуван од Месечината (емотивност), а стрелецот од Јупитер (филозофија). Месечината ја симболизира љубовта, нежноста и семејниот инстинкт. Јупитер пак го фокусира стрелецот кон развој на интелигенцијата, оптимизмот, успехот и нескротливата желба за патувања.rnrnЉубовната врска сочинета од партнери родени во знаците стрелец и рак, е успешна комбинација во која циркулира прекрасен баланс од мажествена и женствена енергија. Кога заеднички работат кон остварување на некаква цел, миксот од нивните различни карактери може да резултира со голем ефект во постигнувањето успеси.rnrnОвие партнери можеби понекогаш нема да ги сфаќаат постапките и потребите на својот љубен/а, но ако успеат да застанат на иста бранова должина, страстите помеѓу нив ќе се разгорат и тие ќе бидат незапирлива сила. Ако научат да ги вреднуваат нивната интимна конекција, пријателскиот однос и ги почитуваат нивните различни гледишта кон работите, недоразбирањата помеѓу нив можат да исчезнат.rnrnВо оваа врска, стрелецот е партнер кој постојано се префрла од една на друга работа, од една на друга авантура, во согласност со неговиот моментален инстинкт, додека ракот пак е иницијаторот на нови планови. Во секој случај, за да успеат да се одржат заедно на долг рок, ракот ќе мора да му ја даде на стрелецот потребната слобода и простор за реализација на неговите индивидуални интереси, кои не се во склоп на врската. Ракот може да му даде на стрелецот одлични предлози и совети за некоја работа, дури и ако тој веќе решил да се откаже од истата и продолжил понатаму. Стрелецот пак го учи својот рак, како да го „отвори“ својот ум и да ја пронајде убавината во флексибилноста.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата стрелец-рак, е сигурноста и безбедноста која тие можат да си ја понудат еден на друг, сé додека ракот му ја даде слободата која му е неопходна на стрелецот. Тие ќе бидат компатибилен пар ако се искрени и отворени еден кон друг и доколку успеат да ги прифатат нивните различни филозофии за животот. Ако нивната комуникација остане јасна и отворена, ракот и стрелецот ќе сочинуваат една стабилна и среќна заедница.

  • Скорпија и рак – љубовна комбинација

    Скорпија и рак – љубовна комбинација

    Љубовната врска помеѓу скорпија и рак е базирана на енергичност и страст, благодарение на нивната емоционална и интензивна природа. Хороскопски знаци какви што се овие, најчесто се многу компатибилни, бидејќи силните карактерни особини на секој од партнерите, ги балансира недостатоците на другиот. Помеѓу скорпијата и ракот постои силна сексуална привлечност, а кога се заедно, температурата во собата постојано расте. Овие знаци имаат многу заеднички работи и голем потенцијал да ја одржат страста во нивната врска.Скорпија и рак - љубовна комбинацијаСкорпијата и ракот сакаат да си купуваат поклони и да создаваат комфорност во домот. Ракот е во потрага по сигурност, а скорпијата сака да се чувствува моќно. Тие во мислите се окупирани со акции, обврзници, наследства, имот и се што е поврзано со обезбедување финансиска безбедност. Тие се надополнуваат еден со друг, бидејќи и двајцата се грижат за домот и се многу лојални кон членовите на нивното семејство. Животот го доживуваат како една страсна и длабока емоционална вежба за поврзување со луѓето.rnrnРакот е предводен од Месечината која е симбол на неговата емотивност, додека Марс – симболот на страста и Плутон – планетата на моќта, се водилки на скорпијата. Овие два знака ја формираат основата на љубовните врски – ракот е оној кој ја негува нивната љубов, а скорпијата во неа внесува амбициозност и страст. На ракот му е важен развојот и обновувањето на работите во животот, а скорпијата ужива во страсната страна на романтиката. Скорпијата е интензивна, а ракот е привлечен од таа нејзина енергичност.rnrnДвата знаци имаат длабоки чувства како океан кои немаат дно. Лојалноста помеѓу партнерите е на завидно ниво, бидејќи потребата од емоционална сигурност е заедничка за двајцата. Но, додека ракот ја насочува својата емоционална енергија кон негување на семејството и домот, скорпијата се обидува да ги одгатне различните нијанси во животот. Таа се обидува да открие какви тајни се кријат зад намерите на другите луѓе и колкава е нивната моќ на влијание врз туѓите емоции.rnrnСкорпијата може да го понесе ракот со себе на своето патување под површината на нештата, во буквална смисла на зборот. Срдечниот рак за возврат, може да ја научи скорпијата да се отвори кон самата себе, притоа објаснувајќи ѝ дека чувствата не се нешто од кое треба да се плаши.rnrnСкорпијата ја цени практичноста на ракот, а тој ужива во нејзината љубомора. За него тоа претставува доказ дека скорпијата ја цени, негува и одржува нивната љубов. Кога овие партнери имаат заедничка желба, таа секогаш се претвора во реалност. Но ако нивните ставови се спротивстават, ракот прв ќе иницира кавга, а скорпијата ќе го има последниот збор во истата. Ракот може да делува како доминантен партнер во оваа врска, но тоа не е секогаш точно. Скорпијата понекогаш намерно ја прекинува расправијата и го прифаќа ставот на ракот како објективен, сметајќи дека обидот за промена на неговото мислење е невозможна мисија.rnrnИ двата знака манипулираат со емоциите на партнерот, за да му се одмаздат. Наместо да дозволат несогласувањата и лошите чувства да ги совладаат, овие партнери мораат да дискутираат за она што ним навистина им е важно, со цел да постигнат справедлив компромис. Кога еднаш скорпијата и ракот ќе успеат да почнат да веруваат еден во друг, тие ќе можат да ги достигнат сите можни задоволства во нивната врска и да уживаат во нивната чиста љубов, базирана на лојалност и преданост. Оваа врска единствено не би успеала, во случај ако двајцата тврдоглави партнери не најдат начин да ги премостат нивните спротивставени мислења.rnrnКој е најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу скорпија и рак? – тоа што тие можат да бидат многу моќен и импресивен тим, ако нивните цели и мотиви се слични. Кога ракот ќе сфати дека скорпијата е тука за него на долги стази и дека нивната врска е емотивно продуктивна – оваа љубов може да цвета.

  • Вага и рак – љубовна комбинација

    Вага и рак – љубовна комбинација

    Кога вага и рак се во љубовна врска, тие меѓусебно си ги надополнуваат оние работи кои недостигаат кај секој од нив. И двата знака бараат сигурност и безбедност во врската и уживаат во убавината и задоволствата кои ги пружа животот. Кога имаат иста цел, вагата и ракот умеат хармонично да ги „измешаат“ нивните енергии. Овој пар може побавно да прогресира во однос на други, бидејќи на почетокот ним може да им изгледа дека немаат ништо друго заедничко освен потребата за добро друштво, блискост и убавина. Но, ако си дадат повеќе време за да се запознаат подобро, ќе препознаат многу квалитети кај секој од нив, кои вредат за почит.rnrnВага и рак – љубовна комбинацијаrnrnИ на вагата и на ракот им е многу важно чувството на среќа и изразувањето на мислите и чувствата. Ракот го привлекува шармот, воздржаноста и тактичноста на вагата, а нејзините дипломатски способности може да го смират и во најкритичните ситуации. Од друга страна, вагата која е љубител на естетска убавина и хармонија, го почитува ракот поради неговиот инстинкт за негување на домот и безбедноста која доаѓа во пакет. Ракот има тенденција да избрзува со заклучоците и да донесува непромислени одлуки без да ги знае сите факти. Затоа е тука неговата вага која може да му помогне да ги види и другите перспективи на ситуациите. Ракот е предводен од Месечината која ги симболизира чувствата, а вагата од планетата Венера која е симбол на љубовта. Овој пар дели заедничка љубов кон домот, семејството и романтиката. Овие партнери најчесто би избрале хармоничен однос во врската, а не карање. Повеќе од која било друга љубовна комбинација, овој астролошки пар внесува чувство на топлина, нежност и стабилност на луѓето околу него.rnrnНаспроти нивното согласување и единство, кај овој пар може да се јават несогласувања. Во тој контекст, вагата ги формира своите ставови врз база на разумот, па понекогаш може да се однесува супериорно и снобистички спрема својот љубовник. Од друга страна, ракот го гледа светот низ „емоционални леќи“ па лесно можат да му бидат повредени чувствата. Додека ракот го креира мислењето врз база на инстинктот и говорот на телото и е задоволен кога се земаат предвид неговите чувства, вагата бара нешто што ќе ѝ го стимулира умот, обидувајќи се да ја најде логиката на нештата. Поради ваквите разлики, на овие партнери понекогаш им е тешко да се разберат еден со друг. Конфликт може да настане и доколку ракот е премногу нерасположен и намќорест, а вагата премногу иронична и провокаторски настроена. Наместо да се караат кој повеќе се бори за врската, кој ги носи одлуките или кој ја одржува контролата, двата партнера треба да научат дека тие имаат различни гледишта кон светот. Ако неодлучноста на вагата го иритира ракот, таа може да ги употреби својот шарм и справедливост и да се согласи со неговите одлуки, но за таа цел тој мора да престане да се мурти. И двата хороскопски знаци се иницијатори по природа, што значи дека кога нивните идеи и погледи се разликуваат, настанува вистинска војна.rnrnКоја е најдобрата работа во оваа љубовна комбинација? – Нивната заедничка почит кон стабилноста, хармонијата во домот и љубовта кон удобниот живот. Сличните вкусови и желби ги зближуваат овие партнери, кои целосно се предаваат на врската и заеднички уживаат во нивната одлична смисла за убавина.