КАФЕ ПАУЗА

Category: Рак

  • Какви се машките и женските ракови под површината?

    Какви се машките и женските ракови под површината?

    Какви се жените родени во знакот рак?

    rnЖенските ракови се познати по нивниот силен мајчински инстинкт, заштитничка природа и тенденција кон честа нерасположеност. Тие се секогаш инспирирани да им помагаат на другите и да одат до крај за да ги заштитат оние кои ги сметаат за „свои луѓе“.rnrnКакви се машките и женските ракови под површинатаrn

    Еве неколку особини кои можете да ги сретнете кај жена, чиј астролошки знак е рак:

    rn

      rn011

    • Однадвор цврсти, но однатре меки. Ова значи дека мајчинската страна на раковите, е добро истренирана. Тие можат ефикасно да ги воспитаат и дисциплинираат нивните деца, но истовремено и да им покажат голема љубов и нежност.
    • rn011

    • Неверојатно лојални, женските ракови се најчесто и одлични сопруги. Тие се чувствуваат одговорни за заштитата на нивното семејство.
    • rn011

    • Но, овој знак секако има и неколку мани. Повеќето ракови, имаат комплекс на помала вредност, како и тенденција да реагираат прекумерно на не толку важни работи. Исто така, тие имаат тенденција лесно да се навредуваат и да си ја „трескаат главата од земја“ поради тоа. Понекогаш е тешко да ги дешифрирате овие жени. Тие имаат тенденција да живеат во минатото или во нивниот имагинарен свет.
    • rn011

    • Ако сте жена-рак, вие сте дипломат и мирољубец. Не сакате конфронтации, но доколку треба да одбраните пријател, вие дефинитивно ќе го направите тоа, без многу двоумење.
    • rn011

    • Карактерните особини кај овие жени варираат од срамежливост до желба да бидат во центарот на вниманието. Тие може да бидат чувствителни, љубезни, романтични, да имаат уметничка душа, но знаат да бидат и ексцентрични, надуени, самобендисани и наметливи.
    • rn

    rnДа се биде рак, е одлично кога работите се тргнати кон нагорна линија. Опколени со позитивна енергија, жените родени во овој знак се фантастични лидери, уметници, инспиративни говорници и одлични пријатели.rnrnКакви се машките и женските ракови под површинатаrn

      rn011

    • Нивните емоции интензивно „пливаат“ под цврстата надворешност. Нивната „женска интуиција“ е многу силна, па поради тоа тие многу се „потпираат“ на неа во донесувањето одлуки.
    • rn011

    • Кога се најлошо расположени, женските ракови се познати по нивната намуртеност. Поради нивната голема варијација во расположението, тие секогаш ги разбираат чувствата на нивните пријатели.
    • rn011

    • Ако сте жена со хороскопски знак рак, вие најверојатно почесто ја користите фразата „Јас чувствувам“, отколку „Јас мислам“, „Јас верувам“, „Те слушам“. Ова е резултат на влијанието на Месечината врз вашиот карактер. Жените-ракови имаат тенденција да размислуваат со нивното срце, наместо со нивната глава, но ова не претставува негативна карактеристика во сите случаи.
    • rn011

    • Раковите ги интересира фантазијата, мистеријата и магијата на животот. Тие сакаат да го осознаат непознатото.
    • rn011

    • Жените ракови имаат интерес за одгледување растенија, чување животни и грижење за други луѓе. Може да се чувствуваат среќно доколку се занимаваат со градинарство, готвење, волонтирање во животински засолништа и покажување разни видови љубезност и грижа за други луѓе.
    • rn011

    • Домот на ракот му е важен онолку колку што им е гнездото на птиците. Тие сакаат да имаат место во кое навечер ќе се вратат, после ден поминат во надворешниот свет. Тие не се антисоцијални, но сакаат да имаат некое место, гнездо, засолниште, кое ќе можат да го наречат нивен дом, кој има нежен, смирувачки ефект врз нив. Тие преферираат да седат дома, отколку да „скитаат“ низ градските улици.
    • rn

    rn

    Какви се мажите родени во знакот рак?

    rnКарактеристиките на машките ракови, се во главно исти со оние на женските припаднички, но тие може да ги манифестираат на различен начин. Мажите со хороскопски знак рак, го ценат фамилијарниот живот повеќе од сè друго и сакаат да ги разгалуваат оние што ги љубат. Таа особина ги прави големи заштитници на семејството. Доколку сте во потрага по емотивен маж, тогаш ракот можеби е токму она што ви треба. Машките ракови само мораат да запомнат дека разбирањето на туѓите чувства не претставува знак на слабост во нивниот карактер, туку доблест. Типичните машки ракови, се нежни индивидуалци, кои им даваат поддршка на луѓето кои ги сакаат, бидејќи сакаат тие околу него да бидат среќни и задоволни. Но, останатите луѓе мораат да внимаваат на мрачното расположение кое знае понекогаш да ги опфати раковите. Овие луѓе се многу емотивни, но умеат добро да го прикријат тоа и да се заштитат од суровиот свет.rnrnКакви се машките и женските ракови под површинатаrn

    Еве неколку особини кои можете да ги сретнете кај маж, чиј астролошки знак е рак:

    rn

      rn011

    • Лојалноста е јака карактеристика и кај машките ракови.
    • rn011

    • Силната желба за живеење стабилен, урамнотежен семеен живот, е исто така нивна прекрасна особина.
    • rn011

    • Адаптибилноста е уште еден плус во карактерот на машките ракови и покрај тоа што тие преферираат самите да донесуваат одлуки. Таа нивна особина може да се спореди со леснотијата со која водата веднаш го зазема обликот на садот во кој ја всипувате. Но, имајте на ум дека водата може да биде и штетна, на пример може да ја еродира земјата. Машките ракови се доволно силни сами да си ги создаваат промените во животот, но истовремено се способни да се прилагодат на надворешните сили.
    • rn011

    • Овие мажи секогаш внимателно ќе ве слушаат што им зборувате, а типично за нив е тоа што умеат да ви дадат и одличен совет.
    • rn011

    • Раковите се интуитивни и восприемчиви за чувствата на другите. Тоа, колку што е добро за другите луѓе, толку е лошо за самите ракови, бидејќи нивното расположение може да ескалира од една до друга крајност, поради тоа што премногу силно ги чувствуваат туѓите чувства.
    • rn011

    • Мажите родени во овој знак се отворени и најчесто можат да се поврзат и зближат со сите типови луѓе, и покрај тоа што не се најдружељубивите луѓе во зодијакот.
    • rn011

    • Големата чувствителност е друг белег во карактерот на овие луѓе. Таа нивна особина можат најдобро да ја изразат преку колекционирање на нивните спомени во форма на албум со фотографии, споменар или чување стари предмети.
    • rn011

    • Мажите родени во знакот рак секогаш сакаат да им пружат поддршка на другите луѓе, особено кога станува збор за членовите на нивното семејство и пријателите.
    • rn

    rnКакви се машките и женските ракови под површинатаrn

      rn011

    • Самобендисаноста може да биде голема мана во карактерот на машките ракови, бидејќи тие имаат тенденција премногу да се фокусираат на нивниот мал, затворен свет. Ќе морате да се борите доколку сакате да го привлечете нивното внимание, но доколку успеете во тоа, на крајот трудот ќе ви се исплати.
    • rn011

    • Карактерот на повеќето ракови претставува еден збир од контрадикторности. Машките припадници не се исклучок. Тие се фини, добродушни и нежни, но преокупирани сами со себе. Тие се флексибилни кон потребите на другите, но баш и не се некои љубители на промени. Тие се лојални и посветени луѓе, но се премногу склони на промени во расположението, поради што нивните пријатели и членовите на семејството, понекогаш се прашуваат што овој маж навистина мисли за нив.
    • rn011

    • Машките ракови, исто како и женските, ги привлекуваат креативните професии како пишување, музика, уметност, готвење и сл. Тоа е резултат на нивниот карактер, кој е интересен спој на интуиција, инспирација и посветеност на работите кои ги сакаат.
    • rn011

    • Иако машките ракови имаат креативна имагинација, тоа не значи дека нивниот мозок не е ориентиран кон бизнис. Успехот во кариерата кој тие имаат потенцијал да го постигнат, е делумно резултат на нивната настојчивост, интуитивна природа и на нивната способност да комуницираат со другите луѓе. Тие знаат што нивните клиенти сакаат или им треба, уште пред и самите да се свесни за тоа. Најверојатно клучот за нивната среќа во кариерата е пронаоѓање работна позиција која претставува спој од креативност и бизнис клима.
    • rn011

    • Безбедноста е особено важна за машките ракови, па поради тоа тие секогаш ќе наоѓаат начин да си ги „полнат батериите“, за да имаат енергија да успеат на финансиско поле. Тие ја разбираат потребата од пари, за да можат да се чувствуваат комотно во сопствената кожа и притоа да можат да бидат способни да се грижат за луѓето околу нив.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рак и лав – љубовна комбинација

    Рак и лав – љубовна комбинација

    Кога рак и лав се во љубовна врска, тие знаат како да ги задоволат основните емоционални потреби на својот партнер. Секој од нив очекува посветеност, нежност, љубов и грижа од страна на другиот, но додека ракот е во потрага по стабилност и емоционална хармонија, лавот тежнее да му бидат давани комплименти од срце и со искрено восхитување. Двајцата партнери се многу лојални, дури и посесивни еден спрема друг, ракот за да се чувствува безбедно, а лавот за да ја „нахрани“ неговата самодоверба. Тие обострано се залагаат за истрајна и длабока поврзаност. Бидејќи нивните желби имаат многу слична природа, ракот и лавот можат да си пополнат многу важни „празнини“ во нивните животи.Рак и лав - љубовна комбинацијаЛавот и ракот преферираат удобен и стабилен живот. Сакаат да имаат убав, пријатен дом и блиски односи помеѓу членовите од нивното семејство. Лавот внесува имагинација и страст во нивниот дом, а ракот емотивна нота и нежност. Посилната половина во врската е лавот, кој претставува олицетворение на величественост и висок статус. Двајцата партнери се смели, силни и решителни, но мораат секогаш да бидат внимателни еден кон друг и меѓусебно да си ги прифатат и разберат карактерните разлики.rnrnСо ракот управува Месечината, која во него внесува емотивност, длабочина и страст, додека со лавот управува Сонцето, кое во него внесува живост, енергичност и самобендисаност. Лавот поради ваквото влијание од Сонцето, е „топла“, ведра, енергична и ентузијастички настроена личност. Ракот пак, под влијание на Месечината, е нежна личност, која се грижи за другите луѓе и создава и одржува длабоки емоционални врски со нив. Ова е комбинација од мажествена и женствена енергија. Сонцето го симболизира животот, а Месечината негата и напредокот. Сè додека овие двајца партнери се обѕирни во поглед на нивните различни потреби, нивната врска ќе биде одлична.rnrnДвајцата партнери сакаат да бидат победници во секоја игра, но имаат многу различна улога како лидери. Поради оваа разлика, помеѓу ракот и лавот можат да настанат расправии. Доколку тие никогаш не ја земаат нивната врска здраво за готово и ја зацврстуваат со практични и романтични постапки, таа ќе биде значајна за секој од нив и ќе успеат да го пронајдат нивниот заеднички „медиум за комуникација“.rnrnКога се под стрес, лавот станува тврдоглав, а ракот може да почне да се служи со манипулација на емоционална база. Ракот е секогаш во улога на упорен иницијатор за заеднички планови, а лавот ја канализира нивната заедничка енергија, борбено работејќи за нивна реализација. Ако му е даден избор, ракот ќе одбере стабилност и домашен мир, притоа не очекувајќи некаков гламурозен живот или признанија за успех. Од друга страна, лавот сака да ги „растресува“ работите во неговиот живот, трагајќи по необичното и неочекуваното.rnrnИ покрај тоа што овие двајца партнери можат емотивно да се посветат на нивната врска, сепак паралелно секој може успешно да си ги следи своите цели, водејќи се според сопствениот инстинкт. Доколку пак, ракот и лавот не се доволно искрени во поглед на нивните намери во врската, тие може да отидат на едно емоционално возење со ролеркостер, кое ќе нема крај. Ракот со неговото криење зад „невината обвивка“, може да биде тивкиот контролор на оваа врска, а во одреден степен може да почне и да манипулира со неговиот љубен лав, секогаш кога тој чекор ќе му изгледа доволно практичен.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу рак и лав е нивната обострана посветеност и искреност во врската. Заеднички, овој пар може да внесе поддржувачка, позитивна и здрава вибрација во нивниот однос. Луѓето ги доживуваат како совршен пар, а нивната заедничка потреба за стабилна врска полна со љубов, ги тера да се борат за хармонија и среќа.

  • Астролошки профил на родените во знакот рак

    Астролошки профил на родените во знакот рак

    (21 јуни – 22 јули)

    rnАстролошки профил на родените во знакот ракЕдна од основните карактеристики на раковите е нивната тенденција кон честа промена на расположението, од една кон друга крајност, која е резултат на емоциите кои во моментот ги облеваат. Некогаш можете да ги видите во типично „журкаџиско“ расположение, како уживаат во сопствената кожа, се смеат на туѓите шеги и делуваат како најдостапната личност за разговор на забавата. Другпат, пак може да бидат сосема емотивно затворени, нежелни за разговори и смеа и седнати сами во некој ќош. Ваквиот чест „пресврт“ во нивното однесување, е првата работа по која ќе препознаете дека некој е рак во хороскоп.rn

    Нежни и грижливи

    rnРаковите се најсреќни и најмногу „блескаат“ кога ја имаат слободата да се грижат за некој. Тие уживаат помагајќи им на другите луѓе. Оваа нивна особина не се однесува само на луѓето, раковите се нежни и грижливи и со животните.Астролошки профил на родените во знакот ракrn

    Срамежливи

    rnРаковите се многу љубезни и полни со љубов за другите луѓе, но кога станува збор за изразување на нивните чувства, тие постануваат многу срамежливи. Тоа е резултат на нивната заштитна обвивка, која си ја создаваат со цел да го спречат излегувањето на површина на нивните „слаби точки“. Како и да е, со тек на време, кога ракот подобро ќе ве запознае и ќе се почувствува безбедно покрај вас, ќе почне сè повеќе да ги изразува неговите чувства и ќе ви ја покаже неговата нежна и грижлива страна.rn

    Таинствени

    rnДали сте знаеле дека тука на планетата Земја, имаме можност да ја видиме само едната страна на Месечината? Тоа е така, бидејќи Месечината не ротира исто како Земјата. Тоа значи дека ние ја гледаме само едната страна, или едното лице на Месечината. Овој факт за Месечината, која е управител на знакот рак, може да помогне во расветлувањето на неговиот карактер. Раковите се понекогаш толку таинствени, бидејќи се чувствуваат најбезбедно кога кријат нешто од остатокот од светот. Токму таинственоста ја прави Месечината специјално небесно тело, а луѓето родени во овој хороскопски знак – исклучителни личности.rnrnАстролошки профил на родените во знакот ракrn

    Кога раковите се среќни?

    rnРаковите се среќни кога се чувствуваат слободно да ги изразат нивните чувства без да се плашат и без да бидат прекорувани од некој друг. Овие срамежливци смртно се плашат од идејата дека некој нема да го прифати нивното мислење, па доколку сметаат дека постои најмала шанса тоа да се случи, тие инстантно ќе се повлечат во нивниот заштитен оклоп.rnrnРаковите исто така се чувствуваат одлично кога можат да ја споделат нивната љубов кон нешто, како на пример пишување проза или поезија, со најблиските луѓе во нивниот живот. Ова прави раковите да се чувствуваат одлично во врска со нивната улога во светот.rn

    Страв да бидат неприфатени од другите

    rnДруга карактеристика на раковите е нивната тенденција да се чувствуваат гневно и налутено многу често. Ако тие се почувствуваат на било каков начин омаловажено од некоја личност (без разлика дали е реално така или само си замислуваат), раковите ќе му дозволат на бесот да расте во нив, сè до оној момент додека не експлодира на површина.rnrnПроблемот кај раковите е тоа што многу нешта можат да создадат чувство на гнев во нивната душа. Тие имаат неверојатно бујна фантазија и кога не ја користат оваа нивна креативност во некаква продуктивна цел, стануваат деструктивни. Едноставно кажано, многу е тешко да ги задоволите очекувањата на ракот. Најдоброто нешто кое можете да го сторите е да почекате да „излезат“ од песимистичките мисли и да се вратат во нивниот нормален шармантен мод.rn

    Грижливи и сочувствени

    rnРаковите поседуваат многу позитивни нешта кои можат да му ги понудат на светот. Тие имаат непресушен извор на добродушност, која ако им дадете шанса, со задоволство ќе ви ја покажат. Постои огромна разлика помеѓу тоа да се биде фин и да се биде добар, а раковите се најсвесни за тоа. Без разлика дали станува збор за згрижување на болното куче на улица, или хранење на бездомник, раковите се секогаш првите луѓе на светот кои ќе ви помогнат. На раковите секогаш можете да сметате и да се потпрете, без разлика дали станува збор за љубов, пари или давање совет и поддршка. Ракот ќе ви подаде рака! Другите луѓе го почитуваат и обожаваат ракот бидејќи тој е грациозен, великодушен и секогаш желен да им помогне на оние помалку среќните. Знаејќи го ова, воопшто не е зачудувачки тоа што ценетата принцеза Дијана беше рак во хороскоп.rnrnАстролошки профил на родените во знакот ракrn

    Интуитивни

    rnНајбитната карактеристика на раковите е нивната интуиција. Заедно со срцето полно со љубов, доаѓа и нивната моќна интуитивна сила, која умеат да ја пренесат на другите. Исто како што месечевата светлина не води низ темнината, така и нивната интуиција изгледа како да ги води низ животот.rn

    Не се директни личности

    rnРаковите не сакаат недоразбирања и конфронтации, па поради тоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да ги избегнат. Не е тајна дека раковите се многу емотивни луѓе и нивните чувства лесно можат да бидат повредени. Ако еднаш им забиете нож во грб, на таа рана ќе и треба долго време (ако не и цела вечност) за да се залечи. Поради стравот од чувствување толку интензивна емоционална болка, раковите решаваат максимално да ги одбегнуваат сите ситуации кои можат да доведат до тоа.rnrnАстролошки профил на родените во знакот ракrn

    Неочекувани особини на раковите

    rnЗборови како „емотивни“, „интуитивни“ и „грижливи“ оддаваат впечаток како раковите да се многу кревки уѓе, кои ќе се скршат ако го дувнете. Но, нека не ве залажува нивната емотивност, бидејќи длабочината на душата нема никаква врска со стабилноста и цврстината на човекот. Особини кои другите луѓе се изненадени кога ќе ги сретнат кај рак вклучуваат:rn

    Бес

    rnНа раковите им е потребно многу лутина да им се собира за да избувнат, но кога тоа ќе се случи, подобро пазете се! Ова најверојатно е така, како резултат на тоа што раковите долго време се трудат да ги потиснат нивните гневни емоции, па кога еднаш ќе решат да ги пуштат да испливаат на површина, донесуваат големи одлуки. Така, многу луѓе се изненадуваат од ракот, бидејќи си ги спакувал торбите и си заминал, наместо, како и вообичаено да го прифати фактот дека ќе биде намуртен и депримиран, сè додека не се случи нешто кое ќе го расположи.rn

    Преземаат акција

    rnКога најмалку тоа го очекувате, ракот се впушта во акција, без разлика дали смета дека постапува исправно или погрешно.rn

    Неверојатно издржливи

    rnРаковите се моќни личности, кои можат да се справат со секаков соперник кој стои на нивниот пат кон успехот. Не за џабе ракот има клешти нели? Па затоа, доколку забележите дека некој рак што го познавате, е решен да се бори за нешто свое, бидете сигурни дека нема да се откаже после првата изгубена битка.rn

    Склони кон депресија

    rnКога е во меланхолично расположение ракот може да постане најстудената личност на планетата и ќе ве поведе со себе во депресивните мисли. Раковите имаат тендендција да размислуваат песимистички, но најчесто го кријат тој нивен страв зад нивната широка насмевка и смисла за хумор. Раковите сакаат да сонуваат големи соништа и според нив, „само небото е граница“. Кога плачат, тоа го прават бидејќи се навистина длабоко повредени однатре. Остар поглед или груб тон на глас, можат лесно да го повредат ранливото срце на ракот. Кога е повреден, ракот или ќе се исплаче од срце или ќе „одмора„ во неговиот заштитен оклоп. Како и да е, не е типично за ракот да му се одмаздува на оној кој му згрешил. Доколку реши да се затвори во своето безбедно психичко катче, бидете сигурни дека никако нема да можете да пристапите до него. Тој нема да крева на телефон, нема ви отвори на врата кога ќе му заѕвоните, ниту ќе го проверува сандачето за имејл пораки.rnrnАстролошки профил на родените во знакот ракrn

    Имаат бујна фантазија

    rnДодека разговарате со некој рак, ќе забележите дека неговите фацијални експресии ќе се променат многупати, отсликувајќи ги неговите многубројни емоции. Секое животно искуство влијае врз неговиот карактер и се врежува во неговата меморија. Тие имаат навистина бујна фантазија и понекогаш успеваат да го пренесат нивното моментално расположение на другите луѓе. Раковите го помнат сето она на кое животот ги научил и се вистински патриоти. Минатото ги интригира, па поради тоа тие обожаваат и да колекционираат антички предмети и разни остатоци со богато историско значење. Раковите се одлични чувари на туѓите тајни, па не е чудно што луѓето им се доверуваат по автоматизам.rn

    Искрени пред себе, затворени пред другите

    rnИнтересно е тоа што, неговите сопствени мисли и тајни, ракот си ги чува стриктно само за себе. Типичен рак никогаш не би разговарал за својот приватен живот со која било личност. Целата неговата емоционалност ја крие на сигурно под неговата цврста кора и доколку сакате да се зближите со рак, ќе треба да му покажете доволно грижа и љубов, за да започне да ви верува. Ракот ретко ги осудува другите луѓе, бидејќи има меко срце, се грижи за другите и секогаш ја нуди својата помош. Но, тој исто така, очекува да види дали и некој друг ќе му помогне нему. Ако одговорот е да, ракот ќе стои настрана и ќе и дозволи на таа личност да биде „спасителот“. Во случај никој да не му понуди помош, ракот секогаш ќе биде тој кој ги „спасува“ останатите во нужни ситуации. Тој може да пристигне во последната минута, но ќе ве спаси токму во моментот пред да се удавите. Ракот не е себичен, но се труди да не избрзува и да не биде импулсивен. Пред да направи некој поголем чекор, на ракот му е потребна силна поддршка од некој негов близок. Без потпора, ракот мрази да презема ризик на своја рака.rn

    Потреба од емоционална безбедност

    rnРакот тешко ги заборава туѓите грешки, а особено ги памети и своите. Тој ќе жали за нив и ќе му треба многу време додека да ги преболи и да премине на следниот чекор. Ракот обожава да биде дома, со неговите најблиски, бидејќи таму се чувствува најбезбедно. Премногу сигурност не е доволно за него. Тој секогаш сака повеќе и повеќе стабилност, љубов и грижа во животот. Несигурноста може да го одведе до депресивни мисли и физички да го ослаби. Како и да е, раковите имаат неверојатна моќ на самолекување. Сè што им е потребно се моментите на среќа, оптимистични мисли и смеење во големи дози. Таквата потреба ја имаат бидејќи се склони кон негативни мисли и секогаш се подготвени за неочекувани нешта од иднината.rnrnАстролошки профил на родените во знакот ракrn

    Потенцијал да стекнат богатство

    rnРаковите исто така се способни да направат многу пари, а потоа знаат и да управуваат со нив. Тие имаат големо срце и се желни да им помогнат финансиски на најблиските, секогаш кога тоа им е потребно.rn

      rn011

    • Ракот најмногу си одговара со: девица, скорпија, риби и бик.
    • rn011

    • Животно мото: „Силната одбрана е најдобрата одбрана“.
    • rn011

    • Омилени бои: зелена, сиво-сребренкаста, крем и бела
    • rn011

    • Најсоодветни професии: поети, писатели, познати актери, фотографи, уметници, археолози, историчари, доктори, менаџери, политичари, менаџери на човечки ресурси, готвачи, социјални работници, наставници
    • rn011

    • Најголема предност: способноста на раковите да се грижат за другите луѓе
    • rn011

    • Најголема потенцијална слабост: чувствување страв дека лошото искуство од минатото ќе се повтори во иднината.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рак и рак – љубовна комбинација

    Рак и рак – љубовна комбинација

    Љубовната врска помеѓу двајца ракови е нежна, емотивна и исполнета со љубов и разбирање. Овие партнери си се меѓусебно посветени, верни и бескрајно лојални.rnrnДвајца ракови во љубовна врска, се способни да научат „како дише“ нивниот партнер. Бидејќи се многу слични по природа, секој од раковите го знае најдобриот начин како да му ја „затопли душата“ на својот љубен/а, а во напнати ситуации, ќе знае и како да му ја „разлади главата“. Главни карактеристики во оваа врска се верноста, грижата, меѓусебната помош и сочувственоста во однос на потребите на нивниот партнер.Рак и рак - љубовна комбинацијаРаковите кои се во сериозна врска, се ориентирани кон создавање заеднички дом и чувство на фамилијарен живот во него. Меѓутоа, за да се случи тоа, овие партнери мораат да ја надминат нивната тенденција кон депресивно размислување, самосожалување, како и служење со манипулација за да го добијат тоа што го сакаат. Доколку раковите успеат да го контролираат нивниот непостојан карактер и променливо расположение, оваа врска ќе биде задоволувачка и нежна за двајцата.rnrnРаковите најдобро се чувствуваат кога се дома. Кога еднаш ќе се заштити во своето свето засолниште, ракот може да заборави на надворешниот суров свет, да не обрнува внимание на мислењето на другите луѓе и да се грижи само за она што се случува зад затворените врати од неговиот дом.rnrnИсто како што раковите си ги чуваат и пазат материјалните работи кои ги поседуваат, така секогаш се обидуваат и да го заштитат и одбранат својот љубен/а од каква било опасност. Посветеноста и желбата на раковите да се борат за опстанок и успех на нивната врска, се навистина најјаките особини кои тие ги имаат, во поглед на љубовта.rnrnКонфликти во оваа врска може да настанат како резултат на промените во расположението на раковите, но уште поопасна е нивната суптилна вештина за емоционална манипулација, од која секој треба да се пази. Раковите треба да престанат да се служат со неа, бидејќи таа е лошо средство за добивање на она што го сакаат од партнерот, кое може сериозно да и наштети на нивната врска.rnrnРакот е управуван од Месечината и неговото расположение е чувствително на нејзините месечни циклуси. Токму влијанието на Месечината внесува во ракот мајчинска грижа, нежност и желба да се помогне на најблиските. Ваквата негова енергија, помага во креирањето топла и безбедна домашна средина и совршено љубовно гнездо за развој и одржување на една здрава љубовна врска.rnrnРакот е воден знак. Интуицијата и емоциите се главни двигатели на врската помеѓу двајца ракови. Во пакет со нивните длабоки, интензивни интуитивни моќи, доаѓа и кршливоста на ракот, поради што неговите чувства лесно можат да бидат повредени. Кога е исплашен и повреден, ракот емотивно се затвора, на тој начин заштитувајќи се од надворешниот свет. Меѓутоа честото психолошко затворање, може да ù наштети на која било врска во која едниот партнер е рак. Двајцата ракови во врска, најверојатно ќе имаат повеќе разбирање за потребите на својот љубовен партнер за личен простор и поминување некое време сам со себе, кога тоа претставува негова нужност. Клучот за разбирање на нивната потреба за повремено поминување време насамо, е таа да се прифати како составен дел од нивниот карактер и воопшто да не се поврзува со запоставување или негрижа кон партнерот. Заеднички, раковите се способни да се заштитат себеси и нивниот партнер од суровата реалност која постои во надворешниот свет.rnrnИ покрај тоа што ракот не е баш физички активен знак, неговите брзи емоционални рефлекси и моќите за перцепција, му овозможуваат умешно да се брани кога е под стрес. Ракот воопшто не се срами да го побара, но и да го добие токму она што го сака од својот љубовен партнер. Првата особина која доаѓа до израз кај ракот кога е под стрес, е неговата груба заштитничка настроеност кон својот партнер, кога смета дека постои некаква опасност по нивната врска. Но, овие нападни изливи на емоции, можат да ги повредат чувствата на неговиот партнер. Жестоката лојалност може да создаде блискост во љубовната врска помеѓу двајца ракови, но ако се поминат границите на нормалното, може да претставува опасност за нејзиниот опстанок. За да не се случи ова второто, двајцата партнери мора да настојуваат да ги погледнат нештата низ очите на нивниот љубовник.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу рак и рак е нивната комплетна меѓусебна преданост и посветеност, како и цврстата емоционална нишка која силно ги поврзува. Овие партнери меѓусебно се заштитуваат и безбедно ја чуваат нивната љубов, од надворешниот свет. Тие целат кон креирање убаво уреден и топол заеднички дом, како и создавање семејство.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и рак – љубовна комбинација

    Близнаци и рак – љубовна комбинација

    Близнаците и ракот заедно создаваат љубопитна врска. Чувствителниот, емотивен рак има тешкотија јасно да комуницира, но јасната комуникација, пак, е токму она што го одликува близнакот. Кавалерската природа на близнакот, во комбинација со дарбата за елоквентно и убедувачко зборување, може да го охрабри ракот да излезе надвор од својата школка побрзо од вообичаено. Ракот, пак, може да му возврати на близнакот на тој начин што ќе го научи да забави малку и да ужива во животот, за што динамичните близнаци ретко имаат време. Ако близнаците го игнорираат ракот или не му ја обезбедуваат сигурноста и интимноста која му е нему потребна, може да настане проблем. Овие два знака му приоѓаат на светот на различни начини, па затоа мора да научат да си ги прифаќаат разликите.Близнаци и рак – љубовна комбинацијаРакот е знак на домот и срцето, додека близнаците се мислители. Тие лесно можат да ја преземат улогата на витез во сјаен оклоп кој ќе го чува ракот, додека овој може да возврати покажувајќи голема грижа да ги заштити оние кои ги сака. На ракот многу му е важен животот во домот, па затоа ќе ги размазува близнаците со готвење од срце, мека постела и материјална удобност. Ракот е јако интуитивен и успева да оствари скоро духовна конекција со саканите, но тој има тенденција да биде посесивен и да го идеализира својот партнер-близнак. Доколку близнаците јасно му дадат до знаење на ракот дека тој е сакан и почитуван, тогаш сè во врската ќе оди како подмачкано.rnrnБлизнаците се водени од планетата Меркур (комуникација), а ракот од Месечината (емоции). Ракот обично ги потиснува чувствата длабоко во себе и тешко му е да ги покажува. Тој му завидува на близнакот за неговата способност да се отвори и јасно да се изрази. Близнаците можат да имаат корист од интуитивниот пристап на ракот. За разлика од брзоплетоста на близнакот, ракот е посталожен и може да го поттикне својот партнер да ја намали брзината со која поминува низ различните нешта во животот и да ги доживува поцелосно, пред да се истрча да го направи следниот чекор.rnrnБлизнаците се воздушен знак, а ракот е воден. Ако овие два партнери успеат да функционираат како пар, може да бидат одличен тим, со оглед на тоа дека најдобрите одлуки се донесуваат комбинирајќи ги умот и емоциите. Проблем во оваа врска е да се научи да се соработува со другиот. Партнерите имаат многу различни погледи на светот, што некогаш може да делува дека немаат ништо заедничко. Длабокиот, емотивен рак може некогаш да го „разводнува“ ентузијазмот на „сувиот“ близнак, а лесниот близнак со брз ритам на живот може да го вознемири ракот, па дури и да го уништи во духовна смисла. Но, баланс може да се постигне, и тоа доколку двајцата партнери научат отворено да комуницираат меѓу себе.rnrnБлизнаците се флексибилни и сакаат да се препуштат на работите додека некој друг ги води во животот. Ракот е иницијатор и сака да го овозможи таквото водство за својот љубен близнак. И близнаците можат да се обидуваат да бидат водачи и да покажат храброст, дури и спротивставување, но за да течат работите мазно и мирно, двајцата партнери треба да знаат кога да се повлечат назад и да му овозможат на другиот да ја води врската.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна врска е можноста да се издигнат заедно до големи височини, штом претходно ќе сфатат дека се сродни души. Близнаците секогаш размислуваат однапред за работите, а ракот ги поддржува неговите идеи „зад сцената“. Овозможувајќи му го она што на другиот му е потребно, партнерите ја прават оваа врска сосема исполнувачка.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и рак – љубовна комбинација

    Бик и рак – љубовна комбинација

    Кога две личности од спротивниот пол со хороскопски знаци бик и рак стапуваат во љубовна врска, најчесто формираат добра љубовна комбинација. Бикот и ракот се за само две позиции оддалечени еден од друг во зодијакот, а тоа значи дека имаат тенденција за формирање една цврста кармичка конекција и длабоко меѓусебно разбирање. Двајцата партнери ја ценат сигурноста и стабилноста во врската, повеќе од сè друго. Тие сакаат да се грижат еден за друг и да се негуваат. Така, ракот сака емоционално да го негува бикот, а бикот пак го разгалува својот љубен давајќи му сензуални задоволства, скапи подароци и убави богати оброци. Двајцата партнери уживаат во домашна атмосфера, па совршен избор за нивен љубовен состанок, е ноќ помината дома, во прегратки со душичката.Бик и рак – љубовна комбинацијаЉубовното партнерство сочинето од бик и рак има тенденција да биде многу среќно, поради нивното обострано уживање во сигурноста и комфорот кои ги овозможува домот. Тие сакаат да имаат убав дом, цврста љубовна врска, квалитетна храна и да поседуваат скапи материјални работи, односно сакаат да уживаат во сите удобности кои ги нуди семејниот начин на живот. Бикот и ракот најчесто се способни да формираат едно идеално семејство кое е ориентирано повеќе кон фамилијарниот живот, отколку кон надворешниот свет, па секој друг отстрана би им позавидел. Единствен поголем проблем помеѓу овие партнери може да настане доколку бикот инсистира сè да биде по негово, а ракот на тоа реагира со демонстрирање лошо расположение, муртење и лутење. Бикот мора да ја разбере емотивната природа на ракот, а ракот пак мора да научи да разговара отворено и искрено и да престане да се служи со емоционални манипулации и уцени.rnrnБикот е управуван од планетата Венера (љубов), а ракот од месечината (емоции). И во двата хороскопски знака доминира женствената енергија. Ракот обично ги чува неговите емоции затворени некаде длабоко во него, каде ги остава долго време да „крчкаат“, што најчесто завршува со „прелевање на чашата“. Тоа значи дека неговите длабоки чувства, честопати ескалираат во пренагласени реакции, во ситуации кои не заслужуваат толку многу внимание. Токму поради неговата емоционална затвореност, ракот го привлекува отворената, искрена и храбра природа на бикот. Како што месечината го диктира настапувањето на ноќта и заминувањето на денот и тивко влијае врз целиот жив свет, така и ракот манипулира „зад сцената“. Овие партнери најмногу уживаат во заедничко друштво и немаат тенденција многу да се социјализираат во големи друштва.rnrnБикот е земјен знак, а ракот воден, па во оваа врска ракот го негува бикот, исто како што дождот ја негува земјата и им овозможува на плодовите да пораснат. Бикот од друга страна има постабилен поглед кон животот и е помалку склон кон емоционални турбуленции од ракот. Поради тоа, бикот може да му помогне на ракот да научи да ги контролира неговите „немирни“ чувства. Двајцата партнери мораат да бидат внимателни во однесувањето еден кон друг, бидејќи на бикот може да му здодее од променливото расположение на ракот, а ракот од друга страна може да си мисли дека бикот е нечувствителен во однос на неговите потреби.rnrnБикот има непроменливи навики. Кога еднаш ќе оформи мислење по едно прашање, нема да го промени, сè дур не се случи нешто поголемо што ќе го натера да се замисли. Ваквата особина на бикот, може да претставува безбедна „емоционална карпа“ за ракот, бидејќи тој ќе верува дека бикот е целосно посветен на нивната врска, а неговите љубовни чувства се цврсто фиксирани. За возврат, ракот може да внесе инспирација во нивната врска, започнувајќи да работи на нови проекти, за кои бикот со задоволство ќе сака да презема одговорност подоцна.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо бик-рак е способноста на партнерите да креираат од себе спремен, истраен и надежен тим. Двата знака се потпираат еден на друг и умеат меѓусебно добро да се негуваат, фокусирајќи се кон нивниот заеднички живот. Нивната заедничка љубов кон домот и безбедноста, ја прави оваа врска идеална, долготрајна и ориентирана кон фамилијарниот живот.

  • Овен и рак – љубовна комбинација

    Овен и рак – љубовна комбинација

    Кога овен и рак се во љубовна врска, се работи за случајот: „спротивностите се привлекуваат“. Овенот е брзоплет и наметлив, а ракот е сензитивен и емотивен. И овенот знае да биде доста емоционален, но на страстен и импулсивен начин, кој може тотално да го „разоружа“ ракот. И покрај тоа што ракот не се избрзува кога станува збор за љубовните врски и сака да оди чекор по чекор, енергичниот пристап кој го има овенот, може многу да го стимулира на позитивни промени во животот. Овенот од друга страна, може да ја смета емоционалноста на ракот како многу привлечна карактерна особина, бидејќи таа е одличен баланс на неговата острина и директност.Овен и рак – љубовна комбинацијаПроблеми во оваа љубовна врска може да настанат ако расположението на ракот постане премногу променливо, или доколку агресивноста на овенот почне да ги повредува чувствата на ракот. Овенот и ракот мораат да научат да ги слушаат желбите и потребите на својот љубовен партнер и да сфатат дека имаат различен темперамент, кој не треба да ги попречи да работат кон остварување на нивните заеднички цели. На овенот му е најбитно да успее во животот и да го „нахрани“ неговото его, додека на ракот му е најбитна хармонијата во домот и семејството.rnrnДруга моќна движечка сила во оваа врска е екстремната заштитничка настроеност на секој од знаците кон нивниот љубовен партнер. Емоционалниот и сочувствен рак секогаш умее да му помогне на својот партнер и семејството кога тоа наидува на некои проблематични ситуации, а овенот ја користи неговата сила и храброст за да се бори против сè што му наштетува на неговото семејство.rnrnРакот може да му овозможи на овенот среќен семеен живот и емоционална стабилност. Но, понекогаш може да се случи ракот да изгради премногу идеализирана слика за неговиот љубен овен и да постане премногу посесивен, што може многу да го иритира независниот овен. Како и да е, овенот може да помогне во ваквата ситуација, на начин што ќе му даде на знаење на ракот дека го љуби најмногу на светот и дека вечно ќе ја негува нивната љубов. Овенот мора да научи да го слуша она што ракот му го зборува, бидејќи ракот се потпира на неговиот инстинкт и интуиција, па неговиот совет може да му помогне да избегне да носи непромислени одлуки, предизвикани од неговата типична неспособност за добро планирање.rnrnОвенот е предводен од планетата Марс, а ракот од Месечината. Марс бил Богот на војната, а овенот е војник кој е спремен да одговори на секој предизвик кој стои пред него. Искрената, отворена, дарежлива и страсна природа на овенот му е многу привлечна на ракот. Тој во себе поседува една интензивна женствена енергија, а овенот може да му помогне да научи како да ја искористи за реализирање на неговите соништа. Во оваа врска, ракот е оној кој од позадина „ги влече конците“, а овенот е оној кој се впушта во битки.rnrnБлагодарение на неговата сентиментална природа, ракот може да му помогне на овенот да сфати дека понекогаш треба да го забави темпото и да ја цени убавината на животот, наместо постојано да трча од една на друга ствар. Од друга страна, овенот го учи ракот да не биде срамежлив и храбро да се бори за она што е негово. Но, понекогаш ракот знае да биде манипулативен со емоциите на неговиот овен, што може да го „убие“ неговиот ентузијазам. Исто така, овенот од своја страна знае да биде многу критичен и остар и поради тоа да ги повреди чувствата на ракот. За да функционира нивната врска и за да постои баланс помеѓу нив, ракот и овенот мораат отворено и слободно да разговараат. И двајцата се иницијатори, кои мораат да научат да соработуваат.rnrnНадворешно, овенот изгледа како да е лидерот во врската, кој секогаш се обидува да најде нов предизвик во животот, но и ракот е индиректно „главен“, поради неговата емоционална контрола и способноста да излезе на крај со секаква ситуација. Ракот обично има поголема желба да направи компромис секогаш кога тоа е неопходно, за разлика од овенот, кој побурно реагира и си стои на зборот. Поради тоа, ракот најчесто ќе треба прв да попушта во конфликтните ситуации.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација овен-рак, е нивната многу интересна компатибилност. Во моментот кога ќе успеат да ги надминат бариерите и ќе сфатат дека работат во истиот тим, тие се една незапирлива сила. Активниот и енергичен овен секогаш е некаде надвор добивајќи го вниманието од другите луѓе кое му е потребно за потхранување на неговото его, а емоционалниот рак, секогаш го подржува во неговите амбиции во позадина. Оваа врска е многу урамнотежена, поради тоа што секој од партнерите има способност да го надополни она кое на другиот му недостасува.

  • Риби и рак – љубовна комбинација

    Риби и рак – љубовна комбинација

    Љубовната комбинација помеѓу риби и рак претставува позитивно соединување на две големи души. Двата знака се во основа толерантни и сочувствени, а рибата добива бран на енергија од идеите кои ги има ракот. Таа може да му ги отвори очите на нејзиниот рак, кон светот на креативноста и духовноста. Практичноста која ја има ракот, пак може да биде водич за рибата, кој ќе и помогне да ги реализира нејзините соништа и утописки идеи. Она што го прави овој пар „небесен“, е нивната неверојатно цврста и повеќеаспектна емоционална конекција.Риби и рак - љубовна комбинацијаРакот ги цени материјалните работи, удобниот живот и богатиот дом, па понекогаш може да не умее да го сфати едноставниот, минималистички животен стил на рибата. И покрај тоа што овие двајца партнери може да имаат различен животен стил и да тежнеат кон остварување на различни цели, сепак она што секогаш ќе ги поврзува и ќе додава вредност на нивната врска, е нивната емоционална длабочина и поврзаност.rnrnРакот е управуван од Месечината (емотивност), а рибите од Јупитер (филозофија) и Нептун (илузија и соништа). Кога Месечината и Нептун се поврзуваат, создаваат една духовна конекција. Двата знака зрачат со нежна, женствена енергија. Заеднички, тие создаваат една идеалистичка, речиси божествена унија, во која акцентот е ставен на заедничките соништа и илузии на партнерите. Рибата е воедно предводена и од Јупитер, планетата на среќата, која додава мажествена енергија на оваа комбинација и репрезентира филозофија, развој и неумереност. Природата на оваа љубовна комбинација е утопистичка и е облеана со емоционална интригантност. Емоција, длабочина, топлина и развиток – сето ова звучи премногу добро за да биде вистинито нели? Но, не и за овој пар.rnrnОвие два хороскопски знака очекуваат многу од нивните љубовни врски. Ракот треба да внимава да не ја попречува рибата во нејзиното мечтаење, бидејќи таа ќе почне да се задушува од премногу барања. Рибата живее за да креира добра конекција со луѓето во нејзиниот живот и кога таа нејзина карактеристика доаѓа во комбинација со интуицијата и нежноста на ракот, нема поцврста врска од оваа.rnrnЗа да не се претопи нивната врска во еден нереален романтичен идеализам, помага стабилниот поглед кон животот кој го има ракот. Тука не станува збор за тоа дека ракот некако успева да се справи со мечтателската природа на рибата. Ракот искрено ја разбира емоционалната двосмисленост на рибата и може да и помогне да ја стабилизира нејзината фантазерска природа. Недоразбирања во оваа љубовна врска може да настанат доколку рибата се умори од отсутноста и расеаноста на ракот, а на ракот пак може да му здодее од нарцисоидноста на рибата. Во секој случај, на овој пар му е прилично едноставно да постигне компромис.rnrnИнтуитивен во љубовта и во животот воопшто, ракот сака да ги реализира целите со добро осмислена идеја на ум и цврст план запишан на лист хартија, за да може ги следи неговите етапи. Рибата од друга страна, најчесто во реализирањето на своите цели се потпира на инстинктот. Дури и ако ракот, како нејзин љубовен партнер, и го состави планот на хартија и ѝ го даде готов, таа, метафорично кажано, најверојатно ќе го изгуби. Тоа значи дека ракот треба да и даде на рибата слобода да си ги следи нејзините сопствени интереси и да и овозможи да си го прави ќефот без да биде уплашена од неговите побарувања и очекувања од неа. Рибата може да му покаже на ракот дека успешното завршување на работите, може да биде многу поважно од самата иницијатива за истите и дека компромисот без борба, понекогаш може многу да се исплати.rnrnРибата и ракот меѓусебно се „хранат“ од енергијата на својот љубовен партнер и се многу комплементарни љубовници. Најдобриот аспект од нивната врска е нивната слична емоционална природа. Тие одлично се разбираат, меѓусебно се поддржуваат и негуваат и двајцата умеат да се стават и во улога на ученици и во улога на наставници. Хармонијата, приврзаноста и соживувањето со ставовите и чувствата на својот љубен, е она што го одржува ова партнерство многу цврсто.rnrn

  • Водолија и рак – љубовна комбинација

    Водолија и рак – љубовна комбинација

    „Спротивностите се привлекуваат“ е реченица која ја опишува љубовта помеѓу партнерите со хороскопски знаци рак и водолија. Водолијата има необичен поглед кон животот, а ракот светот околу него го гледа низ една емоционална призма. Додека ракот честопати сака да одмара и да се релаксира во неговото „дувло“, водолијата ја користи секоја можна прилика да излезе надвор од дома, да се социјализира, да организира некоја журка и да се врати со еден куп спомени од незаборавниот помин. Водолијата сака да биде меѓу нејзините пријатели. Социјалните „збиранки“ се едноставно – нејзина ствар. Ако ракот и водолијата успеат да ги спојат нивните поединечни квалитети на позитивен начин, ќе успеат и да ги реализираат нивните соништа. И двата знака се амбициозни и решителни, сакаат да го остварат тоа што го замислиле и не сакаат да се расправаат.Водолија и рак – љубовна комбинацијаРакот е старомоден, има традиционални размислувања и живее според една иста рутина. Водолијата, од друга страна е многу модерна, современа и мрази монотоно секојдневие, поради што може да се проѕева од досада додека ги слуша работите во кои ракот наоѓа комфор. Од друга страна, ракот може да биде заинтригиран од смислата за авантура и возбуда која ја има неговата водолија, но неговиот традиционален ум може да се случи да не може да држи чекор со револуционерниот ум на водолијата. И покрај тоа што водолијата нема да ја цени посесивноста која ја има ракот, таа сепак може да ужива во стабилноста која тој може да и ја овозможи. Но, таа не сака тоа да го признае на глас.rnrnУправител на ракот е Месечината (емотивност), а на водолијата се Сатурн (Карма) и Уран (Бунт). Месечината во ракот внесува нежност, емоции и грижа за напредокот на работен план и во семејниот живот, кои се централни теми во животот на речиси секој припадник на овој хороскопски знак. Сатурн во водолијата внесува студена, мажествена енергија, волја за напорна работа и дисциплина кои водат кон патот до успехот, додека пак Уран ја симболизира целата необичност, уникатност на овој знак, како и неговата тенденција за кроење планови за далечната иднина.rnrnОваа љубовна врска ќе има поента за водолијата, ако и двајцата партнери гледаат „напред“ и не се плашат да си ги извалкаат нивните раце од напорна работа. Ракот може да ја научи дружељубивата, интелигентна водолија како да ја цени вредноста и длабочината на емоционалните импулси, а неговата нежност ќе внесе убавина и удобност во нивната врска. Додека ракот ја подучува водолијата за емоционално отворање на нејзиното срце, таа би дала сè да може да се „извлече“ од непријатни ситуации кои излегуваат од контрола. Но тоа не значи дека водолијата е „студена“ личност; од топлината и нежноста која ја шири ракот во врската, таа сепак може да научи многу.rnrnВодолијата го гледа животот како интелигентна вежба на умот, со која мозокот непрестајно се развива, а ракот за разлика од неа е попрактичен и реален. Кога ракот престанува да се прашува „Како ова прави да се чувствувам?“, водолијата продолжува и понатаму да се прашува „Што уште се крие таму?“. На водолијата и ракот може да им претставува тешкотија да го разберат „светот“ во кој живее нивниот партнер, а конфликт може да настане доколку водолијата стане премногу „ладна“, а ракот премногу емотивен. Несогласувањата може да завршат на начин што партнерите ќе сфатат дека се борат за различна цел: ракот ќе продолжува да бара повеќе и повеќе, а водолијата сè повеќе и повеќе ќе се оддалечува. Со прифаќањето на фактот дека нивните „светови“ се различни, ракот и водолијата можат успешно да ги прославуваат нивните спротивставени карактери, наместо да ги доживуваат како закана за нивната врска.rnrnАко партнерите имаат добро обмислен план, тие ќе го почитуваат до крај. Доколку тие научат да ја вреднуваат нивната врска и ги искористат нивните заеднички особини – истрајност и упорност, никогаш нема да го изгубат тоа што го имаат и постојано ќе мислат еден на друг. Ако наидат на пречки на патот до нивната среќа, водолијата може да се обиде да сфати дека ракот е срамежлив и сака понекогаш да се повлекува во домашна атмосфера, а не дека тоа е негов начин за емоционална манипулација врз неа. Секако ракот треба да се труди да не биде преемотивен. Ако се договорат да работат на заедничка цел – нивната меѓусебна среќа, тие ќе можат да имаат убава врска.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е тоа што, кога ќе решат дека сакаат да бидат заедно, да се борат за нивната љубов, комбинирајќи ги нивните различни енергии, тие ќе пронајдат еден природен баланс и ќе се забавуваат токму поради нивните разлики. Кога тоа ќе се случи, ракот и водолијата постануваат една необорлива сила.

  • Јарец и рак – љубовна комбинација

    Јарец и рак – љубовна комбинација

    Божественото љубовно гнездо сочинето од партнери со хороскопски знаци јарец и рак, е основано на безусловна љубов и истрајност. Јарецот секогаш се потпира на логика и се труди да биде што е можно поприземен и реален. Ракот внесува емоционална нота во нивната врска. Двајцата партнери меѓусебно се држат до високи стандарди калени по пат на постојана меѓусебна почит.Јарец и рак – љубовна комбинацијаВо својот партнер со хороскопски знак јарец, ракот гледа посветен и предан партнер, а јарецот за возврат, ја почитува неговата доследност и истрајност. Јарецот и ракот се спротивни знаци во зодијакот, што им овозможува да формираат една успешна и стабилна конекција. Нивната врска се создава и развива врз база на финансиска и емоционална сигурност.rnrnДвата знака се склони кон донесување конзервативни одлуки. За да не стане нивната врска премногу сериозна и официјална, ракот може да придонесе со тоа што ќе му покаже на својот трудољубив јарец како да се релаксира на крајот од денот и да си даде малку време за себе да ужива во плодовите од трудот. Ракот воедно, постојано ќе им дава сјај и ќе ги одржува придобивките од нивното знаење, способности и таленти.rnrnРакот е носталгичен и ги негува сопствените спомени и чувства. Јарецот ќе му помогне на емотивниот рак да се насочи кон побитните работи во животот, како што е постигнувањето успеси, наместо да се посветува на нешта кои му го повредуваат лесно ранливото срце. Оваа врска ќе успее на долги патеки, ако помеѓу овие два партнери постои необорлива поврзаност и стабилно, традиционално домашно опкружување.rnrnРакот е предводен од Месечината која ја симболизира неговата емотивност, а Сатурн (карма) управува со јарецот. Влијанието на месечината во ракот, го прави овој знак нежен, чувствителен, грижлив, дарежлив и интуитивен, а Сатурн во јарецот внесува ладна, мажествена енергија, дисциплинираност и целосна посветеност кон постигнување успеси во кариерата.rnrnЉубовниот партнер со хороскопски знак рак, може да го научи својот јарец како да ужива во убавините на животот и да ја цени убавината и удобноста. Ракот, навистина ужива во „измазнување“ на острите карактерни особини на својот партнер, по пат на нежности и грижа. Јарецот од своја страна, може да и даде баланс на преголемата емотивност на својот партнер-рак, со тоа што ќе му ја даде потребната стабилна емоционална база во нивната врска. Паралелно јарецот ќе го научи својот партнер да биде подисциплиниран и да ги остварува своите планови и цели до самиот крај.rnrnИ покрај тоа што нивните карактери се сосема различни, (јарецот се посветува на стекнување материјални добра, а ракот се фокусира на своите емоции, интуиција и носталгичност), сепак овие два знака имаат многу заеднички желби и потреби. Тие сакаат да бидат опкружени со убави работи, како на пример достоинствен и удобен дом, фасцинантни уметнички дела, скапи автомобили… Нивната заедничка потреба да бидат економски стабилни, како и нивната потреба од раскош, дава гаранција дека овој пар напорно ќе работи кон остварување на овие, а и други заеднички стремежи. Нивната заедничка љубов кон убавите работи, ќе го спречува конфликтот меѓу партнерите, кој вообичаено настанува во љубовните врски кога едниот од партнерите се обидува да живее на висока нога, трошејќи повеќе пари отколку што заработува.rnrnИ ракот и јарецот се енергични, страсни и иницијативни луѓе. И покрај тоа што овие нивни карактерни особини можат да бидат причина за динамитни конфликти, сепак тие истовремено се и основните материјали за градење на цврст емоционален, материјален темел во нивната врска. Нивната спротивставена емоционална природа, не преставува ни малку пречка во нивната љубов. Јарецот е практична и темелна личност, која секогаш си ја завршува својата работа педантно, квалитетно и на време, а ракот пак е секогаш тука за него, кога му е потребен длабок емотивен совет. Ова партнерство дефинитивно ќе успее, ако овие партнери си дозволат еден на друг да ги употребуваат нивните индивидуални квалитети.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација рак-јарец е нивната комплетна посветеност еден кон друг, како и нивната обострана заложба за реализирање на нивните заеднички соништа. И двата знака се љубители на квалитет, убавина, луксузни работи, па токму затоа ниеден од нив не ескивира од внесување енергија во малку понапорна работа. На јарецот всушност, работата му е на прво место во животот. Нивните заеднички страсти, чувството на одговорност и морал, ги прави високо компатибилни партнери.