КАФЕ ПАУЗА

Category: Видео арт

  • Чоколадна магија

    Чоколадна магија

    Уметничкото здружение NAM од Токио, за потребите на кампањата City Chocolate Trail, ги изработи овие неверојатни фотографии. Иако на прв поглед имате чувство дека станува збор за некакви преработки во Фотошоп, всушност се работи за една единствена фотографија. Со помош на тенки жици, уметниците успеале да создадат магија каде чоколадото лебди околу вас.

    rn

    Чоколадна магија

    rnrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магична ноќ на Алпите

    Магична ноќ на Алпите

    Кога ќе се спушти ноќта, вообичаената спектакуларна убавина на Алпите добива сосема поинаква димензија. Стрмните снежни предели, симпатичните планински куќички, шумите, светлата од ски-центрите, одблесокот на месечината во снегот, надополнети со чистото ѕвездено небо креираат слика од бајките.rnrnМагична ноќ на АлпитеrnrnОвие романтични секвенци се собрани во едно видео, кое ќе ве остави без здив. Тоа е дело на белгискиот видеограф Метју Вандепут, а е снимено во ски-центарот Мерибел на Француските Алпи, во првата недела на 2012.rnrnМагична ноќ на АлпитеМагична ноќ на Алпитеrnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Убавината на Јосемити собрана во едно прекрасно видео

    Убавината на Јосемити собрана во едно прекрасно видео

    Јосемити е веројатно најпознатиот и најфотографираниот национален парк во САД и во светот, а има и зошто. Неверојатната дивина составена од преубави предели од карпи, пештери, водопади, брзаци и шуми со огромни секвои секоја година пречекуваат околу 3,7 милиони туристи кои доаѓаат да „вкусат“ дел од ова ремек дело на природата.rnrnУбавината на Јосемити собрана во едно прекрасно видеоrnrnНие ќе се обидеме да ве пренесеме до Јосемити преку следново видео направено од фотографите Шелдон Нил и Колин Делеханти кои, фасцинирани од сето она што ќе го видите, поминале некое време во дивината, снимиле огромен број фотографии и ги споиле во ова запрепастувачко видео во HD резолуција. Уживајте!rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Радоста на подарувањето

    Радоста на подарувањето

    Овој краток анимиран филм ја опишува радоста на подарувањето, а е дело на американскиот аниматор и режисер Кирстен Лепор за потребите на божиќното издание на едно детско шоу.rnrnРадоста на подарувањетоrnrnОд неа било побарано да направи краток филм со којшто на децата ќе им објасни дека убавината на празниците е, меѓу другото, во тоа што имаме прекрасен повод да им подаруваме на нашите најдраги. Со тоа кај нив предизвикуваме среќа, а ние уживаме гледајќи ги како се смеат и му се радуваат на подарокот што сме го одбрале. Впрочем, чинот на подарувањето е поважен од самиот подарок.rnrnrnrnДоколку сè уште не сте решиле што да подарите за Нова година, прочитајте ги овие 10 предлози за совршен новогодишен подарок.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бушава азбука на англиски

    Бушава азбука на англиски

    Кога ќе се присетиме на детството, на ограничените ТВ програми и на почетоците на нашето образование, неизбежно е низ сеќавањата да наидеме на „Бушавата азбука“. Со неа ги научивме буквите од нашето писмо, но што е поважно, научивме како нив да ги асоцираме со некои зборови. А – Авијатичар! :)rnrnБушава азбука на англискиrnrn„The Alphabet 2“ е кратко видео, кое по сè изгледа ја користи оваа идеја, притоа применувајќи разни техники и материјали во мали и големи простори. Создадено од мултидисциплинарното дизајн студио во Италија „n9ve, ова видео ù доделува збор и значење на секоја буква, визуелно презентирајќи го на креативен, и секогаш различен начин. Она што недостасува е изговорот на буквите и зборовите.rnrnКако што се напредни новиве генерации, не е лошо да го зачувате видеово како 32-ра епизода од Бушава азбука.rnrnrnrnДа се потсетиме малку и на Бушава азбука… Кое видео е подобро?rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Почеток на една љубовна приказна…

    Почеток на една љубовна приказна…

    Зад ова филмско ремек дело, насловено „Nuit Blanche“ (Непреспиена ноќ), стои 30-годишниот француски режисер Arev Manoukian, а е во продукција на „Spy Films“.rnrnКраткиот филм, е снимен во Париз, а прикажува еден бурен момент на конекција помеѓу маж и жена, кои никогаш во животот се немаат сретнато, до мигот кога нивните погледи ќе се судрат и инстантно ќе создадат фатална магнетската привлечност. Никој и ништо на светот не е посилно од нивната љубов за да може да ги раздели.rnrnПочеток на една љубовна приказна...rnrnОна што „Nuit Blanche“ го прави маркантен и незаборавен, е црно-белата техника, забавената снимка, експлозиите од вода и стакло и целокупниот впечатлив приказ на безусловната страсна љубов помеѓу мажот и жената. Продолжените секунди ги отсликуваат чувствата кои секој од нив ги има за другиот, а времето само по себе е експресија на нивната преголема, дури болна потреба да бидат заедно.rnrnПочеток на една љубовна приказна...rnrn„Непреспиена ноќ“ ја освои главната награда на LG-Филмскиот фестивал, одржан во 2010.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Симетрија во секојдневието

    Симетрија во секојдневието

    „Симетрија“ е феноменално парче уметност, филм во кој се покажани сличностите и разликите во секојдневниот живот. Филмот е направен од филмското студио Everyone со седиште во Њујорк во соработка со RadioLab.rnrnСиметрија во секојдневиетоrnrnДали светот е полн со совршена симетрија и правилно распоредени нешта во парови или, сепак, живееме во едностран универзум? Ова кратко видео ќе ви покаже дека неправилните парови се прекрасни.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Мислев на тебе“

    „Мислев на тебе“

    „Мислев на тебе“ (Thought of you) е фантастична 2Д анимација, комбинирана со традиционални техники, дело на уметникот Рајан Вудворд.rnrn„Мислев на тебе“rnrnНаместо анимација со јасна приказна, Рајан одлучил да креира дело кое допира до личните чувства на гледачот, притоа секој доживувајќи го на различен начин. Инспирацијата доаѓа од комплексноста на интимните врски.rnrn„Мислев на тебе“rnrnМислев на тебе е дел од личниот проект на авторот, Conte Animated, кој се базира на неколку концепти: цртање на човечки фигури со примена на различни креативни пристапи, 2Д анимација, современ танц и експериментирање.rnrnrnДоколку сакате да го видите начинот и процесот на работа на анимацијата, погледнете го краткиот документарец.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.