КАФЕ ПАУЗА

Category: Видео арт

  • Живописниот град Чикаго во ноќта

    Живописниот град Чикаго во ноќта

    Ова фантастично тајмлапс видео е направено од страна на Макс Вилсон, кој објаснува дека тоа претставува резултат на неговото двегодишно лутање во ноќите низ улиците на Чикаго.rnrnЖивописниот град Чикаго во ноќта
    rn

    „Проектот го започнав во април, 2012 година, откако бев инспириран од снимката ‘We are Chicago‘ од Рос Гербаси. Во тоа време правев тајмлапс видеа и редовно вежбав. Нешто во светлата и ноќта во Чикаго е магично. Тој е единствен град со исклучителна архитектура“ – вели Макс.

    rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дозволете Исланд да ви го одземе здивот

    Дозволете Исланд да ви го одземе здивот

    Колку пати и да се зборува или да се прикажуваат слики и видеа од Исланд, секоја нова визуелна средба со природата од овој остров ќе го остави човек без зборови, исто како да се среќава со него за првпат.Дозволете Исланд да ви го одземе здивотНајновото тајмлапс видео доаѓа од корејскиот видеограф кој се нарекува со уметничко име Ејприлгарден. Тој ги опфатил повеќето кадри од бајковитиот и изолиран остров поради кои секој би пливал до таму и ги споил во ова одлично HD уживање.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уживајте во разиграните облаци над Хаваите

    Уживајте во разиграните облаци над Хаваите

    Облаците во голема мера го дефинираат животот на Хаваите. Тие ги диктираат условите за сурфање, температурата, повремените дождови и го обезбедуваат рајското ветре, кои ги прават Хаваите речиси идеална дестинација за одмор во текот на целата година.rnrnУживајте во разиграните облаци над ХаваитеrnrnРежисерот Гевин Хефернан од независната филмска компанија „Sunchaser Pictures“ ги истражил убавините на спокојното движење на облаците над Хаваи, додека бил на службено патување во Оаху. Тој забележал како облаците драматично се појавуваат над планините и спокојно исчезнуваат над океанот и за наша среќа, ја документирал сета таа убавина, во своето тајмлепс видео насловено „Honolulu Clouds“. Разиграните облачиња во комбинација со спокојната и среќна музика, ќе направи да се почувствувате како да сте на еднонеделен одмор на Хавајските острови.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастичен брејкденс во слоу моушн

    Фантастичен брејкденс во слоу моушн

    Ова видео со гаранција ќе сакате да го изгледате докрај. Во него најпознатиот брејкденс артист Bboy Marco изведува суптилни движења насреде париски шопинг центар, додека луѓето безгрижно го одминуваат. Филмот е дело на Томсон, а музиката е на Дафт Панк.rnrnФантастичен брејкденс во слоу моушнrnrnСè на сè, ова е кратко волшебно парче уметност, во кое фантастично се споени музиката, танцот и визуелните ефекти.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зачудувачки перформанс: балерина танцува со остри ножеви

    Зачудувачки перформанс: балерина танцува со остри ножеви

    „En Puntas“ е видео инсталација изработена од страна на шпанскиот артист Хавиер Перез, во која ја гледаме балерината Амели Сегара, како изведува неверојатен танцувачки перформанс на големо пијано, носејќи прилагоден пар балетанки, продолжени нанапред со остри кујнски ножеви. Како танцот на врвот од прстите да не е доволно тешка задача, Сегара додала дополнителен притисок, балансирајќи го своето тело на уште потенка платформа и од уште поголема височина.rn

    rnПомислата дека воопшто некој може да застане цврсто на потенцијално опасни обувки е вчудовидувачка, но фактот дека Сегара успева да постигне телесен баланс, додека истовремено го гребе капакот од пијаното, е истовремено освежувачки и застрашувачки за гледање. Интензивниот перформанс станува уште повозбудлив за гледачите, кога елегантната балерина се приближува до работ на пијаното со врвовите од ножевите.Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножевиМоќната комбинација од сила и баланс прикажана од страна на балерината, е повремено придружена од нејзината емоционална болка и плач од бол, бидејќи вложениот напор и физичката исцрпеност тежат врз нејзините пренапрегнати прсти. Перформансот на Сегара поттикнува емпатија кај публиката додека таа се напрега, тежнеејќи кон совршенство. Таа е истовремено, прекрасна и скршена. Според описот на креаторот на проектот, тој „ја разоткрива слабоста која стои на границата помеѓу некои навидум неспоиви концепти како што се: убавината и злото, ранливоста и насилството, културата и природата на раѓањето и смртта“.Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви Зачудувачки перформанс балерина танцува со остри ножеви
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа

    Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа

    23-годишниот видеограф Лук Шепард неодамна објави неверојатно добро тајмлапс видео, за чија изработка заминал со неговиот пријател на едно епско патување. Служејќи се со 90-дневна Еурали карта, овие двајца прошетале низ 36 градови, во 21 европска држава, со цел да ги фотографираат најголемите европски архитектонски ремек-дела во денешницата. На крајот, Шепард имал направено 20.000 фотографии, од кои потоа селектирал дел, за да го направи фантастичното тајмлапс видео насловено „Nightvision“.rn

    rnОвој проект ќе останел само желба, без поддржувачите на платформата за финансирање креативни проекти Kickstarter, кои му помогнале на Лук да собере 19.000 долари. Неговиот краен производ е видео со должина од 4 минути, во кое секоја секунда е сочинета од 25 фотографии.Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ ЕвропаИнтересно е тоа што сите фотографии се направени навечер, при што совршено се истакнуваат контурите кои ги создал човекот, во овие восхитувачки европски ремек-дела. Истите прават да се почувствуваме инспирирано и желни за незаборавно патување низ Европа, нели?!Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Њујорк во своето најдобро светло

    Њујорк во своето најдобро светло

    Тајмлапс видеата се еден од најпопуларните трендови периодов, а градот Њујорк отсекогаш бил најжешкото место за снимање поради неговата убавина. Семјуел Ор сакајќи да направи нешто многу покреативно го пренесе целиот концепт на сосема ново ниво со негово видео „New York Day“.rnrnЊујорк во своето најдобро светлоrnrnФотографот се надева дека ќе создаде серија од тајмлапс видеа кои ќе го покажат вистинското светло на животот и луѓето во овој сјаен град. Секое видео е кратка приказна – луѓето „оживуваат“ наутро на својот пат, живеејќи го својот ден и потоа полека сè се стивнува во текот на вечерта – сè ова со цел да се покаже како изгледа еден просечен ден во Њујорк. Ор вели дека со вклучувањето на вистинските звуци од градот се овозможува „моментално искуство“, исто како вие токму сега да се наоѓате таму.rn
    rn

    „Знае да биде малку тешко да се снима тајмлапс на место како Њујорк. Луѓето се предизвик, но генерално се добри, заинтересирани и од голема помош. Или бар не ве малтретираат – освен оној човекот кој беше загрижен затоа што сум правел многу фотографии од Empire State Building.“

    rnПатот на Ор кон тајмлапс фотографијата бил неочекуван. Тој започнал како екологист, правејќи документарни филмови за природата. За тоа време, тој сфатил дека тајмлапсот е одличен начин да се демонстрира како пејзажите и растенијата се менуваат со тек на време.rnrnНо снимајќи во Њујорк, неговата перспектива за природата наспроти убавината на градот целосно се сменила.rn
    rn

    „Гледајќи ја оваа снимка, сфатив дека пејзажите во градот се менуваат исто толку неверојатно како и оние природните.“

    rnrnrnrnПланот на Ор е да направи повеќе тајмлапс видеа, фокусирајќи се на различни сезони во градот и потоа да го претвори видеото кое претставува еден ден во Њујорк, во видео кое ќе ни ги покаже сите промени на градот во текот на една година.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Париз во движење

    Париз во движење

    Mayeul Akpovi е фантастичен фотограф кој се занимава со time-lapse фотографија и креирање кратки филмчиња. Тој е роден во Република Бенин, Западна Африка, но моментално живее во Безансон, Франција. Восхитен од убавините кои ги нуди овој романтичен град, тој решил да сними прекрасни видеа, кои ја доловуваат убавината на раздвижениот Париз.rnrnПариз во движење rnrnВо неговото најново видео, употребил 3.500 фотографии од Париз кои сам ги фотографирал и потоа ги споил за да креира фантастично ремек-дело. Уверете се и сами во тоа:rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни пејзажи за кратко бегство од реалноста

    Неверојатни пејзажи за кратко бегство од реалноста

    Се чувствувате ли понекогаш како да ви е очајно потребно бегство надвор од градот, далеку од сè? Имате ли премногу обврски на факултет или на работа или пак, едноставно не можете да постигнете со сè она што сте го замислиле периодов? Доколку одговорот на овие прашања е позитивен, тогаш можеби навистина ви е потребно кратко бегство од секојдневието.rnrnНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаrnrnНо, бидејќи ретко кој може да си дозволи да остави сè и да го фати првиот воз за каде било, погледнете го ова видео со неверојатни пејзажи кои малку ќе ве оттргнат од секојдневните проблеми.rnrnrnrnДоколку ви се допадна ова видео, погледнете ги и постарите проекти од колекцијата „Landscapes“ на Дастин Фарел:rnrnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како пајакот си ја плете мрежата?

    Како пајакот си ја плете мрежата?

    Пајакот обично спокојно си седи и си дреме настрана додека си го чека ручекот, но за да може да си го дозволи тоа претходно вложува многу труд.rnrnКако пајакот си ја плете мрежата?rnrnЖан Мишел, фотограф-аматер од Франција, слично како и пајакот, одморал оставајќи го неговиот фотоапарат да слика сам на секои 4 секунди во текот на 90 минути. Но, потоа макотрпно работел да ги спои сите тие фотографии во ова неверојатно видео кое детално го покажува процесот на плетење на пајаковата мрежа.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.