Можеби осаменоста и не е толку лоша
Осаменоста знае да пречи, но истовремено е и удобна. Дава чувство на сигурност дека никој нема контрола на вас и дека никој не може да ве повреди.
Можеби понекогаш ве плаши, но истовремено ви е и позната. Ја знаете многу добро, никогаш не се менува и не ве изненадува. Таа ви е пријател, стар драг пријател кој бил тука за вас во добро и во лошо, пријател кој останал покрај вас кога сите ве напуштиле.
Таа понекогаш боли, но исто така и лечи. Можеби ви ги преплавува очите со солзи, но истовремено ги извлекува од вас најдлабоките таленти, добрина и сила. Прави да се чувствувате слаби, додека не ве направи силни и речиси ве убива пред да ве врати назад во живот.
Ве држи будни до доцна во ноќта, но и ви помага да спиете мирно. Сознанието дека не постои никој кој би можел да ве излаже и да ве повреди не предизвикува бессони ноќи. Не треба да се плашите дека постои опасност да изгубите некого. Можете да спиете мирно.
Осаменоста е како пријател кој не сакате да го поканите, но без разлика на тоа тој се појавува и некако успева да направи да се чувствувате подобро. Барем имате некој кој е покрај вас, некој кој не се откажува од вас и кој нема да ве напушти кога ќе го допрете дното.
Иронично е тоа што луѓето ја потценуваат осаменоста и тврдат дека немаат никој покрај нив. Осаменоста е една моќна личност, осаменоста е дух, осаменоста е слонот во собата и понекогаш тешко е да се справи човек со неа.
Но, треба да се верува дека осаменоста се јавува со причина. Осаменоста е нашиот најголем учител. Таа нѐ учи како да бидеме трпеливи, истрајни и како да преживееме. Но, исто така нѐ учи како да размислуваме, како да не ги земаме работите здраво за готово и ни помага да ги откриеме одговорите, па дури и да ги измислиме. Најважно од сѐ е тоа што нѐ учи дека не можеме да побегнеме од самите себе, не можеме да побегнеме од нашите мисли, чувства и внатрешни гласови.
Таа нѐ учи дека засекогаш сме заглавени со нашето внатрешно „јас“ и дека единственото што можеме да го направиме е да се сакаме себеси. Ни помага да се соочиме со нашите демони и несигурности. Ни помага да станеме подобри и да ја држиме нашата сопствена рака кога ќе минуваме низ темнината за да стигнеме до светлината.