Еве еден мал факт: Вие ќе умрете. Дали ова ве загрижува?
rn
Наша оцена: 10/10
rn
Ваша оцена: [ratings]
rn
rnrnМора да сте чуле за оваа книга, само не знам дали негде сте сретнале негативна критика за неа. Јас нема да ви ја дадам со сигурност, напротив. „Крадачка на книги“ е книгата која одамна сум ја барала, ми била пред нос, а не сум ја зела. Секој сака моќна книга чии страници ќе му прелетуваат низ прсти лесно како ветре, но истовремено и со една голема тежина од силината на зборовите. Оваа книга е едно незаборавно искуство кое ви посакувам да ви се случи, само не знам од каде да почнам од што не можам да најдам зборови.rnrnАко ви кажам дека смртта има да ви раскаже нешто, ќе посакате ли да го прочитате? Да почнеме од почеток.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги
rnrnrn
rnrn
„Да бидам искрена, ова е само една мала приказна, помеѓу другите работи, за:rnrn– Едно девојче сирачеrnrn– Еден хармоникаш со сребрени очиrnrn– Неколку Германци фанатициrnrn– Еврејски боксер скриен во подрумrnrn– Многу запалени книгиrnrn– И многу кражби…“
rnМладата Лизел е оставена на милост и немилост на секогаш суровиот (а особено во тоа време) свет. На 9-годишна возраст таа го губи своето мало братче кое ѝ се предава на смртта, онаа за која нели ви најавив дека ќе ви ја раскаже приказната. Откако Лизел и нејзината мајка ќе го закопаат малото момче, Лизел ќе ја украде првата книга – прирачникот за гробари. Но, не знае што пишува во неа бидејќи не знае да чита.rnrnЛизел е однесена во домот на Ханс и Роса Хуберман, во измислениот германски град Молчинг, на улицата Химел. Ханс и Роса се согласиле да ја посвојат и да се грижат за неа во страшното и ладно време, кога Втората светска војна е на самиот праг и смртта ќе има полни раце работа. Ханс е човек со добро срце и сребрени очи, тој е свирач на хармоника и молер. Роса е навидум груба жена со остар јазик која не штеди на пцости, но оној кој знае длабоко да погледне во нејзиното срце, ќе сфати колку е всушност тоа големо.rnrnЛизел ги минува ноќите во несоници и ноќни мори. Она што таа го доживеала на млада и кревка возраст не би можел ни возрасен да го поднесе. За среќа, тука е Ханс, човекот со сребрени очи кому таа сега му се обраќа со „тато“. Ханс ја смирува во ноќните мори за многу набрзо и двајцата да изнајдат продуктивен начин да ги минуваат несоните ноќи – Лизел мора да научи да чита.rnrnЛизел и Руди (момчето од соседството), стануваат дел од хитлеровата младина, пренесувајќи ги ужасите предизвикани од некои кои се осмелиле да се наречат себеси луѓе – скриените вресоци во подрумите, стравот кај луѓето, губењето на сè што некој поседува. Преку ликовите на невините деца, Маркус сака да ни пренесе дека и во нацистичка Германија луѓето биле поделени, само што оние кои не го поддржувале Хитлер, морале да си ја чуваат устата затворена, а децата од мали нозе да се приклучуваат кон хитлеровата младина, иако и тие самите не знаат од што се дел.rnrnИма многу сцени преку кои се доловуваат ужасите на војната и стравот на луѓето од тоа време, како и наивноста на децата. Имено, идол на Руди му е еден црнец – атлетичар. Руди толку многу сака да биде како него, што ќе земе јаглен, ќе се избои црн и ќе почне да трча низ градот. Секако, знаеме што значело да си црнец во тоа време, па Руди ќе добие добра лекција за неговото однесување и желбата да биде како некој со црна кожа, откако ќе биде брзо и добро измиен од бојата што не му прилега.rnrnЛикот на Лизел ќе ви го потресе тлото под нозете. Така моќно опишна млада дама, чиј карактер и психа се детално доловени во ова ремек-дело. Лизел истовремено ги сака и ги мрази зборовите. Ги сака бидејќи со нив се чувствува моќна, може да креира нешто свое, да им дава значење на нештата. Но, истовремено знае дека злобниот Führer, поради кого таа засекогаш беше одделена од мајка си, ги користи тие зборови за да им всади идеи во главите на луѓето и да ги натера да се однесуваат како што тој сака. Иако на по малку детски и наивен начин, приказната ни доловува кое било најмоќното оружје на Хитлер – зборот. Раскажувањето од детска перспектива, но истовремено „смртно“ сериозна, е тоа што ја прави книгава посебна и исклучителна.rnrnОва дело ја достигнува точката на вриење кога во подрумот на Ханс и Роса ќе почне да живее младиот еврејски боксер Макс. Ханс се одлучува да го штити ова младо момче бидејќи од порано дал такво ветување на таткото на Макс.rnrnЛизел и Макс за брзо се спријателуваат и Макс ќе сподели со Лизен две прекрасни приказни. Лизел секојдневно со зборови му го насликува надворешниот свет на Макс, кој тој не може да го види, и меѓу нив се создава една нераскинлива поврзаност. Но, оваа книга нема само една точка на вриење. Следуваат уште сцени кои ќе ви го одземат здивот, но јас ќе прекинам токму овде, плашејќи се да не ви откријам премногу.rnrnКнигава има и филмска верзија која, доколку се одлучите да ја гледате, гледајте ја откако ќе ја прочитате самата книга. Во спротивно, вашето уживање нема да биде целосно и ќе пропуштите важен дел до сложувалката.rnrn
„Да, јас често се присетувам на неа и – во еден од моите многу џебови – ја имам сочувано нејзината приказна за да ја раскажам. Таа е една од многубројните приказни кои ги носам со себе, секој од нив исклучителна на свој начин. Секоја од нив обид – страшно силен обид – за да ми докаже дека вие, и целото човечко постоење, вредите.rnrnЕве ја. Една од многуте. Крадачката на книги.“
rnПо читањето на оваа книга никогаш повеќе нема да бидете исти. Искрено и од сè срце, топло ви препорачувам да се збогатите со едно вакво искуство во животот. Не читајте ја брзо книгава, иако ќе сакате што побрзо да ја впиете. Дајте му време на секој збор да „налегне“ и да се „свари“ бидејќи вистински вреди.rnrnВерувам дека допрва ќе се напишат многу приказни кои за цел ќе имаат никогаш да не биде заборавена нечовечноста и монструозноста од Втората светска војна, но исто така верувам дека некој ќе мора многу да се испоти за да ја надмине оваа.rnrn
„Последна забелешка на вашиот раскажувач: Луѓето ме прогонуваат мене, не јас нив.“
rnrn
