КАФЕ ПАУЗА

Tag: зелка

  • Крцкаво и вкусно: Рецепт за вкусни шницли од зелка и сирење

    Крцкаво и вкусно: Рецепт за вкусни шницли од зелка и сирење

    Подготовката не е комплицирана и не се потребни скапи состојки, а овој оброк може да послужи и како гарнир за скара.rnrnКрцкаво и вкусно: Рецепт за вкусни шницли од зелка и сирењеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 мала главица зелка
    • rn 011

    • 50-70 мл маслиново масло
    • rn 011

    • 2 чешниња лук
    • rn 011

    • 1 лажичка сол
    • rn 011

    • ¼ лажички мелен црн пипер
    • rn 011

    • 40 грама ореви
    • rn 011

    • 1-2 лажици балсамичен оцет или сок од лимон
    • rn 011

    • рендан пармезан, сечкани свежи билки, како што се мајчина душица или магдонос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Ставете хартија за печење на плехот и подмачкајте го. Исечете го долниот крај на главицата зелка (каде што е коренот) и оставете го настрана. Ставете ја главицата на штица за сечење и исечете ја на парчиња дебели околу 2 см.rnrn2. Изматете ги маслиновото масло, лукот, солта и биберот и премачкајте ги парчињата од двете страни, ставете ги во плехот и печете 26-28 минути или додека не станат крцкави на рабовите и не омекнат на средина.rnrn3. Испечете ги оревите во сува тава додека не почнат да мирисаат, а кога ќе се изладат малку, исечкајте ги на парчиња.rnrn4. Посипете ја печената зелка со пармезан, со оцет или со сок од лимон, со свежи билки и со ореви.rnrnПрочитајте ги овие 10 трикови за ручекот да изгледа како да е од најдобриот ресторан.

  • Многу едноставен рецепт: Крцкави полжави со зелка

    Многу едноставен рецепт: Крцкави полжави со зелка

    Иако оваа пита е во форма на полжав, таа се прави многу лесно и многу брзо.rnrnМногу едноставен рецепт: Крцкави полжави со зелкаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • парче пржена зелка
    • rn 011

    • сол и бибер
    • rn 011

    • тенки кори за пита
    • rn 011

    • масло
    • rn 011

    • малку кисела вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. На работната маса ставете една кора, премачкајте ја со масло и испрскајте ја со кисела вода.rnrn2. Плехот премачкајте го со масло, а во пржената зелка додајте сол и бибер.rnrn3. Врз кората ставете зелка и завиткајте ја во ролна, а потоа во форма на полжав.rnrn4. Парчињата пита ставете ги во плехот и премачкајте ги со масло и со кисела вода. Печете на температура од 200 °C околу 30 минути.rnrnПогледнете како да направите пита со павлака и сирење.

  • Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

    Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

    „Ван Гог е биполарен“ е ресторан инспириран од животот на легендарниот холандски пост-импресионист, Винсент ван Гог. Тој е лоциран во главниот град на Филипините, Манила, и е во сопственост на фотографот Џетро Рафаел, кој тврди дека страда од истото психичко нарушување, со кое долги години војувал познатиот гениј. Дијагнозата дека е биполарен (често менување на расположението), Рафаел ја добил пред околу 4 години.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Куќата на Рафаел дење е негов скромен дом, а ноќе се претвора во „ресторан на среќата“. Така го нарекуваат, бидејќи во него се служи здрава, природна и органска храна, која го стимулира лачењето на серотонинот (хормон на среќата), допаминот и на адреналинот.rnrnТој открил дека ваквата исхрана му ја подобрува здравствената состојба, односно му ги намалува депресијата и лошото расположение. Токму затоа, своето откритие одлучил да го сподели со останатите, преку отворање на овој необичен ресторан. На менито се наоѓаат лични рецепти на Рафаел, кои најчесто содржат лосос, мед, зелка, мисирка…Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“
    rn

    „Дознав дека кога сте анксиозни, депресивни, вознемирени, постојат состојки кои можат да ве смират и да ви го подобрат расположението. Мисирката е богата со триптофан, кој го инхибира гневот и компулсивното однесување. Зелката го активира серотонинот во мозокот и може да ја победи депресијата, мангото го намалува кортизолот, а дивиот мед ја елиминира вознемиреноста. Лососот пак, е богат со омега-3 масни киселини, кои исто така, можат да нè направат среќни. Јас готвам, тоа е дел од мојата терапија“, вели сопственикот на ресторанот.

    rnПорција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Јадењата во ресторанот на Рафаел се именувани по познати личности, кои страдаат или страдале од биполарно однесување. Такви се писателката Вирџинија Вулф, актерите Кортни Лав и Мел Гибсон, американските претседатели Рузвелт, Клинтон и Линколн… Еве дел од специјалитетите:rnrn1. Најбарана е „Салатата Лари Флинт“, која се служи во чест на истоимениот американскиот издавач. Таа се состои од зелка, солени јајца, парчиња зрело манго, чипс од банана, свеж босилек, индиски ореви, каперси… Сето тоа е прелиено со тајниот црн зеленчуков сос на Рафаел.rnrn2. „Солзите на Вирџинија Вулф“ – станува збор за мисиркина супа со домашен банана чипс, лековити билки, моркови и цветови кои се јадат.rnrn3. Овошен пијалак наречен „Кортни Лав – напиток на денот“. Тој е направен е од свежо овошје, екстракти од манго, лимон и краставица, листови од свежо нане и див мед.rnrn4. Алкохолен напиток „Гревот на Мел Гибсон“ – содржи белгиско темно чоколадо, див мед, jagermeister (германски пијалак направен од 56 билки, зачини и корени) и орев.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Атмосферата во ресторанот е надополнета со парчиња уметност од Рафаел и од други филипински уметници. Еден од ѕидовите е прекриен со најразлични пораки од гостите, во кои се искажани гнев, омраза, љубов, надеж… Тие понекогаш инсистираат во здравото и вкусно мени да уживаат на некоја од масите во дворот на „Ван Гог е биполарен“.rnrnДенеска во ресторанот се чекаат редици за влез. Тој започнува со работа во 18 часот. А, на оние кои ќе дојдат после 22 часот, им следува и бесплатна супа. 🙂 Рафаел потенцира дека ресторанот е отворен за сите љубители на здравата храна, без разлика дали страдаат од некоја болест или не.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најбогати извори на витамин Ц

    10 најбогати извори на витамин Ц

    Автор : Маја ВладимироваrnrnВитаминот Ц му помага на телото во одржувањето на здрави ткива и силен имунолошки систем, како и во апсорпцијата на железо. За витаминот Ц се смета дека е важен сојузник ако се обидувате да ја победите настинката или некоја друга болест, но пак можете паметно да го искористите и како дел од вашата диета.10 најбогати извори на витамин ЦДневната доза на витаминот Ц, која се препорачува да се внесе е 90 милиграми за мажи и 75 милиграми за жени. Внесувањето на овој витамин е навистина важно, па затоа ги издвоивме десетте најбогати извори на витамин Ц.rnrn

    1. Гуава

    rnГуавата е многу богата со витамин Ц – 100 грама од ова овошје содржи дури 228 милиграми витамин Ц и 56 калории. Консумирајте ја свежа или како дел од некој свеж коктел.10 најбогати извори на витамин Цrn

    2. Црвена пиперка

    rnЦрвената пиперка содржи солидно количество на витамин Ц. Во 100 грама свежи исечкани црвени пиперки има 184 милиграми витамин Ц и 20 калории. Доколку ја готвите, количеството на витамин Ц се намалува до 116 милиграми.10 најбогати извори на витамин Цrn

    3. Киви

    rnОва овошје важи за едно од најбогатите со витамин Ц. Едно киви со средна големина има околу 70 милиграми витамин Ц и околу 46 калории. Се препорачува да се консумира свежо или пак како додаток на некој десерт.10 најбогати извори на витамин Цrn

    4. Портокал

    rnПортокалот е синоним за витаминот Ц. Еден портокал со средна големина содржи околу 70 милиграми витамин Ц и 62 калории. Иако многумина очекуваа дека портокалот ќе се најде на првото место, сепак постојат побогати извори на овој витамин.10 најбогати извори на витамин Цrn

    5. Зелена пиперка

    rnОсвен црвената, и зелената пиперка е значително богата со овој витамин. Во 100 грама благи исечкани зелени пиперки има 80 милиграми витамин Ц и само 15 калории, додека во зготвени има 51 милиграми витамин Ц.10 најбогати извори на витамин Цrn

    6. Грејпфрут

    rnГрејпфрутот е нискокалорично овошје, па така во 100 грама има 40 милиграми витамин Ц и 32 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    7. Сок од свежо исцеден зеленчук

    rnПиењето свежи сокови од зеленчук обезбедува големо количество на хранливи материи, вклучувајќи го и витаминот Ц. Во сок на база на домати, витаминот Ц е застапен со 50 милиграми во 150 милилитри, а ова количество сок содржи 34 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    8. Јагоди

    rnОсвен тоа што се богати со влакна и антиоксиданси, јагодите се богати и со витамин Ц чие количество во 100 грама изнесува 59 милиграми. Истото количество јагоди содржи 32 калории.10 најбогати извори на витамин Цrn

    9. Зелка

    rnУште еден зеленчук којшто е исто така богат со витамини е зелката. Таа содржи 36 милиграми витамин Ц. Во 100 грама свежа зелка има 25 калории. Освен со витамин Ц, зелката е многу богата и со витамин К.10 најбогати извори на витамин Цrn

    10. Диња

    rnЕдна четвртина од диња со средна големина содржи 47 милиграми витамин Ц и 50 калории.10 најбогати извори на витамин Ц
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Заводливи девојки направени од зелка

    Заводливи девојки направени од зелка

    Артистката Ju Duoqi од Пекинг, Кина изработила заводливи скулптури од полуголи девојки, кои  се моделирани според изгледот на познати личности, како Лејди Гага и Мерлин Монро. Интересното во овие скулптури, е што тие се целосно изработени од зелка, вклучително и облеката, накитот и капите на девојките.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаСвојата колекција т.н. „The Fantasies of Chinese Cabbage“ (Фантазиите на кинеската зелка) ја изработила користејќи нож, за да ги сече различните врсти и бои на зелка, по што парчињата ги спојува со чепкалки за заби. Потоа, Ju ги остава листовите зелка да овенат и на крајот ги готви на различни начини, за да ги постигне различните тонови бои и текстура.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаНеобичната идеја за создавање уметнички скулптури од зелка, кај Ju се јавила во летото, 2006, кога решила да купи неколку килограми грашок. Таа два дена мирно си седела и го лупела грашокот и одеднаш почнала да го ниже на жица. На тој начин констатирала дека од зеленчук може да направи блуза, здолниште, украс за коса и магично стапче. Потоа, се фотографирала себеси облечена во облеката од грашок. Тоа бил првиот уметнички проект на Ju, изработен од зеленчук.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаrn
    rn

    „Во следните две години, честопати глумев дека сум домаќинка, лежерно се шетав нив супермаркетите и на тој начин се забавував. Подзастанував кај тезгите со зеленчук, ги поткревав плодовите, размислував што можам да направам со нив и ги враќав назад. Со мало преобликување на различните видови, облици и бои на зеленчук, може да се добие вистинска уметничка инспирација. Зеленчукот изгледа тотално различно во зависност од тоа дали го користам свеж, исушен, овенат, варен, пржен или закиселен. Повеќе не ми се потребни модели, бидејќи од самиот зеленчук се и актерите и реквизитите за нив.“

    rnЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелка
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Машки сендвич

    Машки сендвич

    Голем, полн и вкусен – таков е овој сендвич…

    rnМашки сендвичrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • 1/4 главица зелка, ситно сечкана
    • rn011

    • 2 лажички јабоклов оцет
    • rn011

    • 2 лажички маслиново масло
    • rn011

    • 1/4 лажиче бибер
    • rn011

    • 1 лажиче сол
    • rn011

    • една векна француски багет
    • rn011

    • малку путер
    • rn011

    • 120 г мек кашкавал
    • rn011

    • 220 г печен бифтек, сечен на тенки парчиња
    • rn011

    • 30 г кечап
    • rn011

    • 30 г мајонез
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗелката зачинете ја со сол и бибер и прелијте ја со оцетот и маслото. Измешајте и оставете да се маринира неколку минути. Векната исечете ја на два еднакви дела и потоа исечете ја на половина. Намачкајте ја со малку путер и ставете да се запече кратко на загреана рингла. Потоа, почнете да го редите сендвичот: ред кашкавал, неколку парчиња тенко исечкан бифтек, малку зелка салата и од горе повторно малку кашкавал. Преклопете го сендвичот и сервирајте го топол со кечап и мајонез.rnrnМашки сендвичrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Носи го она што го јадеш

    Носи го она што го јадеш

    Младата корејска уметница Sung Yeon Ju е дизајнерот на овие фустани направени од свежи овошја, зеленчуци и други јадења. Креациите се дел од нејзината серија „Wearable Foods“ (Храна што може да се носи), која ја започнала пред две години. Концептот на серијата е креирање слики кои се размена на моменталната и на измислена реалност на повеќе нивоа.rnrnНејзините фотографии се репрезентација на две човекови потреби, потребата за јадење и онаа за облекување, што како производ го дава токму спротивното од она што го наговестува името на серијата – облека која всушност не може да се носи заради нејзината неможност да остане трајна.rnrn

    Носи го она што го јадеш
    Фустан од банани
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од дајкон
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од зимски печурки
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од млад кромид
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од зимски печурки 2
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од корен од лотус
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од домати
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Кошула од мастики
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од мастики
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од модри патлиџани
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од црвена зелка
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од пилешко месо
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.