КАФЕ ПАУЗА

Tag: здолниште

  • Како да го вметнете ултрапопуларниот ацтеки стил во вашиот изглед?

    Како да го вметнете ултрапопуларниот ацтеки стил во вашиот изглед?

    Ацтеки стилот е вртоглаво популарен оваа сезона, па не заборавајте во вашиот плакар да вметнете макар едно парче со ваков дезен. Она што е одлично за облеката и аксесоарите во ацтеки стил е што лесно се вметнуваат во секаква комбинација од секојдневен изглед за на кафе до свечен настан.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rnrnОвој стил се базира на дезени, шари и текстури инспирирани од народен фолклор кои успешно стигнаа до модните писти. Сепак, во обидот да го инкорпорирате ацтеки стилот во вашиот секојдневен изглед, лесно би можеле да постигнете спротивен ефект и да изгледате небаре сте се маскирале во народна носија. Еве како успешно да го носите ацтеки дезенот во која било комбинација, избегнувајќи несакани ефекти.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rn

    Не заборавајте дека акцентот е на ацтеки стилот

    rnОвој дезен е полн со шари и различни текстури и самиот по себе остава впечаток. Не комбинирајте го со парчиња облека во дречливи нијанси и шари, туку со едноставно еднобојно парче. Лесно може да го „пренакитите“ вашиот изглед, затоа покрај парчето во ацтеки дезен, другиот дел од облеката нека биде што е можно поедноставен. На пример, ацтеки здолниште или панталони може да искомбинирате со тексас кошула или лесна еднобојна маичка.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rn

    Ацтеки стилот може да биде едноставен и елегантен

    rnПрво нешто што ни паѓа на памет кога ќе чуеме за овој стил, се дречливите бои и дезени, но не мора да биде така. За разни пригоди и поелегантни комбинации може да одберете едноставни и не толку впечатливи парчиња облека, кои повторно ги комбинирате со еднобојни парчиња и едноставен накит.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?rn

    Не заборавајте на аксесоарите

    rnДоколку не ви се допаѓа облеката во овој стил, пробајте со аксесоарите. Побарајте аксесоари кои би можеле да се вклопат во вашиот стил. На пример, сандали во ацтеки стил одлично ја разбиваат монотонијата на секојдневниот изглед, а истото важи за чантите, марамите за коса и накитот. Сепак летната сезона налага поголема слобода во облекувањето па бидете смели да испробате нови трендови.rnrnКако да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?Како да го вметнете ултра популарниот ацтеки стил во вашиот изглед?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модна инспирација: Топ 20 дизајнерски парчиња за пролет, 2014

    Модна инспирација: Топ 20 дизајнерски парчиња за пролет, 2014

    Големите дизајнерски имиња веќе ги покажаа своите нови креативни пролетни парчиња облека и модни додатоци на модните писти. Многу од нив се нетипични и не би можела секоја девојка да ги стави на себе, но дефинитивно оние храбрите ќе остават впечаток со својата појава.rnrn

    Модна инспирација: Топ 20 дизајнерски парчиња за пролет 2014
    Блескави процепени диско панталони, Ашиш
    rnrn
    Модна инспирација: Топ 20 дизајнерски парчиња за пролет 2014
    Необични упадливи сандали, Александер Мекквин
    rnrnНабавете некое од овие парчиња или барем инспирирајте се за да знаете што ќе биде тренди оваа пролетна сезона, па направете го изборот врз основа на она што најмногу би му одговарало на вашиот стил.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 нешта кои секоја жена треба да ги има во својот гардеробер

    15 нешта кои секоја жена треба да ги има во својот гардеробер

    Некои парчиња облека и аксесоари се задолжителни и секоја жена мора да ги поседува. Покрај малиот црн фустан за кој е општо познато дека секоја жена треба да го има, постојат и неколку други работи без кои плакарот никогаш нема да ви биде целосен.rnrn

    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Обична бела маица
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Црни хеланки
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Мал црн фустан
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Балетанки
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Класично здолниште
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Класичен мантил
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Квалитетен пар фармерки
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Добар пар црни штикли
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Кус џемпер со копчиња
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Кожна чанта
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Спортско сако
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Пуловер со принт
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Маичка со боја на кожа
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Класични црни пантолони
    rnrn
    15 парчиња облека кои секоја жена треба да би има во својот гардеробер
    Ѓердан со бисери

  • Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

    Како да комбинирате металик елементи во вашиот стил?

    Металикот е ултразастапен во модата, но сепак не е лесно да се комбинираат вакви елементи за секојдневен изглед. Тенка е линијата помеѓу шик изгледот и изгледот на робот. Затоа, еве 8 стилски начини на кои можете да комбинирате металик елементи во вашиот стил.rn

    1. Комбинирајте со други трендови

    rnАко се плашите да носите металик, комбинирајте го со друг тренд кој е посуптилен и не привлекува толку внимание како оригиналниот металик. Ако имате металик фустан, искомбинирајте го со пепла. Металик здолниште оди одлично со едноставна црна маичка, a едноставниот црн фустан ќе го зачините совршено со металик чанта. Балансирајте го впечатокот со едноставни црни чевли на тенка штикла.rnrnКако да комбинирате металик елементи во вашиот стил?rn

    2. Не треба целите да светкате

    rnИзберете едно металик парче и оставете впечаток со него. На пример, облечете светкав топ и искомбинирајте го со фармерки, панталони или шорцеви. Не нанесувајте премногу шминка, нека биде нежна, незабележлива, за да не изгледате како кукла. Не ставајте накит.rnrnКако да комбинирате металик елементи во вашиот стил?rn

    3. Животински принтови

    rnМешање животински принтови и металик во едно парче облека е вистински бум во модата. Не комбинирајте ги овие два тренда во посебни парчиња. Изберете здолниште како на сликата, комбинирајте го со бела или црна маичка и не претерувајте со додатоци. Една златеста алка е сосема доволна.rnrnКако да комбинирате металик елементи во вашиот стил?rn

    4. Светкави потпетици

    rnШтиклите се омиленото парче облека на скоро секоја девојка. Ако сакате да носите светкави чевли и притоа да бидете тренди, но да не ја преминете границата, изберете стилски модел на чевли и искомбинирајте ги со обична маичка и фармерки. Тоа е сосема доволно. Минималистичките, а сепак тренди светкави чевли се супер за дневни прилики и за лежерни вечерни излегувања.rnrnКако да комбинирате металик елементи во вашиот стил?rn

    5. Кратки топ маички

    rnКратките топови се тотален тренд оваа сезона. Искомбинирајте ги со металик шминка. Овој изглед ви овозможува да ги истакнете супер стегнатите стомачни мускули. Но, внимавајте на стајлингот за да не изгледате како да сте од друга планета. Искомбинирајте го краткиот топ со прави пантолони или здолниште со висок струк и косата нека ви биде собрана во опавче.rnrnКако да комбинирате металик елементи во вашиот стил?rn

    6. Металик и кожа

    rnОва е одличен спој на два апсолутни трендови. Изберете кожно парче облека со металик изглед и спремни сте за излегување. Металик кожно здолниште, јакничка или чанта – изберете. Не претерувајте со модни додатоци и гледајте вашиот целосен изглед да остане модерен.rnrnКако да комбинирате металик елементи во вашиот стил?rn

    7. Металик чанти

    rnПосле чевлите, жените најмногу ги сакаат чантите. Металик чантите се тотално шик и се погодни за преку ден и за навечер. Можете да изберете златна, сребрена, па дури и златно-розова која е апсолутен хит оваа сезона. Од мала коктел чанта до голема торба – сите опции ви се на располагање во металик варијанта. Многу важно е остатокот од вашиот стајлинг да остане минималистички. Златна чанта оди одлично со дречливи бои (ако се носи правилно), но за да одите на сигурна варијанта, носете ја со обични црни или бели парчиња облека.rnrnКако да комбинирате металик елементи во вашиот стил?rn

    8. Модни додатоци

    rnИмате голем избор. Комбинирајте ситен накит или изберете голема впечатлива алка или парче металик накит за вашиот врат и вашата работа е завршена.rnrnКако да комбинирате металик елементи во вашиот стил?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

    9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова лето

    Во летниот период е навистина важно гардероберот да ви е полн со разни модерни здолништа, од кои секогаш ќе можете да одберете нешто, за секоја пригода. Носејќи го вистинското здолниште за вашето тело, можете да изгледате исклучително женствено и елегантно. Доколку сакате сите очи да бидат вперени кон вас, погледнете кои типови здолништа се „ин“ за лето 2013.rn

    1. Здолниште со набори

    rnЗдолништата со набори, особено оние изработени од меки материјали во пастелни бои, се едни од најмодерните за ова лето. Овој тип здолниште ќе направи да изгледате многу женствено и сензуално. Можете да го комбинирате со свилена блуза или маичка и немојте да заборавите да облечете и високи потпетици, особено доколку сте пониски. Ваквото парче гардероба е прикладно и за дневна и за ноќна шема.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    2. Кратко здолниште

    rnМини-здолништата направија голем „камбек“ и се застапени на сите модни шоуа оваа сезона, и покрај тоа што може да се каже дека тие никогаш не ни излегле од мода. Тие се јавуваат во различни облици: класични, ретро, асиметрични, направени од светкави и металик материјали, со реси, дури и со пепла. Можете да ги комбинирате со поширока блуза за да постигнете контраст или доколку имате здолниште со висок струк, можете да го комбинирате со топ со должина до над папокот.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    3. Здолниште со ластик

    rnОва стилско здолниште исто така брзо стана хит на модните писти ова лето. Доколку се решите за ваков модел во повеќе бои, треба да бидете многу внимателни со изборот на блузата, бидејќи е тешко за комбинирање. Во вакво здолниште ќе се истакнете помеѓу гужвата. За да привлечете уште поголемо внимание, можете да искомбинирате црно здолниште со ластик, со неонска блуза и еден пар високи потпетици.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    4. Здолниште со тантела

    rnДруго најпродавано здолниште на модните шоуа оваа сезона, се прекрасните здолништа со деликатна тантела. Можете да направите комбинација од црно здолниште со тантела и блуза широка во рамената или со рамена дотерани со панделки, врвки или ракави со монистри. Дефинитивно сите погледи ќе бидат вперени кон вас. Ваквите здолништа доаѓаат во сите облици и должини, па доколку сте во потрага по интелигентен и шик изглед, можете да изберете класично здолниште со тантела, но доколку сакате да се чувствувате кул и удобно, треба да одберете здолниште со тантела на ластик.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    5. Неонско здолниште

    rnОсвојте го најдречливиот тренд оваа сезона и купете си неонско здолниште. Притоа, треба да обрнете многу внимание на начинот на кој ќе го искомбинирате. Блузата треба да биде во неутрална, па дури и во црна боја. Затоа, можете да си играте со разни аксесоари кои ќе ги носите во разни прилики. Одлучете се за неколку дреч алки и крупна, доминантна огрлица.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    6. Миди-здолниште со висок струк

    rnОва лето, миди-здолништата со висок струк, се поелегантната алтернатива на основното мини-здолниште. Овој вид здолниште убаво прилега на речиси секоја фигура и можете да го носите за на работа или за вечерно излегување, а воедно да се чувствувате многу удобно. Можете да го комбинирате со краток горен дел за секси изглед или со малку поширока блуза со асиметричен раб, доколку сакате да изгледате поелегантно и сакате да ја истакнете вашата сензуалност.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    7. Макси-здолниште

    rnМакси-здолништата се едни од омилените типови здолништа кај жените во текот на жешката сезона, особено во текот на летните одмори, бидејќи овозможуваат одлична удобност. Големите модни брендови како Шанел и Луј Витон, ја вратија модата на овие здолништа, експериментирајќи со различни материјали и висок струк. Ваквиот тип здолниште може да се комбинира во многу различни стилови. Можете да се одлучите за асиметрично макси-здолниште (кусо однапред, долго до земја одзади) или симетрично ретро макси-здолниште, па дури и со набори, за додатна елеганција.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    8. Асиметрично здолниште

    rnАсиметричните здолништа се апсолутен хит во светот, но и во нашата држава, оваа и минатата година. Колку е поголема разликата во висината на предната и задната страна и колку се полелеави, толку подобро! Честопати се нарекувани и долго-кратки здолништа, па дури и водопад-здолништа. Комбинирајте ги со тесна блузичка вметната внатре во здолништето или со кратка маичка над папок. Не заборавајте да се накитите и со специфичен, разигран накит.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrn

    9. Здолниште со пепла

    rnОвој тип здолниште ги истакнува облините на женското тело и создава визуелен ефект дека половината ви е потенка, а бутините позаоблени. Стои добро на голем број девојки, создава една мистериозна сензуалност и може да се комбинира со различни маици, топови и блузи. Станаа тренд минатата година, а се носат и оваа сезона.rnrn9 видови здолништа без кои не треба да го поминете ова летоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Четири комбинации со кожна облека за оваа есен

    Четири комбинации со кожна облека за оваа есен

    Од кратки здолништа и фустани, па сè до блузи и јакни, вештачката кожа преовладува во есен. Додека гледате како парчињата кожна облека се појавуваат по излозите на бутиците, еве неколку идеи за совршени комбинации со облека од вештачка кожа за секоја пригода.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    1. Излегување со пријатели

    rnИако кожните хеланки се малку комплицирани за облекување, мора да признаеме дека им даваат супер изглед на нозете. Ова е опуштена комбинација, па одберете широка еднобојна блуза и кошула која ќе биде неколку броја поголема од вашиот точен број за да се чувствувате и изгледате опуштено. Облечете и балетанки за да се задржите до кежуал изглед, плетено капче за есенски шмек и едноставно сребрено ланче како аксесоар.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    2. Состанок

    rnВеќе не зборуваме само за класични кожни јакни. Оваа есен тие се во различни бои и дезени и поженствени од кога и да било. Кога одите на состанок во есен женственото нека доаѓа повеќе до израз. Едноставен фустан, високи потпетици над глуждовите, свилени класични хулахопки, светкави обетки… и слободно заведувајте.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    3. Во училиште или на факултет

    rnКежуал и тренди изглед. Одберете тесни фармерки, кожна блуза, ниски обувки, широко џемперче и подготвени сте за во школо. Како аксесоари употребете округли обетки или алки и часовник.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    4. За забава

    rnНа забава се ослободувате од вашите грижи и проблеми, дојдени сте да се опуштите, а едноставен модел на кожен фустан целосно се вклопува во изгледот. „Зачинете“ го со впечатлив ремен и обувки во друга боја за да ја нарушат монотонијата.Четири комбинации со кожна облека за оваа есен
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шик модни комбинации кои се носат со патики

    Шик модни комбинации кои се носат со патики

    Трикот за носење патики на модерен начин, е тие да се искомбинираат со вообичаени парчиња облека. Така на пример, доколку ги носите со „цевка“ фармерки или куси летни фармерки, веќе имате две вообичаени парчиња на себе, кои можете да ги искомбинирате со некои интересни додатоци, како шалче, обетки, очила за сонце и сè што мислите дека добро ќе изгледа или пак да го задржите „кежуал“ изгледот со уште некое едноставно парче облека. Следуваат 4 едноставни начини да ги носите вашите патики, на тренди начин.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnЕден од најкласичните начини да се облечете ем спортски ем трендовски, е да искомбинирате тесни „цевка“ фармерки и високи патики до глужд. Фанки антилопски патики и тенко џемперче во костенлива боја со широк отвор, е нешто што морате да го имате на есен. Како моден додаток одлично ќе изгледа едно шалче во сенф боја, кое ќе ви даде малку старовремски изглед. Ако сте љубители на леопардова шара, тогаш сигурно ќе ви се допадне и овој часовник или некоја алка во овој стил. На крајот, закачете едноставни сини обетки-копчиња на вашите уши.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnНекои луѓе сметаат дека е тешка задача добро да се искомбинира фустанче со патики. Но, ако додадете на себе некои обични парчиња, практикувањето ваков стил не би требало да ви претставува некаков проблем. Овој изглед вклучува спортски дуксер, фустанче со линии и едноставни бели патичиња. На крај, за да изгледате уште посекси, ставете на лице очила за сонце, во стилот на Силвестер Сталоне.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnКратките летни фармерчиња и патики се добро позната, класична комбинација за „кежуал“ изглед. За да се истакнете помеѓу толпата, обидете се да ги искомбинирате со струкирано сако. Едноставна сива маичка на прерамки е одличен избор за под сакото, а на стапалата обујте височки патики со шарени принтови. На крај, потенцирајте го таквиот изглед со црвено ланче и црвена чанта која се носи дијагонално на торзото.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnЗа овој изглед, основни парчиња облека ви се тесно здолниште, припиено до телото и едноставни еднобојни патики. И покрај тоа што цветното здолниште е доста женствено и може да се носи за вечерен изглед, ако го искомбинирате со едноставна црна „рамбовка“, која ќе ја облечете под долг фустан-кошулка ќе изгледате многу кул и тренди. Можете да ја носите долгата кошула откопчана или пак да ја врзете однапред, за да постигнете ултра-тренди изглед. Со овие бои, одлично ќе стојат сребрени патичиња и розова чантичка, чија нијанса на боја, ќе биде иста како онаа во шарата на здолништето.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Облекувајте се тренди оваа есен

    Облекувајте се тренди оваа есен

    За една седмица есента ќе ни чукне на врата. Постепено температурите ќе почнат да опаѓаат, а тоа значи дека ви е потребна есенска обнова на вашиот гардеробер, доколку сакате да бидете во чекор со модните новости кои ги носи ова годишно време. За да бидете тренди и шик, не морате да купувате облека од скапи, луксузни бутици. Сè што треба да знаете е кои бои се модерни оваа есен, какви дизајни се носат и најважно од сè, како сето тоа добро да го искомбинирате за да изгледате современо. Тука ќе ги пронајдете сите тие одговори и притоа ветуваме дека нема да ви создадеме вртоглавица. 🙂Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    Парчиња облека кои ви се неопходни оваа есен:rn.

    rn

    1. Џемперче во кое ќе се чувствувате удобно

    rn

    Бидејќи полека но сигурно се доближува есента и набрзо ќе почне да заладува, треба да почнете да размислувате за надополнување на вашиот гардеробер со потопла облека. Кога станува збор за подебела облека, нема подобар избор од комфорно тренди џемперче, за оваа есен. За кул и кежуал изглед искомбинирајте го со пар фармерки, а за да изгледате стилски, можете да го искомбинирате со убава суќњичка. Пронајдете ги моделите кои вам најдобро ви прилегаат.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    2. Фармерки со благ „ѕвон“

    rn

    rn

    Овој тип фармерки се многу популарни оваа сезона. Тие имаат некој шмек од 70-тите и плус се многу удобни за носење и можат да се искомбинираат со разни модели есенски блузички и мантилчиња.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    3. Ѓерданче со есенска нота

    rn

    Дури и да сте најобично облечени, ако го накитите вратот со смело ѓерданче со есенски шмек, ќе изгледате волшебно. Ваквите модели ѓерданчиња ги има во разнообразни дизајни и ќе бидат ултрапопуларни оваа сезона. Набавете си неколку.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    4. Чорапчиња над колена

    rn

    Ваквите чорапи ќе ви овозможат да ги носите вашите летни фустанчиња, здолништа и комбилизонки во есенска варијанта. Нозете ќе ви бидат покриени и заштитени од студ, а големиот избор на дезени, ќе ви овозможи да изгледате женствено и со тинејџерски дух. Ваквите чорапи убаво изгледаат и со балетанки, со ниски чевличиња и со потпетици, но особено добро изгледаат со чизмички.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    5. Точкеста облека

    rn

    Точките очигледно се постојано во мода, а не се исклучени ниту оваа есен. Овој убав принт е истовремено по малку ексцентричен и многу женствен. Ако не сте подготвени да се облечете во точкеста облека, тогаш ставате на себе некој додаток во точки (шал, чанта, хулахопки) и дефинитивно ќе оставите впечаток на весело и позитивно девојче.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    6. Здолниште до под колена

    rn

    Здолништата долги до стапала беа модерни во летната сезона, а девојките ги обожаваат бидејќи оддаваат чувство на женственост и невиност. Оваа есен во тренд ќе бидат здолништа до колена. Доколку сакате да изгледате грациозно, а сепак не премногу дотерано, искомбинирајте го со некоја убава блузичка. Ако сакате да создадете ефект на контраст, здолништето искомбинирајте го со широка блуза која паѓа на рамена и ниски чизмички со исполнета штикла.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    Комбинации за на работа/факултет

    rn

    .rnСекогаш кога излегувате од дома треба да изгледате пристојно и средено. Колегите/колешките на работа или факултет и тоа како забележуваат што носите и колку се грижите за вашиот изглед, па доколку сакате да се чувствувате пријатно во вашата кожа, практикувајте некој совет од модерните комбинации кои ќе ги видите во продолжение.

    rn

    Ако ви се допаѓаат земјените бои, тогаш имате среќа: тие се во мода оваа есен. Сиво-кафената боја ќе биде ултрапопуларна, па затоа обезбедете си некое парче облека во оваа боја.Облекувајте се тренди оваа есенИнтензивната виолетова боја изобилува со луксуз. Одберете си тесно плетено фустанче, здолниште, чевлички или чанта во виолетова боја за да внесете гламур дури и во најобичните комбинации.Облекувајте се тренди оваа есенСивите тонови се популарни секоја есен, но оваа, помодерни ќе бидат светлите, сребреникави тонови. Оваа софистицирана боја оди со секоја друга, што ја прави совршена за комбинирање во разни варијанти. Без разлика дали ќе се одлучите за сребреникаво сако или меко џемперче, секако ќе делувате искусни и стилски оваа есен ако сте облечени во во оваа боја.Облекувајте се тренди оваа есенЕден пар пантолони во „жива“ боја ќе ви даде одличен акцент и плус конечно ќе ги соблечете досадните сини или црни фармерки. Интензивно розови пантолони искомбинирани со класична бела блуза и накит во неутрални тонови, е совршена комбинација за на факултет или работа. Ѓерданчето носете го врз блузата за да изгледате кул и современо.Облекувајте се тренди оваа есен

    rn

    Веќе ја спомнавме моќта на точкестата облека. Овој пат ќе ви покажеме како да искомбинирате тренди фустанче со точки, со ниски „ретро“ чевлички и нежно синџирче за на врат, за да бидете вистинска „фешниста“.Облекувајте се тренди оваа есен

    rnrn

    Комбинации за неформално излегување

    rn

    Карираните принтови оддаваат еден хипи стил, кога се комбинираат со есенските бои и дизајни на облека. Облечете темен џемпер и тесни фармерки „цевки“ и како додаток облечете карирано шалче – тоа е  многу кул детаљ. Овој изглед одлично оди во комбинација со „поштенска чанта“ и високи чизми завртени нанадвор, при што повторно се наѕирнува карираниот принт.

    rn

    Облекувајте се тренди оваа есенМаслинестата боја е совршена за потенцирање на вашата појава во есен. Оваа мистериозна боја, можете да ја искомбинирате со неутрални бои за да ја разбиете монотонијата.Облекувајте се тренди оваа есенТемно жолтата боја ќе биде огромен хит во текот на овие есен и зима. Оваа весела боја потсетува на паднатите есенски лисја, што ја прави совршена модна боја за овој период од годината. Таа одлично изгледа во комбинација со останатите модерни бои за оваа есен (виолетова, сребрена, маслинеста, сиво-кафена). Искомбинирајте жолто со темно виолетово или маслинесто за да изгледате есенски и тренди, или искомбинирајте ја со сребрена или сиво-кафена за да добиете шик, модерен и естетски изглед.Облекувајте се тренди оваа есенrn———————————————————————————————————————————————————————

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 модни совети од Коко Шанел

    10 модни совети од Коко Шанел

    „Модата избледува, само стилот останува ист.“

    rnОва се зборови на легендарната дизајнерка Коко Шанел. Таа почина во 1971, но правилата кои ги воведе во модата и во животот воопшто, се безвремени. Таа веруваше дека убавината е во едноставноста. Тоа значи дека маиците, фармерките и хеланките кои обожаваме да ги носиме денес не може да се споредуваат со беспрекорната елеганција на стилот на Шанел кој никогаш нема да избледи.rnrn10 модни совети од Коко ШанелrnrnЕве 10 модни совети кои Коко Шанел им ги даваше на жените во текот на својот живот:rn
    rn

    „Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно.“

    rnИ дневната и вечерната облека од Шанел беше направена да биде удобна за да не ги попречува движењата. Ниски потпетици, блузи без ракави под јакните, чанти со долги рачки – сите овие беа создадени за да им овозможат на жените комфор во својата облека. Комфорот на нејзините клиентки и бил најважен.rn
    rn

    „Пантолоните ги ослободуваат жените.“

    rnКоко Шанел беше првата која дизајнираше и носеше панталони во време кога жените преферираа да се мачат во корсети и долги здолништа. Нејзината храброст во прво време беше критикувана, но за кратко, една по една, жените почнаа да облекуваат пантолони на себе. Иако од денешна перспектива изгледа чудно, но Коко Шанел е онаа на која и ја должиме комоцијата при седењето и лесното движење.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.“

    rnКоко Шанел ги сметаше колената на жените за грди, па затоа и одлучи да ги сокрива со облеката што ја дизајнираше. Таа направи неколку основни модели на здолништа за деловните жени кои претежно беа прави, тесни и многу елегантни.rn
    rn

    „Обожавајте ги кратките црни фустани.“

    rnТаа ги претстави кратките црни фустани во 1926. Сакаше да креира фустан кој ќе биде идеален и за преку ден и за навечер, ќе биде секси и прилагодлив и ќе изгледа различно со разни додатоци. Ако пред Шанел, црната беше бојата на тагувањето, по неа стана боја на класичното и стилското. Таа им понуди на дамите модел на елеганција кој тие со благодарност го прифатија.rn
    rn

    „Совршениот костим треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи.“

    rnВо раните ’20, многу популарен стана изгледот на машкуданка со кратка фризура, машка силуета и сјај во очите. Коко Шанел ја земаше облеката од нејзините момчиња и лесно ја адаптираше на нејзината фигура. Таа експериментираше со сè, од џемпери до волнени капути. Таа исто така имаше слабост на пругасти елечиња во морнарски стил кои ги комбинираше со многу бисери.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Јакните треба да се меки.“

    rnВо 1925 Коко ја дизајнираше првата мека јакна која целосно се припиваше на фигурата на жената, додека истовремено не ги попречуваше движењата. Ова беше сосема нов пристап во правењето јакни бидејќи дотогаш тие беа крути и неудобни. Коко им ја понуди на жените деликатна свила, високо поставените отвори за рацете и тесните ракави. Ова ја правеше фигурата извонредна.rn
    rn

    „Колку повеќе додатоци, толку подобро.“

    rnКоко Шанел обожаваше додатоци. И носеше многу. Таа можеше да искомбинира бижутерија со скап накит. Никој не можеше да ја види Коко без низа бисери, рубини или смарагди и полускапоцени камења  и брошови, беретки или капи кои сакаше да ги носи многу блиску до нејзините веѓи.rn
    rn

    „Стилските чевли може да се во две бои.“

    rnШанел ја обожаваше црно-белата комбинација, па нејзините познати црно-бели сандали не беа изненадување. Таа веруваше дека ваквите чевли ги прават жените посекси, а нивните стапала помали.rn
    rn

    „Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.“

    rnЦрното полно чантиче со рачка од синџирче кое беше креирано од Шанел за да го надополни нејзиниот изглед на деловна жена, сега се смета за едно од најкласичните и најмодерни модели на чанти.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Парфемот е исто толку важен колку и облеката.“

    rnЖена која не носи парфем нема иднина, вели Шанел. Исто така, според неа, жената мора да носи парфем секогаш кога сака да биде бакната. Во 1922 Шанел извади парфем кој полуди милиони мажи и жени. Коко остана верна на своите принципи и за мирисот употреби квадратно „машко“ шишенце.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 модни правила кои НЕ треба да ги прекршите

    10 модни правила кои НЕ треба да ги прекршите

    Автор: Д. Џ.rnrnМинатата недела, со вас ги споделивме правилата кои ве предизвикуваме да ги прекршите, овој пат ќе одиме во обратен правец – некои правила сепак треба да останат тоа што се и да ја задржат својата улога.rnrnДодека повеќето модни правила се досадни и премногу стари за да бидат почитувани, неколку од нив го положиле тестот на времето. Се фокусираме на неколку од тие „не-кршливи“ правила кои треба да ги знае секој од нас кој сака да изгледа и да се чувствува добро.10 модни правила кои не треба да ги прекршитеОвој пат ве предизвикуваме да ги следите овие 10 модни „закони“:rn.rn

    1. Не го менувајте својот стил според модата

    rnНа прсти се бројат луѓето во светот кои можат да си дозволат постојано да ја менуваат својата гардероба според моменталниот тренд. Тоа е една работа, но не и најважна зашто не треба слепо да го следиме секој моден тренд. Секој од нас има сопствен, препознатлив стил кој е само негов. Тој стил треба да се освежува, но да се задржи. Ако некое парче е модерно, не значи дека мора да ви се допаѓа и да се вклопува во вашата гардероба!rn.rn

    2. Инвестирајте во класични парчиња кои никогаш нема да излезат од мода

    rnОва и минатото правило никогаш не одат едно без друго. Правилото е многу едноставно и секој од нас треба да го почитува – не инвестирајте во нешто што планирате да го носите само една сезона. Доколку сакате да имате некое повредно и поскапо парче, нека биде тоа парчето кое никогаш нема да излезе од мода – бела кошула, црни потпетици, фармерки…10 модни правила кои не треба да ги прекршитеrn

    3. Секоја девојка треба да поседува бар едно црно здолниште, секое момче – црно сако

    rnЕдноставното црно здолниште е парчето кое може да се искомбинира на милион начини и е неопходно да го има секоја девојка. Тоа е лесно за комбинирање, без разлика дали треба да се направи посвечена комбинација, комбинација за вечерно излегување или за дневна шема (искомбинирано со рамни чевли и џемперче). Тоа што ова здолниште е во гардеробата на девојките, кај момчињата е црното сако. Сакото е прекрасно парче, без разлика дали е искомбинирано со кошула и кравата или пак со фармерки и интересна маичка со кратки ракави.10 модни правила кои не треба да ги прекршитеrn

    4. Никогаш не носете бела облека на туѓа венчавка

    rnЕдно од најстарите модни правила кое секој од нас го знае. Постојат повеќе причини зашто ова правило се почитува толку време. Носењето бела облека на туѓа венчавка ќе направи невестата да се чувствува неубаво – тоа е нејзиниот посебен ден! Бидете добар пријател и гостин. Колку добро и да ви прилега белата боја, не е неопходно да ја носите баш тој ден од годината.rn.rn

    5. Пижамите никогаш, никогаш не треба да бидат видени во јавност

    rnДоколку на светот сакате да му дадете до знаење дека комбинирањето облека не е вашата главна преокупација, ова не е начинот да го направите тоа! Кога е еден од тие денови кога едноставно сакате да носите нешто удобно и немате време и нерви да смислите што, посегнете по вашиот омилен пар фармерки и некоја едноставна маичка, не по вашите пижами или стари, истегнати тренерки!10 модни правила кои не треба да ги прекршитеrn

    6. Патиките за трчање никогаш, никогаш не ги комбинирајте со фармерки!

    rnМожеби едно од најчесто прекршуваните модни правила. Патиките за трчање има зашто се наречени така – наменети се за трчање! Иако удобни, тие не треба да бидат нашите секојдневни, удобни чевли кои ќе ги носиме секаде. Има толку други удобни, едноставни чевли кои можете да ги носите, не мора да се токму овие патики.rn.rn

    7. На работа е секогаш подобро да сте подотерани одошто треба, отколку помалку

    rnИако премногу дотерување за на работното место може понекогаш да направи да се чувствувате неудобно, секогаш е подобра опција отколку одењето на работа несредени. Вашата грижа за изгледот и среденоста кажува многу за вас и вашиот однос и кон други работи во животот. Што е најлошото што може да се случи? – Да изгледате премногу добро, а тоа секој ќе се сложи дека не е некој проблем.10 модни правила кои не треба да ги прекршитеrn

    8. Доколку не се чувствувате удобно во нешто – не го носете!

    rnЦелта на облеката која ја избирате и вашиот стил е да направат да се чувствувате убаво и удобно. Под удобно, покрај физички удобно, се мисли и на тоа дека некое парче треба да ви е и психички удобно за да изгледате одлично во него. Ако облеката која ја носите не ја сакате и не ви се допаѓа, тогаш не ја носете! За да изгледате убаво во очите на другите, треба да бидете сигурни во комбинацијата која сте ја направиле. Доколку не ви се допаѓа тоа што го носите дента – изразот на вашиот лик ќе се промени, начинот на кој се движите, вашиот од, вашата самодоверба ќе биде на пониско ниво и постојано ќе мислите на облеката.rn.rn

    9. Бидете сигурни и реални во изборот на нови парчиња

    rn

    Кога ќе посегнете по некое парче во продавницата, секогаш, секогаш пред да го купите истото, прашајте се себеси дали имате со што да го носите и дали добро ќе се вклопи во вашата гардероба? При купувањето облека следете го „правилото на тројката“ – доколку немате 3 различни комбинации на ум кои можете да ги направите со тоа парче, бидете реални и не ги давајте своите пари за џабе!10 модни правила кои не треба да ги прекршите

    rnrn

    10. Важно е како го носите, не што носите

    rnНајважното и најповторуваното правило од сите – облеката што ја носите, носете ја со сигурност и гордост. Како што веќе спомнавме, вашата самодоверба и начинот на кој се гледате себеси, ќе диктира како луѓето ќе гледаат на вас. Доколку многу ви се допаѓа некое невообичаено парче (накит, чевли, јакна…) заради кое мислите дека луѓето чудно ќе ве гледаат и никој друг околу вас нема слично, носете го! Сè додека тоа го правите со гордост и исполнети со самодоверба, тоа ќе ве обележи како личност со стил и ќе ве направи да се чувствувате и изгледате посебно!