Заминувајте си навреме, одете си дома, иако никој не ве чека, после забава, од гости, од пропаднати врски и лоши навики. Заминувајте си од депресијата, мрачните мисли, болните спомени и негативните луѓе. Заминувајте навреме. Не оставајте длабоки лузни на вашето тело, не ја инфицирајте душата со грижа на совест.rnrn
rnrnЗаминувајте си навреме. Не го гребете цртежот на нежното платно на вашата судбина. Ценете го вашиот живот. Ако некој се обидува да го стави својот живот пред вашиот, разберете дека вие самите сте првенствено одговорни за сопствениот живот, а потоа за нечиј друг. Никој не дошол на овој свет како жртва. Животот не бара од човекот да се жртвува себеси и својата љубов.rnrnНе е тешко човек да се изгуби себеси и не е тешко да се претвори во нешто друго, да живее туѓ живот, да живее во нечиј свет, во поинаква реалност. Но, тешко е да се пронајдете себеси. Само вие можете да одлучите колку ќе им дозволите на другите да ве искористуваат. Доколку залудно се жртвувате, вие не си давате сила, туку си ја одземате.rnrnНаучете како навреме да си заминувате од животните околности и ситуации. Секогаш ќе знаете како да го препознаете тој момент. Верувајте во себе, верувајте ѝ на вашата интуиција, немојте да се лажете себеси и не лажете ги другите.rnrnНе постојат лоши луѓе. Постојат луѓе кои се разликуваат од нас. Немате други одговорности, освен личните. Сѐ што се случува во вашиот живот, сѐ што се случува околу вас и на некои далечни острови, се случува со ваша дозвола. Вие сте дозволиле вашиот живот да биде таков каков што е.rnrnВие сте дозволиле сивилото да доминира во вашиот живот. Вие сте дозволиле стравот да се всели во вашиот живот. Вие сте дозволиле да играте споредна улога во сопствениот живот. Погледнете околу себе, бидејќи можеби дошло време да заминете. Тешко е да се остави сѐ што сте преживеале и да си заминете, но понекогаш неопходно е да се стори тоа во вистинскиот момент.rnrnЗаминете си навреме од опсесивните илузии и наметнатите стравови, но и понатаму продолжете да сонувате и да се обидувате. Не плашете се да згрешите, бидејќи тоа значи дека сте се обиделе. Не плашете се од туѓите реакции, бидејќи и онака не можете да ги предвидите, додека не го направите она што сте го замислиле. Во секој случај, ќе имате шанса да си заминете навреме и да продолжите понатаму.rnrnСите луѓе знаат кога им недостасува нешто што сакаат да го имаат, нешто што не добиле, а очекувале да го добијат. Но, никогаш не помислуваат дека можеби не требале веднаш да го добијат она што го посакувале. Вистината е многу едноставна. Сѐ се случува во вистинското време, па дури и чудата. Токму затоа, треба да си заминувате навреме и никого да не задржувате. Ако се задржувате, вашето животно сценарио само ќе продолжи и понатаму да се повторува, а тоа е последното нешто што ви треба.rnrnВо продолжение прочитајте и зошто ќе ги изгубите луѓето кои останале во вашиот живот ако продолжите да мислите на оние кои си заминале.
Tag: заминување
-

Заминувајте навреме, не задржувајте никого: Сѐ се случува во вистинското време!
-

Дозволете им да си заминат на луѓето коишто сакаат да си одат од вашиот живот
Дозволено ви е да ги пуштите да си заминат партнерите кои решиле да ви раскинат. Дозволено ви е да ги блокирате и да ги фрлите фотографиите што ви будат чувства на носталгија. Дозволено ви е да ги заборавите, колку и да е тоа болно.rnrn
rnrnНишто не им должите повеќе. Не мора да им бидете најдобри пријатели, па дури ни познаници. Не мора да ги следите на социјалните мрежи. Не мора да правите ништо за нив. Сега смеете да ја тргнете ознаката од фотографиите на Фејсбук. Смеете да кликнете на копчето „отследи“. Не мора да комуницирате со нив никогаш повеќе. Најверојатно ќе ве боли уште повеќе доколку продолжите да контактирате.rnrnНемате обврска да им давате ништо. Тие се откажале од вас. Готово е. Раскинавте. Љубовта исчезнала. Не треба да ја враќате назад во живот.rnrnНе мора да разговарате со нив кога ќе ви се јават и ќе ве молат да се смирите. Тоа не значи дека сте бесчувствителни. Не значи дека сте лоша личност. Не значи дека ги мразите. Тоа само значи дека конечно сте решиле да се грижите за себе. Мора да го правите она што е најдобро за вас. Мора да го правите она што е најдобро за вашето ментално здравје и разум.rnrnДозволено им е да ви се налутат. Дозволено им е да мислат што сакаат. Но, тоа не значи дека треба да паднете на нивно ниво. Не мора да ги барате. Не мора да им одговарате и не мора никогаш повеќе да ги видите нивните лица. Дозволено ви е да правите сѐ што е потребно за да го излечите вашето скршено срце и не мора да се извинувате поради тоа.rnrnДозволено ви е да бидете најдобри пријатели со самите себе. Не мора да им одговарате на луѓето кои имаат ниско мислење за вас. Можете да престанете да комуницирате со луѓето коишто порано сте ги сакале. Треба да престанете да ги барате оние кои ве повредиле толку многу.rnrnСѐ е во ред. Дозволено ви е да заздравите и да си го посветите целото време на светот. Мора да го направите она што е најдобро за вас. Мора да направите сѐ што е потребно за да ја преболите личноста којашто ве повредила. Мора да продолжите понатаму. Мора да се ослободите од болката и сите сеќавања што ве прогонуваат во соништата.rnrnНикогаш не се извинувајте поради овие работи. Не се извинувајте поради тоа што сте се грижеле за себе. Не се ставајте себеси на последно место. Што ако ви се налутат вашите поранешни партнери? Постои причина зошто се поранешни, се согласувате?rnrnДозволете им да заминат. Посакајте им сѐ најдобро. Кажете им збогум. Прекинете ја комуникацијата. Излечете го вашето повредено срце. Никогаш не се извинувајте поради тоа што се сакате себеси. Не се извинувајте поради тоа што се грижите за себе онака како што тие никогаш не се грижеле за вас.rnrnВо продолжение прочитајте зошто ќе ги изгубите луѓето кои останале во вашиот живот, ако продолжите да мислите на оние кои си заминале. -

Ќе ги изгубите луѓето кои останале во вашиот живот, ако продолжите да мислите на оние кои си заминале
Тешко е да се живее без човекот кој некогаш сочинувал голем дел од вашиот живот. Посакувате да беше тука до вас кога поминувате низ тешки периоди. Доживувате нешто убаво и ве боли тоа што не е тука за да го споделите искуството. Живеете во живот после друго човечко суштество.rnrn
rnrnТешко е да се живее така и болката е голема, но не смеете да мислите на луѓето кои се заминале. Не смеете да продолжите да се надевате. На крајот од денот, ако некој сака да биде во вашиот живот, ќе биде. Луѓето кои сакаат да останат, ќе се потрудат и ќе бидат покрај вас. Ако не го сторат тоа, ставете ѝ крај на приказната.rnrnМеѓутоа, не треба да ги мразите. Не треба да го помните нивното присуство во вашиот живот како нешто негативно. Не ги уништувајте во вашиот ум, не лутете се додека не почувствувате презир. Наместо тоа, сакајте ги без приврзаност. Сакајте ја лекцијата што сте ја научиле од нив. Посакувајте им сѐ најдобро, секогаш кога ќе помислите на нив. Нека ви недостасуваат, но не патете поради тоа што не можете да ги вратите назад.rnrnАко луѓето си заминале од вашиот живот затоа што не биле подготвени да ве ценат, сакаат и да бидат тука за вас, не посакувајте да се вратат и не барајте од нив да бидат повеќе од тоа што можат да бидат во моментот. Дозволете им сами да сфатат и созреат. Тие се на нивното сопствено патување од кое вие не сте дел. И тоа е сосема во ред. Мора да научите дека тука нема ништо лошо.rnrnНаместо да се фокусирате на луѓето кои си заминале, фокусирајте се на луѓето кои решиле да останат во вашиот живот. Фокусирајте се на оние коишто се тука, кои ве ценат и почитуваат. Фокусирајте се на оние коишто ви ја возвраќаат љубовта, кои ви даваат сила, ви помагаат да растете и ви го прават животот поубав.rnrnОпкружени сте со луѓе кои нема да се срамат од љубовта што ја давате. Опкружени сте со луѓе кои знаат што сакаат во животот и ќе ви го покажуваат тоа секој ден. Не земајте ги здраво за готово. Не губете го она што го имате, бркајќи го она што повеќе го немате.rnrnЌе пропуштите прекрасни нешта, доколку останете заглавени во болката што некој ви ја предизвикал. Не му дозволувајте на минатото да ве одвлече од она што може да ви го понуди сегашноста. Искористете го вашиот потенцијал. Отворете му се на светот и дозволете му да го исполни празниот простор со луѓе, моменти и искуства што ќе ве маѓепсаат, ќе ви го одземат здивот и ќе ви помогнат да се засакате себеси и вашиот живот.rnrnДоколку се пронајдовте во текстов, прочитајте и зошто не ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот. -

Моќна порака што вреди да се прочита: Не ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот
Не ве дефинираат родителите кои не биле тука за вас и не ви обрнувале внимание. Не ве дефинира братот кој никогаш не ве ценел или сестрата која не знаела како да ви биде најдобра пријателка.rnrn
rnrnНе ве дефинира првата симпатија која ве излажала и ве искористила за предизвика нечија љубомора. Не ве дефинира партнерот кој ве оставил затоа што не знаел како да се однесува во вистинска љубовна врска.rnrnНе ве дефинира човекот кој никогаш не ви дал шанса, затоа што бил презафатен со друга љубов или пак личноста која сакала да бидете само пријатели, затоа што не можела да ве погледне како нешто повеќе од тоа.rnrnНе ве дефинираат луѓето кои не можеле да ве љубат или оние кои не успеале да видат што ви предизвикува болка. Не ве дефинираат оние кои заминале, затоа што не заслужувале да останат.rnrnТешко е да се биде во ваква ситуација. Сте заборавиле како е да се почувствува љубов и како да се љуби без да си ги повредите чувствата. Сте заборавиле како изгледа вистинската љубов.rnrnДоста ви е од едностраната љубов и од луѓето кои ви даваат лажна надеж. Ве прогонуваат духовите од минатото и болните раскинувања. Но, не можете да бидете целосни без да знаете како е да се биде скршен. Не можете да очекувате од некого да ве спаси, ако не знаете како да се спасите самите.rnrnНе би биле силни кога не би можеле да го поднесете сиот тој хаос, сета таа болка и сите тие неправди. Не можете да барате љубов, додека не научите да се сакате себеси во моментите кога никој друг не ви покажува љубов.rnrnНе ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот. Не ве дефинира нивниот недостаток на љубов. Не ви треба нивното одобрување. Ви треба само вашата верба во себе и љубовта кон сопственото битие.rnrnВо продолжение прочитајте како да се справите со љубовно разочарување. -

Дозволено ви е да си заминете…
„Ако некогаш се најдете во погрешната приказна, заминете си.“ – Мо Вилемс.
rnДозволено ви е да ја напуштите секоја приказна во којашто не се пронаоѓате. Дозволено ви е да ја напуштите секоја приказна каде што вие ја немате главната улога.rnrn
rnrnДозволено ви е да го напуштите градот што го затемнува вашето светло, наместо да направи да сјаете уште посилно – слободно спакувајте си ги куферите и почнете одново на место каде што ви е дозволено да си ја редефинирате смислата за својот живот.rnrnДозволено ви е да дадете отказ од работата што ја мразите, дури и целиот свет да ви вели дека не треба да барате нешто што ќе ве натера да се радувате на следниот ден до крајот на вашиот живот.rnrnДозволено ви е да напуштите некого што го сакате доколку тој или таа се однесува лошо со вас. Ставете се себеси на првото место и размислете за тоа што е најдобро за вас, и ако тоа значи да си одите – направете го тоа! Особено ако постојано сте почнувале да ги поправите нештата и сте вложувале многу труд, но ништо не се променило.rnrnДозволено ви е да ги исфрлите токсичните пријатели од вашиот живот и да се опколите со љубов, со оние што ве охрабруваат да бидете подобри и се грижат за вас. Вие треба да ја изберете онаа енергија што ви е потребна во животот.rnrnДозволено ви е да си простите себеси за најголемите и најмалите грешки, и дозволено ви е да бидете љубезни кон себе. Кога ќе се погледнете во огледало, треба да ја сакате личноста што ве гледа од другата страна.rnrnДозволено ви е и да се ослободите од сопствените очекувања.rnrnИако често го гледаме напуштањето како нешто лошо или го поврзуваме со откажување, понекогаш тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за себе. Со тоа што ќе оставите нешто или некого зад себе, вие ќе смените насока во вашиот живот, ќе почнете одново, ќе се откриете од почеток и ќе го осознаете подобро светот. Спасете се од заглавување на погрешно место со погрешни луѓе и оставете ја вратата отворена за промена, раст, нови можности…rnrnВие секогаш го имате изборот да си одите, сè додека не го најдете местото каде што припаѓате и каде што се чувствувате среќно. Дозволено ви е дури и да си го оставите „старото јас“ зад себе и одново да се пронајдете. -

Вие вредите повеќе отколку некој кој веќе си заминал од вас
Откако ќе си замине личноста со која сте ги споделувале и најдлабоките тајни, тешко е да се преправате дека не сте повредени. Во такви моменти не ќе можете да ги задржите солзите и да сфатите што ви се случило. Тешко е да го прифатите фактот дека веќе нема да го делите креветот каде што сте воделе љубов и сте си искажувале нежности. Тешко е повторно да влезете во собата каде што одекнувале зборовите „те сакам“, а сега не останало ништо.rnrn
rnrnНо, кога-тогаш, тоа мора да го прифатите. Таа личност ве сакала, можеби и ве обожавала. Но, за жал, тоа повеќе не постои. И покрај тоа што била ваша, повеќе не е. А можеби вие не сте ѝ биле на таа личност на прво место. Нормално е да се чувствувате повредени и постојано да се прашувате како вам можело да ви се случи тоа? Како да се справите со секој нов ден, со секој нов здив? Како да ја преживеете таа „болест“ од која навидум нема лек?rnrnВистината е дека постои начин да поминете низ сето ова, но потребно ви е време. Имате пријатели, ве очекуваат нови искуства и нови можности. А, секако, постојат и многу подобри луѓе на овој свет. Постои личност која подобро ќе се однесува кон вас. Можеби нема да се однесува на ист начин, нема да има исто хоби, иста боја на очи или иста коса. Па и за ова ќе ви биде потребно време – да се навикнете да не споредувате. Ќе ви биде потребно време да стигнете до степен да не ја посакувате онаа личност која си заминала. Но, некаде постои таква личност која е вредна за вас и која никогаш не би се осмелила да ве остави?!rnrnВие копнеете по личност која веќе заминала, која го скршила вашето срце и ве оставила сами. Копнеете по личност која не умеела да ги цени вашите предности и љубовта што ја нудите. Токму таа личност одлучила да замине, мислејќи дека вие не сте доволни за да му/ѝ го исполните срцето со љубов. Но, вистината е дека вие сте достојни и вредите за поголема и подобра љубов. Љубов која нема да замине. Љубов која ќе остане и ќе ја согледа убавината во сѐ она што го правите. Да, вие не сте достојни за љубовта на оние кои веќе ве напуштиле, затоа што нивната љубов е слаба и мала во споредба со вашата. Вашата е светла и несебична која никогаш нема крај. Вие заслужувате некој кој никогаш нема да сака да замине. -

Кои мисли ви се вртат во глава кога сакате порано да си заминете од забавата?
Со нетрпение сте очекувале некој настан, но кога конечно дошол денот на забавата, попрво би останале дома и би гледале филмови. Уморни сте и не сте расположени за дружење. Но, вашите пријатели упорно ве убедуваат дека ова ќе биде најубавата вечер во вашиот живот и едноставно мора да одите со нив. На крајот попуштате и решавате да отидете на забавата.rnrn
rnrnСи поминувате убаво првите два часа, но одеднаш се чувствувате исцрпени и не можете да издржите повеќе. Нема сомнеж дека сакате да си одите од забавата уште веднаш, но тоа не е така лесно како што изгледа. Ова се мислите што секому му поминуваат низ глава кога сака да си замине порано од забавата…rnrn1. Уморен/на сум.rnrn2. Ама ова е мојата песна!rnrn3. Добро ајде, ќе останам уште на оваа песна.rnrn4. Еј, и ова е мојата песна!rnrn5. Добро, ај нека помине уште оваа.rnrn
rnrn6. Што му стана на диџејот?! Сите ми ги погоди!rnrn7. Значи буквално ќе заспијам на маса. Морам да си одам.rnrn8. Еј, нема ни еден часот…rnrn9. Ова е срамота.rnrn10. Ај, ќе останам.rnrn11. Не можам да си одам пред 1, жално е.rnrn
rnrn12. Ама зошто да останам ако не ми е убаво?rnrn13. Јас сум возрасен човек и нема да потреба да седам некаде, ако не сакам.rnrn14. Готово, си одам.rnrn15. Морам да се поздравам со сите?rnrn16. Нема да се поздравам со сите, само со најблиските.rnrn
rnrn17. Господе Боже, што ѝ е толку гајле на Јована ако си одам?rnrn18. Не требаше да ѝ кажам дека сакам да си одам дома…rnrn19. Сега ќе заглавам тука додека не дојде дечко ѝ.rnrn20. Што да направам за да ми биде интересно? Да пијам? Да, ајде ќе пијам.rnrn21. Ако успеам да го викнам келнерот кој упорно не ме гледа.rnrn22. Можеби треба да отидам до тоалет и да видам што се случува на Инстаграм за да „убијам“ малку време.rnrn
rnrn23. Да, ако успеам да стигнам до таму и да ја поминам редицава од милион луѓе.rnrn24. Доста беше. Морам да си одам.rnrn25. Еве ја Јована, ми носи пијалак.rnrn26. Ај ќе се напијам малку, можеби ќе ме натера да останам.rnrn27. Не, само се чувствувам уште поуморно.rnrn28. Сега навистина морам да одам.rnrn
rnrn29. Сега пак треба да се поздравувам?rnrn30. Би требало…rnrn31. Ама навистина не сакам.rnrn32. Ај нема врска, ќе си отидам без никој да забележи.rnrn33. Довидување на сите! -

Драги девојки, никогаш не прифаќајте половична љубов
Можеби не сакате да останете сами, или толку многу сте заљубени што се задоволувате и со малку. Но никогаш не смеете да прифатите љубов која прави да се чувствувате празни однатре и покрај тоа што постојано му давате делови од себе на вашиот партнер.rnrn
rnrnНе прифаќајте љубов која не ве исполнува со страст и копнеж. Не прифаќајте нестабилна љубов. Сигурно многу сте вљубени, штом сте решиле да останете во врска со половична љубов. Останувате затоа што верувате дека тој ќе стане подобар. Сакате да ја извлечете онаа страна од него што сте ја виделе кога прв пат сте се запознале. Сакате да бидете таа која ќе ги сруши ѕидовите што ги изградил околу неговото срце и да влезете внатре во неговата душа подлабоко од сите претходни девојки.rnrnНо, дали сте помислиле дека можеби неговата душа нема толкава длабочина колку што си замислувате? Можеби тоа е сѐ што може да ви понуди, меѓутоа тоа не значи дека треба да се задоволите со толку. Некои луѓе љубат посилно и подлабоко од останатите и тука нема ништо лошо. Тоа само значи дека треба да бидете со некој кој ќе може да ве сака со истиот интензитет. Треба да бидете со некој кој ќе направи да бидете задоволни од секој можен аспект, затоа што вашите срца ќе бидат поврзани на посуштинско ниво.rnrnПаметни сте и сигурно знаете дека заслужувате повеќе кога станува збор за љубовта. Немојте да останете со некој кој не може да ги разигра пеперутките во вашиот стомак, само затоа што се плашите да останете сами и да живеете без него. Тешко е да се напушти човекот кого го сакате, но понекогаш токму тоа треба да се направи. Понекогаш треба да се упатите во поразлична насока за да стигнете до целта. Понекогаш заминувањето е најдоброто нешто што можете да го направите за себе.rnrn
rnrnВи треба некој кој ќе зрачи со позитивна и инспиративна енергија, некој кој ќе ве мотивира да станете подобри. Ви треба некој со сличен поглед кон светот. Нема сомнеж дека ќе го најдете. Најтешкиот дел е заминувањето, но откако ќе заминете ќе ви биде уште потешко. Постојано ќе се прашувате дали сте ја донеле вистинската одлука. Ќе бидете уште поизгубени, но полека ќе почнете да заздравувате. Ќе се пронајдете себеси и ќе научите од минатото. Ќе сфатите дека нештата не биле толку сјајни колку што сте мислеле и ќе си бидете доволни сами на себе.rnrnЌе пронајдете страст и љубов на непознати и необични место. Само кога ќе сфатите што заслужувате, ќе можете да доживеете длабока љубов каква што моментално давате, но не ја добивате. Прекинувањето на врската во која владее половична љубов е тежок процес што мора да го поминете за да станете свесни за вашата вистинска вредност. -

Луѓето може да си заминат, но нивното влијание останува засекогаш
Еден ден, некој ќе влезе во вашиот живот и ќе ви кажува убави работи кои дотогаш не сте ги слушнале од луѓето со кои сте го поминувале поголемиот дел од вашето време. Ќе излегувате заедно и ќе се состанувате. Таа личност ќе се сеќава на храната што ја сакате, на сите ваши мали разговори и како што поминува времето, ќе почнете да гледате можности кои поминуваат одредени граници.rnrn
rnrnТаа личност ќе направи да се заљубите за прв пат, ќе ви поставува прашања и ќе ви покаже како изгледа да имате пеперутки во вашиот стомак. Таа личност ќе биде дефиниција за вашата среќа, причината за избирање најубава облека. Таа личност ќе ја држи вашата рака како никогаш повеќе да не ве пушти да си заминете и ќе направи да чувствувате дека сте сакани и дека сте му потребни некому. Тогаш ќе ја почувствувате топлината на сонцето и ќе се чувствувате поубаво отколку кога било порано. Таа личност ќе ви помогне да сфатите дека не ви е потребен никој друг, сѐ додека ве сака, тоа е доволно. Но, секогаш постои крај на убавиот филм, добрата книга или прекрасната приказна. Еден ден, некоја личност ќе дојде во вашиот живот за да ве смени и кога конечно ќе се поврзете… таа ќе замине. Ова е болно, но вистината е дека луѓето доаѓаат и си одат. Еден ден вие сте толку посебни, а наредниот ден веќе тоа исчезнува. Луѓето доаѓаат, но порано или подоцна, тие заминуваат.rnrnЗемете здив. Сите оние луѓе кои доаѓаат имаат своја цел. Не откажувајте се. Секогаш направете простор за нови личности, затоа што никогаш не го знаете влијанието што некој може да го направи во вашиот живот. -

Неколку грешки на менаџерите поради коишто добрите вработени си заминуваат
Иако кај нас не е толку вообичаено, сепак понекогаш можете да ги слушнете менаџерите како се жалат дека нивните најдобри вработени имаат намера да си заминат. Всушност, цената што овие работници си заминуваат, компанијата ја плаќа премногу скапо. Многумина од менаџерите имаат тенденција да ги обвинуваат останатите за сите проблеми коишто се случуваат, па крајниот резултат е дека луѓето не ги напуштаат работните места туку тие ги напуштаат нивните менаџери. Ова би било лесно да се избегне, само е потребна нова перспектива и дополнителни напори од страна на менаџерот.rnrn
rnrnПогледнете кои се најлошите нешта што ги прават менаџерите, а коишто влијаат на заминувањето на добрите вработени.rn1. Бараат често прекувремено работење
rnЕдна од најлошите работи коишто им се случуваат на вработените е нивното прекувремено работење. Прекувремената работа ги демотивира вработените. Тоа прави тие на некој начин да се чувствуваат казнети.rnrnИсто така, прекувремената работа честопати е контрапродуктивна. Едно истражување од Стенфорд покажува дека продуктивноста во час се намалува кога во неделата има повеќе од 50 работни часа, а таа значително опаѓа кога има повеќе од 55 работни часа, при што со прекувремената работа не се добива никаква поголема корист. Ако морате да ја зголемите работата на вашите талентирани работници, тогаш подобро е да го зголемите нивниот статус. Така тие ќе преземат поголем обем на работа, но сепак нема да останат доколку работата ги гуши.rnrnУнапредувањето и промената на нивниот статус се прифатливи начини за да им го зголемите обемот на работа на талентираните вработени. Но, ако едноставно им се зголеми обемот на работа поради тоа што тие се успешни, без притоа да се смени нешто, тогаш тие ќе бараат друга работа којашто ќе им го пружи она што тие го заслужуваат.rnrn
rn2. Не го признаваат придонесот и не наградуваат
rnСите посакуваат слава, но најмногу оние коишто работат напорно и го даваат својот максимум. Менаџерите треба да комуницираат со своите вработени за да дознаат што е она што прави тие да се чувствуваат добро (за некои тоа е зголемувањето на платата, за други тоа е јавното признание), а потоа да ги наградат за добро завршената работа.rn
3. Не се грижат за своите вработени
rnПовеќе од половина од луѓето коишто ја напуштаат својата работа го прават тоа поради нивната врска со претпоставените. Добрите компании настојуваат да се осигурат дека нивните менаџери умеат да го балансираат нивниот професионализам и нивната човечност. Овие луѓе го слават успехот на вработените, сочувствуваат со оние коишто поминуваат низ тешки времиња и сл. Невозможно е да се работи за некој повеќе од 8 часа дневно, ако тој не се поврзе со вработените и на лично ниво и се грижи само за продуктивноста во компанијата.rn
4. Не ги исполнуваат своите обврски
rnДавањето одредени ветувања ги става менаџерите на линија којашто се протега помеѓу она што ги прави вработените среќни и нивното напуштање на работното место. Кога се придржуваат на она што го ветиле, менаџерите во очите на своите вработени создаваат слика на чесен и сигурен човек. Но, кога не ги почитуваат своите ветувања и кога се однесуваат незаинтересирано, тогаш не може да се очекува добар резултат. Всушност, ако претпоставените не ги почитуваат своите обврски, тогаш зошто би требало тоа да го прават сите други?rnrn
rn5. Вработуваат и унапредуваат погрешни луѓе
rnДобрите и вредни работници сакаат да работат со нивни истомисленици. Кога менаџерите не вработуваат такви луѓе, тогаш тоа е доста демотивирачко за оние коишто работат со нив. Унапредувањето на погрешните луѓе дури има и полош ефект. Кога работите напорно, а унапредувањето ќе го добие некој друг, тогаш тоа е голема навреда. Па, не е ни чудно што вредните луѓе го напуштаат своето работно место.rn
6. Не им дозволуваат на вработените да ги следат своите желби
rnТалентираните вработени се страсни. Обезбедувањето можности за тие да ги следат своите желби ја зголемува нивната продуктивност и задоволство од работата. Но, многумина менаџери сакаат нивните вработени да работат во некакви ограничени рамки. Овие менаџери се плашат дека ќе опадне продуктивноста на вработените доколку им се дозволи тие да го прошират својот фокус и да ги следат своите желби. Овој страв е неоснован. Истражувањата покажуваат дека луѓето коишто се способни да ги следат своите желби во текот на работата, се пет пати повеќе продуктивни отколку вообичаено.rn
7. Не ги развиваат вештините на вработените
rnДобрите менаџери управуваат без разлика на тоа колку вработените се талентирани. Тие внимаваат, постојано слушаат и даваат повратни информации. Кога имате талентирани вработени, ваше е да најдете област во којашто тие ќе може да се докажуваат и да ги изразуваат своите вештини и знаења. За разлика од помалку талентираните, најталентираните вработени сакаат фидбек, а работата на менаџерите е да им го обезбедат тоа. Ако не го направите тоа, на вработените ќе им стане досадно и ќе станат незаинтересирани.rnrn
rn8. Не успеваат да се вклучат во нивната креативност
rnНајдобрите вработени настојуваат да подобрат сè што ќе допрат. Ако ја оттргнете нивната способност да ги менуваат работите само затоа што вам ви е удобно нештата да не бидат променети, тогаш тоа прави вработените да ги мразат своите работни места.rn
9. Не ги предизвикуваат вработените на интелектуален план
rnДобрите претпоставени ги предизвикуваат нивните вработени да го постигнат она што во прв план ним им се чини незамисливо. Наместо да поставуваат поедноставни цели, тие треба да постават повисоки цели коишто ќе им обезбедат на вработените да излезат од зоната на нивната удобност. Тогаш, добрите менаџери треба да направат сè што е во нивна моќ за тие да може да успеат. Кога талентираните и интелигентни луѓе ја сметаат својата работа за премногу здодевна, тие бараат нешто друго што ќе ги поттикне нивните интелекти.rnrnДоколку сакате вашите најдобри вработени да останат, размислете за тоа како ќе се однесувате кон нив. Ваше е да направите тие да сакаат да работат за вас.