КАФЕ ПАУЗА

Tag: задоволства

  • 7 работи во животот за кои мора да бидете искрени кон себеси

    7 работи во животот за кои мора да бидете искрени кон себеси

    Сите ние понекогаш знаеме да лажеме, но што се случува кога се залажуваме самите себе? Што ако ги игнорираме проблемите и предизвиците, нашите штетни навики кои не ни носат ништо добро? Ова се 7 работи за кои секогаш мора да бидеме искрени кон самите себе.rnrn7 работи во животот за кои мора да бидете искрени кон себесиrn

    1. Вашите скриени задоволства

    rnСекој од нас има по некое скриено задоволство, за кое иако знае дека на некој начин му штети, продолжува да ужива во него. На пример продолжувате да пушите иако сте биле предупредени од медицинско лице, а на вашите пријатели им велите дека „палите по некоја“ за време на викендите – вистината е дека пушите по една кутија на ден. Клучно е да престанете да се залажувате самите себеси и сериозно да се соочите со проблемот како и со можните последици. Доколку гледате дека некоја навика ви штети, земете си обврска да направите важни промени.rn

    2. Вашите битки и стравови

    rnКолку повеќе бегате од вашите проблеми и стравови, толку поголеми стануваат и изгледа дека се сè потешки за решавање. Соочете се со вашите стравови. Од каде потекнуваат? Зошто се чувствувате така како што се чувствувате? Секогаш најдобар начин да ги победите предизвиците во животот е соочувањето со истите. Не бегајте од она што го чувствувате, колку и да се обидувате никогаш нема да успеете да го потиснете во себе. Бидете искрени за вашите чувства, пишувајте дневник во кој ќе ги искажувате вашите емоции, побарајте совет од пријател или член на семејството, искажете го она што го чувствувате и веднаш ќе ви олесни.rn

    3. Вашето слободно време

    rnБидете искрени, колку слободно време имате? Како го минувате? Во просек, еден човек во Америка поминува неверојатни 34 часа неделно гледајќи телевизија. Интернетот и телевизијата буквално го „јадат“ нашето слободно време и завршуваме со сознанието дека воопшто не сме биле продуктивни. Најдете креативен и продуктивен начин за минување на слободното време и правете нешто што ве исполнува.rn

    4. Вашето здравје

    rnЗдравјето е дефинитивно тема на која мора да бидете искрени самите со себе. Дали имате проблеми со здравјето, дали се храните добро, дали вежбате? Здравјето не смее да се запоставува, а залажувањето дека е сосема во ред тоа што јадете брза храна премногу често, нема да ви донесе ништо добро.rn

    5. Вашата работа

    rnМногумина се заглавени работејќи нешто што не им се допаѓа и не им е по мерак. Вашата работа треба да ве прави среќни и да ве исполнува. Доколку не го согледате тој факт, може да го минете животот градејќи кариера која потполно ве исцрпува, не ви носи среќа, ниту пак го истакнува најдоброто кај вас. Тешкото прашање е како ќе ги платам сметките ако дадам отказ? Не мора веднаш да дадете отказ. Во меѓувреме почнете интензивно да барате друга работа или пак запишете се на курс кој ќе ги надгради вашите знаења на полето кое ве интересира. Може вашата омилена професија за почеток да ви биде само хоби додека не се снабдите со доволно средства и можности за да ви стане постојана работа.rn

    6. Вашето семејство

    rnНе го бирате вашето семејство. Тоа ви е дадено од Бога, но тоа не значи дека треба да трпите секакво однесување. Доколку некој член на вашето семејство ви го отежнува животот, не игнорирајте ја таквата ситуација. Отворено разговарајте за проблемот или пак најдете начин да се оддалечите од личноста онолку колку што можете. Од друга страна бидете искрени колку добро и правилно вие се однесувате со останатите членови од вашето семејство.rn

    7. Вашите навики

    rnНашите секојдневни навики и рутини нè прават она што сме. Кога ќе зацртате некаква цел, фокусирајте се на вашите секојдневни напори за нејзиното остварување. Бидете искрени, дали со вашите секојдневни навики придонесувате за ваше унапредување на некое поле во животот? Дали будењето доцна напладне и пропуштањето на предавањата на факултет позитивно влијае на вашата иднина? Дали навиката да доцните на работа може да резултира со задржување или унапредување на работното место?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сегашноста е подарок

    Сегашноста е подарок

    За да користите услуги кои ви се потребни, треба да платите, за да го купите посакуваниот производ треба да имате пари, но за да го искористите сегашниот момент не ви се потребни никакви парични средства. Како да го искористиме сегашниот момент најдобро што можеме?Сегашноста е подарокrn

    Сакајте!

    rnЉубете ја поради тоа што е оригинална, насмеана, весела и поради тоа што и таа ве љуби. Сакајте ја нејзината убавина, таа се труди да биде убава за вас. Дајте ѝ комплимент за нејзиниот изглед, потрошила часови за да ја погледнете со восхит и насмевка. Вреднувајте ја нејзината верност и трудете се да бидете мажот кој таа го заслужува!rnrnЉубете го зошто е силен и подготвен да ве одбрани од сè што ви создава бол и ви влева страв. Затоа што е тука покрај вас со намера да ви ги избрише солзите, а не да ги предизвика. Зошто ви е верен и подготвен во секој момент да го претрча градот само за да ве гушне кога ви е тешко. Ценете го неговиот труд да биде достоен за вас и трудете се да бидете жената која тој ја заслужува!Сегашноста е подарокrn

    Бидете благодарни!

    rnЗа вашите родители вие сте број еден, секогаш најдобри и секогаш на прво место. Зошто биле способни да створат живот на човечко суштество кое ќе го сакаат повеќе и од самите себе. Бидејќи се секогаш тука за вас, секогаш ви мислат добро и секогаш ја имате нивната поддршка. Зошто родителите се едни од многу ретките личности во вашиот живот кои се подготвени во секој момент да се жртвуваат за вас и да го скратат сопственото задоволство, за вие да го имате она што ви треба. Бидете благодарни што ја чувствувате нивната љубов и заштита.rn
    rn

    Вреднувајте и чувствувајте!

    rnВреднувајте ги убавите утра и пријатните ноќи, почувствувајте го ветрот, оставете сонцето да посегне по вас со своите зраци и дозволете му на дождот да ве намокри. Вреднувајте ги вашите искрени и позитивни пријателства. Убавите спомени и мигови исполнети со среќа и задоволства. Чувствувајте ги благодетите на сè што ве опкружува, сè со што сте благословени, сè што имате сега, во овој момент. Чувствувајте среќа, радост, благодарност, инспирација и надеж, дозволете им да ве водат низ животот.Сегашноста е подарокrn

    Почитувајте!

    rnПочитувајте ги сите оние кои ви прават добро, почитувајте ги оние кои ви посветуваат внимание и оние кои и вас ве третираат со почит. Покажете почит кон оние кои издвојуваат време за вас, оние кои би ви помогнале во секое време. Оние кои ви упатуваат искрена насмевка и ве ценат како личности. Почитувајте го секое добро дело направено за вас и правете добри дела без желба да бидете почитувани поради тоа.rnrnВдишете го сегашниот момент, со длабок здив апсорбирајте ги задоволсвата што ви ги носи животот и убавите моменти кои сами сте ги створиле, сепак сегашноста е подарок кој треба да се искористи!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На што трошат пари славните?

    На што трошат пари славните?

    Славните личности заработуваат огромни пари. Тие имаат дневница, а понекогаш и саатнина поголема од парите кој еден просечен Македонец ги заработува годишно. Токму поради овој факт тие си дозволуваат сè што ќе им се посака. Ова се неколку трошачки бисери на неколку славни личности.На што трошат пари славнитеrn

    Ештон Кучер

    rnГлумецот плати 200.000 американски долари за да појде во вселената. Тој тоа ќе го направи преку компанијата „Virgin Galactic“. Не е точно познато кога ќе го стори тоа, но се знае дека тој е 500-ти на листата. Летовите ќе започнат во 2013 година.rn
    rn

    Бијонсе

    rnЌерката на Бијонсе, Блу Ајви Картер, иако е стара само неколку месеци, сопственик е на када обложена со розови кристали од „Сваровски“. Кадата е дело на дизјанерката Лори Гарднер, која не може да потврди колку часови има изгубено лепејќи ги 44.928-те розови кристали. Цената на оваа када е 7.000 американски долари.rn
    rn

    Тамара Еклстон

    rnТамара, ќерката на шефот на Ф1, Берни Еклстон, исто така се бања во када обложена со кристали. Нејзината када е обложена со горски кристали, а за неа таа издвоила 800.000 американски долари.rn
    rn

    Доналд Трамп

    rnБидејќи бил незадоволен од фактот дека поседува само еден авион, тој решил да го откупи авионот на еден од основачите на „Мајкрософт“, Пол Ален. Тој го купил неговиот Боинг 757, целосно го реновирал, па така авионот сега има златно купатило, златни сигурносни појаси и мотор од Ролс Ројс. Сè вкупно – 100 милиони долари.rn
    rn

    Џорџ Лукас

    rnНајпрво тој купи ранч вреден 100 милиони долари, а потоа и цела противпожарна бригада која ќе се грижи за тој огромен имот. Сега тој има вработено 12 пожарникари, има 2 возила за гасење пожар, а таму работат и неколку волонтери.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.