КАФЕ ПАУЗА

Tag: задоволства

  • 6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни поради малите задоволства што си ги дозволувате

    6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни поради малите задоволства што си ги дозволувате

    Сите ние си имаме некои мали задоволства кои нѐ прават среќни, но за кои знаеме дека не се баш најдобри за нас. Поради тоа, секогаш кога ќе си ги дозволиме чувствуваме грижа на совест иако не би требало. Нема ништо лошо во тоа да изедете по некое чоколадо одвреме-навреме. Ова се 6-те начини со чија помош веднаш ќе престанете да се чувствувате виновни поради ситниците кои ве исполнуваат, а сакате да престанете да ги правите…rnrn6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни пораид малите задоволства што си ги дозволуватеrn

    1. Пиење многу кафе

    rnСите сакаме кафе и би го пиеле во текот на целиот ден кога би можеле. Но, со целиот тој кофеин, шеќер и млеко, кафето не е баш најздравиот избор. Наместо тоа, кога ќе се туширате наутро истријте го телото со смеса од зрна од кафе, бадемово масло, витамин Е и морска сол. Тоа ќе ви ја зголеми енергијата и ќе ја задоволи вашата потреба за кафе без да претерате со ладното макијато.rn

    2. Јадење цела кутија сладолед

    rnФакт е дека ако имате кутија сладолед, ќе изедете повеќе од што треба. Одбегнувајте да купувате цели кутии и ограничете ја количината на сладолед што ќе ви биде достапна во фрижидерот. Уште подобро е ако си направите самите домашен сладолед. Има многу рецепти на Интернет кои се вкусни, а не се толку калорични.rn

    3. Одење на фризер само за фенирање

    rnСредувањето на косата без особена причина е несомнено едно од најдобри задоволства кои предизвикуваат чувство на вина. Нема да се чувствувате виновни повеќе доколку овие екскурзии до фризерскиот салон ги сметате како инвестиција во вашата убавина. А ако баш не сакате да трошите пари, постојат многу туторијали на Јутјуб кои ќе ви покажат како на лесен и брз начин самите да ја фенирате косата.rnrn6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни пораид малите задоволства што си ги дозволуватеrn

    4. Пиење коктели

    rnЌе се чувствувате подобро доколку порачате коктели со зеленчук, наместо вашето рутинско летно мохито. Префрлете се од мартини на коктел со џин и репка. Иако сепак алкохолот не е баш добар за вас, сепак овие коктели барем содржат помалку калории и шеќери.rn

    5. Откажување планови во последна минута

    rnДојдовте дома од работа по особено стресен и напорен ден и ништо на светот, дури ни плановите за вечера што сте ги направиле уште пред 3 недели, нема да можат да ве станат од каучот. Наместо да се чувствувате лошо поради тоа што сте ги откажале плановите, дозволете си да забушавате малку. Истражувањата покажале дека ова може да ве направи посреќни бидејќи си оставате простор да дишете и да ги обновите вашите пријателски односи кога нема да ви биде толку стресно. Само гледајте да не ви прејде во навика, бидејќи во спротивно ќе забележите како поканите полека се намалуваат.rn

    6. Купување многу облека

    rnКупувањето премногу чевли никогаш не се одразува добро на сметката во банка. Но, можете да го оправдате вашиот шопинг ако направите место во вашиот шкаф со тоа што прво ќе продадете некои од вашите стари работи кои не ги носите повеќе. Нема зошто да се чувствувате виновни доколку вашата стара облека всушност ви ја купува новата.

  • Погледнете ги овие едноставни, но прекрасни секојдневни задоволства

    Погледнете ги овие едноставни, но прекрасни секојдневни задоволства

    Едноставните задоволства се токму тоа: Едноставни! И кога имате тешки денови, постојат мали нешта коишто може да го подобрат вашето расположение и да направат бар за миг да заборавите на лошите работи и да се препуштите на секојдневните мали уживања. Сепак, понекогаш, тешко е да сфатите дека токму овие мали нешта биле вистинската светла точка во вашиот ден. Во продолжение погледнете ги овие 25 работи коишто на некој необјаснив начин овозможуваат големо задоволство.rnrnrnrn1. Излегување надвор. Свежиот воздух го подобрува вашето расположение и го зголемува нивото на витаминот Д.rnrn2. Кога ќе видите некој/а што го/ја сакате. Не е важно дали таа личност последен пат сте ја виделе пред 5 недели или пред 5 минути. Тоа е секогаш возбудливо.rnrn3. Кога сте сами дома. Едноставно, можете да правите сè што ќе посакате!rnrn4. Танцување. Нема ништо подобро од танцувањето како никој да не гледа!rnrn5. Чаша чај или кафе. Понекогаш уживањето во пијалакот којшто го обожавате може да биде најслаткото задоволство во денот.rnrnrnrn6. Кратка дремка. Подгответе се и затворете ги очите. Дури и петминутниот одмор на тивко место може значително да ви ја зголеми енергијата.rnrn7. Слушање на вашата омилена песна. Можеби затоа што ви буди интересни спомени?rnrn8. Сончев ден после дождливиот. После дождот доаѓа сонце, а со тоа и нови перспективи.rnrn9. Кога не морате да го поставите алармот за наредниот ден. Има нешто прекрасно во тоа дека немате задолжително време за будење наредниот ден.rnrn10. Кога ќе се вратите дома и ќе видите дека е пристигнат долго очекуваниот пакет нарачан онлајн. Ова е како еден вид подарок од вас, за вас. Сепак, забавните работи ве прават посреќни!rnrnrnrn11. Кога ќе пронајдете заборавени пари во вашиот џеб. Без разлика колкава сума пари сте пронашле. Ова е едно од најдобрите чувства.rnrn12. Гледање на изгрејсонцето/зајдисонцето. Оваа магична глетка ќе направи да се чувствувате исполнето.rnrn13. Кога веб-сајтот којшто го пребарувате се отвора премногу брзо. Без нервози и чекања. Супер!rnrn14. Кога чувствувате дека имате најдобар пријател. Секогаш е добро да знаете дека имате некој покрај вас на кого можете да се потпрете.rnrn15. Читање поглавје од вашата омилена книга. Секогаш е добро среќавањето со стариот, омилен пријател којшто живее меѓу кориците.rnrnrnrn16. Кога ќе откриете некоја нова песна којашто сте ја барале. Конечно. Сега веќе можете да ја повторувате уште еднаш и уште еднаш…rnrn17. Испраќање пораки на себеси за да се потсетите за нешто. Насмевнете се. Ова е забавен начин да не заборавите некоја од вашите обврски.rnrn18. Кога играте со некое животно. Домашните миленичиња може навистина да ви го разубават денот. Доколку немате свое, посегнете кон миленичето на вашиот пријател. Секако, ќе ги имате истите придобивки.rnrn19. Гледање на омилениот филм. Сигурно веќе го знаете редоследот на секоја сцена. Но, тоа не е никогаш досадно.rnrn20. Кога има слободна безжична интернет конекција. Без разлика дали очекувате порака од вашиот пријател или важен мејл од работа, прекрасно е кога можете да проверите и тоа бесплатно!rnrnrnrn21. Кога можете да насмевнете некого. Зголемете ја вашата среќа со тоа што ќе направите некого среќен.rnrn22. Кога возите со отворени прозорци. Почекајте го топлото време и препуштете се на ова задоволство.rnrn23.Кога споделувате нешто со некој. Без разлика дали ќе го споделите омиленото чоколадо или пак ќе бидете нечие друштво за прошетка, секогаш е добро да се знае дека имате некој со којшто можете да споделувате многу работи и моменти.rnrn24. Кога чистите нешто, макар тоа да е и нешто мало. Започнете со чистење и ослободете ги вашите мисли.rnrn25. Петок. Постои нешто возбудливо во четврток, а тоа е дека доаѓа петок. А кога вистински е петок, е тогаш е прекрасно!rnrn

  • 40 мали, случајни моменти кои ќе ве потсетат дека животот е прекрасен

    40 мали, случајни моменти кои ќе ве потсетат дека животот е прекрасен

    Што е животот ако не барабан полн со моменти кои случајно испливуваат на површината, како лото топчиња? Некои од нив се убави, среќни, вредни за паметење, но има и такви кои ќе ве растажат, изнервираат или засекогаш ќе ве одделат од вашите драги луѓе. Но без разлика на сѐ, важно е да ја цениме вредноста на секој од тие моменти и секој среќен момент да го додаваме на сложувалката која ја составуваме додека сме живи, а се вика „Животот е прекрасен“.rnrn40 мали, случајни моменти кои ќе ве потсетат дека животот е прекрасенrnrn1. Кога ќе најдете паричка на улица.rnrn2. Разменувањето насмевка со непознат човек.rnrn3. Првиот залак од храната која долго сте ја чекале.rnrn4. Првата голтка ладна вода кога сте жедни.rnrn5. Кога ќе ве бакне некој што не сте очекувале.rnrn6. Порака од симпатијата.rnrn7. Кога ќе ги отворите ролетните и надвор ќе го видите првиот снег.rnrn8. Смеење за нешто сосема случајно.rnrn9. Кога ќе најдете белешка од некој што го сакате.rnrn10. Кога ќе ви се допадне новата храна што прв пат ја пробувате.rnrn11. Кога ќе прочитате нешто што ќе ве наежи.rnrn12. Кога ќе видите прекрасен пејзаж.rnrn13. Моментот кога одеднаш ќе се почувствувате смирено.rnrn14. Прегратка со љубените.rnrn15. Кога вашето милениче спие покрај вас.rnrn16. Дремење на кауч после долгиот работен ден.rnrn17. Мирисот на дождот.rnrn18. Долго вВозење по празен пат.rnrn19. Кога ќе видите ѕвезда што паѓа.rnrn20. Неочекуван телефонски повик од некој што го сакате.rnrn21. Кога готвите нешто кое има прекрасен вкус и мирис.rnrn22. Кога ќе се погледнете со некој пријател и ќе прснете од смеа.rnrn23. Пребарувањето низ стари фотографии.rnrn24. Кога слушате песна која ви носи стари спомени.rnrn25. Кога случајно ќе се допрете со симпатијата.rnrn26. Кога ќе се погледнете во огледало со голема самодоверба.rnrn27. Кога ќе создадете некое дело и ќе почувствувате гордост.rnrn28. Утехата што ја наоѓате кога сте сами.rnrn29. Кога ги слушате звуците од природата.rnrn30. Топлиот ветер.rnrn31. Мирисот на домашно зготвената храна.rnrn32. Прегратката со некој кого не сте го виделе подолго време.rnrn33. Длабоко задоволство.rnrn34. Неочекувани пеперутки во стомакот.rnrn35. Кога гледате во уметничко дело со кое чувствувате поврзаност.rnrn36. Длабок разговор после кој се чувствувате просветлено.rnrn37. Кога ќе почувствувате меѓусебна привлечност со неочекувана личност.rnrn38. Неочекувани солзи радосници.rnrn39. Прегратка која ве враќа во минатото.rnrn40. Моментот кога чувствувате дека работите си доаѓаат на свое место.

  • 12 чувства кои се секогаш подобри од сексот

    12 чувства кои се секогаш подобри од сексот

    Секој човек кој има гениталии би кажал дека е голем фан на сексот. Но како и да е, постојат неколку нешта на оваа планета кои се подобри од оргазмот. Да, колку и да е тешко да замислите поубаво чувство од оргазмот, сепак има! Најдобриот дел е што за да ги доживеете тие чувства не е потребна дрога, крадење, ниту пак добивка од милион евра на лотарија. Ако вашата рака е уморна, а немате трпение да убедувате некого да легне со вас во кревет, еве листа од нешта кои се подобри од сексот.rnrn12 чувства кои секогаш се подобри од сексотrn

    1. Исплаќање на долгот од кредитната картичка

    rnНе постојат зборови со кои може да се опише чувството кога целосно ќе го исплатите долгот од кредитната картичка. Ако сте имале таков долг, знаете дека истиот секоја вечер легнува со вас во кревет и ве притиска, не дозволувајќи ви мирно да спиете. Кога конечно ќе дојде денот кога ќе се ослободите од последната рата, чувството е како да доживувате илјада оргазми одеднаш.rn

    2. Членство во фан група

    rnПрашајте ги фановите на филмот „Војна на Ѕвездите“ како се чувствувале кога биле на премиерата пред триесетина години и како се чувствуваат сега кога заедно со своите деца биле на премиерата на најновото продолжение на овој добро познат серијал.rn

    3. Совршен прв состанок

    rnКога сте на прв состанок во воздухот се чувствува нова надеж. Често се прашувате „Дали е ова почетокот на нешто важно во мојот живот?“ После совршениот прв состанок се чувствувате подобро отколку после секс затоа што постои еден вид надеж над хоризонтот која ви покажува дека почнува нова и убава епизода од вашиот живот.rn

    4. Унапредување на работното место

    rnМалку нешта на светот се подобри од чувството кога вашиот шеф конечно го препознал трудот кој го вложувате на работното место. Без разлика дали претходно сте биле на дното од хиерархијата или конечно сте добиле своја канцеларија, вие ќе се почувствувате како конечно да сте успеале во животот.rn

    5. Убав коктел после напорен ден

    rnПосле долгиот ден на работа каде што сте имале расправија со шефот, прекрасно е чувството кога ќе се напиете силен и вкусен коктел кој ќе го смири вашето тело, но и вашиот ум.rn

    6. Првиот бакнеж со некој кој навистина ви се допаѓа

    rnСамото сознание дека му се допаѓате подеднакво на човекот кој ви се допаѓа вам е убаво исто како и сексот, а понекогаш можеби дури и поубаво.rn

    7. Првиот ден од одморот

    rnЗатоа што чувствувате дека одморот е полн со можности и дека сѐ може да се случи.rn

    8. Завршување на трогателна книга

    rnАко кажете дека крајот на последната книга од серијалот за Хари Потер не ве насмеа, расплака и натера триумфално да ги кренете тупаниците, тогаш сигурно лажете.rn

    9. Првото гледање на филмот „Добри Момци“

    rnБез разлика дали ви се допаднал или го мразите, чувството после првото гледање на филмот е како да ве заплискале со ладна вода во лицето и сте почувствувале нешта за кои не сте знаеле ни дека можат да постојат.rn

    10. Кога вашите родители ви кажале дека се гордеат со вас

    rnЧудно е кога на листата на подобри нешта од секс ќе прочитате родители, но сигурно го знаете ова чувство. Станува збор за онаа супериорност дека сте постигнале нешто големо, кога луѓето кои се грижеле за вас повеќе не ве гледаат како дете и почнуваат да се гордеат со личноста во која сте израснале.rn

    11. Божиќна вечера

    rnЗатоа што цела година сте го чекале денот кога целото семејство ќе се собере покрај богатата божиќна трпеза.rn

    12. Купување на нешто за кое напорно сте работеле

    rnИма малку чувства подобри од моментот кога конечно сте купиле нешто за кое долго сте штеделе. Без разлика дали се работи за автомобил, куќа или едноставно за маичка со кратки ракави која со месеци сте ја меркале низ излогот, чувството кога ќе ја исполните оваа цел е подеднакво убаво како и сексот.

  • 10 нешта за кои родителите не треба да чувствуваат вина

    10 нешта за кои родителите не треба да чувствуваат вина

    Дали некогаш се чувствувате виновни за тоа како ги одгледувате вашите деца и за грешките кои сте ги направиле? Секој родител чувствува грижа на совест понекогаш, но едно е заедничко за сите родители – тие даваат сè од себе за да ги израснат своите деца во прекрасни личности. Како нивни деца и како идни родители, еве што им порачуваме на родителите – ова се нештата за кои навистина нема потреба да чувствувате вина.rnrn10 нешта за кои родителите не треба да чувствуваат винаrn

    1. Дозволување на вашите деца да уживаат во забранети задоволства

    rnКако телевизија навечер или сладолед пред ручек. Иако се коси со секое правило на добар родител, во ред е одвреме-навреме да им дозволите на вашите деца да ги прекршат правилата. Знаеме колку ги сакате и дека не би сакале да им скратите што било од она што им причинува задоволство. Во ред е. Плус, заслужувате макар половина час мир додека гледаат телевизија, опуштете се.rnrn10 нешта за кои родителите не треба да чувствуваат винаrn

    2. Тоа што уживате во вашата работа

    rnЗнаеме дека чувствувате грижа на совест за секој момент кој не е посветен на вашите деца, особено кога ќе треба да вложите многу време и енергија во вашата работа. Но само имајте предвид дека работите напорно со цел да им обезбедите подобра иднина.rn

    3. Тоа што одвреме-навреме знаете да си обрнете внимание на себе

    rnНесебично дарувате сè што имате, во ред е понекогаш да се ставите себеси на прво место. Потрошете дел од платата на себе, дури и дозволете си да ја изедете последната палачинка.rnrn10 нешта за кои родителите не треба да чувствуваат винаrn

    4. Тоа што имате потреба да бидете сами со себе

    rnСакате да се опуштите со чаша вино или читајќи ја вашата омилена книга? Луѓе сте, престанете да се чувствувате виновни заради тоа. Верувајте, и вашите деца ви простуваат.rnrn10 нешта за кои родителите не треба да чувствуваат винаrn

    5. Одење на викенд или одмор без вашите деца

    rnСамото ова ви звучи ужасно лошо. Но, не грижете се. Работите напорно и секојдневно се грижите за домот. Оставете ги вашите деца кај мајка ви и одете на викенд со пријателите.rn

    6. Тоа што понекогаш сте премногу амбициозни за вашите деца

    rnНекогаш се заборавате трудејќи се вашите деца да бидат најдобри во сè. Разбираме дека тие се посебни во вашите очи, така што продолжете да ги мотивирате и не се чувствувајте виновни заради тоа.rn

    7. Викање и карање на вашите деца

    rnВие секогаш им го мислите само најдоброто. Иако некогаш чувствувате дека сте претерале, ослободете се од вината и надоместете им така што ќе ги наградите дупло кога ќе направат нешто добро.rnrn10 нешта за кои родителите не треба да чувствуваат винаrn

    8. Прескокнување на здрав оброк

    rnАко некогаш ви се случи да немате време да зготвите ручек, не доживувајте го тоа како крај на светот. Изнесете ги децата на хамбургер, колку и да звучи тоа лошо според секој непишан правилник на родителите. Верувајте, децата ќе уживаат.rn

    9. Тоа што немате можност да им дозволите луксузи

    rnМожеби не можете да им ги купите сите играчки кои ги сакаат и да ги однесете секаде каде што ќе посакаат, но вие ги сакате и им давате сè што имате. За тоа што не сте ги размазиле, ќе ви бидат благодарни кога ќе пораснат.rnrn10 нешта за кои родителите не треба да чувствуваат винаrn

    10. Тоа што навистина се радувате кога вашите деца не се дома

    rnОва ни себеси не би си го признале, но навистина ви е мило кога ќе заминат на роденден и вие конечно сте во мирна и тивка куќа.rnrn10 нешта за кои родителите не треба да чувствуваат винаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мали животни задоволства, минијатурна книга која ќе ве освои

    Мали животни задоволства, минијатурна книга која ќе ве освои

    Артистот Еван Лоренцен објавил нова книга, но таа е далеку од просечна. Оваа книга не е поголема од 3 сантиметри и вклучува цртежи кои се помали од ноктот на вашиот палец. Книгата со име „Life’s Lil Pleasures“ е неговата најнова микро-книга, која ги вклучува илустрациите на сите оние нешта кои го прават животот вреден за живеење. Неверојатно е колку мала е оваа книга и колку вешто е составена. Илустрациите во неа, со оглед на нивната големина, исто така се прекрасни и импресивни. Погледнете…rnrn(1) Мали животни задоволства, минијатурна книга која ќе ве освоиrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мали, слатки задоволства кои ја прават секоја врска неодоливо привлечна

    Мали, слатки задоволства кои ја прават секоја врска неодоливо привлечна

    Убавината на секоја врска се состои во оние мали слатки задоволства кои парот свесно или не си ги дозволува во текот на секој ден. Дали е тоа некој ритуал со кој редовно ви започнува утрото или силна прегратка кога партнерот тоа најмалку го очекува, овие ситници ја разубавуваат врската и ви даваат чувство на среќа и сигурност. А бидејќи на секоја врска ѝ се потребни овие незаменливи состојки, следниве неколку можат да ви дадат некоја идеја за тоа кое мало слатко задоволство би можело да биде ваше.rnrn(8)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mkrn

    Споделувате храна

    rnНема ништо поубаво кога нарачувате 2-3 сосема различни јадења и потоа и двајцата уживате заедно во нивниот вкус. Уште и ако притоа се храните еден со друг, е тогаш задоволството е уште поголемо.rnrn(1)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mkrn

    Се испреплетувате еден во друг пред да ги отворите очите наутро

    rnНе постои човек кој ужива во утринското будење. Но колку е тоа поубаво кога наместо алармот на телефонот, ќе ве разбуди саканата личност која ги испреплетува нејзините нозе со вашите, а со рацете ве обвива околу половината? Тоа се сигурно најслатките 15 минути будење.rnrn(2)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mkrn

    Гледате некое шоу кое ви се допаѓа и на двајцата

    rnБидејќи во принцип машките сакаат да гледаат спорт, а женските филмови, неверојатно е убаво кога сепак ќе најдете некое шоу или серија во кое и двајцата уживате. Силна прегратка, пуканки и многу, многу љубов додека стуткани седите пред телевизорот.rnrn(3)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mkrn

    Се смеете на меѓусебните глупости

    rnЕдна работа која е неверојатно привлечна во врската е способноста да бидете тие што сте без да се срамите да се покажете пред партнерот во вистинско светло. Тоа ви дава неверојатно чувство на слобода и уживање, па не е воопшто чудно кога едниот ќе тресне некоја глупост, а другиот слатко ќе се изнасмее.rnrnPurchase this image at http://www.stocksy.com/72317rn

    Се поттикнувате себеси да бидете подобри

    rnПоддршката од партнерот е многу важна и неопходна. Затоа кога сте тажни и разочарани од некој ваш неуспех или едноставно нешто не ви оди од рака, поттикнувањето на уникатен и единствен за вас двајца начин ќе ви влее доза самодоверба и повторно ќе ве натера да верувате дека сѐ е можно.rnrn(5)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mkrn

    Си подарувате подароци кои самите ги правите

    rnСекој може да купи подарок, но ретко кој навистина може да се внесе во целата работа и да направи самиот нешто што знае дека ќе го израдува партнерот. Најубавото тука е што воопшто не ви се потребни повод ни длабок џеб за да ѝ приредите мало, но привлечно изненадување на саканата личност.rnrnCB7601-001rn

    Тој прави ручек/таа гледа фудбал со него

    rnОваа или која било друга комбинација на оние навидум не толку значајни моменти, како на пример тој ги мие садовите, а таа му помага во поправање на колата, ја прават врската неодоливо неодолива. Моменти како тие кога таа ќе фрли поглед накај кујната и ќе го види со престилка на себе објаснувајќи ѝ дека навистина ужива во тоа што го прави или кога тој ќе ја види целата извалкана обидувајќи се да ја пронајде вистинската алатка во купот за неа исти алатки, се фантастично бесценети моменти.rnrn(7)-mali-slatki-zadovolstva-koi-ja-pravat-vrskata-neodolivo-privlechna-kafepauza.mkrn

    Си делите комплименти

    rnИако некои го сметаат ова за непотребно во врската, никој не може да го побие фактот дека чувството е преубаво кога партнерот ќе ви каже колку сте убави или згодни или неверојатни. Реалноста знае да биде премногу сурова, па секое бегство од неа со мал знак на внимание и убав збор ја прави полесна за живеење. Комплиментите се секогаш добредојдени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 моќни правила за младите девојки

    20 моќни правила за младите девојки

    Животот е збир од подеми и падови, од слатки мали задоволства и скриени страсти. Вие сте млади, убави и амбициозни, никогаш не заборавајте го тоа. Споделете ги овие правила со сите млади девојки кои ви се блиски и ги сакате. И тие не смеат да заборават колку се моќни и колку животот е убав.rnrn20 моќни правила за младите девојкиrnrn1. Мажите се прекрасен дел од животот, но во никој случај не треба да ги прогласите за свој живот ниту пак за крај на вашиот самостоен живот.rnrn2. Во ред е да признаете дека сте млади и успешни. Славете го вашиот успех.rnrn3. Не губете време плачејќи поради недозреани момчиња кои уште си играат со колички. Кога еден ден ќе го најдете вистинскиот за вас, сè што се случувало во меѓувреме ќе ви изгледа како добра шега.rnrn4. Во ред е да имате 22 години а да не знаете што точно ќе правите со животот.rnrn5. Многумина ќе ве осудуваат поради начинот на кој живеете или ги трошите парите. Но ова е ваш живот, па оставете ги да мислат што сакаат или уште подобро, да се грижат малку повеќе за нивниот двор. Вие не живеете за нечие туѓо задоволство туку за сопственото.rnrn6. Што и да направите никогаш нема да задоволите сечии желби и интереси. Не секој ќе ве сака или почитува, но сосема е во ред да имате непријатели.rnrn7. Ако ви одговара да бидете слободни, бидете. Многу е полошо да останете заглавени во врска која само ви одзема време и енергија.rnrn8. Многу е веројатно дека во истата фирма каде ќе работите мажите со половина од вашиот мозок ќе заработуваат тројно повеќе пари. Работете напорно и не се откажувајте.rnrn9. Без разлика колку сте пораснале и колку сте независни, вашите родители секогаш ќе останат ваши родители. Никогаш не престанувајте да ги почитувате. Вложиле премногу во вас.rnrn10. Во ред е да се „удавите“ во слатки благи задоволства без грижа на совест. Млади сте и организмот брзо ќе ги обработи. Некогаш преголемата грижа посветена на броење калории нè спречува да уживаме во храната.rnrn11. Без оглед на вашите години, никогаш нека не ве напушти детето во вас.rnrn12. Луѓето секогаш ќе зборуваат, така што подобро дајте им причина за што да зборуваат. Еве на пример, нека ви зборуваат зад грб за вашите успеси.rnrn13. Неколку пијалаци плус во сабота навечер не ве прават алкохоличари, дури ни виното кое ќе го испиете во понеделник напладне. Работите напорно, во ред е да се опуштите.rnrn14. Не трошете го времето на лажни пријатели кои ви ја цицаат позитивната енергија. Животот е краток а младоста е прекрасна. Заслужувате да ја минете со вистински пријатели.rnrn15. Ако сè уште не сте го нашле принцот, не е страшно да бакнете неколку жаби во меѓувреме.rnrn16. Живејте го животот за себе. Не за вашите пријатели, роднини, комшии и сл.rnrn17. Никогаш не сте престари за да научите нешто ново.rnrn18. Неизбежно е да направите грешки во животните избори. Без разлика дали станува збор за вашето образование, кариера, љубовни врски и слично. Секој прави грешки. Научете да се носите со последиците и застанете цврсто на нозе. Животот секогаш дава нова шанса.rnrn19. Живејте без каење. Ослободете се од минатото и не си ја чукајте главата од ѕид. Вашата задача е да извлечете најмногу што можете од сегашниот миг.rnrn20. За крај, работете напорно а забавувајте се уште посилно. Никогаш нека не секне вашата желба за забава, патување, откривање нови страсти и авантури.

  • Мали задоволства за кои вреди да се живее

    Мали задоволства за кои вреди да се живее

    Не е потребно многу за да бидете среќни. Погледнете кои се малите задоволства во животот, кои речиси секогаш ќе успеат да измамат насмевка на вашето лице.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живееrnrn1. Седењето на плажа. Ги гледате брановите, слабо ветренце струи во воздухот, а вие не размислувате за ништо и едноставно уживате во моментот.rnrn2. Бебенце кое случајно ви заспало в скут. Мора да признаете дека нема нешто послатко од бебиња кои спијат. Ве обзема некое пријатно и хармонично чувство, кое не сакате да заврши.rnrn3. Одморање во омилената фотелја после напорен ден на работа со шолја кафе или чај. И секој коментар е излишен. Друго ништо не е важно.rnrn4. Седење дома со саканиот/саканата во петок вечер, уживање во омилената пица и гледање добар филм. Не постои подобар начин за почеток на викендот.rnrn5. Кратко патување со тато. Мал излет, прошетка низ планина или само долго возење со вашиот татко навистина исполнува.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живееrnrn6. Будење со мирис на свежо мелено кафе. Со таков почеток на денот, знаете дека сѐ ќе биде во ред.rnrn7. Сладолед. Сладоледот е врвно уживање без разлика на временските услови. Ве прави среќни и задоволни, без разлика колку ви бил утепан денот.rnrn8. Добивање подароци од роднини. Добивањето убава чоколада или бонбониера од роднини што случајно решиле да ве посетат може многу да развесели.rnrn9. Гледање на виножитото. Само што помисливте дека нема ништо позитивно во мрачното и дождливо време, блика сонце и се појавува прекрасно виножито, кое го враќа духот на сите разочарани луѓе на земјата.rnrn10. Слушање на ‘What a Wonderful World’ од Луис Армстронг. Колку и да сте депресивни, лути и нервозни, оваа песна ќе ве потсети на сите добра нешта во светот и ќе направи да сфатите колку прекрасен животот навистина е.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живее
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 животни задоволства кои дефинитивно се потценети

    20 животни задоволства кои дефинитивно се потценети

    Малите задоволства го прават животот поубав. Ова се 20 пријатни и слатки задоволства спакувани во само еден миг, кои навистина нè прават посреќни.rnrn1-20-zhivotni-zadovolstva-koi-definitivno-se-potceneti-www.kafepauza.mk_rnrn1. Излежување во кревет наутро додека надвор има невреме, а вие немате обврска да станете.rnrn2. Она кога сте имале вода во увото цел ден и во еден момент мало количество топла вода го напушта вашето уво.rnrn3. Кога нешто што ви било заглавено меѓу забите конечно излегува.rnrn4. Оној момент кога го/ја гледате келнерот/ката како се приближува до вашата маса со храната која сте ја нарачале, а вие умирате од глад.rnrn5. Отворање на прозорецот по долгата зима и вдишувањето на сите пролетни мириси – топол ветер, мирис на цветови и на свежо искосена трева.rnrn6. Оној момент кога наутро ќе се разбудите во својата топла постела посакувајќи да продолжите со спиење уште саат-два, а потоа сфаќате дека навистина можете да продолжите со спиење бидејќи немате обврски.rnrn7. Кога конечно ќе завршите голема обврска и товарот од плеќи ќе ви се симне, правејќи да се чувствувате како Супермен.rnrn8.Кога после викенд поминат на море или езеро, одите по голема нужда во вашето купатило.rnrn9. Кога ќе примамите искрена насмевка на нечие лице.rnrn10. Она кога се будите навистина одморени и ви се чини дека имате енергија да го промените светот.rnrn11. Кога лежите, а над вас имате куп тукушто испрана облека која мириса на свежина.rnrn12. Кога оној кого го сакате ќе ве почешка по грбот.rnrn13. Кога песната на радио ќе заврши во истиот момент кога ќе ја изгаснете колата.rnrn14. Кога ќе го слушнете оној звук што вашата правосмукалка го прави кога ќе собере нешто големо од земја.rnrn15. Она кога ќе си легнете на свежо испрани чаршафи.rnrn16. Кога искрено и од срце се смеете толку што ви течат солзи од очите.rnrn17. Првата голтка вода кога ќе се вратите дома по напорен и топол ден.rnrn18. Соблекувањето на тешките чизми за скијање по долг ден минат на планина.rnrn19. Соблекување на водените чорапи и облекување суви и топли.rnrn20. Легнувањето в кревет по долго туширање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.