КАФЕ ПАУЗА

Tag: задача

  • Дали ги завршувате работите докрај или само така мислите?

    Дали ги завршувате работите докрај или само така мислите?

    Автор: Калин БабушкуrnrnМногу често сме се наоѓале во ситуација да мислиме дека некоја работа која требало да ја сработиме е готова, но кога ќе дојде претпоставениот или тој/таа што ни ја има дадено задачата, ни кажуваат дека и не е баш завршена.rnrndali-gi-zavrshuvate-rabotite-dokraj-ili-samo-taka-mislite-kafepauza.mkrnrnТоа е така поради различните гледања на работите, но и поради начинот на кој се завршени работите. Едно е како ние гледаме на завршените работи, а друго, како тие навистина требало да бидат завршени. Дополнително на тоа е и колку квалитетно сме ја завршиле работата.rnrnЗа да не се најдете во ситуација да дојде некој и да ве искритикува дека работата која ви е дадена и не е баш завршена, направете барем некои од следниве работи:rn

      rn011

    • Инструкции – Видете дали сте ги направиле работите според инструкциите кои сте ги добиле, но пред тоа проверете дали сте ги разбрале убаво инструкциите кои ви биле зададени.
    • rn011

    • Проверка – Поминете повторно низ работите кои сте ги завршиле за да можете да бидете сигурни дека навистина сте ги завршиле.
    • rn011

    • Контрола – Направете контрола на работите кои сте ги направиле и ако можете дајте некому тоа да го направи за вас.
    • rn011

    • Прашања – После завршување на работата, треба да си поставите неколку прашања: Дали сте можеле работата да ја завршите поинаку? Дали сте можеле да направите нешто повеќе?
    • rn011

    • Консултации – Консултирајте се со вашите соработници за тоа дали работата која сте ја направиле е добро завршена.
    • rn011

    • Презентации – Презентирајте ја завршената работа пред претпоставениот/те пред да заклучите дека сте завршиле со зададената работа. Побарајте и нивно мислење, дали добро сте ја завршиле.
    • rn011

    • Завршни работи – После сите горенаведени работи, доаѓаат на ред завршните финеси. После нивното комплетирање, веќе можеме да дефинираме дека некоја работа е завршена како што треба.
    • rn

    rnКако што можете да видите, има многу работи да се направат за да може да кажете дека сте готови. Затоа, немојте да избрзувате со тоа, туку поминете низ некои, ако не сите, чекори кои се наведени погоре, за да може со сигурност да кажете дека некоја работа Е ГОТОВА!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • Само најпаметните ќе преживеат: На вагата се 8 капсули, а само една е отровна

    Само најпаметните ќе преживеат: На вагата се 8 капсули, а само една е отровна

    Секојдневно се среќаваме со разни интернет загатки и интересни задачи. Овој пат за вас имаме една интересна загатка, во која се вклучени една вага и 8 капсули. Дали сте толку паметни за да ја решите и да избегате од собата?rnrn1-samo-najpametnite-kje-prezhiveat-na-vagata-se-8-kapsuli-a-samo-edna-e-otrovna-www.kafepauza.mk_rnrnНекој човек ве затворил во соба. На масата ви оставил: вага, капсули и порака.rnrnВо пораката го пишувало ова:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Една од овие капсули е отровна, а таа тежи помалку од другите. Ќе преживее оној, кој ќе ги испие сите 7 капсули освен отровната. Вагата можеш да ја користиш само за две мерења, после тоа таа ќе се заглави. Ако не се отруеш, ќе те пуштам.rnrn[/message_box]rnrnАко не успеавте, погледнете го решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]rnrnНа првото мерење ќе поставите 3 капсули од едната страна и 3 на другата. Ако се идентична тежина, тогаш од преостанатите 2 капсули една е отровна. На второто мерење ги поставувате преостанатите 2 капсули и која е полесна, таа е отровната.rnrnАко на првото мерење, едната страна е потешка од другата, тогаш ги земате трите капсули од полесната страна, а другите ги оставате со преостанатите 2. На второто мерење, од трите капсули на вагата ставате две капсули. Ако се различна тежина тогаш полесната е отровна. Ако и двете се иста тежина, третата капсула е онаа отровната. Супер, успеавте да излезете од собата!rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • Можете ли да ја решите оваа загатка наменета за учениците од Сингапур?

    Можете ли да ја решите оваа загатка наменета за учениците од Сингапур?

    Во меѓународни рамки, Сингапур често избива на врвот или близу до врвот според математичките вештини на учениците. А кога ќе ја прочитате оваа загатка, ќе видите и зошто. Оваа одлична логичка задача ќе ве натера добро да се замислите и да се обидете да дојдете рамо до рамо со 15-годишните Сингапурци.rnrnМожете ли да ја решите оваа загатка наменета за учениците од Сингапур?rnrnАлберт и Бернард само што се запознаваат со Шерил и сакаат да знаат кога е нејзиниот роденден. Шерил им открива 10 можни датуми:rnrn[column col=”1/3″]rnrn15 мајrn17 јуниrn14 јулиrn14 августrnrn[/column]rn[column col=”1/3″]rnrn16 мајrn18 јуниrn16 јулиrn15 августrnrn[/column]rn[column col=”1/3″]rnrn19 мајrnrnrn17 августrnrn[/column]rnrnПотоа Шерил им ги кажува посебно месецот и денот од нејзиниот роденден на Алебрт и на Бернард соодветно.rnrnАлберт: Не знам кога ѝ е роденден на Шерил, но знам дека ни Бернард не знае.rnБернард: Отпрвин не знаев кога ѝ е роденден на Шерил, но сега знам.rnАлберт: Тогаш сега и јас знам.rnrnКога ѝ е роденден на Шерил?

  • Задача која го полудува интернетот: Дали вие ќе успеете да дојдете до 30?

    Задача која го полудува интернетот: Дали вие ќе успеете да дојдете до 30?

    Доколку сакате добри загатки, тогаш со сигурност ќе ви се допадне оваа која последниве неколку денови е многу популарна на социјалните мрежи.rnrnЗадача која го полудува интернетот: Дали вие ќе успеете да дојдете до 30?rnrnЗадачата на прв поглед делува многу едноставно, меѓутоа изгледа дека само најголемите мудреци во светот се способни да ја решат. Целта е да дојдете до бројот 30 користејќи ги само наведените броеви кои треба да ги впишете на 3-те празни линии, така што можете да го користите истиот број повеќе пати. Подготвени сте? Доколку успеете, споделете го решението со нас во коментарите. Со среќа!rn

    ___ + ___ + ___ = 30

    rn

    (1, 3, 5, 7, 9, 11, 13, 15)

  • Трик кој си поигрува со мозокот

    Трик кој си поигрува со мозокот

    Сте се запрашале ли некогаш дали вашиот мозок функционира нормално? Откријте со помош на оваа мала мозочна вежба.rnrnНаправете ја задачава и загарантирано ќе завршите со поткрената веѓа. Нема скриени трикови и изненадувања. Само следете ги инструкциите и одговарајте на прашањата едно по едно, колку што можете побрзо. Бидете брзи, но не прескокнувајте ги прашањата за да стигнете побрзо до решението.rnrnСкролајте надолу, но не пребрзо за да не пропуштите нешто.rnrntrik-koj-si-poigruva-so-mozokot-kafepauza.mkrnrnКолку е:rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn1+5rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn2+4rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn3+3rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn4+2rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn5+1rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrnСега повторувајте го во себе бројот 6 колку што можете побрзо во времетраење од 15 секунди. Потоа продолжете со скролање надолу.rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrnБРЗО! ПОМИСЛЕТЕ НА НЕКОЈ ЗЕЛЕНЧУК. И повторно продолжете надолу.rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrnПродолжете…rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrnПомисливте на морков, нели?rnrnАко не, вие сте помеѓу 2% од луѓето кој имаат мозок кој функционира поинаку од мозокот на мнозинството. 98% од луѓето би одговориле морков со оваа вежба.rnrnАко не сакате да го прифатите добиениот исход, проверете се со уште една ваква слична вежба. И, каде спаѓате? Во 98% или во оние 2%?

  • 8 прашања кои моќните личности си ги поставуваат секој ден

    8 прашања кои моќните личности си ги поставуваат секој ден

    Моќните личности се свесни за моќта на поставувањето и барањето одговори на овие 8 прашања. Токму затоа си ги поставуваат секој ден.rnrn8 прашања кои моќните личности си ги поставуваат секој денrn

    1. Што сакам да постигнам денес?

    rnМоќните луѓе не минуваат низ животот преживувајќи туку живеејќи. Не го гледаат денот како рутина составена од: стани, преживеј, врати се во кревет. Тие го користат секое утро да земат длабок здив, да се погледнат добро себеси и да постават цел за претстојниот ден. Тие знаат каде се движат, кон што целат, што сакаат да постигнат и знаат дека само со доволно силна желба можат да го остварат тоа.rn

    2. Колку време ќе ми биде потребно за секоја задача?

    rnСекој од нас има 24 часа на располагање дневно. Ни помалку ни повеќе. Разликата е како се користат тие 24 часа. Моќните личности знаат да постават приоритети и умешно да се справат со времето кое го имаат на располагање. Па така секое утро започнете го со мал, ментален распоред за денот кој е пред вас.rn

    3. Дали акциите што ги преземам се во согласност со моите цели?

    rnНашите дела зборуваат погласно од секој збор. За секој чекор што ќе го преземете измерете колку истиот ви помогнал да бидете поблиску до целта. Времето кое го посветуваме на многу обврски и задачи е тешко да се менаџира, но главната мисла која треба да ја имаме на ум е: дали си го трошам времето залудно или чекорам кон нешто корисно и остварливо?rn

    4. Кои се лошите навики кои можам да ги одбегнам?

    rnСекој од нас има добри и лоши навики. Наместо да одрекувате дека имате одредени навики кои влијаат негативно на вас, признајте ги и потрудете се да ги одбегнете. Дали имате навика да ги одложувате важните чекори и тешките задачи и да си го трошите времето измислувајќи мали и неважни обврски? Речете да, тоа е мојата лоша навика, но денес ќе се потрудам да го направам сосема спротивното.rn

    5. Од кои грешки можам да научам?

    rnСекогаш може да научите од своите, како и од туѓите грешки. Кога ќе престанете да ги гледате грешките како фатални, и ќе почнете да гледате на нив како животни искуства и лекции, ќе ја стекнете моќта над нив и ќе знаете како да не ги повторите во иднина.rn

    6. Дали сè уште сум на вистинскиот пат?

    rnПатот е долг и попатно многу работи ќе ви го привлечат вниманието. Иако сте тргнале кон нешто, може да завршите движејќи се во сосема друга насока. Затоа најважно е да ја развиете техниката на добра проценка. Каде сте моментално? Дали сте скршнале од добриот пат? Кои работи е разумно да се променат? Секогаш чекорете храбро и напред, но некогаш застанете и едноставно испитајте ја ситуацијата во која се наоѓате.rn

    7. Дали и колку сум способен/на да се жртвувам?

    rnМоќните личности се свесни дека неретко во животот мора да се жртвуваат, да го одберат потешкиот пат и да ризикуваат бидејќи токму тоа се изборите на успешните. Никој никогаш со сигурност нема да ви каже дали вашето жртвување ќе се исплати, веројатно тоа едноставно сите го учиме во текот на животот.rn

    8. Кои ризици сум подготвен/а да ги направам?

    rnЖивотот многу често подразбира ризици, но бидете паметни кога ризикувате. Иако никогаш не можете да знаете со сигурност за резултатот кој ќе го добиете (затоа и се вика ризик), сепак може да процените дали одреден ризик е сосем нерационален или вреди да се обидете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистината за мултитаскингот

    Вистината за мултитаскингот

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДали ви се случило да пишувате е-пошта и во исто време да зборувате на телефон/со колега, или да отворите 3 различни е-пораки и да започнете да одговарате на сите паралелно?rnrn1-vistinata-za-multitaskingot-kafepauza.mkrnrnМултитаскинг или работење на повеќе работи одеднаш е концепт кој ние многу често го користиме/кажуваме во секојдневното работење (а и живеење). Многу често со моите пријатели и колеги разговараме за ефектот на мултитаскингот, т.е дали можеме да работиме повеќе работи одеднаш, а тоа да нема негативно влијание врз крајниот резултат на некоја од нив. Често знаеме да кажеме, и сме многу уверени во тоа, дека ние сме многу добри во работење на неколку работи одеднаш, а дека тоа не смета на резултатот. Дури јас познавам ѝ неколку горди експерти во мултитаскинг.rnrnНо дали е вистински така или тоа е една голема заблуда со која живееме?!rnrn2-vistinata-za-multitaskingot-kafepauza.mkrnrnМногу истражувања и анализи се правени во последно време за ефектот на мултитаскингот во работењето. И сите резултати велат дека ние не сме толку добри, како што мислиме, во извршување на повеќе работи одеднаш. Првиот проблем е во делот од реченицата што вели „како што мислиме“. Сите ние мислиме и цврсто веруваме дека може да правиме повеќе работи одеднаш. А знаеме дека мозокот е експерт за само-залажување.rnrnСпоред истражувањата мултитаскингот ја намалува нашата продуктивност за дури 40%, го забавува нашиот прогрес, влијае на нашиот фокус и ја намалува можноста за учење на нови информации. Тоа се случува бидејќи мултитаскингот бара голема когнитивна способност. Нашиот мозок, работејќи повеќе работи одеднаш, поминува низ многу тежок ментален предизвик. Првиот предизвик е т.н „менување на целите“ – решаваме да правиме друга работа наместо тековната. Во оваа ситуација 2 задачи се борат да користат ист дел од мозокот. Вториот предизвик е т.н „менување на улоги“ – менување на правилата од тековната активност, во други правила за новата задача. Ова претставува огромен напор за нашите мозоци и поради тоа, несвесно, нам ни се намалува продуктивноста, концентрацијата и фокусот.rnrnЗборот мултитаскинг оригинално доаѓа од компјутерскиот речник и претставува способност микропроцесорот да процесира повеќе задачи (процеси) симултано. И бидејќи компјутерите може да вршат повеќе работи одеднаш, тоа влијае ние да мислиме дека тоа е и наша вештина. Но, она што треба да го имаме на ум е дека компјутерите постојано се надградуваат и менуваат. Тоа значи дека, ако сакаме и ние да ја развиваме нашата вештина за мултитаскинг, треба и ние да ги надградуваме нашите процесори (мозокот). Според истражувањата, мултитаскингот е вештина која се учи/тренира. Но, за тоа треба да се едуцираме, да ги спознаеме техниките на работа и да вежбаме напорно.rnrnИма една приказна што вели дека Моцарт можел да прави 2 работи одеднаш и тоа без никакви последици на финалниот резултат од тие активности. Често знам да им кажам на колегите и другите што мислат дека не им смета мултитаскингот во работата – ако сте како Моцарт во тој случај јас не ви коментирам ништо. Но, ако не сте, тогаш единствено ќе може да прифатам дека сте добри во мултитаскингот само ако работите на техниките за развој на таа вештина. За мало појаснување на ликот и делот на Моцарт – тој ја напишал својата прва симфонија на 8-годишна возраст.rnrnНАПОМЕНА: кога зборуваме за мултитаскингот и неговото негативно влијание повеќе се мисли за извршување на повеќе важни/сериозни активности. Некои ситни и не толку важни задачи, нашиот мозок има капацитет да ги обработи без некои посебни проблеми. Пр. гледање телевизија и јадење, вежбање, пеглање итн.rnrnЗначи може да заклучиме дека „MythBusted“ (митот е разбиен). И следниот пат кога ќе кажете „можам да правам повеќе работи одеднаш“, размислете убаво!rnrnСо успех во имплементацијата!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-дневен предизвик за зацврстување на вашиот брак

    10-дневен предизвик за зацврстување на вашиот брак

    Бракот е задоволство, но и тешка обврска за која треба труд и вложување. Еве една интересна задача која двајцата брачни партнери треба да ја спроведат заедно. Задачата започнува на одреден ден, трае точно 10 дена и на крајот завршува со заеднички состанок.rnrn10-dneven-predizvik-za-zacvrstuvanje-na-vashiot-brak-kafepauza.mkrnrnЗадача: Поминувајте по еден час заедно секоја вечер играјќи ја играта Топ 10. Без разлика колку мислите дека знаете еден за друг, овој процес ќе ви биде корисен и изненадувачки. Одредете термин (ако имате деца, најдобро тоа да биде откако тие ќе легнат на спиење) за дискутирање на одговорите на прашањата во времетраење од околу еден час. Одговорите можете да ги запишувате непосредно пред да се сретнете или кога било во текот на денот. Но, во секој случај мора да бидат запишани пред договореното време. За 10 дена ќе научите многу еден за друг, но и лично за себе и за вашите индивидуални и заеднички очекувања од бракот.rnrnДен 1 – Кои се вашите топ 10 омилени особини кај партнерот? Зошто?rnrnДен 2 – Кои се вашите топ 10 омилени особини кај себеси? Зошто?rnrnДен 3 – Кои се 10-те места кои никогаш не сте ги посетиле, но би сакале? Зошто? (Секој прави индивидуална листа за себеси).rnrnДен 4 – Кои се 10-те мали нешта кои најмногу ви одат на нерви? (Општо, не мора да се навики и особини кај другиот.)rnrnДен 5 – Кои се 10-те нешта кои се надевате дека вашите деца ќе ги научат од вас. Зошто?rnrnДен 6 – Ако добиете 3.000.000 денари на лотарија, кои 10 работи би си ги купиле за себе? Зошто? (Не можете да ги заштедите или да ги дадете на друг. Мора целосно да ги потрошите за себе.)rnrnДен 7 – Кои се 10-те нешта кои би сакале да си ги подобрите кај себеси? Зошто?rnrnДен 8 – Ако можете да поканите 10 луѓе на вечера, живи или мртви, кого би викнале? Зошто?rnrnДен 9 – Кои се 10-те нешта кои вашиот сопружник може да ги направи за вас или веќе ги прави за вас, а вие многу ги цените?rnrnДен 10 – Ова направете го кога ќе излезете на состанок. Кои 10 нешта би сакале да ги постигнете во текот на следната една година? Составете ја оваа листа заедно, разговарајќи за работите. Ставете го листот во коверт и сместете го негде. Дајте си збор да го отворите следната година.rnrnНа единаесеттиот ден пишете ни што научивте од овој предизвик? Почнете ако можете уште денес. Да го правиме сите заедно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатно! Чавките се способни да решаваат сложени задачи

    Неверојатно! Чавките се способни да решаваат сложени задачи

    Крис Пакам патува низ светот и ги истражува умовите на најпаметните животни, откривајќи ни нови неверојатни работи за нив. Во неговата емисија на BBC „Insside the Animal Mind“ тој ја истражува способноста на животните за спознавање на надворешниот свет и она што се случува во нивниот ум. Досега го истражувал мозокот на делфини, шимпанза, ластовички, пчели, октоподи… Последното видео демонстрира како чавката може да реши комплексна задача во 8 фази, каде што последната е наградата. Погледнете го процесот. Ова е просто неверојатно.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Исчисти ја бањата како да ќе доаѓа англиската кралица

    Исчисти ја бањата како да ќе доаѓа англиската кралица

    Мајката го замолува синот да ја исчисти бањата, оставајќи му порака запишана на ливче. Тој буквално ја исполнува нејзината задача на многу креативен начин.rnrn

    Исчисти ја бањата како да ќе доаѓа англиската кралица
    Те молам исчисти ја бањата вечерва.
    Исчисти ја како да ќе доаѓа на посета англиската кралица.
    Исчисти вечерва
    Подните лајсни / Пребриши со крпа / Кадата
    Те молам, те молам.
    rnrn
    Исчисти ја бањата како да ќе доаѓа англиската кралица
    Добредојдовте во Америка! Уживајте во престојот!
    rnrn
    Исчисти ја бањата како да ќе доаѓа англиската кралица
    Добредојдовте во Америка! Уживајте во престојот!
    rnrn
    Исчисти ја бањата како да ќе доаѓа англиската кралица
    „Хари Потер и одајата на тајните“ – втор дел од серијалот на познатата британска авторка Џ. К. Рoулинг
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.