КАФЕ ПАУЗА

Tag: врзување

  • 3-те хороскопски знаци кои најмногу се врзуваат за партнерот

    3-те хороскопски знаци кои најмногу се врзуваат за партнерот

    Секоја личност се однесува различно во љубовна врска. Некои луѓе сакаат да бидат послободни, но некои навистина се врзуваат за нивниот партнер. За жал, понекогаш ова може да претставува и проблем. Погледнете кои се хороскопските знаци кои најмногу се врзуваат за нивните партнери, како и неколку совети што ќе им помогнат да го подобрат нивниот љубовен живот.rnrn3-те хороскопски знаци кои најмногу се врзуваат за партнеротrn

    1. Рак

    rnРакот е најемотивниот хороскопски знак. На почетокот на врската, Раковите се обидуваат да бидат воздржани со цел да го сокријат она што го чувствуваат и мислат за партнерот. Но, набрзо потоа почнуваат да ги покажуваат сите нивни емоции. Во моментот кога ќе сфатат дека некој е навистина добар за нив, Раковите спонтано даваат сè без многу размислување. Проблемот е што ова може да го гуши партнерот. Нежните Ракови се лојални и зависат од нивниот партнер, па сонуваат некој којшто е полн со разбирање. Тие сакаат луѓе слични на себе и дури тогаш го даваат нивното срце.rn

    Совет

    rnКога сте толку сочувствителни, отворени и полни со љубов, привлекувате многу прекрасни луѓе, но привлекувате и луѓе кои ќе сакаат да ги искористат овие ваши карактеристики. Штом еднаш ќе почнете да барате онолку љубов колку што давате, вашиот живот ќе почне да ги „филтрира“ луѓето кои се овде само за да ви наштетат.rn

    2. Стрелец

    rnКога ќе пронајдат личност којашто ја сакаат, Стрелците ќе направат сè за неа. Секогаш делуваат импулсивно и целосно му се препуштаат на партнерот. Мотото на Стрелците е дека живеат овде и сега, но ова често ги прави ранливи и слаби. Вечните авантуристи ретко одлучуваат да ѝ се посветат само на една личност, но кога ќе се случи тоа, остануваат верни до крај. Тие сакаат партнер кој ќе биде подготвен за разни предизвици.rn

    Совет

    rnЌе најдете љубов кога ќе почнете да бидете тврдоглави. Вие сте навистина оптимистична, весела и позитивна личност, но понекогаш тоа го мешате со активноста, а тоа се различни нешта. Штом ќе се отворите, ќе имате многу повеќе среќа во вашиот љубовен живот.rn

    3. Риби

    rnГлавната маана на овој знак е тоа што често настојува да ги чува грижите и незадоволството во себе. Рибите го кријат ова од сите, се повлекуваат и им дозволуваат на другите да продолжат по својот пат. На овој начин стануваат жртви кои би направиле сè за својот партнер и кои не размислуваат за себе. Често, ова ги чини многу, па Рибите излегуваат од врските со скршено срце. Тие секогаш ќе бараат филмска љубов, а оној којшто ќе им ја исполни оваа фантазија ќе го сметаат за вистинскиот партнер.rn

    Совет

    rnЌе најдете љубов кога ќе престанете да им дозволувате на другите да ви кажуваат што сакаат. Вие сте отворени за туѓи идеи и совети, но понекогаш треба самите да одлучите што сакате. Кога ќе почнете да се слушате себеси наместо другите, вашиот љубовен живот ќе биде полесен и поудобен.rnrnПогледнете и кои се хороскопските знаци кои најмногу се вљубуваат.

  • Се гледате со маж кој се плаши од „врзување“? Натерајте го да започне врска со вас на суптилен начин

    Се гледате со маж кој се плаши од „врзување“? Натерајте го да започне врска со вас на суптилен начин

    Се гледате со некој дечко веќе неколку месеци, а сѐ уште не сте го дефинирале вашиот однос. Постојано сте заедно, сте ги запознале неговите пријатели и тој вашите, меѓутоа само што ќе го спомнете зборот „врска“, тој се вознемирува и ја менува темата. Можеби мислите дека тој не е подготвен да се „врзе“, но вистината е дека сите мажи се „материјал“ за врска, само треба да постапите правилно. „Врзувањето“ претставува цел процес за некои мажи и следниве 3 тајни ќе ви помогнат на суптилен начин да го убедите да започнете врска. Прочитајте за што станува збор…rn

    1. Кажете му го проблемот

    rnСе гледате со маж кој се плаши од „врзување“? Натерајте го да започне врска со вас на суптилен начинrnrnЕдна од најголемите причини зошто мажите не започнуваат врска е тоа што мислат дека не мораат. Жените прават голема грешка што не им го кажуваат овој проблем. Мажите ги сакаат проблемите, бидејќи сакаат да ги решаваат. Но, никако не му го изнесувајте проблемот во форма на жалење, туку поставете го како математичка задача. Почнете со аргументи од типот „Веќе неколку месеци се гледаме и цело време сме заедно, нели?“ или „Убаво ти е со мене, така? И јас обожавам да го поминувам времето со тебе. Како да направиме да ни биде уште поубаво?“, но никако не спомнувајте го зборот „врска“ бидејќи тоа ќе го преплаши. Наместо тоа, преминете на следниот чекор.rn

    2. Никогаш не му го откривајте решението

    rnСе гледате со маж кој се плаши од „врзување“? Натерајте го да започне врска со вас на суптилен начинrnrnОва е уште една причина зошто мажите не започнуваат врски. Можеби мислите дека ако му кажете што да прави, ќе го решите проблемот, но тоа никогаш не функционира. На тој начин тој ќе стане ваше „дете“, што значи дека вие ќе станете негова „мајка“. Децата не преземаат одговорност за нивните постапки, туку им ги препуштаат на возрасните. Постои начин да му кажете што да направи, без да му го откриете решението на проблемот. Фокусирајте се на причините зошто ви е убаво кога сте заедно и што би можеле да направите за да ви биде уште поубаво и на двајцата. Претставете го поимот „врска“ како нешто прекрасно, без да го спомнувате самиот збор. На тој начин, тој ќе сфати на што мислите, но нема да се исплаши, туку ќе почнат да му се раѓаат позитивни чувства во врска со таа идеја.rn

    3. Нека изгледа како тоа да е негова идеја

    rnОва е најголемата причина зошто мажите не се „врзуваат“. Доколку тоа не е негова идеја, тогаш нема да имате врска. Ќе имате сон. Станува збор за оној период во кој се однесувате како пар, но никогаш не разговарате за тоа. Вие сте фрустрирани и почнувате да му замерувате, па на крајот решавате да ја прекинете врската, бидејќи истата се одвивала без никаков план и иднина. Наместо да трошите време на нервирање, обидете се да му ја всадите идејата за врска во глава. Доколку успешно сте ги поминале претходните чекори, таа идеја веќе е присутна во неговиот ум, потребен е само крајниот чекор за да се реализира.rnrnСе гледате со маж кој се плаши од „врзување“? Натерајте го да започне врска со вас на суптилен начинrnrnНикогаш не поставувајте директен ултиматум од типот „Не може повеќе да се гледаме, освен ако не започнеме официјална врска“, бидејќи таквиот разговор ќе заврши со следниве негови зборови: „Заслужуваш подобро, заслужуваш некој кој ќе сака врска, не сакам да ти го губам времето“. Наместо тоа, многу суптилно дајте му до знаење дека паровите кои не се во официјална врска смеат да се гледаат и со други луѓе. Доколку навистина му значите, самата помисла на тоа дека вие би можеле да излезете на љубовен состанок со друг маж многу ќе го вознемири. Ниту еден маж не сака да ја дели девојката која му се допаѓа. Додека да трепнете, тој ќе биде оној кој ќе инсистира на врска, а не вие.rnrnДоколку решите да ги примените овие техники, внимавајте да го направите тоа на многу суптилен и индиректен начин. Никогаш не употребувајте негативни зборови, не го напаѓајте, не го обвинувајте и што е најважно, никако не му се заканувајте дека ќе прекинете доколку не започнете врска. Нема сомнеж дека мажот кој е навистина заинтересиран за вас, порано или подоцна ќе сака целиот свет да знае дека сте само негова.

  • Зошто тој сè уште не ви кажал дека ве сака?

    Зошто тој сè уште не ви кажал дека ве сака?

    Една од најлошите работи кои можат да ѝ се случат на една девојка или жена во врската, е таа да му каже на својот партнер дека го сака, а тој да не ѝ возврати. Голем број жени тогаш мислат дека сториле нешто погрешно и дека тие се виновни за настанатата непријатна ситуација. Но, факт е дека постојат неколку причини поради кои момците или мажите не возвраќаат на таквата изјава.rnrn(1) Зошто тој сè уште не ви кажал дека ве сака?rn

    1. Не е сигурен во вашата врска

    rnЕдна од главните причини најчесто е неговата несигурност околу тоа на каде оди вашата врска. Можеби му треба уште малку време за да види колку е силна поврзаноста со вас. Исто така, многу момци, најпрвин сакаат да ве запознаат со неговото семејство, па потоа да ви изјават љубов. На тој начин стекнуваат одредена сигурност.rn

    2. Се плаши од врзување

    rnМажите генерално се плашат од долгорочни „обврзувања“ поради што многу тешко ги изговараат искрените изјави за љубов. Тоа не значи дека не ве сака, туку поверојатно е дека е премногу исплашен од сите очекувања кои доаѓаат со отворањето на душата. Потребно е да му дадете уште малку време и започнете ја оваа тема многу внимателно.rn

    3. Можеби тоа веќе го покажал на невербален начин

    rnМажите ги покажуваат своите емоции сосема различно од начинот на којшто тоа го прават жените. Наместо да ви кажат, тие ќе ви покажат преку страсни бакнежи, држење за рака, искрени прегратки, грижа за вашите чувства. Затоа, доколку до вас имате партнер кој сè уште не ви кажал, но на безброј други начини ви покажал дека ве сака, бидете среќни. Кога ќе почувствува доволна сигурност ќе ги изговори и тие магични зборови кои толку многу посакувате да ги слушнете.

  • Фустан кој може да се носи на 50 различни начини

    Фустан кој може да се носи на 50 различни начини

    Фустанот кој може да се трансформира во различни форми со едноставно поседување на траката, постана вистински хит помеѓу жените. Американската дизајнерка Надја Тар, верува дека нејзиниот фустан „Butter by Nadia“, е решение за кризата во сечиј женски плакар.rnrnrnrnОвој фустан, кој може да се купи во различни должини и бои се трансформира на 50 начини, со едноставно подесување на траката. Таа може да се врзе околу половината или вратот, да се намести како тоалета со тенки прерамки или со кратки ракави.rnrnОва модно парче, на официјалната страница на дизајнерката се продава по цена од околу 360 евра. За оние на кои тоа им е премногу, фустанот можат да го изнајмат по цена од 70 евра за два дена или 81 евро за седум дена.rnrnФустанот е изработен од вештачка свила и спандекс, растеглив синтетички материјал. Благодарение на растегливиот дизајн, фустанот е достапен само во една големина, а може да го облечат жени кои ги носат сите различни конфекциски броеви.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 секси начини да врзете марама на плажа

    5 секси начини да врзете марама на плажа

    Повеќето жени се несигурни кога треба сосема да го изложат своето тело на плажа и да ги покажат несовршеностите пред очите на сите присутни. Затоа некој, некогаш ги измислил нежните летни марами, како замена за облеката, која одлично го прикрива секој недостаток и прави да изгледате свежо, летно и секси. Погледнете ги следниве 5 начини како да врзете марама околу вашето тело, а притоа да ги истакнете своите атрибути и сексапил.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

    Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

    Одличен и многу креативен начин како од вашите стари ланчиња да си направите ново. Нема да ви одземе многу време, ви треба само трпение и желба за старото да го претворите во ново. Зошто би ги фрлале старите парчиња накит кои ни здодеале или излегле од мода, кога самите можеме од нив да направиме нешто ново, модерно и употребливо.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnПотребни материјали:rn

      rn011

    • околу 30 см ланче со некаква декорација
    • rn011

    • околу 90 см тенок ланец, пресечен на три делови
    • rn011

    • 3 клопчиња конци во различни бои
    • rn011

    • Ножички
    • rn

    rnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnПоставете два дела од потенкиот ланец еден до друг. Исечете околу 120 см од еден од конците и врзете го дупло на едниот крај од ланецот, како на сликата. rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnКонецот кој ви остана врзете го за крајот од другиот ланец. Продирајте го конецот наизменично во двата дела од ланецот, потоа врзете го на крајот.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnДо двата врзани ланци поставете го и третиот, најмал дел.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накит rnrnСо конец во друга боја, врзете го крајот на третиот ланец, и повторете ја постапката, со што ќе го поврзете со останатите два. Заврзете го на крајот.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnЛанчето, кое би требало да биде еднакво по должина со третиот ланец, поставете го веднаш до него.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накит rnrnСо третиот конец, внимателно врзете го ланчето со веќе поврзаните делови, како што е прикажано на сликата. Додека го врзувате со конецот, поставете го ланчето во заоблена положба, како да е веќе ставено на нечиј врат, со цел да не се витка и деформира.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnСо конец врзете ги двата краеви на ланчето, за да ги споите сите конци кои останале од врзувањата. rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитrnrnВашете ново ланче е готово и спремно да оди со вашата омилена комбинација на облека.rnrnНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накитНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накит
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни лекции од пропаднатите врски

    Љубовни лекции од пропаднатите врски

    Имајќи на ум дека не живееме во средниот век, па љубовта и сексот не се табу теми, луѓето, настрана од оние конзервативните, се отворени во тој поглед. Во денешно време имаме можност да запознаваме различни луѓе со различни карактери, да прекинуваме врски и да започнуваме нови… Со еден збор, слободно да го доживееме сè она што се случува на патот до вистинскиот/та.rnrnПред гордо да носите венчален прстен, мора да претрпите макар неколку љубовни грешки. Додека да застанете пред олтарот држејќи го/ја за рака вистинскиот/та, сигурно сте биле со погрешни. Тоа е непишано правило, секоја љубовна врска или макар да била само минлива романса, нè учи на многу работи.rnrnЉубовни лекции од пропаднатите врскиrnrnКои се најчестите лекции од пропаднатите врски?rn

    Ако не можете да бидете свои, врската нема иднина

    rnАко не можете да излезете пред него/неа во вашето вистинско светло, со сите ваши мани и доблести, која е иднината на врската меѓу вас? До кога би можеле да се преправате дека сте нешто што не сте? Ако чувствувате потреба да се преправате, тогаш дефинитивно не сте еден за друг. Врската би требало да ви даде слобода да бидете она што сте, пред партнерот би требало да бидете свои, но доколку чувствувате притисок да се промените поради партнерот, тоа не води никаде и нема да трае долго.rn

    Ако не може да ги искаже емоциите, тогаш не ни постојат

    rnНормално дека постојат личности на кои им е навистина тешко да ги искажат своите емоции, но оној кој има силни чувства ќе најде начин да ги искаже. Можеби не со зборови, но допирите, погледите, постапките кажуваат многу. Доколку гледате дека нема никаков „фидбек“ на чувства од другата страна веќе подолго време, тоа е така бидејќи најверојатно не ни постојат.rn

    Луѓето не се менуваат

    rnПознато ви звучат ветувањата дека ќе се промени или вашите надежи дека навистина ќе биде така? Љубовните врски нè научиле на многу важна лекција, не само за љубовта туку и општо за животот: Луѓето не се менуваат! Можат да променат одредени ситници и постапки, да сменат некои гледишта за нештата, но основата останува иста. Лажгото би можел да се потруди помалку да лаже, но пак ќе го прави тоа.rn

    Ако не го цените она што го имате, ќе го изгубите

    rnЧесто пати во врската, особено ако е подолга, луѓето се опуштаат мислејќи дека веќе го освоиле својот партнер и нема потреба да се трудат веќе околу тоа. Па така се случува она стандардното, почнуваме да подзабораваме важни датуми и места, забораваме да дадеме комплимент или убав збор, да ù укажеме на личноста дека ни го разубавува животот. Ако не го цените она што го имате додека го имате, ќе го цените повеќе откако ќе го изгубите.rn

    Кога еднаш ќе тргне по удолница, нема враќање назад

    rnВо секоја врска има кавги и несогласувања, во секоја без ни еден исклучок! Но кога еднаш тие кавги ќе станат чести, секојдневни, напорни и измачувачки, нервите се губат и веќе нема враќање назад. Штом почнат големите несогласувања и тоа поради мали ситници, залуден е вашиот труд да ја оправите работата, можеби најдобра опција е да ја прекинете врската.rn

    Ако има големо его нема место за вас

    rnАко тој/таа има големо его, тогаш во неговото/нејзиното срце нема место и за вас! Тој што е преполн со самиот себе, што мисли дека неговите потреби мора да се стават на прво место, премногу ретко ќе обрне внимание на она што вам ви одговара и она што вам ви треба. Оној кој е опседнат со својата убавина никогаш нема да ја забележи вашата, оној кој е опседнат со својата вредност не може да забележи колку вредите вие. Со тек на време учиме дека оној кој не нè вреднува, не би требало ни да не има.rn

    Не стремете се кон нешто сериозно со човек кој има фобии од врзување

    rnФобиите од сериозна врска или брак, можеби ќе исчезнат а можеби не, но не дозволувајте му/ù да го тестира тоа на вас. Вашите обиди да се врзете со личност за која од авион се гледа дека најмногу си ја љуби својата слобода, се навистина залудно потрошено време.rn

    Гордоста мора да ја поседувате во одредена мера

    rnНе смеете да заборавите да се цените себеси, не смеете да дозволите некој да си поигрува со вас или да ве понижува. Во тие моменти мора да се сетите на својата гордост и да имате свое цврсто јас. Но од друга страна, ако имате премногу гордост, вашата врска е во опасност. Некогаш треба да попуштите, да признаете вина или едноставно да замолчите за да не предизвикате поголема кавга. Луѓето кои ја поседуваат гордоста во огромни количини, не се способни за ова.rnrnКои и какви се лекциите кои сте ги научиле вие досега?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Намалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начин

    Намалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начин

    Понекогаш, болките во стапалата можат да бидат предизвикани од притисокот кој го создаваат врвките на одреден дел од нив. Според тоа, менувањето на начинот на врзување може брзо и ефикасно да ја пресретне болката и лесно да го реши вашиот проблем.rnrnНамалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начинrn

    Отоци во горниот дел од стапалото

    rnОвој проблем често се јавува кај луѓето со висок свод на долниот дел од стапалото. Врвките го тријат горниот дел од стапалото и ја иритираат кожата или создаваат плускавци.rnrnНамалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начинrnrnЗа да го решите својот проблем, кога ќе ги местите врвките на вашите обувки, прескокнете еден ред во делот каде што најмногу ја чувствувате болката.rn

    Премногу стегнати прсти

    rnВашите прсти на нозете не можат да дишат. Решението е во врзувањето со две врвки.rnrnНамалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начинrnrnЗа оваа цел ќе ви требаат по 2 врвки за секој чевел. Почнете од долу со едната врвка и врзете ја со машничка во средината. Потоа, другата врвка протнете ја во слободните отвори над машничката, наместете ја до горе и врзете уште една машничка кога ќе дојдете до крај. Експериментирајте додека не ја добите посакуваната удобност.rn

    Отоци во сводниот дел на стапалата

    rnВашите чевли премногу ве стегаат во горниот дел од стапалата…rnrnНамалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начинrnrnРешете го проблемот со паралелно местење на врвките. Не вкрстувајте ги врвките на секое отворче, туку одете нагоре прескокнувајќи по едно дупче во вид на скала.rn

    Лабава пета

    rnДоколку вашите пети се лизгаат нагоре-надолу, решението е во подврзувањето на врвот од чевелот.rnrnНамалете ја болката во стапалата врзувајќи ги врвките на поинаков начинrnrnНаместете ги врвките нормално, но на врвот, каде што стрчи јазикот, искористите ги празните дупчиња за да ги протнете нагоре кон надвор и да направите јамчиња. Потоа вкрстете ги врвките и протнете го крајот од секоја страна во спротивната јамка од горе надолу. На крајот затегнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.