КАФЕ ПАУЗА

Tag: врат

  • 7 начини да се ослободите од болката во вратот и грбот

    7 начини да се ослободите од болката во вратот и грбот

    Мускулните грчеви се начин на кој телото ви кажува дека нешто не е во ред со вашиот животен стил. Можеби држењето на телото не ви било најдобро за време на работниот ден или синоќа гледавте телевизија свиткани на софа. За среќа, постојат многу начини да се ублажи болката и да се спречи во иднина.rn

    1. Терапија со топлина и мраз

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnЗа време на првите 48-72 часа, лекарите препорачуваат нанесување мраз на болното место (10-20 минути). Мразот помага во спречување на воспаленијата и ги забавува нервните импулси, што помага да се ублажи болката. Ако потоа мускулите се сè уште болни и вкочанети, користете топлина со помош на топол туш, топли облоги итн. Ова ќе го зголеми протокот на крв и ќе ја олабави мускулната затегнатост.rn

    2. Нежна масажа

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnСекогаш е добра идеја да побарате помош од професионален терапевт за масажа, но ако вашиот случај не е многу сериозен, можете да побарате од вашиот партнер да ви направи масажа или сами да го направите тоа. Прво, лесно тријте го мускулот што е згрчен и нежно притиснете ја болната област. Ако ова не помогне, обидете се да ја штипнете и да ја држите областа.rn

    3. Останете хидрирани

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnМедицинските експерти предупредуваат дека поради недоволното внесување вода во текот на денот, може да почувствувате грчеви во мускулите. Затоа, треба редовно да пиете вода.rn

    4. Вежбајте, но не веднаш

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnАко сте се соочиле со грчеви во мускулите на вратот или грбот, тоа може да биде предизвикано од вашата физичка активност. Специјалистите препорачуваат да престанете да бидете активни првите неколку дена, а потоа да започнете да правите лесни вежби и истегнување.rnrnВежбите што треба да ги избегнувате во тој период:rn

      rn 011

    • трчање
    • rn 011

    • танцување
    • rn 011

    • стомачни вежби
    • rn 011

    • голф
    • rn

    rnКога станува збор за истегнувањето, можете лесно да ги кренете рамената, а потоа да ги спуштите и да ги вртите напред и назад.rnrnВратете се на вашата редовна рутина по 2-3 недели.rn

    5. Проверка на перницата

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnЧеста причина за болка во грбот и вратот е тоа што спиете на погрешен вид перници и душеци кои не го поддржуваат вашиот врат. Обидете се да спиете на специјална перница за вратот. Тоа може да биде перница од мемори пена што одговара на обликот на главата и на вратот. Исто така, не треба да биде висока или груба.rn

    6. Легнете и опуштете се

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnМускулните грчеви се јасен показател дека ви треба одмор, а тоа помага за смирување на болката во моментот. Медицинските специјалисти ги советуваат своите пациенти да легнат на грб и да стават перница под главата и друга перница под колената. За да бидете уште повеќе релаксирани, слушајте ја омилената музика или користете ароматерапија.rn

    7. Мислете на вашата иднина

    rn7 начини да се ослободите од болката во вратот и грботrnrnПостојат многу начини да се спречи болката во вратот и грбот, а овие неколку се препорачани од лекарите:rn

      rn 011

    • Ако работите на компјутер со часови, редовно правете некои вежби за истегнување, приближно на секој час.
    • rn 011

    • Користете специјален држач за документите што ги читате да ви бидат на ниво на очите и вратот да ви биде исправен.
    • rn 011

    • Не носете високи потпетици.
    • rn

    rnДополнително, важно е да внесувате доволно витамин Д и калциум во вашата исхрана.rnrnПрочитајте кои намирници не треба да ги јадете ако имате артритис.

  • За негувани врат и деколте: 3 природни начини да имате мазна кожа!

    За негувани врат и деколте: 3 природни начини да имате мазна кожа!

    Сите знаеме дека вратот не може да ги сокрие годините, но најважно е кожата да биде негувана и сјајна. Одморот е вистинско време за носење маици и фустани што ги откриваат вратот и деколтето. Со годините кожата ги губи нејзиниот сјај и цврстина во сите делови. Ако сакате да се заштитите од ова, погледнете ги следните 3 начини со кои можете да го подобрите изгледот на кожата во оваа деликатна зона.rnrnrn

    1. Масажа за зацврстување

    rnМасажата ја прави кожата еластична и брчките стануваат помалку видливи. За масажа користете масло од ружа или бадемово масло. Тие имаат силно својство за подмладување. Нанесете на рацете и измешајте. Масирајте ја кожата на вратот со прсти правејќи мали кругови. Но, немојте да ја триете и да ја истегнувате кожата. Масирајте секоја вечер пред да нанесете крема. Масажата треба да трае најмалку 3 минути.rn

    2. Маска за поубава кожа на деколтето

    rnДејствува како инстант подигнување и трае неколку часа. Совршено е да ја направите пред да одите на забава.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2-3 лажички зелен чај (ставете 1 кесичка чај во шолја со зовриена вода)
    • rn 011

    • 1 лажичка желатин
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnРастворете го желатинот во чајот. Морате постојано да мешате. Кога смесата ќе се излади нанесете ја на вратот и деколтето. После 30 минути измијте со млака вода.rn

    3. Подобрување на циркулацијата

    rnЛадниот мраз ја забрзува циркулацијата на крвта во кожата и брзо го подобрува нејзиниот тонус и боја.rnrnЗамотајте 4-5 коцки мраз во ткаенина и раздробете ги. Нанесете ја ткаенината на деколтето. После една минута тргнете ја крпата и исушете ја кожата. Ставете крема пред спиење.rnrnДознајте и кои знаци покажуваат дека кожата на вашето лице старее пребрзо.

  • 5 начини да го заштитите вашиот врат од предвремено стареење

    5 начини да го заштитите вашиот врат од предвремено стареење

    Повеќето од нас не размислуваат воопшто за кожата под нашето лице, но со малку повеќе нега, вашиот врат може да изгледа мазно и младолико многу подолго одошто мислите. Во продолжение следуваат наједноставните начини да ја спречите појавата на така наречениот „мисиркин врат“ и да ја задржите цврстината на кожата во таа област!rn

    1. Редовно нанесувајте крема за сончање

    rn(1) 5-nachini-da-go-zashtitite-vashiot-vrat-od-predvremeno-stareenje-www.kafepauza.mkrnrnНајважното нешто што можете да го направите за да ја спречите кожата на вашиот врат да се растегне е ако редовно нанесувате крема за сончање. И потребно е да користите многу повеќе од остатоците од кремата што сте ја нанеле на лицето. Одвојувајте соодветна количина крема за да го покриете целиот врат и брзо ќе почнете да забележувате разлика.rn

    2. Заштитете го вратот од директно изложување на сонце

    rn(2) 5-nachini-da-go-zashtitite-vashiot-vrat-od-predvremeno-stareenje-www.kafepauza.mkrnrnНајдобриот начин да го сторите ова е доколку одберете огромен летен шешир! Ем ќе бидете во тренд, ем ќе го ограничите зрачењето од сонцето што ја разлабавува кожата на вашиот врат, а со тоа и ќе го подмладите.rn

    3. Користете ја кремата за лице

    rn(3) 5-nachini-da-go-zashtitite-vashiot-vrat-od-predvremeno-stareenje-www.kafepauza.mkrnrnДа, можете да купите и посебна крема, но нема потреба да давате дополнителни пари за тоа. Едноставно користете ја онаа крема што веќе знаете дека ви одговара на лицето и сѐ ќе биде во ред. Само внимавајте таа да содржи состојки како пептиди или ретинол бидејќи и двете се познати по стимулирање на колагенот во кожата.rn

    4. Спијте на грб

    rn(4) 5-nachini-da-go-zashtitite-vashiot-vrat-od-predvremeno-stareenje-www.kafepauza.mkrnrnОва е најдобрата позиција за спиење поради многу причини – една од нив е да се осигурите дека вратот ќе ви биде малку подигнат во текот на целата вечер. Ако спиете на стомак или на страна, ќе го притискате лицето и вратот на перницата и со тек на време ова ќе ја „истроши“ деликатната кожа во областа кај вратот и ќе предизвика линии.rn

    5. Поретко гледајте во телефонот

    rn(5) 5-nachini-da-go-zashtitite-vashiot-vrat-od-predvremeno-stareenje-www.kafepauza.mkrnrnБлагодарение на нашата зависност од Инстаграм, дерматолозите добиле сосема нов случај на прерано стареење! Ги знаете оние хоризонтални линии што се лесно исцртани на вашата кожа? Тие со тек на време стануваат подлабоки ако упорно зјапате во мобилниот. Најочигледниот начин да го спречите ова е доколку го држите мобилниот во линија на очите.

  • 8 делотворни вежби за отстранување на подбрадокот и справување со брчките на вратот

    8 делотворни вежби за отстранување на подбрадокот и справување со брчките на вратот

    За нашето тело да остане младо и затегнато, потребна е правилна исхрана и физичка активност. Овој факт важи и за нашето лице, бидејќи со годините тоа ја губи својата еластичност и убавината. За да го спречите тоа да се случи, стекнете навика да ги правите овие вежби, што малку по малку, ќе му помогнат на вашето лице да остане младо и затегнато уште многу години.rn

    1. Загревање на мускулите (8-10 повторувања)

    rn(1) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mkrnrnКако и за секоја друга вежба, најпрво мора да ги загреете мускулите. Во овој случај поместете ја долната вилица кон напред, а потоа од една до друга страна. Сите покрети треба да бидат нежни, без нагли движења.rn

    2. Главата кон напред (5-7 повторувања)

    rn(2) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mkrnrnОтворете ја устата и свртете ја долната уста кон навнатре. Замислете дека треба да соберете вода со долната вилица. Поместувајте ја главата надолу кога ја отворате устата, а при затворањето подигнете ја нагоре. Додека ја изведувате оваа вежба, внимавајте краевите на усните да ви бидат опуштени.rn

    3. Допрете го носот (5 повторувања)

    rn(3) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mkrnrnБрадата е поврзана со мускулите на јазикот, па затоа е и важно да ја затегнувате. Исплазете го јазикот што повеќе можете и обидете се да го допрете носот со врвот. Усните треба да ви бидат опуштени.rn

    4. Совршено овално лице (5 повторувања)

    rn(4) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mkrnrnАко сакате да го повратите лицето во формата што сте ја имале како млади, следете ја оваа вежба. Свртете ја главата на левата страна, повлечете ја вилицата кон напред, притискајќи ги мускулите на вратот. Треба да почувствувате како мускулите на левата страна самите се затегаат. Потоа свртете ја главата на другата страна и повторете ја вежбата.rn

    5. „Бакнеж со жирафа“ (5 повторувања)

    rn(5) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mkrnrnЗамислете дека треба да бакнете жирафа. Подигнете го лицето нагоре и гледајте кон таванот. Нежно поместете ја долната вилица кон напред и стиснете ја устата како да треба да бакнете некого. Ако ја изведувате оваа вежба правилно, треба да почувствувате силна тензија во вратот. Држете 5-8 секунди, па опуштете.rn

    6. Давање отпор на мускулите (5-7 повторувања)

    rn(6) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mkrnrnЗа оваа вежба е потребно да стиснете тупаници и да ги поставите веднаш под брадата. Потоа лесно поместете ја долната вилица кон нив, затегнувајќи ги мускулите што даваат отпор. Полека давајте напор и кога ќе го достигнете максимумот, држете 3 секунди па пуштете.rn

    7. Совршена насмевка (5-8 повторувања)

    rn(7) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mkrnrnСтиснете ги забите со затворени усни и потоа обидете се да ги раширите аглите на усните што повеќе можете. Турнете го јазикот кон тврдото непце, постепено зголемувајќи ја силата. Ако чувствувате силна напнатост во мускулите на брадата, ја изведувате вежбата правилно. Држете го чувството на напнатост 5 секунди, па опуштете 5 секунди.rn

    8. Цврсти образи (5-6 повторувања)

    rn(8) 8-delotvorni-vezhbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot-i-spravuvanje-so-borite-na-vratot-www.kafepauza.mkrnrnВдишете длабоко и наполнете ја устата со воздух. Затворете ја цврсто и истакнете ги образите. Потоа притиснете со дланките на нив и почувствувајте ја тензијата во мускулите. Држете 3-5 секунди, па опуштете.rnrnПогледнете ги и овие начини да се да се ослободите од здодевниот подбрадок!

  • 5 нешта што треба да ги знаете доколку сакате да ги ослабете лицето и вратот

    5 нешта што треба да ги знаете доколку сакате да ги ослабете лицето и вратот

    Мастите околу лицето и вратот воопшто не изгледаат привлечно. Многу жени кои имаат малку пополни лице и врат се чувствуваат непријатно во својата кожа и се обидуваат на најразлични начини да ги отстранат. Некои пак, веруваат дека тоа не е можно, што е погрешно. Па, ако се пронајдовте во овие ситуации, во продолжение прочитајте кои се најдобрите начини за да се ослободите од нив.rn5 работи што треба да ги знаете доколку сакате да ги изгубите мастите на лицето и вратотrn

    1. Внимавајте на хидратацијата

    rnВнимавајте на тоа колкаво количество вода внесувате во текот на денот. Пијте околу осум чаши вода на ден за да не ви бидат подуени рацете, лицето, нозете и стапалата. Научниците исто така ги поврзуваат овие проблеми внесување претерана количина шеќер и сол, па намалете малку и со нив во исхраната.rn

    2. Внимавајте на исхраната

    rnНекои алергиски реакции на храна, како што е синдромот на нервозно дебело црево или пак чувствителноста на глутен, може да придонесат за подуеност на лицето, а тоа е знак дека нешто не е во ред со вашиот дигестивен систем. Доколку се сомневате дека имате здравствен проблем за оваа состојба, консултирајте се со вашиот доктор за како да продолжите понатаму.rn

    3. Водете здрав начин на живот

    rnПромената на начинот на јадење и водењето здрав живот може да ви помогне да се ослободите од мастите на лицето. Јадете повеќе овошје, зеленчук и витамини, а намелете го внесувањето на преработени шеќери и сол. Исто така бидете сигурни дека консумирате доволно хранливи влакна за да му помогнете на вашето тело да се ослободи од холестеролот и вишокот вода.rnrn5 работи што треба да ги знаете доколку сакате да ги изгубите мастите на лицето и вратотrn

    4. Вежби за образите

    rnПостојат вежби што ќе ви помогнат да го ослабете вашето лице. Една од нив вклучува поставување на палците на најмекиот дел под јаболкниците. Со помош на вашите прсти фатете што е можно повеќе од образот и повлечете. Потоа со помош на мускулите на образите вратете се назад. Повторете го ова 20 пати.rn

    5. Вежби за вратот

    rnРастегнете го вратот на тој начин што ќе ја повлечете главата од градите и ќе се протегнете колку што можете побрзо. Потребно е да ја повлечете главата наназад што е можно повеќе, а додека гледате во таванот држете ја устата малку отворена за да ги чувствувате затегнати мускулите во вратот. По 10 секунди вратете ја главата во нормална позиција. Оваа вежба практикувајте ја 10 пати на ден.

  • Совршена јака за љубителите на мачки

    Совршена јака за љубителите на мачки

    Љубители на мачки, радувајте се! Бутикот Moozoo создаде интересна јака на кошула која изгледа како мачка замотана околу вашиот врат. Таа е забавна и невообичаена, а оние кои обожаваат мачки не ќе можат да ѝ одолеат. Еве како изгледа оваа слатка комбинација.rnrnСовршена јака за љубителите на мачки: Носете замотана мачка околу вратот каде и да одитеrnrnСовршена јака за љубителите на мачки: Носете замотана мачка околу вратот каде и да одитеrnrnСовршена јака за љубителите на мачки: Носете замотана мачка околу вратот каде и да одитеrnrnСовршена јака за љубителите на мачки: Носете замотана мачка околу вратот каде и да одитеrnrnСовршена јака за љубителите на мачки: Носете замотана мачка околу вратот каде и да одитеrnrnКолку од вас би ја нарачале уште веднаш?

  • Застанете пред огледало и погледнете се: Обликот на телото може да предвиди идни проблеми

    Застанете пред огледало и погледнете се: Обликот на телото може да предвиди идни проблеми

    Кога се набљудува од профил, обликот на телото кај жените може да открие дали во иднина ќе имаат проблеми со вратот или грбот. Според студијата објавена од Британското здружение на киропрактичари, проблемите со вратот кај жените се јавуваат околу 34-тата година. Тие дошле до заклучок дека оние жените кои имале навика да ја држат главата навалена кон напред, во дури 58% од случаите патат од болки во грбот и вратот. 29% од нив имаат проблеми со овие болки секојдневно.rnrnЗастанете пред огледало и погледнете се: Обликот на телото може да предвиди идни проблемиrnrnВеднаш зад нив се оние кои имаат малку подвиткан изглед на грбот, во форма на лак. Во овој случај дури 56% од сите жени патат од болки во грбот и вратот. Од друга страна пак, оние жени кои го држат својот грб исправен, имаат најмали шанси да се соочат со овие болки. Експертите предупредуваат да не се грижите само за изгледот на телото кое го гледате право пред вас во огледалото, туку и да се свртите и погледнете од профил. Кој е вашиот облик?rn

      rn011

    • Лажичка: Рамен грб, рамена подвиени нанапред
    • rn011

    • Искривена кула: Главата спуштена нанапред
    • rn011

    • Мост: Исфрлен грб кон наназад
    • rn011

    • Даска: Рамен задник, рамен грб
    • rn

    rnИдеалниот изглед на вашето тело погледнато од страна е кога ушите, рамената, колковите, колената и зглобовите над стапалата ви се во иста линија. Доколку имате која било форма од овие погоре, големи се шансите дека со тек на време ќе се соочите со болки во вратот и грбот. Експертите велат дека доколку сакате да ја спречите појавата на оваа болест, вие треба да го исправите вашиот грб и да почнете да се движите поправилно. Кога стоите, треба да може да се повлече рамна линија од ушите од зглобовите на стапалата. Кога седите, оваа линија треба да ги поврзува ушите, рамената и колковите.

  • Еве што ќе ви се случи ако ставите коцка мраз на овој дел од вашата глава

    Еве што ќе ви се случи ако ставите коцка мраз на овој дел од вашата глава

    Сите ние сакаме да изгледаме помлади, да бидеме убави и здрави, да имаме повеќе енергија и полесно да се избориме со сите болести кои би можеле да го нападнат нашето тело. Многумина веднаш ќе ви го кажат решението, редовна и здрава исхрана, движење и вежбање, пиење вода, методи на ослободување од стрес, добар и долг сон и водење релаксиран и здрав начин на живот. Сето тоа е точно, но би се изненадиле кога би слушнале колку е едноставен методот кој помага во подмладување на телото, впрочем сè што ви треба е коцка мраз.rnrnЕве што ќе ви се случи ако ставите коцка мраз на овој дел од вашата главаrnrnСтанува збор за точката наречена фенг фу која се наоѓа на задниот долен дел од главата, односно вдлабнатинката која ги спојува главата и вратот. Доколку редовно ставате коцка мраз на точката фенг фу, тоа ќе ви помогне во подмладување на вашето тело.rnrnЕве што ќе ви се случи ако ставите коцка мраз на овој дел од вашата главаrnrnЕве што треба да направите – легнете на стомак и ставете коцка мраз на точката фенг фу. Може да ја прицврстите со фластер или да ја заврзете со марама. Оставете да стои околу 20 минути. Правете го ова наутро пред јадење и навечер пред да си легнете, со неколку дена пауза.rnrnЕве што ќе ви се случи ако ставите коцка мраз на овој дел од вашата главаrn

    Ова се придобивките:

    rn

      rn011

    • Го подобрува сонот.
    • rn011

    • Го подобрува вашето расположение.
    • rn011

    • Ја подобрува виталноста и енергичноста.
    • rn011

    • Ве брани од настинки.
    • rn011

    • Помага при забоболка и главоболка.
    • rn011

    • Може да ви помогне доколку страдате од белодробни и кардиоваскуларни заболувања.
    • rn011

    • Може да ви помогне доколку имате проблем со тироидната жлезда.
    • rn011

    • Ви помага при ПМС.
    • rn011

    • Го подобрува менталното здравје.
    • rn

  • 8 начини да се ослобидите од болката во вратот

    8 начини да се ослобидите од болката во вратот

    Болката во вратот долгорочно се решава со физичка активност, но постојат и начини за брзо решавање на проблемот.rnrn8 начини да се ослобидите од болката во вратотrn

    1. Со жешка вода

    rnСтавете кеса со жешка вода на местото каде што ве боли вратот. Тоа ќе ја поттикне циркулацијата на крв и ќе ја намали болката.rn

    2. Масажа

    rnМасажата на трапезот може брзо да делува. Тоа е пределот од задниот дел на главата до рамената и горниот дел на грбот. Масажата нека биде полесна, за да може подобро да се опуштат мускулите.rn

    3. Вежби за вратот

    rnВежбите за вратот не можат да ја надоместат редовната физичка активност, но лесното ротирање во правец на стрелките на часовникот и обратно може да даде краткорочно подобрување.rn

    4. Истегнување на рамената

    rnНаправете ги наједноставните вежби за истегнување на рамената. Вкрстете ги двете дланки и со исправени раце движете ги нагоре, над главата. Или ротирајте ги рамената напред и назад. Проверете што подобро делува на вас.rnrn8 начини да се ослобидите од болката во вратотrn

    5. Ослободете се од стресот

    rnПричините за болката можеби немаат физичка природа. Направете што било што ве ослободува од стресот. Доколку вежбите за истегнување ви помагаат да го елиминирате, само напред!rn

    6. Избегнувајте активности што одмагаат

    rnСедење на компјутер, возење, кревање тежок товар, се само дел од активностите кои можат да го здрват вратот. Избегнувајте ги ако тоа е случајот кај вас.rn

    7. Храна која „ослободува од болките“

    rnНе постои храна чие консумирање лечи, но има таква која што може, заедно со други фактори, некако да помогне. Во случајот со болката во вратот таа моќ ја имаат продуктите кои содржат високо ниво на флавоноиди. Такви се темното чоколадо, шумските плодови, калинката, семките од тиква, ѓумбирот итн.rn

    8. Одморете се

    rnОбидете се да се одморите. Наспијте се на перница која ви одговара за да спречите уште поголема болка.rnrnНа крај, доколку ништо од ова не ви помага, тоа е знак дека е време да се јавите на лекар.

  • 7 чудни места на кои на секоја девојка ѝ растат влакна (Престанете да паничите!)

    7 чудни места на кои на секоја девојка ѝ растат влакна (Престанете да паничите!)

    Влакната на лицето и на нетипичните места на телото се сметаат за машка карактеристика и всушност секое влакно што не е на главата се перципира како неженствена работа. Но, и дамите исто така можат да бидат влакнести, некои повеќе, некои помалку, па ако мислите дека сте единствени кои имаат по некое диво влакно на вратот – дефинитивно не сте. Погледнете на кои сè места им растат влакна на многу жени во светот.rnrn0-7-chudni-mesta-na-koi-na-sekoja-devojka-i-rastat-vlakna-prestanete-da-panichite-kafepauza.mkrn

    1. Надусниците

    rnИ на девојките им растат мустаќи. Да, добро слушнавте. Можеби не се толку дебели и густи како кај мажите, но сепак сите ги имаме. Потешко е да се забележат на светли девојки, но верувајте – и тие ги имаат.rnrn1-7-chudni-mesta-na-koi-na-sekoja-devojka-i-rastat-vlakna-prestanete-da-panichite-kafepauza.mkrn

    2. Брадата

    rnОвие влакненца се дефинитивно напорни, но ова е почеста појава одошто мислите. Уште поважно, овие влакненца нема да ги забележи никој сè додека не ви дојде со лицето точно пред нив.rn

    3. Стомакот

    rnКој нема патека од влакна која води до срамните влакна? Па сите имаме, само многу девојки одлучуваат да ги депилираат, особено во летниот период. Тоа не ве прави врколак.rn

    4. Вратот

    rnИмате влакна на вратот? Неколку чудни антени кои штрчкаат од таму не се причина за загриженост. Навистина, најверојатно никој не ги забележува, а признајте – ниту вие во најголемиот дел од времето.rnrn2-7-chudni-mesta-na-koi-na-sekoja-devojka-i-rastat-vlakna-prestanete-da-panichite-kafepauza.mkrn

    5. Прстите

    rnОК, не баш секоја девојка има влакна на прстите, ова целосно зависи од генетиката. Но, нема потреба да губите самодоверба заради ова. Влакната на прстите едвај се забележуваат, па ако веќе толку ви пречат одлучете се за редовна депилација, никако не посегнувајте по бричот.rn

    6. Градите

    rnВеројатно не ви излегуваат влакна од кошулата како на пастувите од 70-тите, но сосема е нормално да штрчка по некое од вашите пупки. Да, влакнести пупки се сосема нормална работа. Чупајте ги ако сакате, но и не мора. Нормални се!rn

    7. Задникот

    rnЖените не поминуваат низ пубертетот без да им излезат влакна од газот, ОК? Не се сите жени безвлакнести порно ѕвезди. Затоа и постои бразилската депилација. Значи, да повториме, влакна растат во задникот и тоа е сосема нормално. Ако некој направи да се чувствувате непријатно поради тоа, очигледно има проблем да се концентрира на своите влакна во задникот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.