КАФЕ ПАУЗА

Tag: вонземјани

  • 10 начини на кои вонземјаните би можеле да стапат во контакт со нас

    10 начини на кои вонземјаните би можеле да стапат во контакт со нас

    Ако ги игнорираме теориите на заговор, човештвото нема добиено никаква порака од цивилизација од друга планета. Ако го земеме предвид технолошкиот напредок во последните 100 години, постои голема веројатност дека вонземјаните кои би стапиле во контакт со нас се далеку понапредни. Имаме измислено многу начини за комуницирање низ космосот. Па, ако некоја напредна вонземна цивилизација сака да комуницира со нас, можеби би го направила тоа на некој од следниве начини.rn

    1. Радио бранови

    rn(1)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mkrnrnРадио брановите се првото нешто што ни паѓа на ум кога зборуваме за комуникација со вонземјани. Овој начин на комуникација е претставен во многу книги и филмови. Сепак радио брановите ни се познати веќе цел век. Многу научници и организации, како SETI, одвојуваат време за да бараат обид за контакт преку радио бранови. Дури има е една можен контакт од 1970-тите, односно познатиот „WOW!“ сигнал. До денес нема објаснување за овој радио сигнал од јато ѕвезди кои се во наша близина. Но, има проблем со овој метод. Радио брановите ослабуваат со нивното оддалечување од изворот. Па, пораките кои сме ги испраќале изминатиот век, веројатно ќе бидат неразбирливи после неколку светлосни години.rn

    2. Ласери

    rn(2)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mkrnrnЛасерите се можеби подобар начин за комуницирање. Интензитетот на сигналот е зачуван на поголемо растојание за разлика од радио брановите. Со ласерите може да нишаните на индивидуални небесни тела, па процесот на праќање пораки е добар и ефикасен. Прашањето е: На која фреквенција треба да биде светлината кога го испраќаме ласерскиот сигнал? Ако цивилизацијата е доволно напредна, тие може да испратат гама зраци. Овие зраци траат најдолго и се разликуваат од другите. Сепак, за ова е потребно огромно количество енергија.rn

    3. Ѕвездена светлината

    rn(3)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mkrnrnСигурно имате слушнато за вселенскиот телескоп Кеплер. Овој телескоп на НАСА бара планети меѓу ѕвездите со тоа што ја набљудува светлината на една ѕвезда кога пред неа поминува планета. Но што ако доволно напредна цивилизација може да постави огромен триаголник или правоаголник во орбитата на ѕвездата? За да ја откриеме оваа порака треба само да знаеме која форма ја бараме. Всушност, цивилизацијата не мора ни да биде толку напредна. За неколку стотици години и ние ќе можеме да го правиме тоа. Овие „нешта“ би биле доволно големи за да покријат поголем дел од планетата кој ќе биде видлив оддалеку.rn

    4. Дисонова сфера

    rn(4)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mkrnrnОва е слично со претходниот метод, но овде целта не е контакт, туку собирање на целата енергија на ѕвездата. Идејата е да се постават милијарди огромни сончеви колектори кои ќе ја собираат енергијата од ѕвездата. Иако звучи лудо, брзината со која се движи технолошкиот напредок може да го направи ова возможно и за нас за неколку стотици години.rn

    5. Играње со космосот

    rn(5)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mkrnrnЦивилизација која е милиони години пред нас би можела да го контролира движењето на небесните тела, нели? Па, тие би можеле да го сменат движењето на телата во нашиот систем за да ни го привлечат вниманието. Забрзувањето близу до брзината на светлината или забавувањето, евентуално некој ќе го забележи. Енергијата и технологијата која би била потребна за ова можеме само да ја замислиме во научно фантастичните филмови. Има астрономи кои секоја вечер бараат некоја аномалија која би можела да биде обид за контакт. Очигледно овие способности нам би ни изгледале божествени.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Парадоксот на Ферми: 11 теории за сè уште неостварениот контакт со вонземјани

    Парадоксот на Ферми: 11 теории за сè уште неостварениот контакт со вонземјани

    Парадоксот на Ферми е контрадикцијата помеѓу веројатноста за постоење на вонземјани и недостатокот од контакти со нив. Погледнете 11 потенцијални одговори на оваа теорема, од кои некои звучат реално, а други изгледаат како сценарио од некој научно фантастичен филм.rn

    1. Сите напредни цивилизации ги чекаат сигналите, но не ги праќаат

    rnSONY DSCrnrnЗамислете си 10 луѓе расфрлани низ Земјата и оддалечени неколку илјадници километри еден од друг. Секој од нив има по еден мобилен телефон. Но, никој од нив не се обидува да се јави, туку сите чекаат да добијат повик.rn

    2. Вонземјаните нè набљудуваат како животни во зоолошка

    rn(2)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mkrnrnНапредните цивилизации нè набљудуваат и проучуваат наместо да контактираат со нас. Постојат многу причини зошто би одбрале само да набљудуваат. Можеби чекаат да исполниме одредени критериуми како цивилизација или пак сакаат да нè набљудуваат без наше знаење.rn

    3. Луѓето неправилно бараат живот надвор од Земјата

    rn(3)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mkrnrnЗамислете дека се обидувате да контактирате некого така што му се јавувате на факс машина. Можеби вонземјаните ни испраќаат сигнали, но ние не ги слушаме правилно.rn

    4. Животот на интелигентните цивилизации е толку краток што не можат да се начекаат

    rn(4)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mkrnrnЕден корисник на Редит многу добро ја објаснил оваа теорија:rn

    „Периодот помеѓу развивањето на една цивилизација до тој степен што знае да користи радио бранови, и времето кога се уништува е премногу кратко (во споредба со староста на универзумот). Ова го оневозможува поклопувањето на две цивилизации.“

    rnЛуѓето ги откриле радиобрановите во 1880-тите, па можеби наскоро ќе станеме способни за меѓуѕвездено патување, пред да се уништиме од некоја војна.rn

    5. Живееме во симулација, па нашата реалност е она што програмерите сакаат да биде

    rn(5)11-teorii-za-se-ushte-neostvareniot-kontakt-so-vonzemjani-kafepauza.mkrnrnМожеби некои многу поинтелигентни битија креирале симулација, а ние сме дел од неа. Можеби оваа виртуелна реалност е направена за истражување, или пак можеби е симулација на планетариум. Како и да е, ако креаторите не вметнале вонземјани во неа, ние никогаш нема да ги сретнеме.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Најновите истражувања покажуваат дека вонземјаните можеби се обидуваат да контактираат со Земјата

    Најновите истражувања покажуваат дека вонземјаните можеби се обидуваат да контактираат со Земјата

    Сигурно барем еднаш сте се запрашале дали вонземјаните навистина постојат. Според истражувањето објавено во „Publications of the Astronomical Society of the Pacific“, истражувачите од Универзитетот во Квебек, Канада, наводно нашле докази според кои не само што вонземјаните постојат, туку и се обидуваат да контактираат со Земјата. Можеби ви делува невозможно, но станува збор за вистинско истражување.rnrnНајновите истражувања покажуваат дека вонземјаните можеби се обидуваат да контактираат со ЗемјатаrnrnВо студијата, научниците користеле податоци од истражувањето на „Sloan Digital Sky“ за да извршат анализа на повеќе од 2 милиони далечни ѕвезди. Од анализираните ѕвезди, поточно 234, се однесувале на начин кој истражувачите не можеле да го објаснат. Тие размислиле и отфрлиле неколку можности за на крајот да заклучат дека чудните промени во ѕвездите се должат на светлосни импулси создадени од страна на вонземска интелигенција со цел да го прикаже нејзиното постоење. Со други зборови, вонземјаните можеби се обидуваат да воспостават контакт со луѓето иако се наоѓаат на растојание од неколку светлосни години.rnrnНо, како истражувачите дошле до овој заклучок? Сигналите се светлосни импулси кои се случуваат на одредени временски интервали, а ѕвездите за кои се работи се наоѓаат во истиот спектар како и нашето сонце. Ова може да е знак дека постои интелигентен живот надвор од Земјата. Нашето сонце е единственото што го знаеме во чија близина живеат интелигентни суштества, па можеби истото се случува и во близина на други.rnrnПред да почнете да се подготвувате за инвазија на вонземјани, треба да ги имате предвид следниве неколку работи. Истражувачите велат дека можно е сигналите да се предизвикани од многу чудни хемиски состави во ѕвездите. И претходно имало истражувања кои покажале дека постои интелигенција надвор од Земјата, така што вреди и понатаму да се обрнува внимание на оваа тема и можност.rnrnИ покрај сѐ, ова истражување може да ни послужи како потсетник за големата веројатност дека не сме сами во универзумот.

  • Храмот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологија

    Храмот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологија

    Храмот Каиласа не е изграден како и преостанатите градби кои датираат од тој период. Наместо со додавање блокови, тој е единствениот пример во светот каде планината е целосно исклепана од самиот врв за да се добие неговата карактеристична форма. Во сите други случаи, каменот е сечен однапред и потоа обработуван. Тука е користена техниката „резбање од монолитот“ наместо „резбање на монолитот“, односно техниката која ја користел остатокот од светот.rnrnХрамот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологијаrnrnЗошто оваа техника е толку специфична? За почеток, за да се направат столбови повисоки од 30 метри и прецизно да се обработи каменот, потребни се многу години работа. Но, столбовите во храмот Каиласа се изработени така што делови од планината се одвоени од нив. Можете ли да замислите колку камења требало да се отстранат за да се направи еден таков столб?rnrnТокму таа количина отстранети камења ги збунува историчарите и археолозите. Археолозите тврдат дека се отстранети повеќе од 400.000 тони камења, за што не би биле потребни години, туку векови работа. Историчарите, пак, немаат најдено ниту еден запис за тој голем потфат и сметаат дека храмот е изграден за помалку од 18 години.rnrnХрамот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологијаrnrnДа претпоставиме дека тогашните луѓе работеле 18 години по 12 часа дневно, без престан, без пауза. Ќе ги игнорираме дождливите денови, фестивалите, војните и ќе замислиме дека луѓето работеле како роботи. Доколку 400.000 тони камења се отстранети за 18 години, тоа значи дека годишно се отстранувани по 22.222 тони, што значи дека се отстранувале 60 тони дневно или 5 тони секој час.rnrnМожеме слободно да кажеме дека вакво нешто не е возможно ниту со најсовремената технологија која ја поседуваме денес. Тогаш, ако луѓето не можеле да го изградат овој храм за толку кратко време, кој го сторил тоа?rnrnХрамот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологијаrnrnОна што е интересно се и приказните за уништувањето на храмот. Муслиманскиот крал Аурангзеб ангажирал илјадници работници за во целост да го уништат овој храм. Во 1682-та година тој наредил храмот да се срамни со земјата. Според записите, илјадници работници цели три години се обидувале да го уништат, но не направиле никаква поголема штета. Успеале да искршат по некоја статуа, но храмот не можеле да го уништат во целост. Аурангзеб набрзо се откажал од оваа невозможна задача.rnrnВажно е да се спомне дека сличен случај е и Микериновата пирамида во Египет. Друг муслимански владетел сакал да ги уништи сите пирамиди, па започнал со неа. По години обидување, тој успеал само да направи помали гребнатини на пирамидата и на крајот се откажал. Кој ги изградил овие неуништливи градби низ светот?rnХрамот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологијаrnrnВсушност, археолозите се согласуваат дека храмот Каиласа е создаден пред сите останати храмови во комплексот Елора, а подоцнежните цивилизации се огледувале на него и така ги граделе преостанатите градби. Да не е така, луѓето со текот на времето би ги усовршиле своите градежни методи и новите храмови би биле подобри и поубави.rnrnЗа разлика од останатите храмови, само Каиласа се гледа од воздухот. Од вкупно 34 храмови, Каиласа посебно се истакнува и можете да прелетате над него. Дали е тоа случајност или тој е навистина дизајниран да може да се види од воздухот, како што се линиите Наска во Перу? Кога ќе го погледнете храмот на „Google Earth“, ќе забележите дека има јасен облик на X. Дали е ова можеби знак оставен за другите цивилизации, за да можат да ги воочат градбите од воздухот?rnrnХрамот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологија

  • Најголемите нерешени мистерии за универзумот

    Најголемите нерешени мистерии за универзумот

    Со векови луѓето ги набљудувале галаксиите и допирале до внатрешноста на атомот. Но, сѐ што некогаш сме виделе прави само 5% од универзумот. По остатокот сѐ уште трагаме. Постојат многу прашања за вселената кои благодарение на науката и напредната современа технологија конечно го добиле својот одговор, но постојат двојно повеќе кои сѐ уште се водат како нерешени мистерии. Во тој контекст, прочитајте за дел од најголемите неодговорени прашања за нашиот космос кои ќе ве натераат да сфатите колку сме само мали и неважни во споредба со големиот универзум.rn

    1. Од што е составен универзумот?

    rnНајголемите нерешени мистерии за универзумот rnrnСе смета дека 27% од универзумот е составен од темна материја, супстанца која ниту емитува, ниту рефлектира светлина. Астрономите и познатите научници, како Стивен Хокинг, се сигурни дека таа постои, бидејќи галаксиите не би можеле да се формираат без неа: Тие би се разлетале, наместо да се згустат во џиновски пространства, камења, прашина и планети. Никој со сигурност не знае што е темната материја. Таа може да биде составена од хипотетички честички наречени слабо интерактивни масивни честички или од стерилни неутрино честички. Научниците сѐ уште чекаат детекторот да воочи ситни зраци на светлина кои обичните атоми би требало да ја произведат кога ќе се судрат со честичките од темната материја.rn

    2. Што треба да знаеме за темната енергија?

    rnЗа да се објасни забрзаното проширување на универзумот, моменталната теорија говори дека во универзумот мора да постои гравитациона сила за која се смета дека е темна енергија. Таа е на некој начин поврзана со енергетската содржина на празната вселена – космолошка константа која Алберт Ајнштајн ја смислил со своите, сега иронични напори да докаже дека универзумот не се шири. Астрономите се обидуваат да ја измерат големината на темната енергија, но како таа делува е сѐ уште една голема загатка.rn

    3. Зошто гравитацијата е чудна?

    rnОд 4-те основни сили во универзумот, гравитацијата е најчудна, со оглед на тоа дека не постои доволно добро објаснување зошто е неколку квадрилиони пати послаба од електромагнетизмот или силите кое го држат јадрото на атомот заедно. Зошто магнетот на фрижидерот може да ја одолее силата на гравитационото поле на Земјата? Теоретичарите имаат неколку идеи. Еден обид за објаснување ја спојува релативноста, која ја објаснува гравитацијата како последица на искривувањето на време-просторот, со квантната механика, припишувајќи им на гравитационите полиња честички кои се викаат гравитони. Или, можеби гравитацијата е јака како и останатите 3 сили, но нејзиното влијание допира до други димензии?rn

    4. Дали сме сами?

    rn

    Најголемите нерешени мистерии за универзумот

    rnАстрономите имаат наидено на илјадници егзопланети кои орбитираат околу далечните ѕвезди. Тоа ни укажува на можноста дека само нашата галаксија има билиони планети кои се слични на Земјата. Но, доколку постојат услови за живот, тогаш зошто сѐ уште не сме виделе знаци на вонземјански раси? Овој проблем во науката е познат како Парадоксот на Ферми.rnrnНекои научници и филозофи сметаат дека биолошкиот живот е преоден облик и дека доминантниот облик на живот во универзумот доаѓа во форма на суперинтелигентни роботи кои можат да живеат во ладни, мрачни места кои ние сѐ уште не сме ги истражиле. И можеби овие роботи не сакаат да комуницираат со нас, со оглед на тоа дека за нив нашиот вид е примитивна форма на живот. Во последните истражувања кои траеле веќе 20 години, се докажало дека во вселенскиот простор што му е познат на човекот постојат услови за живот и на други планети, но нема никакви знаци на нова животна форма. Или сме сами во овој универзум, или не сме. И двете тврдења се подеднакво застрашувачки.rn

    5. Дали нашиот универзум е единствен?

    rnНекои физичари водат дебати и расправии за тоа дека постојат повеќе универзуми и дека ние живееме во оној кој овозможува развој на живот. Останува само да чекаме одговори до кои воопшто не е лесно да се дојде.

  • 14 несоборливи научни откритија кои тврдат дека постојат вонземјани

    14 несоборливи научни откритија кои тврдат дека постојат вонземјани

    Секој од нас е изграден од атоми што некогаш биле дел од ѕвезда што експлодирала, вклучувајќи јаглерод, азот и кислород – фундаменталните состојки на животот.rnrn(13)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrnПовеќе од милијарда години овие состојки се кондензирале и згуснувале така што се формирале облаци од гас, нови ѕвезди и планети, што значи дека состојките, a оттука и потенцијалот за живот на друга планета се расеани низ целиот универзум. Уште повеќе, бројот на последните откритија исто така силно сугерира дека постои вонземски живот.rnrnКлучното прашање не е повеќе „Дали има живот на друга планета?“ туку „Кога ќе го пронајдеме?“rnrn1. Оваа година, тим од научници пресмета дека пред 4,5 милијарди години барем една петтина од површината на Марс била прекриена со океан длабок повеќе од 137 метри. Какви било знаци на живот што некогаш постоеле во овие води, денес може да се кријат во почвата на Марс.rnrn(5)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn2. Но, водата не е доволна. Иста така потребно е време. Едно истражување од минатиот август открило дека водата на Марс постоела 200 милиони години подолго отколку што првично се мислело. Уште поинтересно е дека на Земјата веќе постоел живот во исто време со последните езера на Марс.rnrn(4)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn3. Минатиот септември НАСА објави фасцинантно откритие дека сѐ уште постои течна вода на Марс, но сепак во многу помали количини отколку пред 4,5 милијарди години. Ова фундаментално откритие сугерира дека фосилните остатоци на Марс се секундарни во споредба со живите организми на површината на планетата.rnrn(0)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn4. Астероидите и кометите се клучни за формирањето на животот на Земјата, сметаат научниците. Поточно, според извештајот од минатиот август, влијанието на кометите го предизвикало комбинирањето на аминокиселините и формирањето на првите знаци на живот. Од она што го знаеме за нашиот соларен систем, постојат и други комети, во други планетарни системи кои можеби сега влијаат на некоја друга планета.rnrn(1)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn5. Јупитеровата мала месечина Еуропа, на површината има лузни, кои изгледаат како кафеави вени за кои се претпоставува дека се местата со потопла и валкана течна вода на месечевата наметка која ја пробила површината. На Еуропа може да има повеќе вода отколку на Земјата, па затоа и Америка и Европа вложуваат милиони долари во дизајни на следни вселенски мисии кои би побарале живот под површината на Еуропа.rnrn(11)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn6. Покрај Еуропа, тука е Сатурновата месечина Енцеладус, за која научниците потврдија дека има огромен океан под нејзината надворешна, смрзната обвивка. Исто како Еуропа, океанот на Енцеладус е идеално место каде што може да постои живот надвор од Земјата.rnrn(3)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn7. Уште поубедлив доказ дека на Енцеладус постои живот беше вклучен во два труда објавени оваа година. Тие цврсто покажуваат дека хидротермалните вентили – како тие кои помогнале да се рашири животот на Земјата – постојат на дното на океанот.rnrn(6)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn

  • Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)

    Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)

    Група од интергалактички криминалци се приморани да работат заедно со цел да го спасат универзумот

    rnФилм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)Режија: Џејмс ГанrnrnУлоги: Крис Прет, Вин Дизел, Бредли Купер, Зои Салдана, Дејв БаутистаrnrnВреметраење: 121 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 август 2014rnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЗарем некој би помислил дека Марвел би направиле лош филм? Станува збор за легендарниот отпадник „Star-Lord“, човек од планетата Земја чие вистинско име е Питер Куил (Крис Прет). Тој како мал бил киднапиран од страна на вонземјани, кои потоа го одгледале како свој и го претвориле во криминалец. Уште во првите неколку моменти ќе можете да забележите дека Питер има уникатна способност да западне во неволја, но исто така и без проблем да се извлече од неа.rnrnФилм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy) Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)rnrnТоа нè води и до настанот кој ќе му го промени животот. Тој ќе успее да украде нешто што доколку западне во погрешни раце, може да значи крај за целиот универзум. Токму оваа кражба и ќе го одведе во затвор, каде што ќе се запознае со уникатна група на криминалци. Овие криминалци многу брзо ќе побудат нова страна во него, онаа човечката, која не мисли само на профит, па токму затоа неговиот живот ќе тргне во нова насока. Кој би рекол дека една група криминалци, кои сами по себе се толку опасни, заедно би можеле да си влијаат да бидат подобри, а со тоа и да станат бранители на целиот универзум?rnrnФилм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy) Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)rnrnЕдинствената причина зошто овој филм нема оценка 10-ка е фактот што на моменти приказната делува малку избрзано. Премногу голем акцент се става на акцијата и специјалните ефекти, па токму поради тоа се добива чувство како да не откриваме сè што ни е потребно за подобро да ги разбереме ликовите и нивните постапки. Од друга страна пак, она што нас нè освои кај овој филм е неверојатниот саундтрак. Питер Куил, кој постојано слуша музика на неговиот вокмен, нè навраќа на прекрасните песни од 60-тите до 80-тите години и токму поради тоа се издвојува од другите филмови од овој жанр.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: На работ од утрешнината (Edge of Tomorrow)

    Филм: На работ од утрешнината (Edge of Tomorrow)

    Живеј. Умри. Повтори.

    rnФилм: На работ од утрешнината (Edge of Tomorrow)Режија: Даг ЛиманrnrnУлоги: Том Круз, Емили БлантrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 јуни 2014rnrnЖанр: акција, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЛуѓето веќе некое време без успех се обидуваат да се изборат со вонземската раса наречена Мимичари кои имаат контрола врз поголемиот дел од Европа. Но, генералот Брингам (Брендан Глисон) се надева дека работите конечно ќе се подобрат по утрешната битка, па токму затоа му вели на офицерот Вилијам Кејџ (Том Круз), чија професија е односи со јавноста, да го покрива целиот настан од првите редови на бојното поле. Кејџ силно се противи на оваа опасна задача, бидејќи нема никакво искуство за борба, притоа обидувајќи се на сите начини да се извлече, но неговата постапка лошо ќе се одрази на целата ситуација и ќе предизвика тој да биде уапсен и соборен.rnrnФилм: На работ од утрешнината (Edge of Tomorrow)rnrnКејџ ќе се разбуди со лисици на рацете и статус на дезертер во воена база каде што ќе биде одведен кај останатите војници и присилен наредниот ден да учествува во големата битка која треба да се одвива на една од плажите во Франција. Кејџ хаотично се обидува да се извлече, но сите негови напори пропаѓаат и тој набрзо ќе се најде во центарот на битката, која наместо да води кон победа, ќе биде целосен неуспех. Изгледа Мимичарите на некој начин знаеле дека ќе бидат нападнати и поставиле заседа за војската. Опколен од вонземјани, без никаква поддршка, Кејџ го губи својот живот во обид да уништи дел од Мимичарите. Но, на негово огромно изненадување, тој одеднаш се буди со лисиците на неговите раце, во центарот на базата, еден ден пред битката.rnrnФилм: На работ од утрешнината (Edge of Tomorrow) Филм: На работ од утрешнината (Edge of Tomorrow)rnrnНа почетокот тој е целосно збунет, прашувајќи се што се случува околу него. Тој повторно ќе го преживее целиот ден, на истиот начин како претходно и полека ќе почне да сфаќа дека веќе поминал низ сите овие настани. За жал, Кејџ нема да издржи долго време на бојното поле и набрзо ќе го изгуби својот живот и смртта повторно ќе го врати назад во базата, со лисиците на неговите раце. Тогаш тој веќе целосно сфаќа што се случува и ќе проба на сите можни начини да го спречи она што ја очекува војската на плажата во Франција, без разлика на тоа колку пати ќе треба да умре за да ја постигне оваа цел. Кејџ на бојното поле ќе ја запознае и смртоносната Рита Вратаски (Емили Блант), која ја имала оваа способност во минатото, но ја изгубила и токму таа ќе го води низ деновите, обидувајќи се покрај него да стави крај на инвазијата и да го спаси човештвото.rnrnФилм: На работ од утрешнината (Edge of Tomorrow) Филм: На работ од утрешнината (Edge of Tomorrow)rnrnСтанува збор за филм кој е преполн со акција, но и со богата приказна. За да можете целосно да ги следите сите настани, обидете се да обрнете внимание и на најмалите детали. И покрај тоа што овој филм трае околу 113 минути, ви гарантираме дека ќе го изгледате во само еден здив, бидејќи и иако приказната ве носи напред-назад во текот на само еден ден, постојано се случува нешто ново. Што се однесува до глумата, Том Круз како и секогаш совршено ја одигрува својата улога, а прекрасната Емили Блант со својот перформанс ќе покаже дека и таа има свое место помеѓу ѕвездите во Холивуд. Да не должиме многу, можеме слободно да кажеме дека ова е еден од најдобрите филмови во 2014 година и токму затоа ви препорачуваме да одвоите неколку часа за него. Ви ветуваме дека нема да зажалите, баш напротив, дури ќе сакате да го гледате и повеќе од еднаш.rnrnФилм: На работ од утрешнината (Edge of Tomorrow) Филм: На работ од утрешнината (Edge of Tomorrow)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 особини кои вонземјаните мора да ги поседуваат

    9 особини кои вонземјаните мора да ги поседуваат

    Сликата што Холивуд ни ја дава за вонземјаните воопшто не е реална и служи само за потребите на нивните филмови. Ако ги прашате научниците какви карактеристики би можеле да имаат вонземјаните, тие ќе ви дадат десетици одговори за нивниот можен изглед и однесување. Секој од нив има свои теории, секој има свои видувања, но сите се едногласни кога станува збор за одредени карактеристики кои нашите идни пријатели или непријатели од други галаксии би морале да ги имаат.rnrn9 особини кои вонземјаните мора ги поседуваатrn

    1. Агресивност

    rnЗа еден вид да опстои на одредено подрачје тој треба да ги покори опасностите кои му стојат на патот кон опстанокот. Вонземјаните со кои ние евентуално би воспоставиле контакт мора некако да доминираат на својата планета, а на другите видови да гледаат како на ресурс, како што ние гледаме на растенијата и на животните.rn

    2. Истражувачи

    rnАко некој вонземски вид стигне до нашата планета, тогаш тој мора да е истражувачки вид. Стивен Хокинг вели дека ако тие дојдат кај нас сигурно би биле интелигентни и не би започнале војна веднаш, туку би барале начин како да ги искористат овдешните ресурси во своја полза. Нешто слично како што правеле Европејците по откритијата на Марко Поло и Кристофер Колумбо.rn

    3. Имунитет

    rnВонземјаните нема да умрат од вирусите и бактериите на Земјата, затоа што имаат имунитет кога тие се во прашање. Вирусите и бактериите кои се на Земјата можат да опстанат само во средини со кои се биомеханички поврзани, така што оние со кои ние се соочуваме можат да преживеат само со нашата ДНК. Ако се закачат на вонземски вид, нема да му можат ништо.rn

    4. Не јадат луѓе

    rnНаучниците сметаат дека вонземјаните нема да нè изедат ако дојдат овде од повеќе причини. Вид кој патува низ вселената веројатно ја има потиснато и надминато потребата да јаде живи суштества, а прашање е и колку би можел да се нахрани од луѓето или овдешните животни. Исто така, на бродот со кој патуваат низ галаксиите сигурно би имало доволно храна за нив.rn

    5. Убиваат на софистициран начин

    rnАко дојдат со лоши намери, тој интелигентен вид сигурно нема да нападне варварски како во „Војна на световите“. Ако најдете бубашваби во вашиот дом, нема да ги убивате една по една, туку ќе употребите некакво хемиско средство кое наеднаш ќе ги убие сите. Научниците очекуваат и евентуално лошите вонземјани да го сторат истото.rnrn9 особини кои вонземјаните мора ги поседуваатrn

    6. Супер интелигентни

    rnАко дошле до овде тогаш мора де се супер интелигентни, тоа е јасно. Иако се претпоставува дека се агресивни, за очекување е да надвладува нивната интелигенција и да бидат рационален вид кој повлекува пресметани потези. Во филмовите често пати се претставени како варвари, но факт е дека такво поведение демонстрираат само ниско интелигентните видови, а не такви кои знаат како да отпатуваат од една во друга галаксија.rn

    7. Не се човеколики

    rnЧовекот го добил својот облик како резултат на сопствената еволуција во средината во која живеел. Ако планетата од која доаѓаат вонземјаните нема дрвја и планини, тие сигурно ќе се развијат на поинаков начин. Можеби и личат на луѓе, но шансите за тоа се многу мали.rn

    8. Имаат јазик и писмо

    rnСекоја развиена цивилизација има свој јазик и писмо за комуникација. Овие вселенски патници мора да имаат развиено и уште понапреден начин на комуникација помеѓу галаксиите.rn

    9. Немаат супермоќи

    rnВид којшто развил технологија за патување во вселената сигурно престанал да еволуира физички и затоа може да се очекува дека не се нешто особено физички моќни.

  • ТВ серија: Постоење (Extant)

    ТВ серија: Постоење (Extant)

    Таа била 13 месеци на соло мисија во вселената, но не се вратила сама…

    rnТВ серија: Постоење (Extant)Главни улоги: Хали Бери, Хиројуки Санада, Горан Вишниќ, Пирс ГагнонrnrnЖанр: драма, научна фантастика, трилерrnrnКреатор: Мики ФишерrnrnПродуцент: Стивен СпилбергrnrnПремиера: 9 јули 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтивен Спилберг повторно пријатно ги изненадува љубителите на научната фантастика со нова мини серија за младата астронаутка Моли Вудс (Хали Бери). Таа е научник на која ѝ била одобрена 13-месечна соло мисија на вселенската станица Серафим каде што ќе може да спроведе низа експерименти со црви. Но, и покрај тоа што нејзиниот единствен соговорник бил компјутерот Бен, откако ќе се врати на Земјата таа ќе открие дека е бремена. Ова откритие е неверојатно не само поради тоа што таа била сама 13 месеци во вселената, туку и поради фактот што Моли не може да има деца.rnrnТВ серија: Постоење (Extant)rnrnМоли и нејзиниот сопруг Џон (Горан Вишниќ) долго време се обидувале да имаат деца, но неуспешно. Токму затоа тој одлучил да го прошират нивното семејство на малку поинаков начин. Џон е научник кој ја истражува вештачката интелигенција и кој успеал да создаде андроид, Итан (Пирс Гагнон), на кој му било потребно семејство со цел да може да расте и да се развива на истиот начин како луѓето. Неговата идеја е да создаде робот кој е толку сличен на човекот, што ќе може сам да учи и нема да има потреба од кодовите кои луѓето во овој момент ги пишуваат за нивните програми.rnrnТВ серија: Постоење (Extant) ТВ серија: Постоење (Extant)rnrnПо слетувањето на Моли, работите се малку тензични помеѓу неа Џон и Итан и тајната за нејзината бременост воопшто не помага во враќањето на онаа природно опуштена средина која владеела помеѓу нив пред таа да отиде во вселената. Таа забележува многу разлики во однесувањето на Итан, но и во односот помеѓу неа и Џон. Нејзината најдобра пријателка, Сем (Кемрон Менхајм) која воедно е и докторка во агенцијата каде што Моли работи, ќе ѝ објасни дека покрај бременоста, нејзиниот мозок покажува чудна активност која може да е причина за нејзината параноја. Загрижена за неа, Сем ѝ вели дека мора да го предаде извештајот за нејзината состојба што побрзо за таа да може да добие соодветна нега, но Моли ја замолува да ги чува овие информации во тајност барем на кратко додека се обиде да открие што точно се случува со неа.rnrnТВ серија: Постоење (Extant) ТВ серија: Постоење (Extant)rnrnДоколку решите да ја гледате оваа ТВ серија, ви гарантираме дека едноставно нема да можете да престанете. Приказната се развива полека, но на интересен начин, паралелно покажувајќи ви ја и сегашноста и минатото. Но, она што е најинтересно е дека секоја нова епизода ви носи сè повеќе и повеќе прашања за таткото на бебето на Моли, а токму ова ќе ви ја инспирира фантазијата и ќе ве натера сами да се обидувате да замислите каков би бил изгледот на ова вонземјанче. И покрај тоа што таа е центарот на приказната, постојат уште многу мистерии поврзани со Џон, неговите соработници, како и со Итан кои успешно ќе го задржат вашето внимание во текот на целата сезона. Накратко, доколку сте љубители на работата на Стивен Спилберг, оваа ТВ серија без сомнение ќе ви се допадне.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.