Во „магичната формула“ за постигнување животни цели, една од состојките е дефинитивно волјата. Но, иако волјата не е доволна за постигнување на посакуваните резултати, таа сепак е на врвот на скалата кога станува збор за алатките за остварување на соништата.rnrn
rnrnПокрај волјата, важно е да ги препознаете потребата за промена и можните пречки и да направите план, да го следите напредокот, да работите на промените и да се справите со можните пречки. Значи, волјата е многу важна во животните промени, но таа не е единствениот фактор. Сепак, волјата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат луѓето на патот кон (само)реализација. Добрата вест е дека волјата е нешто што може да се научи и да се практикува.rn
Што е волјата?
rnЛуѓето најчесто ја споредуваат или ја изедначуваат волјата со самоконтролата. Но, што е всушност волјата?rn
- rn 011
- Волјата подразбира спротивставување на хедонистичките пориви со цел да можете да се фокусирате на нешто чии резултати ќе ги почувствувате подоцна и на долг рок.
- Волјата подразбира долгорочен труд и вложување емоционална и когнитивна сила во процесот што води кон целта.
- Волјата подразбира спротивставување и борба против искушението со различни методи на самоконтрола.
rn 011
rn 011
rn
rnРазлични истражувања покажаа дека самодисциплината игра поголема улога од интелигенцијата во постигнувањето на целите и во академскиот успех. Едно истражување во кое учествувале деца, кои можеле да изберат помеѓу еден десерт што ќе го добијат веднаш или два десерта што треба да ги почекаат некое време, покажа дека децата кои решиле да се контролираат и да чекаат имале подобри оценки и резултати на училиште. Друго истражување покажа дека студентите кои имаат поголема самоконтрола, и покрај тоа што имаат понизок коефициент на интелигенција од оние кои имаат проблем со самоконтролата, полесно положуваат испити, имаат подобри оценки и поголема редовност на предавањата.rn
Што можете да направите за да ја зголемите вашата волја за работа?
rnЗа среќа, силата на волјата е способност што може да се научи и да се практикува. Истражувањата покажаа дека следните три работи се најважни при стекнување волја.rn
Користете ја, но не претерувајте
rnИстражувањата во кои биле вклучени луѓе кои морале да се воздржат од три активности покажале дека оние лица кои нерамномерно ја дистрибуирале моќта на самоконтролата, ги покажале најлошите резултати на глобално ниво. Заклучокот на ова истражување е дека волјата треба да се користи мудро. На пример, ако треба да правите пет задачи на ден, не вложувајте го целиот свој труд во првата, туку направете распоред земајќи го предвид фактот дека за некои задачи ви треба помалку, а за некои повеќе напор. Не користете ги сите сили на една задача, а потоа да ги оставите другите недовршени.rn
Одвлечете си го внимание
rnОна што најчесто ја „одзема“ вашата волја се разните искушенија. Но, во моментот на искушението, одвлечете си го вниманието со нешто друго. Без разлика дали станува збор за искушение поврзано со храна, пијалак, трошење пари или излегување – оттргнете ги мислите од тоа искушение и фокусирајте се на нешто друго. Истражувањата покажаа дека обичното покривање на очите со рацете, кај децата на кои им е дадена задача да се воздржат од слатки за да добијат поголема награда, е ефикасно и води кон целта.rn
Работете на волјата како да градите мускули
rnМногу експерти советуваат да ја гледате волјата како мускул кој ќе зајакне со труд и работа. Бидете упорни и не предавајте се. Истражувањата покажаа дека учесниците кои се придржувале кон редовно вежбање во период од два месеци покажале напредок во многу други области од животот. Тие ги намалиле пиењето алкохол и пушење цигари, се хранеле поздраво и покажале повисоко ниво на самоконтрола од оние учесници кои не вежбале редовно.rnrnЗаклучокот од овие истражувања е дека навистина можете да ја изградите волјата и дека редовната работа, без разлика дали станува збор за вежбање, водење дневник, учење или некој друг начин на одржување самодисциплина, води кон поуреден живот. Затоа, не предавајте се, распоредете ја силата рамномерно и во моментот на искушение пронајдете нешто што ќе ви го одвлече внимание и ќе ве врати на вистинскиот пат.rnrnПрочитајте како да ја претворите зависта во мотивација.

rnrnДиректорот на основното училиште, Фу Хенг, не можел да им поверува на своите очи! Кога момчето пристигнало, тоа имало мразулци наместо коса и веѓи, а образите му биле огнено црвени. Хенг го фотографирал ученикот и така започнала оваа неверојатна приказна. Интернетот го нарекол „Леденото момче“ и наскоро училиштето добило повеќе од 15.000 долари во донации, 20 уреди за греење и 144 комплети топла облека.rnrn
rnrn
rnrn
rn
rnrn
rnrnПродолжете на 
rnrnЗа да ги избегнете овие нешта, во продолжение прочитајте ги 4-те научно поткрепени начини како да не дозволиме заморот да ни ја сруши волјата.rn


rnrnБидејќи согласно со горенаведените примери може да согледаме дека емоционалната интелигенција е доста важна во постојаното секојдневно комуницирање, може да се заклучи дека вреди да се работи на подигнување на нивото на осетливост. Според методите кои професорите Кидвел и Хасфорд ги изложиле во својата статија, постојат четири поконкретни области на кои најмногу влијаат методите за надградување на емоционалната интелигенција.rn
rnrnКолку повеќе ги разбирате емоциите и препознавате како останатите околу вас се чувствуваат, толку полесно ќе можете од секоја ситуација да го извлечете максимумот, што укажува на добра емоционална комуникација. На овој начин, ќе влијаете секоја врска која ја имате оформено или ја оформувате да биде најдобра што може, не губејќи време на непотребни кавги, сплетки, пречки и проблеми. Вие ќе се чувствувате убаво, а и луѓето околу вас ќе се чувствуваат убаво. Сѐ што треба за да го започнете процесот на свестување околу емоциите е волја.rnrn rnrn


rn
rn
rn
rnrnПомисливте дека кучето го имитира човекот.rnrn
rnrnГи забавува децата во училиште, така?rnrn
rnrnА сега погледнете подобро…rnrn
rnrnПа?rnrn
rnrnЈа добивте пораката?rnrn
rnrnПокрај тоа што е животно, тоа ја добива почитта…rnrn
rnrnИ секаде добива топло добредојде…rnrn
rnrnИ има пат пред себе.rnrn
rnrnТоа стои самостојно.rnrn
rnrnВратите се отворени за оние кои веруваат во себе, а волјата е толку моќна што може да направи кучето да оди на две нозе!rnrnОва куче се вика Феит и е родено без предни нозе. Научило да ги користи само задните и да оди исправено како човек. Со неговиот сопственик, сега патува низ Оклахома за да биде инспирација за луѓето и да им помогне да ги надминуваат сопствените проблеми.rnrn
rnrnЕве еден брз рецепт: изнаслушајте ги овие 20 песни или изберете неколку кои ќе ги вртите постојано, дозволете си да се чувствувате така како што природно ви доаѓа, а кога веќе ќе ви се смачи од самите себеси, излезете надвор и почнете одново.rnrnАко некому му успее, може слободно да го сподели своето искуство подолу.rn